Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Мицкоски: Петта година се власт, потрошија 16 милијарди евра и секое семејство го задолжија за 4.500 евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг од Куманово истакна дека кога СДСМ и Заев зборуваат дека се најдоброто, тоа всушност значи дека се најлошото за Македонија затоа што петта година се на власт и потрошија 16 милијарди евра, и ништо не направија, но затоа секое семејство го задолжија за 4.500 евра.- Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна, рече Мицкоски.Тој истакна дека никаде ги нема ни ветените 600 километри нови регионални патишта и тоа може да го видат граѓаните насекаде низ Македонија.- Поминете од тука кон Крива Паланка, од Росоман кон Прилеп, поминете од Штип кон Кочани или Радовиш да видите после 52 месеци во каква состојба се патиштата, 600 метри не успеаја да направат, а камо ли километри, изјави Мицкоски.Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук ИКЕА, а го нема ни растот од 5 до 7% на економијата, а после 52 месеци накалемија долгови на грбот на народот од повеќе од 2 милијарди евра или секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Заев: Бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса е осуден на развод, не одат заедно „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“

Кај ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема ништо ново освен лажни вести, лицемерие, деструкции и обиди да се врати режимот, пак да глумат локални шерифи, пак да ги крадат парите од народот, за пусти пари и власт влегоа дури во брак со Алијанса на Албанците, кој е осуден на развод, порача вечерва од Тетово претстедателот на СДСМ Зоран Заев.Тој нагласи дека ќе се разведат уште во ноември, бидејќи „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“ не одат заедно, затоа што и членовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса и Алијанса нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто се како два остри камења што се тријат и затоа ќе си останат и во опозиција и таму некаде во минатото.Одовде, од Тетово им порачувам дека есапот од белата палата на пазарот нема да им излезе, помина тоа време на деструктивните сили во државата, а помина и времето кога на име на меѓуетничките односи го билдаа својот рејтинг, шушкајќи ги луѓето да се мразат меѓу себе, да го повампируваат национализмот кај граѓаните, да го будат нечовекот во човека, порача Заев.Тој ги повика и Мицкоски и Села да си признаат дека меѓунационалните односи никогаш не биле подобри од денес.Ете затоа никој веќе не зборува за тоа, оти заедништвото во Северна Македонија се подразбира, рече Заев.Тој додаде дека сега, за овие локални избори порачуваат ,,создади нова иднина", оние кои кои 11 години ги заковаа граѓаните и земјата во оковите на минатото, истите тие сега зборуваат за иднината, и не велат дека создаваат нова иднина, туку му се обраќаат на гласачот тој да создаде нова иднина.Знаат и самите дека таа иднина започна да се создава со нивното паѓање од власт и дека истата продолжува понатаму, затоа што и овојпат граѓаните ќе го изберат најдоброто за нив, најдоброто за нивните општини и најдоброто за татковината, порача од Тетово, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

И не беше само еден фронт, на еден фронт лесно се победува, ама успеавме на сите, смета Лукаревска

1577881128812Соопштение за јавност“Таква ни е среќата, секогаш почнуваме од почеток, како од темел да ја градиме државата, ама, можеме, зашто ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Така беше и овде во општина Битола, успеавме. Градиме и во градот и во населените места. Воведуваме стандарди во јавните услуги, за населени места без кал со изградена комунална инфраструктура, локални патишта, чиста вода за пиење, грижа за децата и за младите. За градови со хуман, зелен развој, за чиста, средена држава”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на трибината во Битола.“И не беше само еден фронт, на еден фронт лесно се победува, ама успеавме на сите. Од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО, од сеење на страв и магла, стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот, oд ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, Балканот има ново лице. И се тоа за 4 години. Е, тоа се може само со многу работа, со искрена посветеност од корен да ги менуваш работите, зашто знаевме дека поинаку нема да можe”.Имаме план за секоја општина, планот е направен со граѓаните и проектите ги реализираме заедно со граѓаните, рече Лукаревска.“Граѓаните се нашиот најважниот партнер, на градоначалникот и на советниците, затоа работиме со граѓаните, за граѓаните, за подобра Битола, секогаш напред со Најдобрите. Направете го вистинскиот избор, гласајте за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, Христо Кондовски и советничката листа предводена од доктор Александар Димовски. Гласајте за 12, за Најдоброто за Битола!”.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Нова поликлиника, 3200 паркинг места и 70 хектари паркови се ветени во Кисела Вода

Потребни се промени во секоја една општина низ Македонија, но да бидеме реални и да си признаеме, на Кисела Вода и требаат најмногу промени. Имаме нефункционална општина, имаме нечисти населби, имаме неасфалтирани и улици со кал во 21 век, имаме бетонизација на секое парче зеленило, имаме еден куп проблеми, рече Орце Ѓеорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода на вечерашниот митинг.Ѓеорѓиевски рече дека тој нуди конкретни решенија за проблемите на жителите на општина Кисела Вода. Имаме проекти, додаде тој, кои се осмислени како спој помеѓу граѓаните и експертската јавност и имаме програма која конкретна со јасни временски интервали кога ќе се реализира.Притоа тој издвои неколку проекти и области во кои ќе се развива општината, кои како што рече се неопходни и ќе се реализираат во наредниве 4 години.„Ќе започнам со најприоритетните проекти, а тоа е ревитализација на сите патишта во Кисела Вода, затоа што додека овие од власта газат по патот на провизиите, нашите граѓани газат во кал. Приоритет е да нема неасфалтирано сокаче, а не пак улица во Кисела Вода. Итно премостување од груба бетонизација на секое ќоше, во развоен план за општината каде што ќе има 70 хектари паркови и зеленило. Нешто што сега го нема и фали. И кога ќе чуете дека СДСМ се фали дека има зеленило во Кисела Вода, најверојатно мислат на жбуновите и тревите што растат на сред улициве во ископаните дупки“, рече Ѓеорѓиевски.Тој укажа дека „најжешката тема во Кисела Вода во моментов е темата Расадник“.„Јавно, јасно и гласно, ветувам и се обврзувам, дека за Расадник ќе биде распишан меѓународен конкурс, каде што вие граѓаните ќе ги постават условите како да се развива, а фирми од цела Европа ќе можат да конкурираат за идејно решение. Расадник ќе биде населба на можности и зеленило, а не населба со 100 згради како што планираат во СДСМ“, рече Ѓеорѓиевски.Ѓеорѓиевски вети поликлиника, решавање на сообраќајниот хаос. Се обврзувам, рече тој, дека во Кисела Вода, поточно во Расадник, ќе има поликлиника на крајот од мандатот. Вети и решавање на сообраќајниот хаос и нови паркинг места. Се обврза дека за 4 години ќе изгради помеѓу 2700 и 3200 нови паркинг места.Ѓеорѓиевски рече дека во неговиот план за општината предвидува отворање на нови работни места, квалитетно образование и изградба на објекти, меѓу кои и спортски сали.„Во Кисела Вода има сериозна бројка од неколку илјади невработени или луѓе кои работат за ниски примања на црно. Затоа, со однапред направени проценки, ќе се отворат две нови технолошко развојни зони, зона Драчево и зона Чупријан кои треба да вработат неколку илјади наши сограѓани од Кисела Вода. Понатаму, моето и вашите деца мораат да имаат квалитетен образовен процес. Во моментов, над 400 деца чекаат на ред да се запишат во градинките. Тоа ќе стане минато. Во првата година од мандатот оваа бројка преку зголемување на капацитетите на постојните градинки ќе ја преполовиме, додека во наредните две години преку изградба на две нови градинки едната во село Драчево и во урбаниот дел на Кисела Вода и овој проблем ќе го оставиме зад нас. Во делот на спортот се обврзувам на нови 3 спортско рекреативни центри во „Расадник“ и „Дупки“ во Драчево и Спортскиот комплекс во Пржино. Комплетно реновирања на три игралишта за голем фудбал, повеќенаменски игралишта во секоја месна и урбана заедница се само дел од проектите, кои треба да не вратат на старите модерни и спортски патеки како општина“, кажа Ѓеорѓиевски.А пред да прејдам на областа култура, рече тој, сакам да споменам уште еднаш за болницата за наркозависници во Кисела Вода.„Вчера пред жителите од околината таму имав можност да презентирам еден проект, кој се вели дислокација на болницата за наркозависници со конкретен план и рокови кои ги слушнаа и самите во рок од 12 месеци и на истото место изградба на културно рекреативниот центар Св. Ѓорѓија на истото место со огромен парк, покрај кој ќе поминува трим патеката во Кисела Вода. Притоа незаборавајќи ги оние луѓе од Кисела Вода кои ги користат услугите на болницата, наоѓајќи им соодветно место за примање метадонска терапија на територија на општината“, рече Ѓеорѓиевски.Укажувајќи дека е потребен рамномерен развој на сите населби, Ѓеорѓиевски рече дека со најавените проекти сака да го смени животот на граѓаните и од нив побара поддршка.„Јас ја барам поддршката од сите. И леви и десни, без разлика на религија, или политичка партија. Јас го барам вашиот глас, за да живееме во модерна општина, а не во бетонска џунгла. Да победиме заедно на 17 октомври!“, кажа Ѓеорѓиевски.

Скопје | пред 4 години

DarkoKostovski03102021

Костовски: Смилевски за поликлиника на граѓаните им нуди монтажни бараки како оние кои изгореа во Тетово, а јас ќе ја дадам општинската зграда

За поликлиника во општина Бутел, актуелниот градоначалник, Велимир Смилевски на граѓаните им нудеше монтажна болница, налик на трафика исти како оние кои во целост изгореа за неколку минути во Тетово, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.„Она што е исклучитело важно, за општина Бутел е еден проектот кој што е носечки и исклучително важен и кој што актуелниот градоначалник не го реализираше, а тоа е поликлиника во Бутел. Тој им понуди на граѓаните монтажни објекти, контењети, налик на трафики, истите оние објекти каде што имаше голем пожар и несреѓа во Тетово и токму заради тоа ја одбегнува таа тема. Но јас морам да кажам дека тоа е една од клучните работи кои што бителчани ја бараат, бидејќи во 21 век немаат каде да се лекуваат“, истакна Костовски.Тој во дебатното соочивање со другите кандидати во телевизија Клан Македонија истакна дека, за решавање на овој проблем кој е суштински за бутелчани, затоа што во 21 век немаат каде да се лекуваат, уште од првиот дена на преземањето на функцијата градоначалник, на министерството за здравство ќе му ја понуди општинската зграда.Костовски порача дека нема како до сега да важи фразата, народот да се снаоѓа, туку народот со него ќе има каде да се лекува, а за општинската администрација ќе се најде соодветно место.„Јас ќе ја изградам веднаш, бидејќи, јас јавно кажав дека општинската зграда уште од првиот ден ќе ја отстапам и ќе ја понудам на министерството за здравство, тоа да биде поликлиника на граѓаните на општина Бутел, додека општинската администрација ќе се снајде соодветно. И додека до сега беше логиката нека се снајде народот, сега ќе се снајде општинската администрација, затоа што сметам дека најважно од се е да има простор каде тие да се лекуваат“, рече Костовски.Освен решавање на овој главен проблем, тој најави и изградба на нова полициска станица и дислокација на постоечката, но и изградба на противпожарен пункт и два нови паркови, наместо бетонизација која што градоначалникот ја демострираше.„Предвидувам веднаш да се изгради полициска станица и да се дислоцира ова акај што е постојната. Суштински важно и гарантираме дека ќе изградиме против пожарен пункт. И она што е многу битно, е што за разлика од господинот Смилевски, кој што веќе покажа на дело дека има намера да го бетонизира Бутел, со изградба на еден куп згради ние ќе понидиме два нови паркови“, истакна Костовски.Тој додаде дека актуелниот градоначалник иако во предизборната капмања ветуваше 15 носечки проекти за Бутел, за жал има 0% реализација на истите.

Скопје | пред 4 години

IMG_20211003_210526_063

И во Карпош, Данела кажа што ќе прави ако стане градоначалничка

За Карпош е важно да се реши квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле, порача денеска Данела Арсовска на средбата со граѓани во општината Карпош.Таа потенцираше дека потребни се брзи и сигурни решенија.„Достапен и ефикасен јавен превоз, брзи сообраќајници кои ги поврзуваат сите населби. Целосно ќе го уредиме кејот на Вардар од двете страни, ќе поставиме нови спортски содржини, патеки за трчање и велосипеди. Ќе изградиме отворени фитнес зони и вежбањето на отворено ќе биде достапно насекаде во Карпош. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките. Ќе ги исчистиме дивите депонии како онаа на излезот од Карпош и ќе ги направиме зелени оази. Мојата програма ме обврзува и на нови паркови и зелени површини, паркиралишта, сообраќајни решенија кои ќе значат лесен и брз пристап, запирање на дивата урбанизација, субвенции за велосипеди и електрични тротинети, нов паметен систем на функционирање на Скопје. Конечно ќе го разрешиме квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле“, изјави АрсовскаСпоред Арсовска граѓаните на Скопје на 17 октомври ќе одлучат дали ќе веруваат на стари неисполнети ветувања или на реални проекти кои гарантираат брзи резултати.

Скопје | пред 4 години

mickoski-miting-12

Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба, обвинува Мицкоски

Овие криминалци 4 години само ја пустошеа и пљачкаа Македонија. Ајде да зборуваме за 16 милијарди евра на граѓаните. Ајде да зборуваме за новиот долг, 4.500 евра го задолжија секое семејство. Што ветуваа, а што направија Се сеќавате на ветувањата за 500-600 километри автопат, тие не можеа со бела лента да го обојат веќе направениот автопат од владите на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост“, рече Мицкоски.

Скопје | пред 4 години

244191901_4509561325804600_8397118894359888040_n

Зафировски: Создаваме нова иднина-во Карпош ќе има нов пензионерски дом, нови гаражи, ќе се ревитализира спортската сала Партизан

Општина Карпош е формирана во 1976 година, иако и од пред тоа овој дел од нашиот главен град го носело името Карпош – во чест на Карпош војвода, водач на Селското востание од кривопаланечкиот и кумановскиот крај. Подоцна и Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија од Народно ослободителната борба. Чест на обајцата. Карпош е синоним за истрајност и сопствен идентитет во Македонија. И еве, години подоцна оваа општина со големо име, тоне во сивило, безидејност, хаотичност како ништо што прилега на името што го носи, рече Оливер Зафировски, кандидат за градончалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг.А, мојот Карпош, додаде тој, јас го гледам како модерна и современа општина без дупки на асфалтот, без диви депонии, како општина со нула толеранција кон урбаната мафија и во која конечно ќе се стави крај на малверзациите со дооформување на градежни парцели.„И затоа приоритет за мојот, за нашиот Карпош, е да биде без нови згради-хуманизација на просторот наместо постоечката бетонизација, како и ограничување на градежната инвазија на потегот од реката Вардар до врвот на Водно, односно запирање на сите постапки за издавање градежни дозволи, за подобра и поздрава животна средина за сите вас, со проект за уредување на двете страни од кејот на Вардар, од мостот Обединети нации до хотелот Александар Палас, целосно уредување на делот надвор од коритото на реката Лепенец“, рече Зафировски.Тој најави и нов пензионерски дом за грижа за повозрасните, бесплатен топол оброк до нивните домови и достава на лекови, како и отворање на народни кујни.„Со изградбата на зелениот пазар на крстосницата во Злокуќани ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните за да можат да пазарат во соодветни услови. Знаете дека сите од вас имаат проблем со недостаток на паркинг простор и хаос пред вашите домови. Заради тоа се предвидени нови еколошки монтажни катни гаражи и реконструкција на постојните подземни гаражи. Во следните четири години ќе бидам силно фокусиран кон развојот на спортот и конечна ревитализација на спортската сала од моето детство Партизан и уредување на просторот околу неа“, кажа Зафировски.Зафировски укажа дека негова најголема желба е со поддршка на граѓаните да започне да се создава нова иднина преку промени, проекти, до победи.

Скопје | пред 4 години

244407967_2635096066637214_4985597124160080646_n

Филипче: Со изградба на Клинички центар Ѓорче Петров ќе добие можност за дополнителен развој

Потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната промоција на кандидатот за градоначалник за општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата истакна владата предводена од СДСМ изминатите години ги раздолжи презадолжените општини и инвестираше 500 милиони евра во проекти, кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните.Но оваа општина, општината Ѓорче Петров е посебна, таа ќе добие можност за дополнителен развој и значаен придонес за подобар и поквалитетен живот, со изградбата на новиот Клинички центар, порача Филипче.Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, благодарение на визионерството на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, истакна Филипче, додавајќи дека овој проект ќе биде реализиран колку и да се обидува ВМРО ДПМНЕ да го кочи.Тој порача дека нема иднина со луѓето што прават блокади, нема иднина со ВМРО-ДПМНЕ, нема иднина со луѓето што лекарите ги нарекуваат убијци, нема иднина со антиваксери и ксенофоби.Знам дека вие граѓаните на 17 октомври ќе го заокружите бројот 12 за вашата иднина, за иднината на вашите, нашите следни поколенија тука во државата, не во странство, за развиени просперитетни општини, населби и градови, за европска Северна Македонија, за Наумоски, за развиена општина Ѓорче Петров, повика потпретседателот на СДСМ Венко Филипче.

Скопје | пред 4 години

IMG_20211003_192825_353

Граѓаните на Кисела Вода побараа од Арсовска решавање на урбанистичкиот хаос, тврди преку соопштение

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска денеска при посета на скопската општина Кисела Вода разговараше со граѓаните за проектите од изборната програма предвидени за нивната општина.За жителите на Кисела Вода, голем проблем е прекумерната градба на нови згради со што им се окупира животниот простор, се намалуваат зелените површини, а и се намалува капацитетот на паркинзи.Арсовска во директен разговор со нив ги претстави проектите од својата изборна програма кои се изградени токму врз основа на овие проблеми, како создавање на еден од 5те мега паркови токму во Кисела Вода, повеќе монтажни паркинзи со што значително ќе се реши проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и на тротоарите, поврзување на Кисела Вода со велосипедска патека, чистење на дивите депонии низ целата општина како и изградба на директна патна поврзаност со Аеродром.

Македонија | пред 4 години

mickoski-123r75

Мицкоски до кумановци: Дали живеете подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено?

„Прашањето кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што денеска наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, ги запраша граѓаните Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.Мицкоски додаде дека тој е убеден дека 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Тони Михајловски, ќе го изберат бројот 7, за тоа што кумановци овој пат се решени за промени, решени се за проекти и решени се за победи. Време е да се создаде нова подобра иднина за Куманово.„Граѓани вие најдобро знаете дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Доста е од овие политичари, нам ни треба нова иднина. Овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре. Многумина деновиве ми го поставуваат прашањето што е за тебе Христијан победа. Ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е за мене победа. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, победа е кога грешиме, ќе се извиниме, ќе се корегираме, и ќе продолжиме понатаму. Победа е да се почитуваме и тогаш кога сме различни, победа е да создадеме вредности, принципи, да има одговорност кога треба“, нагласи Мицкоски.Мицкоски посочи дека победа исто така е кога треба да се создава, да се работи, и да се оди напред. Победа е кога се има исти цели, а целта е Македонија да влезе во ЕУ, децата да го живеат европскиот сон и да имаат квалитетно образование.

Македонија | пред 4 години

w_56097563

Мал број тестирани донесе мал број новозаразени, 10 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.636 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 93, Куманово – 25, Прилеп – 13, Битола – 12, Кратово – 7, Кавадарци и Демир Хисар – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Велес, Охрид, Струга и Свети Николе – по 3, Струмица, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Кочани, Ресен и Радовиш – по 1 .Регистрирани сe 293 оздравени пациенти од: Скопје – 138 , Куманово – 23, Штип – 19, Битола – 15, Кавадарци – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 11, Кочани – 9, Прилеп – 8, Велес и Кичево – по 7, Ресен – 6, Гевгелија и Берово – по 4, Радовиш и Гостивар - по 3, Кратово, Неготино и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Струмица, Валандово и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 2 починати лица од Скопје ( 78г, и 83г), по едно починато лице од Штип (56г), Кавадарци (81г), Кичево (76г), Прилеп (52г), Крива Паланка (76г), Кочани (83г), Охрид (63г) и Струга (78г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.Направени се 2.636 тестови преку: ИЈЗ-38, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово–33, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-131, Биотек-152, Систина-46, лабораторија Лаор-156, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа-12, Никоб лаб-291, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-28, Ројал Медика –18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.341.Досега во земјата се направени вкупно 1.299.826 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.478 бројката на оздравени пациенти е 173.625, на починати е 6.704, а бројот на активни случаи изнесува 12.149.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 83810, Активни 5563Куманово 11500, Активни 1018Тетово 10829, Активни 910Прилеп 9083, Активни 313Гостивар 7958, Активни 454Битола 7112, Активни 265Велес 6266, Активни 352Охрид 5982, Активни 585Кавадарци 5948, Активни 231Струмица 5745, Активни 274Штип 5753, Активни 232Кичево 3984, Активни 409Струга 3793, Активни 382Кочани 3278, Активни 165Гевгелија 2421, Активни 88Неготино 2319, Активни 37Свети Николе 1902, Активни 110Ресен 1538, Активни 82Радовиш 1525, Активни 89Дебар 1449, Активни 107Крива Паланка 1441, Активни 95Берово 1209, Активни 21Делчево 1124, Активни 69Виница 1035, Активни 51Пробиштип 916, Активни 34Валандово 819, Активни 24Кратово 577, Активни 61Богданци 551, Активни 17Крушево 529, Активни 22Македонски Брод 472, Активни 29Демир Хисар 445, Активни 30Демир Капија 411, Активни 5Пехчево 313, Активни 3Македонска Каменица 301, Активни 21Дојран 140, Активни 1

пред 4 години

A.Filipovski-03.10.2021-god.-press

Филиповски знае што да прави со проблемот кој го имаат аеродромци со загадувањето

„Во Долно Лисиче претстои подобрување на основната инфраструктура: водоводна мрежа на улица „12“, обнова на улица „2“, како и ново улично јавно осветлување“, ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, во денешната изјава за медиуми.По она што може да се забележи на терен, инфраструктурата во оваа населба е дотраена и реални се потребите за нови инфраструктурни зафати на сообраќајниците, водоводната и канализационата мрежа.Филиповски рече дека ќе се заложи и за изградба на спортската сала во подрачното училиште „Гоце Делчев“. Во делот на уредувањето на јавните простори, ќе се пристапи и кон нивно раззеленување, како и реконструкција на спортските игралишта.- Потребата од реорганизација на комуналните служби е воочлива и во Долно Лисиче. Затоа и тука ќе го подигнеме нивото на јавна хигиена. Преземаме одговорност за почисти улици и јавни површини, напомена кандидатот за градоначалник.Во овој дел од Аеродром очигледен е и проблемот со аерозагадување. Од таа причина, за жителите предвидени се субвенции за набавка на печки за греење на еколошки горива. На овој начин, домаќинствата ќе добијат поддршка за да ги променат своите грејни тела, да имаат пониски трошоци, но и да придонесеме кон помало аерозагадување.Кандидатот Филиповски и кандидатите за советници денеска ќе имаат и повеќе средби со граѓани во Долно Лисиче. Тие ќе организираат и еко – акција за засадување на нови дрвја во овој дел од општината.

Скопје | пред 4 години

244438598_440270590858521_7164836316758237786_n

Кандидат во Свети Николе мета на потсмев, откако најави парк со слика од „Гугл“

Кнадидатот за градоначалник на Свети Николе, Сашо Велковски од СДСМ на својот фејсбук профил објавил фотографија како би изгледал паркот кој тој планира да го изгради во општината."Изградба на нов модерен градски парк! Почитувани сограѓани развојот продолжува Ги имаме најдобрите проекти за нашата општина. За нашето Свети Николе. Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ Каква ни е општината, таков ни е животот Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот. Во Свети Николе ќе обезбедиме и развој и подобар живот со изградбата на новиот градски парк! Потегот на Новиот градски парк во изминатиот период го изгуби своето значење како парк во вистинска смисла на зборот. Затоа е потребно негово уредување со нови спортски содржини и поставување на урбана опрема. Изградба на нови пешачки патеки, трим патека, фитнес зона, мултифункционално спортско игралиште, поставување на урбана опрема и осветлување со цел добивање на нов лик и намена на просторот. Во исто време предвидено е истиот простор да биде збогатен со нови садници на дрва и хортикултурно среден. Истиот ќе биде наменет за сите категории на граѓани со што конечно овој дел од Свети Николе да биде вистинско место за уживање и рекреација. На истиот потег се наоѓа и црквата 'Свети Лидија' и можноста за привлекување на туристи кои ќе уживаат во овој дел од градот кој ќе биде значаен за нас", стои во описот на фотографијата“, напиша тој.Но на социјалните мрежи веднаш го провалија, па испадна фотографијата е преземена од парк кој треба да се изгради во Холандија."- Пиши таму и дека градски парк ќе направам!- Ама шефе немаме никаков план за тоа, што ќе ставиме...- Деее, напиши на google - park green trees lovely и првата фотка што ќе ти излезе стави ја како да е наша. И лого не заборавај.- Во ред, шефе, еве една гледам, фино личи парков...", е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари | пред 4 години

DarkoKostovski03102021

Костовски го испрати во историја противкандидатот од Бутел

,,Велимир Смилевски за неколку дена ќе стане историја. За жал темната страна на историјата, затоа што е најнеспособниот градоначалник досега во Бутел.” – ова денес го истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски.Костовски рече дека Смилевски секојдневно ја губи поддршката кај Македонците и Албанците, Турците, Власите итн и токму поради тоа се наоѓа во паника и се занимава со ширење на лажни информации кои потоа ги пласира во јавноста.,,Пред неколку дена Смилевски објави дека огранокот на политичката партија Алтернатива се приклучил кон него, за да само еден час потоа официјалниот претставник на Алтернатива го демантираше тоа. Деновиве и монтира одредени видеа со кои што сака да сее меѓуетничка нетрпеливост и верувајте дека тоа нема да му помине, затоа што бутелчани се мудри.” – рече Костовски.Тој му порача на неговиот противкандидат од СДСМ Велимир Смилевски кога веќе ништо не направил за општината и жителите, барем да не им наштетува и да не го загрозува нивниот мирен соживот затоа што ниту тој, ниту пак неговите деца живеат на територијата на општина Бутел.

пред 4 години

Nikoloski-PRESS-2512-2

Николоски: Со Велимир во Бутел и Петре во Скопје, Македонија не може да почне преговори, проблем не е блокадата од Бугарија

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при изјавата во Бутел посочи дека со Велимир во Бутел и Петре во Скопје Македонија не може да почне преговори, проблем за Македонија не е блокадата од Бугарија, туку криминалот и корупцијата.„Би сакал да информирам пред овој самит ќе се случи и самит на Европската народна партија. Европската народна партија е најголема партија во Европа и овој самит секогаш традиционално се случува пред почетокот на официјалниот самит. Таму ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски на која што ќе се сретне со европските лидери и ќе разговара за европските интеграции на Македонија. Наша желба е Македонија да стане членка на ЕУ“, истакна Николоски.Николоски додаде дека Македонија поради неспособноста на СДСМ и поради криминалот и корупцијата што владее се наоѓа на 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“.„Мора да ја погледнеме реалноста со Велимир во Бутел, со Петре во Скопје Македонија ниту членка на ЕУ ќе стане, ниту преговори ќе почне. Затоа што оваа корупција што цвета на локално и на централно ниво сите ја гледаат“, нагласи Николоски.Николоски посочи дека за Македонија проблем не е ниту методологијата на Франција како што власта убедуваше, не е проблем ниту блокадата од Бугарија. ЕУ ако мисли дека Македонија треба да ги започне преговорите со Македонија за еден ден ќе се заврши работата со Бугарија. Единствениот проблем Македонија што не добива датум за преговори е криминалот и корупцијата на власта.„Никој не сака да седне на маса со корумпиран политичар. И никој не сака да преговара со корумпирана политичка елита. И затоа народот прво треба да ги казни на 17-ти и на 31 октомври, да се промени Владата и после тоа да почнеме преговори, а и да Македонија стане членка на ЕУ“, рече Николоски.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-nikolovski-nikoloski

Николоски: Шилегов финансира проекти со кои се руши македонското семејство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на општина Бутел говорејќи за скандалот со извидничкиот одред истакна дека Петре Шилегов финансира проекти со кои се руши македонското семејство и дека се тоа е дел од агенда за уништување на македонските традиционални вредности и затоа бегаат од одговорност.- Ќе има одговорност и ќе го повикаме на одговорност Петре Шилегов да каже зошто давал пари на здруженија на извидници кои што ги сквернават нашите деца кои што им ги уништуваат животите. Зошто давал пари да се нарушуваат семејните вредности , дали нивната цел е да го уништат традиционалното семејство во Македонија и да ги уништат децата, вели Николоски.Николоски истакна дека Шилегов нема релевантен одговор се уште до ден денешен и не бара ни да се вратат парите затоа што и тој е дел од агендата .- До денес не даде релевантен одговор. Ако навистина нема врска со целата работа зошто не побара да се вратат парите и да одговараат тие кои го направиле тоа. Нема да побара затоа што тоа е дел од една агенда за уништување на македонското семејство, потенцираше Николоски.

Македонија | пред 4 години

2Nikoloski

Николоски од Бутел: Велимир Смилевски целосно ја уништува општината, а за себе си гради нова хациенда со базен

За општината не градат ништо, но за себе градат многу. И ако Петре Шилегов си ја реконструира и си ја надградува семејната зграда во ек на избори, Велимир од Бутел си гради нова хациенда со базен среде избори. Значи за себе градат нелегални згради и хациенди, а за народот не градат ништо, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната средба во општина Бутел заедно со кандидатот за градоначалник Дарко Костовски.Николоски потенцираше дека во очај на пораз Смилевски преку лажни портали потпомогнати од ДУИ се служат со одредени местенки и монтажи за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Костовски, нагласувајќи дека за ова ќе има одговорност по победата на 17-ти октомври на кои ќе се случат промени.За да можат тоа да го прават мора да соработуваат со мафијата и во овој момент се жртви на мафијата. Гледајќи го очајот и поразот што ќе им се случи уште во првиот круг во општина Бутел одат со монтировски, местенки и очај преку лажни портали. За жал во тоа им помагаат и одредени структури на ДУИ кои што да ги потсетам исто така се дел од мафијата и кои што заеднички ќе одговараат после 17ти октомври, затоа што во Македонија ќе се случат промени не само на локално туку и на централно ниво, истакна потпретседателот Николоски.

Скопје | пред 4 години

ana-petrovska-4

Скопје е пред крстопат, велат од Зелен Хуман град, потенцирајќи дека ГУП не смејат да носат корумпирани политичари

На заедничка прес-конференција со независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, носителката на листата, Драгана Велковска, рече дека Скопје е пред крстопат бидејќи во претстојниот мандат ќе се нови новиот Генерално урбанистички план (ГУП).-Скопје е пред крстопат, со носењето на Генералниот урбанистички план (ГУП) во претстојниот мандат ние ќе знаеме дали ќе имаме или ќе немаме град и тоа не смее да се носи во раце на корумпирани политичари, во раце на луѓе кои досега докажаа дека немаат интерес да го штитат јавниот интерес. Затоа мораме во Советот да внесеме што повеќе луѓе кои со својот минат, долгогодишен активизам, во најголем дел волонтерски, докажале дека тие се всушност единствените кои се грижат за доброто на овој град и на скопјани. Не може таквите луѓе да останат надвор од институциите. Ние досега бевме институции во сенка, им ја вршевме работата на оние кои ги бираа клиентелистички, на оние кои добиваа места во советите и во институциите преку гласови кои беа уценувани и тоа мора да прекине, изјави Велковска.Таа побара поддршка од скопјани за, како што рече, да се излезе од 30-годишното малтретирање и независни луѓе кои не се диригирани од центрите да моќ да можат да работат за заедничко добро.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ и Данела без идеја и став, за Скопје нудат веќе реализирани проекти на Шилегов, вели Кузеска

„ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека немаат ниту идеја, ниту став, ниту пак своја програма. Мицкоски зборува за враќање на парите кон граѓаните, а СДСМ веќе четири години со конкретни мерки ги враќа парите кај граѓаните. И ова е само еден од примерите - ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски немаше храброст да понуди кандидат од своите редови ниту за општина Центар, ниту за Град Скопје. Знаат однапред дека се губитници, зошто нивните најголеми досигнувања и истовремено најпогрешни инвестиции беа во проектот „Скопје 2014“ токму во центарот на Скопје! Скопјани многу добро знаат дека криминалните инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ го уништија зеленилото во центарот на Скопје, криминалните урбанистички планови го бетонизираа главниот град, а трагите од криминалното узурпирање на Водно се видливи за секој што има очи да ги види“, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.Таа додава:„Сега, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им ги замачка очите на Скопјани со понуда од „независна“ кандидатка „За модерно Скопје“, но залудно. Тие до толку се безидејни што преку кандидатката која ја поддржуваат, нудат програма со веќе реализирани проекти. Еве неколку примери - Ветувањето на Данела Арсовска за „продолжување на булевар Борис Трајковски до Драчево“ веќе се реализира Ветувањето за „отпочнување на изградба на булеварот Хрватска“ исто така се реализира - завршена е градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. Ветувањето за „продолжување на булевар Словенија“, за што градот Скопје веќе ги отворил понудите.Во програмата ветен е проект за решавање на сообраќајниот хаос кај „Мавровка“, а веќе се работи студијата за овој проект во Град Скопје. Се ветува проширување и реконструкција на булеварот Цветан Димов за што веќе се води постапка од град Скопје, како дел од проектот за Брз автобуски превоз. Бе Ер Те Се ветува изградба на Јужен Коридор, со подземна сообраќајница, која веќе се гради и беше презентирана од градоначалникот Петре Шилегов Ветен е нов објект на Универзална Сала, која цело Скопје и државата знаат дека е во фаза на реконструкција мВетен е стратешки проект „Смарт Скопје“, а пред неколку дена веќе се промовираше проектот „Скопје Смарт Сити“, во соработка со Македонски ТелекомСе ветува „ најголемата централна пешачка зона во поширокиот европски регион“, отако истата е веќе презентирана од градоначалникот Петре Шилегов, со воведување на Бе еР Те Ветен е стратешки проект „Скопје град на велосипеди“, а Скопје е веќе препознаен како Велоград Ветено е уредување на коридорот долж реките Серава и Лепенец, за што веќе беше презентиран проект од страна на Град Скопје. Ветен е нов стратешки проект за нови автобуски линии и посебна лента за јавниот превоз, а град Скопје веќе влегува во имплементација на проектот за „Брз автобуски превоз“ за кој се обезбедени 70 милиони евра. Друго ветување на кандидатката поддржана од ВМРО ДПМНЕ е дека „Град Скопје ќе спроведува низа активности за добивање статус - Скопје европски град на културата за 2028 година“, што веќе се спроведува Се ветува изработка на нов ГУП за Скопје, што веќе се прави.“Како што гледате, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска немаат што ново да им понудат на Скопјани, освен минхаузеновски проекти за бесплатен јавен превоз со 250 електрични автобуси што како ветување може да се спореди само популистизмот на Груевски преку Субрата Рој. Скопјани знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има една единствена програма од која никогаш нема да отстапат - Тоа е програмата „За барокно Скопје“. ВМРО ДПМНЕ немаат намера да сопрат со узурпација на Водно, кое беше урбанистички уништено со градежни парцели за „згради-мади“, од страна на луѓе блиски до шефот на Мицкоски од Будимпешта. ВМРО ДПМНЕ не се менува кого и да поддржува! Затоа и за овие локални избори ќе чека уште еден пораз, бидејќи граѓаните знаат са препознаат празни и лажни ветувања, украдени програми и популизам“.

Скопје | пред 4 години

pale-ina

„Девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва, осудете го девојчето најблаго што може“, лавина реакции за слобода на Пале

Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.Со свој став, а во поддршка на велешанката која била жртва на семејно насилство, се јави и Ина многуфина.„Пале, девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва на семејно насилство и жртва на нефункционалниот систем. Доколку судијата, тој истиот два пати што го суди и го води неосудуван, го осудеше, можеби ќе одеше во затвор. Можеби така веќе и немаше да работи во полиција, можеби, можеби... Мажот, кој евидентно бил насилник, имал целосно право да се чувствува недопирлив, не го судат, не го апсат. Да беше во затвор како што требало да биде, ќе се избегнеше оваа трагедија. Сега, останува да следиме како судот ќе пресуди. Појако треба да се казнат тие што не го заштитиле општеството од насилници врз жени. Условно го пуштиле дека давел жена. Оној од клиника исто условно дека давел жена и и ја трескал главата од ѕид. Па до кога насилниците ќе одат условно? Додека не се осетат семоќни? Мислам ок, давеле жени, голема работа...пушти го да си работи у полиција, некад на жена ќе и треба заштита од некого, он може ќе биде на смена. Осудете го девојчето најблаго што може, животот е пред неа. Нека почне да си го живее“, напиша таа.

Коментари | пред 4 години

DSC_0263

(ВИДЕО) Казните и поставувањето на полиција на секој чекор даваат резултати: За 73 отсто намален бројот на жртви во сообраќајот

Сектор за односи со јавност и протоколЗа 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, продолжуваат засилените контроли (ВИДЕО)За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.„Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Задоволни сме бидејќи е намален бројот на сообраќајни незгоди и неколкукратно е намален бројот на загинати лица во сообраќајни, а ќе бидеме целосно задоволни кога бројот на загинати лица во сообраќајните незгоди ќе биде нула. РСБСП продолжува со планираните активности. Во септември започна учебната година, а со тоа започна и кампањата „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.Затоа РСБСП апелира до возачите: „Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки“. Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Во тек е и кампањата „Безбедно возење со трактор“. Возачите на трактори и други работни машини за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни и регистрирани возила“, рече Кожуваровска.Портпаролот на МВР им се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта, но и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за побезбедни патишта.„За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите девет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.„Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 368 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, а синоќа санкционирани се и 141 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

Sequence-05.00_18_26_20.Still004

ВИДЕО: Матка е магнет за туристи, но и скопјани кои ги избегнуваа гужвите од маратонот

Матка и во есен е преполна со туристи. Воглавно странци, кои кога ќе дојдат во Скопје, прво одат да го посетат кањонот. Сончевото време дополнително ги стимулираше скопјани да го искористат денот за шетање. Единствен проблем е паркингот, особено што скоро сите посетители сакаат со возилата да пристигнат до последната точка каде што е можно, за да не одат пеш.Денеска тие што сакаа да ги избегнат гужвите низ градот поради посебниот режим на сообраќај поради маратонот, отидоа на десетина километри настрана, каде беше многу помирно, далеку од градските гужви.Кањон Матка e кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми. Тоа се десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.Нѐ случајно кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.

Скопје | пред 4 години

51544353442_4eb8979ea9_c

ВИДЕО: Заев и Хоџа на пошумување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска учествуваше во засадувањето со садници како дел од вонредната програма на Јавното претпријатие „Национални шуми“ која има за цел да ги санира штетите од пожарите ова лето, како и дополнително да ги зазелени голините на планините утврдени како редовна активност за пошумување.На настанот во атарот на село Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа програма.„Со интензивното спроведување на програмата за пошумување ќе ги обновиме зелените површини, а со тоа ќе се допринесе и за подобрување на состојбата на земјиштето, за намалување или сопирање на ерозивните процеси. Владата ќе го следи активно овој процес и во секој момент, доколку се покаже за потребно, ќе учествува во дополнување на програмата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ за посеопфатна и целосно успешна реализација на пошумувањето“, нагласи премиерот Заев.Заев додаде дека ова е почеток на исполнување на нашата обврска и грижа за поддршка на процесите на пошумување на обесшумените површини и за зголемувањето на зелените површини кои се од огромно значење за зачувување на биодиверзитетот, за здравјето на населението, и за ублажување на ерозивните процеси и поплавите.„Оваа програма е нашиот потребен придонес за заштитата и за иднината на нашата животна средина со сите потребни еколошки параметри. Есента е најдобар период за пошумување за засадување на дрвца и сакам да апелирам до секој граѓанин што може да си дозволи да засади дрво и да даде придонес во здрава животна средина“, потенцираше претседателот на Владата Зоран Заев на настанот по повод стартот на сезоната на пошумување.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа истакна дека министерството го следи европскиот тренд кој е насочен кон еколошки мерки, користење на енергија од обновливи извори и рационално користење на природните ресурси како и нивно континуирано обновување.„Грижата за шумскиот фонд, одгледувањето и рационалното користење, спречувањето на дивата и непланска сеча на шумите, обезбедува нивно трајно зачувување во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина. Со денешниот симболичен почеток на пошумувањето овде во село Теново, означуваме почеток на сезоната на пошумување. Во периодот кој следи, ќе се пошумуваат и други локации согласно планот кој Национални шуми го изготвија во соработката со Владата“, посочи во својата изјава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.Директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова во својата изјава истакна дека садниците за пошумување се од домашно производство и ги исполнуваат потребните стандарди за успешно пошумување со цел обновување на овој наш важен природен ресурс, на сите површини кои во минатото биле деградирани, опожарени или зафатени со процесите на ерозија.

Македонија | пред 4 години

soobra

Малолетник направил сообраќајка на патот Охрид-Кичево, пренесен во болница со тешки повреди

На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот.Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта,општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања