Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Daniel

Што треба да поседува новиот Џејмс Бонд?

Кастинг директорка на франшизата Џејмс Бонд, Деби Меквилијамс, вели дека аудициите низ кои мора да поминат пријавените актери за улогата на тајниот агент 007 се строги. Во интервјуто за „Ентертејнмент викли“ рече дека мнгу глумци се во игра за улогата и потоа еден по еден се одбиваат од разни причини. Првите тројца во најтесниот избор одат на тест пред камера, каде мора да извршат една каскадерска задача и се запознаваат со целиот тим.„Тоа е заедничка одлука на продуцентите, студиото и режисерот, но главниот збор го има семејството Броколи“, вели таа.„Модерниот Бонд треба да биде некој кој може сѐ да издржи, кој е атрактивен, во одлична физичка форма. Тој ќе треба да ја носи и славата на филмот“, вели Меквилијамс, која во тридецениската кариера била одговорна за изборот на Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.Новиот филм „Не е време за умирање“ ќе излезе на 28 септември и ќе биде последен за Крег во улогата на Бонд. Сѐ уште не е познато кој ќе го наследи.

Магазин | пред 4 години

242220807_414275110066887_1706077878795849035_n

(ФОТО) Шилегов си тера кампања фалејки се со реконструкцијата на Универзална

Секојдневно актуелниот градоначалник Петре Шилегов објавува како Град Скопје работи на реконструкција на објекти кои беа дел до програмата поради која ја доби довербата на скопјаниАко вчера објави за рушење на галијата, денес Шилегов се пофали дека не е запрено реновирањето на Универзална слала кое започна пред само неколку месеци.Од фотографиите може да се види дека се урива дел од универзална сала, за потоа да се реконструира.„Универзална сала започнува да го добива своето ново лице !!!Скопје, една поинаква приказна„, напиша Шилегов.

Скопје | пред 4 години

zemjodelci

Исплатени 230 милиони денари субвенции на 4.846 земјоделци

СДСМ и институциите што ги преводи во континуитет се грижат за земјоделцитe. Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите. Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари, вели Гоце Георгиевски од СДСМ.„На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм.Средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почеток на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи.Над 14 милиони денари беа поделени на 656 мали земјоделски стопанства.149 милиони денари субвенции се исплатени за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети.Станува збор за финансиска поддршка од 950 денари, која ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми, а сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добија 1.950 денари.Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, кон сите земјоделци кои оствариле право на финансиска поддршка во земјоделството.СДСМ во континуитет води вистинска грижа за земјоделците, со мерки и политики за сестрана поддршка за агросекторот. Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува наш врвен приоритет“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

Оштетена таблата за напојување со струја на модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница.Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата.Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се судрија мопед и Пасат, едно лице тешко повредено

На 18.09.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Градската болница Прилеп било донесено лице со повреди здобиени од сообраќајна несреќа.Од полициски службеници било излезено на местото, при што било констатирано дека околу 09.00 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ мопед „генерик“, управуван од М.С.(52) од Прилеп удрил во патничко возило „пасат“, управувано од Г.Т.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, по што М.С. паднал од мопедот и се здобил со тешки телесни повреди.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Приведени државјани на Куба, нелегално влегле во државата, еден од нив е малолетник

На 18.09.2021 во 19.10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба. Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата.

Македонија | пред 4 години

Arsovski-Dimce-11.07

Шилегов и Весковски ја завршиле набавката, па распишале тендер, обвинува Арсовски

Огромни скандали и страшни криминалии и прекршување на закони се направени од страна на кадрите на СДСМ во институциите со кои што владеат. Почнувајќи од централната власт, па потоа Петре Шилегов во Град Скопје, а по него и следствено директорите на јавните претпријатија. Нема ред, нема поредок, единствено само криминал. За сето ова сведоци сме секојдневно, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Денес ќе обзнаниме огромен скандал за тоа како се местат тендери и како фирмите на СДСМ работат и ги испумпуваат парите на граѓаните. Уште еднаш сакам да ја замолам и јавноста, но и институциите внимателно да го следат овој случај деновиве.Имено за што се работи?ЈП Водовод и канализации, директорот кој беше доскорашен трет човек во партијата и еден од милениците на Петре Шилегов, Душко Весковски, секоја година како директор склучува рамковна спогодба за изведување на работи и реконструкција, доградба и замена на водоводни мрежи. Така и минатата година, ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски потпишале рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми, уште во април 2020-тата година. Вредноста на тендерот за реконструкција на водоводна мрежа е околу 2 милиони евра без ДДВ секоја година. Е сега, по потпишување на оваа рамковна спогодба, за секоја реконструкција на било која мрежа која што сака да ја прави ЈП Водовод и канализација, мора да има тендер помеѓу овие 5 фирми, односно бирање на најповолен понудувач и се прави негативно наддавање, односно единствен услов е да има најниска цена и најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми за реконструкција на одредена мрежа.Фирмата која ќе биде деновиве предмет на интерес, внимавајте една од овие пет фирми која потпишале рамковна спогодба, а тоа фирмата КБК Инженеринг, чии сопственици се знае и се сметаат дека се многу блиски до СДСМ како партија.Да преминеме на главниот случај кој е сам по себе криминален.ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски директорот одлучуваат да ја реконструираат водоводната мрежа на улица „Варшавска“ во Карпош и реконструкцијата ја започнуваат на ден пред избори на 14-ти јули 2020-та година и реконструкцијата внимавајте ја започнува и ја прави фирмата КБК Инженеринг. За сето ова ние имаме и докази кога започнала реконструкцијата односно кога траела што дополнително ќе бидат обзнанети. Реконструкцијата оваа фирма КБК Инженеринг инаку блиску до СДСМ, ја завршува некаде кон крајот на август, по што на улицата „Варшавска“ почнуваат други активности за реконструкции, но за тие ќе говориме во некоја следна прилика. КБК Инженеринг почнува со работа на 14-ти јули, но почнува без да има одбирање на најповолен понудувач за која од овие 5 фирми да ја добие работата. Фирмата ја завршува работата во втората половина на август, одлука за најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми се уште нема.Одлука за најповолен понудувач се носи дури на 6-ти октомври, а договорот е потпишан на 9-ти октомври помеѓу Водовод и КБК Инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, која што веќе е завршена.Значи да резимираме уште еднаш, фирмата КБК Инженеринг оди на улица „Варшавска“ во јули, реконструира водоводна мрежа, надвор од закон, надвор од процедури, надвор од се останато што пропишуваат законите, ја завршува работата и дури после месец и пол се носи избор за најповолен понудувач токму фирмата КБК Инженеринг, и се потпишува договор за работа, дури откако целата реконструкција е завршена. Согласно договорот вредноста на реконструкцијата според е 18.041.646 денари или приближно 300.000 евра со ДДВ.Значи, директорот на Водовод, Весковски однапред имал смислено заедно со Шилегов која фирма ќе ја добие работата, најверојатно во претходен договор со нив и свесно, на нивна совест, прават криминално дело или правно толкувано несовесно работење во служба согласно член 353 од Кривичен Законик, што јасно покажува дека во овој случај треба да има и постапка од страна на надлежните институции.Тендер-тандемот Шилегов- Весковски местеле тендер, прво ја завршиле набавката, па распишале тендер односно одлука за избор на најповолен понудувач каде добитник е фирмата која претходно ја завршила работата.Почитувани,Појасен доказ и показател за тоа како се местат тендери, за фирми блиски до СДСМ, нема. Појасен показател како се испумпуваат народните пари, нема. Појасен показател од ова, дека ЈП на Град Скопје и нивните директори тонат во криминал, нема.Почитувани,Како што споменав на самиот почеток внимателно следете, ние поседуваме сериозни и целокупни докази и документација за целиот овој случај што потенцира и докажува дека овој тендер е наместен, а наредните денови ќе ги обзнаниме во детали. Јавноста ќе се запрепасти како се трошат нивните пари од страна на кадрите на СДСМ кои раководат со институциите, во случајот директорот на ЈП Водовод.Овие договори се само вовед во сето она кое што ќе го дознае јавноста“, изјави тој.

Македонија | пред 4 години

zatvoreno

Затворен угостителски објект во Гостивар, гостите биле невакцинирани

Вчеравечер (18.09.2021) во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-19-111942

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ: Ерупција во Исланд трае шест месеци

Денеска се навршуваат шест месеци од ерупцијата на вулканот што ги фасцинира набудувачите во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, најдолгиот во таа земја повеќе од половина век, јавуваат локалните медиуми.Првата лава почна да излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал на 19 март оваа година.Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција на грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители.Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон.Сепак, количината на исфрлена лава досега, 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.„Ерупцијата е посебна во однос на релативно бавниот и стабилен проток на лава“, објасни геофизичарот Халдор Геирсон.

Магазин | пред 4 години

DSC_5458

Скулптурите на Хаџи Бошков во Стоби зрачат со слобода и индивидуален интегритет

Вчера, на зајдисонце, во магичен амбиент, пред неколку стотини луѓе на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена голема изложба на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.Како еден од најзначајните ликовни творци во втората половина на 20 век, човек со космополитски дух и отворен светоглед, делата на Хаџи Бошков, инспирирани од античката култура, го најдоа своето упориште во Стоби во просторот пред театарот, потоа Полукружниот плоштад, Виа сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето, Храмот на Изида и Серапис, како и големиот неистражен простор, кој сепротега до Градбата со Арки.Поставката на интересен начин овозможува заемно разоткривање и суштинска врска меѓу вредностите на модерната и антиката. Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година.Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков се позајмени и директно од ателјето беа пренесени на локалитетот Стоби. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.По тој повод, министерката за култура, Ирена Стефоска во своето обраќање пред присутните рече:„Присуствуваме на редок културен настан. На дијалог меѓу Стоби и Петар Хаџи Бошков. Се вкрстуваат цивилизации и епохи. Модерната е внесена во античкиот град. Сигурно имаат што да си кажат. Овој храбар уметнички предизвик, не е само атрактивно случување за афирмација на локалитетот или на модерната во македонската уметност. Овој проект е и рефлексија на современата ангажирана уметност, која е свртена кон актуелните општествени текови. Она што особено ме радува е што изложбата, на креативен начин, го реактуализира прашањето за местото на модерната денес. Скулптурите на Хаџи Бошков, кои се веќе културно наследство, ги бараат своите врски со античката уметност. Две и пол илјади години потоа, поставени вака во Античкиот театар, на Виа сакра, Храмот на Изида и Серапис, тие по подолг период, на свој начин ги реафирмираат вредностите што ги има модернизмот во земјава, а кои беа тргнати од нашето сеќавање. Вредност на која постојано мора да се навраќаме. Со овој проект вниманието е повторно кон уметник кој е доајен на модернизмотво нашата земја. Автор и општествена фигура која преку своите дела и ангажмани остави траен белег во формирањето на денешната еманципирана, модерна македонска држава. Очекувам овие модернистички дела – кои зрачат со слобода, интегритет и индивидуалност, со европски дух, поставени на древниот локалитет – да влијаат врз подигнувањето на свеста за значењето на заштитата на културното наследство“, потенцираше Стефоска.Иницијативата за реализација на овој проект е на Спасе Перовски, директор на Археолошкиот локалитет Стоби, чиешто настојување, меѓу другото, е и да го заживее локалитетот во рамките на долгорочната проектна-програма „Стоби – жив град“. Поставката на локалитетот „Стоби“ ќе биде отворена до 11 октомври.

Магазин | пред 4 години

Screenshot_19

Русковска се огласи за прекинот на казната на Кичеец и сообраќајката, смета дека не е ништо нејзина надлежно

Зоран Милески кој беше осуден на три години затвор во еден од најголемите случаи Рекет, доби прекин на издржување на казната поради тахикардија. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ вели дека тие како обвинителство немаат никакви ингеренции во извршување на санкциите.„Видете, прво како човек не само како обвинител, стварно многу ме погоди сообраќајната несреќа што се случи каде загина човек. Тројца или четворица се тешко повредени. Во тој дел Обвинителството нема ингеренции во извршување на санкциите. Значи нашето завршува кога ќе добиеме правосилна пресуда, односно работата на Обвинителството. Се понатаму е во доменот на извршување на санкции. Така што за тоа ќе треба да го прашате директорот на затворот што го одобрил прекинот.Не сум ја видела документацијата да знам дали бил оправдан прекинот или не. Наше мислење се бара само доколку прекинот е подолг од 30 дена и тогаш на увид ни се доставува или медицинска документација или било што за да даде свое мислење и да се произнесеме по предлогот за прекин на казната. Вака јас немам видено и не можам да знам дали е стварно оправдан тој прекин или не“, вели Русковска.

Македонија | пред 4 години

raskovski34

Едно вештачење го дели Рашковски од обвинение, од другата недела ќе дава исказ кај Русковска

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за РСЕ.„Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат. Сегашниот закон предвидува доколку се утврди одговорност, се разбира, доколку судот утврди дека некој е виновен, има проширена конфискација и тука спаѓаат членовите на потесното семејство – сопруга, маж, деца, зависи кој е обвинет, така што тоа воопшто не е проблем и според постоечката законска регулатива“, рече Рускоска

Македонија | пред 4 години

policija-4

171 сообраќаен прекршок во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 3 за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.Од УХМР најавуваат дека услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи ќе има утре претежно во планинските региони. Од понеделник ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Македонија | пред 4 години

Zaev-Filipce

За Филипче и Заев поважни се грчките плажи од истрагата во Тетово, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово.Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет.Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?Како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем.Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.Бидејќи поминаа десеттина дена од случајот, а нема никакви детали повторно го прашуваме Филипче, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, бил предупреден од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници?Дали Филипче и покрај тоа што бил предупреден свесно тргнал по брзи пари?Она што е јасно е дека истрагата мора да се ослободи од било какви влијанија и Заев и Филипче мора да ги напуштат функциите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

E_lwblOXMAEEnx3

“Макфест” исплукан од јавноста: Стана како патронат, МТВ порано имаше критериуми за водители

Вчера се одржа втората вечер од 36-то издание на „Макфест“. Водители беа Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров, од емисијата „Голден карпет“. Но твитерџиите беше разочарани од нив, па веднаш реагираа.https://twitter.com/isharet84/status/1439321125763289092https://twitter.com/ne_ters/status/1439299110901800967https://twitter.com/I_TheThing/status/1439298974435926024https://twitter.com/mark_cornet/status/1439350673464770568https://twitter.com/spiritualganja/status/1439347351701835783https://twitter.com/kapsarovb/status/1439323974622752768https://twitter.com/spirovskib/status/1439320867998208006https://twitter.com/peseva/status/1439305357227139074https://twitter.com/TaskaBalabanova/status/1439346671767392256https://twitter.com/ZeFlowah/status/1439346405395603457https://twitter.com/analavenger_exe/status/1439334956287893505https://twitter.com/TantaraPantara/status/1439334833503756293https://twitter.com/TheKate_Rina/status/1439328148123004928https://twitter.com/L2dy_1n_r3d/status/1439325902614237184https://twitter.com/spacerwomann/status/1439323692081815559

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Владата донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката.На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија, велат од СДСМ.„Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди стабилно снабдување со природен гас.Исто така, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се и неколку фотонапонски електрани и ветерни паркови, распоредени во неколку општини во државата.Од земја зависна од увоз на енергија, денес сме држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.Сето ова е силна потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да се обезбедат поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух.СДСМ како одговорна партија продолжува да спроведува одговорни и државнички политики во делот на енергетиката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Makfest_opsta-slika-750x430-1

Александар Тодоровски победник на Макфест 2021

Александар Тодоровски е победник на 36-то издание на „Макфест“. Тој ја изведе песната ,,Под исто небо”.Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а како трета заврши младата штипјанка Марија Данева. За најдобар дебитант беше прогласена Калина Велковска која настапи со ,,4”Годинава на „Макфест“ се одржа во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Од локалната самоуправа, која го организира фестивалот, претходно изјавија дека се решиле да ја сменат локацијата, со цел повеќебројна публика да може да ги следи двете фестивалски вечери.

Магазин | пред 4 години

silegov

По смена на власта зградата дивоградба на Шилегов веднаш ќе биде урната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, вели опозицијата.„Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема.Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов.Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, стои во соопштението.

Скопје | пред 4 години

skopje-111

Поради манифестација, денес затворен центарот на Скопје

Поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ денеска од 09 до 14 часот ќе има посебен сообраќаен режим на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.– Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти Министерството за внатрешни работи.МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

DUIII

ДУИ: Алијанса за Албанците брани докажани криминалци и извршители на насилство врз жени

Демократската Унија за Интеграција остро реагира и на најновите скандалозни тврдења на Алијансата за Албанците, кои им застануваат во одбрана на сторителите на насилство врз жените и криминалците насилници на полицијата и институциите.Алијансата за Албанците не го осудува насилството предизвикано за време на вчерашните протести во градот Тетово.Алијансата за Албанците не ги осудува ниту нападите врз органи на јавниот ред и мир што вчера ги предизвикаа демонстрантите.Алијансата за Албанците дури и не го осудува насилството врз жените преку навредливи зборови и слични пароли насочени кон жените во овој случај.Напротив, Алијансата за Албанците застанува во одбрана на докажани криминалци и извршители на насилство врз жени.Дека се мотивирачи и соучесници во вчерашниот насилен протест покажува фактот дека одговорниот за медиуми во АА, Арбен Зеќири лично ги објавува пораките упатени до активистите на партијата да учествуваат во протестите, додека потпретседателката на огранокот на АА во Тетово Нурије Нука Бајрами во текот на вчерашниот ден беше видена на камерите во живо додека ги охрабруваше демонстрантите да ги пробијат полициските кордони.Демократската Унија за Интеграција, уште еднаш ги повикува сите политички сили во земјата да се дистанцираат од насилството на протести, да бидат внимателни со јазикот што се користи против жените, бидејќи тие се ниски дела и не припаѓаат на една висока граѓанска демократија, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 години

kompjuter

Граѓаните имаат можност да ги заменат редиците на шалтерите со услуги од дома или од работа, вели Шаќири

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири учествуваше на вториот состанок во рамките на процесот на подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година, под раководство на Министерството за финансии и членови на меѓуресорната работа група за подготовка на Програмата за економски реформи 2022-2024 година.На оваа средба, меѓу другото, се разговараше за предлогот за реформски мерки што ќе бидат вклучени во Програмата 2022-2024 и ќе бидат во насока на зелена транзиција и дигитална трансформација.„Тука МИОА спроведува и поддржува мерки како што се зголемување на електронските услуги на јавните институции и нивно интегрирање во националниот портал за услуги, проект за имплементација на интелигентен транспортен систем долж Коридорот 10 и други иницијативи во соработка со министерствата и други претпријатија во целосна функција на дигитализација и електронска размена. Овие електронски услуги, кои се веќе во фаза на имплементација, ги интегрираат повеќето услуги од неколку министерства во Северна Македонија (внатрешни работи, економија, правда, образование и наука, труд и социјална политика, надворешни работи, судови и обвинителство и некои дирекции и управи, како што се Централниот регистар на Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Управа за водење на матичните книги итн.) од каде што граѓаните и деловните субјекти, за првпат, ќе имаат можност да ги заменат редиците на шалтерите со услуги добиени од дома или работните канцеларии“, известуваат од министерството.Генерираните електронски документи, додаваат од таму, сега се целосно легални и можат да се користат насекаде, бидејќи се препознаени во позитивниот правен систем во Северна Македонија со најновите законски измени.Предложените мерки што ќе бидат дел од Програмата за економски реформи 2022-2024, се спроведуваат заедно со ЕУ и претставуваат подготовка за учество во процесот на економска и фискална супервизија на земјите-членки на ЕУ, со цел да се спроведат главните процеси реформи во земјата, што ќе влијае на интензивирање на дијалогот со ЕУ. Програмата ќе биде доставена до Европската комисија до крајот на јануари 2022 година.

Македонија | пред 4 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Се формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што ќе има за задача да работи на укинување на визи за државјани на Македонија за влез во САД.„Формирав работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што има за задача да работи на укинување на визи за државјани на МКД за влез во САД.Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САДУспешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји. Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот РегионВаквиот чекор е уште една потврда за посветеноста на Република Северна Македонија за градење стабилни билатерални односи со САД и зајакнување на нашето стратешко партнерство“, пишува Османи.

Македонија | пред 4 години

fajzer

Третата доза веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, се чека на студијата на Фајзер

Во вестите на Сител министерот за здравство Венко Филипче кажа дека најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани.– Очекуваме да излезат клиничките студии коишто ги прави компанијата Фајзер. Според укажувањата и најавите таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но сè уште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака. Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза 45 проценти од граѓаните и околу 55-проценти кај граѓаните над 40 години. Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани – вели Филипче.

Македонија | пред 4 години

evra-falsifikat

И понудил лекување за синот и ја оштетил за 50.000 евра

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишна жена од Канада, со престој во Скопје, пријавила дека во периодот од јуни до август оваа година била измамена за сума од околу 50.000 евра од страна на нејзин роднина Љ.Н. од Скопје.Според пријавеното, откако нејзиниот 21-годишен син дошол во Скопје, мајката на пријавителката во јуни забележала чудно однесување кај него и го споделила проблемот со нивниот роднина Љ.Н., кој ù кажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија.Како што е пријавено, пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала на Љ.Н. околу 50.000 евра, но кон крајот на јули и таа дошла во Скопје и се посомневала во терапијата што ја примал нејзиниот син, по што пријавила во полиција.За случајот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања