Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

maricic

Никој од затворениците и притворениците не е пуштен по волја на кој било од власта, тврди Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на Сител рече дека никој од затворениците и притворениците не бил пуштен поради волја на кој било од власта.– Сите луѓе се под контрола на системот. Сите имаат определен статус кој го определил судот на барање на Јавното обвинителство или по свое наоѓање. Сите тие лица кога имало потреба да се движат, тоа го прават под строго контролирани услови под надзор и со одобрение на Судот. Никој од нив не е пуштен по волја на кој било од власта – истакна Маричиќ.Тој рече дека е сосема нормално во демократските држави лица кои имаат здравствени проблеми, а кои се на издржување казна затвор или притвор, да имаат право на лекарска нега.

Македонија | пред 4 години

skopje-tepachka-ulica

(ВИДЕО) Нервозен возач нападна жена среде Скопје

Повозрасна жена настрада настрада во тепачка на булерварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.Видео од тепачката е објавено на социјалните мрежи. На него се гледа како маж прво ја турка жената, а потоа почнува да брка помладо лице со цел да се пресмета и со него. Случајни минувачи дотрчаа за да и помогнат на жената која падна пред едно од возилата. 

Скопје | пред 4 години

Pletvar-pozar-750x430-1

(ВИДЕО) Гори шума над Плетвар

Гори нискостеблестата шума над Плетвар, на потегот од селата Смолани и Радобил, а десет пожарникари и седуммина вработени во Македонски шуми успеале да го локализираат, јавува Телма.За среќа, патот на Плетвар е прооден. Иако пожарот продолжува да гори на непристапен терен, жителите од околните села засега не се во опасност, информирале од Територијалната противпожарна единица од Прилеп.

Македонија | пред 4 години

zdravko-colic-koncert

Чолиќ проговори за романтичниот викенд со Фрида од АББА

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој 20 години е во брак со Александра, призна дека во 70-тите години имал кратка љубовна врска со Фрида Линдстад од групата АББА. Здравко откри дека се запознале на Евровизија и поминале еден викенд заедно, а потоа таа го оставила. Чолиќ вели дека по викендот со Фрида, се чувствувал искористен.„Фрида ја запознав на Евровизија. После тоа ми се јави и ме покани да отидам кај неа во Шведска. Ја прифатив поканата и имав големи очекувања, ама по викендот, таа ме откачи и се чувствував искористено. Како инстант-супа, ја правиш за 5 минути, ја јадеш жешка и тоа е тоа. А сè имаше на средбата: и камин, и свеќи, и цвеќе, и риба, и бадеми, и етерични масла… Но, ја немаше онаа вистинска страст што се случува меѓу маж и жена. Не беше спонтано, некако вештачки бевме и двајцата“, рекол Чолиќ за викендот со Фрида.Популарниот музичар и денес важи за еден од најголемите заводници на естрадата, но тој речиси никогаш не зборува за приватниот живот и за бракот со Александра, ни за нивните две ќерки.

Магазин | пред 4 години

alijansa-za-albancite

Денешниот протест и искажан револт, велат од Алијанса на Албанците

Престанете да изигравате жртва. Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива отсекогаш ги има почитувано и вреднувано достоинтсвото и важната улога на жената албанка. Од друга страна, јавноста добро езапознаена кои се тие кои ги имаат обезвреднувано и навредувано албанските мајки и жени. Корупцијата и криминалот не можете да ги задскриете со родовата еднаквост и неоснованата улога на жртва. Виетреба да сносите одговорност за загинатите мајки, татковци и млади луѓе во модуларната болница во Тетово, велат коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива.„Денешниот протест и искажан револт, не е организиран од страна на албанската опозиција, од друга страна, присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуствое карактеризано само каков чин, како и на останатите граѓани на Тетово. Ние не сме Дуи, да фрлиме со камен и да криеме рака. Таквиот чин не наша политичка особина. Протестите организирани од наша странаотсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина.Во меѓувреме има информации дека дел од протестантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врзграѓаните. Причините за денешните инциденти да ги бараат во нивното политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Заев потпиша уште еден предавнички договор, овојпат со самопрогласенатадржава „Косово“, велат од Левица

Договорот кој е еден од 11те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на т.н. „Сили на безбедност на Косово“ низ територијата на Република Македонија, велат од Левица.„Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на „Косово“ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата ротекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста. Слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен. Особено кога се воени сили на нелигитмна држава, која е непризнаена од страна на Обединетите Нации.Воените сили на „Косово“ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот „Монструм“,што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок.Левица е против ваквиот договор и се залага да го укине, како и воопшто признавањето на „Косово“, штом дојде на власт. Не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-17-202145

(ВИДЕО) Тетовец среде протест се обиде да нападне полицаец со бекатон плочка

Денес низ тетовските улици се одржа протест со кој се бараше правда и одговорност за жртвите во модуларната болница. За време на протестот се случи мал инцидент, а видеото беше веднаш споделено на социјалните мрежи.На објавеното видео човек се обиде да нападне полициски службеник. Тој во рака држеше бетонска цигла со цел истата да ја фрли кон полицаецот, но за среќа истиот беше задржан од останатите службеници.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

29 починати и 561 нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случајна КОВИД-19:Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2, Делчево и Богданци – по 1.Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.Дополнителна информација за починатото 2-годишно дете:Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis.Направени се 4.384 тестови преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–287, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-309, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-170, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–43, Генеа-25, Никоб лаб-486, ВФВ Медикал-62, Ели Медика-97, Ројал Медика –16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.712.Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 80552, Активни 5798Куманово 10949, Активни 914Тетово 10721, Активни 1051Прилеп 8877, Активни 274Гостивар 7912, Активни 569Битола 6911, Активни 242Велес 6006, Активни 275Охрид 5781, Активни 653Кавадарци 5702, Активни 189Струмица 5586, Активни 511Штип 5529, Активни 236Кичево 3865, Активни 480Струга 3746, Активни 656Кочани 3112, Активни 126Гевгелија 2346, Активни 69Неготино 2290, Активни 39Свети Николе 1813, Активни 111Ресен 1497, Активни 111Радовиш 1469, Активни 113Дебар 1440, Активни 148Крива Паланка 1339, Активни 47Берово 1192, Активни 49Делчево 1104, Активни 64Виница 1001, Активни 43Пробиштип 887, Активни 40Валандово 779, Активни 30Богданци 541, Активни 19Крушево 518, Активни 15Кратово 522, Активни 53Македонски Брод 458, Активни 31Демир Хисар 420, Активни 12Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 309, Активни 11Македонска Каменица 291, Активни 21Дојран 139, Активни 4

пред 4 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

Почина две годишно дете на Клиниката детска хирургија: Било донесено дехидрирано и изгладенто

УК за Детска хирургија во Скопје, до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за две годишно дете, со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало.“Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен. Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено две годишното дете кое почина на Клиниката за детска хирургија во Скопје”, информираа од МЗ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-17-at-16.21.57

(ВИДЕО) Страшнен инцидент во Тетово: Демонстранти ја нападнаа полицијата, па таа ги бркаше!

Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата, јавува ТВ24.Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот. Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР. Екипата на ТВ24 е во Тетово и наскоро .

Македонија | пред 4 години

236994739_360058225664427_8763940632333731792_n

55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението од 18-39 години

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со средата и во текот на вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 767.652 граѓани. Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-17-at-14.28.04

Исполнета желбата на Ѓургица: Принцезата од Клиниката за детски болести е херој!

„Кој вели дека кај нас нема принцези? Еве Ѓурѓица е една од нив.“ И тоа храбра принцеза која ја води најтешката животна битка со голема насмевка на лицето. Браво Ѓурѓица и браво хумани организации и луѓе за изненадувањето!Ѓурѓица е нашиот херој на денот. Таа периодов ја води најтешката битка во животот, но тоа не ја спречува да има насмевка на лицето. „Кој вели дека кај нас нема принцези ?👑 Еве Ѓурѓица е една од нив.👑 Нејзиното височество за роденден посака перика, се разбира САНО, Клиниката за детски болести и Медикус хелп со голема радост и ја исполнија желбата ❤Каков убав ден за роденден. *фотографиите се објавени со дозвола на родител“, објавија од САНО.

Магазин | пред 4 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

Нова мерка од октомври против коронавирусот, Филипче зборуваше за новите рестрикции

Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.Бројката на новодијагностицирани со КОВИД во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хопспитализирани деца. Дали ќе се менува нешто во школскиот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа.Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат идникатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.Според Филипче, за задолжителна вакцинација е се уште рано иако не е исклчучено дека ваков потег ќе направат некои земји до крајот на оваа или идната година.-Единствено нешто на што засега размислуваме е да биде дозволен влез со целосна имунизација таму каде што досега се бараше една доза вакцина. Но, ќе оставиме доволно време, две или три недели, за граѓаните, затоа и најверојатно оваа мерка ќе се воведе во октомври. За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, зашто тоа е единствен начин за бробра против пандемијата, истакна Филипче, потенцирајќи и дека токму каде што е најголем опфатот со вакцинацијата, Охрид, Ресен, Вевчани, Неготино, Кавадарци, најмал е притисокот врз болниците, а онаму каде што има најмалку вакцинирани, како во Тетово и Гостивар, притисокот е огромен.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Нема обид за дефокус, не бегам од одговорност туку мора да се менаџира, рече Филипче

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава.Одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.Министерот повтори дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет зашто овозможиле да се хоспитализираат сите КОВИД-пациенти. И сега има огромен број пациенти кои се лечат во ваквите објекти.-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потрдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Пред да гласате нека ви текне дека по изборите ќе поскапе струјата

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев ги посети граѓаните дека струјата треба да поскапе веднаш по изборите. Тој упати апел, да им текне на овој факт, пред да гласаат на локалните избори закажани за октомври.„Пред да гласате на Локалниве, само нека ви текне дека одма после изборите струјата ќе поскапе за 25% (за граѓаните) и за 100% (за фирмите)“, посочи Апасиев.

Коментари | пред 4 години

soobrak

Ужасна сообраќајка од Скопје кон Тетово, повредена млада девојка

Деветнаесетгодишна девојка добила тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај селото Желино.Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е. К. (19) од селото Требош, и товарно моторно возило „сканија“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ. Т. (50) од селото Сараќино.„Во несреќата тешки телесни повреди добила Е. К. констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од МВР.Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

E-ybczGX0AYQ2CN

Институциите на власта се ставија на располагање на истрагата, рече Маричиќ за модуларната болница во Тетово

Ги имаат сите потребни услови, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го оцени залагањето на Владата за брза и ефикасна истрага за тоа како изгоре модуларната болница во Тетово која однесе 14 животи и која е причината. Тој кажа дека сите документи се предадени, а сега, ред е на институциите да истражат до крај.„Вчера пристигнаа истражителите. Сите институции на власта се ставија на располагање да помогнат на истрагата. Сите документи се предадени на институциите. Предадени се документите, сите услови ги имаат институциите. Ние сме заинтересирани институциите да излезат со информации“, рече Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

maricic-2

Рашковски може да оди на лекар како сите затвореници, кажа Маричиќ без да одговори дали треба полиција да го придружува

За министерот за правда, Бојан Маричиќ системот функционира ефикасно. Тој кажа дека тоа се докажало со случајот на Зоран Милевски-Кичеец, додека пак, за Рашковски кажа дека е нормално по одобрение на судот да оди на лекар. Не одговори дали ќе поднесе оставка, како што побара ВМРО-ДПМНЕ, ниту дали Рашковски смее сам да оди на лекар, без полициска придружба.„Статусот на сите лица лишени од слобода се регулира меѓу судот и Управата за санции. Директорите на затворите даваат проценки и мислења, судот одлучува за статусот. Во сите овие случаи, присуството и ограничувањето на слободата е гарантирана. Сите имаат одреден статус. Овој кој го споменавте, Зоран Кичеец е веќе на продолжување на издржување на казната затвор во Струга, со одземени сите погодности кои ги имал претходно. Нема да биде повеќе во можност да направи случај како што беше со сообраќајката. По мои инфорамции, над 30 лица имаат таков статус, имаат статус на лице кои се во полуотворено или отворено одделение со работен статус. Системот реагира навремено“, посочи Маричиќ.Тој смета дека Рашковски оди на лекар како и други затвореници, иако, досега сите затвореници биле носени со полициска асистенција.„Во однос на Рашковски, ако по одобрение на судот бил на лекар, ние на дневна основа имаме голем број на затвореници кои што одат на лекар и чие што присуство е обезбедено. Не се случило бегство, ниту имало таква опасност. Судот треба да цени и постапува. Јас принципиелно ви кажувам дека притворот не смее да биде казна, туку превентивна мерка. Треба системот ефикасно да ги спречува сите овие лица за кои постојат индиции дека постои опасност да избегаат. Системот покажа дека функционира“, рече Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Се проверува дали модуларните болници се набавени согласно техничката документација

Обвинителството за организиран криминал и корупција проверува дали јавната набавка за тетовската модуларна болница е со целосна документација, а Основното обвинителство ќе проверува дали изградбата била согласно техничката документација. Обвинителката Вилма Русковска кажа дали се испочитувани процедурите согласно посебниот закон кој го донела Владата.„Според привичните информации од нашите експерти, ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле корекција на техничката документација. Испративме на колегите, за експертите да проверат дали модуларните болници се направени и набавени согласно техничката документација“, рече Русковска.Документацијата почнала да се разгледува од утринава. Техничката спецификација била дадена на англиски јазик, која била испратена до тетовското обвинителство, со цел експертите од Германија да се запознаат со истата.

Македонија | пред 4 години

raskovski

Русковска барала вештачење на телефонот со кој е сликан Рашковски, но фотографот не го донел

Обвинителката Вилма Русковска посочи дека побарала лицето кое го снимило Драги Рашковски како се движи по улица изминативе денови, да дојде во Обвинителството за на неговиот телефон да се изврши вештачење. Целта на ова е да се докаже дека Рашковски не го испочитувал дозволеното време за движење и ја прекршил дозволата од судот.„Јас се јавив на вашиот колега кој го поседува порталот и побарав лицето кое го снимало побарав да дојде во обвинителството за да се изврши форензичко вештачење на телефонот. Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот. Нели, напуштање на домот.. Но, не дојдоа, не се појавија“, рече Русковска.Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата за „Лидер“ велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

Македонија | пред 4 години

instagram

„Фејсбук“ криел податоци дека „Инстаграм“ поттикнува малдите да размислуваат на самоубиства

Инстаграм, платформа за социјални медиуми за споделување фотографии и видеа во сопственост на Фејсбук од 2012 година, е одговорен за предизвикување самоубиствени мисли кај младите корисници, пишува лондонски Тајмс, додавајќи дека истражувачите тврдат дека британските тинејџери ја користат апликацијата двапати почесто од американски врсници.Во фокус групите, тинејџерките од двете земји го обвинија Инстаграм за чувство на вознемиреност и депресија, откри внатрешна студија што протече во јавноста, објавена за првпат од Волстрит Џурнал, според која Фејсбук е свесен дека Инстаграм ја влошува слика на телото на секоја трета тинејџерка што ја користи апликацијата.„Триесет и два проценти од тинејџерките рекоа дека имаат лошо чувство за своето тело поради Инстаграм“, напишаа истражувачите на Фејсбук во слајд презентација во март 2020 година. Меѓу тинејџерите кои пријавиле самоубиствени мисли, додава Тајмс, 13 проценти биле корисници од Велика Британија и шест проценти од САД.„Споредбите на Инстаграм можат да го променат начинот на кој младите жени се гледаат и опишуваат себеси“, се вели во еден слајд, додека друг посочува дека тинејџерите го обвинуваат Инстаграм за зголемување на стапката на вознемиреност и депресија, а истражувачите заклучиле дека реакцијата била конзистентна во сите групи.Од друга страна, истакнува Тајмс, извештајот за протеченото истражување укажува дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг имал презентација на наодите од 2020 година, кога на конгресното сослушување во март оваа година изјави:„Истражувањето што го видовме е дека користењето социјални апликации за поврзување со други луѓе може да има позитивни придобивки за менталното здравје.Истражувачката тајна на ФејсбукИстражувањето на Инстаграм е најдлабокиот поглед на она што го знае Фејсбук за неговото влијание врз тинејџерите и нивната ментална благосостојба, а исто така покажува дека технолошкиот гигант направи минимални напори да ги реши замислените проблеми и да ги минимизира јавно, пишува Волстрит ЏурналФејсбук спроведува внатрешни студии во последните три години, бидејќи, додава весникот, проширувањето на базата на млади корисници е од витално значење за годишниот приход на компанијата од повеќе од 100 милијарди долари. Во пет презентации во текот на 18 месеци до оваа пролет, истражувачите го спроведоа она што тие го нарекоа „длабоко внесување во менталното здравје на тинејџерите“ и последователни студии.Документите на Инстаграм се дел од голема внатрешна комуникација за различни истражувања што вклучуваат ментално здравје на тинејџери, политички дискурс и трговија со луѓе и нудат, како што нагласува весникот, неспоредлива слика за тоа како Фејсбук е акутно свесен дека неговите клучни производи и системи рутински пропаѓаат.Повеќе од 40 проценти од корисниците на Инстаграм се на возраст од 22 години или помлади, а околу 22 милиони тинејџери секојдневно се најавуваат на Инстаграм во САД – во споредба со пет милиони тинејџери кои се најавуваат на Фејсбук. Материјалите исто така покажуваат дека тинејџерите во просек поминуваат 50 проценти повеќе време на Инстаграм отколку на Фејсбук.Тенденцијата да се споделуваат само најдобрите моменти, притисокот да изгледаат совршени и производи што создаваат зависност може да ги поттикне тинејџерите во нарушувања во исхраната, недостаток на самодоверба, нездрави чувства на сопственото тело и депресија, покажува интерното истражување во март 2020 година.Истражувачите дошле до заклучок дека некои од проблемите се специфични за Инстаграм, бидејќи оваа апликација е многу фокусирана на телото и начинот на живот и дека одредени опции и алгоритми можат да ги испратат корисниците до содржини што се потенцијално штетни. „Аспектите на Инстаграм се влошуваат едни со други и создаваат совршена бура“, се вели во студијата, пишува Волстрит Џурнал.Други студии, исти предупредувањаПротечените внатрешни заклучоци на Фејсбук се повторуваат во бројни други студии кои подразбираат социјални медиуми во епидемијата на проблеми со менталното здравје кај младите луѓе, посочува Гардијан.Во 2017 година, добротворната организација Young Minds и Британското кралско друштво за јавно здравје објавија студија во која Инстаграм се издвојува од другите социјални мрежи како најнегативен во влијанието врз менталната благосостојба. Извршниот директор на организацијата, Ема Томас, рече дека околината со слики од „совршен“ живот и навидум совршени тела може да има големо влијание врз тоа како луѓето се чувствуваат за сопствениот живот и изглед.Друго истражување покажа дека повеќе од 40 проценти од корисниците на Инстаграм, кои се изјасниле дека се чувствуваат „непривлечни“, рекле дека почнале да ја користат апликацијата, додека околу една четвртина од тинејџерите кои рекле дека се чувствуваат „не доволно добри“, велат дека започнала со користење на Инстаграм.

Магазин | пред 4 години

Filipce-fajzer

Стигнаа бугарските вакцини во Македонија, ќе се искористат пред да им истече рокот

Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.– Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

Македонија | пред 4 години

mickoski-kiceec-696x410

Истиот Кичеец за кого зборувате е потврден слуга на Мицкоски, им велат од СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ партијата на браникот на криминалот, нема капацитет да сфати дека со реформите во правосудството, судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор“, велат од СДСМ преку соопштение.„Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви.Тоа, меѓу другото, го потврдуваат Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија, кои наведуваат дека по низа години заробена држава реформите во судството се видливи.И додека половина партија им е по судови, а дел избега од државата ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам зборува за правда.Тоа се истите луѓе што 11 години ја практикуваа правдата со уцени и закани, поставување судии од тефтерчето, нарачка на пресуди по телефон, измислени сведоци, го претворија МВР во подружница на Белиот дворец.Истиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка што е едноставно незамисливо за оние кои со години држеа судството целосно заробено.Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

563795_epa-roberto-bregani-kristijano-ronaldo-epa_ls

Oвците биле бучни, па Роналдо се исели од новиот дом од 11 милиони долари

Кристијано Роналдо се исели од својот нов дом затоа што овците го држеа буден.36-годишниот фудбалер, неговата партнерка Џорџина Родригез, и децата -Кристијано Џуниор (11), близнаците Ева и Матео (4), и тригодишната Алана – се вселија во нова куќа од 6 милиони фунти (11,1 милиони долари) со седум спални соби минатиот месец кога се врати во Манчестер Јунајтед, но тие заминаа по само неколку дена поради бучавата на животните на село, како и безбедносните проблеми.Извор близок до фудбалската ѕвезда изјави за весникот „Сан“: „Иако имотот е прекрасен и угнезден во живописен предел со полиња и шуми, тој беше близу до овци кои се многу бучни рано наутро,“„Имаше јавна пешачка патека низ земјата и патот однапред даваше поглед внатре во неговите порти.„Роналдо е вистински професионалец кој многу се грижи за својот одмор и закрепнување по натпреварите, па затоа беше решено дека е најдобро ако тој и неговото семејство се преселат.“Семејството се пресели во куќа вредна 3 милиони фунти, која исто така има седум спални соби и е во сопственост на поранешен играч на „Манчестер Јунајтед“.Изворот рече дека Роналдо живеел близу за време на неговиот претходен престој, така што се чувствува како дома.„Неговите деца се во приватно училиште и тој се надева дека откако ќе се стиши вревата за неговото враќање во Јунајтед, ќе може да ја изнесе Џорџина и да ѝ ги покаже своите омилени локални места.“

Магазин | пред 4 години

policija-4

173 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 5 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања