Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mickoski-123r75

Мицкоски: Време е да започнеме да градиме еден нов заеднички патриотизам на 21 век

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Гостивар истакна дека заврши времето на криминалот и корупцијата кои се симбол на оваа власт и доаѓа времето на нов заеднички патриотизам кој создава нова иднина, инвестиции и работни места за сите граѓани.- Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите.  Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, а ние да донесеме развој кој ќе донесе нови работни места, добро платени места, децата дома да си ги задржиме и да не ги полниме фабриките во западна Европа, Америка, Канада и Австралија, изјави Мицкоски.Тој потенцираше дека време е да започнеме да градиме еден нов заеднички патриотизам на 21 век модерен обединувачки, со кој ќе ја победиме заедничката мака, и ќе создадеме заедничка иднина.- Да покажеме дека на политичарите гласовите не им се загарантирани, туку истите треба макотрпно да работат деноноќно. Тука ќе ја упатам мојата порака до идните градоначалник и советници, дека заврши времето на салонски политичари, скапи службени возила, доаѓа време на народот. Времето е сега на современи народни модерни политичари, чесни кои наместо во кабинетите ќе бидат заедно со народот на улиците, на нивите заедно со земјоделците, во фабриките со работниците и стопанствениците и ќе помагаат на својот народ. Тука нема етничка припадност и вера, тука сме сите исти и обединети, истакна Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека сето тоа кое го говори за патриотизмот, за победите, за иднината, визијата е содржано во програмите на кандидатите за градоначалници и советници на ВМРО-ДПМНЕ и  Коалицијата За обнова на Македонија.- Таму ќе најдете 14 835 проекти од различни сфери и области, за различни реални потреби на граѓаните, 2000 улици низ цела држава, 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

VENKO-ANDONOVSKI

Венко Андоновски со поддршка за Максим Димитриевски

Македонскиот писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжевен теоретичар проф. д-р Венко Андоновски, во видео обраќање ја изрази својата поддршка за независната кандидатура за градоначалник на Максим Димитриевски за Општина Куманово.„Сакам да ви кажам дека многу се израдував кога ја слушнав веста дека вашиот актуелен градоначалник Максим Димитриевски се кандидира како независен кандидат. Се израдував затоа што сум човек којшто високо ја цени личноста и којшто од искуство знае дека личностите им даваат авторитет на институциите и системите, а не системите на личностите.Максим со самата таа кандидатура веќе победи пред да почне трката за градоначалник. Јас му напишав едно писмо во кое му честитам за таа храброст. Мислам дека личноста е централна категорија на нашето живеењеи дека нашата државна независност е незамислива без силни личности. Ако се бориме за независна држава, ако имаме независни медиуми, ако бараме независни личности/мислители, тогаш е сосем нормално да имаме и независен кандидат за градоначалник. Затоа ве повикувам да ја поддржите граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, потенцира Венко Андоновски.

Македонија | пред 4 години

maxresdefault-696x392-1

Ова е најгледаното видео на Јутјуб

Спотот на „Деспасито“ е најгледаното видео на Јутјуб.Песната „Деспасито“ наскоро на ЈуТјуб ќе има повеќе прегледи отколку што има жители во светот. Имено, песната за четири години собра над седум милијарди и петстотини милиони прегледи, а вкупниот број на жители на планетата Земја е проценет на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.Пејачот Луис Фонси и Деди Јенки песната „Деспасито“ ја објавија во 2017 година и таа стана планетарен хит. Нејзината популарност продолжи и во следните години. Во најдобро време „Деспасито“ за еден ден доби 25,7 милиони прегледи„Деспасито“ значи „полека“, но се чини дека Луис и Деди брзо дојдоа до голема заработка благодарение на најголемиот хит во нивните кариери. 

Магазин | пред 4 години

gordona-remzi-2-830x0-1

(ВИДЕО) Баба од Грција незадоволна од Ремзи, го утна јадењето

Кога се зборува за Гордон Ремзи, јасно е дека тој е човек чии вештини во кујната никогаш не треба да се доведуваат во прашање ... освен ако не сте баба од Грција.Имено, светски познатиот готвач патува во Грција со двајца колеги како дел од своето шоу и готви автентични локални јадења. Во една епизода, тој исто така се најде на популарниот грчки остров Санторини, каде што побара од една баба да проба сос што го направи.Ремзи направи сос од салса верде (зелена салса), од состојките што се карактеристични за Санторини, со цел да го доврши јадењето со ракчиња, кое исто така го подготви.Кога заврши, сосема самоуверено, го понуди сосот на локалното население и беше убеден дека ќе и се допадне, а потоа доживеа целосен шок - немаше реакција.Двајцата готвачи, кои патуваат и готват со Ремзи, исто така останаа запрепастени, а по неколку секунди еден од нив рече:- Не и се допаѓа, но не знае како да го каже тоа.„Ставивте премногу сол“, рече конечно. Ремзи се смееше, а потоа призна дека не ја проценил добро количината сол.„Сепак, ќе додадам малку шеќер и лимон за да го завршам тоа“, заклучи Ремзи. 

Магазин | пред 4 години

D-Butel2

Арсовска: Мој стратешки проект е нова внатрешна обиколница во Гази Баба и Бутел

Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје, вечерва се сретна со граѓаните на Општина Бутел, каде зборуваше за потребите на оваа општина и за бројните проблеми кои со години се игнорирани. Таа од Бутел порача дека е дојдено времето вистинските професионалци да ја земат работата во свои раце за конечно решавање на децениските проблеми на скопјани.„Неработниците заминуваат, затоа што за нив не се важни граѓаните на Скопје, важни се само нивните политички кариери. Доаѓа време на брзи решенија. Сега е време за професионалците. За менаџерите. За чесните луѓе кои работат. Не можеме да чекаме уште четири години некој да му ја краде иднината на Скопје. Време е ароганцијата и мрзеливоста да ги замениме со посветеност и ентузијазам. Затоа администрацијата во градот Скопје и јавните претпријатија уште првиот ден ќе добијат налог да ги утврдат сите конкретните проблеми, слабости и недостатоци и за нив да се дадат решенија”, потенцираше Арсовска.Таа ги најави главните стратешки проекти за Бутел, проекти засновани на практични, брзи и сигурни решенија што ќе го направат Скопје подобро место за живеење, град каков што заслужуваме сите ние.„Мојата визија е Скопје да биде европска метропола. Тоа е Скопје што го сакам, тоа е Скопје што го заслужуваме. Повеќе нема да има заборавени населби. Не смее се уште да газиме кал по улиците во Бутел во 21виот век. За овие решавање на овие проблеми нема да чекаме 4 години. Мој стратешки проект е нова внатрешна обиколница во Гази Баба и Бутел. Ова ново решение, реализирано со поддршка од централните институции, ќе има карактер на внатрешна обиколница и ќе овозможи побрзо и посигурно поврзување на општина Гази Баба со Бутел и Чаир. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки од Бутел преку Чаир кон Центар, нови автобуски линии и автобуски станици во секое населено место, чистење на дивите депонии како таа тука во Бутел, новапротивпожарна станица во општина Бутел со капацитет за пет противпожарни возила, нови паркови и зелени површини, нов паметен систем на функционирање на Скопје. Едноставно – град без корупција. Град кој нуди решенија”, истакна Арсовска во нејзиното обраќање до граѓаните на Бутел.На средбата Арсовска пред бутелчани зборуваше и за сегашната состојба на градот, за бројните проблеми, лошото менаџирање и што може да се направи, осврнувајќи се на скандалозните финансирања кои ги прави Град Скопје, наместо парите да се трошат за проекти кои ќе овозможат подобар живот за сите скопјани.“Градот наместо да финансира проекти кои ќе значат изградба и подобрување на инфраструктурата, гледаме дека со години финансирал сомнителни проекти од кои имаат бенефит некои пријатели на досегашните предводници на градот, а голем број наши деца и нивните семејства се изложени на скандалозни трауми претставени како некаква едукација. Денес градот Скопје се правда дека не знае каде му оделе парите. А кога јас велам дека парите се расфрлаат на глупости, на пријателчиња и нивни организации и фирми, на тендери, на партиски вработувања, и кога јас велам дека заради тоа во Скопје не се гради, нема инфраструктура и нема ред во сообраќајот, сакаат да се потсмеваат, а всушност се потсмеваат со интелигенцијата на сите Скопјани. Наместо пари за нивните итоа како сомнителни пријателчиња, ќе има пари за нови еколошки автобуси. Наместо пари за скандали на штета на нашите деца, ќе има пари за бесплатен автобуски превоз за сите. Наместо пари за преплатени тендери, ќе има пари за заборавените населби низ Скопје. Штом давате пари за скандали, немате пари за основните потреби на скопјани”, потенцираше Арсовска.

Скопје | пред 4 години

4

Шилегов: Во Шуто Оризари се инвестира интензивно за прв пат по подолго време 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со кандидатот за Градоначалник на Општина Шуто Оризари Ферат Асан вечерва одржаа маалски средби со граѓаните од оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Шуто Оризари, Нежиме Саитова. Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Шуто Оризари се инвестира интензивно за прв пат по подолго време.- Ја реконструиравме улицата Индира Ганди во должина од 1900 метри од крстосницата со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија до раскрсницата со ул. Нов Живот, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри, истакна Шилегов.- Во рамките на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и патишта преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други, додаде Шилегов.- Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациска мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето  Шаип Јусуф и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари, нагласи Шилегов.Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардињери.- Заради буџетските рестрикции во услови на пандемија проектот за Културен центар во Шуто Оризари беше одложен, но ќе биде повторно вратен во програмите за проектирање и изведбана објекти на Град Скопје. Шуто Оризари е општината со најбогата и најшаренолика автентична култура во целиот град и нејзините уметници, особено музичките, заслужуваат шанса да творат во институција со сите услови. Овој културен центар е од непроценливо значење и за кандидатурата за Европска Престолнина на Културата 2028, најавува Шилегов.- Работиме и ќе продолжи да работиме заедно со граѓаните на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.

Скопје | пред 4 години

jelena-karleusa-niki-minaj-830x0-1

(ФОТО) Фризерот Ники Минаж воодушевен од стајлингот на Карлеуша

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша присуствуваше на погребот на нејзината пријателка и соработничка Марина Туцаковиќ, а по тој повод, многумина коментираа за нејзиниот стајлинг.Јелена пристигна на во придружба на нејзиниот пријател и соработник Зоран Бирташевиќ, кој носеше голем венец од бели цветови. Карлеуша беше во црно, носеше огромни очила за сонце и заштитна маска на лицето.Многумина коментираа дека е модна икона, а на социјалната мрежа Инстаграм, познатиот фризер Дижонт Греј, познат како Арогант Те, ја пофали Јелена Карлеуша за нејзиниот стајлинг.- Боже, го крадам ова! - напиша тој на фотографијата на ЈК и стави емотикон за срце.

Магазин | пред 4 години

A.Filipovski-02

Нова градинка во Ново Лисиче, најави Филиповски

„Во Ново Лисиче, каде што сме вечерва го имаме и еден од централните проекти во нашата програма. Оваа населба ќе добие целосно нова градинка, со што ќе се зголемат капацитетите за згрижување на деца од овој дел на Аеродром. Дополнително ќе вложуваме и во спортската инфраструктура. Планираме нови 20 километри вело – патеки, како и нови трим – патеки за трчање“, ова го истакна Александар Филиповски, кандидатза градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на вечерашната маалска средба во Ново Лисиче.Намерата е да се прават и нови детски и спортски игралишта по населбите, но и да се одржуваат постоечките. Аеродром е општина која е позната по маалскиот соживот, а овие зони, јавни простори придонесуваат за поголема дружба и комуникација меѓу граѓаните.Филиповски се осврна и на другите локални проекти во Ново Лисиче. Тој напомена дека е планирана и реконструкција на детската улица „Тоше Проески“. Исто така, ќе се обнови и партерниот дел меѓу зградите на улицата „Видое Смилевски – Бато“. Кандидатот за градоначалник на средбата во „Реонски Центар“ се осврна и на кампањата во изминатава недела.- Ме радува фактот што секаде сме добро прифатени. Граѓаните даваат и свои сугестии и предлози, кои секако ги имаме предвид и ќе се вметнат во општинските програми за работа. Победничката енергија е очигледна, но во претстојните денови ќе бидеме уште поприсутни меѓу граѓаните. Ветувам дека оваа активност и комуникација која ја гледате во кампањата, ќе биде и моја пракса и редовна работа како градоначалник на Аеродром, рече Филиповски.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-02-203005

(ВИДЕО) Се скараа Саша и Цеца: Дојдов овде да оценувам, а не ти да ме малтретираш

Новата сезона на „Sвездите на Гранд“ донесе големи промени, но и сериозни судири меѓу членовите на жирито.Цеца Ражнатовиќ, одлично се вклопи во тимот, а по кавгата што ја имаше со Драган Стојковиќ Босанц во претходната емисија, новата епизода на „Sвездите на Гранд“ ќе донесе нови расправи.Цеца и Саша во жесток конфликтОвој пат, Цеца влезе во конфликт со Саша Поповиќ, бидејќи не ѝ се допаднаа неговите потези.– Ајде, тие што го притискаат паник копчето, но ти… – ѝ рече Саша на Цеца, па таа му врати „Дојдов овде да оценувам, а не ти да ме малтретираш“

Магазин | пред 4 години

natasa-bekvalac-1

Наташа Беквалац се здебели 13 килограми за еден месец

Српската пејачка Наташа Беквалац се пожали на Инстаграм дека за еден месец се здебелила 13 килограми, откако се откажа од цигарите. Таа ја спореди својата тежина со онаа која ја имала по раѓањето на нејзината ќерка Катја.„60 килограми имав во моментот кога ја напуштив болницата после породувањето со Катја. Сега пак ми се случи истото, откако ги оставив цигарите, но не се откажувам. Ќе ме видите за 10 дена како ќе изгледам,“ напиша Беквалац.Пејачката откри дека наскоро почнува со здрава исхрана.Пејачката, во августот ги остави цигарите.„Многу ми е тешко без цигари. Ова е втора недела. Јас дури и не знаев каков зависник сум додека не ги оставив. Побарав помош од психотерапевт. Борбата е жестока, но јас не знам да губам“, изјави тогаш таа.„Знаете што, јас првпат ги оставам цигарите, а кога по третпат ќе ги напуштиш мажите, тогаш е полесно, имам искуство“, одговори таа на прашањето дали навистина полесно го оставила сопругот, откако цигарите.Минатата година Беквалац исто така им се пожали на фановите за својата тежина, откако објави дека се зделбелила седум килограми за време на карантинот. Тогаш призна дека поради вишок килограми побарала помош од нејзиниот нутриционист.

Магазин | пред 4 години

danilovski

Д-р Даниловски: Со еднократен скрининг ќе се добие само груб увид во моментралната состојба

Ако е скапо да се тестираат сите 240.000 ученици, тогаш барем оние со респираторни симптоми, изјави во интервју за Сител, доктор Драган Даниловски.Вели дека скринингот на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка.„Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици“, вели Даниловски за ТВ Сител.

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Ексдиректорката на статистика: Пописот е неуспешен според многу критериуми

Универзитетската професорка Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика изрази сомнеж околу успешноста на пописот кој деновиве заврши во земјава.„Директорот на ДЗС изјави: ‘...со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата...’ Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?!  Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно - сега за сега - дека собрале 1.832.696  ЕМБГ. Така  барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.Таа смета дека имало и двојно попишување, и овде и во странство, преку самопопишување.„Т.н. попис, 2021, е неуспешен според многу критериуми и заради многу причини, но најважното е што МНОГУ го потценија народот, и овој што се уште е тука и оној што си заминал. Им ги разбраа и препознаа сите некадарности, игри и договорени планови“, пишува таа.

Македонија | пред 4 години

administracija

Администрацијата може само 2 часа да работи, велат граѓаните

Административците на стенд бај, а власта го опипува пулсот, граѓаните револтирани. Вака во една реченица – може да се опише моменталната состојба на предизборната идеја за скратено работно време на административците во петок.Дел од граѓаните кои ги анкетираше ТВ24 иронично порачаа дека не 4, административците треба да работат и помалку часови.Дел од униниверзитетските професори пак за ТВ24 уште вчера алармираа дека се планира да се скрати работното време на оние кои им се најпотребни на граѓаните.Повеќе можете да прочитате тука

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кривична за извршителка, полицијата ја фатила дека ја злоупотребила функцијата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(48) од Штип, поранешен извршител именуван за подрачје на Куманово, Кратово и Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотеба на службена положба и овластување“.Пријавената ги пречекорила своите овластувања на начин што, по барање за спроведување на извршување од доверител против должник, за спроведување на извршување во вредност од 40.923 денари, објавила продажба на јавно наддавање на недвижноста, а по претходна проценка и вештачење со вкупна сума од 949.000 денари и донела налог за извршување врз недвижноста од 17.01.2018 каде го спровела извршувањето на недвижноста.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

412 нови случаи на КОВИД-19, 12 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1 .Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.Направени се 3.379 тестови преку: ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–171, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-152, Биотек-272, Систина-86, лабораторија Лаор-106, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–26, Генеа-5, Никоб лаб-435, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-61, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.316.Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83490, Активни 5535Куманово 11434, Активни 1003Тетово 10820, Активни 901Прилеп 9059, Активни 305Гостивар 7957, Активни 463Битола 7092, Активни 273Велес 6240, Активни 346Охрид 5956, Активни 560Кавадарци 5927, Активни 239Струмица 5730, Активни 268Штип 5726, Активни 234Кичево 3980, Активни 421Струга 3786, Активни 376Кочани 3266, Активни 170Гевгелија 2412, Активни 86Неготино 2316, Активни 38Свети Николе 1892, Активни 116Ресен 1534, Активни 85Радовиш 1517, Активни 85Дебар 1449, Активни 107Крива Паланка 1426, Активни 94Берово 1209, Активни 25Делчево 1124, Активни 71Виница 1030, Активни 50Пробиштип 911, Активни 31Валандово 816, Активни 27Кратово 568, Активни 57Богданци 549, Активни 15Крушево 529, Активни 22Македонски Брод 471, Активни 29Демир Хисар 440, Активни 26Демир Капија 411, Активни 6Пехчево 313, Активни 3Македонска Каменица 300, Активни 21Дојран 140, Активни 1

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Ограбен штаб во Арачиново, украле храна

На 01.10.2021 во 21.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичката партија при што влегле и одземале прехранбени производи.Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Пукање и сообраќајка во Сарај

На 01.10.2021 во 22.35 часот во СВР Скопје Ф.Ф.(33) од с.Грчец, скопско пријавил дека во близина на бензинска пумпа во с.Сарај,скопско по претходно случена сообраќајна несреќа помеѓу Ш.С. сопственик на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и Ф.И. сопственик на патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, поминале две лица со мотоцикл при што испукале еден куршум во воздух и се упатиле кон с.Сарај.Според пријавеното како можен сторител е посочен З.Ш. од с.Крушопек. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka-4

Тепачка пред хотел во Центар

На 02.10.2021 во 03.05 часот во СВР Скопје В.К.(60) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот во хотел на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Д.(46) од Скопје, по што во 08.00 часот Б.Д. пријавил дека околу 07.00 часот пред хотелот бил физички нападнат од едно лице кое било обезбедување во хотелот.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

pretepan

Татко и син нападнати поради недоразбирање во сообраќај

На 01.10.2021 во 18,00 часот во Гостивар од полициски службеници од слобода се лишени И.М.(63) и П.М.(34) двајцата од Гостивар по претходна пријава во 17,20 часот од О.Р.(37) од Гостивар дека околу 15,15 часот во Гостивар по претходно недоразбирање околу сообраќајот тој и неговиот татко биле физички нападнати од пријавените.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Еден повреден во семејна расправија во Гостивар

На 01.10.2021 во 21,45 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода Х.Ш.(41) од Гостивар по претходна пријава од неговиот татко Ф.Ш.(72) од Гостивар дека околу 21,30 часот во Гостивар пријавениот со тврд предмет удирал по предмети во домот при што ги повредил пријавителот и неговата сопруга.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

sportska-oblozuvalnica-640x428

Кажба во обложувалница во Аеродром

На 01.10.2021 во 10.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Аеродром две лица со закана од вработениот одзеле пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Vodno-10

СДСМ: Го заштитивме водно од системското уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Кога СДСМ ја презема управувањето со Град Скопје во 2017 година, парк-шумата Водно беше загрозена и на работ на уништување. Водно беше испресечено и уништувано од патот до „Сончев град“ и криминалниот проект„Сончев град“ за кој се водат судски постапки, велат од СДСМ.„Врвот на Водно беше девастиран од панорамската кула на АЕК, каде што Груевски си планираше ресторан со поглед на криминалите на „Скопје 2014“. Водно беше уништено од „Комплексот Панорама“ и од деструктивната идеја за „Беверли Хилс“ на Водно. Водно беше уништено од криминално донесените ДУП-ови, со поместување на градежната линија, заради плацовите на Груевски и неговите соработници од урбаната мафија.Постоеше и дополнителен план за уништување на Водно со „Јужна обиколница“ кој ние го спречивме, како и налудничав проект на Коце Трајановски за сечење на парк-шумата и изградба на ски-центар, познат како „Гармиш Партенкирхен на Водно“.Почитувани,Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им вети на скопјани дека нема намера да ја поместува градежната линија на Водно во ниедна варијанта и дека јужната обиколница којашто е предвидена долги години во Генералниот урбанистички план ќе биде избришеме во наредниот ГУП. Благодарение на СДСМ, парк шумата Водно сега е заштитено подрачје – заштитено е од криминалните обиди за уништување од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што стои зад Данела Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Од среда голема промена на времето

УХМР соопшти дека до вторник времето ќе биде претежно сончево со студени утра и пораст на дневната температура, а од среда следува период на претежно облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд.Утре утринските температури ќе се движат од нула до девет степени, а дневните од 17 до 25. Во Скопје ќе биде од пет до 24 степени.Во понеделник температурата ќе се искаќи до 27-от степен, додека во текот на неделата ќе се намалува и во петок ќе изнесува максимум 19 степени.

Македонија | пред 4 години

nikolovski

Железничката пруга за поврзување на Македонија и Бугарија станува реалност, тврди Николовски

СДСМ инвестира во сегашното и иднината, ги исполнивме стратешките цели и покажавме што е најдоброто за нашата држава, за нашите граѓани, изјави денеска од Кратово генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.„30 години се зборуваше но СДСМ успеа заедно со граѓаните, ние сме 30-та земја членка на НАТО! 20 години се зборуваше, ама СДСМ успеа и денеска имаме успешно завршен попис. 99 % од нашите граѓани се попишаа. Споредете и направете разлика.Покажавме дека имаме капацитет, дека сме држава. Во една рака го имаме НАТО, во другата Попис“,изјави Николовски.При тоа, Николовски посочи дека до крајот на оваа година ќе се избере изведувач за првите две фази за изградба на пругата Куманово – Бељаковци, Бељаковци- Крива Паланка. Според проектната документација, следната во текот на март почнува изградбата. Следната година ќе се објави и тендер за избор на изведувач за третата фаза од Крива Паланка-Деве баир.„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Она што со децении беше само празно ветување, оваа Влада го претвори во конкретни, реални и најважно од сѐ - остварливи цели. 30 години се зборуваше ама ние, од СДСМ успеавме да го придвижиме и процесот за изградба на источниот дел на пругата на Коридорот 8, којшто е од стратешко значење на нашата дражава. Овој регион, североисточниот е вратата кон Европа“, рече Николовски, додавајќи дека се обезбедени 165 милиони евра, готов проект и тендерската постапка за избор на изведувач е во самата завршница. Со децении она за што се зборува, СДСМ за 4 години го реализира,споредете, направете разлика и одлучете,одберете го НАЈДОБРОТО, порача Николовски.

Македонија | пред 4 години

4-768x511-1

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје е создаден и одржуван во живот благодарение на својот еснаф

„Уште во 2018-та година, заедно со чаршискиот еснаф и пазарџиите од Бит Пазар системски започнавме со расчистување на дивите продавачи по бул. Крсте Мисирков. Заедно со Скопски Пазар им овозможивме иницијално бесплатни тезги на пазарот, а со нашите јавни претпријатија го реконструиравме тротоарот и засадивме нов дрворед за да го облагородиме просторот.Денес, Бит Пазар е целосно реновиран, со нов паркинг простор кој дополнително им го олеснува пазарувањето на граѓаните, а тезгите на пазарџиите ги прави дополнително атрактивни“, изјави Шилегов при денешната посета на чаршијата.Скопје е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, сервисите, златарите и останатите занаетчии.За сите нив, Град Скопје воведе програми за поддршка со кои на старите занаети им се овозможи одржливо постоење и создавање, заштита на нивните дуќани и работилници и едукација.Се воспостави партнерство со новите занаети, малите бизниси, новите сервиси и продавниците кои секојдневно се отвораат низ нашиот град, а сопствениците добија и награди за нивниот успех и иницијативност. Во изминатите 4 години скопските занаетчии добиваат субвенции од градот за набавка на алати и репроматеријали до 80% од нивната вредност, или до максимум 50.000 денари по занаетчија.Важно е да се знае дека оваа чаршија опстанала со години, шарена и разнолика поради тоа што луѓето си помагале еден на друг кога било најтешко. Така, во време на пандемијата на коронавирусот Град Скопје донесе неколку превентивни мерки за полесно справување на еснафот со рестрикциите. Град Скопје ги укина трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот, пренасочени се буџетските средства во градежна офанзива, со која се реконструираа преку 20 улици во една сезона, со цел стимулирање на работните места во градежништвото и придружните индустрии. На угостителите и другите еснафи кои користат јавен простор пред своите дуќани им беа простени комуналните такси, за да им се олесни намалената посетеност и промет во услови на пандемија на коронавирусот.„Овие мерки се покажаа како успешни. Успеавме да ги задржиме работниците на работа, а дуќаните да ги задржиме отворени. Успеавме сите заедно да поминеме низ најтешките периоди, солидарно и братски, онака како што успевала чаршијата и во минатото. Затоа што сме тука да си подаваме рака и да си помагаме“, додаде Шилегов.[embed]

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања