Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

w_56211861

Распишани и изборите, одреден датумот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври.Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.-Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници.На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала, потенцира Џафери.

Македонија | пред 4 години

armija-pozari

Армијата спречи вистинска катастрофа!

Со брза реакција на Армијата, во соработка со локалната самоуправа во Штип, пожарот кај Криви Долкај е ставен под контрола и заштитен е армискиот склад за резерви на муниција кој вчеравечер беше под закана на огнена стихија, информира министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посета на складот.– Денеска сум во Овчеполието и во овој регион за да изразам огромна благодарност и да честитам на припадниците на Армијата кои во текот на вчерашниот ден помагаа во сите општини, но успеаја навистина да пружат натчовечки напори заедно со општина Штип да го обезбедат магацинот во којшто нашата Армија ги чува резервите на муниција и којшто би претставувал ризик за сите нив и за сите нас како граѓани. Тие успеаја навистина во текот на ноќта, кога се сметаше дека е ризична ситуацијата, целосно да го заштитат објектот и целосно да го заштитат локалното население – рече министерката.За денешната состојба Шекеринска информираше дека припадниците на Армијата остануваат целосно активни на терен во поддршка на заедничките напори за справување со пожарите и порача дека граѓаните можат да се потпрат на институциите кои, пак, мораат да продолжат да инвестираат во системот за заштита и спасување.– Денеска битката со пожарот продолжува како и на многу места низ државата и навистина сакам да ги повикам сите наши граѓани, сите локални и централни власти да бидеме заедно и да бидеме добро координирани во справување со ова зло. Сега е навистина момент кога и институциите и многу поединци во Армијата, во противпожарните единици, во локалните власти, во институциите како ДЗС, ЦУК, полицијата и други покажаа на кого можеме да се потпреме и покажаа дека многу треба да се инвестира во системите за заштита и спасување – рече министерката.Мајорот Александар Гаврилов истакна дека се презмени сите мерки, направен е противпожарен појас и дека складот е заштитен.

Слајдер | пред 4 години

lup3xvfxuixiha7plz17

Жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар, не е најдена во куќата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека распишало потрага по лице, откако при извршениот увид во опожарената куќа не се пронајдени остатоци од опожарено тело. Пред два дена, медиумите објавија за прва жртва во пожарите во село Челопек, Старо Нагоричане, кумановско, откако постар маж пред камерите изјави дека Стојанка, со која тој живеел, не можел да ја спаси откако се заклучила во куќата со цел да се сокрие од пожарот, а потоа куќата целосно изгорела.-Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапуба понасока на Јавен обвинител, во координација со обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

carsija-cinar-turisti-ohrid-lugje

Повторно зголемување: 325 новозаразени од корона во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.Направени се 5.959 тестови преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–67, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-502, Биотек-329, Систина-72, лабораторија Лаор-763, Синлаб-66, Ремедика-10, Плодност–44, Генеа–1, Никоб лаб-993, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480.Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)Скопје 69145, Активни 370Куманово 9017, Активни 114Прилеп 8350, Активни 20Тетово 7724, Активни 379Битола 6349, Активни 38Велес 5482, Активни 6Гостивар 5323, Активни 126Кавадарци 5164, Активни 8Охрид 5039, Активни 18Штип 4974, Активни 10Струмица 4160, Активни 30Струга 3005, Активни 22Кочани 2811, Активни 15Кичево 2638, Активни 30Гевгелија 2197, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1528, Активни 3Ресен 1235, Активни 1Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1170, Активни 8Берово 1042, Активни 10Делчево 974, Активни 0Дебар 980, Активни 36Виница 891, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 674, Активни 5Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 364, Активни 5Пехчево 276, Активни 7Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Скопје | пред 4 години

12092019_Ministerot_Ademi_rabotni-sredbi-vo_Ohrid-i-Struga_3

(ВИДЕО) А1он: Мерко реновира заштитена зграда и троши 146 илјади евра, за таму да се пресели со општината

Без дозвола и потребни документи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, урива и преградува, односно реновира објект што е прогласен за значајно културно наследство, објави „А1он“. Сето тоа без конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во зградата на поранешното училиште планира да ја пресели општинската администрација сосе него, иако за ова нема одлука од Советот на Општина Струга.За реновирањето на објектот кој е прогласен за значајно културно наследство, а кое се прави без дозвола, Општина Струга склучила договор вреден 8.998.438 денари или 146.316 евра.Повеќе на А1он.мк

Македонија | пред 4 години

merko-2

Мерко заслужил уште еден мандат

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, ќе се кандидира за уште еден мандат на локалните избори на 17 октомври, објави Артан Груби од ДУИ. Според него, Мерко е добар градоначалник и е убеден дека тој повторно ќе победи.„Рамиз Мерко е добар градоачалник и за Македонците, и за Албанците, и за Турците и за Ромите. Тој ќе биде новиот кандидат за уште еден мандат за Струга за локалните избори на 17 октомври. Убедени сме дека Рамиз Мерко ќе победи и дека ќе продолжи успешното менаџирање со општината“, рече Груби.Тој вели дека Мерко го заслужил мандатот со работа.

Македонија | пред 4 години

nova-patarina-Skopje-Kumanovo

Младо девојче загина на автопатот од Скопје до Куманово, била сопатничка во автомобил

Осумнаесетгодишна девојка од Куманово загина а уште две лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје-Куманово во близина на наплатната станица „Романовце“.Како што информираат од МВР, вчера околу 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Скопје – Куманово, на околу еден километар пред наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово и товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од с.Старо Нагоричане, кумановско.На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“.Додека, С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.Увид на местото извршиле екипа на СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.

Македонија | пред 4 години

38655894_214855759189364_2820759173677973504_o

Пет години откако изгубивме 22 сограѓани во поплавите во Стајковци

На денешен ден пред пет години Скопскиот регион го зафати временска непогода со катастрофални поплави кои однесоа 22 човечки животи, а над 1.000 граѓани беа евакуирани.Најпогодени беа Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново.Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост.

Скопје | пред 4 години

sladoledi-povleceni

Итно повлечени сладоледи од продажба во Македонија!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи односно сладоледи, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.Од пазарот се повлекуваат сладолед KIT KAT стапче со потекло од Франција, сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче со потекло од Полска и сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник од Полска.Причина за повлекување на сите сладоледи е дека претставуваат небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.„Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, соопшти АХВ.АХВ апелира до потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-06-at-13.22.04

Ја прашуваат Радмила: Од кај ја купи Маричиќ маичката за на плажа, како манекен изгледа?

Коментари | пред 4 години

147CE0EF-87F1-43C0-94E1-775193530301

Три лица затекнати на Водно, иако има забрана за движење поради пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска на 06.08.2021 во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила.Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движеле во шумскиот појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои се подолго време изложени на сонце и можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, апелираат од МВР.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-06-at-11.50.12

ФОТО: Заев со дел од министрите отиде на одмор, додека беснеат пожари насекаде

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу. Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, соопштија од Владата.

Македонија | пред 4 години

pehcevo-pozar-4

ФОТО: Мештани, пожарникари, АРМ се справуваат со пожарот во Пехчево, кој е на стотина метри од куќите во Робово

Пожарникари од Австрија и припадници на АРМ ги гаснат пожарите во пехчевско. Но, тие и натаму се шират. Ветерот е се повеќе присутен и се посилен. Пожарот моментално е над селото Робово, а во голем дел за справување со него се вклучени и мештаните. Огнената стихија е на стотина метри од првите куќи, според пишувањата на Марјан од Пехчево. 

Македонија | пред 4 години

najcevska

Груби сака нови етнички вработувања во администрацијата, Најчевска му одржа лекција

Коментари | пред 4 години

229581927_870973030174968_7762671881110867840_n

Охрид додели субвенции за туристички дејности

Охрид | пред 4 години

opstina-ohrid

Во Охрид се ангажираат реонски попишувачи

Се известуваат заинтересираните лица кои сакаат да се ангажираат во спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори е објавен во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб страниците од Државниот завод за статисктика.Дополнителни информации може да се добијат од дописот во прилог.Тука

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Охрид ги евидентира невработените лица

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08. 2021 година се објавува:Ј А В Е Н П О В И Кдо евидентирани невработени лица за вклучување воПрограмата Општинско – корисна работаСе повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Отворени можности за еднакво образование за сите деца ” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.Профили за кои што можат да се пријавуваат заинтересираните лица се:Психолог,Педагог,Дефектолог,Наставен кадар (за сите наставни предмети со емпатичност за лицата со посебни потреби)Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:долгорочно невработени лица (над 12 месеци)млади лица до 29 годинилица корисници на паричен надоместоксамохрани родителиродители на деца со пречки во развојотродители на три и повеќе децажртви на семејно насилствоРаботните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:9 девет образовни асистентиЗаинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 05.08.2021 година до 13.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид кај лицето Кети Росиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид кај одговорните лица, Центар за социјлна работа Охрид кај лицето Мирјана Врангалоска.

Охрид | пред 4 години

Vecer_Zivko_Cingo_09072019012

Расказот „Пура во Осака“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021

Расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година што општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ биле пристигнати 47 раскази.Жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Тоде Илиески – член, издвои десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор. На работниот состанок одржан на 06.08.2021 година, едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“ за 2021 година да му припадне на расказот „Пура во Осака“ под шифра „Архина“.Расказот „Пура во Осака“ е осмислен како продолжен суптилен дијалог во кој се актуализираат современите предизвици на македонскиот јазикАвторот на расказот со четвртиот примерок најдоцна до 11.08 2021 година треба да дојде во просториите на општина Охрид и да го докаже своето авторство.

Охрид | пред 4 години

pozar-pehcevo-05.08.2021

И ова се случува: Пожарна добива лажни пријави за пожари!

Седум лажни пријави за пожари добиле вчера скопските пожарникари информираат од Пожарна Скопје.„Во 22 пожари со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари, а седум пријави за пожар беа лажни“, се вели во објавата на социјалните мрежи од Пожарна Скопје.Нема информација дали МВР испитува кој лажно пријавува пожари

Македонија | пред 4 години

1120507507

Еве каде се има пожари: Гори во десетина општини, пехчевско е проширена огнената стихија

Во десетина општини во помал или поголем обем активни се пожари на кои активно се делува со сите расположиви сили, изјави денеска Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи. Она што е најкритично се пожарите на територијата на општините Делчево, Пехчево и Берово, каде делуваат три хеликоптери.Нов пожар се заканува во атарот на селото Робово кај Берово. Во текот на ноќта постоеше опасност пожарот од Свети Николе да се префрли во правец на Штип, но бил локалзииран. Но, од утрово, поради силниот ветер, постои опасност од ширење на пожарот кон Карбинци.Во Прилеп активни се пожарите кај Топлица, Ракле и Никодин каде се испратени голем број на пешадиски сили на АРМ. Активен е и пожарот кај Молане.Во општина Куманово кај Бељаковце делува еден хеликоптер. Тука е активен пожарот од вчера и делуваат повеќе од 80 војници и пожарникари. Се очекува во текот на денот овој пожар да биде ставен под контрола.Во општините Ранковце и Крива Паланка активен е еден пожар каде се испратени дополнителни сили од 60 војници. Во Валандово активен е помал пожар кој е под контрола.

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

Нов приведен пироман, овојпат за пожарот во прилепско

Утрово околу 06.15 часот Дабница, прилепско, во близина на споменикот, полициски службеници од ОВР Прилеп го уапсиле 34-годишниот М.Е. од Прилеп, за кој постои сомнеж дека подметнал пожарот во место викано Дабница.Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп.

Македонија | пред 4 години

pozarnaohrid3

Снемува гориво за гаснење пожари, Владата пресече

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, заради справување со појавата на пожарите.Владата донесе одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.„Со одлуката е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5.000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила“, соопшти Владата.Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на целата држава и справување со непредвидливите последици, Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15.000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-05-at-21.15.47

Пожар и во Велес

Пожар во овој момент се шири и над градот Велес.Како што пренесува „Курир“, пожарот е над автопатот Велес кој се шири со молскавична брзина.Според очевидците, истиот доколку не се локализира наскоро би можел да претставува опасност за локалните викендички кои ги има во непосредна близина.

Македонија | пред 4 години

uapsen

Падна уште еден пироман кој потпалувал пожари

Полицијата од СВР Битола-ОВР Ресен го лиши од слобода К.С. од ресенското село Лева Река осомничен дека го предизвикал пожарот во тоа село во кој беше опожарена нискостеблеста шума.Министерството за внатрешни работи информира дека во 17.40 часот пожарот е ставен под контрола, а К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишија од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.- Полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3 август беше пријавен пред село Блаце кон Катланово, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 години

angelov

Сомнително е како се палат пожарите одеднаш

„Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет“, апелираше директорот на ЦУК до граѓаните во загрозените подрачјаДиректорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција рече дека необјасниви се причините како одеднаш пламнуваат толку пожари и рече дека МВР работи на откривање на причините.„Пожарите се шират со чудна брзина. Дури имаме сомнителни моменти како тоа на некој места се палат тие пожари одеднаш, на повеќе локации. Полицијата работи на утврдување на причинителите“, рече Ангелов.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања