Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-08-10-at-21.58.58

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија на 75-годишна возраст. Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена. Препознатлива по својот актерски физикус, вонредниот талент и работа посебни во секоја улога, таа создавала и создава редица ролји по кои ја препознава публиката. Посветеноста кон секоја ролја, без разлика од обемот на работа, естетската специфика при градењето на ликот, ефикасноста на совладување и на најтешките актерски задачи, создаваат од Сабина Ајрула актерка која ја сакаат и соработниците и публиката. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери.Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се:Олга („Чехов“);Гертруда („Хамлет“);Фатима („Солунски патрдии“);Лисијен („Болва во уво“);Костадинка („Јане Задрогаз“);Џеси („Добра ноќ мајко“);Лаура („Татко“);Лени („Злостори на срцето“) и други.Како гостин учествувала во проекти на Турската драма и на Драмата на МНТ.Освен на театарските сцени, активно партиципира во телевизиските и филмски продукции. Од позначајните треба да се евидентираат: Време без војна (игран филм, 1969), Итрата вдовица (ТВ филм, 1969), Ветер во кутивче кибрит (ТВ филм, 1970), Жед (игран филм, 1971), Јад (игран филм, 1975), Исправи се Делфина (игран филм,1977), Оловна бригада,(игран филм,1980), Време, води (игран филм, 1980), Црвениот коњ (игран филм, 1981), Јужна патека (игран филм, 1982), Полноќно сонце(краткометражен игран филм, 1982), Јазол (игран филм, 1985),Тетовирање (игран филм, 1991), Ангели на отпад (игран филм, 1995),Контакт (игран филм, 2005), Сенки (игран филм, 2007). Играла и во телевизиските серии Илинден (1982), На наш начин (1985), Солунски патрдии (1986), Трето доба (1987), Салон Хармони (1998). Освен во македонска, игра во телевизиски серијали и од турската продукција, како што е нејзиното учество во познатата серија Величенствениот (2011-2014).

Македонија | пред 4 години

angelov-1

Ангелов прво изрази сочуство, па сега не знае дали изгорела жената

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, на денешната прес-конференција информираше дека сè уште не е пронајдена жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане.-Немаме одговор дали жената е побегната, и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор, таа е единствена потенцијална жртва засега. Изразуваме сочувство до семејството за жената доколку е почината. Одвнатре се надеваме дека е жива и дека благовремено успеала да побегне од огнената стихија, рече Ангелов.Пред пет дена, Ангелов изрази сочувство за жената, прогласувајќи ја за „првата жртва од пожарите“ во Македонија.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Укинување на редарите во објектите, бараат угостителите со факти

Независната угостителска комора веднаш по објавувањето на одлуката од страна на Владата излезе со ставот дека истата е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема.„Со цел да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи на сите јавни објекти – угостителски објекти да бидат достапни подеднакво на сите граѓани, домашни и странски гости Комората достави барање до Владата за веднаш укинување на одлуката за задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти“, соопштија од Комората на угостители.Во барањата до Владата потенцираат дека угостителските објекти се јавни достапни подеднакво на сите граѓани, домашни и странски гости и поголемиот дел од истите немаат услови да вршат деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости.„Ниту т.н. нови редари, ниту  кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност или овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување  потврда за извршена имунизација, медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар нема право никој друг да врши проверка или прибирање на оваа информација ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба“, потсетуваат од Комората на угостители.Со оваа одлука, додаваат од таму, неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани.Тие бараат Владата веднаш да закаже седница со единствена точка на дневен ред со која ќе се укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани во угостителски објекти.

Македонија | пред 4 години

administracija

ВИДЕО: Поткуп на јавната администрација?

Иако локалните избори се распишани, а со тоа стартуваше забраната за вработувања и разновидни додатоци на плати и социјални исплати, една третина од буџетарите може да се надеваат на поголеми месечни примања. Тоа им го овозможува Владината уредба донесена во последен час, само ден пред закажувањето на изборите за 17-ти октомври. Антикорупциската комисија смета дека тоа е начин да се премости недостигот од системски закон за платите на буџетските корисници, но со оглед на тајмингот, може да се толкува и како предизборен поткуп, пишува Телма.За Ивановска е спорно и немањето доволно прецизни критериуми на кого, за колкав обем на работа и за какви посебни задачи му се доделуваат овие додатоци.Од Министерството за финансии се уште нема објаснување дали во Буџетот се предвидени средства за оваа намена и за колкава сума се работи.Повеќе Телма

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Драстичен пораст: 518 новозаразени, четири починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци - 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово –  по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар – 5, Тетово – 4, Струмица – 2, Битола – 1.Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.Направени се 5.809 тестови преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-114, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово–73, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-242, Биотек-241, Систина-90, лабораторија Лаор-622, Синлаб-79, Ремедика-17, Плодност–76, Генеа–8, Никоб лаб-830, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.805.Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 69649, Активни 832Куманово 9099, Активни 180Прилеп 8358, Активни 28Тетово 8026, Активни 662Битола 6387, Активни 69Велес 5494, Активни 18Гостивар 5501, Активни 294Кавадарци 5183, Активни 25Охрид 5072, Активни 51Штип 4980, Активни 15Струмица 4204, Активни 72Струга 3039, Активни 56Кочани 2822, Активни 26Кичево 2723, Активни 115Гевгелија 2199, Активни 2Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1530, Активни 3Ресен 1240, Активни 6Крива Паланка 1229, Активни 2Радовиш 1178, Активни 14Берово 1048, Активни 15Делчево 977, Активни 3Дебар 1008, Активни 54Виница 895, Активни 9Пробиштип 791, Активни 2Валандово 677, Активни 8Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 397, Активни 1Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 370, Активни 11Пехчево 278, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

06072021_Sednica-na-Vlada-2

Владата повторно ќе потроши 1.800.000 денари на тоалетна хартија

Пред пет дена е објавен тендер од страна на Службата за општи и заеднички работи на Владата , каде предмет на набавката е тоалетна хартија и брисачи за хартија, во вредност од 1.868.227 денари. Фирмата која го добила тендерот е „Минако”, претставувана од управител Анита Максимовска Радева, објави Антропол.Пред неколку месеци, одекна веста дека Собранието за набавка на тоалетна хартија потроши 1.331.500 денари, што за 44.000 парчиња значи дека Собранието плаќа по 30 денари за едно парче тоалетна хартија.

Македонија | пред 4 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Најавен протест поради новите мерки против корона

На 15-ти август во недела, во 19 часот пред Собрание е закажан пpoтecт против ковид пропусниците.Во најавата за протестот се потенцира дека истиот е народен, непартиски и се поканети сите граѓани на Република Македонија без разлика на верата и нацијата.-НА 15-ти август (недела) во Скопје, пред Собрание во 19 часот ќе се одржи ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАШИСТИЧКИТЕ КОВИД МЕРКИ (Напомена: протестот е народен, непартиски, без разлика на вера, политика, статус, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот) Жителите на сите градови кои немаат можност да присуствуваат во Скопје, пожелно е да самоорганизираат протести во своите градови), стои во најавата за протестот.Протестот доаѓа по најавата на владата дека од 16 август речиси никаде нема да може да се влегува без потврда за вакцина.

Скопје | пред 4 години

pozarna-kosel-pozar-sk

Старец подметнувал пожар на скопски гробишта

Вчера во 11.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(87) од Скопје, поради сомнение дека го предизвикал пожарот во близина на „Француски гробишта“ на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка.Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

guzva-vakciniranje

ВИДЕО: Уште тепачки што не започнале пред вакцинален пункт во Скопје, се чека со часови, граѓаните се дерат

Редици, турканици, расправање и дерење има пред вакциналниот пункт „Букурешт“ од утрово. Околу стотина возрасни и помлади граѓани, чекаат да бидат вакцинирани. Се чека со часови, објави А1он.мк.Повеќе, видео извор: А1он

Македонија | пред 4 години

vakcini-5

Уште невоведена, Владината мерка дава резулати? Зголемен бројот на вакцинирани

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани.Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смтрен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

kafana-i-brza-pomos

Смее ли некој да ви побара сертификат кога влегувате во угостителски објект?

Во држава во која нема функционален здравствен систем, во која луѓето се вакцинираат од донации и за третирање болести се собираат донации за лекување преку СМС-пораки, министерот за здравство ќе воведува редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, коментира на својот фејсбук-профил Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија.Оваа нејзина реакција доаѓа по одлуката на Владата од 16 август да се воведат редарски служби кои ќе ги проверуваат сертификатите за вакцинација на лицата што ќе учествуваат на настани каде што ќе има 30 гости.„Како ќе се воспостави редарска служба во правни лица кои ја немаат според систематизација и според кое овластување кој било што не е службено лице ќе легитимира за да утврди дали доказот за вакцинација кореспондира со лицето кое го приложува? Ова ја надмина по иновативност мерката да ве идентификуваат угостителите дали вие и лицата со кои седите на иста маса сте од исто семејство, која не можеше да се спроведе“, пишува Арсовска.На оваа најнова владина мерка реагираа и од Независната угостителска комора од каде велат дека е невозможно секој угостителски објект да организира редарска служба и дека на овој начин се тераат угостителите да ги кршат човековите права загарантирани со Уставот.

Коментари | пред 4 години

lugje-plostad-skopje

Колку пари му се потребни на четиричлено семејство за еден месец?

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари.Најмногу пари или 14.417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10.826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар. Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности./

Македонија | пред 4 години

svadba

Коронавирус: Заразени младоженци направиле свадба, дел од гостите на кислородна поддршка

Младоженци од Тетово направиле свадба иако двајцата, како и нивните семејства, биле позитивни на брзите ковид тестови.Лекарот Илчо Ефкоски во Фејсбук статус пишува дека зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура.Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека.„Не можам да верувам дека ПАЗИ ОВА - зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома непријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати. Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР. Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба. Иако многу вакви поединци не се сметаат себеси за антиваксери, нивната неактивност е одлука да не се заштитат себеси или своите семејства, но и останатите во заедницата, државата, пошироко. Преку неактивност ќе дозволат пак да се исполнат болнички кревети, да дозволат да просперираат нови варијанти, како и директно да ги загрозат здравствените работници, хронично болните или имуносупресирани луѓе околу нив. Поради вашата неактивност, вработените во здравството пак да го преживуваме хоророт? Не е фер, ама ич не е фер.Особено што вакцините се безбедни! Ова ви е гарантирано од сите! Само мал процент не смее да ги прими. И да, вакцините можеби нема да ги спасат сите луѓе на планетата од Ковид-19, но ќе спасат многу. Секако ќе намалат потреба од медицинска грижа и нега на болни лица по болниците. Можеби не се "ФФП3", но секако се "трослојна маска". И таа намалува ризик во одредени ситуации“, пишува тој.Додава дека вакцините не се лек за пандемијата, но тие сепак се дополнителна заштитна алатка.

Македонија | пред 4 години

kafic

Ни угостителите не знаат што со владините мерки

Ниту редар ниту било кој вработен во угостителски објект нема право да го идентификува гостинот дали е вакциниран или не, велат од Независната угостителска комора. Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август. Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.-Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакцинирано или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари вели министреот за економија Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани.

Македонија | пред 4 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Пронајден човечки труп во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ракотинци, скопско, бил пронајден човечки труп.Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Македонија | пред 4 години

panovski

И Пановски со лекција до Филипче и Владата за новите мерки против корона

Д-р Никола Пановски, во врска со мерките на Владата, на Филипче и на Комисијата за влез во ресторани или на настани каде има повеќе од 30 лица, ја истакнува нивата апсурдност велејќи дека ако денеска примите втора доза од било која вакцина, ќе добиете сертификат и ќе можете слободно да влезете било каде, но ако сте вакцинирани со Фајзер, имунитет ќе добиете по еден месец и половина, а ако сте вакцинирани со кинеска вакцина, имунитетот ќе го добиете дури по три месеци. Во меѓувреме, вие сте неззаштитетн исто као и невакцинирните.-Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате со прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е Фајзер. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат, вели Никола Пановски за Канал 5 коментирајќи ги мерките на Владата во врска со пандемијата.

Македонија | пред 4 години

korona5

Нови 143 заболени, двајца починаа од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија - по 1.Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.Направени се 3.101 тестови преку: ИЈЗ-23, ЦЈЗ Скопје-23, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово–8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-78, Биотек-90, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-603, ВФВ Медикал-23, Ели Медика-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.989.Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 69471, Активни 669Куманово 9065, Активни 152Прилеп 8354, Активни 24Тетово 7930, Активни 571Битола 6373, Активни 56Велес 5488, Активни 12Гостивар 5436, Активни 234Кавадарци 5176, Активни 18Охрид 5061, Активни 40Штип 4977, Активни 12Струмица 4193, Активни 63Струга 3019, Активни 36Кочани 2817, Активни 21Кичево 2693, Активни 85Гевгелија 2197, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1530, Активни 3Ресен 1238, Активни 4Крива Паланка 1228, Активни 1Радовиш 1176, Активни 12Берово 1044, Активни 11Дебар 998, Активни 45Делчево 975, Активни 1Виница 892, Активни 6Пробиштип 790, Активни 1Валандово 677, Активни 8Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 367, Активни 8Пехчево 276, Активни 5Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Dimsa-PRESS-1111-2

ВМРО-ДПМНЕ смета дека мерките против корона се репресирачки и заплашувачки

Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:„Зоран Заев и Венко Филипче повторно и повторно како и во текот на целата пандемија прават катастрофално погрешни чекори. Или со еден збор циркус Влада. На праг на четвртиот бран наместо да понудат решенија, тие репресираат и на сила и заплашувачки, дискриминаторски се однесуваат кон граѓаните. За СДСМ има само вакцинирани, а за живи не ги сметаат оние кои имаат створено антитела преку прележување на корона вирусот.Такви се над 200 илјади лица кои имаат прележано корона вирус, односно околу 150 илјади официјално и сигурно уште околу 50-тина илјади кои не се пријавени и сите тие имаат најголем дел развиено антитела. За Филипче и Заев овие луѓе не постојат, односно ги дискриминираат и по секоја цена сакаат да ги одвојат и жигосаат. Имунитет имаат и едните и другите, но за Филипче важни се само оние кои што се вакцинирани. Значи да сумираме, никој не е против вакцинирање, само мора да се излезе од насилната матрица на Владата на Зоран Заев, на Венко Филипче и оние кои што имаат стекнато имунитет преку прележување на болеста, да бидат исто третирани како и оние кои што се вакцинирани. Никој никому не смее да му оспори право на живеење и секојдневие ако има стекнато имунитет на едниот или другиот начин.Целта на сето ова кое што во моментов го спроведува Венко Филипче е да се плаши и репресира населението односно граѓаните пред претстојните локални избори. Да не беа изборите, за Зоран Заев и Венко Филипче се уште ќе важеше максимата ново нормално и дека ја победиле короната, како што неколку пати знаете до сега ја победуваат и никако да ја победат, секој нареден бран е посилен од претходниот. Власта покажува дека врши дискриминација и го репресира сопствениот народ само за да предизвика страв пред изборите и да ги исплаши граѓаните.Погрешната политика ја доведе Република Македонија уште од стартот на појава на корона високо на листите на починати или досега повеќе од 5.500 починати само во Република Македонија, а високо котира меѓу првите места и на светските ранг листи по бројот на починати. Заев и Филипче цело време се занимаваат со последици, а никако да превенираат од последиците. Ова што се случува денес е резултат на целосно игнорирање на проблемот со корона вирусот и многу задоцнета имунизација.Но, тоа е резултат од трката по провизии од набавка на вакцини. И наместо да се стави акцент на набавка на вакцини, се ставаше акцент на провизии од вакцини, за сега да репресираат и дискриминираат насилно. ВМРО-ДПМНЕ повторно апелира на вакцинација, но треба да се почитува и правото на избор, односно да не се дискриминира на еден или на друг начин, и да се почитува правото на избор на оние различните, на оние кои мислат поинаку од останатите, односно кои што мислат поинаку од Владата. Исто така мора да се почитуваат и оние кои имаат имунитет и антитела, а не се вакцинирани. Борбата со короната не се води со плашење на сопствениот народ, со влевање страв, туку со разумни одлуки кои што ќе дадат резултати. Ова во моментов што го гледаме е само насилие врз сопствениот народ.Владата треба да погледне во земјите каде што граѓаните се поттикнуваат со стимулативни мерки, а не со закани и заплашувања. Сепак од сите бараат само помош, односно од нашите соседни држави, но и од другите држави од Европа и од светот, па така нека видат кои се стимулативни мерки, наместо репресивни кои што би можеле да ги применат тука. Потребни се како што реков стимулативни мерки, а не казна и репресија врз граѓаните. И овој четврти бран кој што е на праг уште еднаш ја покажа целата неспособност на оваа Влада предводена на Зоран Заев, на Венко Филипче. И ова нивно делување со насилие е само резултат на нивната безидејност како да се справат со короната.

Македонија | пред 4 години

18122020_Bekteshi_press2

Бектеши до сите: Кој сака во кафеана, нека си се вакцинира

Кој сака да посетува кафани и кафулиња и ресторани нека си се вакцинира. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција. Тој појасни дека потврдите за вакцинирање ќе се бараат на влез на угостителеските објекти.– При влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска, а државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли во сите објекти за да видат дали тоа се почитува или не. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот. Значи секој граѓанин кој сака да посети угостителски објекти мора да биде вакциниран и да има сертификат за вакцина. Останатите мерки си останува да си важат, како што е четвротица на една маса и дистанца. За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителските објекти. Значи ако сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се објасни Бектеши.

Македонија | пред 4 години

229495715_4232575576822305_204895165112057420_n

Жител на Пехчево доживеал шок од странската помош за пожарите

Сакавме „Европа да ја донесеме дома“ и ја донесовме – за жал, само поради нашата неопременост за битка со пожарите. Но, кога пламенот ќе стивне, таа Европа ќе си се врати во Европа, а ние и натаму ќе говориме за неа... Вака жители на Малешевијата ги споделуваат впечатоците за значењето на големата странска помош во најтешките денови поминати во очај, неизвесност и страв од пламените јазици, пишува Дојче Веле.„Доживеаме вистински културен шок кога ја видовме опремата на австриските пожарникари. Организирани се во бригади, со себе имаат амбулантно возило, возило-кујна, возило- тоалет, џипови, мотори на две и четири тркала, церадни базени за акумулација на вода на терен... Во Пехчево тие направија буквално монтажен хотел, лоциран на едно игралиште. Не ни забележавме дека преку ноќ го монтирале објектот, сосема бесшумно... Имаат техника да спроведат вшмукување вода од 5 километри за секој камион. Така направија завчера и во Будимирци. Пуштија црево во планината за дотур на вода. Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што тие имаат во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, имаме впечаток како да сме во некоја временска машина што нѐ однела 200 години понапред", вели жител на Пехчево.За разлика од пофалните зборови за странските тимови, Малешевци немаат пофални зборови за домашните.„Градоначалникот на Берово првпат го видовме кога дојде премиерот Заев над село Будинарци, за да се слика со него. Ситуацијата не личеше на организирана туку на дезорганизирана. Односно, жителите си беа одлично самоорганизирани, а државните службеници повеќе ги демотивираа, ги караа оние кутри дедовци кои со мали трактори носеа вода, ги ‘учеа' каде да застанат со приколките. Имаше моменти кога малку недостигаше луѓето да фрлат и гребла и лопати, поради дрските тонови на некои ‘манекени' кои парадираа, а ништо не работеа. Најдобро беа организирани службите од ресорот земјоделство и од ЕВН. Оние од ‘Македонски шуми' и и шумски полиции си беа команданти на самите себе“, критикуваат локални жители. Повеќе на DW.com/mk

Македонија | пред 4 години

Zivko_Cingo_1-1

Јована Матевска Атанасова е авторот на наградениот расказ на конкурс „Вечер на Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година. По професија е дипломиран психолог. Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година. Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“. Во публикација е нејзината прва збирка со раскази, поддржана од Министерството за култура, „Гладоморје“.Наградата ќе се додели на 13 август 2021 г. на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Охрид | пред 4 години

protiv_komarci

Во среда ќе се прска против комарци во Охрид

На барање на Министерството за транспорт и врски во среда (11.08.2021) на територијата на општина Охрид на површина од 1000 хектари ќе се спроведе дезинсекција против возрасни комарци. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на Општина Охрид.

Охрид | пред 4 години

231173750_872785409993730_4377512846230610760_n

Во Охрид се уредуваат патиштата и зелените површини

Охрид | пред 4 години

danilovski

Епидемиологот Даниловски смета дека една доза вакцина како влезница не е медицински издржана

Епидемиолот, професорот Драган Даниловски смета дека e погрешна мерката на Владата која се однесува на задолжителната потврда за барем една примена доза против коронавирусот како влезница за многу места и во сите објекти, бидејќи таа не е издржана од медицински, епидемиолошки аспект.„За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 - Public Health England), односно 36% (студија 6 - Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести?“, вели Даниловски во денешна објава на својот фејсбук - профил.Тој додава дека и кога би се донела одлука за потвда за две дози вакцина дека не е гаранција дека тие лица не се заразени или дека не можат да заразат други лица.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Бидете внимателни, ова се симтомите за дејта сојот на короната

Делта сојот на коронавирусот може да има симптоми кои се поблаги и обично не се поврзуваат со ковид-19, па затоа некои луѓе може да ја помешаат болеста со сезонски алергии и други вообичаени вируси.Оваа варијанта на коронавирусот се уште има типични симптоми како што се кашлица, треска и отежнато дишење, но се повеќе има пациенти кај кои се појавува синузитис, течење на носот и болки во грлото.Пациентите може да имаат и релативно благи симптоми, кои лесно може да алармираат на алергии или настинка. Сепак ако имате било какви симптоми, без разлика колку се благи, дури и ако се работи за болки во грлото или течење на носот, треба да се тестирате и да го ограничите контактот додека не го добиете резултатот.Изразеното повторувачко кивање исто така е показател дека некое лице има делта сој.Здравствените експерти советуваат на правилно користење на маските, особено предупредуваат дека можеби памучните маски не се толку ефикасни како маските КН95 или Н95 во заштита од делта сојот.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања