Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Anna-Taylor-Joy-The-Queens-Gambit-768x400-1

„Queens gambit “нема да добие втора сезона!

Нетфликсовиот хит „Queens gambit“ освои 11 Еми-награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра драмска минисерија, но нема да се врати во втора сезона.На големо разочарување на фановите, извршните продуценти на серијата Скот Френк и Вилијам Холберг потврдија дека приказната за шаховското чудо Бет Хармон (Ања Тејлор Џој) го достигна својот природен крај.„Ја раскажавме приказната што сакавме да ја раскажеме, и сметам – дозволете ми да го кажам ова поинаку – стравувам дека ако се обидеме да кажеме нешто повеќе, ќе го уништиме она што веќе го кажавме“, рече Френк во текот на виртуелен панел.Оваа вест не треба да биде изненадување за многумина со оглед на тоа како серијата заврши прилично добро за Бет, која не само што ја постигна една од нејзините најголеми цели, туку и се помири со траумата што го прогонуваше нејзиното минато.Минисеријата, насловена по шаховски потег, следи харизматична генијалка која влегува во светот на шахот каде доминираат мажите. Дејствието се одвива во 60-тите години на минатиот век. Вработен во сиротилиште го открива талентот на малата Бет, која подоцна станува шаховско чудо.

Магазин | пред 4 години

kopenhagen-1

Кој е најбезбедниот град во светот?

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од „Економист интелеџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit), а рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија воведена оваа година.Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.„Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и асистентот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште “, додаде тој.Торонто го освои второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени. Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му се доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.Амстердам е шести со 79,3 поени, додека Велингтон го освои седмото место со 79 поени. Мелбурн е на осмото место со 78,6 поени, а Стокхолм ги заокружи првите 10 места, со 78 поени.Њујорк го дели 11-то место со Барселона (двата града освоија 77,8 поени). Вашингтон е на 14-то место, додека Лондон и Сан Франциско се изедначени на 15-то место.На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Мјанмарскиот Јангон.

Магазин | пред 4 години

zelen-human-grad

(ВИДЕО) „Овој масакар е платен од наши пари!“, протест во Аеродром оти се планира сечење на здрави дрвја

Зелен хуман град смета дека градоначалниците кои не си ја исполнуваат должноста и не го штитат јавниот интерес треба да бидат сменети, откако во Аеродром се планира сечење на здрави дрвја за проширување на булевар. Оттаму сметаат дека Скопје мора да се развива правилно, што би значело дека не смее да се дозволи уништување на здрави дрвја стари по половина век. Овие пораки ги испратија од протестот во Аеродром, каде се планира реконструкцијата на булеварот.„Град што не се развива е град што умира. Скопје мора да биде зелен град. Овој маскар е платен со наши пари. Бараме веднаш да се запре со проширувањето, да не се дозволи масакар на здрави дрвја во Аеродром, една од најзагадените општини, во еден од најзагадените градови во светот“, посочија од Зелен хуман град.Вчера, кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација, а од утре ќе се почнело со проширување на улицата. ЗХГ нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот.Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?“ велат од „Зелен хуман град“.Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат денес (22 септември) во 10 часот спроти ОУ „Љубен Лапе“ до Воениот базен заеднички да го сопрат уништувањето на уште еден ред зеленило во градот.

Скопје | пред 4 години

Xkpk9kpTURBXy9mOWQ2YjY0OGQ1N2Y1YmY0NGNmZmZmMzI2MjM4MTNhZC5qcGeRkwLNAuQAgaEwBQ

Ерупцијата го опустоши островот, се заканува опасност од токсични испарувања и цунами

Ерупцијата на вулканот во Ла Палма на Канарските Острови уништи 185 згради, од кои 65 приватни куќи и уништи земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот.Вулканската лава зафати околу 400 хектари земја на која годишно се произведуваат 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува Ла Вангардија.Општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан беа најпогодени.Покрај материјалната штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради токсичните гасови, но и од свлечишта и цунами, пренесува Ел Паис.Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.

пред 4 години

lorenco

САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, откриени детали што се случува зад „ѕидовите“

САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка за членство на Скопје во Унијата, пишува магазинот „Еурактив“.Во написот се пренесува изјавата на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи и специјален пратеник за Западе Балкан, Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа дека што побрзо треба да се најде компромис на билатералното прашање меѓу Софија и Скопје, и да се деблокира евроинтеграцијата на Северна Македонија.– Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што не засега сите нас, вели Ескобар.Според него, дадени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да се најде компромис. Ескобар, исто така, вели дека дека би сакал пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да почнат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.Во контекст на изјавата на Ескобар, се посочува дека Вашингтон ја поддржува интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.„Еурактив“ наведува и дека еврокомесарот за проширување Оливер Верхеjи вчера беше во Софија и се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Главна тема на средбите е бугарското вето за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Македонија | пред 4 години

sofijanova-1

Децата заразени од корона мора постојано да се следат, меѓу нив има и тешки случаи, а се појавува и синдром на токсичен шок

Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај внимателно и претпазливо да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организираат со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид 19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.Проф. Софијанова на почетокот на настанот истакна благодарност до Лекарска комора за европски и напреден начин на делување и можности за зближување на основ на стручност и професионалност и истакна дека во предавањето кои го презентираа се споделуваат искуствата и сознанијата на престижни педијатриски центри за лекување на Ковид 19, искуства од Клиниката за детски болести, како и податоци објавени во релевантни научни студии.„Кај децата Ковид 19 обично е благ и се лекува со симптоматска терапија. Но ако состојбата се влошува и фебрилноста трае повеќе од три дена, треба да се размислува и за дополнителни испитувања бидејќи во ретки случаи, децата можат да бидат сериозно погодени, а клиничките манифестации може да се разликуваат од возрасните. Во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна проф. д-р Софијанова.Мултисистемски инфламаторен синдром се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, или имале блага клиничка слика, а по период од две до четири недели развиваат болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 39 степени па и 40 степени која трае повеќе денови и која не се спушта со антипиретици.„Се јавуваат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата, очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични, настанува и воспаление на белите дробови, срцева слабост, тахикардија, бледило на кожата. Мултисистемски инфламаторен синдром предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање, ентероколит, како и бубрежна инсуфициенција, пореметување на коагулација на крвта, пореметување на свеста, главоболки и грчеви“, истакна проф. д-р Софијанова.Кога се во прашање на пост-ковид состојби проф. д-р Софијанова и дека праксата покажува и зголемен број на деца со воспаление на слепо црево, зголемен број на случаи со јувенилен дијабетес, како и пораст на малигни заболувања. Но сепак ќе треба дополнителни истражувања за да може да се потврди дали постои нивна поврзаност со Ковид 19. Во однос на вакцинацијата таа истакна мислење на целосна поддршка за вакцинација на децата над 12-годишна возраст како и оние кои имаат хронично заболување.Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова истакна дека пост-ковид заболувањата се сериозен предизвик со кој допрва ќе треба справуваат пациентите, здравствените професионални и здравствениот систем. Лекарска комора досега организираше 15 онлајн дискусии на различни теми поврзани со превенција и третман на Ковид 19.

пред 4 години

vakcinacija-5

Со две дози во Македонија има околу 33% комплетно вакцинирани граѓани, Петличковски не знае зошто граѓаните одбиваат вакцини

„Со две дози во Македонија има околу 33% комплетно вакцинирани граѓани. Вакцините функционираат одлично во намалување на шансите за тешка болест. Потврдено е на милиони случаи, потврдено е и кај нас. Околу 90% од починатите кај нас во последните месец два се невакцинирани, овој процент овој процент е околу 99. Поубедлив доказ од ова - не знам што би било. Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а шансите вакциниран човек да почине се минимални. Доцна ги добивме вакцините, можеби не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините. Вакцините се одлично решение за излез од кризата, зошто народот не ги прифаќа - не ми е јасно. Систематска информираност на населението ни недостасува, за да фатиме чекор со другите земји каде веќе прогласуваат крај на пандемијата“ - вели Александар Петличковски, Институт за имунибиологија во Студио 10 на ТВ24.

Македонија | пред 4 години

rocista

Кривичен им даде 3.500 уверенија на кандидати за локалните

Основниот кривичен суд Скопје во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи 3.500 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори, соопштија од Судот.Посочуваат дека согласно чл. 67 ст. 3 во врска со чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставиле личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги извршил соодветните проверки, ги изработил уверенијата и потврдите и електронски ги доставил решенијата до комисиите.– Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиденција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11 септември 2021 година за пријавување на кандидати, наведуваат од Судот.Воедно, додаваат, Судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите.– Во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид-19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-22-at-11.16.19

(ВИДЕО) Откри дали сака стек или салата, која е приватно, што ќе направи за Скопје, „10 брзи“ со Арсовска

Данела Арсовска во 10 брзи прашања дава 10 брзи одговори преку кои се опишува себе си, кажува што и е важно, што и е слабост на што се смее и што ја лути и зошто скопјани би требало да гласаат за неа.Опишувајќи се како мајка, сопруга, жена, човек со интегритет, Данела Арсовска на прашањето “Зошто сакаш да бидеш градоначалник?”, вели дека ги има сите квалитети кои што на скопјани им се потребни да живеат во едно убаво место како што е Скопје и да го направи да биде современ и европски град. А на прашањето “која е најдобра причина да гласаат”, одговорот од Арсовска е “Затоа што веруваат дека сум човек со интегритет, дека сум некој кој што со искреност, со квалитетен и добар пристап ќе овозможи Скопје да биде навистина град како што заслужуваат. И скопјани, знам дека ќе гласате за мене.”Според Данела, одговарајќи на прашањето “Дали жена може да биде градоначалник?” жените апсолутно покажале и докажале дека можат да бидат се што ќе одлучат и сè што ќе посакаат.Најмногу ја лутат лаги, корупција, “сето она кое што ни се случува во секојдневието, кое што е, да кажеме неубаво. Сето она кое што на сите луѓе веројатно им смета, а најмногу на скопјани”, одговара Данела.Кој и што и е слабост, на што се смее, за синот и сопругот, дознајте повеќе за Данела Арсовска од нејзините брзи одговори од видеото.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Единствена Македонија со честитка до Единствена Русија: Ќе вложуваме напори и ние за мир, стабилност и безбедност

„Драги наши пријатели од Единствена Русија, примете ги искрените честитки за големата изборна победа на Единствена Русија со освоени 49,82 отсто од гласовите. Изборната победа на Единствена Русија е чиста и чесна иако марионетите на „ѕверот“ во Македонија прават очајнички обиди да ги прикажат изборите во Русија како недемократски а во услови кога конкуренцијата беше многу голема со голем број на учесници и во голем број изборни единици се водеше битка за секој глас“, соопштија од Единствена Македонија.„Големата изборна победа на Единствена Русија се должи на народната изборна програма со која партијата настапи на изборите и во која беа содржани клучните насоки за развој обелоденети во обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин. Сето ова даде резултати дури и во т.н. тешки региони за Единствена Русија како на пример Хабаровскиот, Амурскиот и некои други каде партијата по „поправањето на грешките“ на овие избори ги освои овие изборни единици. Ја користиме приликата да се заблагодариме на подршката на Единствена Русија не го доведува во прашање името, идентитетот, историјата, традицијата, јазикот, културата, територијален интегритет, суверенитет и унитарност на Република Македонија. Единствена Македонија ве уверува дека македонскиот народ, како докажен пријател и партнер на Вашата голема нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжи да ги поддржува напорите на Единствена Русија како државотворна партија за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достинство во светот. Со желби за наша натамошна успешна соработка, Ви ги упатуваме изразите на нашето најголемо почитување“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

dik-1

Од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до четврток (23 септември) на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати.Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со Ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.Партиите настапуваат самостојно или во коалиции во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори. Од поголемите партии, на Единствената листа на кандидати, Демократската унија за интеграција е под број 3, Алијанса за Албанците под број 5, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ под број 7, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија под број 9, Алтернатива под број 10, Демократската партија на Албанците под број 11, БЕСА под број 16…. На листата се наоѓаат и помали партии, коалиции и за првпат на овие избори има голем дел независни кандидати.Во Роковникот на ДИК предвидени се и термини до кога можат да настане промена на утврдената листа на кандидати во случај доколку некој почине од кандидатите за советници или градоначалник.Во тек се и останатите подготовки за претстојните локални избори.За првпат годинава на денот на изборите ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечаток од прст на гласачите за што од страна на претставници од германската фирма „Дермалог“ се спроведува едукација на членовите на избирачките одбори. Првите терминали веќе се пристигнати во земјава, а до 1 октомври треба да пристигнат и останатите.Се уште трае и рокот за поднесување на барања за набљудување на изборите. Сите заинтересирани може да аплицираат до 6 октомври.Избирачкиот список во којшто граѓаните имаа можност да извршат увид, согласно Роковникот на ДИК, треба да биде заклучен во петок, на 24 септември, а една недела подоцна, на 1 октомври да биде потпишан.И додека во ДИК течат подготовките за претстојните избори, од понеделник партиите ја почнуваат изборната кампања која ќе трае до 15 октомври. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за следните четири години.Изборите ќе се одржат на 17 октомври во недела. Поради Ковид-19, тие ќе се спроведат со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од вирусот. Ден пред одржувањето на изборите, ќе гласаат старите и изнемоштени лица и затворениците, како и лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и оние кои се во самоизолација.

Македонија | пред 4 години

znaminja-777x437

ФОТО: Во Западен Балкан, Македонија е најбезбедна земја

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).Индексот на Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.Зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.

Македонија | пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Статистика тврди: 1.212.339 лица се попишани

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

20180510_214945

ФОТО: Скопје е... чекање на Рекорд, сендвич кај „Чичко Стоилко“, боза од „Апче“...

Чекањето на „Рекорд“, сендвичот од „Чичко Стоилко“, благото и бозата од „Апче“... Навидум „ситници“ го прават Скопје уникатен, прекрасен, различен од други места. Моментите на среќа се насекаде во него, на секој од нас. Но, има места кои сите ги знаеме и сме биле барем еднаш...Скопје е...

Скопје | пред 4 години

soobrakjaen-rezim_

Се затвораат неколку улици низ Скопје, се очекуваат гужви низ центарот

Со почеток од 11:00 часот, во организација на Град Скопје – Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко- ул. Филип Втори Македонски, лево по бул. Гоце Делчев, лево по бул. ВМРО, десно по бул. Партизански одреди, десно по бул. 8 Септември и десно по бул. Илинден до Градски парк (школка).Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11:00 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_pres1

ВМРО-ДПМНЕ: Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов

„ЈП Водовод преку соопштенијата и прес конференциите кои ги прават призна дека Душко Весковски сторил кривично дело и дека најпрвин ја реализирал реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ во месец август, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант распишале тендер за да ја исплатат фирмата која го вршела градежниот зафат“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов. Еден во редицата докази дека Весковски и Шилегов направиле криминал е и барањето за надзор за изградбата на водоводната мрежа на од 24-ти јули 2020 година, односно неколку месеци пред да се распише тендерот за изградба. Најголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот кажува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20-ти август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа. Весковски и Шилегов се фатени во криминал. Работеле без тендер, а потоа распишувале тендери за да го покријат сработеното од фирмите. Весковски со паничните прес конференции само сака да го прикрие и спаси Шилегов од се поизвесниот пораз кој го очекува. Криминалното работење на Шилегов како градоначалник фрла сомнеж за тоа како го стекнал својот имот во тек на функцијата која ја извршува, а за кој нема легално финансиско покритие. Јасно е од каде е имотот на Шилегов, јасно е дека работеле криминално. Само уште Весковски да сфати дека не треба да прави нови криминали да го прикрива првиот на шефот“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ блокира за недела да не биде неработен ден

„Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законските измени за недела работен ден. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени“, обвинуваат од СДСМ.„Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje4

Вакцинацијата тече непречено, вакцинирани над 12 илјади граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

пред 4 години

19-04-2021-Kaleska-Vanceva

Калеска Ванчева: Не може да напредуваме, ако нема еднаквост меѓу мажите и жените

Пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата Снежана Калеска Ванчева во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24 посветена на улогата на жените во политиката, истакна дека години на ред во СДСМ се прават вистински чекори во оваа насока, но за жал можеби работите не се менуваат со посакуваната брзина.СДСМ го почна тој процес, направи статутарни реформи, формално правно и суштински преку кодексот и преку насоки влијаеше и влијае на менувањето, СДСМ предводи во она што значи реформи на она што значи едно општество за сите, се уште не сме ја постигнале целта, но ние почнавме од нашите редови во нашата партија, а за жал тоа не го видовме во другите партии, рече Калеска Ванчева.Таа потсети дека додека не беа воведени квоти во изборниот законик парламентот беше костум -вратоврска и тук - таму понекоја жена, но со квотите почна разноликоста, а со тоа нашето општество не изгуби.Таа лекција треба да ја научиме и треба да ја примениме како општество, и кога ќе имаме да имаме општ политички консензус дека ова општество не може да има вистински напредок, додека не овозможиме вистинска еднаквост меѓу мажите и жените, нагласи Калеска Ванчева.Во врска со евентуалните напади врз жените во текот на претстојната кампања, Калеска Ванчева нагласи дека Форумот на жени на СДСМ и СДСМ даваат вистински одговор на било каков обид за насилство и насилство што ќе се случува и не само во текот на кампањата, а особено внимание ќе се обрне во текот на кампањата, но и понатаму.Ние имаме нов кодекс на однесување и дисциплинска одговорност за прекршување, правила во самата партија и силно ќе се залагам за максимална имплементација секогаш кога ќе дојде до нешто вакво рече Калеска Ванчева, додавајќи дека жените на истурени политички функции треба да ги охрабруваат жените да пријавуваат насилство, бидејќи често, таквиот тип на насилство на родова основа не се пријавува.Таа истакна дека ратификацијата на Истанбулската конвенција, како клуч на сите работи, за сузбивање на насилството се случи 2018 година, преземени се сериозни обврски, донесена е стратегија, измени во законите, по процедура е измена на Кривичниот законот, во кој ќе се додаде кривично дело демнење, во процедура ќе влезе законот за родова еднаквост, кој е битен поради родово буџетирање, потоа политиките во образованието, балансирање на професионален и приватен живот.Овие четири години се направи голем исчекор, но уште долг пат не чека, порача пратеничката на СДСМ и претседателка на Форумот на жени на партијата Снежана Калеска Ванчева.

Македонија | пред 4 години

242532298_268569308464560_282711910043486978_n

Утре закажан протест во Аеродром

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ утре ги повикуваат сите жители на Аеродром, и воопшто скопјани, на протест под мотото „Во одбрана на дрвјата во Аеродром“.– Кај обележаните дрвја за сечење кај ул. „Васко Карангелески“ стигнала механизација. Од утре ќе почнеле со проширување на улицата. Нема да дозволиме сакатење на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот. Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи – прашуваат од ЗХГ кои повикаа на масовен одзив на протестот.-Ги повикуваме сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат утре во 10 часот спроти ОУ „Љубен Лапе“ до Воениот базен заеднички да го сопреме ова лудило, се вели во нивниот повик.

Скопје | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

На два дена пред септември, пензионерите ќе почнат да ги добиваат пензиите

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток); и– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Македонија | пред 4 години

thumbnail_pres1

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште една тужба за клевета, овојпат од Весковски

Генералниот директор на „ЈП Водовод и канализација“, Душко Весковски, на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за реконструкцијата на улицата Варшавска.Документите што опозициската партија ги објавува на прес-конференции, според директорот Весковски, се фабрикувани, нецелосни и непотпишани, а со нив ВМРО-ДПМЕ манипулира. Весковски тврди дека објавените документи не се однесуваат на предметната јавна набавка и истите се прикажуваат за да се креира конструкција за незаконско работење со цел негова лична дискредитација во пресрет на локалните избори.Директорот истакна дека целокупната документација за оваа јавна набавка веднаш ја става на располагање на надлежните органи, а воедно ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување и тужба за клевета.„Хронолошки со приложена документација во целост на јавноста ви ја прикажувам законски спроведената јавна набавка:Број 1 – Предметната јавна набавка е започната во 2019 година по што е склучена рамковна спогодба со 5 најреномирани фирми од областа на нискоградбата во државата.Број 2 – Во месец јули од Општина Карпош е издадено одобрение за реконструкција на водоводната и канализациска мрежа.Број 3 – По добиеното одобрение е започната постапка за негативно аукциско наддавање, на која учествувале сите 5 фирми. Како најповолен понудувач е избрана посочената фирма КБК инжинеринг по повеќекратно намалување на почетната цена. Ниту во тој момент а ниту до ден денес ниту еден од учесниците во јавната набавка не вложил жалба на спроведената јавна набавка.Број 4 – По завршената негативна аукција на 9.10.2020 година склучен е договор со посочената фирма по што истата е воведена во работа. На 30.10.2020 година завршена е реконструкцијата на канализациската мрежа а на 25.12.2020 година е завршена реконструкцијата на водоводната мрежа. За изведените градежни работи уредно се водени градежни дневници и книги, потпишани од овластен надзор и техничко лице. Во прилог ви ја доставувам на увид градежната документација“, рече Весковски.Според него, единствен повод за грубите манипулации за негова лична дискредитација е убедливото водство и високиот рејтинг на сите анкети, вклучително и анкетите на ВМРО ДПМНЕ во трката за градоначалник на Општина Карпош.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-1

Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, реагираат од СДСМ откако тој замина за Будимпешта

Пред секои избори, Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер Никола Груевски, реагира СДСМ по информацијата за средбата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.„Минатата година, пред изборите Мицкоски исто така беше во Будимпешта. Ако тогаш отиде за Груевски да му ги состави листите за пратеници, дали сега Мицкоски отишол по пари за кампања за овие избори?Новите насоки за деструктивност, блокади и кочење на републиката што Мицкоски ќе ги добие од Груевски ќе видиме.Очигледно е дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште е раководена од Будимпешта.Затоа на овие избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погубни политики уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

slika

Пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија предлогот да се расправа за градбата на модуларните болници, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од владејачкото мнозинство го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментираат дека власта се плаши од вистината.„СДС – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред сè поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозициската партија, Заев, Филипче и Хасани се главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.

Македонија | пред 4 години

drzavna-izborna-komisija-izbori

Утврден редоследот на изборното ливче во Скопје

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.1.Алијанса за Албанците2.Алијанса за Албанците и Алтернатива3.Алтернатива4. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“5. ВМРО Народна партија6. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)7. Движење БЕСА8. Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ)9. Демократска партија на Албанците (ДПА)10. Демократска унија за интеграција (ДУИ)11. Демократска партија на Турците на Македонија12. Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ13. Коалиција „Сите заедно“ – ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива14. Левица15. Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ)16. СДСМ

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања