Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

w_56674011

Четвртa на светската листа по смрност од корона е Македонија

Македонија се најде на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители, покажува новата светска статистика заклучно со 16 септември. Во тие бројки на Статиста не се внесени починатите од вчерашниот ден која во земјава 29 лица го загубија животот како последица од компликации од коронавирусот 29 лица.Така според податоците на Статиста во земјава досега се починати 3,055.98 лица на еден милион што ја сместува земјава на четвртото место по тој смртност. Пред нас се Босна и Херцеговина, Унгарија и Перу, земја лидер на оваа неславна листа.Македонија е меѓу државите кои имаат најмногу починати во последните седум дена на еден милиони или над 73 лица.

Македонија | пред 4 години

Jennifer-Aniston-who-is-the-actress-of-Friends-with

Дали си проститутка?! Водителка ја шокираше Џенифер Анистон

Џенифер Анистон беше непријатно изненадена за време на интервјуто во емисијата „Ова утро“, бидејќи мислеше дека водителката Џоси Гибсон ја праша дали е проститутка.Шкотскиот акцент на водителката беше проблем за актерката, што го отежнуваше разбирањето на некои прашања.Прашањето што предизвика најмногу проблеми беше „Are you a hugger“, што значи „Дали си гушкач“, но Џенифер наслушна како водителката да рече „hooker“, што значи „проститутка“.Водителката наскоро појасни што всушност праша, но веќе беше доцна. Рис Витерспун, која исто така беше вклучена во разговорот, не можеше да престане да се смее. 

Магазин | пред 4 години

centar-skopje

Утре затворен центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата "Вело Фиеста" изменет режим на сообраќај во главниот град на 19.09.2021 ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот.На дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Скопје | пред 4 години

policija-4

116 возачи казнети на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Денеска (18.09.) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 116 возачи. 18 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

E_lpXk3X0A08t5o

Трет пат ја згрешија химната, овој пат на Макфест

По Тамара Тодевска и Нина Јанева уште една пејачка ја згреши македонската химна.На отворањето на втората вечер од триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“ беше изведена македонската химна. Оперската пејачка Елена Голомеова наместо да ја испее оригиналната верзија од химната усвоена во 1991 година, таа ја изведе верзијата испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски.

Магазин | пред 4 години

korona-3

41 починат од коронавирус, најмладиот има само 18 години

Во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаина КОВИД-19:Скопје – 274, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Куманово – 19, Струмица и Ресен – по 8, Кавадрци – 6, Прилеп и Битола – по 5, Кичево – 4, Штип – 3, Велес, Тетово и Гостивар – по 2, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе – по 1.Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г)Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.Направени се 5.589 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-74, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-326, Биотек-378, Систина-89, лабораторија Лаор-375, Синлаб-41, Ремедика-14, Плодност–82, Генеа-21, Никоб лаб-657, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-140, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.451.Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 80821, Активни 5869Куманово 11005 948Тетово 10733, Активни 1057Прилеп 8892, Активни 283Гостивар 7920, Активни 574Битола 6925, Активни 250Велес 6022, Активни 289Охрид 5793, Активни 663Кавадарци 5727, Активни 207Струмица 5593, Активни 509Штип 5543, Активни 247Кичево 3872, Активни 480Струга 3753, Активни 662Кочани 3126, Активни 139Гевгелија 2350, Активни 73Неготино 2295, Активни 44Свети Николе 1815, Активни 112Ресен 1503, Активни 109Радовиш 1475, Активни 118Дебар 1442, Активни 149Крива Паланка 1345, Активни 53Берово 1193, Активни 50Делчево 1107, Активни 67Виница 1004, Активни 46Пробиштип 893, Активни 45Валандово 785, Активни 36Богданци 543, Активни 21Кратово 525, Активни 56Крушево 518, Активни 15Македонски Брод 460, Активни 33Демир Хисар 424, Активни 15Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 310, Активни 12Македонска Каменица 292, Активни 22Дојран 139, Активни 4

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-18-at-13.09.32

Лицата кои протестираа пред ДУИ судирајќи се со полицајците, добија притвор од судот

Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово.– По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски.Вчера по завршување на протестот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.Тие беа приведени затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протестот вчера во Тетово и потоа во Мала Речица кога група млади лица се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.На протестот во Тетово група граѓани побараа одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември.

Македонија | пред 4 години

E-ybczGX0AYQ2CN

Неспособната власт и модуларната болница во Тетово по теркот на Филипче уби 14 лица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Неспособната влада предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче убија 14 лица во модуларната болница во Тетово“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Кога Филипче го води здравството резултатот е 14 мртви од пожар во модуларна болница.Филипче наместо да го организира здравствениот систем за да одговори на корона пандемијата, Филипче организира тендери за модуларни болници кои горат за две минути.Филипче и во корона пандемија не ги заборава бизнис интересите и провизиите. Затоа резултатот е повеќе од 6.000 лица починати од ковид.Затоа Филипче и Заев единствено нешто што треба да направат е да не влијаат врз истрагата за модуларната во Тетово. А тоа може да се постигне само со нивно заминување од функциите“.

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

871.488 лица се попишани според ДЗС

Вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

Nikolov-28.03

Николов бара Филипче да одговара: зошто нема oдговор како болниците горат за две минути

Зоран Заев и Венко Филипче се најповикани за случајот во Тетово каде што изгоре модуларната болница. Засега никој не одговара, ниту не превзема одговорност, ниту дава оставка, ниту некакви точни одговори, изјави денеска Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.„Поминаа десет дена откако изгоре модуларната болница во Тетово. Има 14 жртви, можеби и повеќе, а се уште не се знаат никакви детали. Надлежните не покажаа ниту трунка морал, ниту трунка доблест. Се уверивме дека за нив човечкиот живот не значи ништо, а одговорност е мисловна именка. За нив ништо не значат човечките животи, не чувствуваат морална одговорност, оставки не даваат, освен што играат во ПР орото на Зоран Заев. Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори наместо да молчат“, изјави Николов.Тој постави повеќе прашања до надлежните:За почеток, кој е крив што се уште нема одговор од кој материјали биле изградени модуларните болници? Кој е крив што она што требало да издржи два часа во најлош случај, изгоре за две минути?Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?Дали министерството за здравство побарало и наложило спецификации и соодветни стандарди за градба на модуларните бараки? Стандарди според кои во нив ќе можат да се лекуваат пациенти и по 24 часа во текот на денот, во услови во ваква модуларна градба.Kолку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува на добиениот производ?Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?Дали е нормално здравствена заштита во состојба на епидемија во инфективна болница да даваат членови на семејства на пациентите?Каде да пријават тие кои што тврдат дека им е барано мито? И дали е барано мито за нега и грижа за болните?Кој од власта се заканува на роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува и им сугерира и кажува што да сведочат?И последно, што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче поднесат оставки и ја ослободат истрагата?„Едноставно е, и тоа го знае секој оној кој има малце морал и малце чувство на одговорност фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината. Потребен е морал, доблест и етика. Функциите се менливи и минливи“, рече Николов.

Македонија | пред 4 години

DSC_0735

Жител на Кочани по кој се трагаше е пронајден мртов

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по кој се трагаше четири дена.Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приjавено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се оддалечил на 14 септември.По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014, велат од СДСМ

„Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра“, реагираат пд СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде побараа одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за пожарот кој на 8 септември се случи во тетовската модуларна болница.„Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал кога зборува за градби треба да каже што се ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра. 70 години една плочка не се смени во Клинички вентар, 11 години ВМРО ДПМНЕ не помрдна со прст за здравствениот систем, за медицинскиот персонал, пациентите. Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес конференција што се ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра. Наместо лажни вести и дезинформации Николов и ВМРО-ДПМНЕ да остават истрагата да ги даде сите одговори“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

242201729_413722413455490_7622885597139453844_n

Рушењето на галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов

„Рушењето на галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е рушење на галијата и засадување на едно сиромашно дрво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„А само да потсетиме дека на скопјани им ветуваше подземен тунел под Кале, нови булевари, мостови и паркови.Третата работа која што е поврзана со градење а го има печатот на Петре Шилегов е зградата дивоградба која што ја изгради во време на неговиот мандат во скопски Карпош.Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери.Затоа Петре Шилегов освен тоа што ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник и ќе биде меѓу првите кои што кривично ќе одговараат за она што им го направи на скопјани“, додаваат од партијата.

Скопје | пред 4 години

klinika-hirurski-kliniki-

Здравство не признава дека два лифтови за пациенти во Хируршки центар не работат

Министерството за здравство не признава дека два од четирите лифтови во Хируршките клиники не работат. „Скопје1“ поседува и видеа кои ќе ги објави, а на кои се гледа дека малиот службен лифт со кој се транспортираат пациенти во колички не работи, а вон функција со месеци е и лифтот за цивили. Прашавме и дали овие лифтови не се направени поради тоа што вработените немаат добиено плати, но од Министерството за здравство и тоа го негираат.„Редовна е исплатата на платите на вработените во Заеднички служби на УКЦ Мајка Тереза. Лифтовите редовно се сервисираат и работат сите лифтови за транспорт на пациенти во хируршките Клиники“, велат од МЗ.Оттаму велат дека лифтовите за транспорт на пациенти работат, иако, еден не работи. Притоа, не се осврнуваат на лифтот за цивили кој не работи месец и половина, како што веќе објавивме.

Скопје | пред 4 години

242197472_413722513455480_9122082997481524786_n

ФОТО: Се отстранува првата галија од Вардар

Почна отстранувањето на првата од трите галии. За ова објави актуелниот градоначалник Петре Шилегов.„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата!!! Скопје, една поинаква приказна! #Скопје #ЧекорПоЧекор“, напиша тој.Галиите функционираа како угостителски објекти, а беа изградени во време на ексградоначалникот Коце Трајановски.

Скопје | пред 4 години

103983065_10216782908620155_5459462262389907274_n

Мојсоска: В.д. директорот на тетовската болница е назначен во 2010, а законски не може да е на позицијата повеќе од 6 месеци

Генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска, објави дека в.д. директорот на Тетовската болница кој јавно кажа дека дал оставка, а всушност не ја поднел, е поставен на позицијата уште во време на ВМРО-ДПМНЕ, коа коалицираа со ДУИ.„Директорот на тетовската болница од ДУИ, Флорин Бесими, е назначен за вд директор од декември 2010, за време на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Бесими се' уште се води како вд директор, иако Законот за здравствена заштита предвидува максимум 6 месеци за оваа позиција. Во меѓувреме, ДУИ на локални избори ќе оди со слоганот "Изберете живот, гласајте зелено". Северна in a nutshell“, напиша Мојсоска.

Коментари | пред 4 години

Cinar_II_09162021002

Заврши санацијата на „Чинарот“ во Воска

Активностите за санација и ревитализација на Стариот чинар во „Воска“, кои беа предвидени со договорот склучен помеѓу општина Охрид и фирмата „Форест – Фагус“ завршија. Санацијата и ревитализацијата траеше 10 дена.За зачувување на автентичноста на чинарот беа упоребувани природни материјали, а дополнително дрвото се третираше со заштитни инсектициди и фунгициди. Се очекува по извесен период повторно да се вратат природните карактеристики. Дополнително покрај чинарот е поставена и информативна табла на која се наведени неговата старост од 600 години, како и латинскиот назив и народните имиња на повеќе јазици.

Охрид | пред 4 години

Susica_09172021001

Се уредува коритото на реката „Сушица“

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“. Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен.Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“. Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“од пресекот на булевар„ Туристичка“ до пресекот со улица „Железничка“.

Охрид | пред 4 години

brat-317161

(ВИДЕО) Страотна исповед од тетовскиот протест: Ја изгореа сестра ми, само таа знае како испуштила душа

Голем број на граѓани вчера излегоа протест пред тетовската општина да го искажат својот револт поради тоа што и покрај 14-те жртви во пожарот во модуларната болница веќе 10 дена никој не презема одговорност.Тетовец чија сестра изгорела во пожарот за порталот „Pa Censurë“, изјави дека бара правда и што побрзо да излезе на виделина вистината за пожарот во болницата. Тој додаде дека доколку неговата сестра починела од болеста, болката ќе беше помала, но тоа што и изгорела жива е неприфатливо.Инаку, протестот почна од центарот на Тетово по што демонстратите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа јајца.По општинската зграда демонстрантите се упатија кон седиштето на ДУИ, каде се судрија со полицијата. Полициски кордони распоредени низ улиците во Мала Речица не дозволија протестот да заврши пред Демократската унија за интеграција, па на моменти атмосферата стануваше тензична.

Македонија | пред 4 години

apasiev-filipce-5

„Министер за задгробен живот, каков мозок имаш ти?!“, Апасиев одново со критики за Филипче

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев одново го искритикува министерот за здравство, Венко Филипче. Овојпат, Апасиев го нарече Филипче „министер за задгробен живот“. Ова доаѓа откако вчера, по неколку дена повлеченост од јавност, министерот Филипче одржа прес-конференција.„Му горат живи луѓе во пластична модуларна болница, правена без никакви стандарди, од фирма блиска до власта. Под притисок на јавноста поднесува ФЕЈК-ОСТАВКА. Го нема три дена. И излегува на првата прес-конференција, со најава дека ќе затегал рестриктивни мерки кон граѓаните и ќе воведувал задолжителна ковид-вакцинација!? Па добро бе, каков ли мозок имаш ти, Министре за задгробен живот? Ако уопште имаш, оти видовме дека морал немаш!

Коментари | пред 4 години

vladikata-petar

Реакции за Владиката Петар: Пак реши да глуми доктор, арни му се џиповите и парцелите.

Откако Владиката Петар изјави дека невакцинираните се потенцијални самоубијци кои нема да влезат во царството небесно, лавина од реакции се објавени на социјалните мрежи. Воглавно, се критикува изјавата на Владиката. Тој кажа и: „Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот.Дел од реакциите:https://twitter.com/DonRoko1/status/1439183446279065604https://twitter.com/Schiffer_PG14/status/1439188618590007299https://twitter.com/deadwronger/status/1439100702454915072https://twitter.com/Mijakott/status/1439092799169875969https://twitter.com/svoja_na_svoeto/status/1438997141918298114https://twitter.com/toopersonal_1/status/1438992319957671937Целата изјава на Владиката Петар:– Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше – истакна владиката Петар.

Коментари | пред 4 години

DSC_0052

Утре ќе се затворат три улици во Скопје, се менува сообраќајниот режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00 до 23.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-18-at-13.09.55

Се бара слобода за организаторот на тетовскиот протест: Единствена одговорност од трагедија понесе тој

Сценаристот Божидар Божиновски, кој е популарен на социјалните мрежи и критичар на општествените неправди, го искоментира приведувањето на организаторот на протестот во Тетово, кој заврши со напад на полицијата, но и седиштето на ДУИ. Тој смета дека приведувањето е неправда.„Десети ден од трагедијата во Тетово. Директорот и економскиот директор воопшто не поднеле оставки, планината си држи пресови, недокваканото чека истрага. Единствена одговорност од настаните што произлегоа од трагедијата досега има за организаторот на протестот, Блерим. Тетовчани го прават она што треба сите да го правиме. На улица до правда! Затоа што сега беше Тетово, можеше да е Битола, Струмица, Скопје, Куманово. Сега жртви беа луѓе што не ги знаеме лично, утре можат да се наши блиски, пријатели, ние. Уште колку треба да настрадаат? Слобода за Блерим, правда за жртвите и оставки!“, напиша Божиновски.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-09-17-202145

Пет лица уапсени поради тетовските протести, со тврдење дека нападнале полицајци

На 17.09.2021, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(31) од с.Туин, кичевско, Н.Б.(52) од с.Мала Речица, тетовско и Џ.С.(33) од с.Вешала, тетовско, а денеска (18.09.2021) и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на протест што се одржал на 17.09.2021 во Тетово, во периодот од 13.50 до 16.30 часот.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-centar-4

ФОТО: Сообраќајка пред Собрание, се судрија камионет и автомобил

Камионет и автомобил се судрија сред Скопје, пред Собранието на Македонија. Автомобилот е со искршена предница, а камионетот е судрен директно во страничниот дел. Камионетот е сопственост на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Засега нема информации за повредени лица и како дошло до сообраќајната несреќа.Поради ова, закочен е сообраќајот и има гужва на потегот кај Собранието, на раскрсницата со улицата „Даме Груев“. Полицијата прави увид и го пренасочува сообраќајот кон МНР.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања