Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

opstina-ohrid

Охрид бара пожарникари

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 161/2008, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и 143/19) и член 11 и член 11-б од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004, 81/2007, 55/2013, 158/2014, 193/2015, 39/2016 и 152/19), градоначалникот на општина Охрид објавува:ЈАВЕН ОГЛАСза вработување на работник на неопределено време во општина ОхридСе објавува јавен оглас за вработување на работник во општина Охрид на неопределено време на работно место: пожарникар спасителПовеќе тука

Охрид | пред 4 години

ohrid-asfaltiranje-3

Забрана за паркирање во Охрид утре од 6 до 12 часот на „Јане САндански“

Утре  (04.08 2021г.) во период од 6 до 12  часот  на улицата „Јане Сандански“  ќе биде воведена забрана  за паркирање , поради изведување  градежни активности.Се упатува апел до жителите и гостите во градов  да не ги паркираат своите возила на улицата односно таа да биде слободна на двете коловозни ленти.

Охрид | пред 4 години

ohrid-1

Охрид: Организирање на јавна анкета и презентација за ДУП за УЗ2

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид, плански период 2017-2022 со тех. бр. 32/17 од 07.2021 год. изработен од „ТАЈФА АРХИТЕКТИ“ дооел, увоз-извоз – Куманово.Просторот на планскиот опфат на ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид е опфат со површина од 1.18 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:северо-исток со улицата „Страшо Пинџур“на југо-исток со улицата „Јане Сандански“,на југо-запад со улицата „Партизанска“,и на северо-запад со улицата „Серафим Китаноски“2. Јавната анкета ќе трае од 09.08.2021 – 23.08.2021 год.3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 11.08.2021 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Охрид им укажа на инвеститорите кои градат отпадот да си го исфрлаат во вреќи или затворени возила

Се известуваат инвеститорите, изведувачите и проектантите дека при издавање на одобрение за градење, за градежни парцели  каде што има постоечки стари објекти кај кои што се применети материјали на база на азбест, се укажува дека при изработка на проект на рушење на вакви објекти потребно е да се постапува согласно член 75 од Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот за постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест.Тоа значи дека, азбестниот отпад треба да се транспортира исклучиво во затворени садови или вреќи, или затворени возила, отпадот да се собира и отстранува колку што е можно поскоро во соодветно запечатено пакување и обележано на начин кој укажува дека истото содржи азбест. На депонија отпадот од азбест се отстранува на однапред утврден простор за депонирање на азбест кој мора да биде видливо означен и наменет за депонирање на отпадот од азбест.Во нашата држава, депонирање на ваков вид на отпад исклучиво врши депонијата „Дрисла“ од Скопје, кои единствено постапуваат со ваков вид на отпад  согласно погоре наведените прописи и мерки.

Охрид | пред 4 години

opstina-Ohrid

Се вработува хигиеничар во Општина Охрид

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи ( Сл весник на РМ бр. 62/05 ….. 113/2014), Општината Охрид објавуваЈ А В Е Н О Г Л А Сза вработување работникОпштината Охрид има потреба од вработување работник на неопределено време и тоа: хигиеничар.Повеќе тука

Охрид | пред 4 години

230364470_10221449827857228_4577619009977141783_n

ВМРО-ДПМНЕ барале пари за 20 противпожарни возила, но предлогот им бил одбиен

„Пред неполн месец имаше расправа за ребалансот на буџетот за 2021 година. Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила. Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ - ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа. Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец. Денес имаме пожари низ целата држава.Нема пари за нови противпожарни возила, но има: - 155 милиони денари повеќе за нови вработувања, - 144 милиони денари повеќе за набавка на мебел, - 17 милиони денари повеќе за набавка на возила. Тотална неспособност! Тотално фијаско! Тотална недоговорност! Што фативте - уништивте. Уште малку!“, напиша пратеникот Бојан Стојноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

pozarna

Гори во Скопје кај училиштето „Димитар Влахов“

Гори трева зад скопското училиште „Димитар Влахов“, информираат од Противпожарната служба – Скопје. Засега не е познато колкава е опасноста пожарот да се прошири. Зафатена е поголема површина.Оттаму соопштија дека се испратени екипи на терен кои работат на гаснење на огнот.

Скопје | пред 4 години

D885AE6F-ED4B-452D-8DC6-27362F771C48

Пожар и во скопско Катланово

Активен пожар скопско Катланово односно во с.Градманци. За ова објави противпожарната служба на Скоппје. Нивни екипи со три возила се на терен.Тие се потпомогнати од возило од комунална хигиена цистерна за вода од ЈКП Комунална Хигиена Скопје. Се работи на негово локализирање и гаснење.“Нема откажување продолжуваме со работа без престанување”, велат оттаму.

Скопје | пред 4 години

grubi-4

И со албанско оро и песна се славеше Илинден во Крушево, Груби презадоволен

На денешната трибина по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, истакна дека именувањето на неколку улици е еден сензитивен успех како и многуте други успеси што го носат печатот на Охридскиот договор. Тој побара од Институтот, Охридскиот договор да се третира како културно богатство и да се направи детална научна студија, со споредување на тоа каде сме биле и каде сме денеска.„Како и по 20 години, на нашата јавност ќе ѝ го претставиме авторот на Охридскиот рамковен договор, кој е еден наш одличен пријател од САД, како и многу наши пријатели од ЕУ, САД, ОБСЕ. Дваесет години не се далеку. Застанете и само споредете, како бевте вие заедно со нас пред 20 години и како сме денеска. Во Влада, Собрание зборуваме албански. Недалеку од вчера на одбележувањето на Илинден одекна албанското оро и песна на сред Крушево и немаше двоумење од ниту еден учесник за такво достоинствено претставување на албанската култура”, подвлече Груби.

Коментари | пред 4 години

229672115_1260833884387480_3847551769514444741_n-1

Горела караулата на АРМ во Гевгелија, а изгоре полициско возило од пожарот кој е локализиран

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола. Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е се уште активен, но е локализиран.Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирањето на пожарот покрај, ТППЕ- Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро.Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој постојано ја следеше и координираше работата за локализирањето на пожарот на самиот терен, во изјавите за медиумите ја изрази својата благодарност за херојството и интервенцијата на гевгелиските пожарникари, вработените од ЈПКД „Комуналец“, а и кон вработените од хотел „Фламинго“ и граничната полиција кои активно се вклучија во борбата со пламенот, придонесувајќи да се избегне катастрофа од поголем размер, односно пожарот да ги зафати: хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, граничниот премин и двете бензински пумпи „Шимов“ и „Окта“.

Македонија | пред 4 години

Vucic-1-e1586514023464

Откако не можевме сами, Србите ни пратија хеликоптери за да не избори Републиката

Србија испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите, објави на својата фејсбук-страница министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.– Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата, напиша Спасовски.Спасовски се заблагодари на Србија, која, како што рече, повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко, како и до министерот Вулин лично за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани, напиша Спасовски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Нови шок цени на нафатата, сите на бензиска

Дизелот поскапува за 3,5 денари за литар од ноќеска на полноќ. Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапи за 1,5 денари за литар а бензините за два денари одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе пораснат за 3,36 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-03-at-17.22.18

ВИДЕО: Снимки од страотниот пожар во Гевгелија, во близина на бензиска и хотел

https://twitter.com/Otpecatok/status/1422563120522924036?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1422563120522924036%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flider.mk%2Fnovo-video-od-gevgelija-pozarot-se-povekje-izleguva-od-kontrola%2F

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-03-at-15.56.16

ФОТО: Пожар на граничниот премин Богородица, гори зад „Фламинго“

Од околу 14 часот гори и борова шума во близина на граничниот премин Богородица, непосредно над едно од тамошните познати Казина, во чија близина исто така има и бензиска пумпа, објави Телма. На терен се противпожарните екипи од Гевгелија.

Македонија | пред 4 години

pozar-staro-negoricane-03.08.2021

Има повеќе пожари, дел под контрола, дел не - детали

Активен е пожарот над селото Градманци во скопскиот регион, но и пожарите кај кумановскиот и штипскиот регион. Пожарот кај селото Бели е целосно изгаснат, додека кај охридскиот регион е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се сè уште пожарникарите и екипите од Армијата.Согласно состојбата со активни пожари до 13 часот денеска, од ЦУК на својот фејсбук профил објавија дека во скопски регион е активен пожарот над селото Градманци.На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС Караџица – четири шумари. Исто така, е контактирано и со одговорните лица од општина Петровец. Состојбата се следи.Во струмички регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот завчера кај местото Погана во општина Валандово и кој зафати површина од 200 хектари, во текот на вчерашниот ден беше во мирување се до 17 часот. Но со појава на северен ветер пожарот повторно се разгоре и имаше движење према секо Казандол и Богданци и зафати површина од околу 100 хектари.Од ЦУК информираат дека денеска во утринските часови поради тивкото време пожарот е во мирување, освен мал дел над селата Брајковци и Балинци. Екипите на ТППЕ, Шумско стопанство и ДЗС се на терен и распоредени се покрај наведените села.Во кумановски регион, во моментот покрај постоечките пожари, во 07:40 има појавено нов пожар во селото Бељаковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Ангажирана е екипа на ТППЕ Куманово со три пожарникара и едно возило.-Во општина Старо Нагоричани во моментот и понатаму е активен пожар во селото Кокино кој се дели со длабок дол со селото Арбанашко – местото Рамно во општина Старо Нагоричане каде гори висока борова шума, дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума, информираат од ЦУК.Во моментот од утринските часови на терен се ТПП Единица Старо Нагоричане со шест пожарникара, петмина вработени полицајци од СВР Ст ароНагоричане, 30 лица војска од АРМ, шест лица вработени од Ш.Стопанство, со едно теренско возило и неколку мештани од општината Старо Нагоричане.За пожарот во атарот на селото Дренок од општината Старо Нагоричане се исвестени од РЦУК и ТППЕ Куманово, ДЗС ПО Куманово и ЈП Национални шуми ПЕ Куманово.Во однос на охридски регион, таму пожарите во околината на сото Делогожда-Струга и селото Девич-М.Брод се локализирани и ставени под контрола, така штоа, од ЦУК велат дека во овој момент нема опасност од нив и нема потреба од дополнителни сили и средства за справување со нив.Во битолски регион за пожарот во општина Прилеп, атарот на селото Канатларци и селото Подмол на лице место излезена е екипа од ТППЕ Прилеп од едно пп возило и едно теренско возило, како и седум пожарникари. Зафатено е сува трева, појаси и меѓи. Зафатена е и корија во атарот на селото Подмол.Во овој момент пожарот во атарот на селот Канатларци и Подмол, е ставен под контрола.Пожарот на запалена шума во атарот на селот Топлица, кој започна во текот на вчерашниот ден во 13:10 часот сè уште е активен.Екипа од едно теренско возило и четири работници, моментално заминуваат на местото на настанот. Дооплнителни информации ќе се добијат по пристигнувањето на екипата од лице место.Во штипски регион пожарот што избувна на местото Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, е сè уште активен и е проширен.Интервенираат екипа на Ш.С. Равна Река со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со две теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со едно возило и четири пожарникари и неколку луѓе од месното население. Гори дабова и борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Нов Истевник маало Пасјак е уште активен и е зафатена површина од околу 30 хектари. Гори борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот.Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадника на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со осум пожарникари и една цистерна и едно теренско возило Лада нива, еден припадник на Гранична полиција со едно теренско возило Ланд Ровер.Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.Пoжарот кој се појави вчера во 13 часот кај село Бели е целосно изгаснат. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи од ТППЕ од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. 10 луѓе од ШС Осогово-Кочани и 90 војници и старешини од АРСМ и месно население. Пожарот е изгаснат во 01:30 часот по полноќ. 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-03-at-14.51.53

„Овој ако го остават да меле уште малку пред камери, можеби ќе се самоубие со керамида“, смета Јоци откако Стојанче се жалеше

„Овој ако го остават да меле уште малку пред камери, можеби ќе се самоубие со керамида. Пошто, заборавил дека го плаќа цела земја да менаџира кризи, а не да нè гњави со неговите приватни семејни проблеми. Нема проблем, веднаш еве - ќе заборавиме на нашите проблеми и ќе земеме да ги решаваме неговите емоционални и здравствени домашни ствари. Пошто, само он имал ,,стара и болна мајка", никој друг нема во државава. И сега место да чуеме за што точно зема плата, треба да слушаме што му се случува по дома, док самиот вчера се фоткаше и се забављаше со Влатко Стефановски. Да сакавме старлети, ќе ги изберевме Кардашијанс за директорки на ЦУК.Ги користи медиумите за да упикува теми за семејни ствари кои јавноста не ја занимаат, а притоа за болни деца уште вртиме телефони за донации. И да му се извините, немој да заборавите. И награда да му дадете“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци откако Ангелов се пожали дека неговата мајка се вознемирувала кога за него зборувале лошо.

Коментари | пред 4 години

lugje-plostad-skopje

Пад на бројот на заразени, а најмногу се од Тетово

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:· Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19:· Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.· Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево - 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.· Не се пријавени починати лица.· Направени се 3.658 тестови преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-258, Биотек-84, Систина-81, лабораторија Лаор-479, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–80, Генеа–0, Никоб лаб-654, ВФВ Медикал-65, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.749.Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)Скопје 15, активни 195Куманово 4, активни 68Прилеп 11Тетово 8, активни 175Битола 1, активни 26Велес 3Гостивар 3, активни 49Кавадарци 4Охрид 9Штип 2Струмица 1, активни 16Струга 5Кочани 1, активни 5Кичево 2, активни 15Гевгелија 2Неготино 0Свети Николе 3Ресен 0Крива Паланка 0Радовиш 1, активни 4Берово 3Делчево 1Дебар 1, активни 22Виница 0Пробиштип 0Валандово 7Богданци 0Крушево 0Демир Хисар 0Демир Капија 0Кратово 0Македонски Брод 0Пехчево 2Македонска Каменица 0Дојран 0

Македонија | пред 4 години

232191366_10224691989077879_6417163817887067423_n

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Апокалипса во Кочани: изгореа хаварисани автомобили, зафатени куќи, за влакно избегната трагедија

Фотогалерија на Николчо ГоцевБез коментар...

Македонија | пред 4 години

stojance-angelov-MIA-750x430-696x399

Ангелов најави оставка, ама под негови услови

На прашањето дали има одговорност и дали ќе си даде оставка, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ќе почека прво да се изгасат пожарите, па потоа ќе се направат анализи.„Прво да ги изгасиме пожарите. Републиката е во пламен. Прво да ги локализираме, и нека се олади се, па ќе направиме анализа. Јас мислам дека е најважно што спасивме човечки животи. Ако има одговорност кај мене, јас ќе си дадам оставка и ќе си одам од земајва. Ама ако нема, тогаш барам извинување од сите кои ме напаѓаа во последните денови дека ЦУК ништо не превземал“, рече Ангелов.

Македонија | пред 4 години

pozar-staro-negoricane-03.08.2021

ВИДЕО: Гори меѓу две села во кратовско Кокино, теренот непреоден

Пожарникарите од Старо Нагоричане заедно со припадници на Армијата, полицијата и екипа на шумско стопанство се на терен и работат на догасување на две активни жаришта пожарот во месноста Кокински дол под опсерваторијата, помеѓу селата Кокино и Арбанашко, соопштија денеска надлежните од противпожарната единица и од РЦУК Куманово.„Во моментот има еден активен пожар во дол помеѓу селата Кокино и Арбанашко. Бидејќи се работи за непристапен терен, не може да се отиде со возила, туку само со луѓе. Отежнителна околност е што дува силен ветер и го носи часот и огнот на сите страни. Се работи за голем пожар и ако се спуштиме долу постои опасност да се угушиме. За овој пожар не е потребна воздушна поддршка“, изјави командирот на Противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски за СДК.мк

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-7

Познато колку проценти од населението во Македонија е вакцинирано

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 1 август, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 31% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%.Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани, по главниот град Скопје - 159.514, има во Битола - 35.067 со примена прва доза и во Тетово вкупно 31.007 граѓани. Куманово, Прилеп и Охрид имаат помеѓу 20.000-25.000 вакцинирани граѓани со прва доза, а помеѓу 15.000-20.000 граѓани се вакцинирани досега во градовите Велес, Кавадарци, Струмица, Гостивар и Штип, додека пак во Кочани и Струга вакцинирани се нешто повеќе од 10.000 граѓани. Во Демир Хисар, Кичево, Ресен, Неготино, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, К.Паланка, Кратово, Дебар, Крушево, М.Брод, Валандово, Пробиштип и Радовиш вакцинирани се под 10.000 граѓани во секој од градовите.Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Процесот на вакцинација со домашна посета се одвива непречено и навремено според заинтересираноста на граѓаните за оваа услуга. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат. Апелираме на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот.

Македонија | пред 4 години

3-2

Подметнати ли се пожарите во Кочани?

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптери непрекинато учествуваат во гасењето на пожарот и ставање под контрола, додека во исто време уште еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање. Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент.„Скопје1“ дознава дека институциите се сомневаат дека пожарите во Кочани се подметнувани, а со оглед дека секогаш кога на една точка ќе се изгаснеле, потпалувањето било на друга страна од планинското место. Затоа, се патролира насекаде, околу 80 војници се на терен, вработени во јавни претпријатија, Македонски шуми и останати институции. Се бара поддршка и од полицијата. Засега, пожарот е далеку од градот и ситуацијата е под контрола.

Македонија | пред 4 години

20210715201822_369148

Авионите за гасење на пожари „ер трактори“ не смеат да полетаат, оти не се сервисирани

Авионите за гасење на пожари „ер трактори“ не смеат да полетаат, среде топлотен бран и додека горат десетици пожари низ Македонија, зашто уште не почнале да се сервисираат. Трите „ер трактори“ од лани не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани, објави СДК.Активни пожари има во Старо Нагоричане, Македонски Брод, Кумановско и Валандово, ама во моментов најстрашно е во Кочани, каде синоќа гореа и куќи, а небото беше црвено од огнот.Ако пред еден месец се чекаше повторно да падне тендерот за добавувач-сервисер, за Бирото за јавни набавки да  дозволи тој да се најде со директно преговарање, сега се чека да дојдат понудувачите. Но, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена, што значи октомври. Во тој дел од годината вообичаено нема пожари.„Поканет е сервисерот минатата недела, чекаме да дојде неделава. Но, за сервисирање на еден авион за гасење пожари потребни се од 40 до 45 дена, сосе подготовките да полета и да се стави во функција. Жалам што ‘ер тракторите’ што ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути.Повеќе.

Македонија | пред 4 години

pozarna

Шилегов вели: Пожарот во кочани моментално е локализиран и ставен под контрола !!!

Скопските пожарникари во Кочани. Пожарот моментално е локализиран и ставен под контрола !!!Пожарникарите остануваат цела ноќ за да се спречи евентуално повторно ширење на пожарот, напиша на својот ФБ профил градоначалниот на Скопје Петре Шилегов.

Македонија | пред 4 години

pozar-1

Пендароски издаде наредба за ангажман на Армијата за гаснење на пожарот во Крушево

Вечерва во Крушево началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информираше претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево.Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.Во текот на денот беа ангажирани околу 170 припадници на Армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања