Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

139c1317-0697-421c-932e-aea205d6038e

ЕУ мора да забрани реклама на нафта и гас

Европските влади мора да го забранат рекламирањето на нафта и гас од производителите, бидејќи нивните производи се штетни како цигарите и тутунот, апелираат еколошките групи предводени од „Гринпис“.„Европската Унија веќе воведе директива со која се забранува рекламирањето на производите од тутун. Време е да се усвои слична директива за секторот за фосилни горива со цел да се заштити здравјето на планетата и нашата иднина“, се вели во соопштението на „Гринпис“ објавено пред климатскиот самит на Обединетите нации.Иницијативата е поддржана од преку 20 еколошки здруженија.

Македонија | пред 4 години

mvr-1

МВР разби криминална група

На 03.10.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР Кичево, во координација со СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, ги лишија од слобода Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка.Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Филипче: 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат опфатени во престојниот скрининг

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање. – изјави денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Македонија | пред 4 години

sudar

Тешко повредена 19-годишна девојка во судир на автомобил и мопед

Деветнаесетгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се слиучила вчера на крстосницата од ул. Јоска Јорданоски со ул. Цане Илиоски во Прилеп, помеѓу „ауди“ и мопед.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, М.Н.(19) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 4 години

zaev-z-9

Заев и Нуредини промовираа нови екоправила

Од 1 декември стапува во сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпадОд 1 декември стапуваат во сила забрани за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон…Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во Владата, а откако регулативата неодамна беше „комплетирана“ во Собранието.Нуредини рече дека со донесувањето на новите закони се овозможува премин кон циркуларна економија, како еден од стандардите на европската економија, а во насока на намалување на негативните ефекти на животната средина.извор 360stepeni.mk

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2021 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2021 година.Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, за корисниците кои не користат картички исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:– 4.10.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ– 5.10.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Македонија | пред 4 години

zaev-pres-23-1024x641-1

Заев тврди дека се почитуваат протоколи на митинзите

Одговарајќи на новинарско прашање каде се полицијата и инспекторите на митинзите да ги казнат организаторите и граѓаните бидејќи се кршат протоколите, Премиерот Зоран Заев вели дека неговата партија СДСМ при организација на предизборните митинзи ги почитува ковид протоколите.„Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции да ви дадат одговор затоа што овде сум како премиер, не би сакал за партиски работи да одговарам. Столчињата на митинзите се разместени согласно протоколите, веројатно проблемот е тоа што дополнително луѓе доаѓаат од страните, кои не ја спазуваат неопходната одалеченост и целосното почитување на протоколите. Сите си ветивме дека ќе направиме сè, имајќи предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно, но ќе направиме сè за почитување на протоколите“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-boris-trajkovski-punkt

Нема веќе вакцинација во Борис Трајковски

Неофицијално пунктот е затворен поради намалениот интерес за имунизација, јавува Сител, но од Министерството за здравство објаснуваат дека причината е зошто просториите биле потребни за други активности.Пунктот беше отворен откако првата недела од август по најавата дека без една доза нема влез во угостителски објекти, молови или на настани пред скопските поликлиники имаше големи гужви за вакцинација. Во салата беа поставени 20 позиции за боцкање, се аплицираше вакцината од производителот Фајзер, а дневно се имунизираа и по 700-тини граѓани.Сите граѓани кои прва доза изминатите 3 недели примиле на ова место, за ревакцина можат одат во било која од поликлиниките во главниот град.

Скопје | пред 4 години

RK-OHrid-960x640-1

Трагедија: Загина 17-годишен ракометар на РК Охрид

Станува збор за 17-годишно момче кое настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ попладнево ја потврди трагичната вест.-Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш! ГРК Охрид.

Македонија | пред 4 години

2Naum-Stoilkovski

Нема трка за два милиони евра за една улица, вели Стоилковски за „Профитер“

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во заминување се уште молчи за наводите во аферата „Профитер“, или како се местат милионски тендери, така што фирмите изгледа немаат потреба од работа и се откажуваат од пари, а всушност тендерите се однапред договорени. Одиме понатаму со низата договори. По „Пастичарска“ и „Есенинова“, еве го и договорот за улица „Киро Глигоров“, онаа улица од Автокоманда до Ново Лисиче, продолжеток на булеварот „Србија“. Повторно милионски договор, 2 милиони евра. Договор од јули оваа година, сега пред избори. Проценета вредност: 117.586.000 Склучен договор: 110.400.000 денари или разликата е некои седум милиони денари за волкав зафат тоа е речиси ништо. И повторно иста фирма која без реална трка на аукција добива три милиони евра за „Пластичарска“, еве ја сега на истиот начин добива речиси 2 милиони евра“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Иста шема, неколку понуди, ама нема натпревар за земање на работата. Со едно намалување при електронската аукција, фирмата онаа со највисока првична понуда го зема тендерот. А, внатре повторно цени 3 пати повисоки од реалните. Ќе направам неколку споредби. - Ископ со утовар и транспорт, три пати поскап, од 163 на 475 денари за кубик. Правам споредба помеѓу два тендера на истата фирма. - Гребење на асфалт, од 51 на 142 денари за еден квадрат. - Тампонирање, од 484 денари на 1.140 денари за кубик. Тоа е два ипол пати поскапо. - Асфалтирање, од 47 денари на 114 денари. - Еве им ги омилените, рабниците за тротоари, цена по парче од метро, од 484 на 1.128 денари! Или два ипол пати поскапо. И така натаму и така натаму. Плаќа Град Скопје, нема трка меѓу фирми, профитерот си врти! Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери од 2,3,20 милиони евра, во време на криза? Во време кога немаат пари за обезбедување на плата за работниците. Шилегов нема објаснување како одеднаш цените на понудата се три пати повисоки, а никој не сака да ги намали? Шилегов нема објаснување како одеднаш фирми пријавени на тендер, оние кои што подготвиле документација, не учествуваат на лицитацијата за земање на работата? Шилегов нема објаснување како одеднаш по аукции за намалување на цената, во борбата за работа цените паѓале и до 50% од понудите, а сега одеднаш нема интереси и со само еден клик се зема тендер од 2, 3 или повеќе милиони евра. Шилегов нема објаснување како одеднаш договорите се исти како и нереалните проценки на Град Скопје? Шилегов нема објаснување како одеднаш за четири години го зголемува личниот имот за половина милион евра со плата од Град Скопје Нема полошо од СДСМ за Скопје нема полошо од Шилегов“, додаде тој.

Скопје | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Причината за пожарот ќе ја даде МВР, додека Обвинителството истражува кој е виновен

Премиерот Зоран Заев очекува во следните денови МВР први да излезат со детали за пожарот во тетовската модуларна болница во која изгореа 14 пациенти. Заев смета дека тоа нема да пречи на истрагата во Обвинителството. Засега нема информации од МВР дали и кога ќе ги објават деталите за причините за пожарот.„Јас не можам да дадам наредба, налог, напатствија на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот. Можам да побарам од МВР да го објават соопштат извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени“, рече Заев.Според Заев, по заминувањето на германските експерти, треба за две недели да стигне и нивниот извештај.

Македонија | пред 4 години

01102021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pretsedatelkata-na-Evropskiot-ekonomski-i-socijalen-komitet_4

Без големи очекувања од самитот на ЕУ, Заев чека само мотивациска порака

Мотивациска порака е очекувањето на премиерот Зоран Заев од самитот на Европската Унија за Западен Балкан. Заев повтори дека на овој настан не се носат одлуки за отпочнување преговори или отворање на поглавја.„Од ЕУ самитот за Западен Балкан е јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ и дека за тоа ЕУ е подготвена согласно сите чекори. На овој самит нема одлуки за отворање на поглавја, затворања на поглавја, одлуки за кандидатски статус. За нас очекувањето е силната порака, која ја очекува од ЕУ преку лидерите, ќе ја испратат до Западен Балкан како силна порака за вложување на максимален фокус за интеграциите на Западен Балкан кон ЕУ“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-micko

Има ли договор меѓу партиите да се мочи за кршењето на протоколите, Заев смета дека се внимава

Премиерот Зоран Заев тврди дека нема договор меѓу партиите да се премолчува кршењето на протоколите за време на митинзите. Никој досега не бара сертификати за присуство на митинзите, иако тоа е предвидено. Заев не сакаше да коментира. Тој побара новинарите да бараат одговори од институциите, а тие молчат.„Јас ќе апелирам за да се обратите до соодветните институции за да ви дадат соодветен одговор. Јас сум овде претседател на Влада, не сакам да одговарам за партиски работи, освен што ќе кажам, се гледа распоредот на столчињата како се изместени согласно протоколите, а секако проблемот е тоа што дополнително луѓе од страна кои доаѓаат, не ја пазат неопходната оддалеченост. Нема договори, сите ветивме дека ќе направиме се за да се почитуваат протоколите кои се донесени, имајќи во предвид дека граѓаните доаѓаат на митинзите.“, рече Заев на прашањето што прави полицијата за кршење на протоколите.

Македонија | пред 4 години

sdsm

СДСМ смета дека само нивните кандидати се најдобри и можат да ги развијат општините

„Развиени општини носат силна економија дома – тоа го може само СДСМ со Најдоброто. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, со ефикасни мерки ја продолжува вистинската и навремена грижа за граѓаните и развојот на локалната економија. За нас, како социјалдемократска партија, локалната економија е двигател на животот, особено кога е насочена во ист правец како и државната. Нашите кандидати за градоначалници кои го носат најдоброто, чесно и домаќински ќе располагаат со средствата на општините, парите мора да се трошат за граѓаните, транспарентно и отчетно. Со одговорните економски политики на СДСМ, јавно приватните партнерства, инвеститорите ги носиме во секој град, партнерски инвестираме, бидејќи новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали“, соопштува СДСМ.„Благодарение на Владата предводена од СДСМ имаме раздолжени општини, општините кои тонеа во долгови добија 50 милиони евра, што им овозможија да се посветат на проекти и планови за развој на локалната самоуправа. Сега е полесно, економијата е развојна, силна и носи шанса за сите. И не застануваме тука. СДСМ креира и реализира успешни политики и во делот на зелената економија преку енергетско економските капацитети, како и во делот на малите бизниси. Од отпад правиме струја, ги користиме сонцето и ветерот за развој на локална зелена економија со што го решаваме деценискиот проблем со депонии во нашата земја и обезбедуваме почиста и поздрава животна средина. Малите бизниси се еден од столбовите на кои се потпира општината. Затоа, воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси - преку состаноци, анкети, фокус групи, конференции и електронска комуникација, постојано ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа - нашата локална економска приказна. На 17 октомври граѓаните одлучуваат дали ќе го изберат најдоброто кое носи силна економија во секоја општина или ќе изберат живот во заробени и задолжени општини која наместо раст покажува застој“, додава СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Шилегов воведува „паметен град“, за да граѓаните добијат 1,3 милиони евра годишно

Во тек е последната фаза од на проектот Скопје паметен град, кој започна во март годинава. Преку иновативна и напредна технологија, главниот град ќе добие поздрава животна средина, намалување на трошоците, подобри услуги и подобра комуникација со граѓаните, поголема безбедност, а со тоа и поквалитетен живот.Со употреба на технологијата за Теснопојасен интернет и со поддршка на Македонски Телеком, Град Скопје ќе добие платформа за која ќе ги има карактеристиките за управување со системот на паметен град. Со оваа платформа, ќе се управува систем на над 10.000 паметни светилки и систем за паметно осветлување, сензори за паметен паркинг, сензорни станици за следење на микроклиматските параметри, уреди за мерење на потрошувачката на вода, интерактивна мобилна апликација и паметни столбови за изградба на паметна мрежа.„Преку овој проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари. Со паметно осветлување, град Скопје заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија, кои ќе се пренаменат за директна финансиска поддршка на граѓаните од различни групи“ потенцираше Шилегов.Апликацијата „Мое Скопје” е клучен дел во „Скопје Смарт Сити“ и носи сосема ново ниво на интеракција и информирање.Во оваа фаза апликацијата ќе им понуди на граѓаните: информации од сферата на градскиот живот, настани, случувања и новости, анкети, пристап до апликациите и сервисите на градските институции и преглед на паркинзите на Град Скопје.Таа подоцна се надополнува со содржини за сообраќајот и јавниот превоз, а ќе може да се пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми. „Мое Скопје“ е иновативен, информативен и интерактивен канал за комуникација со граѓаните, кој преку постојани анкети и прашалници им овозможува на граѓаните да одлучуваат за градските прашања и да го насочуваат градот кон нивните приоритети.„Скопје е првиот град во државата кој го воведува овој револуционерен систем, кој преку употреба на технологијата и паметно користење на технолошките ресурси, ќе воведе иновативен начин на управување со градот и искористување на технологијата во насока на подобрување на условите за живот во главниот град“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.„Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери! Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет или на телефонот на граѓаните. Освен ова, секој граѓанин може да следи како градот работи, до каде е неговото барање, до каде е секоја постапка и сето тоа да му биде достапно во секое време на својот телефон“, додаде Шилегов.За подобрување на ефикасноста на платформата, дополнително се изработува и мобилна апликација, преку која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат платформите и ќе ја олесни нивната комуникација со градот.

Скопје | пред 4 години

DSC_0153

Се „лета“ низ Македонија: За еден ден, полицијата казни 374 возачи

Во текот на вчерашниот ден (03.10.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи.Од нив, 39 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 240 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

struja

Делови од Скопје остануваат без струја

Од ЕВН Македонија АД информира дека утре (вторник) се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:Во периодот од 12:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од ул.Востаничка, дел од ул.Св.наум Охридски,дел од ул.Баница ( општина К.Вода);Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од нас.лисиче, ул.Димитар Туриманџовски, нас.Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, дел од ТЦ Лисичеоколу маркет Елида .( општина Аеродром ),Во периодот од 07:30 до 15:30 часот, корисниците од село Миладиновци, Дељадровци, Текија, ТС Петља Аеродром, (улично осветлување на клучката Аеродром Петровец) ( општина Илинден и општина Петровец )Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од Бул.Кузман Јосифовски Питу, дел од ТЦ Скопјанка, Мезе Бар ( општина Аеродром )Во периодот од 07:00 до 11:00 часот, корисниците од ул.Иван Хаџиниколов, куќните броеви од 75-87 околу НЛБ Тутунска Банка( општина К.Вода )Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Долно Количани, с.Пагаруша, с.Вртекица, с.Рамни Габер( општина Студеничани ), дел ос с.матка (општина Сарај)Во периодот од 09:45 до 14:45 часот, корисниците од ул.Скупи -потрошувачите кај Ратко Митровиќ.( општина Карпош )Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од с.Шишево. ( општина Сарај )

Скопје | пред 4 години

joci-naumoski

Јоци до Наумоски: Изгради си кафана, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Наумоски, вчера со министерот Венко Филипче вети изградба на нов Клинички центар. На ова се огласи новинарката и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци. Таа му порача на Наумоски дека на 17 октомври ќе биде поразен, а ќе слави ВМРО-ДПМНЕ.„Саше, кметот на Ѓорче, ќе градел со Венко нов Клинички центар⁉️ Така рекол вечерва. Не заебаај, Саше! А, баш се прашувавме шо следно ќе градите откако Македонија слета на Уран со спејс шатлот на СДСМ викан ,,#живот" Негооо....прво една кафана изградете со Венка Ражњатович Веци, за да натопите солзи на 17-ти, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче. И за оние кои не се во тек. Саше го знам од средно, одевме во глумачки групи, му местев женски...а, во 2010 ме навреди и оттогаш не сакам да го видам. Сеа на 17-ти ќе го торпедирам кај жена му...да јаде посни сармички и поише да седи дома“, пишува Јоци.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Вирусот мутиран и влијае со стомачни проблеми, болниците во Србија се полни

Изминатите денови, голем број пациенти се најдоа во инфективните клиники каде се лекува ковид во Србија. Се повеќе од нив имаат симптоми на стомачен вирус, а подоцна, излегуваат и како нифицирани од вирусот. Д-р Александар Стојановиќ, директор на здравствениот дом и д-р Милутин Ивковиќ, во емисијата „Јутр“о на Првата телевизија објасни како пациентите со болки во стомакот излегуваат како позитивни на тестовите.- Вирусот повторно мутира. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, претежно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни проблеми - рече тој, додавајќи дека во последните 10 дена многу од нив го контактирале својот лекар за да се пожалат на проблеми со стомакот и дехидрација, и потоа да испаднат позитивни, па тие се движат од зелената зона во црвената.- Вирусот сега влијае и на стомачните проблеми. Мојот апел беше два дена сите пациенти кои чувствуваат какви било тешкотии да не чекаат два или три дена за да помине дома, туку да дојдат во здравствениот дом кој е прва линија на ковид -фронтот - рече тој, велејќи дека 90 проценти оние луѓе кои доаѓаат заразени со вирусот, се всушност невакцинирани граѓани.- Што се однесува до смртноста, 95% умираат невакцинирани. Ковид повторно ја покажува својата страна, ние се вртиме со бројка од околу 7.000 заразени луѓе, со просек од 50 мртви луѓе дневно и полни болници. Здравствениот систем е преоптоварен, а редиците се формираат веќе во седум часот наутро - рече тој, посочувајќи на проблемот со вакцинирање на лица помлади од 32 години, што е само 18 проценти.

пред 4 години

DSC_0052

(ВИДЕО) МВР не застанува со казнувањето: 102 казни само во Скопје, најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, осум за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

502E3D46-2A2D-4AF0-8D5F-2CE3ACD81532-1

„Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана“, се бара слобода за велешанката

Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Подоцна, се откри дека 23-годишната девојка била малтретирана и тепана, а тоа го пријавувала и во полиција. За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дека извршил семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.Веднаш по овој немил настан, на веб страницата петицијаонлајн беше објавена петиција со наслов „Слобода за Пале Иловска. 23 годишна девојка од Велес која борејќи се за здив во самоодбрана извршува убиство“.Дел од реакциите на јавноста:https://twitter.com/deadwronger/status/1444272769332649991https://twitter.com/tiktaknaradio/status/1443543050891010049https://twitter.com/TheFitzzz/status/1443673678571614209https://twitter.com/izrodoT/status/1443843871146979368https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1443859810253000713https://twitter.com/Mermaiid_ariel/status/1443867137840500746https://twitter.com/kvkriss/status/1443879700930220053https://twitter.com/IceBucks7/status/1444332754502656006https://twitter.com/jabandzija/status/1443488656384217095https://twitter.com/maxdestructionn/status/1443527011536982017https://twitter.com/katiestrummer/status/1443542480134328321https://twitter.com/Hedera_Genus/status/1443549787480068098https://twitter.com/bocesharba5/status/1443571964463837186https://twitter.com/izrodoT/status/1443843871146979368https://twitter.com/jabandzija/status/1443496276067241984 

Коментари | пред 4 години

1143A335-F5C1-4F85-8969-FCCABE117B39

Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани. И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани. Документите кои ги објавивме јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов. Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани. А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори“, додаваат оттаму.

Скопје | пред 4 години

soncevo-vreme-vremenska-ohrid-lugje-turisti

Ќе има заладување на времето

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.Денес и утре ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-22.17.43

ВИДЕО: Интервју со Гоце „вегета“

Интервју на кандидатот за градоначалник на Охрид, Гоце Цветковски познат како Гоце "вегета" во емисијата „Во Центар“.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211003_223303_484

Подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија, најдобрите денови за Скопје допрва доаѓаат, смета Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва на средба со граѓаните на Кисела Вода ја претстави својата изборна програма за модерно Скопје, истакнувајќи дека на Кисела Вода и на градот му се потребни решенија, а токму решенијата кои секојдневно ги дискутира со скопјани, ја градат нејзината визија за Скопје да прерасне во урбана, чиста, модерна европска метропола.„Во нашата програма имаме и конкретни решенија, кои во партнерство со вашиот градоначалник ќе ги реализираме за Кисела Вода Ќе го изградиме ЈУЖЕН КОРИДОР – што ќе значи брзо и ефикасно поврзување на Кисела Вода со Центар – преку подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија и на потегот кај Рампа, но и на крстосницата помеѓу улиците Павел Шатев и Јордан Мијалков. Брзо и лесно стигнување на сите жители на Кисела Вода до центарот на градот. И ќе ја поврземе Кисела Вода со Аеродром преку улицата Народни Херои, па се до 3та македонска бригада. Но, нема да го заборавам и булеварот Борис Трајковски – ќе го поврземе Драчево со Кисела Вода. Да, токму тој булевар кој последните 4 години беше заборавен и Градот Скопје не мрднуваше со прст, за сега пред избори да им текне да се сликаат дека нешто прават. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките. Се обврзувам и на нова противпожарна станица во општина Кисела Вода со капацитет за пет противпожарни возила”, потенцираше Арсовска.Арсовска ги повика граѓаните да ја поддржат нејзината програма за модерно Скопје, истакнувајќи дека после 17 октомври Скопје повторно ќе биде град на среќни луѓе, а градот ќе го менаџираат вистински професионалци.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања