Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Arsovski-20.09.2021

Арсовски: Три нови докази дека тендерот во ЈП Водовод бил наместен

„Целокупната јавност и скопјани вчера имаа можност да видат како е наместен тендер во јавното претпријатие Водовод, во вредност од 300.000 евра, каде што фирмите КБК Инженеринг и Кодинг 2, во јули 2020-та година започнале реконструкција на водоводна мрежа на ул. „Варшавска“, во август ја завршиле, а целиот тој период фирмата КБК Инженеринг и Кодинг 2 работеле без договор, односно без да има најповолен понудувач“, посочува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.„Вчера јавното претпријатие Водовод и директорот Весковски признаа кривично дело, со тоа што во документите што ги пратија самите за избор на најповолен понудувач се гледа дека изборот е вршен на 01.10.2020 година. Целата реконструкција на водоводната мрежа е завршена месец ипол претходно. Има ли што повеќе да се говори за овој случај? Фирмата КБК Инженеринг најверојатно во непосреден договор со ЈП Водовод и градските власти договориле да отпочнат и да сработат, што само по себе е кривично дело, да се заврши реконструкција на водоводна мрежа, а дури потоа да има избор на најповолен понудувач и баш тоа да е фирмата која што ја завршила работата претходно“, додаде Арсовски.„Е сега, денес ќе изнесеме нови докази дека е работено без договор за најповолен понудувач. На ден 24-ти јули 2020 година јавното претпријатие бара надзор над изградба конкретно за реконструкција на постоечки водовод од ул. „Варшавска“. На барањето за надзор јасно пишува дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје. Поголем доказ од ова дека си избрале во јули месец самите меѓу себе која фирма ќе работи, нема и не може да има. На 24-ти јули во писмен официјален документ на јавното претпријатие пратен до друга институција кажуваат која фирма ќе работи, односно како што гледате по сликите веќе работи, без да има избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми кои што го добиле тендерот односно ја потпишале рамковната спогодба во април 2020-та година. Доказ број 2 е евидентниот лист за хлорирање од 24-ти јули, кој го потпишал раководителот на секторот за технички работи и развој на ЈП Водовод, каде што пишува дека мрежата може да се хлорира. Се хлорира секоја мрежа веднаш после одредена реконструкција на истата водоводна мрежа“, додава тој.„Доказ број 3 е извештајот од тестирање квалитет, односно дезинфекција на мрежа, од 29-ти септември, каде што се врши испитување дека водата е питка и може да се пие, што повторно потврдува дека реконструкцијата е завршена пред да биде изборот за најповолен понудувач. Ова е на 29-ти септември, а изборот за најповолен понудувач се случил електронски на први октомври 2020-тата година. Како е можно баш фирмата КБК и Кодинг 2 да имаат најниска цена на први октомври, откако е завршена целата работа, а другите четири фирми да немаат забелешки и жалби по основ на самиот тендер? Очигледно е дека на двоецот на Шилегов – Весковски заедно со КБК Инженеринг и Кодинг 2 им било претходно договорено фирмата да изработи за потоа да го добие тендерот кој што јасно се гледа согласно вчерашната прес конференција, согласно денешните три докази кои што ги покажавме дека тендерот за избор на најповолен понудувач помеѓу петте фирми од рамковната спогодба е наместен. Следете не внимателно и јавноста и медиумите и институциите, наредните денови ќе следат уште детали. Институциите нека не спијат и нека се фатат за работа“, кажа Арсовски.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev9

Апасиев тврди: 200.000 Македонци одбиле да се попишат

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат. Тој алудира дека доволно е само 50.000 граѓани да го бојкотираат пописот за да се смета за невалиден.-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис?Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг. А според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 4 години

DSC_0349

Уапсен 42-годишен маж од гостиварско, се сомничи дека крадел пари во од црква

На 19.09.2021 околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари.Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Македонија | пред 4 години

242356879_898232580782346_1352552909810119348_n

Георгиески: Исполнивме многу важни зацртани цели

Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид презентираше дел од проектите реализирани во Општина Охрид во изминатиот мандат.„📌Изградена е нова улица во поранешната касарна „Михајло Апостолски“.➡️Поставена е нова атмосферска канализација➡️Уредени и поплочени се тротоари од двете страни на улицата➡️Извршено е асфалтирање на коловозот➡️Поставено е осветлување и сообраќајна сигнализација🧾Проектот е вреден околу 13 милиони денари.👍 Исполнивме многу важни зацртани цели. Ја вративме финансиската стабилност на општината, реализиравме големи инвестиции во инфраструктура, ги подобривме условите во образованието и работевме на зачувување на статусот на УНЕСКО.Продолжуваме понатаму за интересите на Охрид!#РеализираниПроекти#ВредноЗаОхрид“, напиша градоначалникот.

Охрид | пред 4 години

IMG_4868

Тетовец понудил поткуп на полицајци кои сакале да му изречат казна

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско. Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

policija-4

Над 400 казни за брзо возење се напишани за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 451 возач. Од нив, 38 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 164 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 287 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

trifun-kostovski-55

Трифун Костовски смета дека е паталец и најави дека политички се активира

Трифун Костовски за ТВ24 најави дека политички ќе се активира веќе за следните парламентарни избори. Себеси се смета за паталец, ама тврди дека не пати за функција.„Јас реков дека нема да бидам само обичен гласач. На локални избори нема да учествувам, но од следните парламентарните избори не се откажувам. Дали политичка партија или некој фронт - се уште размислувам. Незадоволството во Македонија достигнува до крајни граници. Јас не патам од тоа да добијам функција, нема ниедно место во Македонија на кое некому му е загарантирано. Денеска немаме веќе доверба во политичките лидери. Мојата поддршка е обичниот човек. Има сила во земјава, ама таа треба да се вкалкулира. Јас не сум гаталец, јас сум паталец. Искуството и работата ме учеле да бидам тоа што сум, но ме учеле и да не ја наведнувам главата“ вели стопанственикот Трифун Костовски во Студио 10 на ТВ24.

Македонија | пред 4 години

242354796_414806460013752_6879385460732039963_n

Шилегов горд што реконструкцијата на булевар заврши за 16 дена

По 16 дена затворен булевар, гужви и нервозни возачи, потегот од Веро Џамбо до Бит Пазар сега е отворен. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали времето за кое градот успеа да ја заврши реконструкцијата.„Со вчерашното ноќно бележење на новиот реконструиран коловоз на бул. Крсте Мисирков, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена, од потегот кај раскрсницата кај Мавровка до мостот Мајка Тереза, во близина на МАНУ.Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните“, напиша Шилегов.

Скопје | пред 4 години

lozje-niva-zemjodelie

СДСМ: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјект

„СДСМ и институциите што ги предводи во континуитет покажуваат што значи вистинска грижа за земјоделците. Навремената и неселективната исплата на субвенциите продолжува. Изминатите денови исплатени се субвенции во висина од 230,1 милион денари за 4.846 земјоделски субјекти. На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети исплатени им се 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм“, информираа од СДСМ.„Сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети добија средства на сметките. 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени за оваа мерки. Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна землка од почетокот на април до почетокот на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна землка предадена кај регистрирани откупувачи. На сметките на 656 мали земјоделски стопанства легнаа над 14 милиони денари, додека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, согласно динамиката на исплатата. СДСМ во континуитет води грижа за зејоделците преку мерки и политики за поддршка за агросекторот. Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува еден од нашите врвни приоритети“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

zaev-mickoski

„Брима“ со анкета: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ за локалните

Теренското истражување (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1 201 испитаници.На помалку од еден месец од одржувањето на локалните избори, анкетата на „Брима“ покажува дека 19,8% од испитаниците би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн, објави „Слободен печат“.Во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат. Околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат „не знам“, а  7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.Теренското истражување (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1 201 испитаници.Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

Македонија | пред 4 години

struja

Делови од четири скопски населби ќе се без струја

Од 8 до 15.30 часот утре (21 септември) без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел ул. „Ѓорѓи Сугаре“ 16 и од ул. „Михаил Чеков“ број 4 и 9 во општина Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија а.д..Од12 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците на ул. „Евлија Челебрија“ 1 и Детскиот театар Центар во општина Чаир, а од 9 до 12 часот и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, КАМ Маркет, Дисконт ГИГО Трејд и околните објекти до автобуската станица во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Леринска“ – објектите со број 62А, 62Б, 64А, 64Б, 66А и 66Б во општина Карпош.Според известувањето на ЕВН Македонија а.д., од 9 до 11 часот утре без електрична енргија ќе бидат и корисниците на ул. „Самоилова“ 94 и Фонд центар за исламска цивилизација во општина Чаир, од 9:45 до 13:30 часот корисниците на дел ул.„Козле“ околу броевите 107 до број 122, ул.„Козле“ подулица 2 и околните улици во општина Карпош.Од10 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од село Горно Соње напојуван од ТС Соње Коштан 8 во општина Сопиште.

Скопје | пред 4 години

235381562_845076196184590_1622472952402001944_n

Се возело брзо на автопатот Куманово-Скопје, казнети 191 возач

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило.Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

dusko-vesovski-4

Весковски и Шилегов договориле и направиле, па отпосле распишале тендер за да ја исплатат фирмат, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Весковски и Шилегов договориле и направиле, па отпосле распишале тендер за да ја исплатат фирмата која реконструирала водоводна мрежа на улица „Варшавска“. Весковски направил кривично дело според член 353 од Кривичен законик, според демант кој во текот на вчерашниот ден го пушти ЈП Водовод и канализација јасно се гледа дека Душко Весковски јавната набавка за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ ја направил на први октомври 2020, односно два месеци откако таму фирмата која ја избрал на тендер веќе ги завршила градежните активности“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Градежните работи на ул. „Варшавска“ се започнаа на 14-ти јули и завршиле на 20-ти август 2020. Фирмата изведувач чекала два месеци за Весковски да распише тендер и да ја избере за да може да се наплати.ВМРО-ДПМНЕ поседува цврсти докази за целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов и истите ќе ги објави на денешната прес конференција, тоа се детали од кои се потврдува дека фирмата КБК Инженеринг градела пред набавката.Весковски и Шилегов се фатени до гуша во криминал. Скоро секоја една работа е сомнителна и криминална“, додаваат од партијата.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-18-at-12.02.45

Уапсениот организатор на тетовските протести, протестира со глад во затвор

Петмината уапсени од завчера се во осумдневен притвор, а адвокатот на еден од нив најави дека наскоро ќе поднесат жалба. Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово пред два дена ги известил властите на истражниот затвор Шутка дека започнал штрајк со глад, објави Алсат.Од затворот за телевизијата информираат дека неговата здравствена состојба, во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот.Пет лица од завчера се во осумдневен притвор од 8 дена.Бесник Асани, адвокат на Ахмети, за Алсат најави дека наскоро до Судот ќе поднесат жалба на одлуката за притвор. Тој вели дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи во Тетово не ја исклучува можноста за други апсења, иако во моментов нема.„Обвинителството во соработка со полицијата работи на откривање на лицата осомничени за сторени кривични дела за време на протестот. Во моментов нема други лица сослушани. Нема други апсења“,велат од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

esen-vremenska-prognoza-oblacno

До попладне во Скопје ќе биде облачно

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.Во Скопје, претпладне се очекува сончево со умерена променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.Од утре ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Скопје | пред 4 години

venko-filipce-58

Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници но не реагирал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„За време на корона пандемијата, а и за целиот негов мандат Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните. Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа трчал по брзи пари“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.„Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути. Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица. Потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово. Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-6

Во Скопје казнети 178 возачи оти возеле пијани, без возачка, со нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 17 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Пендаровски со сопругата оди во САД

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од денеска – 20 септември 2021 година, понеделник, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.Претседателот Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж - опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.Претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората.Претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претставници на Македонија2025 и со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк.За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство, ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби Jesse J. Kaplan.

Македонија | пред 4 години

collage

Со солзи, балканските ѕвезди се простуваат од Туцаковиќ: Отиде една вонсериска душа

Најголемите српски ѕвезди се простуваат од текстописецот Марина Туцаковиќ преку социјалните мрежи.- Маки моја... Барам зборови... Во овој пос*ан живот полн со болка, страдање и тага, ја остави најубавата трага... И претпоставувам дека вредеше да се живее за тоа... Ти благодарам за сe“, напиша Јелена Карлеуша.И пејачката Драгана Мирковиќ објави проштална порака на Инстаграм.- Моите мисли сега се со твоето семејство, а особено со твојот син, бидејќи само ние што имавме среќа да не допреш во овој живот со својата величина, можеме барем да претпоставиме колку изгубиле вашите најблиски. Без разлика колку време поминав со тебе, секогаш ќе биде малку, а целата епоха на нашата музика оди со вас - напиша Драгана.- Никогаш повеќе нема да се роди таква жена што сите ја сакавме и почитувавме. Нејзините текстови ќе останат како печат на сите нас, едно време кога го имавме најголемиот поет и другар и пријател, напиша Лепа Брена на социјалните мрежи.- Отиде една вонсериска душа, жена која правеше поезија од секоја ситуација, некој на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме за пријателка, можеме да се сметаме за привилегирани! Марина драга моја, одмори ја душата и знај дека ќе бидеш сакана од сите нас засекогаш, напиша Цеца Ражнатовиќ.Музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ почина по долга и тешка болест во 67 година од нејзиниот живот.

Магазин | пред 4 години

doktori-skopje-klinika

Скопје има и по пет пати повеќе заразени од корона споредено со другите градови

Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за што помасовна имунизација.Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие од направени 4.015 тестирања се регистрирани 365 нови случаи на Кovid-19, 551 оздравен пациент, како и 23 починати лица, на возраст од 45 до 89 години.Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914, како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518.

Актуелно | пред 4 години

61978_marina-tucakovic-rajko-ristic-1_f

Почина Марина Туцаковиќ, автор на безброј хитови

Најпознатиот музички текстописец во регионот, Марина Туцаковиќ, почина по тешко боледување на 67-годишна возраст.Марина напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија.Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, како смртта на еден од синовите. Беше во брак со Александар Фута Радуловиќ.Тие двајца го имаат синот Милан, а нивниот втор син Милош ненадејно почина во 2008 година. Неговото безживотно тело во домот на семејството Радуловиќ го пронашла неговата тогашна девојка Саша. Марина никогаш не се опорави целосно од тоа.На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што наскоро беше оперирана, а нејзините колеги и испратија бројни пораки за поддршка.Српските медиуми пред неколку дена информираа дека Туцаковиќ и нејзиниот сопруг се заразени со Ковид-19.За време на нејзината долга кариера, Марина напиша неколку илјади песни за познати пејачи и на тој начин им помогна да изградат одлични кариери.Некои од најпознатите пејачи на кои им напиша песни се Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Индира Радиќ, Светлана Ражнатовиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас, Ана Николиќ и многу други.

Магазин | пред 4 години

DSC_0683

23 починати и 365 нови случаи на корона

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 551 оздравен пациент од: Скопје – 212, Тетово – 53, Куманово и Гостивар – по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци – по 12,Струмица, Штип и Свети Николе – по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар – по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Гевгелија и Богданци – по 1.Пријавени се 23 починати лица: 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г)Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.015 тестови преку: ИЈЗ-188, ЦЈЗ Скопје-44, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–228, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-172, Биотек-205, Систина-71, лабораторија Лаор-263, Синлаб-13, Ремедика-5, Плодност–54, Генеа-5, Никоб лаб-360, ВФВ Медикал-52, Ели Медика-57, Ројал Медика –17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.973.Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 81005, Активни 5833Куманово 11019, Активни 914Тетово 10746, Активни 1016Прилеп 8906, Активни 284Гостивар 7922, Активни 530Битола 6938, Активни 249Велес 6035, Активни 294Охрид 5817, Активни 668Кавадарци 5739, Активни 205Струмица 5612, Активни 518Штип 5562, Активни 256Кичево 3875, Активни 445Струга 3755, Активни 638Кочани 3132, Активни 137Гевгелија 2355, Активни 77Неготино 2295, Активни 42Свети Николе 1822, Активни 109Ресен 1508, Активни 109Радовиш 1477, Активни 119Дебар 1442, Активни 144Крива Паланка 1348, Активни 53Берово 1193, Активни 48Делчево 1108, Активни 68Виница 1005, Активни 44Пробиштип 895, Активни 44Валандово 785, Активни 33Богданци 543, Активни 20Кратово 526, Активни 54Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 461, Активни 32Демир Хисар 423, Активни 14Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 10Македонска Каменица 292, Активни 22Дојран 139, Активни 4

пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Попишани над милион граѓани

Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика.– До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираат од ДЗС.Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.Од ДЗС, посочуваат, дека успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас.

Македонија | пред 4 години

pero-kamikaza

Камиказа за уривањето на галијата: Едните крадеа со градење а другите крадат со рушењ

Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица, смета дека актуелниот градоначалник Петре Шилегов краде со руеше, а неговиот претходник Коце Трајановски со градење. Тој го искритикува уривањето на едната од трите галии во Вардар, кое започна вчера.„Дали со рушење се штити јавниот интерес на граѓаните ??? Едните крадеа со градење а другите крадат со рушење. Не ми се допаѓа тоа што нерационално се потрошени стотици милиони евра буџетски пари на граѓаните, но не ми паѓа на памет да рушам нешто што е веќе направено. #ТеСакамСкопје“, напиша Камиказа.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

За две недели попишани над 900.000 лица

Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања