Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

osmani

Не треба Бугарија да добие Влада за да се тргне блокадата на Македонија, тврди Османи

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи.Тој образложи дека комуникацијата се одвива на ниво на министерствата за надворешни работи на двете земји.Според Османи, важно е што побрзо да се затвори прашањето и да не се остави комуникациски јаз.Министерот додаде дека основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалскиот, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денска престојува во посета на Бугарија, каде тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

Cair

Тепачка меѓу вработени во училиште во Чаир

Вработена во основно училиште во Чаир во полиција пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка.Имено, вчера, во 12.45 часот, во СВР Скопје, М. Р. (35) од Скопје пријавила дека околу 11.40 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, каде што била вработена, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзина колешка С. В..Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираа од МВР.

Скопје | пред 4 години

IMG_3638

Земјотрес почуствуван во Македонија, епицентарот е во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, во 16.04 часот регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 километри југозападно од Скопје.„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3,6, а беше почувствуван од населението на нашата република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија сеизмолошките служби.

Македонија | пред 4 години

pendarovski-i-radev

Бугарија лута на Македонија: Очекуваме јасни решенија, нема повеќе да веруваме на ветувања!

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реални резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за време на состанокот со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи.Според тамошните медиуми, Радев во изјавата кажал дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската Унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.„Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската Унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство со Европската Унија“, потенцирал бугарскиот претседател.Бугарските агенции пренесуваат и дека Радев во обраќањето пред Вархељи потсетил дека договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, потпишан во 2017 година, не се спроведува.„Нашиот сосед сѐ уште не ги решил проблемите со говорот на омраза како и во однос на правата на граѓаните на земјата, кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, изјавил Радев.На средбата, според соопштеното, бил донесен заеднички став дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања најважен е директниот и отворен дијалог.

Македонија | пред 4 години

41B7CBDE-6C71-465F-93EA-947FC75D294E

(ВИДЕО) “Повеќе посетители на гробишта него на ‘Боемска’”, Дебар маало не личи на себе!

“Боемска” во Дебар маало го изгуби својот лик. Празни маси и столици, тивка музика, празна улица. Ги нема гужвите кои се вообичаени, а секој угостител се обидува да привлече барем еден гостин. Ако порано на “Боемска” беше “тепачка” за маса, сега е “тепачка” за клиент плус. Сето ова е последица на новите мерки за заштита од коронавирусот, со кои се забрани влез во кафеани и угостителски обејкти на гостите кои немаат примено две вакцкни. Угосителите се разочарани, велат дека месец и половина работата не одат, а сметките се нижат, прометот драстично е намален. Вработен во угостителски обејкт вели дека изминативе десет години, ова не се случило. Дури и за време на одмори, гости имало. Сега, најмногу маси, има за викенд. Но тоа не е ни одблиску доволно за да се покријат трошоците за давачки кон државата и ангажираните лица. Немањето клиенти повлекува и намалување на бројот на вработени. Во повеќе локали, ова е и епилогот од немањето на промет.“Повеќе посетители има на гробишта него овде”, искоментира пар кој прошета на улицата.Ситуацијата е слична насекаде во Скопје. Засега нема најави за мерки со кои угостителите ќе добијат поддршка од држават за да го надоместат загубениот промет.

Скопје | пред 4 години

DSC_0699

17 лица починаа, 554 нови пациенти заболени од корона

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаина КОВИД-19:Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-255, Биотек-288, Систина-137, лабораторија Лаор-169, Синлаб-37, Ремедика-33, Плодност–40, Генеа-15, Никоб лаб-485, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-81, Ројал Медика –9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.713.Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81431, Активни 5701Куманово 11075, Активни 905Тетово 10764, Активни 985Прилеп 8929, Активни 275Гостивар 7925, Активни 509Битола 6958, Активни 246Велес 6057, Активни 284Охрид 5827, Активни 545Кавадарци 5761, Активни 203Струмица 5618, Активни 462Штип 5567, Активни 225Кичево 3888, Активни 427Струга 3758, Активни 536Кочани 3150, Активни 135Гевгелија 2361, Активни 73Неготино 2299, Активни 43Свети Николе 1828, Активни 104Ресен 1514, Активни 102Радовиш 1481, Активни 106Дебар 1444, Активни 127Крива Паланка 1359, Активни 58Берово 1195, Активни 33Делчево 1110, Активни 66Виница 1009, Активни 45Пробиштип 897, Активни 42Валандово 788, Активни 29Богданци 544, Активни 20Кратово 531, Активни 49Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 462, Активни 32Демир Хисар 426, Активни 16Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 8Македонска Каменица 293, Активни 21Дојран 139, Активни 2

пред 4 години

niva-so-kanabis

Приведен скопјанец поради пронајден цвет од канабис, саксии, марихуана

Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје.„При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис, гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Скопје | пред 4 години

sead-kocan

Сеад Кочан бара помилување од Пендаровски, ако добие излегува од затвор

Претседателот Стево Пендаровски ќе го има последниот збор за тоа дали бизнисменот Сеад Кочан ќе добие помилување и со тоа предвреме ќе ја заврши затворската казна за случајот „Труст“, објави Фокус.Поранешниот сопственик на „Трансмет“ упатил барање до Министерството за правда, каде министерот Бојан Маричиќ треба да ја разгледа молбата и со свој предлог да ја достави до Пендаровски, а потоа неговата комисија за помилувња треба да даде свое мислење. Според сознанијата на „Фокус“, Кочан во затворот „Идризово“ до сега издржал безмалку половина од казната,која со одлука на Апелација му беше дефинирана на 4 години и 8 месеци. Кочан веќе две години и еден месец е зад решетки, бидејќи во „Идризово“ влезе во 1 август 2019 година.

Македонија | пред 4 години

strasevski-1

Адвокатот Страшевски, член на ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Мицкоски за координацијата со СДСМ

Адвокатот Јовица Страшевски и член на ВМРО-ДПМНЕ, познат како критичар на актуелното раководство на партијата, но и кој повикува да престане поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти, побара од лидерот Христијан Мицкоски да одговори на неколку прашања по вчерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.-Заев, шефот на Мицкоски, во емисијата кажа дека штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во координација поради агендите и поради се, а сето тоа да го знае јавноста, на која изјава Мицкоски беше само нем глув послушник. Мицкоски да не бега од одговорност и вистината! Веднаш итно да даде одговори на неколку прашања бидејќи има морална обврска пред јавноста, членството како и пред симпатизерите и подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ:1.Во каква кординација се штабовите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ?Кои заеднички агенди ги имаат штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ?3.Што се друго договараат?Дали Заев шефот на Мицкоски, преку кординации на партиските штабови ги договорил “независните кандидати” за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ, како и многуте кандидати поставени на добитни места на листите на ВМРО ДПМНЕ, кои се ставени на листите, а никогаш и не биле ВМРО ДПМНЕ, прашува Страшевски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Директорот на тетовската болница е одговорен за противпожарната заштита на модуларнат која изгоре

За противпожарна заштита во модуларната ковид болница во Тетово која изгоре на 8 септември бил задолжен в.д. директорот Флорин Бесими, според документот за изработка на проектот на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Светска банка и Министерство за здравство, објави СДК.мкМодуларната болница во Тетово е дел од проектот „Итен одговор за ковид-19 на Северна Македонија“, со кој беа монтирани 17 модуларни болници низ целата земја. Според листата за проверка, директорите на болниците се надлежни за подготовка на план за заштита од пожар и имплементација на мерки за заштита во мобилната ковид болница, и тоа треба да биде направено на почетокот на работата на модуларната болница. Заедно со директорот на болницата, задолжени за противпожарната заштита се и одговорни лица вработени во болницата. Според проектот, планот за заштита од пожар и имплементацијата на мерките за заштита се на товар на буџетот на болницата.Директорите на болниците се задолжени и за редовно одржување на инсталациите (водовод, канализација, струја, греење) во болницата, но тука надлежноста ја делат со претставници на Општина Тетово, комунален инспектор и одговорни лица вработени во болницата. И оваа надлежност е товар на болничкиот буџет. Листата со проверки е дел од документацијата за изградба на модуларните болници, која е објавена од МТСП, преку кое се менаџира заемот од Светска банка за справување со ковид-кризата.Повеќе на СДК.

Македонија | пред 4 години

struga-debar

Шест бомби пронајдени на брегот на Дебарсо езеро

На 19.09.2021 година во ОВР Дебар било пријавено дека во месноста „Венец“ на брегот на Дебарското езеро биле пронајдени експлозивни направи.По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за шест рачни бомби од Втората светска војна кои, по преземени безбедносни мерки, биле поништени.

Македонија | пред 4 години

krmov

Левица со Резолуција во Собрание: Не смее да им се врши притисок на граѓаните ако не се вакцинираат

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на парламентот, поднесоа Предлог-резолуција за правните и моралните аспекти на Ковид-вакцинацијата, заснована на неколку правни акти донесени во Советот на Европа.Резолуцијата, која е поделена на вкупно шест точки, констатира дека постојат низа проблеми на терен во врска со вакциналната имунизација на населението, предизвикана од несоодветната стратегија за комуникација со јавноста на надлежното Министерство за здравство, како и од противречните и контрапродуктивни мерки кои, од ден на ден, стануваат сè порестриктивни, порепресивни, непропорционални и дискриминирачки за македонските граѓани.Во Резолуцијата, меѓудругото, се укажува дека:- вакцинацијата против новиот коронавирус SARS-CoV-2 не е и не смее да биде задолжителна за било кој сегмент од населението;- граѓаните мора да бидат информирани дека никој не смее да им врши политички, правен, социјален, економски или друг вид притисок да се вакцинираат, доколку некој не сака да го стори тоа на доброволна основа и по слободна волја;- користењето т.н. зелени (ковид) пасоши, односно „сертификати за вакцинација“ ќе се користат само за нивната првично назначена цел од страна на Светската здравствена оргнизација, т.е. за обезбедување надзор над долгорочните ефекти на вакцините и нивната безбедност по здравјето на луѓето, за следење на ефикасноста на вакцината врз имунолошкиот систем на пациентите, како и за мониторирање на потенцијалните нус-појави и несакани ефекти од вакцината.Очекуваме законодавниот дом да ја донесе оваа Резолуција упатена до извршната власт пред почетокот на изборната кампања за претстојните Локални избори, а интегралниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Македонија | пред 4 години

242471977_2778736165766732_6580984530910854203_n

Филипче: Од кризата научивме дека е важна комуникацијата со јавноста

Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, смета министерот за здравство, Венко Филипче.„Во денешното обраќање на Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК), ја потенцирав важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата. Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите. Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците“, напиша тој.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Возрасен битолчанец настрада во сообраќајка додека управувал со мопед

На 20.09.2021 во 12.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Мирче Ацев“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(58) од Битола и мопед „Томос” без регистарски ознаки, управуван од П.П.(67) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.П., констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 4 години

migranti

Скопјани фатени како превезувале мигранти од Куба

На 20.09.2021 во 22.00 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ биле приведени А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и во нив превезувале шест лица – мигранти од Куба, кои илегално влегле во државата. За настанот бил известен Јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата-мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце“.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Вчера аплицирани над 12 илјади вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

пред 4 години

16054CB4-21BB-4A35-B141-9697F75FE24A

Пендаровски се сретна со директорката на Фондот за население на Обединетите нации

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).На средбата се разговараше за актуелната соработка меѓу нашата земја и УНФПА во однос на креирање на политики за населението и преземање на активности со цел подобрување на пристапот до услугите од областа на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство.Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е посветена на креирање на законски и стратешки иницијативи во насока на подобрување на можностите за вработување на жените, пристапот до високо квалитетни здравствени услуги на национално и локално ниво, како и креирање на родово одговорни политики и буџети. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги издвои ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен годинава.Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка на УНФПА и Северна Македонија во овој тежок период на пандемија бидејќи видливите резултати придонесуваат кон решавање на повеќе значајни прашања, поврзани со унапредувањето на правата и услугите за населението.

Македонија | пред 4 години

234919655_651024752949979_7599520139797624935_n

Пола Скопје утре ќе е затворено за сообраќај

На 22.09.2021 (среда) со почеток од 11.00 часот, во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11.00 часот до завршување на настанот ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

thumbnail_Foto-3

Стево Пендаровски во Њујорк: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Претседателот се обрати на тема: Што значат мирот и стабилноста во 21. век? во рамки на сесијата: Специјално обраќање: Мир и стабилност: Иднината на Западен Балкан.На почетокот од своето обраќање, претседателот говореше за искуствата на земјите од регионот на Западен Балкан по падот на комунизмот, констатирајќи дека заради низа објективни причини, како што беа конфликтите во поранешна Југославија, економската девастација, бројните отворени прашања, ниту една земја од регионот не може да се вброи како лидер на посткомунистичкиот период во Европа.Во оваа прилика, претседателот се осврна на искуствата на Република Северна Македонија, ставајќи акцент на направените компромиси со соседите, членството во НАТО и посветеноста на интеграцијата на земјата во Европската Унија.Притоа, претседателот Пендаровски констатираше дека одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство – клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот.Во оваа смисла, опишувајќи го евидентниот застој во интегративните процеси на сите земји од Западен Балкан во изминатите неколку години, претседателот Пендаровски изрази загриженост и предупреди дека неизвесноста на овој план би можела битно да влијае на мирот и стабилноста во регионот. Истовремено, претседателот подвлече дека резултат на сегашниот застој се, спорото реформско темпо и подемот на евро-скептицизмот во сите држави од Западниот Балкан.Покрај ова, во своето обраќање, претседателот ја истакна и важноста на односите меѓу Европската Унија и САД, кога се зборува за мирот и стабилноста на Западен Балкан, констатирајќи дека секогаш кога односот помеѓу ЕУ и САД бил добар и силен, тогаш се гледале придобивките за регионот, Европа и евроатлантскиот регион во целина.Во заклучниот дел од своето обраќање, претседателот Пендаровски нагласи дека иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија и дека Европската Унија треба да ја држи вратата отворна не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности.

Македонија | пред 4 години

Postavuvanje-semafori-HT-Karpos-2

Делови од Карпош, Кисела Вода, Чаир ќе бидат без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:во периодот од 8:00 до 15:30 часот, корисниците на дел ул. Ѓорѓи Сугаре 16, ул. Михаил Чеков број 4 и 9 (општина Кисела Вода)во периодот од 12:00 до 14:00 часот, корисниците на ул. Евлија Челебрија 1, Детски театар Центар (општина Чаир)во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците на дел ул. Јустинијан Први, КАМ маркет, дисконт „Гиго трејд“ и околните објекти до автобуската станица во близина ( општина Кисела Вода ) како и корисниците од ул. Леринска, објектите со број 62А, 62Б, 64А, 64Б, 66А и 66Б (општина Карпош )во периодот од 9:00 до 11:00 часот, корисниците на ул. Самоилова 94, Фонд.центар за исламска цивилизација општина Чаир )во периодот од 9:45 до 13:30 часот, корисниците на дел ул.Козле околу броевите 107 до број 122, ул.Козле под улица 2 и околните улици (општина Карпош)во периодот од 10:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од с. Горно Соње напојуван од ТС Соње Коштан 8 (општина Сопиште)

Скопје | пред 4 години

mila-carovska

Повторени дел од конкурсите за стипендии

Министерството за образование и наука информира дека објави повторени конкурси за доделување на стипендиите наменети за ученици кои се запишани во дуални паралелки и за стипендиите за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование заради целосна распределба на фондот на ученички стипендии предвидени за оваа учебна 2021-2022 година.Во Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен фонд на часови, се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1500. Може да аплицираат редовни ученици запишани во дуални паралелки, кои не повторувале година, не се корисници на стипендија од друг давател и се државјани на Република Северна Македонија.Во Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование предвидено е да бидат доделени 390 стипендии – за редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, кои се државјани на Република Северна Македонија, немаат повторувано година во текот на образованието и не се корисници на стипендија од друг давател. Во првичниот конкурс за овој тип на стипендии беа предвидени вкупно 500.Учениците кои ги исполнуваат условите за стекнување на правото на користење на еден од понудените два типа на стипендија, треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk. Доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука најдоцна до 30 септември 2021 година, во периодот од 8 до 16 часот.МОН ги посочува и контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите вработени во Министерството за дополнителни информации и поддршка.– Овие два типа стипендија првпат се воведени годинава, како резултат на заложбите за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, приближување на неговите придобивки кон младите и нивна стимулација за упис во средни стручни училишта. Износот на стипендијата е 3.500 денари месечно, а се исплаќа девет месеци во годината, информира Министерство за образование и наука.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-6

Низа прекршоци прават возачите во Скопје, изречени се 152 казни

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 6 за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Forum-na-Zeni-na-SDSM-4

Анкетата на Брима потврди дека СДСМ е убедлив фаворит, сметаат од владејачката партија

„Анкетата на Брима потврди, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори, претседателот Заев со најголема доверба од граѓаните Граѓаните во континуитет ги препознаваат успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Тоа го потврдуваат бројни релевантни испитувања на јавното мислење. Последното во низата е испитувањето на „Брима“ каде СДСМ има стабилно и солидно водство пред ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички субјекти. На прашањето „доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?“ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ, а 17,5 за ВМРО-ДПМНЕ“, сметаат од СДСМ.„Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и понатаму е политичар со најголема доверба од граѓаните од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто.ВМРО-ДПМНЕ за прв пат има најслаб резултат на овие анкети откако Брима го прави својот политички Барометар.Ова е силна потврда дека граѓаните се против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Додека СДСМ се бори за правда, да нема недопирливи пред законите, ВМРО-ДПМНЕ брани криминалци, додека СДСМ креира и реализира економски мерки за помош, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира истите.Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на режимот, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ.На овие локални избори граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концепт на нови инвестиции за локален развој.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот концепт на лажни вести и дезинформации одново ќе бидат поразени“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

policija-1

И вчера казнети 313 возачи кои брзо возеле

Во текот на вчерашниот ден (20.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 313 возачи. Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

zaev-cipras

Спречен атентат врз Заев, тврдат грчки медиуми.

Грчките тајни служби спречиле атентат врз Премиерот Зоран Заев летото 2018 година. Ваков текст денеска објавија грчки медиуми кои се повикуваат на извор близок до тогашното министерство за надворешни работи и кој имал значајна улога во целиот процес, пишува Сител. Според пишувањата зад атентатот финансиски стоеле организации на дијаспората од Австралија и Канада поради гнев од потпишувањето на Договорот во Преспа со кој земјава го промени уставното име.Службите во Грција прво го информирале тогашниот Премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има голема мобилност против Заев, а преку грчкото МНР за ова прв бил информиран министерот Никола Димитров, а преку други “канали” информациите ги добил и самиот Заев, стои во текстот, во кој пишува дека и американските служби имале информации дека силите кои имаат интерес да не се потпише Преспанскиот договор ќе се обидат да спречат промена на Уставот од страна на Парламентот.Во објавениот текст се наведува дека тогаш Американците преземале заштита на македонскиот премиер иста како и за американскиот претседател и испратиле пораки до странските амбасади и до ВМРО –ДПМНЕ дека “знаат” за позадината.Дали навистина имало обид за негов атентат Премиерот ниту потврдува ниту демантира.-Нема да коментирам такви информации или наводи. Кога и да имало предизвици во таа сфера, безбедносните служби крајно професионално и успешно ја завршувале својата работа. Немам дополнителен коментар, изјави премиерот Заев за „Сител“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања