Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Tan2021-8-3_183236530_0-1068x712

18 пожари се активни, ама постојано има појава на нови жаришта

Предмалку до Центарот за управување со кризи имало пријава за пожар во Дебрца, Охридско. На лице место интервенираат од Шумското стопанство и противпожарни единици од Дебар и Охрид. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше и за нов пожар во Светиниколското село Богословец каде се изгорени и четири куќи, но за среќа нема повредени и жртви. Околу 18 пожари се активни во моментов на територијата на земјава, но ситуацијата се менува од минута во минута и за неполн час се пријавени седум нови пожари.Како што информираат од Центарот за управување со кризи на прес-конференцијата во 17 часот, причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето. На терен во моментов се 300 војници на Армијата, пожарникарските екипи и се користат сите други материјални ресурси.Марија Милкова, помошник раководител на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи рече дека во моментот најризично е во делкчевско-пехчевскиот регион каде се зафатени неколку маала во селото Нов Истевник, Делчевско, каде има зафатено три куќи и при плевни.„Во делчевскиот регион во текот на денот интервенираа и четири хеликоптери, има 200 војници ангажирани, ресурни од јавните комунални претпријатија, противпожарните бригади, помошта од Бугарија. Во Пехчевскиот дел пожарот е уште активен, загрозени се селата Робово, Умлено и Чифлик. Патот е затворен. Таму се и силите од Словенија, кои се распоредени и во атарот на селата Ценик и Негрево кои исто така се загрозени. Во моментов на терен дејствуваат три хеликоптери од Србија кои дојдоа на помош“, информираше Милкова.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-05-at-17.26.56-1

ВИДЕО: Пожар во Охис, затворен булеварот

По катастрофалните пожари низ цела држава, попладнево пожар избувна и во фабриката Охис.Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 потврдуваат дека има пожар во фабриката.Засега не е познато што е запалено во фабриката.Поради пожарот, од безбедносни причини затворен е за сообраќај булеварот „Борис Трајковски“ кон населбата Драчево, а возилата се пренасочуваат кон Лисиче.

Скопје | пред 4 години

231216387_870545923551012_3888087854021054649_n

Охрид прави планови за евентуални пожари, иако ги нема

„Иако во моментот е прогласена Кризна состојба поради големиот број активни пожари на целата територија на државата, за среќа состојбата во Охридскиот регион е стабилна. Денеска заедно со сите надлежни институции за превенција од пожари ги согледавме можностите за заедничко дејствување во насока на избегнување на пожари од поголеми размери. Направивме целосен преглед на расположливите човечки и материјално – технички ресурси при можен пожар и заклучивме дека мора плански, координирано и навремено да делуваме, со цел да нема поголеми штети“, напиша охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

pozar-1

Гори и во скопско Кучково, состојбата со пожарите излегува целосно од контрола

Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи.За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.На мејлот на МИА стигна и писмо потпишано од жители на селото Кучково, во кое наведуваат дека пожар го зафатил селото и упатуваат апел да се реши проблемот со водата.-Почитувани медиуми вие сте нашиот спас, ПОМАГАЈТЕ! Општината не се јавува на нашите повици. Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме! Во селото живееме само постари луѓе ако зафати тешко ќе може да се спаси нешто, се наведува во писмото.

Македонија | пред 4 години

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Повторно зголемување за 50 отсто: 219 нововозаболени од корона, четири починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 229 нови случаи на КОВИД-19:Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод  и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.Пријавени се четири починати лица : две лица од  Скопје (61г и 66г) и едно лице од  Тетово  (76г) и Кичево (76г)  починати во болнички услови.Направени се 4.713 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-208, Биотек-138, Систина-115, лабораторија Лаор-636, Синлаб-80, Ремедика-12, Плодност–30, Генеа–3, Никоб лаб-811, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.999.Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)Скопје 69044, Активни 275Куманово 8991, Активни 90Прилеп 8346, Активни 16Тетово 7629, Активни 285Битола 6348, Активни 38Велес 5481, Активни 5Гостивар 5280, Активни 84Кавадарци 5162, Активни 6Охрид 5032, Активни 11Штип 4972, Активни 8Струмица 4157, Активни 27Струга 2995, Активни 12Кочани 2807, Активни 11Кичево 2631, Активни 23Гевгелија 2197, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1528, Активни 3Ресен 1235, Активни 1Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1167, Активни 5Берово 1041, Активни 9Делчево 974, Активни 0Дебар 973, Активни 29Виница 890, Активни 4Пробиштип 789, Активни 0Валандово 674, Активни 6Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 360, Активни 1Пехчево 273, Активни 4Македонска Каменица 250, Активни 1Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

pozar-istocna-960x720-312784

Изгореа дел од куќите во делчевско, ветерот брзо го шири пожарот

Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско маало, Курјачко маало и Тработивиште.Во моментот дува силен ветер кој го отежнува гаснењето на пожарот.

Македонија | пред 4 години

raskoski

Рашкоски останува дома во притвор, а судот го потсети и дека не смее да комуницира ни на телефон

Апелациониот суд Скопје пак му го продолжи куќниот притвор на осомничениот за корупција Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, до 8 септември, објави СДК.мкОсвен тоа, Апелација вели дека уште еднаш ја назначиле забраната да комуницира на мобилен и преку средствата за електронски комуникации, и додава дека цело време таа забрана е жива и си постои, бидејќи Обвинителството за организиран криминал никогаш не побарало да биде укината и Рашковски да може да зборува од куќен притвор по мобилен додека е под истрага. Апелација му одреди забрана за комуникација на Рашковски, кога го пушти од Шутка во куќен притвор на 4 јуни.Обвинителството за организиран криминал и корупција пред две недели го фати Рашковски како збори на мобилен, не со кого било, туку со друг осомничен, и веднаш побара притвор. Ја прекршил забраната за комуникација, влијаел врз доказната постапка. Тоа е процедурата, тоа е законот што важи за обичните граѓани кои се осомничени, обвинети.Повеќе детали тука

Македонија | пред 4 години

dete-siluvanje

Ужас во Битола: 72-годишен маж сексуално злоставувал 12-годишно дете

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопшти полицијата.На 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик.Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.​

Македонија | пред 4 години

230642669_3057085511179634_7013765794444489424_n

Прогласена кризна состојба поради пожарите кои беснеат секаде

Владата на денешната 95-та седница прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење.Како што соопшти владината прес-служба, одлуката е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Членовите на овој комитет на седницата. што се одржа вчера во попладневните часови го прифатија предлогот на Групата за процена за утврдување на постоење на кризна состојба на територијата на цела држава поради зголемена појава на пожари.-Одлуката за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции, заради зголемената појава на пожари и спречување на нивно ширење, стои во соопштението.За Одлуката, ќе биде известен претседателот Стево Пендаровски и Собранието.Заради операционализирање на Одлуката, Владата донесе и неколку заклучоци. На претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш да почне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување. МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите останати засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои можат да се стават во функција за справување со кризната состојба,Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на државата.

Македонија | пред 4 години

elence

Ковид-19 се префрла на животни? Од луѓе се заразиле елени во САД

Научниците открија дека ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави.Имено, тие открија антитела за САРС-КоВ-2 во 40 проценти од елените со бела опашка на североисток од земјата, пренесува „Science Alert“.Само во Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирус во крвта.Ова е првиот доказ за широка изложеност на „Ковид-19“ во дивиот свет.Иако здравствената состојба на ниту еден од елените не е влошена, присуството на специфични антитела во крвта покажува дека тие неодамна го надминале вирусот.Научниците стравуваат дека популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која потоа подоцна би можела да им се врати на луѓето, но со потешки последици врз нашето тело отколку порано.

Актуелно | пред 4 години

pozar-1

„Наместо навремена интервенција, гледаме загрозени села, градови, куќи, фарми“, ВМРО-ДПМНЕ за пожарите

Гледаме апсолутна неспособност на власта во справување со пожарите низ Македонија. Наместо навремена интервенција гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и за жал и изгубен животи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со ситуацијата со пожарите во државата.„Оваа неспособна власт на Заев освен криминал не може да организира ништо друго. Тие немаат план и стратегија за справување со пожарите. Да имаа немаше да го одбијат амандманот за ребалансот на буџет предложен од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 20 противпожарни возила. Да имаа стратегија немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар кои сега ќе гаснеа шумски пожари. Но наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Според оваa партија , власта како што велат од таму наместо да го разреши неспособниот Стојанче Ангелов таа го унапредува од вд во директор, човекот кој според нивните оценки аматерски менаџира криза кој може да чини животи и имоти на граѓани.„Впрочем каков премиер, такви и соработници и функционери“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.„Не може да се очекува повеќе од лица кои наместо да превенираат дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен. Време е за оставки на неспособните, за да се спасат животи! Неспособноста на власта загрозува животи и имоти на граѓани. Веќе никој не бара одговори од власта на Заев, сега од нив се бара одговорност!“, се нагласува во соопштението од опозициската партија.

Македонија | пред 4 години

kocani-3

Пожари насекаде, некаде се гасне и по неколку денови

Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион соопштија од Центарот за управување со кризи.Според објавата на нивната фејсбук страна, состојбата со активни пожари до 8:00 часот денеска во битолскиот регион укажува на два активни пожари.На територијата на ЕЛС Прилеп има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:-во атарот на селата Дрен-Смолане каде гори сува трева и шума и е во близина на објекти.-пожар кој започна на ден 02.08.2021 во 13.10 во атарот на с.Топлица се проширил во атарите на с.Ракле и с.Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума.На двата пожари од раните утрински часови во гаснење учествуваат 9 пожарникари со 4ПП возила и 28 припадници на АРМ и вработени „Црн бор“-Прилеп, велат од ЦУК.Во струмичкиот регион според информации од Центарот, утрово на пожарот кај Погана се излезени 2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 30 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило, од РЕК Битола и здружение од Битола 9 луѓе исто така се излезени 13 вработени од ПШС Кожув.Пожар има и во с.Мургаш, каде гори сува трева и истиот може да се прошири према куќите. За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ДЗС Куманово и општина Куманово.Во моментот активни пожари има во с.Довозенце, с.Горно Јачинце и с.Градиште, информациите се добиени од ТППЕ Куманово чии екипи сеуште се на терен.Во Општина Кратово пожарот во с.Коњух е сеуште активен на непристапен терен. На терен се ТППЕ Кратово со 1 возило и 3 пожарникари и 4 четворица вработени од Шумското стопанство.Во штипскиот регион според информациите од ЦУК, пожарот на потегот с.Костин дол-с.Ново село од нокеска е повторно активен. На терен се екипи од ТППЕ-Кочани, ШС Осогово, Водостопанство и МЗШВ.Пожарот кај Стар Истевник сеуште е активен. Од раните утрински часови на терен се распоредени екипи на АРСМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија како и месно население. Само од АРСМ има 200 луѓе. Против пожарна екипа од Кочани.Инфромација од Раководителот на РЦУК Делчево од лице место, е дека на теренот се распоредени екипи на НШ, ГП, КП, АРСМ, во многу голем број месно население и доброволци. На теренот видливоста е многу намалена и има многу дим, што го отежнува гасненењето на пожарот.

Македонија | пред 4 години

dete

Тетовец пијан доаѓал дома, ја тепал ќерка си и ѝ се заканувал дека ќе ја убие мајка ѝ

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1“ и „загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи притвор во траење од 30 дена.Како што информира ЈО, на 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.-Во вечерните часови тој пристигнал во домот во алкохолизирана состојба и иако со решение на Основниот суд Тетово му биле изречени повеќе забрани да ги вознемирува домашните и да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката. Тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница. Во собата влегол таткото на осомничениот, кој побарал од синот да не прави проблеми. Во тој момент, осомничениот од џебот извадил два скалпела, го фатил за коса својот татко и ставајќи му го скалпелот на вратот, му се заканил дека ќе го убие. Потоа го пуштил, а со скалпелите продолжил да им се заканува на домашните со зборовите: „Вечерва ќе има крв“, прецизира ЈО.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 4 години

pozar-staro-negoricane-03.08.2021

Четири лица осомничени дека ги палеле пожарите низ државава

Денеска околу 15.10 часот, е лишено од слобода 32-годишно осомничено лице дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Лицето со иницијали Л.А. било од Република Албанија а илегално престојувало во земјава.Осомничениот за подметнување на пожарот е задржан на понатамошна постапка а го привеле  полициските службеници од одделението во с.Галате.Полицијата има осомничено уште едно лице за пожарот во Старо Нагоричане за што полициските службеници веќе постапуваат во координација со Јавен обвинител.МВР работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар од поголеми размери пред село Блаце кон Катланово.Но, благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, обидот е осуетен а со тоа е спречено распламтување на пожарот.МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели , граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време биле изложени на сонце и поради тоа можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување од страна на секој поединец.Од МВР потсетуваат дека , предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Македонија | пред 4 години

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ за Стојанче Ангелов: Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек

„Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК  од страна на Владата е само по себе скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно. Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек наместо Ангелов. Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

lup3xvfxuixiha7plz17

Неофицијално: Изгоре жена во Старо Нагоричане, тврдат мештаните

Очевидци за тв 24 сведочат дека во пожарот изгорела жена, но полицијата не потврдува додека не го најде телото. Тие немаат пристап немаат до куќата поради пожарот кој што се уште беснее.Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва. Жена изгоре во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици.– Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Борис кој живеел со Стојанка.

Македонија | пред 4 години

stojance

Стојанче унапреден од Владата, додека сите го критикуваат

Стојанче Ангелов, кој досега беше в.д., денеска е унапреден во директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Одлуката е донесена на денешната владина седница што воедно беше последна пред годишните одмори. Одлуката на Владата доаѓа по низа критики од јавноста за неговата работа.Ангелов во изминатите неколку денови се најде под силен притисок во јавноста поради т.н. „ер трактори“ или попознати како канадери и нивната нефункционалност за големите пожари што ја зафатија Македонија, поради тоа што не се сервисирани.

Македонија | пред 4 години

pozar-3

ЕУ испраќа авиони, хеликоптери и противпожарни екипи во Македонија за да се справат со пожарите

Европската комисија денеска објави дека испратила авиони, хеликоптери и противпожарни екипи во Италија, Грција, Албанија и во Северна Македонија за да им помогнат на тие земји да ги изгаснат шумските пожари.Двајца Канаѓани од Франција беа испратени во погодените области во Италија, се вели во соопштението на европското извршно тело, пренесуваат регионалните медиуми. Во него се додава дека два противпожарни авиона од Кипар ѝ помагаат на Грција, а противпожарната бригада го гасне пожарот на земја.Два хеликоптера беа испратени за помош на операциите во Албанија од страна на Чешка и Холандија, а Словенија испрати тим од 45 пожарникари во Северна Македонија. Помошта е испратена според системот за цивилна заштита на ЕУ и Комисијата сноси најмалку 75 % од трошоците за транспорт.„Работиме 24 часа на ден за да испратиме помош додека беснеат пожарите во Европа“, коментира еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, заблагодарувајќи им се на земјите што испратија помош.„Цивилната заштита на ЕУ осигурува дека нашите механизми за гаснење пожар се користат во потполност. Ова е одличен пример за солидарност на ЕУ кога ќе се појави потреба“, рече тој.ЕУ оваа недела испрати три противпожарни авиони во Турција, која беше погодена од најтешките пожари во последната деценија. Овие пожари, во кои загинаа осум луѓе, уништија шуми, полиња и населени области по должината на брегот.Во Грција, која пред една недела беше погодена од најлошиот топлотен бран во последните 30 години, пожарникарите се бореа со повеќе пожари вклучувајќи го и големиот пожар северно од Атина, од кој околу 300 луѓе беа евакуирани во вторникот вечерта.Во Албанија едно лице го загуби животот во шумски пожар на југот на земјата во вторникот, каде што пожарникарите и армијата се борат со десетици пожари.

Македонија | пред 4 години

tnrqg43w80vaxu75uw2z

ВИДЕО: Повлечени хеликопетерите од Пехчево, пожарот се шири!

„Веднаш по пристигнувањето на хеликоптерите на местото на пожарот командантот на ескадрилата донел одлука повлекување поради ризично зголемување на работната температура. Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени. Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!“, напиша Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.https://twitter.com/StojanceAngelov/status/1422956107534938122

Македонија | пред 4 години

225615559_4234490113312677_6547578895995421885_n

ВИДЕО: Катастрофа му се случува на Пехчево, ужасни снимки од пожарот кој голта се пред себе

Македонија | пред 4 години

227683913_1945490695613520_5943138933658347687_n

ВИДЕО: Ужасен пожар во Пехчево се шири кон Берово - помош за гаснење бара градоначалникот од населението

Од територијата на Општина Пехчево огнот се шири кон Берово, а беровскиот гадоначалник, Звонко Пекевски, алармираше за ситуацијата и побара од населението да се вклучи масовно во гаснењето.„Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села . Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот!“,напиша градоначалникот.

Македонија | пред 4 години

Javen-povik-Velosipedi-2020

219 охриѓани добија пари за нови велосипеди

Општина Охрид исплати 1 210 000 денари на 219 охриѓани кои аплицираа на претходно објавениот  Јавен  Повик  за  субвенционирање  при купување велосипеди.Средствата што општина Охрид ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот,  но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Со ова локалната власт настојува да ги стимулира  охриѓани да користат велосипеди наместо возила.Јавниот Повик за субвенционирање при купување велосипеди е согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.

Охрид | пред 4 години

opstina-ohrid

Одлука за неспроведување стратегиска оцена стигна од Охрид

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18,), Општина Охрид, на ден 26.07.2021 година, донесеОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНАЗа планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.1-опфат 2, (изменување и дополнување) КО Охрид 2 и КО Охрид 4 Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mkСогласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.1-опфат 2, (изменување и дополнување) КО Охрид 2 и КО Охрид 4, Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден во Програма за измени и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022, донесена од страна на Совет на општина Охрид со бр.08-9790 од 09.11.2020г, а основ е постојниот ГУП за град Охрид. Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: А1- домување во станбени куќи, А2-домување во станбени згради, Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури и Д1-паровско зеленило, со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основната, во рамки на дозволениот процент. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документот нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Охрид | пред 4 години

Pozarna_08042021004

Георгиески ги посети пожарникарите

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески претпладнево беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.На средбата со охридските пожарникари и комадирот Спасе Прентовски, градоначалникот се информираше за подготвеноста на службата, како и за превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион.На средбата беше разговарано и за подобрување на условите за работа на пожарникарите, набавка на дополнителна опрема и возила. Исто така, се разговараше за потребата од дополнителна опрема за товарното противпожарно возило од марката „Ивеко-Магирус“ кое општина Охрид го обезбеди преку донација во 2019 година.Охридската противпожарна служба, од почетокот на оваа година до денес реализирала над 180 успешни интервенции на територијата на Охридскиот регион.

Охрид | пред 4 години

ohrid-carsija-lugje-turisti-leto-guzva

Ужасни податоци стигнаа: 164 нови, три починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19:Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.Пријавени се три починати лица : две лица од  Гостивар (68г и 86г) и едно лице од  Скопје (82г), починати во болнички услови.Направени се 5.276 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово–58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-304, Биотек-203, Систина-108, лабораторија Лаор-677, Синлаб-69, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–2, Никоб лаб-799, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.466.Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68979, Активни 221Куманово 8971, Активни 72Прилеп 8343, Активни 14Тетово 7564, Активни 229Битола 6344, Активни 34Велес 5479, Активни 3Гостивар 5261, Активни 68Кавадарци 5160, Активни 4Охрид 5031, Активни 10Штип 4970, Активни 6Струмица 4150, Активни 21Струга 2991, Активни 8Кочани 2804, Активни 9Кичево 2625, Активни 19Гевгелија 2197, Активни 2Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1528, Активни 3Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1165, Активни 4Берово 1037, Активни 5Делчево 974, Активни 1Дебар 971, Активни 27Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 674, Активни 7Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 272, Активни 3Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања