Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pehcevo-pozar-6

Уште еден пироман „падна“ пред полицијата откако предизвикал пожар

Полицијата приведе 34-годишно лице од Прилеп кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано Дабница.Вчера полицијата од Битола до обвинителството во Прилеп поднела кривична пријава против Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.Имено, на 06.08.2021 околу 06.15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница.

Македонија | пред 4 години

aerodrom-3

Татко и син најдени повредени во стан во скопски Аеродром, кон нив било пукано со оружје

Татко и син биле пронајдени со повреди од огнено оружје во стан во скопски Аеродром, соопшти полицијата. Синот починал а 87-годишниот старец бил пренесен во болницаСпоред информации од страна на полицијата вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје.Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури.Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

Состојбата со короната во Кичево се влошува, заразено и девет месечно бебе, но и млади

Во Кичево состојбата со Ковид-19 секојдневно се влошува. Бројот на новозаболени е се поголем, се појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица и за прв пат од Ковид-19 е инфицирано и десетмесечно бебе, а во ковид центарот бројот на хоспитализирани секојдневно е во пораст, пренесуваат повеќе медиуми во Македонија.-Меѓу новозаболените во Кичево се поголем е бројот на лица под 40 – годишна возраст а бројот на новозаболени е така висок од причина што се појавија повеќе кластери, од кои најновиот го сочинуваат 30 млади лица кои биле изминативе 10 дена на одмор во Охрид. За прв пат во нашата општина имаме инфицирано и бебе од 10 месеци што е во блиски роднински врски на еден од кластерите, нагласи докторот и потенцира дека интересот за тестирање е исклучително висок и само во текот на денешниот ден се тестирани повеќе од 50 лица, вели д-р Неџат Балажи од Општата болница во Кичево.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Страшно: Починаа 8 лица, 588 нови заразени со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница  - по 3, Ресен и Македонски Брод  - по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8,  Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г).  Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.Направени се 5.780  тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа - 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 69879, Активни 1053Куманово 9114, Активни 193Прилеп 8359, Активни 28Тетово 8127, Активни 755Битола 6395, Активни 75Гостивар 5583, Активни 370Велес 5498, Активни 21Кавадарци 5189, Активни 31Охрид 5088, Активни 67Штип 4983, Активни 18Струмица 4220, Активни 88Струга 3050, Активни 67Кочани 2823, Активни 27Кичево 2771, Активни 161Гевгелија 2199, Активни 2Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1536, Активни 9Ресен 1242, Активни 8Крива Паланка 1229, Активни 2Радовиш 1183, Активни 19Берово 1053, Активни 18Дебар 1025, Активни 71Делчево 977, Активни 3Виница 898, Активни 12Пробиштип 791, Активни 2Валандово 681, Активни 11Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 398, Активни 2Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 372, Активни 13Пехчево 279, Активни 8Мак.Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

pozar-pehcevo-05.08.2021

ВИДЕО: Седми ден пожар на 20 км од Скопје, жителите стражарат поради страв дека ќе се прошири до куќите

Жителите на селото Раовиќ, на 20 километри од Скопје, оваа ноќ ќе ја минат стравувајќи за своите животи и за судбината на своите имоти, објави ДојчеВеле. Пожарот кој веќе со денови гори во блиската шума опасно се доближува до нивното село, но помош, барем засега- нема. Во текот на денот таму беше една пожарникарска екипа и припадници на воената полиција, но во меѓувреме си заминале.Извор: Дојче Веле / Видео: Арбнора Мемети

Скопје | пред 4 години

sputnik-vakcini-5

Објавена ефикасноста на „Спутник В“ против делта сојот

Вакцината против Ковид-19, „Спутник В“, е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.Производителите на вакцината во јуни соопштија дека „Спутник В“ е околу 90 ефикасен против делта.Мурашко додаде дека ефикасноста на „Спутник В“ против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денеска порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.

Македонија | пред 4 години

1200x628-final

Голем фестивал во Скопје, доаѓаат големи ѕвезди!

После цели 16 години од неговото прво, па и последно одржување, Авалон го реобновува фестивалскиот бренд SKOPJE SOUNDS GOOD, овој пат со неверојатно свежа и актуелна комбинација на регионални артисти - бендовите кои го претставуваат најдоброто од алтернативната музичка сцена во регионот: BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE, FUNK SHUI и SVEMIRKO.„BUČ KESIDI, српското рок-електро-диско дуо, важат за поетски гласноговорници и претставници на духот на младината и нивната генерација. Нивниот последен албум ,,Euforija’’ го заокружува успехот на бендот, започнат со хит – синглот ,,Nema Ljubavi u Klubu”. Од 2019 па натаму, го промовираат својот последен албум, заедно со концертниот филм ,,Euforija Uživo”, преку распродадени концерти во Белград, Нови Сад, Загреб, Крагујевац и Ниш, па сѐ до неверојатно еуфоричниот настап на главната бина на Exit Festival, на која настапија во prime time, пред повеќе од 10.000 фанови кои едногласно ги пееја нивните хитови“, најавуваат од Авалон.Во остатокот од соопштението, велат:Мистериозното загрепско дуо NIPPLEPEOPLE е на сцената од 2008 година кога и го издадоа првиот сингл „Broj“. Локалниот успех го претвораат во национален после објавувањето на песната „Sutra“, по што следеа и настапи на едни од најголемите регионални фестивали. Во 2017-та година бендот го промовираше новиот сингл „Frka“, која стана своевремена химна кај урбаната популација. Заразната поп-електроника на Nipplepeople која реферира на 80-тите години, нуди современ урбан звук на електронската денс музика што ги прави Nipplepeople едни од најдобрите состави на Балканот.Омилениот македонски бенд FUNK SHUI со својот исклучителен талент, харизма, енергија на сцена и константната работа во својот free flow израз, наголемо го разгори интересот кај публиката низ целиот Балкан и за брзо време стана еден од најперспективните бендови во земјава и пошироко. Со градските химни како „Виулица“ и „Крик“, идните евергрини „Стаклени нозе“ и „Деца“, како и последните големи хитови „Метеори“, „Ветер“ и „Невреме“, Funk Shui заслужено го потврдија своето „место под сонцето“ на регионалната музичка сцена.За само четири години, хрватскиот поп бенд SVEMIRKO лесно стана најбараната концертна сензација на Балканот. Овој еклектичен состав стана еден од најинтересните современи појави на овие простори. Со деби албумот „Vanilija“, Svemirko се здови со бројни фанови и позитивни критики за релативно кратко време. Подоцна излегуваат албумите „Tunguzija“ и „Skalamerija“ кои носат фантастични мелодии и аранжмани, непогрешлива живописна поезија и луди ритми. Svemirko oтсвириле бројни концерти на Балканот и ја имаат оправдано довербата од публиката.Фестивалот SKOPJE SOUNDS GOOD неслучајно ќе се одржи на 8-ми септември, Денот на Независноста на Македонија, на стадионот на АРМ, во срцето на Скопје.Интенцијата на SKOPJE SOUNDS GOOD 2021 е да го спои најдоброто од Македонија заедно со најдоброто од регионот на независната регионална сцена, славејќи го младешкиот урбан, независен и пркослив дух!Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба утре, во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.ВАЖНО: Овој настан ќе биде реализиран според протколите кои ќе бидат актуелни за време на одржувањето на настанот, a одобрени од Министерството за здравство, за организација на јавни настани на отворено.

Скопје | пред 4 години

krazba

Скопјанец затекнат сред кражба!

На бул. Трета македонска бригада во Скопје вчера полициски службеници од Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчево го привеле М.Ј.(35) од Скопје, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во обид во фирма.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

Cingo-Programa-2021

„Вечер на Живко Чинго“ се одржува во Охрид

13.08 2021 година (петок)• Полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго ;• Обраќање на претставник на Општина Охрид ;• Доделување на наградата за најдобар расказ;• Промоција на „Книга за Чинго“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски; Промотор: проф.д-р Виолета Ачкоска;• Културно – уметничка програма20.00 часотАтар на црква “Св. Петка” – Велгошти  Носител: ЕЛС Охрид, МЗ Велгошти, НУ Библиотека” Григор Прличев”, ОУ “Живко Чинго”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.

Охрид | пред 4 години

1-8

Секој ден се коси ист тревник во Скопје, а од тревата нема ништо?

Скопје | пред 4 години

panovski

Микробиологот Пановски одржа лекација зошто мерките немаат медицинска логика

Микробиологот Никола Пановски смета дека нема медицинска логика во рестриктиувните мерки за граѓаните што не се вакцинирани. Според професорот, нема потреба некој присилно да се вакцинира затоа што илјадници кои прележале ковид имаат огромно количество антитела, во многу случаи и повисоко од она кај вакцинираните.- Тоа нема врска ни со медицината, ни со епидемиологијата. Од друга страна, може уште в понеделник да се вакцинирате и по 15 минути да седнете во кафуле. А, имунитетот ќе го добиете во ноември или во декември, изјави Пановски за БИРН.Тој дополни дека и самата организиранот на вакцинирањето е лоша, бидејќи некој што чекал четири чласа на пунктовите би можел да се откаже и никогаш повеќе да не дојде. Пановски смета дека не требало да биде затворен ниту „Борис Трајковски“ за вакцинирање.Уште еднаш го повтори ставот дека прележан од Ковид-19 треба да прими само една доза.

Македонија | пред 4 години

galeri_sabina-ajrula-tozija_2

„Си замина и таа….секогаш насмеана“, плач и неверување откако почина актерката Сабина Ајрула Тозија

Македонската јавност се уште не може да поверува по вчерашната вест дека на 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија.Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата.-Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав ама многу прекрасница моето најдлабоко сочувство Вардан Тозија ти и беше целиот свет глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.

Магазин | пред 4 години

grubi-4

Груби за неговата поврзаност со вадењето на органи во т.н „жолта куќа“ во Албанија

Првиот вицепремиер, како што самиот сака да се нарекува Артан Груби одби да одговори за неговата поврзаност со вадењето на органи во т.н „жолта куќа“ во Албанија. Тој во емисија на „Канал 5“ беше прашан од страна на Левица какво беше неговото учество во жолтата куќа и дали намерно одбрал новото министерство да биде во жолта боја.На тоа Груби имале ироничен одговор „Нека дојдат групно или поединечно, како сакаат да им демонстрирам лично на состанок“.Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека однесувањето на Груби е врв на препотенција, ароганција, грубост, закана, некултура,…..Веројатно им е наменето на оние кои при ваков тип на изјави чувствуваат лажна моќ и надмоќ, некаков тип на супериорност без никаква основа.

Коментари | пред 4 години

vakcini-3

Се вакцинираат поради кафаните, Јанкуловски објасни што се случува на вакциналните пунктови

Викаат целта ги оправдува средствата. Ок, битно ќе се вакцинираат, ќе се зголеми бројката. Овојпат заради кафаните или како ова недоразбрано објаснување. Ама мора да поработиме на зголемување на свеста од здравствен аспект за да не мора да има вакви причинско-последични резултати, пишува најпознатиот медицински техничар Денис Јанкуловски на својот Фејсбук профи.-За да не мора следниот пат да бидат претстави, ракомет и слични моменти.Мора навремено објаснување, ако треба и дообјаснување за да се стекне довербата помасовно, ако треба нека биде и досадно, секојдневно и убаво детално објаснето, ама ако сакаме ефектот да биде поголем мора државата потемелно да работи на „Вакцина. Зошто и што е добивката“. Мора да се пристапи до секого и да се потиснат оние кои се против ова, против она, против се, кои се општа контра. Стручноста и науката НАД И ПРЕД коекаквоси.Кога ќе се постигне тој ефект, кога ќе има поголемо разбирање и прифаќање тогаш и многу побрзо и полесно ќе излегуваме од вакви ситуации, кои колку и да не сакам сепак мислам дека нема да е последна. А посакувам да е или барем наредна да не се јави до почетокот на 31ви век. Мора да се посвети многу поголемо внимание на зголемување на свеста затоа што треба да седнеме на кафе како што седевме и како што треба. Не одвоени, не еден во Ани а другиот во Бони, пишува Јанкуловски.

Македонија | пред 4 години

mickoski27052021

СДСМ го ранече Мицкоски „медицински пироман“

Единствената цел на новите мерки и масовната вакцинација е заштита на здравјето на граѓаните и колективното здравје откако новиот сој на коронавирусот почна забрзано да се шири, соопшти СДСМ.„ Мерките кои веќе се применуваат во многу други земји ширум светот, не прават поделби меѓу граѓаните, туку го заштитуваат нивното и колективното здравје. Личното право во ниеден случај не може да биде над правото на заштита на здравјето на сите граѓани.Медицинскиот пироман Христијан Мицкоски, наместо да повика на почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација, повторно е на страната на корона вирусот.Од стартот на пандемијата, Мицкоски презема нечесни чекори за да го поткопа системот, за да поттикне непочитување на мерките и да ги одврати луѓето од масовната имунизација.Ваквото однесување на пироманот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на здравствениот систем и претставува опасност по здравјето на граѓаните.Граѓаните го казнија ова некрофилско и пироманско делување на Мицкоски и тоа ќе го сторат одново на претстојните локални избори.Испраќаме апел до граѓаните да ги почитуваат новите мерки и да се вакцинираат. Повеќе вакцинирани, значат помалку хоспитализирани и помалку рестрикции, значат заштита на колективното здравје“ додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

Matura_2021_08102021004

Охридските матуранти ги добија дипломите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески синоќа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ присуствуваше на доделување на дипломите на матурантите од оваа образовна институција од генерацијата 2020 -21 година. Во своето обраќање градоначалникот укажа на значењето на образованието и образовниот процес.– Емоциите се големи затоа што вечерашново случување ме врати 25 години порано кога и јас бев на ваше место и ја чекав сопствената диплома. Можеби сега не, но подоцна сигурно ќе осознаете дека оваа диплома што вечерва ви се врачува е главниот билет кој ќе одреди на кое место од „животниот воз“ ќе успеете да седнете. Најдобрите години, безгрижното детство и младешките „лудории“ остануваат зад вас. Плодовите на знаењето и животните совети кои ги стекнавте во досегашното школување искористете ги мудро и одберете ја вистинската насока од раскрсницата на која сега се наоѓате. Обидете се да бидете сигурни дека не ја пропуштивте шансата да го направите вашиот живот убав . Изберете и правете го она што вас ве прави среќни. Не е битно дали утре ќе бидете адвокат или земјоделец, доктор или занаетчија битно е да работите со љубов затоа што само тогаш ќе имате успех. Поставете си цели и трудете се да ги исполните. Ако не можете да трчате,одете ако не ползете, но стигнете до целта. Само така ќе бидете среќни и задоволни. Сите посакуваме да имате светли настани и шарени моменти без горчливи загуби, несреќи и погрешни, сурови дела. Животот не е само црн или бел, во него има убави и лоши мигови но се ќе пребродувате полесно доколку сте „потковани“ со знаење и доколку не сте тргнале кон лоши животни навики кои ќе ве спуштат на дното. Затоа продолжете го вашето образование, работете вредно и чесно. Станете добри и искрени луѓе без пороци и лоши мисли. Така Светот ќе биде Ваш, а вие на вистински начин ќе се оддолжите на вашите родители и наставници кои многу вложувале во Вас. Секогаш имајте на ум дека по неколку години мора да се свртите зад себе и да размислите што сте направиле со себе и со својот живот ,затоа одлучувајте внимателно и мудро што сакате да бидете и која треба да биде вашата професија. Овој град и општество остануваат на Вас. Останете во добро здравје, со широка насмевка на лицето и позитивна мисла – истакна градоначалникот Георгиески.

Охрид | пред 4 години

Screenshot-2021-08-11-at-10.08.35

Во Охрид се играше шах сред кеј

Од 3ти до 8ми август, на Кејот на Охридското езеро, пред хотел „Су“ се спроведе проектот „Играме шах на Кеј“. Проектот се спроведе во рамки на годишната програма на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, а со цел промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории. На настанот учествуваа охриѓани и туристи од земјава, како и од државите Србија, Хрватска, Англија, Швајцарија, Данска, Германија и други.Посетителите одиграа партии шах со членови на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје. На сите учесници им беа доделени ваучери за изданијата „Шах за деца“ и „Дамски Гамбит“.

Охрид | пред 4 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

„Никој не може да биде дискриминиран затоа што не е вакциниран“, проф. Јовевски смета дека се ограничуваат правата!

Новите антиковид мерки донесени од страна на Владата се спротивни на Уставот, на Законот за спречување и заштита од дискриминација и на меѓународните акти кои ја регулираат проблематиката на човековите права, особено во контекст на здравствените права, пишува проф. д-р Лазар Јовевски на својот Фејсбук профил.-Препораката на Парламентарното собрание на Советот на Европа е сосема јасна: НИКОЈ не може да биде ДИСКРИМИНИРАН затоа што НЕ Е ВАКЦИНИРАН. Исто така Резулицијата 2361 од 28 јануари 2021 година во членот 731 вели: ′′Осигурајте се дека граѓаните се информирани дека вакцинацијата НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА и дека НИКОЈ НЕ Е ПОД ПОЛИТИЧКИ, СОЦИЈАЛЕН ИЛИ ДРУГ ПРИТИСОК за да се вакцинира ако тој или таа не сака лично да го стори тоа′′.Во таа смисла, и од аспект на домашните прописи, новите мерки за ограничувањето на движењето на невакцинираните граѓани се во директна спротивност со уставно загарантирано право на слободно движење, но и во спротивност со Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој се забранува секаква дискриминација врз основа на здраствената состојба.Законот децидно утврдува дека секое ограничување на правата и слободите со цел оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктура добра и услуги претставува дикриминација.Оттука, новите антиковид мерки ги ограничуваат правата и слободите на граѓаните кои не се вакцинирани во поглед на слободата на движење и во поглед на пристапноста кон добрата и услугите.Покрај тоа започнува процес на индиректна дискриминација на работните места, со елементи и на директна. Дел од работодавачите ги присилуваат вработените да се вакцинираат притоа користејќи различни „суптилни“ методи, што согласно членот 7 став 2 и 3 од Законот за работните односи ги има елементите на директна или индиректна дискриминација.Ова е тест на зрелост за македонското општество, за владеење на правото, за гаранцијата на основните човекови права, а со тоа и за демократијата. Се надевам дека ќе положиме, иако прелеминарниот увид вели дека ќе биде потребено „дополнително полагање“, ама тогаш тоа ќе биде во „казнена“ сесија!, пишува Јовевски.

Коментари | пред 4 години

232053562_873970499875221_1071490881361615967_n

Георгиески заврши со комплетна реконструкција на подовите во охридско училиште

„🏫Се врши комплетна реконструкција на подовите во ООУ „Христо Узунов“.✅Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, со вкупна површина од 1358 м2, а во текот на наредниот период истата ќе биде поплочена со современ пвц материјал. ➡Инвестицијата е дел од Програмата за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 892.552 денари. 🔙Претходно во ова училиште беше извршена промена на дограмата во целиот објект, беа реконструирани тоалетите и беше поставен нов покрив“, пишува Георгиески

Охрид | пред 4 години

mickovski-mickoski-hristijan-5

За една година згаснале 10.000 фирми?

Фашистите Заев и Филипче ги поделија македонските граѓани, велет денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се додава:За фашистите Заев и Филипче постојат само вакцинираните, но не и оние кои прележале корона и ја поминаа голготата да преживеат.Фашистите Заев и Филипче ја уништија македонската економија со нивните „антиковид“ мерки. Власта со новите мерки предизвикува и економски колапс на малите бизниси, на угостителството.За само 6 месеци згаснаа околу 5.000 фирми, а за една година под клуч се повеќе од 10.000 фирми.ВМРО-ДПМНЕ апелира граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може Заев и Филипче да вршат дискриминација.ВМРО-ДПМНЕ апелира на почитување на протоколите, ама силно се противи на уништување на економијата и на цел сектор од неа, сектор од кој живеат македонските граѓани.Политиките на Заев и Филипче водат кон сигурен пропаст на државата.

Македонија | пред 4 години

nikola-bekjarovski-960x621

„Настинките“ кои кружат не се настинки, Беќаровски тврди дека короната е многу раширена

Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски со објава на социјалната мрежа Фејсбук, апелира лицата кои одат да се вакцинираат прво да се тестираат, бидејќи коронавирусот е раширен.„На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во Македонија да имаат негативен тест или да се вакцинирани. Не ме послушавте. На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. Не верувавте и навредувавте. На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен. 'Настинката' не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време. Знам дека нема да ме послушате!, пишува д-р Беќаровски.

Слајдер | пред 4 години

remenski

„Не ја употребувајте реториката од типот: 'од парите од врбите ќе се купеше ова - она', не пали веќе!“, Ременски дели ПР совети

Коментари | пред 4 години

kafic

Отстранета и последната „пречка“ за со сертификати да се влегува во кафичи и кафеани

Ако се врши само визуелна проверка на сертификатите за вакцинација при влез во угостителски објект, семинар, веселба, културен или спортски настан, нема повреда на Законот за заштита на личните податоци и следствено не претставува злоупотреба на личните податоци, велат од Агенцијата за заштита на личните податоци.„Законот за заштита на личните податоци се применува само во случај кога се врши обработка на личните податоци. Под обработка на лични податоци во согласност со законот се смета секоја операција или збир на операции што се извршуваат врз личните податоци или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување. Оттука, известуваме дека ако се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот Sars-Cov-2 (без оглед дали е во хартиена форма или се чува на дигитален уред) и притоа не се задржуваат личните податоци при ваквата проверка, тоа не претставува „обработка на личните податоци“ и следствено ваквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци“, се наведува во соопштението.Имајќи го предвид погоре наведеното, а со оглед дека со донесената одлука произлегува дека доколку при реализацијата на оваа одлука се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот по принципот „приложил“ или „не приложил“ потврда, велат од Агенцијата, таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци.Владата донесе одлука со која, меѓу другото, се забранува влез во секаков објект, вклучително и во угостителски објекти, каде што има повеќе од 30 присутни посетители/гости/лица за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан), без поседување и приложување потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза вакцина, почнувајќи од 16 август.

Македонија | пред 4 години

20210715201822_369148

Авионите за гаснење пожари наскоро ќе се сервисираат во Шпанија

Трите Ер трактори кои изминативе две години чекаа во хангари за да бидат оспособени за лет, наскоро заминуваат на сервисирање во Шпанија.Директорот на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути за ДВ вели дека ја потпишал одлуката за сервисирање на авионите со операторот од Шпанија, по што се очекува за да почнат домашните и меѓународните процедури за нивен транспорт.

Македонија | пред 4 години

pozar-1

Запалени три куќи во скопско Побожје

Пожарот во пехчевско – беровскиот регион е ставен под контрола. На терен се уште се припадници на армијата, територијалните противпожарни единици, ДЗС и месното население. Иако пожарот е локализиран, екипите ќе останат присутни на лице место и во текот на ноќта, во случај на негово повторно разгорување.Како што информираа од ЦУК, кракот на истиот пожар во делчевскиот регион, е ставен целосно под контрола. Но, и на ова место се уште има екипи на терен, кои ќе останат и ќе ја следат состојбата до утрешниот ден.„Пожарот во Сарај, во селата Раовиќ, Буковиќ, Лескарци е се уште активен и во текот на денешниот ден во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухоплоство. Во 14:45 минути, истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен. На терен се припадници на армијата, ДЗС, противпожарните бригади, месното насление од село Сарај, кои и во моментот се на терен и се борат со пламените јазици. Активен пожар се уште има и во Чучер Сандево, во селото Побожје, каде се запалени три куќи. На лице место е бригадата од град Скопје, очекуваме информации од што се запалени куќите“, изјави Марија Милкова од ЦУК.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања