Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pehcevo-pozar-7

Српските хеликоптери ќе ја спасуваат Атина, а во делчевско и натаму е критично

Во Малешевијата и натаму е најкритично откако денеска се засили шумскиот пожарот во Делчевско, а и натаму гори во реонот на Пехчево и Берово. Пожари има во Прилепско, а гори и во Скопско каде огнот се префрли од велешка страна. Нестабилно е и во Кумановско каде огнот се контолира кај Старо Нагоричане, велат од Центарот за управување со кризи.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, уверува дека имаме капацитет пожарите се држат под контрола. Вели дека се обидуваат успешно да ги менаџираат ресурсите што им се на располагање, а дејствува и романскиот авион за гасење.„Освен хеликоптерите кои се лимитирани каде што на помош ни дојдоа српски хеликоптери што денес заминаа и мислам дека заминаа за Атина кадешто ситуацијата е ептен сериозна, останатите ресурси се доволни односно ние имаме доволно противпожарни единици на терен особено ако ги земеме во предвид и единиците коишто дојдоа од страна“, рече Стојанче Ангелов – директор на ЦУК.

Македонија | пред 4 години

infektivna_klinika-610x400

29-годишната родилка која почина од корона, немала други заболувања

Родилка од Куманово почина денеска од ковид 19 и таа е најмладиот починат пациент во денешната статистика на Министерството за здравство.Родилката имала 29 години и починала на Инфективната клиника во Скопје со компликации поврзани со ковид. Претходно била породена во седмиот месец на бременоста, а бебето е во инкубатор, потврдуваат од МИнистерството за здравство.Родилката немала коморбидитети и не била вакцинирана против ковид-19.

Македонија | пред 4 години

izbori-glasanje-11-92584

Можно е да нема потреба од потписи за кандидирање на советници по општини, Заев со детали

Прагот за поднесување на советнички листи за претстојните Локални избори најверојатно ќе се спушти на еден отсто или воопшто нема да постои, најави денеска премиерот Зоран Заев. Тој ги охрабрува пратениците, кои од 15 август се враќаат во Собранието да ја донесат најдобрата одлука.-Треба да го прифатат тоа што го велат граѓаните, а тоа е дека е превисок прагот. Најверојатно ќе го симнат на еден отсто или воопшто ќе го нема. Јас ги охрабрувам, како проценуваат, како е најдобро, како препорачува ОБСЕ. ОБСЕ препорача комплетно унифицирање на прагот, не играат со бројката или процентот на праг. Но, гласноста на помалите, помалку бројните е важна и треба да ја слушнеме и ја охрабрив парламентарната група на парламентарното мнозинство да конвертира кон прифаќање на послабите, помалите, за да може рамноправно учествуваат во изборите, изјави Заев.

Македонија | пред 4 години

filipce-pres

Има претпоставки што ќе се случува на есен со короната во Македонија

За министерот Венко Филипче мерките не се донесени доцна, иако бројот на заразени од коронавирус се искачи и на 370 нови на дневно ниво. За него, настаните не се проблем туку непочитувањето на протоколите за време на настаните.Тој кажа дека ако продолжи овој раст во идните недели, вработените во школите и градинките ќе бидат опфатени со задолжително вакцинирање.„Не е доцна за мерки, мислам дека сосема навремено ги предлагаме сите мерки. Ова беа работи кои ние ги најавуваме дека ќе ги воведуваме, само го чекавме моментот. Ние не можеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре. Зошто? Заради тоа што сепак имаме една одредена бројка на вакцинирани граѓани“, рече Филипче.Инспекторатите, како и до сега, ќе треба да контролираат дали се спроведуваат мерките кои вчера ги донесе Владата.„Во есенските месеци очекуваме да се зголемат ризик факторите, се враќаат луѓето на работните места, а настаните се префрлаат на затворено. Апелирам да се вакцинираат граѓаните во што поголем број. Вакцините штитат солидно, тоа е единствен начин за стекнување на колективен имунитет. Нема колективен имунитет со само прележување на болеста, тоа е докажано. Без разлика дали граѓаните прележале или не, единствен начин за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат со две дози вакцини кои ги имаме на располагање“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

apasiev-1068x580

Левица реагира на новите мерки за со сертификати да се оди во кафуле

Политичката партија Левица смета дека вакцинирањето против Ковид-19 мора да остане и да биде на доброволна основа и дека нема никакво рационално оправдување за најавените рестриктивни владини мерки насочени кон невакцинираните граѓани.„Ваквите најави се длабоко дискриминаторски во својата основа и истите, како одраз на неолибералниот корпоративизам, се противуставни“, посочуваат од партијата од каде додаваат дека нејзините пратеници во Собранието избрале да се вакцинираат, но тоа е одлука на секој граѓанин поединечно.Од Левица посочуваат дека својот став, кој е во согласност со Резолуцијата 2361 (2021) на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го темелат на повеќе стручни и издржани, правни и медицински аргументи.„1. Во држава во која со децении владее целосна корупција и тотална негрижа за потребите на народот, функционерите немаат никаков кредибилитет и не смеат да си дозволат посегање по репресивни мерки врз населението!2. Во тек на целокупното управување со пандемијата, министерот за здравство и Комисијата за заразни болести направија бројни суштински грешки. Министерот, наместо да се заканува со препишани несоодветни мерки од земји со 60-80 милионско население, требаше досега да си даде неотповиклива оставка и на негово место да дојде кредибилна личност.3. Информациите кои Министерството за здравство ги пласира преку медиумите се оскудни, манипулативни и несоодветни за креирање јасна претстава од стана на стручната и пошироката јавност за реалната состојба на терен.4. Инсистирање на вакцинирање на граѓани кои го прележале коронавирусот и имаат стекнат имунитет е нехумано! Експерти од фелата јавно изјавуваат дека ова е непотребно и непознато како пракса, а од друга страна, Министерството останува глуво на ваквите компаративни информации.5. Дали Министерството ја знае вкупната стапка на имунизирани кај нас, земајќи ги предвид сите начини на стекнување природен имунитет?! Веројатноста таа да е поголема од прикажаната е многу голема. Потребни се одговори, наместо заплашувања!“, се дел од ставовите кои од Левица ги наведуваат во својата листа на причини зошто сметаат дека новите мерки во борбата против ширењето на Ковид-19 се неоправдани.Од таму порачуваат дека министерот Филипче досега многупати требало да си поднесе оставка.„Кога веќе нема образ за да си оди од функцијата, тогаш заедно со Комисијата е должен да изнајде мерки кои ќе бидат фер, хумани и во рамките на Уставот и законите“, реагираат од партијата.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

398 новозаразени, 4 починати - меѓу нив и 29-годишник

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод  – по 1.Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола - 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.Пријавени се 4 починати лица : 3 од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г), починати во болнички услови.Направени се 6.383 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово–75, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-429, Биотек-158, Систина-96, лабораторија Лаор-939, Синлаб-12, Ремедика-4, Плодност–56, Генеа–5, Никоб лаб-917, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.077.Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 69397, Активни 603Куманово 9058, Активни 145Прилеп 8354, Активни 24Тетово 7924, Активни 572Битола 6373, Активни 57Велес 5488, Активни 12Гостивар 5420, Активни 221Кавадарци 5175, Активни 18Охрид 5061, Активни 40Штип 4977, Активни 12Струмица 4189, Активни 59Струга 3013, Активни 30Кочани 2818, Активни 22Кичево 2681, Активни 73Гевгелија 2197, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1530, Активни 5Ресен 1238, Активни 4Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1173, Активни 9Берово 1043, Активни 10Делчево 975, Активни 1Дебар 990, Активни 46Виница 892, Активни 6Пробиштип 790, Активни 1Валандово 677, Активни 8Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 366, Активни 7Пехчево 276, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

shilegov

ВМРО-ДПМНЕ откри каде одмора Шилегов?

Додека скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии, Шилегов си пишува статуси од плажа во Хрватска, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата предупредуваат дека во моментот главниот град на државата нема водство.„Шилегов итно да го прекине одморот во Хрватска и да понесе одговорност што скопјани ги остави на цедило. Лажни се неговите статуси со фалбите за наводната работа, додека пет пари не дава за Скопје на плажите во Ровињ, Хрватска. Градот Скопје е потенцијално жариште на големи потенцијални огнени стихии, а Шилегов е на скап одмор, тоа е потценување на скопјани“, се наведува во партиската реакција во која се додава и дека градот во моментот е без Кризен штаб што треба да ги превенира и менаџира заканите од пожар.

Македонија | пред 4 години

filipce-4

Не „мириса“ на добро состојбата со короната, се враќаме по старо?

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи соопшти дека утрово одржал координација со директорите на Клиниките во Скопје, директорот на Клиничката болница во Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле.„Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран. Системот се организира, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија – лекување на ковид-пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовниот програм за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот“, посочи министерот.Тој нагласува дека во болниците веќе се чуствува притисок за хоспитализации и критични се неколку градови

Македонија | пред 4 години

D885AE6F-ED4B-452D-8DC6-27362F771C48

Доволно е и еден човек во планина да остави догорче и да се распали пожар со помош на ветрот

– Атари од над сто македонски села се жртви на огнената стихија која деновиве гори шуми, плевни, животни, посеви, куќи. Не постои место чие небо не поцрни од чадот што неумоливо се возвишува над огнот, кој ја согорува земјата и сè што во моментот се наоѓа на неа.Пожарите не стивнуваат, државата во кризна состојба, силите и ресурсите се исцрпуваат и на крајот сè се сведува на човечкиот фактор, и причината, и помошта и последицата.Од Центарот за управување со кризи како причинителите за пожари ги издвојуваат човекот, како што велат, намерно и ненамерно, фрлените стаклени работи и друг отпад во сува вегетација, како и искрите од жици на електрични далекуводи.– За да се направи пожар, не треба многу, треба многу мал процент од населението да не нè послуша. Односно, доволно е и еден човек во планина кој е неодговорен, да остави догорче или оган и да се распали со помош на ветрот, велат од ЦУК.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

cnjreagerhgetehg-197258

Гори во ДОМ: Се бара оставка од Маја Морачанин

Зелените од 17 општински организации на Демократска обнова на Македонија (ДОМ), денеска ќе побараат оставка од претсетаделката на партијата, Маја Морачанин.17 општински организации на ДОМ, од Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Центар, Пробиштип и Куманово ваквото барање денеска околу пладне ќе го соопштат во Жена Парк во Скопје, спроти републичкото Собрание.На настанот ќе зборуваат Ристенка Алтипармаковска, претседателка на општинската организација на ДОМ во Битола и Мирослав Богдановски – потпретседател на ДОМ и до недодамна пратеник во Собранието.Неделава, од функцијата директор на Државниот инспекторат за животна средина Владата ја разреши Ана Петровска, на барање на претседателката на ДОМ, иако јавноста и невладините организации за заштита на жиквотната средина позитивно ја вреднуваа нејзината работа. Владата образложи дека директорската позиција и припаѓа на ДОМ, согласно коалицискиот договор, но не изнесе негативни критики за работата на Петровска.Петровска и Мирослав Богдановски пред неколку месеци дојдоа во судир со политиката на Морачанин, по што тие беа разрешени од партиските функции. Бодановски потоа поднесе и оставка на пратеничката функција и се врати на старото работно место – главен инспектор во Град Скопје.

Македонија | пред 4 години

aguza-1000x500

Потресни сведоштва од вработени и гости за пожарот во скопскиот ретсторан: Сите пискаа, беше страшно

Гости и вработени во ресторанот „Рагуза 360“ лоциран над катна гаража во Скопје, за „Република сведочеле како избувнал пожарот и што се случувало. Огнот за неколку минути се раширил низ цел објект на Рагуза.Од музиката не се слушна ништо. Сега долу од станарите од зградите дознавам дека се слушнало силен тресок. Ние се веселевме, се си беше нормално, вели девојка која присуствувала на свадбата.Вработени почнале да гаснат со ПП-апарати.Вработени во ресторанот свикаа пожар, додека да стиши музиката, настана пламен. Во паника почнавме да бегаме на сите страни, додава таа.Вработен во Ресторанот вели дека пламенот вивнал додека да трепнат.Се вклуија алармите, осетивме чад. Видовме дека нема да го изгаснеме со ПП апарати и ѝ рековме на музиката да прекине, додека да се разбереме, додека да предупредиме, вивна пламен. Беше многу страшно. Се распискаа сите, се разбегаа…. Кој по скали, кој во лифт… од алармите лифотот се заглави… Многу страшно… Некои успеале да ги извадат возилата, некои само бегаа да се спасат, вели келнерот.Извор: Република

Скопје | пред 4 години

kocani-3

Нови жаришта од пожари во делчевско, гори и на неколку локации во Скопје

Пожарот во Делчевско е активен и создадени се две нови жаришта и тоа во селото Разловци, на местото викано Чокалица, додека другата локација е во атарот на село Тработивиште и Нов Истевник, над Света Вода.Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на двете локации интервенираат противпожарни екипи, припадници на Армијата, полициски службеници и вработени во шумските стопанства.Пожарот во Пехчево кај Бајаз Тепе е исто така активен и тој се проширува кон општина Берово, на непристапен терен околу селото Будинарци. На овој пожар се интервенира со припадници на Армијата, месното население, како и припадници на екипите за помош од Австрија и Словенија.Во врска со пожари се интервенира и на неколку локации во Скопско, поточно селата Раовиќ и Буковиќ каде гори мешана шума, Петровец – село Дивље каде гори дабова шума и денеска ќе се интервенира од воздух поради што им пренесено на екипите да се повлечат од местото на пожарот.Пожари има и во Прилепско и Велешко каде веќе се испратени екипи да делуваат.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-07-at-23.59.52

ВИДЕО: Гори ресторан сред Скопје, имало свадба, сите се евакуирани

На 07.08.2021 г. во 23,02 ч. добиено е дојава дека во Ресторан Рагуза лоцирана на покривот од катната гаража 26 - ти Јули на бул. Кирил и Методиј бб избувнал пожар. Во ресторанот имало свадба и поголем број на лица се евакуирани. Пожарот најверојатно е настанат од магацинот или неисправна вентилација. Засега повредени лица нема. Од страна на БППЗ пожарот се гаси. Сообраќајот е пренасочен.https://twitter.com/johnkrokodil/status/1424121104017379339?s=19&fbclid=IwAR3E8dmvEEmcfenZQZodgJZb_3qUZzJQyP_5vq1sY0YhjaVmgJEgj502pn4 

Македонија | пред 4 години

06072021_Sednica-na-Vlada-2

НАЈНОВО: Владата донесе строги мерки против корона, за да одите на прослава во кафеана ќе ви треба вакцина

Владата на вечерашната седница ги донесе следните одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19.Апелираме до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки.➡️ До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.➡️ За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.➡️ Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.➡️ Од 15 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).➡️ Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

Скопје | пред 4 години

devojka

Доби кривична: Девојка од Кочани барала пари за да не објави компромитирачки видеа

Девојка од кочанското село Соколарци ќе добие кривична пријава за ширење на видео со компромитирачка содржина, информираа од Министерството за внатрешни работи.„На 06.08.2021, полициски службеници од ОВР Кочани, во кооординација со Јавен обвинител, во полициска станица е повикана Н.Н.(26) од с.Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видео материјал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик. Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да ù бидат исплатени пари“, се наведува во соопштението од МВР.Од таму велат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

pehcevo-pozar-4

Гори на седум места, гаснат над 300 лица

Пожарот на местото викано Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15:00 часот.Во објава на Фејсбук од ЦУК прецизираат дека на терен се 120 припадници на Армијата, 30 вработени воШумското стопанство Равна Река – Пехчево заедно со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз од ШС Малешево Берово, екипа на ТППЕ Берово со седум пожарникари и две противпожарни возила возила, БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно противпожарно возило, ПО ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило со цистерна, РЦУК Берово со 2 вработени, ПП екипи од Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила, ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила, како и 60 луѓе од месното население.-Според информациите добиени од РЦУК Берово и ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во делчевско полека се става под контрола. Пожарот во моментов е активен кај селото Разловци место викано Чокалица. ТППЕ Делчево се наоѓаат на терен и се во состојба да го контролираат пожарот. Според информацијата од ТППЕ Делчево дел од силите за гасење по потреба се пренасочуваат кон покритичните места во Беровско, појааснуваат од ЦУК.

Македонија | пред 4 години

231057500_871135750158696_5496439622169582654_n

Заврши асфалтирањето на „Питу Гули“ во Охрид

Охрид | пред 4 години

zabava2

Забрана за прослави во цела држава?!

Забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено во сите градови во државата. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.Ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести и министерот Филипче ги договориле на утринската координација и ги предлагаат на Главниот кроординативен кризен штаб.Мерките се бара да важат во сите градови во државта, потврди за Телма министерот Филипче иако утринава од неговиот кабинет беше лиферувано соопштение дека се бара да важат само за тетовскиот регион.Дневните билтени на нови позитивни со денови  кажуваат дека вирусот забрзано се шири. Ако пред еден месец броевме по пет нови позитивни, денеска има  378 нови. Бројот пак на активни случаи стигна до 1.618. Најкритиччно е во Тетово и Скопје. Р 

Македонија | пред 4 години

svadba-zagreb

Свадбите главна причина за зголемен број на заразени од ковид

Се проценува дека свадбите во затворен простор се главната причина за брзото зголемување на бројот на новозаразени во последните денови, особено во Тетовско. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство утрово предложија забрана за свадби и други собири во затворени простории, пишува Алсат.Другите гастрономски капацитети не треба да примаат повеќе од 30% од капацитетот, додека на една маса не смее да седнат повеќе од 4 лица. Комисијата за заразни болести предложи да има строги контроли за спроведување на овие мерки и да се интензивира теренската вакцинација.Здравствените власти алармираат дека новиот бран во кој доминира варијантата Делта на корона вирусот е опасен и не можат да предвидат како понатаму ќе се шири.„Ова е знак дека бранот започна, тоа е почеток на следниот бран. Тоа е нов бран што се гледа со многу стабилни и многу брзи чекори што ги зголемуваат бројките, што е доста загрижувачко за сите здравствени власти. Овој бран се вели дека е доста опасен, но сепак не можеме да предвидиме како ќе се однесува кај нас со број од околу 30% вакцинирани во земјата и со голем број на оние кои го надминале вирусот. Не можеме да предвидиме. Сметаме дека вештачката имунизација со вакцини и природната имунизација достигнат околу 60-70%, но не можеме да предвидиме каков ќе биде текот на оваа пандемија, се надеваме дека нема да имаме голем шок“, вели Илир Хасани, Заменик – министер за здравство.Повеќе на Алсат.

Македонија | пред 4 години

pozar-pehcevo

ВИДЕО: Сите кои биле вмешани во пожар, не завршиле во затвор

Палеле шуми, стрништа, заварувале и не ги почитувале мерките за безбедност. Сите кои биле вмешани во пожар, не завршиле во затвор. Платиле парчина казна или добиле условна казна,  покажува судската архива. Во основните судови ширум земјата нема ниту една пресуда за предизивкување шумски пожар, објави Телма.Кривично дело 227 за кое најмалата затворска казна е 8 години, за повеќе потпалувања најмалку 10 години. Во 2017 година кога Македонија гореше на Матка беше фатено едно лице, но и тој заврши со полесното кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно затвор до три години а доколку е од небрежност, да плати парична казна.Пред судот во Скопје ќе треба да се појави и 35 годишниот кавадарачанец кој пред два дена заваруваше ограда во поранешниот хемиски гигант.Токму членот 228 е најчестата опција на подносителите МВР и Јавното обвинителство. Кривично дело со кое сторителите поминуваат полесно, односно или добиваат условни казни да не го повторат делото и плаќаат парични казни до 800 евра. Таквата пракса на истражителите продолжува и во оваа сезона на пожари, па само за 4 дена 5 лица заработија пријави за предизвикување општата опасност.Повеќе на Телма

Македонија | пред 4 години

zaev-pliva

Откако се врати Заев: Изгледа мислат заборавивме дека 4 дена си играше со песок по плажи, а ако не се појавеше можеби и пожарникарите ќе земеа одмор

Коментари | пред 4 години

w_56089451

378 новозаразени од корона, заразата не стивнува

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово - 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод  – по 1.Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), починатo во болнички услови.Направени се 7.647 тестови преку: ИЈЗ-119, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-74, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово–88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–47, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-332, Биотек-506, Систина-144, лабораторија Лаор-1.236, Синлаб-174, Ремедика-33, Плодност–51, Генеа–17, Никоб лаб-1.322, ВФВ Медикал-45, Ели Медика-54, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.019.Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 69261, Активни 474Куманово 9035, Активни 128Прилеп 8351, Активни 21Тетово 7838, Активни 486Битола 6358, Активни 46Велес 5486, Активни 10Гостивар 5374, Активни 176Кавадарци 5170, Активни 13Охрид 5048, Активни 27Штип 4975, Активни 11Струмица 4176, Активни 46Струга 3007, Активни 24Кочани 2814, Активни 18Кичево 2658, Активни 50Гевгелија 2197, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1528, Активни 3Ресен 1236, Активни 2Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1172, Активни 10Берово 1043, Активни 11Делчево 974, Активни 0Дебар 980, Активни 36Виница 892, Активни 6Пробиштип 789, Активни 0Валандово 674, Активни 5Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 365, Активни 6Пехчево 276, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-07-at-12.54.08

ВИДЕО: Ќе се шокирате кога ќе видите како Стојанче гасне пожар

Македонија | пред 4 години

mickoski-1

Мицкоски со долг прес, апелираше и ги молеше институциите

Состојбата на терен е пресложена и пресериозна. Делови од Македонија се зафатени од сериозна огнена стихија, а народот е оставен сам на себе да се спасува кој како може, умее и знае. Имаме целосно, целосно потфрлање на системот кој нефункционира, истакнува денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.-Власта уште еднаш покажа во пракса дека Македонија не е на сите луѓе. Никој веќе не бара одговори, туку бара одговорност. Ова не е прес конференција да судам, ниту да давам квалификации за владиниот неморал. Сакам да испратам апел за целосна мобилизација на се што може да се мобилизира од институции, ресурси и човечки потенцијал и заеднички да се спротиставиме на огнениот пустош. Апелирам, човечки молам, владините институции да го прават тоа за што се платени, да му служат на народот. Граѓаните се исплашени и под притисок. Имаат чувство дека се оставени на цедило. Сакам да направам јасна разлика и да потенцирам дека народот, пожарникарите и службите кои се на терен и помагаат, ја имаат мојата помош и поддршка, но она што недостасува е отсуството на институционално раководење со тие сили, рече тој.Обраќањето на Мицкоски го пренесуваме во продолжение:Затоа ќе посочам неколку работи:ПРВО, 4 дена партијата ВМРО-ДПМНЕ е во целосна мобилизација. Сите раководства на општинските комитети ширум државата се на терен, Унијата на млади Сили, Унијата на жени, ветераните и сите останати му помагаат на народот, што со физичка сила, што со хуманитарни акции. ВМРО-ДПМНЕ од ова одлучи да не прави дневен пи-ар, никаков маркетинг, затоа што сакавме и сакаме искрено да помогнеме.Така и ќе продолжиме. Ќе не има насекаде и ќе помагаме, затоа што народот знае дека ема никогаш да го оставиме сам кога веќе тоа го направи владата.ВТОРО, апелирам да се формира централно кризно тело, а не ова што го има сега државата. Знам дека од Владата ќе одговорат дека веќе има такво, но тоа е далеку под просечно се справува со кризата. Колку животи и имоти треба да се уништат за да владата се уозбили и наместо циркузанти кои кршат керамиди со оваа деликатна работа да се зафатат стручни луѓе и тим од професионалци. Мора да се ангажираат најдобрите експерти и да се искористат најдобрите човечки потенцијали.ТРЕТО, повикувам во најкус можен рок и Собранието да заседава на посебна собраниска седница каде ќе се разгледува точка со информација за последните случувања со пожарите во Македонија. Мора јавно да се изнесат слабостите за да се најдат решенијата.Недозволиво и во најмала рака невкусни се коментарите кои ги даваат институциите „ако видите пожар, оставете да гори, Владата ќе ви плати“. Јасно е дека Владата е неспособна, и таа треба час поскоро да замине.Сосема на крај, сакам да одговорам на измислиците и учтиво кажано невистините кои провладините платеници ги шират.Истите тие ја обвинуваат опозицијата дека политизирала и дека сме се обидувале политички да профитираме па дури и ме нарекоа мене пироман, додуша политички. Згрозен сум од нивото на речникот што се користи од директните владини платеници но и тие кои се индиректни владини платеници, циркузанти и изманици кои имаат задача да го одвлечат вниманието на народот од вистинските проблеми.ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија, а вистинската улога на опозицијата е кога институциите не реагираат и никој со прст не мрда, да алармираме и колку може да помогнеме, а доколку грижата за луѓето и нивниот крваво заработен имот е политизирање, тогаш нека биде така, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде со народот.Понатаму, нема да останам ниту рамнодушен на оние странични монструозни лаги кои доаѓаат од еден ист центар, СДСМ, дека опозицијата распалувала пожари. Останувам згрозен како човек и со чувство на гадење гледам на злобата на власта што е доказ само за тоа колку се неспособни да делуваат и помагаат за сметка на тоа колку се способни да лажат и измислуваат. Ги жалам таквите ликови.ЧЕТВРТО и не помалку важно, денес ќе бидам во Пијанец и Малешевијата, колку е тоа потребно толку време и ќе останеме таму.Ќе обезбедиме во рамките на нашите можности намирници и вода за народот. Повикувам тоа да го направат и сите други општествено одговорни субјекти. Ќе повторам ги повикувам сите општествено одговорни во државата да помогнат на народот, а ВМРО-ДПМНЕ остануваме со народот. Не можеме да направиме чуда, но заедно ќе ја добиеме и оваа битка.Со подадена рака, со споделена мака, заедно ќе бидеме уште посилни.

Македонија | пред 4 години

prst-6

Мицкоски кажа што очекува од терминалите за гласање со отисок од прст

Од информациите коишто ги добив од претседателот на ДИК можам да кажам дека формално постапката за набавка на терминалите за отчитувачи на отшечатоци од прст е завршена и тоа е еден огромен чекор кон демократијата на самиот ден на гласање, изјави денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.– На овој начин конечно се става крај на сомнежите за семејно или групно гласање и овој начин на гласање е доказ, дека и од друга страна, претставува исклучителна квалитетна можност и инструмент за да можеме да ја провериме веродостојноста на податоците од претстојниот попис којшто ќе се случи во месец септември, нагласи Мицкоски.Тој потенцираше дека со терминалите за отчитување на отпечатоци, ќе се даде многу јасен одговор колку луѓе денес има во државата, без да има какви било обиди за политичка манипулација и злоупотреба.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања