Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-18-at-12.02.45

ВИДЕО: Приведен организаторот на протестите во Тетово, откако демонстрантите удрија по ДУИ

Блерим Ахмеди, организатор на вчерашниот протест во Тетово, кој на моменти ексалираше, синоќа бил приведен, јави ТВ 21 која објави и видео од приведувањето.За ТВ21 зборува и адвокатот, кој вели дека неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.Вчера во Тетово имаше протест поврзан со трагичниот пожар во тетовската болница. Демонстрантите најпрво мирно протестираа, а потоа со јајца и предмети фрлаа кон општинската зграда, за да на крајот се упатат кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.Таму дојде до судир на дел од демонстрантите со полицијата, при што 4 полицајци беа повредени.Приведени биле две лица.ДУИ преку соопштение ја обвини „албанската опозиција“ за протестот.

Македонија | пред 4 години

liftovi-klinika-hirurska-

Повеќе од месец не работат два од четири лифтови во Хируршкиот центар на Клинички, затоа има гужви и долго чекање

Повеќе од месец дена не работат два од лифтовите во Хируршкиот центар при Клинички центар „Мајка Тереза“. Поради ова, персоналот но и пациентите и по половина час чекаат за да се качат на горните катови. Едниот од лифтовите кој не работи е за службени потреби, додека другиот, е за цивили.Од вкупно четири, работат само два. Најголем проблем е преносот на пациентите во операциона сала. Болничарите чекаат долго, бидејќи тешко е со еден лифт за се опслужат шест катови. Најголем проблем за користење на службениот лифт е во утринските часови, кога започнуваат и траат оперативните зафати.Ништо поразлично не е ни со цивилниот лифт. Иако е време на пандемија и потребна е дистанца поради коронавирусот, во него одеднаш се превезуваат и по повеќе од пет лица, бидејќи во спротивно, треба да чекаат по најмалку 10 минути. За проблемот со лифтовите е известен техничкиот персонал, кој го одржува. Но, тие не се поправени.Во службениот лифт, со кој се превезуваат пациенти на операција од клиниките во хируршкиот центар, се превезува и кадарот задолжен за чистење. Тие велат дека единствено со него може да се симнат во подземните простории, каде треба да го депонираат отпадот.„Скопје1“ се обрати до Министерството за здравство со прашања зошто лифтовите не функционираат толку долго, но до овој момент нема одговор.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-oro

Ќе се запрестите од слоганот на ДУИ за изборите

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 17 октомври.При презентацијата на слоганот, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, истакна дека изборната програма на ДУИ е заснована на пет столба, со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да открие како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, како уште повеќе ќе ги вклучат граѓаните и како секој ден ќе го слушаат нивниот глас. Ние како ДУИ се обидовме да останеме партија на дадениот збор и оствареното дело, затоа се договоривме со сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на животот“, рече Османи.Говорејќи за петте столба, портпаролот на ДУИ рече дека зелената агенда подразбира инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и возење велосипед, паркинзи, олеснет сообраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови.Дигиталната агенда значи дека електронската администрација е клучот за ефикасна јавна услуга, но исто така и транспарентна со обезбедување целосно дигитални услуги. Е-општината подразбира и дигитализација на училиштата, брз, квалитетен и бесплатен интернет во сите населени места, како и соодветна инфраструктура.Агендата на отворена врата, додаде Османи, значи дека градоначалниците се на услуга на граѓаните, а нашите општини им припаѓаат на граѓаните. Не смее да има затворена врата за маките на граѓаните. Агендата за вклучување на граѓаните подразбира дневна политика, чести и важни одлуки, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека големите одлуки нема да ги донесе тесното раководство на општината, туку вие - граѓаните.Новина на овие избори е НУЛА политиката, што, како што образложи Османи, значи нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо управување, нула корупција, нула да биде скитник, нула недостиг на паркинг, нула дивоградба, нула запоставени граѓани.Османи додаде дека овие пет општи ветувања не се само изборно ветување на кандидатите за градоначалници, туку се нов задолжителен кодекс на однесување.

Македонија | пред 4 години

tutun-

Рации низ скопските пазари од страна на полицијата, пронајден и запленет тутун

Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спровеле заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите во Скопје.„Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, нагласуваат од Царинската управа.Како што се информираа во соопштението, цел на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Уникатно и во свој стил – Калина Велковска со „4“ се пласираше во финалето на „Макфест 2021“

Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на прекрасната Калина Велковска - Кали.Шармантната Калина Велковска - Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската сцена, со една многу поинаква музичка нота. Покрај настапите кои ги има досега, како на светското талент шоу „The Voice“, дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, оваа година Калина за свој музички предизвик го зема претставувањето на „Макфест 2021“.„4“ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.Пасијата кон музиката и соживувањето со секоја една нота, ја прави Калина уникатна во нејзините изведби. Енергијата која Калина ја пренесе на овогодинешното издание на „Макфест“ е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, морасекогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.Калина Велковска - Кали со својата композиција „4“ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да се пласира во финалната вечер на „Макфест 2021“, на која ќе се натпреварува за првото место.Еуфоријата и желбата за победа сега се поголеми, а наше е да ја бодриме и вечерва талентираната Калина, која ќе се натпреварува со сите финалисти, и да и помогнеме да го постигне максимумот.Уживајте во видео записот и убавата мелодија.

Магазин | пред 4 години

20210918090033

(ВИДЕО) „Браќа Манаки“ започна со драма, активисти на „Левица“ легнаа на црвениот килим за да ги газат

Активисти на Левица од Битола, легнаа на црвениот килим на свеченото отварање на 42 издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.„На ваков начин на мирољубив начин во нетипичен стил испратија порака до локалните политичари и оние од главниот град, кои за Битола се сеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат. Легнувајќи на гламурозниот црвен тепих им порачаа на гостите слободно да газат и минуваат преку нив, затоа што како битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепне, стои во објавата на Левица од БитолаДвајцата припадници на Левица по кратко беа отстранети од црвениот тепих.

Македонија | пред 4 години

policija

114 санкционирани возачи за непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден (17.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 51 на територијата на СВР Тетово, а 20 непрописно престигнувале на територијата на СВР Штип.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-18-094614

(ВИДЕО) Светски позната тенисерка се омажи за милијардер со потекло од Македонија

Една од најубавите тенисерки во светот и двократна шампионка на Грен слем, Романката Симона Халеп се омажи за македонскиот милијардер Тони Јуруч, со кој претходно била во врска две години.Венчавката се одржа во Констанца, родното место на атрактивната тенисерка, а според кажувањата, на неа присутни биле околу 300 гости. Халеп носела венчавка многу кратко, а потоа облекла класичен фустан.Младоженецот е познат бизнисмен и сопственик на неколку фирми, а по потекло е од Македонија. Како што медиумите открија од претходно, зад себе има два неуспешни брака.

Магазин | пред 4 години

scc21-programa-1200x628-10

„Скопје синема сити“ од 18 до 22 септември во Кинотеката

Во дворот на Кинотеката, со почеток во 19 часот, утре, 18 септември, ќе почне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“.Фестивалот ќе трае четири дена, 18-19 септември и 21-22 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и билетите ќе може да се набават пред проекциите на касата од Кинотеката.Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун за филмскиот композитор Олафур Арналдс, кој е воедно и „Артист во фокусот“. Истата вечер ќе се прикаже филмот за џез-великанот Мајлс Дејвис, Birth of the Cool, со што ќе се одбележи 30-годишнината од неговата смрт.Втората вечер ќе биде прикажан филмот The Hip на режисерот Јане Алтипармаков и тоа ќе биде со слободен влез. Филмот што ќе следува е B-Movie: Lust and Sound in West Berlin за боемската и декадентна сцена во Западен Берлин.На 21 септември ќе биде прикажан краткиот филм Angel’s Breath, односно филм за музичката авантура на Милан Младеновиќ и Суба во Бразил, кој го изнедри истоимениот албум.Во продолжение ќе биде прикажан филмот за Кирил Џајковски – „Современа музика за современа доба“, во продукција на ТВ „Војводина“. Филмот е портрет на Џајковски и неговите достигнувања во електронската и филмската музика, а осврт е даден и на неговото минато со бендовите „Бастион“ и „Леб и сол“. Филмот досега не бил прикажан во Македонија. Истата вечер ќе биде прикажани филмовите „Трагачи по звукот“ (бесплатна проекција) и „Primal Scream: Изгубените снимки од Мемфис“.Последната вечер ќе бидат прикажани филмовите „Кејт Буш: Трчајќи по ридот“ и „Марк Болан: Космичкиот танчар“.Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт“ – Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија, Институтот „Гете“ и Фондацијата „Милан Младеновиќ“.

Магазин | пред 4 години

policija-4

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 27 возеле без дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 9 мерки за користење мобилен телефон, 4 за некористење сигурносен појас, 8 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 50 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

princ-filip

Уште најмалку 90 години тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна

Тестаментот на британскиот принц Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години за да се заштити „достоинството и положбата“ на кралицата, одлучил судот.Тоа е традиција која трае повеќе од еден век, имајќи предвид дека по смртта на член на британското кралско семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би -Би -Си.Ова значи дека, за разлика од повеќето тестаменти, тие не се достапни за јавноста.По 90 години, ќе се одржи приватно судење за да се одлучи дали тестаментот може да се отпечати.Сослушувањето за запечатување на тестаментот во јули се одржа во четири очи,со Сер Ендрју Мекфарлејн, судија на Врховниот суд.Тој ги слушнал аргументите од адвокатите што го претставуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите од државниот обвинител и вчера ја објавил својата одлука.Сер Ендрју објаснил дека тој, како претседател на Семејното одделение на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови,а во секој од нив има запечатен тестамент на починат член на кралското семејство.И за прв пат по повеќе од сто години, тој иницирал процес што ќе овозможи објавување на тие тестаменти.Принцот Филип почина во април годинава на 99 -годишна возраст.

Магазин | пред 4 години

874bea54-78f9-4297-a036-2ff675c02b21-768x404-1

Познатиот филм „Телохранител“ добива холивудски римејк

„Телохранител“, филмот од 1992 година што ѝ ја лансира актерската кариера на покојната Витни Хјустон и ја претстави нејзината најпозната песна, ќе добие нова верзија.Холивудското филмско студио „Ворнер брос“ во средата соопшти дека преработката на романтичниот трилер е во развој со сценарио напишано од американскиот драматург Метју Лопез.Не беа дадени детали за кастингот, дејството или потенцијалниот датум на објавување, но „Ворнер брос“ откри дека Лоренс Кесдан, писател и продуцент на филмот од 1992 година, ќе ја копродуцира новата верзија.Хјустон го имаше своето актерско деби во „Телохранител“ глумејќи пејачка што ја штити поранешен агент на тајната служба (Кевин Костнер) од непознат демнач.И покрај тоа што немаше добри рецензии од критичарите во тоа време, тој беше втор најголем филм на светските киноблагајни во 1992 година, а изведбата на Хјустон на баладата на Доли Партон, I Will Always Love You, стана класик.

Магазин | пред 4 години

IMG_4387

Учебната година со физичко присуство се одвива успешно и без проблеми, тврди СДСМ

Учебната година со физичко присуство се одвива успешно и без проблеми.  По една и пол година учење на далечина, над 187.000 основни и 70.000 средношколци со почитување на сите здравствени протоколи, денес се во своите клупи целосно вклучени во образовниот процес, вели владејачката СДСМ.„Нема подобра алтернатива од настава со физичко присуство и затоа е потребно сите доследно да се придржуваат до мерките за заштита со цел да се одржи континуитет на наставата со физичко присуство.Оваа учебна година е особено важна и поради реформите кои се спроведуваат а кои имаат за цел унапредување на наставниот процес.Од оваа година имаме нова Концепција за основно образование, нови наставни програми и современи материјали за учење, печатени учебници за прво и дигитални за четврто одделение.За првпат се изработени и учебници и на Брајово писмо и во аудио формат за ученици со проблеми со видот и тие учебници се навремено во училиштата.Промени има и во начинот на реализација на часовите. Реформите обезбедија добро опремени училишта со нагледни средства, со интерактивни табли и таблет компјутери за учениците од социјално ранливите семејства.За СДСМ и Владата што ја предводи, образованието е еден од врвните приоритети. За четири години изградени и реконструирани се 80 училишта, платите во основното и средното образование ги зголемивме за над 21 отсто, а со Колективниот договор, платите во високото образование ги зголемивме за 10 отсто.Преку одговорен пристап продолжуваме да инвестираме во образованието, да инвестираме во иднината на нашата држава“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Reece-James-Chelsea-scaled-e1608999155305-1024x683-1

Крадци го ограбиле додека играл натпревар за Лига на шампиони

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа како крадци го ограбуваат неговиот дом. Грабежот се случил во време додека тој го играл натпреварот во Лигата на шампионите против Зенит, а во неговиот дом немало никој. Англискиот репрезентативец откри дека во сефот што е украден се наоѓале сите медали што тој ги освоил во клупската кариера, меѓу кои и последните од Лигата на шампионите и медалот што го освоил со Англија на Европското првенство, каде што го освоија второто место.Ноќта на 14 септември додека играв меч од ЛШ, група кукавици – крадци влегле во мојата куќа. Успеале да го украдат тешкиот сеф и да го сместат во автомобил. Во сефот имаше некои лични работи, накит, медалите од ЛШ, Евро 2020 и Суперкупот. Овие медали ги освоив претставувајќи ги Челси и Англија, а тоа е чест што никогаш нема да може да ми биде одземена. Сепак, апелирам до сите свои навивачи да помогнат во идентификацијата на овие карактерно мали луѓе, кои никогаш нема да бидат мирни затоа што се појавуваат сѐ повеќе докази против нив. Полицијата, моите советници и Челси се зад мене – имам цврсти докази против крадците“, напиша Џејмс и објави видеа од безбедносните камери.

Магазин | пред 4 години

SILEGOV-1

Инспекторите за Шилегов не преземаат ништо, a на граѓаните им рушат и огради кога се на диво, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Инспекторите на граѓаните им рушат и огради кога се на диво, а за Шилегов не преземаат ништо иако крена цел кат од зграда пред нивни очи, вели опозицијата.„Инспекторатите треба да постапуваат и по допрен глас и тоа го прават кога станува збор за обичен граѓанин, но не и кога тој што гради без дозвола се вика Петре Шилегов и е градоначалник на Скопје во заминување.Општина Карпош на чело со Стефан Богоев и инспекторатите под него се соизвршители во криминалот на Шилегов. Институциите наместо да излезат на терен и да го срушат катот дивоградба на зградата на Шилегов тие се впуштија во негово прикривање и помагање.Шилегов го има земјиштето под зградата на негово име неколку дена откако пукна аферата за дивоградбата, поголем доказ дека градел на диво нема.Дивоградбата на Шилегов треба да се сруши, а институциите да утврдат како и од кои пари Шилегов градел, дали има фактури за платени услуги за градба и од каде се парите, дали тие пари се пријавени во анкетниот лист на Шилегов или станува збор за средства кои не ги пријавил?!Шилегов не може да избега од одговори и одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

maricic-2

Нема другарче криминалец на Заев кој не е на слобода, Маричиќ дрво декор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Маричиќ е еден од низата неспособни министри на Зоран Заев. Криминалците другарчиња на Заев наместо во затвор, слободно шетаат по улиците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Рашковски, верниот пријател на Заев, фатен до гуша во криминал, наместо да е во затвор се шета на слобода. Ваков третман Рашковски го ужива бидејќи е еден од притворените луѓе на Заев.Само во државава осудени криминалци наместо во затвор одат во притвор и не седат таму зошто ја имаат заштитата од власта.Сите ликови од случајот „Рекет“ се на слобода.А, на слобода е и шверцерот Боро Малборо.Иако Ден Дончев беше фатен со туце пари, воопшто не одговараше пред лицето на правдата туку веднаш замина за Австралија.Додека Зоран Заев е на власт и Бојан Маричиќ министер за правда, Македонија нема да е правна држава.Со Заев и Маричиќ криминалците никогаш нема да се соочат со правдата.Заев и Маричиќ кога тогаш ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за криминалците кои ги пуштиле на слобода“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vakcina-kovid-fajzer

Нема трета доза Фајзер во Америка

Влијателниот советодавен одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да им понуди дополнителна, трета доза на вакцина Фајзер против ковид -19 за мнозинството Американци.Панел независни експерти собрани од Администрацијата за храна и лекови гласаа со 16 гласови „за“ и 12 „против“, а членовите изразија незадоволство што „Фајзер“ не обезбеди доволно податоци за безбедноста на дополнителните дози, објави Гласот на Америка.Според Гласот на Америка, ова нанело удар врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од делта сојот.Многумина се прашуваат дали е соодветна дополнителна вакцинација на речиси сите делови од населението, наместо да се даваат дополнителни вакцини на одредени групи.И водачите на ФДУ и советодавниот одбор, посочија дека се подготвени уште еднаш да гласаат дали да препорачаат дополнителни дози на постарите Американци или други групи со поголем ризик од болести.Расправата траеше неколку часа.Членовите на комисијата, исто така, се пожалија дека податоците дадени од израелски истражувачи за третата доза можеби не се соодветни за да се предвиди ситуацијата во Соединетите држави.Научниците внатре и надвор од американската влада во последните денови беа поделени во врска со потребата за дополнителни дози и за тоа кој треба да ги прими, додека Светската здравствена организација силно се противи на богатите нации да им даваат трета доза на нивните жители, додека сиромашните земји немаат доволно вакцини за првата доза. 

пред 4 години

dozd-1

Променливо облачно со локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. УХМР соопшти дека преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.И утре ќе биде претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.Температурата ќе се намали за неколку степени, особено во северните делови.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Овиде делови од Скопје денес и утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска и утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Центар, Чучер Сандево и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.Во периодот од 9 до 15 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане во Општина Сарај.Во периодот од 8 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Македонија“ (делот од Рекорд до ресторан Пелистер) во Општина Центар.Во периодот од од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Побожје и Кучевиште во Општина Чучер Сандево.Во периодот од 12 до 15 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ непарни броеви од 59 до 71, „Димо Хаџи Димов“ непарни броеви од 177 до 181 и „Димо Хаџи Димов“ парни броеви 134 од 152, во Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 4 години

vakcina-vakcinacija-7

Третата доза на Синофарм го зголемува нивото на антитела веќе две недели по вакцинацијата

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против коронавирус го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студијата спроведена во Кина.Студијата, која допрва треба да се потврди од други научници, беше објавена во моментот кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи на население во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, објави Ројтерс.Покрај Кина, Синофарм е најчестата вакцина во Обединетите Арапски Емирати и Камбоџа.Пет месеци по ревакцинацијата со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70% во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, според студијата во која учествуваа здравствени работници.Но, една недела по третата доза, концентрацијата на антитела повторно се зголемува.Другите вакцини против ковид -19, исто така, ослабнуваат со текот на времето, па нивните производители предложија да се даде трета доза. Сепак, некои научници велат дека се потребни повеќе податоци за да се знае дали е потребна трета доза или не.По третата доза на вакцина за Синофарм, клеточниот одговор на вирусот се подобрува, се наведува во истражувањето и се додава дека клеточниот одговор е исто така најважен за долгорочна заштита од вирусот.

пред 4 години

08_02_2020_Carovska_pres

Ќе се разгледa посочената содржина од учебникот по македонски јазик за четврто одделение, вели Царовска

Авторката на учебникот по Македонски јазик за четврто одделение и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките околу неговата содржина и ќе донесат одлука дали тој ќе се промени, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, во вечерашното гостување во „360 степени“ на телевизијата Алсат.Во јавноста во изминатите денови се појавија реакции во врска со тој учебник и забелешки дека во некои четива несоодветно се третира семејството.„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане,“рече Царовска во дебатата, во која учествуваше и државната советничка во канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа.Таа додаде дека како Министерство ги следат сите забелешки и реакции во јавноста и постапуваат по нив.

Македонија | пред 4 години

bekarovski

Хонорарите пренаменете ги за потребите на училиштата, Д-р Беќаровски со предлог до кандидатите за советници

Др. Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук профил даде предлог до сите кандидати за советници.-ПОЧИТУВАНИ КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ,Ако навистина се борите за доброто на Општината во која живеете и само затоа сте кандидирале за советници, функцијата извршувајте ја PRO BONO, а парите од хонорарите целно пренаменете ги за потребите на училиштата во Вашата општина. ЕВЕ ВИ МОЖНОСТ ЈАВНО ДА НЕ ИНФОРМИРАТЕ, ДА ЗНАЕМЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСАМЕ. Се друго е празна реторика, да не се лажеме повеќе !!!!, предлага Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

dui-

Демонстрантите ја навредија и омаловажија жената Албанкa, реагира форум на Жени на ДУИ

Форумот на Жени на ДУИ реагира и остро го осудува недемократското однесување на некои злонамерни луѓе, кои го користат трагичниот случај во Тетово за политички цели и кои денес изразија насилство врз личноста на една жена, мајка, сопруга, сестра, ќерка и градоначалничка на Тетово, велат од ДУИ.„Форумот на жени на ДУИ проценува дека навредливите зборови на некои демонстранти кон градоначалничката г -ѓа Теута Арифи, ја навредуваат секоја жена што се занимава со политика и ова не е добро за демократијата на една земја.Изразуваме искрено сочувство до семејствата и бараме од политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка.Во исто време, ги покануваме сите форуми на политичките партии во земјата да го осудат овој чин бидејќи на овој начин ќе го заштитат интегритетот на жената, ќе се заштитат себеси и иднината на положбата на жената во политиката и во општеството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

bankomat-12

Украл платежна картичка и 8 пати си вадел пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Р.Б.(53) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.На 01.04.2021 во Неготино, пријавениот од банкарска картичка на С.М. од Неготино во осум наврати извадил 84.000 денари, откако претходно ја обезбедил картичката и пин кодот за користење на банкомати.

Македонија | пред 4 години

televizija

Нелегално емитувал телевизиски канали, па доби кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права“.Пријавениот, во текот на 2021 година, преку компјутерски средства неовластено објавил, прикажал, дистрибуирал, емитувал и нудел услуги на крајни корисници поврзани со пристап до програмски сервис без да биде лиценциран оператор и не е содржан во регистар на даватели на вакви услуги со што постапил спротивно на чл.56 и чл.57 од Закон за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги.На 25.07.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три лап-топ компјутери на кои имало елементи кои потекнуваат од кривичното дело, односно на лап-топ комјутерите преку интернет-пребарувач било пристапувано и биле користени портали за продавање на IP ТВ програми, а на еден компјутер бил пронајден и список со активни корисници на неговите услуги.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања