Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ceca4_0

Цеца по смртта на Марина Туцаковиќ: Таа е некој што ми даде идентитет

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ денеска на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, изјави дека се уште е во шок по смртта на Марина Туцаковиќ.– Се уште сум во шок. Иако беше во многу лоша здравствена состојба, и не е изненадувачки сето ова што се случи, но е многу тешко. Многу ме боли, чувствувам притисок на градите како да ќе се задушам – рече Цеца на почетокот на разговорот.– Марина за мене напиша 120 текстови. Таа е некој што ми даде идентитет, кој ме сакаше безусловно. Едвај зборувам – рекла Цеца.

Магазин | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

„Фајзер“ тврди дека вакцината безбедна за децата

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска соопшти дека нејзината вакцина, по направените клинички испитувања е безбедна и високо ефикасна и кај најмладата популација, односно кај децата од 5 до 11 години.Компанијата планира до крај на септември да аплицира до ФДА за дозвола за употреба на вакцината кај децата.Инаку, властите во САД сметаат дека потребата за вакцина во САД е итна, бидејќи податоците покажуваат дека дури еден од пет нови случаи на инфекција е кај децата, а поради многу заразната варијанта делта повеќе деца се хоспитализирани во изминатите неколку недели.„Фајзер“ ги објави резултатите во текст кој не содржи детални податоци од истражувањето, а наодите сè уште не се прегледани или објавени во научно списание.Сепак, новите резултати се идентични со оние што се забележани кај постарите деца и кај возрасните, велат експертите.

Актуелно | пред 4 години

tucakovic-208149

Марина Туцаковиќ го напиша текстот на една од најтажните песни на Тоше

По тешко боледување на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас… но и на нашиот Тоше Проески.Приказната за оваа песна ја раскажал затвореник кој издржувал казна откако го убил љубовникот на неговата жена. Тој напишал стихови и ѝ ги испратил на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. На Љиљана и на Тоше им се допаднала приказната, а менаџерката на Тоше ѝ ги испратила на Марина, која ја направила финалната верзија на текстот.Песната „Соба за тага“ се најде на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година. Тоа е третиот албум на Тоше, кој беше издаден и на македонски и на српски јазик.

Магазин | пред 4 години

mickoski-1-750x430-1

Македонија е најкорумпирана земја во Европа, каде живеат најнесреќните луѓе, тоа е заслуга на Заев, тврди Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата Само вистина на Канал 5, реплицирајќи му на Зоран Заев кој кажа дека обезбедиле иднина во Македонија, му порача дека сите извештаите покажуваат дека Заев и владата на СДСМ на граѓаните им обезбедила само срам и понижување, читајќи му ги Извештајот од Економист каде што Македонија е оценета како хибриден режим, но и според индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл во кој стои дека Македонија е на историско најлошо место според степенот на корупција, извештајот од страна на Стејт Департментот во кој стои дека корупцијата е постојан проблем во Македонија, како и дека Македонците се најнесреќните луѓе во Европа.Знаете ли вие што обезбедивте господине Заев? Сега ќе ви кажам, еве бидејќи велите дека сте ја обезбедиле иднината, јас ќе ви кажам што сте обезбедиле вие, вели вака Македонија е хибриден режим индекс на Економист, Македонија е хибриден режим затоа што се наоѓа на 78 место таму со Киргистан, Танзанија, Молдавија, Нигерија, Уганда, Либан и други, потоа, Македонија е држава со најнесреќни граѓани, и вели Македонците се најнесреќните луѓе во Европа. Одиме понатаму, Стејт Департментот, корупцијата е постојан проблем во Македонија, Извештај на Стејт Департментот, вели одложена правда и мало подобрување на медиумските слободи, Македонија е историски најлошо рангирана според индексот на корупција на 111 место. Да ви читам уште од работите кои што вбие ги обезбедивте? Вие обезбедивте срам и понижување, му порача Мицкоски на Заев.А што ќе обезбедиме ние? Сега ќе ви кажам, ние си зацртавме како коалиција која што се бори против корупцијата, која што денеска за жал е рак рана за цела држава ќе ја донесе Македонија на она место во кое што ќе обезбедиме пристоен живот, и ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и вербата да останат овде, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

sela-2

Тетово е опасно место за живеење, а нема ниту ефикасно здраство, обвинува Алијанса за Албанците

Синоќа Тетово беше шокирано од уште една вест, која што тешко ги погоди сите граѓани, но, не и тие на власт, реагира на прес конференција Алијанса за Албанците за искасаното петгодишно дете од кучиња скитници вчера во Тетово.– Кучињата скитници за коишто во континуитет алармираме, нападнале петгодишно дете нанесувајќи му тешки повреди. Сето ова се случило во близина на куќата и брзото и навремено реагирање на членовитена семејството го спасиле детето од фатален исход. Овој случај  докажува дека Тетово е опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање напретставниците на локалната и централна власт. И ако ги прашате за  овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или како природна катастрофа – велат од Алијанса за Албанците.Според партијата на Зијадин Села, за да ова не биде доволно, кога детето било однесено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар.– Градот Тетово, не само што не е безбеден за  живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне.  Нема безбедни  училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и  куќите, дворовите и населбите.  И после сето ова, ние не можеме да  бараме одговорност од тие што нѐ поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи – велат од Алијанаса за Албанците.

Македонија | пред 4 години

DenotStoNiNosi-Janeva1

По две години пауза Александра Јанева со нова балада

По пауза од две години, Александра Јанева го објави својот повратнички сингл „Денот што ни носи“.Песната е заедничко авторско дело на Лазар Цветкоски и Александра Јанева. Емотивната видео-приказна за песната ја направи Ѓорги Вацев.„Денот што ни носи“ беше премиерно изведена на 36-тиот Фестивал на забавни мелодии Макфест и се закити со награда најдобар аранжман.Во продолжение уживајте во најновата песна на Јанева:

Магазин | пред 4 години

carovska

Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата, тврди Царовска

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во гостување во Дневникот на телевизија „Сител“ изјави дека сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава и дека учениците ќе продолжат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврдило и Министерството за здравство во својот извештај, за кој дискутирале и на Главниот координативен штаб.„Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски. Многу е значајно медиумите и граѓаните и сите ние кои известуваме или имаме можност да известуваме за податоци да се држиме за она што го кажуваат надлежните институции и да го пренесуваме доследно како што е кажано без да се шири паника помеѓу граѓаните затоа што во моментот такво нешто не е потребно. Затоа што истовремена изолација на 25 или 10 ученици не значи дека сите се позитивни на Ковид-19“, изјави Царовска.Таа посочи дека состојбата со Ковид-19 во училиштата се следи на дневно ниво, а Министерството за образование и наука е во постојана координација и комуникација со надлежните здравствени власти и со епидемиолошките служби како и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој редовно ги посетува училиштата и потврдува доследно почитување на мерките за заштита.Царовска изјави и дека образовниот систем уште од јуни е подготвен со три резервни сценарија кои би се применувале доколку има потреба од нив.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_20210904_131703

Бериша: Заев наместо да одговори за 14-те изгорени лица, се труди да го сокрие случајот

Во овие трагични денови, кога изгореа 14 луѓе во болницата во Тетово, денес видовме едно појавување полно со злоба од страна на Премиерот Заев.  Наместо да одговори за 14-те изгорени лица, наместо да даде одговор за трагичниот настан, тој на најгадлив можен начин се труди да го сокрие случајот, како што направил и во многу други случаи претходно, вели Вјолца Бериша, Претседателка на Собранието на Жените во Алијанса за Албанците.„Запрашан од новинарите за случајот во болницата во Тетово, тој се смееше одговарајќи дека ова е банална работа, како да горењето во  пожарот на 14-те луѓе да е затворена тема што не заслужува одговор.Тој денес ги третираше граѓаните, нарочито Албанците коишто тој не ги смета ни за пет пари, како овци со кратко паметење што забораваат сè за три дена.Како да не беше доволна оваа бедна појава на Заев, да настанот биде уште по ужасен се потрудија сервилната група околу него.  На оваа скандалозна изјава тие и одговорија со аплаудирање.Замислете! Еден премиер вели дека не вреди да се зборува за 14 живи изгорени и за ова добива аплауз!Господине Заев, Вас и на вашата група може и да ви изгледа банално горењето на 14-те луѓе.  Или пак можеби ви изгледа банално дека беа од  тие кои што за вас не вредат ниту пет пари.Но, ние ви гарантираме дека граѓаните не се овци со кратко паметење.  Сте се навикнале секој скандал да го манипулирате како што сами вие знаете, но, да ви биде јасно дека нема да престанеме да бараме одговорност, додека правдата не дојде на свое место.  И да бидете сигурни дека, или денес, или утре, правда ќе има“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Доктор Лазаров: Нема да ви помине! 14 луѓе живи изгореа!

Докторот Ненад Лазаров се огласи по изјавата на премиерот Зоран Заев за модуларната болница во Тетово. Тој смета дека нервозата е евидентна. Тој порача дека ова нема да помине, потсетувајќи дека изгореа 14 луѓе како последица на пожарот.„Аплаузите и тапкање по рамо и на небулозни и морбидни изјави од ужи круг поддржувачи има токсичен ефект и предизвикува делузии на величина и моќ. Нервозата е веќе евидентна и си го прави своето, тој е капацитетот. Ко првото PC што го имав, сецкаше на мп3-ка ако мрдаш со маусот. Живи изгореа 14 луѓе додека беа во болница, NO PASARAN!“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

zaev-2-duel

Заев до Мицкоски: Вие сте вознемирен затоа што шест пати губите избори, а ќе изгубите и седми пат

„Вие сте вознемирен затоа што шест пати губите избори, а ќе изгубите и седми пат затоа што играте на политичко профитерство и се обидувате да злоупотребувате се“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5.Премиерот додаде дека Владата покажа способност да обезбеди дополнителни болнички капацитети за да не ни се случи Италија.„Ние постоиме за да им служиме на граѓаните, спасени се илјадници човечки животи со модуларните болници, додека вие несериозно се поставувате кон државата. Гледате како политички да профитирате од се, дури и од оваа трагедија“ кажа Заев.Тој додаде дека дуелот станува кавгаџиски поради вознемираноста на неговиот соговорник од опозицијата и дека тоа е така бидејќи тие како партија не знаат да понудат ниту едно решение за државата.„Болниците од модуларен тип се изградени со цел да се избегне италијанско сценарио и преполнување на болниците. Ако место споменици се правеа болници претходно, немаше да има потреба од модуларни болници“ кажа премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-mickoski-750x430-1

Заев му рече на Мицкоски „да не тропа“

Не сум видел некој, толку желбата за власт да го прави човекот политички профитер. Од ракав тропате работи кои се далеку од вистината. Спроведена е постапка според закон, треба истражните органи да кажат. Дадено е решение за примопредавање. Се работи за објекти за времено сместување на пациенти, му реплицираше премиерот Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебата за изгорената модуларна болница во Тетово во лидерскиот дуел на Канал 5.Мицкоски не му остана должен на премиерот и му одговори:– Не тропам туку ја зборувам вистината.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повика на Службен весник за измените на Законот за градење. Мицкоски рече дека актуелната влада направила измени на законот со кои за такви објекти не е потребна употребна дозвола.Мицкоски рече дека ќе бидат упорни сѐ додека не излезе вистината на виделина за модуларната болница.– Зборуваме за да спасиме човечки животи оти ситуацијата е загрижувачка. 14 лица ги загубија животите а тоа е резултат на лошото менаџирање. Ако ги погледнете во очи луѓето кои загубија блиски ќе го видите сиот гнев. Ако имате малку грижа на совест нема да размислувате, туку ќе ги прифати оставките. 14 човечки животи згаснаа заради неспособноста на власта – рече Мицкоски.Заев повтори дека ќе почека дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство и на заменико, Венко Филипче и Илир Хасани откако ќе се добијат резултатите од истрагата.

Македонија | пред 4 години

oliver-derkoski-1

ДИК не прифати шест листи за советници и две листи за градоначалници!

Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик.

Македонија | пред 4 години

bekjarovski

А, дали можеше да биде помалку кобно?, прашува Беќаровски за короната

Бројот на починати во Македонија од ковид-19 надмина 6437. Ако оваа бројка не ви изгледа страшно, замислете за само една ипол година да ни ги снема Крушево и Вевчани. Премногу болно, премногу тажно, стои во најновата објава на д-р Нико Беќаровски, на социјалната мрежа Фејсбук.– А, дали можеше да биде помалку кобно? Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетот, дебелината, хипертензијата итн.Дали можеше оваа црна бројка да е барем сива? Да, секако!Во Македонија од почетокот на јули вакцинацијата е слободна, без никакви термини и секој може да се вакцинира. Во периодот од 10 август околу 1000 наши невакцинирани граѓани починаа од ковид-19, а можеа ако сакаа да бидат комплетно вакцинирани. Сите досега објавени студии укажуваат дека ризикот од смртен исход кај вакцинираните е најмалку 11 пати помал. Место 1000 нови гробови и расплачени семејства, тој број ќе беше помал од 90. Вчера починаа 42 наши граѓани, а не мораа, само малку да ѝ веруваа на науката.А, можете ли само да замислите колку поубав и посончев ќе беше овој септемвриски ден, да бевме свесни како Данците и да имавме 81% вакцинирани, а не тврдоглави Балканци со само 37% вакцинирани, пишува д-р Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

brza-pomos-5

12 починати лица и 154 нови случаи заразени од коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаина КОВИД-19:Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г  и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 1.967 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-105, Биотек-155, Систина-76, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-359, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-34, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.044.Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81122, Активни 5761Куманово 11031, Активни 904Тетово 10747, Активни 994Прилеп 8909, Активни 275Гостивар 7922, Активни 525Битола 6941, Активни 245Велес 6037, Активни 284Охрид 5817, Активни 667Кавадарци 5744, Активни 195Струмица 5613, Активни 500Штип 5562, Активни 238Кичево 3877, Активни 433Струга 3755, Активни 638Кочани 3134, Активни 128Гевгелија 2355, Активни 73Неготино 2295, Активни 39Свети Николе 1824, Активни 105Ресен 1508, Активни 102Радовиш 1477, Активни 110Дебар 1442, Активни 133Крива Паланка 1350, Активни 51Берово 1193, Активни 39Делчево 1108, Активни 65Виница 1006, Активни 45Пробиштип 895, Активни 43Валандово 785, Активни 28Богданци 543, Активни 19Кратово 527, Активни 50Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 461, Активни 31Демир Хисар 423, Активни 14Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 8Македонска Каменица 292, Активни 21Дојран 139, Активни 4Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаина КОВИД-19:Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.Регистрирани сe 408 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Тетово – 23, Куманово – 22, Струмица – 19, Штип – 17, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Велес – по 12, Кочани и Дебар – по 11, Радовиш и Берово – по 9, Битола и Ресен – по 7, Свети Николе – 6, Кратово и Гостивар – по 5, Крива Паланка, Гевгелија и Валандово – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Пехчево – 2, Охрид, Пробиштип, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г).Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Направени се 1.967 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-10, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-105, Биотек-155, Систина-76, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-359, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-34, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.044.Досега во земјата се направени вкупно 1.254.061 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81122, Активни 5761Куманово 11031, Активни 904Тетово 10747, Активни 994Прилеп 8909, Активни 275Гостивар 7922, Активни 525Битола 6941, Активни 245Велес 6037, Активни 284Охрид 5817, Активни 667Кавадарци 5744, Активни 195Струмица 5613, Активни 500Штип 5562, Активни 238Кичево 3877, Активни 433Струга 3755, Активни 638Кочани 3134, Активни 128Гевгелија 2355, Активни 73Неготино 2295, Активни 39Свети Николе 1824, Активни 105Ресен 1508, Активни 102Радовиш 1477, Активни 110Дебар 1442, Активни 133Крива Паланка 1350, Активни 51Берово 1193, Активни 39Делчево 1108, Активни 65Виница 1006, Активни 45Пробиштип 895, Активни 43Валандово 785, Активни 28Богданци 543, Активни 19Кратово 527, Активни 50Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 461, Активни 31Демир Хисар 423, Активни 14Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 8Македонска Каменица 292, Активни 21Дојран 139, Активни 4

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-26-at-12.44.01

Се намалува ширењето на коронавирусот, најмалку заразени има во училиштата, тврди Министерство за здравство

За 40% е намелена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август, покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје. Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% во државата се ковид позитивни.„По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст. Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст. Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци,8 средношколци и 3 од академската популација. По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен. Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести“, велат од МЗ.

пред 4 години

59131044_101

Бајрами: Половина час е минимално време што секој објект треба да го издржи при пожар

Во случајот со тетовската модуларна болница, не е битен изворот на пожарот, туку дали објектот бил изграден замајќи ги во предвид барањата за заштита од пожар предвидени и со закон, според кои тој во целина требало да биде отпорен на пожар најмалку 30 минути, вели за Фокус градежниот инжинер Неџат Бајрами. Според него, тоа време е потребно за евакуација на пациенти, кадар и евентуално опрема. Исто така, додава тој, мора да се обезбеди дека објектот нема да се сруши за минимално време проектирано на отпорност од пожар.–Согласно увидот во снимките направени од очевидци од местото на настанот, за жал, целиот објект го зафаќа оган и целосно гори во рок од неколку минути. Во суштина, независно од изворот на причинување на оган, се заклучува дека целиот објект гори за неколку минути. Надлежните органи потребно е да одговорат на прашањето како целата модуларна болница изгоре за толку краток период. Изворот на пожар можело да биде од различна природа, но тоа не значи дека модуларната болница требало да изгори во рок од неколку минути – вели Бајрами.Доколку се користеле соодветни материјали согласно намената на објектот и имало соодветни системи за заштита од пожар, истакнува тој, последиците од пожарот немало да бидат фатални како во случајот со модуларната болница во Тетово. Притоа, Бајрами упатува и на таканаречените ПУР-панели од кои била изградена болницата, посочувајќи дека и во самата декларацијата на секоја полиуретанска пена (polyurethane foam) стои дека е лесно запалива.По избивањето на пожарот во тетовската модуларна болница, се води истрага за причините на пожарот, а предмет отвори и Јавното обвинителство. Како што велат од Министерството за здравство, специфкацијата за изградба на модуларните болници е направена согласно стандардите на Светска здравствена организација за поставување на ваков вид објекти. Исто така, од МЗ посочуваат дека модуларните болници се изградени врз основа на проект изработен од Комисија составена од членови од ова министерство и од Министерството за труд и социјала, а потоа се примопредаваат на управување на јавните здравствени установи.

Македонија | пред 4 години

CD25C1A8-EC6A-4D57-A7B5-923D3D3FD346

ФОТО: Бранко Црвенковски се појави!

Фотографија Бранко Црвенковски, фотографиран во маркет кружи на социјалните мрежи. Шегите кои се пишуваат се дека тој пазари пред да поскапат производите.“Да зеам да пазарам пред да се покачат цениве, а воедно и да им објаснам за стајлинг на овие околу ...”, пишува во еден од коментар.Црвенковски се повлече од јавност и не дава изјави во јавност.

Магазин | пред 4 години

sahpaska-jagoda

Во градинките се заразени 13 воспитувачи и 9 деца, Шахпаска тврди дека состојбата е стабилна

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска тврди дека коронавирусот не се шири низ градинките. Заразениот кадар кој вработи во нив, како и децата, според неа, не се заразиле со хоризонтална трансмисија. Состојбата во овие воспитни домови ја оцени како стабилна.„Состојбата со градинките е стабилна. Цела година се одржува како таква. Се информирав дека само 13 воспитувачи се позитивни во целата држава и само 9 дечиња. Дополнително во изминативе 7 дена направивме и вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ. Нивниот извештај кој што е испратен до нас е дека протоколите се почитуваат, дека нема трансмисија на вирусот во градинките“, рече Шахпаска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев: Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само оставка туку би заминале од политиката и не би се вратиле

До крајов на неделава, премиерот Зоран Заев очекува да ги добие извештаите кои треба да одговорат што е причината за пожарот во тетовската болница кој одзеде 14 животи. За 10 дена, пак, треба да стигне и извештајот од германските истражители.„Тоа што сум информиран од МВР, кои соработуваат со претставниците, извештајот од германските истражители ќе е за 10 дена. Нашиот секако ќе е и порано. Времето е важно, граѓаните очекуваат одговорност што се случило, кои се причините. Јас лично ако ме прашате кога очекувам, очекувам до крајот на неделава да излезат извештаите. А кога ќе излезат тоа е до републичкиот обвинител. Согледувањата се направени. Замолувам побрзо да се направат извештаите, граѓаните очекуваат одговорност“, рече Заев.Заев смета дека можеби ќе ги прифати оставките, а можеби не, тоа зависи од истрагата. Тој смета дека тоа би значело дополнително обучување на луѓе кои би менаџирале со корона кризата. Заев смета дека мора да се смисли колкава е вината, како луѓето кои понудија оставки работеле, што понатаму.„Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што би дале оставка, туку би заминале од политиката и не би се вратиле. Но не можеме да ги вратиме! Модуларните болници е пациентите да не седат по паркинзи. Целта беше исполнета, таму се сместуваат граѓани заболени од ковид-19. Ние не градевме болници, тоа се модуларни контејнери. Тие се секаде во светот така поставени. Замолувам за целосно споделување на вистината. Јас реков никој не е венчан за ниту една функција. Функцијата е обврска како што е право. Јас можеби нема да ги прифатам, но можеби и ќе ги прифатам оставките. Моралната одговорност е направена. Ми требаат податоци, за да одлучам што со пандемијата, дали ќе треба некој да обучуваме во нови шест месеци“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Отпис на камати ако долгот не се плати 10 години, а каматата да не е поголема од долгот, решенија за извршителските проблеми

Со две решенија за отпис на камати и промена на законот за извршување ќе одблокираат десетици илјади жиро сметки на граѓани. Премиерот Зоран Заев смета дека со предложените законски решенија ќе се реши горлив проблем за сиромашните граѓани.„Првото решение е каматата не може да биде поголема од главниот долг. Второто решение кое се надевам дека ќе го поддржат е застареноста да биде пресечена на 10 години, а каматите по 10 година да не се пресметуваат. Ако по 10 години продолжат да сметаат затезни камати, тоа е виртуозен круг во кој се влезени граѓаните. Тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога по 10 години не успеале да го наплатат побарување. Реакцијата на граѓаните беше дека на сметка од 1000 денари, стигаат по 2000-3000 камати, па судски и извршителки пресметки, стигаа до 20.000 денари“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-12.22.10

ВИДЕО: Пензионерите не дозволија прашања до премиерот Заев, гласно викаа кога новинарите прашуваа

Пензионерите со „У-А“ и гласно негодување не дозволија да се поставуваат прашања до премиерот Зоран Заев на одбележувањето „75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионерите“. Тие беа револтирани бидејќи се прашува на други теми, а не е ништо поврзано со нивото обележување.„Ве молам, ве молам ако може, фала“, ги замоли Заев пензионерите, кои викаа во салата и негодуваа на прашањето.„Новинарите имаат должност да прашаат, јавноста ги интересира оваа работа“, рече Заев до пензионерите кои продолжија да негодуваат.Бидејќи никој не можеше да го смири револтот, Заев излезе надвор да дава одговори на новинарски прашања. Ова беше поздравено со аплауз.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев: Има кадри кои можат да ме заменат, секој е заменлив

Премиерот Зоран Заев прашан дали тој е незаменлив штом не поднесува оставка, посочи дека СДСМ е демократска партија и има квалитетни кадри кои можат да го заменат. Тој посочи дека моралната одговорност за трагедијата со изгорената тетовска болница е испорачана од директорите и министрите. Не одговори зошто не ги прифатил оставките.„Мислам дека ниту е соодветно на почитта кон пензионерите, ниту кон манифестацијата. Во духот на тоа што секогаш сум одговарал, пак ќе одговарам. СДСМ е демократска партија. Има квалитетни кадри кои можат да заменат. Секој е заменлив, вклучително и мене. Сигурно и вие приметивте дека стана банално сето ова. Моралната одговорност е испорачана од страна на директорот, заменик министерот, министерот“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

buhova

Здравствениот инспекторат влезе во 18 модуларни болници, објавија што затекнале

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болници лоцирани во следните градови:Скопје , (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК заапулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово,ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар,ЈЗУ КБ Битола ,ЈЗУ ЗД Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија,ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид,ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес,ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар,Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше следен;опис на модуларната болница :капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети , дополнителни простории, моментална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница-санитарно хигиенска состојба на објектот;увид потврда за извршенма ДДД од овластена установа;-увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот;-увид во делот дали и колку од од персоналот се комплетно вакцинирани-начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад;-број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)-дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница;-дали се почитува забраната за посета на надворешни лица . Доколку се затекне било кое лице кое е во посета , задолжитежно да се евидентира во записник ;-увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.Констатирана е следната фактичка состојба:“, известија од ДСЗИ.„Во моментот на наздор, модуларните болници во Битола, Гостивар и Кочани немаат хоспитализирани пациенти. Модуларната болница во Дебар од своето пуштање во функција на ден 21.03.2021 год до 01.07.2021 год била затворена, за потоа да продолжи да функционира како вакцинален пункт. Модуларната болница во Штип од 29.05 2021 год функционира како инфективно идделение со оглед на тоа што одделението се реновира. Модуларната болница во Ресен функционира како амбуланта за тријажа, земање материјал за ПЦР тестирање и како дневна болница, но нема лежечки пациенти. Модуларните болници во склоп на ЈЗУ клиника за пулмологија и ЈЗУ УК за детски болници исто така функционираат како амбуланта за преглед и тријажа. Во останатите има хоспитализирани пациенти. По однос на санитарно-хигиенската состојба, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција , динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица“, додаваат од ДСЗИ.„Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС –Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар.За нега на пациентите се грижат болнчари или сестри за нега .За одржување на хигиената се грижат хигиеничари.Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид 19.ЗАКЛУЧОК : Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци“, информираат оттаму.

Македонија | пред 4 години

princ-filip

Што напиша прицот Филип во тестаментот ќе се знае по 90 години

Кога живеете речиси еден век, стекнувате голема збирка – имот. Сепак, никогаш нема да знаеме што поседувал принцот Филип, сопругот на британската кралица, кога почина на 99-годишна возраст годинава, бидејќи содржината на неговиот тестамент ќе биде запечатена и тајна до 2111 година.Оваа судска одлука е донесена со цел да се заштити достоинството на кралицата.Судијата сер Ендрју Мекфарлејн, кој е претседател на одделот за семејства при Високиот суд, наведе: „Сметав дека, поради уставната позиција на суверенот, соодветно е да има посебна пракса во однос на кралските тестаменти. Потребно е да се зајакне заштитата на приватните аспекти од животот на оваа ограничена група поединци, со цел да се задржи достоинството на монархињата и блиските членови на нејзиното семејство.“Сер Ендрју, исто така, нагласи дека тој самиот не ја видел содржината на тестаментот, ниту знаел што има во него, и дека прелиминарните рочишта биле оддржани зад затворени врати за да се избегне какво било медиумско внимание или шпекулации.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-11.50.02

Битиќи: Во време на пандемија со мерки ги зачувавме работните места

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на покана од Економскиот факултет на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, денес, преку видео порака, се обрати на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од Ковид-19 “. Настанот, покрај вицепремиерот Битиќи го отворија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на организациониот одбор на 11-та летна економска школа, проф д-р Игор Ивановски.Вицепремиерот, во своето обраќање, посочи дека ситуацијата со Ковид 19, бараше брзо прилагодување и носење на одлуки кои ќе одговорат на предизвиците од пандемијата, која го погоди целиот свет.„Владата на Република Северна Македонија имаше навремена реакција за да ефикасно одговори на ситуацијата. Успеваме во нашите намери, успеавме ДА направиме разлика. Целата ситуација беше нова за сите бас, бараше да размислуваме за нови начини, нови политики, да правиме дополнителни напори и да дефинираме нови приоритети за да го пронајдеме вистинскиот начин на кој ќе се справувавме со сите прашања, помеѓу кои беа и прашањата поврзани со економскиот живот. Секако дека првиот приоритет беа здравствените мерки. Успеавме да обезбедиме нашиот здравствен систем да ги добие потребните средства за справување со оваа криза. Ги алоциравме средствата од буџетот на таа цел и ги обезбедивме потребните средства, за да приоритетно го заштитиме здравјето на граѓаните“, посочи вицепремиерот во почетниот дел од своето обраќање.[embed][/embed]Битиќи укажа дека со дефинирањето на приоритетните мерки кои се насочени кон здравствената заштита на граѓаните, Владата паралелно работеше и на креирање на економски мерки, со оглед на тоа дека беше сосема јасно дека економијата ќе биде погодена со воведување на ограничувачките мерки во нашата, но и сите други земји во светот.„Знам дека ќе имате многу прашања и многу идеи како да ги направите работите подобро. И со нетрпение очекувам да видам како академијата ги анализира мерките и да предложи како можевме подобро. Во моментот кога требаше да се донесат овие одлуки, имавме едно ограничено искуство од финансиската криза пред 10 години што ни остана во главите: со тоа што ќе ги задржиме луѓето вработени во нивните компании, кризата може да се заврши побрзо, бидејќи кога ќе пристигнат нови нарачки , компаниите не мораа да вработуваат нови луѓе и да ги обучуваат. Ова искуство, ефикасноста на шемите за одмор, веднаш се примени низ цела Европа. Но, покрај тоа, со генерации немаше искуство со економските влијанија на ограничувачки мерки, кои се воведуваат за време на големите здравствени кризи, а особено не во денешните индустриски услови и во економска ситуација која беше доста добра и стабилна во периодот пред да се појави вирусот“, продолжи Битиќи.Економските мерки беа воведени да направат разлика, еден од главните економските приоритети за сите граѓани и бизниси и на почетокот на кризата и во целото времетрење е да се одржи ликвидноста на компаниите и на граѓаните.„Заедно со Народната банка на Република Северна Македонија донесовме мерка, со која дозволивме одложување на ратите на кредитите, како и одложено плаќање на даноците. Во бројки – беа одложени вкупен износ од 2,4 милијарди евра од банкарски заеми на граѓаните и компаниите, околу 4,5 милиони евра за данокот на добивка и 160.000 евра за плаќање кирија за социјални станови. Интеревениравме брзо и спречивме отпуштања на граѓаните со мерки во вредност од 140 милиони евра, а за оние кои, за жал ги изгубија своите работни места, наменивме дополнителни 1 милион евра преку системот за социјална заштита. Пандемијата влијаеше посилно на одредени гранки и поради самата нејзина природа одредени дејности навистина останаа без работа: музичарите, туристички водичи, компаниите од угостителската дејност, градинките, фитнес центрите, туристичките агенции, хотелите, организаторите на настани, фото студијата и некои други дејности, за кои наменивме најсилна поддршка со економските мерки“, потенцираше Битиќи и додаде дека мерките направија позитивна разлика да се задржат работните места, да се одржи ликвидноста на компаниите и да се одржат во функција оние компании кои поради природата на пандемијата беа спречени да ги остваруваат функциите за кои се основани.Резултатот од спроведените 6 пакета мерки е очигледен и тоа може да се забележи преку анализата на основните макроекономски индикатори, рече вицепермиерот.„Бројките за активности на пазарот на трудот се прилочно стабилни, процентот на невработеност е стабилен. Имавме уште една историски ниска стапка на крајот на вториот квартал со 15,9% невработеност, проследено со постојан раст на стапката на вработеност, која изнесува 47,3% на крајот на вториот квартал од 2021 година. Нашите компании добро се опоравуваат, па дури и покажуваат тенденција на раст, пришто извоз од Република Северна Македонија е дури и поголем во досегашниот дел од 2021 година споредено со истиот период во 2019 година. Во вториот квартал од 2021 година бележиме голем раст на бруто домашниот производ од 13,1%. Сето ова е позитивно, но ние сакавме да гледаме и подалеку, да направиме разлика и во пост-кризниот период и паралелно со мерките за намалување на ефектите од кризата, креиравме и мерки кои ќе направат поголем раст и побрз развој на домашната економија на среден рок“, нагласи Битиќи и додаде дека за тоа е креиран Интервентниот план за инвестиции.„Со Интервентниот план за инвестиции, кој е среднорочен инвестициски план за следните 7 години, со вкупен планиран износ од 8,2 милијарди евра, инвестициите во Северна Македонија ќе бидат повеќе од 3,14 милијарди евра во обновлива зелена енергија, 2,74 милијарди ЕУР во инфраструктура, 800 милиони евра во производство итн. Во исто време, гледаме дека се случуваат големи промени во глобалниот синџир на вредности. Имаме примери дека се јавуваат проблеми со снабдување со стандардните производи, за кои никогаш, пред оваа криза не би ни помислиле дека би можеле да бидат проблем, како на пример снабдувањето со полупроводниците. Малите земји, како нашата и воопшто производствените индустрии се повеќе загрижени, замислете една голема фабрика во Северна Македонија дека треба да го намали производството затоа што едно парче чип е заглавено во некое од кинеските пристаништа. Со доближување на производствените капацитети за полупроизводите, до крајните компании кои го испорачуваат готовиот роизвод, би можеле да направиме разлика. Тоа е сериозна шанса за земјите од Западен Балкан и поширокиот регион. Затоа, нашата иднина е во стабилен и конкурентен регион. Регион кој ќе работи кон креирање на заеднички, регионален раст наместо создавање меѓусебна конкуренција“, заврши во своето видео обраќање пред учесниците на „Меѓународната економска летна школа“, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања