Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

Град Скопје реагира по протестот во Аеродром и вели дека Зелен хуман град манипулиураат

Град Скопје ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ со кои свесно се манипулира јавноста дека со пробивањето на ул. Васко Карангелески ќе биде изгубено зеленило. Спротивно на тоа по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзана со бул. Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата.– Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување. Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште Љубен Лапе, еден пензионерски дом и поликлиниката Јане Сандански. Дополнително проектот за изведба на оваа сообраќајница беше претставен пред иницијативата #НаTочак на состанок одржан на 23.06. каде што се покажани решенијата за велосипедските патеки, тротоарите, новото осветлување и зазеленување на тротоарите. Ова е од особена важност за учениците од блиското основно училиште кои во моментот немаат тротоар од својата страна на улицата, стои во реакцијата од Град Скопје.Од таму велат дека претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот „Улици за Луѓе“ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили.-Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_IMG-20210922-WA0046

Бектеши пред избори кажа што очекува да биде од Македонија во иднина

Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на панел-дискусијата „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во рамки на бизнис-форумот кој се одржа денеска во Варшава.Тој е дециден дека за Северна Македонија изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура.Бектеши потенцираше дека за обезбедување на прогнозираните количини природен гас за наредниот период во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во земјата, негово поврзување со регионалните гасоводни системи, особено со јужниот гасен коридор, како и почнување преговори за обезбедување на дополнителните колични природен гас.„Во последните неколку години ги поставивме енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни основи. Тие гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава“, кажа министерот.Како дел од активностите кои веќе се почнати министерот Бектеши кажа дека пред три месеци беше потпишан договор за изградба на интерконектор за природен гас со Грција којшто треба да почне да се гради до крајот на годината.„Изградбата на овој интерконектор за течен гас ќе отвори многу можности за нашата земја, со кои ќе имаме шанса во иднина да се позиционираме како земја која ќе биде транзит за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, а за нашата национална економија ќе обезбедиме диверзифициран извори на енергенси и ќе ја поттикнеме конкурентноста“, кажа министерот.Бектеши информираше дека покрај и инвестициите во интерконекторот со Грција, веќе се започнати активности за гасно поврзување со Косово, Србија и Албанија, што ќе го отвори хоризонтот за подобрување на регионалната соработка и конкурентноста на заедничкиот регионален пазар.Потсети и дека на почетокот на годината беше потпишан договор со Грција за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополи, каде Северна Македонија ќе поседува 10% од акциите на терминалот, како и учество во изградбата на гасната централа во близина на Александрополи, каде што уделот на Северна Македонија е 25% од вкупната вредност.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Тешко дека брзи тестови за корона ќе има во училиштата, укажува изјавата на Царовска

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од Ковид-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Актуелно | пред 4 години

1-3

Мерко потпиша дека ќе се залага за заштита на Охридското Езеро, а не урива дивоградби на крајбрежјето

Со потпишување на заедничката изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро, градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца – Константин Георгиевски, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески, ја потврдија подготвеноста да соработуваат во процесот на репрогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата.Во таа пригода министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека веќе e постигнaт напредок во делот на заштита на Охридското Езеро, како една од најрепрезентативните и меѓународно препознаени природни убавини во нашата држава.„Неодамна овој напредок беше препознаен и од Комисијата на УНЕСКО, кога добивме дополнителен период да постапиме по нивните препораки и да ги завршиме започнатите активности. Токму Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро и работата на нацрт-планот за управување, беше една од клучните активности со кои ние ја покажавме подготвеноста вистински да го заштитиме Охридското Езеро – изјави министерот Нуредини, додавајќи дека единствен начин да се постигне поставената цел е заедничкото, здружено делување на централната и локалната власт, воспоставување соработка и добра координација на локалните самоуправи.Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро беше предадена на општините Охрид, Струга и Дебрца со цел усвојување од страна на нивните совети и формално доставување до Министерството за животна средина и просторно планирање, за отпочнување постапка за повтoрно прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата.Директорот на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг, објасни дека реномирани национални и меѓународни организации за зачувување, во последниве неколку години, водеа истражувања во и околу Охридското Езеро, а собраните податоци се интегрирани во Студијата за валоризација за Охридското Езеро.Меѓутоа, според него, за ефективно управување со езерото и заштита на неговите извонредни природни вредности, клучна е заедничката визија на Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и трите општини околу Охридското Езеро во Северна Македонија, како и поддршката и соработката на граѓанските организации.Во рамки на настанот беше изведено и примопредавање на Сертификатот на градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебарца, во кој е наведено дека Охридското Езеро е внесено во светската Рамсарска листа на заштитени водни живеалишта.

Македонија | пред 4 години

carovska

Од 0,01 до 0,03 отсто се движи заразеноста од корона на деца во училиштата, тоа за Царовска е „стабилна состојба“

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска утрово на редовниот координативен состанок со директорите на основните и средните училишта во државата.На состанокот, како што наведува МОН, констатирано е дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена, а директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн-учење, ако за тоа има некаква одлука.– Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата на дневна основа, бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, над 72 отсто од наставниот кадар е вакциниран, што е речиси двојно повеќе од националниот просек, информира МОН.

Македонија | пред 4 години

korona-11

Доаѓа ли крајот на пандемијата? СЗО откри што се случува со короната

Бројот на заразени со Ковид-19 и смртни случаи од оваа болест во светот продолжи да опаѓа минатата недела, објави Светската здравствена организација.Помеѓу 13 и 19 септември, имаше нешто повеќе од 3,6 милиони нови случаи на инфекција и нешто помалку од 60.000 смртни случаи.„Ова го зголеми кумулативниот број потврдени случаи ширум светот на околу 228 милиони“, изјавија од СЗО.Голем пад на бројот на случаи имаше во источниот Медитеран и во Југоисточна Азија.Најмногу нови инфекции има во САД (1.107.644), Индија (211.242), Велика Британија (203.077) и Турција (183.962).Бројот на смртни случаи во светот во споредба со претходната недела е помал за 7 проценти. Од почетокот на пандемијата, 4,6 милиони луѓе починаа од Ковид-19, соопшти СЗО.Најголем број на нови смртни случаи има во САД (12.896), Русија (5.469), Бразил (3.727) и Мексико (3.689).

Актуелно | пред 4 години

06072021_Sednica-na-Vlada-2

Институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министрите кои имаат имот без покритие, ДПМНЕ остро за законот за потекло на имот

Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата следи откако претходно денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски информираше дека драфт-верзијата на законот предвидува конфискација на имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже.Според опозициската партија, СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот, додека Николовски, како што тврдат, преку фирмата на неговиот брат врти милионски профити.„Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе. Дополнително Шилегов крена два ката дивоградба и направи зграда во Тафталиџе. И сето тоа за 4 години со плата околу 1.000 евра. Парите кои ги заработил за 4 години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи. Заевци неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев се спомнува во секој бизнис. Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Опозициската партија тврди дека функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемиле својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра, а за голем број од нив, Обвинителството иако има докази во изобилство не отвора истрага.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Шилегов си возеше точак низ Скопје, па беше на хепенинг

Голем број граѓани на велосипеди се вклучија во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили – 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021. Дефилето во кое учествуваше и градоначалникот Петре Шилегов тргна од паркот „Ибни Пајко“ и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг.Градот Скопје годинава по 11-ти пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини за промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз како одржливи форми на урбана мобилност. Во периодот од 16 до 22 септември во рамките на оваа недела се организираа низа настани – се одржаа повеќе онлајн работилници со ученици од основното и средното образование за промоција на мерките за постигнување на одржливата урбана мобилност, а се организираа и повеќе активности за промоција на развојот на мрежата на велосипедски и пешачки патеки во градот која се зголемува во просек за околу 14 километри годишно, со што велосипедската мрежа во Скопје годинава надмина 110 километри, информираа од Град Скопје.Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност“, а во нејзиното одбележување се вклучија над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот.Годинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“ има за цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата со Ковид-19 и да фрли едно поинакво светло на можностите кои произлегоа од оваа досега невидена здравствена криза. Градовите низ светот воспоставија креативни одговори на пандемијата заради што оваа година Европската недела на мобилноста ја слави издржливоста на градовите и нивните достигнувања во обид да ја пребродат кризата што е можно побезболно, додаваат од Град Скопје.

Скопје | пред 4 години

sela-1

Изјавите на Заев се вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ и ДУИ, реагира партијата на Села

Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а, пак, Заев не е над највисокиот правен акт, реагира Алијансата за Албанците откако денеска премиерот Зоран Заев изјави дека пописот нема да влијае врз законот за употребата на јазиците или правата на Албанците.„Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ“, велат од Алијансата.Од партијата на Зијадин Села додаваат дека во меѓувреме, Артан Груби веќе докажал колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата.„Ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикаа сомнежи за тоа што се случува со пописот. Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат оттчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и над податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките“, додава партијата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-22-at-16.05.13

(ВИДЕО) Арсовски поднесе кривична пријава против Весковски и Шилегов за аферата која ја објави

Како што најавивме и откако објавувавме докази за сериозен криминал односно наместен тендер од двоецот Шилегов – Весковски во јавното претпријатие Водовод, денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до Jавното обвинителство објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.„Во текот на 2020-та година во април со рамковна спогодба потпишуваат пет фирми за реконструкција на водоводна мрежа во текот на годината. Потоа во текот на јули и август месец се одвива реконструкција на улица „Варшавска“ од страна на фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ на водоводната мрежа. Да, потоа веднаш после завршување на работата во октомври месец се изврши изборот на најповолен понудувач за истата работа која што веќе е завршена од страна на фирмата КБК Инженеринг што уште еднаш покажува дека овој тендер бил однапред договорен и наместен за оваа фирма КБК Инженеринг и КОДИНГ. Поднесовме обемен материјал со докази кои што го потврдуваат сето она кое што го говоревме и се она кое што ќе сака да го прикријат доколку сакаат да го прикријат од страна на секторот за организиран криминал, би било само јавен преседан во заштита на криминалот и корупцијата на власта“ - рече Арсовски.

Македонија | пред 4 години

rabotnik-600x404

Расте платата, стигнува до 30.000 денари, смета Заев кој ја пофали Владата

Првиот човек на Владата, Зоран Заев преку социјалната мрежа фејсбук сподели податоци, кои, како што вели, покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна.„Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани.Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата“ - потенцираше Заев во својот статус на фејсбук.Покрај растот на просечната плата, како што напиша Заев, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Пред изборите, се слеваат пари во општините

Со Предлог измени на Законот за финансирање на општините ќе се подобри фискалниот капацитет и ќе се зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, најавија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, претставувајќи ги предложените законски измени усвоени денеска на владина седница.-Приходите од персонален данок на доход постепено се зголемуваат од 3 отсто на 6 отсто до 2024 година. Приходите од данокот на додадена вредност ќе се обезбедат во висина од 6 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година започнувајќи од 2024 година, рече Заев на заедничка прес-конференција со Бесими.Според министерот Бесими, со Предлог-законот се зголемува и контролата од страна на државата, особено од страна на финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријави за непочитување на Законот за финансиска дисциплина.Предложените измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ќе обезбедат стабилни приходи во буџетите на општините.Министерот Бесими образложи дека во овој закон предвидено е постепено зголемување на приходите од личниот данок на доход од 3 на 6 отсто до 2024 година, односно процентот за 2022 година ќе изнесува 4 отсто, за 2023 година 5 отсто и за 2024 година 6 отсто. Овој приход општините го добиваат од приходот од данок на личен доход од плати од физички лица наплатен во општината во која се пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште. Дополнително, во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, во Законот се предлагаат и измени за постепено зголемување на стапката на дотација од ДДВ од 4,5 на 6 отсто.-Со ова се овозможува обезбедување приходи од ДДВ во висина од 6 отсто од наплатениот ДДВ остварен претходната фискална година започнувајќи од 2024 година. Исто така, и тука е предвидено порастот да биде постепен така што во 2022 година ќе изнесува 5 отсто, а во 2023 година 5,5 отсто, рече Бесими.Тој вели дека ова нема врска со локалните избори, туку се работи многу одамна, околу една година.

Македонија | пред 4 години

29052021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-1

Заев: Ќе се менуваат учебниците каде пишува бугарски фашистички окупатор

На новинарско прашање дали според договорот со Бугарија ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот Зоран Заев кажа дека нема да се менуваат учебниците по историја но ќе се менуваат термини бугарски фашистички окупатор.- Се зборува за термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за опредена определба, кажа Заев.

Македонија | пред 4 години

kuka

Ќе се конфискува имот кој чини над 30 илјади евра ако не се докаже како е заработен, детали за новиот закон

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.– Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2

Пристигнуваат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот.До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски.Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

пред 4 години

431560-0.basic-stevobejli

Пендаровски на средба со Џес Бејли за актуелните состојби во државата

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли.Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.– Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Македонија и за случувањата во поширокиот регион. Му се заблагодарив за континуираната и безрезервна поддршка којашто САД и ја дават на Република Македонија, наведува Пендаровски во објавата на ФБ.

Македонија | пред 4 години

29052021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-1

Просечната плата се движи кон 30.000 денари, вели Заев

Првиот човек на Владата, Зоран Заев преку фејсбук сподели податоци, кои, како што вели, покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна.„Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани.Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 години

431526-0.Basic-Vize

На Виз Ер Скопски Маратон 2021 само со вакцина или негативен ПЦР

Заради подобра организација на целиот настан организаторите на Виз Ер Скопски Маратон направија промени во трката на 5км која беше планирана за 2ри октомври, истата да се одржи на 3ти октомври, заедно со другите трки, маратон, полумаратон и штафетниот маратон – ЕУ за спорт.Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки, како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи во недела. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5км ќе се трча со старт во 8:10 часот.Виз Ер Скопски Маратон ќе биде домаќин и на најдобрите македонски маратонци, кои ќе трчаат на Државното првенство во маратон, кое Атлетската Федерација на Македонија го организира во склоп на овогодинешниот маратон.Подигањето на стартните пакети ќе биде од 30ти септември до 2ри октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“, а при подигање на истите, учесниците над 18 години задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката. Виз Ер Скопски Маратон 2021 ќе се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.Повеќе информации можат да се најдат на:http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.

Скопје | пред 4 години

ITU-Forum

Петров: Забрзано работиме на трансформација на македонскиот стартап еко систем

Дигиталната трансформација е неопходен чекор кој мора да го превземеме за да имаме успешни претприемачи, иновации и развој на стартап екосистемот, и затоа ФИТР во изминатиот период превзема конкретни чекори кон побрза дигитална трансформација на јавните услуги, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, на денешниот 2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe.На панел дискусијата насловена „Постигнување на приоритетите за регионален развој преку дигитална трансформација“, на која учествува Валерија Јонан, заменик-министер за евроинтеграција во Министерството за дигитална трансформација на Украина, Милена Липовина Божовиќ, државен секретар во Министерство за економски развој на Црна Гора, Флоренса Хаџи, генерална директорка на Единицата за развојни програми и соработка во Кабинетот на премиерот во Албанија и Ани Вашакмадзе, раководител на одделот за меѓународни односи и односи со донатори во Грузиската агенција за иновации и технологија, Петров ги презентираше и активностите на Фондот во насока на позиционирање на Р.Северна Македонија како регионален стартап хаб.Имено, Националниот стартап совет веќе подготви Предлог-мерки за забрзан раст на македонискиот стартап екосистем кои ќе бидат официјално презентирани на почетокот на октомври.Освен тоа, ФИТР во моментов интензивно работи на формирање на Инвестициски фонд кој до крајот на годината ќе и биде презентиран на јавноста.На учесниците на панелот, Петров им ја презентираше и Програмата за корпоративна иновативност како и инвестииците кои се прават во рамките на новите јавни повици за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција и дигитализација на картотеките при интитутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe се одржува од 22 до 23 септември, во рамките на Глобалниот форум за иновации ITU 2021 година, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација на Р. Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Шансите за вакциниран човек да се разболи се многу мали, имунитетот трае и по шест месеци, вели Д-р Петличковски

Вакцините се одлично решение за излез од кризата со коронавирусот и мене навистина не ми е јасно зошто народот не прифаќа да се вакцинира, рече д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологоија.Тој во „Студио 10“ на ТВ 24 истакна дека шансите за вакциниран човек да се разболи се многу мали, а шансите за вакциниран човек да почине од корона се минимални.– Во земјава досега има 33 проценти комплетно вакцинирани граѓани, а тоа е релативно мал број во споредба со околните земји. Таму каде што има 60 проценти веќе ја прогласуваат епидемијата за завршена. Околу 90 отсто од починатите кај нас во последните неколку месеци се невакцинирани. Не знам кој би бил поубедлив доказ. Доцна ги добивме вакцините, а можеби и не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините. Тие се одлично решение за излез од кризата и мене не ми е јасно зошто граѓаните не ги прифаќаат. За релативно кратко време се покажа дека заштитата од вакцината против коронавирусот опаѓа по одреден период кај одредена категорија на лица. Имунитетот трае и по шест месеци, но се намалува кај луѓето со кревко здравје – вели д-р Петличковски.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Со велосипед удрил во малолетник, па избегал без да му помогне

На 21.09.2021 во 12.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Диме Димески“ во Прилеп, велосипед управуван од засега непознат возач удрил во малолетен пешак од Прилеп, по што го напуштил местотото на настанот.Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

velosiped

Камион удри велосипедист

На 21.09.2021 во 11,30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.Т.(40) од Скопје.Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на настнот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Собраќајка во Прилеп, 19 годишник тешко повреден

На 21.09.2021 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Марксова“ и ул.„Панде Чесноска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(44) од с.Житоше.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_1-18

Маријана по силниот земјотрес: Едвај дојдов до вратата

Поранешната македонска пејачка од дуото близначки Маријана и Росана, која долги години живее во Австралија, утрово со потресен статус ја пренесе веста за силниот земјотрес во Мелбурн.-Јак земјотрес во Мелбурн. До толку без исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај и дојдов до вратата. По се изгледа сум заборавила што е земјотрес, напиша пејачката.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-09-22-115358

Почина Станфорд од „Сексот и Градот“

Американскиот актер Вилијам – Вили Гарсон, познат по улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Веста ја објави неговиот син Нејтан Гарсон.„Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој.Гарсон боледуваше од рак на панкреасот. Tој инаку, имаше улоги и во „Класични злосторства“ и „Да се ​​биде Џон Малкович“ и во околу 170 разни други филмски и ТВ-проекти.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања