Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

avtobus

Автобус и автомобил се судрија во скопско Волково, еден од возачите е во болница со тешки повреди

На 02.10.2021 во 22.20 чaсот на ул.100 во с.Волково,скопско се случила сообраќајна несреча помеѓу патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Ј.(62) од Скопје и автобус „евробус“ со скопски регстарски ознаки управуван од М.Т.(62) од с.Стајковци,скопско.М.Т. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

skopje-gjorce

Ѓорче Петров: Едно лице фатено со дрога, друг пријавил дека куче го каснало

На 03.10.2021 во 01.05 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициаски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода М.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена дрога. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.10.2021 во 20.45 часот во СВР Скопје Г.К.(47) од Скопје пријавил дека на ул.Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

policija-krazba

Фатен скопјанец баран за тешка кражба, а дома му е најден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја

На 02.10.2021 во 16,30 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Т.(24) од с. Марино, скопско поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниви по чл.236 и чл.383, а при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја.По целосно докумeнтирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-12.15.31

(ВИДЕО) Бени Шаќири: Трчам за да го спасам Скопје од оние кои не трчаат, а се сликаат како да трчаат

Арбен Бени Шаќири за Скопје, кандидатот за градоначалник за Скопје од ЛДП и ДУИ, преку видео порака посочи дека трча на маратонот, за разлика од оние кои се фотографираат за да го најават, а не трчаат. Ова видео доаѓа откако претходно актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов го отвори Скопскиот маратин.„Трчам за Скопје, трчам за да го спасам Скопје од оние што не трчаат, а се сликаат и се рекламираат како да трчаат“, рече Шаќири.На улиците на Скопје по 17-ти пат се одржува традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, на кој има околу 7.000 учесници, од кои најголемиот дел се домашни спортисти. Учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт тргнаа од стартот во 8 часот, а тркачите на 5 километри во 8.10 часот тргнаа од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.

Скопје | пред 4 години

gabriel-bajram

Фрлена бомба во куќата на Бајрам

Габриел Бајрам и неговото семејство, кој е претседател на „Сојуз на ромите во Македонија“ добивал заканувачки пораки доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните изброри, дознава „Фокус“.-Доколку во наредните 48 часа не се повлечете од сите активности ќе ви испратиме порака од која ќе сфатите дека сме сериозни!!, гласела пораката.Но, Бајрам не презел чекори за повлекување од кампањата, а вчера, втори октомври непознато лице фрлило бомба во дворот на семејната куќа на Бајрам.Според информациите на „Фокус“ направена е само материјална штета.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 4 години

243460457_10161455970178975_5273052473131714084_n

Тефик Махмут до Маричиќ: И Ромите од Шутка знаат убаво да зборуваат, ама не сте навикнати да се образуваат

Тефик Махмут, кандидат за градоначалник на Шуто Оризари од Левица, на социјалните мрежи упати критика до Бојан Маричиќ.„Bojan Maricik ми доаѓаш на улица, им кажуваш на луѓето дека ме познаваш и дека на Шутка не и требаат “градоначалници што убаво зборуваат”.Како тоа, вие вака елитен, обрзован и убав ја имате компетентноста да зборите што и треба на Шутка?Знам дека не сте навикнати на Роми од Шуто Оризари што “убаво зборуваат”, знам дека не сте навикнати на Роми што се образуваат, и знам дека не сте навикнати на некој од тука да биде различен од генералната лоша слика за ромите во Македонија.Тоа време помина, Бојане!Имаме образовани Роми!Имаме елоквентни Роми!Ти имаш магистрирано во UCL што е на 8/10то место, јас имам магистрирано на University of Oxford што е на прво место.Еее Бојане! Дури подобар од некој што ви е најдобар“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

243900327_112679307842682_5084074558875051895_n-1

ФОТО: Бени и Камиказа се најдоа на маратон

Популарниот басист на Меморија, Петар Георгиевски – Камиказа, кој е кандидат за градоначалник на град Скопје од партијата Левица, и пејачот Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, се сретнаа на Скопскиот маратон.Тие заедничката фотографија ја објавија на социјалните мрежи.„Стари борци, спремни за секоја трка! #madeinskopje“, стои во описот а фотографијата.

Скопје | пред 4 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Децата учат од фотокопирани скрипти наместо од „паметни“ уреди, Заев: Ќе ги доопремиме училиштата

Децата учат од фотокопирани скрипти, во дел од училиштата нема „смарт“ табли, ниту таблети. Ова се реакциите на родителите кои се принудени на нивните деца во прво и четврто одделение да им прават копии од учебниците за да можат да го проучуваат материјалот. Премиерот Зоран Заев, вели дека се следи процесот на дигитализацијата кој е започнат, за проблемите тврди дека се разговара и дека училиштата ќе се опремат.„Постојано го следиме целиот овој процес и носиме одлуки како да ги доопремиме училиштата. Ќе посветиме ресурси и внимание. Сакаме да ги научиме да видат што значи тоа што го учат. Учебникот е едно од помагалата за да се научи темата. Треба нашите деца да го фатат патот со останатите деца. Кога ги пробивате првите стапки во снегот, треба сите да сме посветени“, рече Заев.Од септември започна со применување на новата концепција за основно образование, со која во прво и четврто одделение наместо хартиени учебници, учениците учат од паметни уреди.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-10.47.00

Заев за спорот со Бугарија: Има позитивни поместувања, секој човек има одредени моменти на необјасниви застои во својот живот

Со подадена рака, премиерот Зоран Заев ќе ги надминува проблемите со Бугарија. Тој верува дека со конкретни гестови и одлуки ќе се испрати пораката за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Според него, ЕУ знае дека Западен Балкан и треба, а тоа се гледа од проектите кои взаемно се спроведуваат.„Секој човек има одредени моменти на необјасниви застои во својот живот, така е и со државата и со политиката. Ние треба да соработуваме. Изјавата на Јанев е добра позитивна порака. По позитивен пат се движиме. Иако работат технички работи, тоа е патот. Во среда во Словенија ќе имаме состанок со Радев, со претставници на ЕУ, канцеларката Меркел, Макрон, каде ќе потврдиме дека тоа е патот. Кога ќе завршат изборите политичарите се поразумни. По завршени избори тоа е првата шанса. Ние треба да ги разбереме нив, тие нас“, рече Заев.„Ова се решава билатерално и ние разговараме билатерално, имаме позитивни поместувања, билатерално. Тоа е причината поради што ќе се приближиме кон решение“, рече Зеаев.Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше во однос на Македонија, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин, истакна бугарскиот премиер Стефан Јанев во изјава за БНТ, додавајќи дека, сепак, не треба да се дозволи спорот да се пренесе во ЕУ.– Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт. Да се бара решение со властите во Република Северна Македонија во име на нашата заедничка иднина. Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула – порача Јанев.

Македонија | пред 4 години

244339099_150140247256187_716104036091746960_n

Отворен фестивалот на класична музика Интерфест Битола

Во Народниот театар во Битола, синоќа започна 30-тото издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“ Битола. Посебна благодарница за неодминливата заслуга за возобновувањето и враќањето на сјајот на Офицерскиот дом како светилиште на музиката и културата и беше доделена на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.„Велат, сите науки гравитираат кон математиката. Сите уметности пак, гравитираат кон музиката. Можеби токму затоа кога зборовите не се доволни, звуците, музиката е таа која што ги надополнува. Нека овие денови музиката која што ќе ја слушаме, биде премостување помеѓу нашиот ум и нашите сетила, затоа што само така можеме да постанеме и да останеме човечни, токму со музиката. Нека ни е честито 30-тотоиздание на Интернационалниот фесстивал на класична музика Интерфест Битола и честитки до организаторите, особено до Милица Шперовиќ Рибарски, кои сите изминати 30 години се вложија за ние како битолчани, да се гордееме со овој фестивал“, рече градоначалничката Петровска, која го прогласи фестивалот за отворен.Благодарница му беше доделена и на на Благој Стефановски-Баге, постхумно, за неговиот придонес во основањето и поддршката на фестивалот, а ја прими неговиот син Бојан. Фестивалот е посветен и на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.Организаторот Милица Шперовиќ – Рибарски, пред присутните говореше за најблескавите моменти од досегашните изданија на Фестивалот, неговите почетоци, како и за годинешната програма. Свеченото отворање беше заокружено со изведбтаа на операта “Палјачи“ од солистите и оркестарот на Македонската опера и балет.

Магазин | пред 4 години

Atentat-2005

26 години по атентатот, уште не се знае кој сакаше да го убие претседателот Глигоров

На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути беше извршен атентат врз претседателот на Македонија, Киро Глигоров. Тогашниот претседател го преживеа атентатот и со тешки повреди во пределот на главата беше пренесен во Ургентниот центар.На лице место загина неговиот возач Александар Спировски, а тешко беше повреден и неговиот телохранител, Илчо Теовски. Од здобиените повреди, во Ургентниот центар им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој случајно се нашол на местото. Врз претседателот бeше извршена хируршка интервенција од страна на неврохирургот Јовица Угриновски.Според истрагата, нападот бил извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, била активирана со далечински управувач кога автомобилот на претседателот минувал покрај паркираното возило. Од силината на експлозијата, цитроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу.По атентатот беше отворена обемна истрага од страна на МВР, под името „Автомобил“, во која беа вклучени и безбедносните служби на САД, Германија и Англија, но ниту нарачателите ниту извршителите до денес не се познати.Првиот претседател на незавизна Македонија, Киро Глигоров, почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.26 години од атентатот и покрај ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени, досега нема никакви конкретни резултати.

Македонија | пред 4 години

policija-1

Казнети 141 возачи, возеле пијани

Во текот на вчерашната вечер (02/03.10.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 141 возач. Од нив, 30 на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

bekaton-plocki-gjorce3

Наумоски тврди дека го ставил, на терен го нема: Каде е бекатонот кој e пишан во отчетот

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој бара нов мандат, деновиве е на терен за ги убедува жителите дека треба повторно да дадат глас за него. Па така, промовира што направил во изминативе четири години, каде асфалтирал, каде градел, реновирал. Меѓу останатото, во неговиот т.н. отчет, пишува дека поставувал и бекатон плочки. Наведени се и осум мали улици, каде, како што тврди Наумоски, го „наредил“ бекатнот. Но, жителите тврдат дека на терен го нема.Ако се цени мислењето, но и состојбата на терен според фотографиите кои жители ги доставија до „Скопје1“, тогаш излегува дека 365 бекатон. Плочките фалат на улицата 73 и улицата 75, кои според Наумовски, веќе имаат бекатон. Наместо плочки, на овие две улици има вегетација односно трева и камења, кои при најмал дожд стануваат кал.Бидејќи не ни изгледаше сигурна информацијата дека градоначалникот Наумоски бара втор мандат со лага во отчетот, се обидовме да провериме дали има можеби две улици со исти броеви во Ѓорче Петров, но до таква информација не дојдовме. Овој отчет, каде стојат сработените проекти на Наумоски, се дистрибуира по жителите од неговите тимови кои агитираат за глас плус на изборите.Вечерва, Александар Наумоски ќе ја има и официјалната промоција како градоначалник, заедно со програмата која нуди да ја реализира до 2025 година. На промоцијата ќе биде присутен и министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје | пред 4 години

apasiev-8123

Апасиев се гордее со Камиказа, а за нападите порача: Перо има јаки стомачни и мислам дека стоечки ќе ги издржи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека на овие избори нивните кандидати ќе им ги поматат сметките на останатите партии. Најави дека ќе го срони нивниот свет и ќе направи нов, братски. Порача да живее црвено Скопје и Македонија. Апасиев рече и дека СДСМ не е само политички туку и класен непријател, по што додаде: „Шилегов со неговите викендици, кој помина од Лига за демократија, преку ЛДП, преку СДС, за да заврши со милионски суми на сметка со викендици по Маврово, со деловни објекти по трговски. Ќе ги срушиме нивните династии сантим по сантим за да створиме подобар свет. Ќе ги ликвидираме сите нивни привилегии кои ги влечат од времето на Југославија, за да создадеме терен за фер плеј за децата на транзицијата“.„Кога ќе дојдеме на власт ќе ги забраниме митинзите да знаете. Ќе забраниме политички маркетинг и само дебатата ќе ни остане, со аргументи да се бориме, знаењето, а не манипулацијата. На народот му е преку глава од зборување, на народот му треба акција. Јас му честитам на Перо Камиказа што се нафати да ја бие оваа битка бидејќи како професор по Римско право, Римјаните велеле: ‘Оној кој го мразат боговите, му даваат да се кандидира за градски претор’, сакајќи да кажат колку е тоа тешка работа. Римјаните имале избори секоја година, оти како што гледате само пред избори се работи“, рече Апасиев.Според него, Левица е на пат да воведе ред помеѓу безредието и закони во беззаконието. За моќта на опонентите рече: „Тоа жива рана полна со корупција, немојте да верувате дека се толку јаки“.„Перо Камиказа, човек кој со песната ‘Црвено вино, црвени знамиња’ ни ја прогласи независноста на истата сцена со Киро Глигоров. Значи токму тој човек го имаме за наш кандидат, човекот кој е инспирација на многу генерации и човекот кој никогаш досега не се шитнал за оваа или онаа власт. Затоа со гордост и чисто срце го предложивме. Затоа што сметаме дека тоа е вин-вин ситуација. Младите кои се со Левица, возраста и искуството на Камиказа со свои 62 години да се нафати на една ваква прилично нечесна, прилично валкана кампања. Меѓутоа видов на една слика, Перо има јаки стомачни и мислам дека стоечки ќе ги издржи, како за негова возраст, многу добро се држи“, рече Апасиев.

Македонија | пред 4 години

osmani-1

Oсмани почнува надворешно-политичка турнеја

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.Османи утре ќе замине во работна посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.„Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија“, велт од МНР.Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде што ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава”.Во Варшава Османи, ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот, Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.Во среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од Претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Македонија | пред 4 години

kamikaza-apasiev-redzep

Реџеп Исмаил: Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите

Реџеп Исмаил – Носител на советничката листа во Скопје од Левица, на собирот на партијата во градскиот парк им порача на присутните дека главниот град повторно ќе биде црвен, односно дека тие ќе влезат во советите каде имаат свои кандидати."На првите локални избори после Првата светска војна, токму во октомври 1920 година КПЈ и работниот народ во Скопје со над 50 отсто од гласовите - победува, и на скопските улици во поворка се скандира - да живее црвено Скопје! Во трите месеци пред да ја забранат партијата, на 12 седници се носат радикални мерки за домување, комунална инфраструктура и социјална политика. Како во октомври 1920-та, така и овој октомври - на 17-ти ќе отпочне радикален пресврт и Скопје ќе го освојат црвените. И Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите! Да живее црвено Скопје!", рече Реџеп Исмаил - Хактан.Инаку, Реџеп Исмаил - Хактан е активист, член на ДСП Ленка, основач и член на президиумот на Левица, дел од уредничкиот тим на Антропол. Дипломиран и магистриран политиколог по применета политика на Правниот факултет во Скопје, со фокус на трудова политика. Долгогодишен работник во приватен сектор, тековно вработен во ИТ секторот, преведувач и толкувач од турски на македонски јазик и обратно. Страствен љубител на фудбал, планински врвови и есктремни височини.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-09.43.37

(ВИДЕО) Кој кого мести: Костовски обвинет дека пеел против Албанците, но тој тврди дека му монтираат видеа зошто ќе губат

Изборната трка донесе и црна кампања. Иако таа не ја прават сите политичари и политички партии, некогаш, таквата улога ја преземаат и портали, но и страници на социјалните мрежи. Монтирани фотографии, измислени информации, но и лажни видеа се вртат секојдневно, со цел да оцрнат некој кандидат, без разлика на општините. Последен таков пример е објавата со наслов: „Скандал / Коалицискиот партнер Таравар и Села започна кампања со песни против Албанците“, во која кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник за Бутел, Дарко Костовски, е обвинет дека пеел песни против Албанците.На ова реагираше кандидатот Костовски, кој преку социјалните мрежи го објави видеото за кое тврди дека е оригиналното, но не се слушаат песните со погрдни зборови за Албанците туку македонската патриотска песна „Едно име имаме..“. За Костовски ова е само доказ за дебакалот кој ќе го има Велимир Смилевски, неговиот противкандидат од СДСМ, па затоа се креираат лажни видеа.„Читам дека бандитите на Велимир Смилевски се поприлично возбудени затоа што масовно бутелчани им затвораат врати, одбиваат било каков контакт, и не даваат поддршка на оние кои веќе еднаш ги разочараа. Дополнително се разочарани од првиот целосен дебакл кој го доживеа Велимир на ТВ дуелот, затоа единствено им преостанаа лажните вести и измислените видеа. Пред некој ден Велимир со своите бандидти објави дека огранокот на Алтернатива во Бутел се приклонил кон него како кандидат, па за многу скоро време Алтернатива Бутел официјално демантираше. Секој ден Велимир се повеќе ја губи довербата кај Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и сега во немоќ и голема паника многу евтино намонтирале звук на видео кој најверојатно го лоцирале од видео на некоја навивачка група. Колку што јас се сеќавам оваа снимка е од 2016 година, ако е автентична нивната звучно монтирана снимка, зошто тогаш не била објавена на парламентарните избори при крајот на 2016та или на локалните избори во 2017та, или пак на претседателските и парламентарните избори во 2019та и 2020та година ? Зарем има здраворазумен човек во државата што ќе поверува дека една врвно сериозно организирана политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ ќе скандира нешто слично на тоа што го намонтираа немоќните криминални банди на Смилевски ? Што уште можам да очекувам, до каде ќе ви оди лудилото ? Знам дека нема да застанете тука, но тоа само дополнителни ме мотивира. Кој свесно сака да ги раструри меѓуетничките односи во Бутел ? Јас затоа ќе ги почестам со вистинското видео, необременето со лажната снимка која ја шират бандидите на Смилевски: чујте, има и што да научите. И сосема на крај, ќе ги победиме сите заедно. Народот, чесниот народ против бандидите од власта!“, напиша Костовски.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Претрес во скопско, пронајден амфетамин

На 02.10.2021 во 16,30 часот на подрачје на Гази баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Т.(24) од с. Марино, скопско поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниви по чл.236 и чл.383, а при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

policija-2

202 казни за возачи изрече МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65, 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 52 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

izvidnici-696x522-1

Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца. Вчера објавивме документ - информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот, велат до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години.Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието.Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Скопскиот маратон е симбол на Скопје

Денес по 17-ти пат на улиците на Скопје се одржува традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, на кој ќе има околу 7000 учесници, од кои најголемиот дел се домашни спортисти.Учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт тргнаа од стартот во 8 часот, а тркачите на 5 километри во 8:10 часот тргнаа од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот. Службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставија целосно на располагање на учесниците во маратонот, за непосредно пред почетокот на трката улиците да бидат чисти, безбедни и погодни за трчање.„Развивањето на спортот и промоцијата на здравиот начин на живеење беше една од нашите заложби во изминатите 4 години. Маратонот Виз Ер, како важен дел од нашите активности, стана еден симбол на Скопје, кој од година в година станува сѐ подобар и попосетен“, напиша градоначалникот Шилегов во објавата на Фејсбук.Патеката по која учесниците трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.„Денес, на овој голем спортски празник за градот, но и за нашата држава, имаме чест да го организираме 17-тиот по ред Скопски маратон, каде на наше големо задоволство, имаме можност да бидеме дел од еден Европски, па дури и светски настан. Ги повикувам сите скопјани да ни се придружат, да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците кои со своето присуство денес придонесуваат за развивање на оваа убава спортска приказна“, пишува Шилегов.Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички” од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Скопје | пред 4 години

avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утрово од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

IMG_4260

Какво време не очекува следната недела

Денес наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 4 години

francija-korona

СЗО објави зошто во Македонија има голема смртност од коронавирус

Зошто смртноста од Ковид 19 е толку голема во Македонија?Од Светската здравствена организација во Женева во ексклузивно интервју за ТВ24 порачуваат дека клучен фактор е квалитетот на лекувањето.Од СЗО велат дека нивен тим би дошол со конкретни препораки ако државата тоа го побара од нив. Со експертот од СЗО разговара Ивана Стојкова. 

Македонија | пред 4 години

zaev-2

Заев: Минималната плата е 15.200, со цел до крајот на годината да изнесува 18.000 денари

Никогаш ама никогаш порано не се инвестирало толку во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини и за секој регион. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради, наследивме општини заглавени во долгови, без визија за иден развој, но веднаш започнавме со нивна промена кон добро и работиме на Најдоброто, порача претседателот Зоран Заев на вечерашната трибина во Виница.Заев истакна дека покрај инвестирање во локалниот развој, се инвестирало и во човечкиот капитал преку зголемување на платите и пензиите и порача дека освен менување на методологијата за покачување на пензиите што ќе доведе до поголем раст на пензиите, до крајот на годината, повторно ќе се зголеми и минималната плата.„За четири години просечната плата ја зголемивме за 6.300 денари. Порано минималната плата беше од осум до девет илјади денари а денес таа изнесува 15.200 денари, со тенденција, до крајот на оваа година, за два и пол месеци отсега, таа да биде 18.000 денари. Да се донесе ваква одлука е потврда дека економијата се движи во добар правец“ заклучи Заев.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања