Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sdsm

Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?, прашуваат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните, упорно ги кочи измените за недела неработен ден. Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика немаат намера да се откажат од блокирање на измените на Законот за работни односи за недела неработен ден. Овие законски измени создаваат можност 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?“, обвинуваат од СДСМ.„Ваквото деструктивно однесување од ВМРО-ДПМНЕ е вообичаена пракса. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравствените работници, против припадниците на Армијата. Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен нивните лични и партиски интереси не им е важен никој. Токму затоа на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов, седми пораз од граѓаните кои ќе ги казнат ваквите погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници во Собранието“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

„Неодговорен пристап кон идентитетот и историјата“ реагира ВМРО-ДПМНЕ по најавата за бришење на „бугарски фашисти“

Неодговорен, несовесен, ненаучен и игнорантски, пристап на власта и Зоран Заев кон прашањето со Бугарија, надополнето со нула однос и емоција кон идентитетот и историјата на нашата земја.Впрочем исто каков што им е односот кон се што е важно за овој народ и земја, како што имаа однос кон лицата кои трагично го загубија животот во тетовската болница, како што имаа катастрофален и неодговорен однос кон настраданите од пожарите, кон земјоделците, КОВИД кризата. Така и сега ноншалантно се пристапува кон вака суштинско прашање заборавајќи на Конвенцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а изгласана од сите вклучително и партијата на Заев во Парламентот.Се сомневаме дека овие потези на Заев се за да ја наметне темата со Бугарија во кампањата за да им каже на странците кои веќе кренале раце од него, еве јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори. А, не сфаќа Заев дека тука гласаат граѓаните на оваа земја, и дека меѓународниот фактор веќе го запознаа многу добро, знаат се што се случува и што се прави овој човек, и нема повторно да паднат на неговите измами, едноставно нема да бидат вовлечени. Ако гледате Заев очајно бара кавга на етнички и национални теми, и за негова жал веќе сите го читаат и се чудат до кај е спремен да оди. И сега е најопасен за себе и за јавноста. Едноставно со ваков човек не може да очекувате некаква иднина освен да е се исто како што е досега.Се надеваме дека баш со оваа постапка ја исплаќа поволната анкета на бугарските газди од агенцијата што многу сака Заев да води и да победи, а со која си го храни членството и своето его, а и самиот знае дека е лажна. Заради ова ли Бугарите сакаат да победи? За да ја ретушира сопствената историја? Да прави постапки заради кои цел свет ќе се чуди?

Македонија | пред 4 години

rendgen-snimki

Белите дробови на вакциниран и невакциниран пациент заразен со корона, разликите се драстични

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана и во болница во Сан Диего, каде докторот Алберт Хсијао, радиолог, ги споредува снимките на вакцинирани и невакцинирани лица.На прашање на американската телевизија Еј-би-си дали има разлики во клиничката слика кај вакцинирани и невакцинирани луѓе, тој наместо класичен одговор испратил две фотографии. Лево е снимка од белите дробови на вакцинирано лице, а десно на невакцинирано лице.„Како што можете да видите, разликата помеѓу двете снимки е драстична. На првата снимка е забележливо ова црнило, тоа е воздух во белите дробови, тие се полни со воздух и тоа е добро. На втората слика е белина, како магла. Тоа се белите дробови на невакцинирано лице и тука е видливо како ги оштетува инфекцијата, тоа бело се оштетувања од вирусот, а и самиот вирус“, вели докоторот.Преку снимките, всушност, може да се види како функционираат вакцините, тие го препознаваат вирусот како туѓо тело и кога некое лице ќе се зарази, веднаш го мобилизираат имунолошкиот систем да се брани. Вакцината го забавува ширењето на вирусот и спречува да се размножи толку многу што станува смртоносен, всушност купува време за вашиот имунолошки систем да може да се бори против ковид, oбјаснува докторот.„Ако треба да ви се нацрта како функционираат вакцините преку конкретен пример, токму тоа можете да го видите тука“, посочува докторот од Калифорнија.

пред 4 години

zaev-zoran-sednica-vlada

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока а партнерството со ЕУ е наша главна цел

Вчера доцна попладнето претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во просториите на Владата на Република Северна Македонија беше домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев размени мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет кој оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација. Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план.Премиерот Заев истакна дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“, додаде Заев

Македонија | пред 4 години

javna-diskusija-kandidati

Сите кандидати за градоначалници на Скопје на едно место, за првпат ќе ги судрат фактите

„Млади во фокусот на кандидатите за градоначалници за град Скопје на претстојните локални избори 2021” е темата на јавната дискусија што ја организира денеска Здружението на граѓани „Младите можат“.Во фокусот ќе бидат младите и младинските политики што ги предвидуваат кандидатите за градоначалници на град Скопје во своите програми за претстојните локални избори.Настанот е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.Според најавата за јавната дискусија, учесници ќе бидат Петре Шилегов, Данела Арсовска, Ана Петровска, Арбен Шаќири и Петар Георгиевски.По дискусијата, младите присутни на настанот ќе имаат можност да постават прашања и да остварат дијалог со панелистите, со цел да се дискутираат клучните приоритети за младите во град Скопје, во пресрет на локалните избори.

Скопје | пред 4 години

IMG_4260

Убаво време нѐ очекува до крајот на денот, температурите се менуваат

Времето денеска претпладне, особено на север и на исток, ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време, информираат од УХМР.Од таму додаваат дека наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот се очекува брзо покачување на дневната температура.

Македонија | пред 4 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски ќе се обрати на Собранието на Обединетите нации, сесијата може да се следи во живо

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што ќе трае од 15:00 до 20:45 часот по средноевропско време и ќе може да се проследи во живо на веб-телевизијата на Обединетите нации.Доцна вечерва по средноевропско време претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_8

СДСМ и ДУИ се најповиканите на одговорност во случајот сo пожарот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и ДУИ се најповиканите на одговорност во случајот со катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозициската партија, од почетокот на изградбата, па сè до трагичниот настан модуларните болници ги следеле низа на сомнителни постапки и огромни пропусти.„Прво, самиот факт што болницата изгоре за само 3 минути го поставува прашањето за небезбедните ПУР материјали со кои била направена болницата, а кои се лесно запаливи.Второ, сведоштвото на очевидци дека во објектот во кој живи изгореа 14 пациенти немало противпожарни апарати и систем за рана детекција на пожари.Трето, објектите биле предавани во употреба без технички прием, без одобрение за градба.Четврто, на примопредавањето на објектите не присуствувал инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување кој бил должен да го провери објектот од евентуална опасност од пожар и експлозии и да го одобри објектот како безбеден.Петто, според информациите на медиумите во документите како надзор по завршување на изградбата на модуларните болници нема потпишано инженер кој би гарантирал за квалитетот на објектот. Ваков објект без гаранција од инженер бил пуштен во употреба и лекување на пациенти, што е врвот на неодговорноста.Шесто, според податоци во јавноста документацијата за проектот од Министерството за труд и социјална политика не е идентична со тендерската документација на Министерството за здравство кое го давало решението за градба на модуларните болници.Седмо, Зоран Заев и Венко Филипче летаа со хеликоптери за да прават увид на поставувањето на модуларните болници, а сега бегаат од одговорноста за трагедијата. Тоа е бесрамно и мизерно“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, но, како што велат, тоа воопшто не ја интересира јавноста.„За да има кредибилна истрага прво треба сите оние кои се вмешани во градењето на тетовската модуларна болница да си поднесат оставка, за да не влијаат на процесот на истрагата. Потоа ќе се види кој освен моралната одговорност, ќе сноси и кривична одговорност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

236599609_2971828763130776_5941306926266456322_n

Казнети 161 возач за брзо возење само во Скопје

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопшти МВР.

Скопје | пред 4 години

konj-avtopat

(ВИДЕО) Две полициски екипи бркаа коњ, избегната трагедија на авопатот Скопје-Тетово

Скоро пет минути, полиција бркаше избеган коњ на автопатот Скопје-Тетово, кој трчаше во спротивен правец и можеше да направи низа на сообраќајни несреќи. Автомобилите кои возеа по првата лента, навреме го забележаа животното, за да избегнат сообраќајка.По две минути, се активираше и полицијата која беше приндена да вози во спротивен правец за да го застане коњот. Имаа неколку обиди, но беа залудни. Тој застана по скоро пет минути трчање. За среќа, избегната е трагедија.

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

Мицкоски бара алиби за поразот, разбираме дека е уплашен, велат од СДСМ

„Мицкоски да не бара алиби, на фер и демократски избори ќе добие нова казна од граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.„Христијан Мицкоски да не бара алиби уште сега за поразот на локалните избори, тие ќе бидат фер и демократски и на нив Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат уште една казна од граѓаните. Разбираме дека е уплашен, дека го чека казната од граѓаните, но по дебаклот што му се случи на ТВ дуелот, на Мицкоски не му се доволни ниту 10 интервјуа за да се опорави“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

danela-arsova-mickoski

Мицкоски уверен дека Даниела ќе победи во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во гостување на ТВ Шења, а во врска со избраните кандидати и изборот за поддршка на Данела Арсовска како кандидат за градоначалник на Град Скопје, истакна дека кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ е вистински победник и препознаена како човек кој може да обедини и да направи суштински промени во Скопје.-На нашата прва средба со г-ѓа Данела Арсовска, во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава, на анкетите го препознавме и увидовме потенцијалот којшто таа го поседува, зборувам нумерички во поддршката која ја ужива кај граѓаните, и тоа кај оние граѓани кои се надвор од партиските матрици, без разлика дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или друга партија, зборувам и за оние кои не се сигурни во кого би гласале, како и во оние етникуми кои се различни од македонскиот, а се дел од градот Скопје, тие препознаа човек кој може да обедини, истакна Мицкоски.Тој вели дека сето ова го мотивирало ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ги гради односите со кандидатката за градоначалник, која е дел од тимот на обучувачи на кадрите од земјите Г20 групата на најразвиените земји во светот, и кога сето ова ќе се стави во нејзиниот профил таа е вистински победник, посочи Мицкоски.

Скопје | пред 4 години

mickoski-kolaicija

Мицкоски за коалицијата со Села: Не е поентата да се занимавате со политика и да делите

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате со политика и да обединувате. На крајот од денот ние во политиката не сме влегле со сето знаење кое што го имаме. Растеме, стекнуваме искуство, се обликуваме како политичари, нашата понуда ја обликуваме, ја адаптираме на реалната ситуација“, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.Мицкоски додаде дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива е коалиција за создавање на иднината, а не да се навлегува во прашања кои што ќе создадат поделби.„Ако јас сега мојата кампања и коалицијата со Алијанса и Алтернатива ја градам на тоа што ќе направам негативна кампања потсетувајќи ги Албанците за Бит пазар, за Тетово, за Гостивар и така натаму, тогаш ова се што го зборам јас сега со вас овде е лага. А, тоа го прават овие од СДСМ и од ДУИ, креирајќи спотови, монтираат со мене и со господинот Села, со господинот Гаши. За каква иднина тогаш тие зборуваат“, праша Мицкоски.Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Македонија | пред 4 години

DSC06049

Данела Арсовска од Бутел: Граѓаните не бараат многу, решенијата се брзи и едноставни

Решавање на инфраструктурните и сообраќајни проблеми и целосна изведба на фекална и атмосферска канализација се само дел од многуте проблеми кои ги истакнаа жителите на Бутел и Радишани на денешната средба со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.„Премногу неисполнети ветувања кои значат подобрување на условите за живот на граѓаните во оваа општина. Граѓаните не бараат многу. Решенијата се брзи и едноставни, доволно е само да се работи одговорно и посветено. Немање на поликлиника, недостаток на квалитетни инфраструктурни и сообраќајни решенија, трајно решавање на проблемот со канализациска мрежа, повеќе зеленило и место за спорт и рекреација на граѓаните се дел од барањата за кои имаме капацитети како да ги испорачаме и тоа во првите две години од мандатот”, вели Арсовска.Таа посочи дека граѓаните сакаат личност која ќе ги донесе промените за подобро Скопје, градоначалник кој пред се ќе биде добар и успешен менаџер кој успешно се справува со сите предизвици во градот.„Скопјани бараат личност која знае и умее како да менаџира со градот, градоначалник кој ќе им овозможи нормални и достоинствени услови за живеење за сите граѓани подеднакво и токму ова го истакнаа и моите сограѓани со кои разговарав вечерва. Тие сакаат да знаат дека се еднакви и дека подеднакво се вложува и работи во сите општини и населени места. Тоа е она што во моментов му фали на Скопје. Имаме делови од градот коишто се заборавени, а потребите и проблемите на граѓаните не се слушаат. Јас ги имам потребните менаџерски компетенции и знам како. Заедно со граѓаните ќе ги донесеме промените за Скопје кое ќе прерасне во модерен и европски град со кој сите ќе се гордееме”, истакна Арсовска.

Скопје | пред 4 години

1-1-1

Над 2 илјади евра фатени кај докторка од Куманово, осомничена дека ги земала од пациенти како поткуп за операција

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведена лекарка во Куманово, поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба.„Денеска (22.09.2021) во 07,00 часот полициски службеници од СВР Куманово- Отсек за економски криминал, по претходно добиени оперативни сознанија односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С., и обезбедена судска наредба, извршија претрес во работни простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово од медицинската сестра одземени се 18000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово.Имено, Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по чл.353 и примала поткуп од пациенти,казниво по чл.357 од КЗ на РСМ така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница- Куманово и за интервенциите противправно земала по 12000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплаќана, со што се оштетува буџетот на РСМ, туку парите пациентите ги давале лично на пријавената, непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга“, информираат од МВР.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-5

16 починаа, нови 491 пациенти се заразени со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран - по 1.Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.Направени се 3.747 тестови преку: ИЈЗ-363, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-168, Биотек-290, Систина-77, лабораторија Лаор-176, Синлаб-30, Ремедика-31, Плодност–64, Генеа-16, Никоб лаб-350, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-64, Ројал Медика –26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81663, Активни 5709Куманово 11116 920Тетово 10767, Активни 971Прилеп 8944, Активни 285Гостивар 7932, Активни 507Битола 6977, Активни 257Велес 6077, Активни 297Охрид 5844, Активни 559Кавадарци 5777, Активни 212Струмица 5632, Активни 405Штип 5593, Активни 236Кичево 3895, Активни 423Струга 3763, Активни 540Кочани 3158, Активни 133Гевгелија 2367, Активни 78Неготино 2300, Активни 44Свети Николе 1838, Активни 109Ресен 1518, Активни 105Радовиш 1489, Активни 112Дебар 1444, Активни 127Крива Паланка 1361, Активни 57Берово 1200, Активни 37Делчево 1111, Активни 67Виница 1011, Активни 47Пробиштип 900, Активни 43Валандово 794, Активни 34Богданци 544, Активни 17Кратово 541, Активни 57Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 463, Активни 32Демир Хисар 428, Активни 18Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 8Македонска Каменица 293, Активни 20Дојран 139, Активни 1

пред 4 години

242732913_116843467394395_8408869957390988370_n

Камиказа од Левица го објави слоганот за изборите: Скопје те сакам!

Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје на Левица го објави и слоганот со кој ќе бара поддршка на претстојните локални избори. Тој сподели и насловна фотографија, упатувајќи порака во која меѓу другото стои „Скопје повторно метропола“.„Аирлија кадро. СКОПЈЕ ТЕ САКАМ. Може споделување ако сакате ❤️. Македонија вечна✊! Скопје повторно метропола✊!“, напиша Камиказа.Инаку, претходно, кандидатот на Левица објави и жиро сметка за донации за кампањата.„За сите поддржувачи кои ме прашуваа како можат да донираат за мојата кампања – ја објавуваме сметката за донации. Според законот по изборите ќе биде објавен детален извештај за сите трошоци. Уплатница ПП-30. Назив на примачот: Политичка партија „Левица” за изборна кампања за локални избори 2021. Сметка на примачот: 300 00000 46839 72. Банка на примачот: Комерцијална банка АД Скопје. Шифра: 562. Цел на дознака: Донација за кандидат градоначалник на Град Скопје - Перо Георгиевски - Камиказа“, напиша кандидатот.

Скопје | пред 4 години

DSC_0661

„Кандидати за Центар сфативме дека сте урбани, ама би било фино да видите што не мачи нас жителите“, Ина ги сподели проблемите

Драги кандидати за градоначалници за Центар! Супер ви се кампањите, ок сфативме, сите сте урбани, сакате спорт, здрав живот и зборите со граѓаните и сите не сакате, ок. Туку би било фино да обрнете внимание на работите што секој ден не мачат нас жителите со конкретни решенија. Имаме чудни нови градби во општината кои влагаат во приватен имот, ќе ги заштитите ли жителите или ќе се приклоните кон инвеститорите?Имаме чудна градба, без пристап, карши влада, оноа грозноно за чиј пристап сакаат да одземаат имот од жители на Центар, притоа е пуштена во функција, појма неам како (ова дополнително ќе ескалира, ќе игра антикорупциска овде минимум). Имаме проблем со паркинг. Голем проблем со паркинг. Имаме проблем со ПОЦ, кај одредени жители со една кола, а право на користење на места во два реони (1 кола 2 места) во Центар доплаќаат како за втора кола која не постои. Жителите во Центар се осеќаат ко никој да не ги есапи нивните потреби и проблеми.Воедно ќе треба вашите инспектори освен на очен преглед за да ги видат неправилностите, да ги праќате и на ушно, за да може да ја чујат галамата од одредени дискотеки и клубови која е над дозволеното и сите ја слушаат само они не. Дали ќе продолжите со привилегии кон одредени угостители и стопанственици чии муштерии може да се паркираат на улица и да фаќаат цела лента, а жителите на Центар нека се приклучуваат непрегледно на улица, кој ги ебе, нека се стискаат во една лента и тие од таму и тие од ваму, па сега ако се деси беља тоа е, и така сите ќе умреме еден ден. Жалнички сме и малку лутички. Ок малце повеќе сме лути.Општината за некого е мајка за некого е втора братучетка на вујна на комшиката на стрината. Тоа сакав да ве прашам, планирате и вие да не не есапите или нешто од нешто ќе напраите за жителите, а тоа да не е само ветување.Статус на Ина многуфина

Коментари | пред 4 години

klinika-hirurski-kliniki-

„Недозволиво е да нема мамографии и ехо, идиотски е да нема термини за тестирање за ковид“, вели доктор Лазаров

Пишува доктор Ненад Лазаров:Недозволиво е да нема мамографии и ехо, недозволиво е да се суспендираат сите превенции зошто терциерни клиники се направени лежални за болни од ковид каде скоро ништо освен кислород не добиваат!Апсурдно е да се суспендира оперативен програм, кој Q онда правите ковид тестови за било каков прием?Лудачки е да барате извештаи од контролни специјалистички прегледи на 6 месеци за да земе терапија хроничен пациент а термини нема со месеци никаде,буквално!Идиотски е да нема термини за тестирање за ковид, или кога има тоа да биде по неколку дена, малоумно да не можам да препишам лек кој му треба на пациент!И врв на неспособност е што во последниов период, 3 од 5 дена не ви функционира здравствен електронски ситем!Што праите бе вие по цел ден по фотељи???Ова е веќе хорор од 2 години.

Коментари | пред 4 години

lazarov-4

„Неколку евра е тест, не може да се краде на таков тендер“, доктор Лазаров реагираше откако Царовска кажа дека нема брзи тестови за учениците

Министерката за образование Мила Царовска кажа дека учениците не се тестираат со брзи тестови во училиштата бидејќи нема таква насока од Комисијата за заразни болести. Ова наиде на реакција кај докторот Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје. Тој ја искритикува Комисијата, а смета дека поради членовите трпи и целата медицинска фела.„Неколку евра е по тест и не може да се краде на таков јавен тендер, плус резултатите ќе бидат поразителни и неповолни за властите а треба да трошат сериозен буџет и онда што да има тестови воопшто? Затоа нема. Единствена функција на комисијата е една, да даде наводен стручен легитимитет на глупостите на политичарите. Заради нив трпи авторитетот на цела медицинска фела“, искоментира докторот.Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од Ковид-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Коментари | пред 4 години

uciliste-skolo-3

ВИДЕО: Скандалозна снимка, наставничка се дере по ученици со „Вие сте стока“

Со навреди, викање и забрани наставничка од скопско основно училиште се обидува да ги научи учениците да не излегуваат од училница, објави „А1он“.„Одма да пренесете дома, значи вие сте стока. Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам во ходник. Срамота. Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“, вели наставничката во снимката

Македонија | пред 4 години

mina

Копајќи во дворот нашле мина во тетовско село, полицијата тврди дека е останата од 2001 година

На 21.09.2021 во 17.40 часот во СВР Тетово, седумдесет и шестгодишниот А.Ш. од тетовско Шемшово пријавил дека, вршејќи ископ во дворот од семејната куќа, пронашол тромблонска мина.Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување

Македонија | пред 4 години

DSC_0262

Охриѓанец ќе одговара за дивоградба која не ја остранил иако имал решение

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(39) и Б.М.(36), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Пријавените, на катастарска парцела на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, без соодветно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградиле два објекти и не го почитувале решението за отстранување на градбата издадено од о властен градежен инспектор.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

Кривична за охриѓанец: Им ветил машини и возило за што му дале скоро 15 илјади евра, а не им донел ништо

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годижен маж, двајцата од Кичево, и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Пензионери ќе одговараат кривично, позитивни на корона излегле од дома

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Ч.Д.(64) од село во општина Ранковце и Р.Д.(60) од село во кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.Пријавените, на 16.09.2021 постапиле спротивно на Решенија од Државен санитарен и здравствен иснпекторат, со кои им биле изречени мерки на изолација поради коронавирус и го напуштиле својот дом.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања