Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Тажна вест: Почина проф. д-р Љупчо Ајдински

На 91-годишна возраст вчера во Скопје почина проф. д-р Љупчо Ајдински, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.Беше роден на 28 април 1930 година во Ново Село, Струмица. Докторира на Дефектолошкиот факултет во Белград.– Со професорот Ајдински се поврзуваат грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија. Основоположник е на системот за институционална заштита и едукација на лицата со попреченост, а со тоа и на првиот организиран третман на овие лица. Основоположник е на Институт за дефектологија (1993 г.) при Филозофскиот факултет во Скопје. Активно учествуваше во основањето на Сојузите на слепи, глуви и на другите инвалидски организации, соопшти проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во СкопјеАвтор е на многу научни трудови, публикации, учебници и монографии. После пензионирањето ја продолжи својата хумана активност во инвалидските организации, граѓанското здружение „Мајка Тереза“ и во Лајнсовиот клуб „Св. Пантелејмон“.Во 2010 година ја основа хуманитарна фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“, чија главна дејност е доделување награди на институции и лица со попреченост, како и стипендирање на ученици и студенти од областа на специјалната едукација и рехабилитација.– Професорот Ајдински остави белег и врз општествено политичкиот живот во Република Македонија. Своевремено учествуваше во креирањето на законски решенија во социјалната, здравствената и детската заштита, наведува деканот Дуев.За својата работа, професорот Ајдински беше одликуван со многу награди и признанија, меѓу кои: „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“, „Мајка Тереза“, „13-Ноември“, Милениумски медал на честа и други.Посмртните останки на професор Љупчо Ајдински ќе бидат изложени на 6.август, петок во капелата на гробиштата „Бутел“ во 9 часот, а погребот ќе биде во 10 часот.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

Денеска 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за здравство.Направени се 3.087 тестирања. Најголем број нови случаи се потврдени во Тетово – 32 и Скопје – 13.Во Дебар – 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77 години, во болнички услови.Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4, Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.

Македонија | пред 4 години

SAD-iiinden

Американска aмбасада: Од сите нас честита 118-та годишнина од Илинден

Американската амбасада во Скопје упати честитка до македонските граѓани по повод празникот Илинден.„Од сите нас во Американската aмбасада: Честита 118-та годишнина од Илинден“, се наведува во честитката, објавена на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во земјава.Честитката по повод 2 Август е на три јазици: македонски, албански и англиски јазик.

Македонија | пред 4 години

02082021_PVRSM_Ilinden-1

Заев: Илинден и 2 август 1903-та и 1944-та се длабоко врежани во меморијата на сите нас како наразделни поглавја во процесот на создавање на нашата заедничка држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на празничната програма по повод 2 Август – Ден на републиката и Илинден, се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во Пелинце во целост:„Граѓанки и граѓани на Северна Македонија,Нека ни е честит и вековит денешниот светол ден, Илинден - Денот на Републиката.Светол е овој празник, а неговата светлина е уште посилна оваа година кога ја славиме и 30 годишнината од независноста на нашата држава и 80 години од Народното востание.Денеска славиме и воздигнуваме ден кога се оствари вековната желба на великаните на Крушевската илинденска епопеја и на храбрите борци на Народно ослободителната борба.Овој ден, овој наш најголем празник, е ден кога им оддаваме почит и ги чествуваме сите наши мажи и жени (браќа и сестри) кои беа живи факели и гореа во желбата за македонска држава и за остварувањето на сонот на генерации и генерации дејци за македонската кауза и во декадите што претходеа и во декадите што следуваа.Во овој ден што го одбележуваме денеска, се дел од корените на нашата државност и на нашата иднина.Илинден 1903 и 1944 се дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните, на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.Тоа се генетски записи пренесени од сите наши претходници.Тоа се генетски записи во кои се збрани вредностите на кои се повикуваме и на кои ја градиме иднината.Тоа е континуитет на вредности какви што се вградени и што ги негуваат сите модерни европски држави.Светлината на Илинден блесна два пати во нашата историја.Првиот пат во 1903 година со Илинденската епопеја, која заврши со Крушевската Република. Првата Република на Балканот која на почетокот на дваесеттиот век силно го пренесе во светот гласот за остварувањето на вековниот сон за сопствена држава на Македонците и на своите браќа и другари од другите народи кои живееја, живеат и ќе живеат на овие простори.Десетте дена на Крушевската Република не се мерат според земните стандарди за мерење на времето. Ништожни се тие временски мерки и неприменливи за да се измери големината на Илинден 1903 и на Крушевската Република.Нема мерка која може да ја измери големата идеја за сопствена држава во која се вградени копнежот и жртвите на стотици и илјадници македонски дејци и остварувањето на тој копнеж.Во Илинден 1903-та се збрани визионерските принципи, идеали и идеи, врз основа на кои државотворноста се претвори во жива приказна во движење. Во генетскиот запис со кој и ден денеска се идентификуваат сите граѓани на нашата државата што ја создаваме како заеднички дом за сите.Во тој запис е содржан и духот на Крушевскиот манифест. Од тој визионерски и инспиративен повик произлезе еден од столбовите на кои се издигна македонската држава: За право, за слобода, за човечки живот, без разлика на вера, етничка припадност, со сите наши разлики кои ги почитуваме и на кои сме горди, да продолжиме да си живееме како браќа и сестри како што сме живееле од дедо и прадедо.Втор пат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Свети Прохор Пчињски, каде што се одржа Првото заседание на АСНОМ.Тој ден се оствари визијата на бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело Димо Хаџи Димов, кој по повод 20 годишнината од Илинденското востание рече: Македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден.И го дочека: Со учеството и победата во антифашистичката голема светска војна на територијата на Македонија, припадничките и припадниците на партизанските единици на Народно-ослободителната борба, ја заокружија и историската цел - државноста на нашата земја.Како земја сојузничка во антифашистичката војна, на големиот чин со историски димензии, на Првото државотворно заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, раѓањето на Демократска федерална Македонија непосредно го сведочеа и воените претставници на големите сојузнички сили – Соединетите Американски Држави и Велика Британија.Тоа се истите денешни наши сојузници во НАТО.Ете толку далекусежно и историски значајно е Првото заседание на АСНОМ.Почитувани граѓанки и граѓани,Во виорот на борбата за слобода во Народно ослободителната војна, македонската држава беше создадена како дом на слободата. Дом на изборот, дом на слободата на изразувањето и на слободната мислата. За сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите.Во државотворната историја и континуитет на еден народ тоа е запишано во декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции. Тие се архивирана и документирана меморија на стремежите за сопствена држава. Со сопствен и неоспорен идентитет.Но, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи, врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна.Тој дух на континуитет на вредности, кои се карактеристика на сите модерни и најпрогресивни европски држави, е вграден и во агендата и во свечената атмосфера во која се одржуваше големиот, историски и државотворен настан – Првото заседание на АСНОМ.Во таа насока, никој не може да го порекне државотворниот концепт на сите точки во еден од четирите државотворни одлуки и документи од АСНОМ: Декларацијата за основните права на граѓаните на Македонија.Таа декларација од 1944 година е она што е Европа денес. Таа декларација е декларација за универзалните слободи и права.Во декларацијата се нанижани цивилизациски вредности кои велат:- Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, без разлика на нивната народност, пол, раса и вероисповед.- На националните малцинства на Македонија им се гарантираат сите права на слободен национален живот.- На секој граѓанин му е загарантирана сигурноста за приватноста и имотот, загарантирано му е правото на сопственост и приватната иницијатива во стопанскиот живот.- На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповед и слободата на совеста.- На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, правото на јавен собир и слободата на здружување.- Сите граѓани на демократска Македонија имаат право еднакво, општо и непосредно да учествуваат на слободни избори со тајно гласање.Документите од АСНОМ 1944 уште утврдија дека „македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик во македонската држава“, а 2. Август е прогласен за народен и државен празник на македонскиот народ и македонската држава. Како симбол на сите негови борби за ослободување од вековното ропство и за создавање слободна македонска држава.Само 41 година после славната епопеја на Крушевската Република, тие принципи, како темелни вредности, се вградени и во Манифестот на АСНОМ, во кој уште се вели:„Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи се исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние ја градиме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.Мобилизирајте ги сите народности поскоро да ги оствариме овие свети принципи. Учествувајте равноправно во изградувањето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности.“После сите историски битки, после сите негирања и присвојувања, со сите разноразни поствоени договори и прекројувања на државните граници на Европа, со сите директиви на Коминтерната и на сите останати заговорнички теории, на 2 август во 1944 година Демократска Федерална Македонија се дефинираше на мапата на европските држави како конституента на Федеративна Народна Република Југославија, подоцна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Континуитетот на дефинирањето на македонската држава продолжи да се гради на вредностите и принципите утврдени на Илинден 1903-та и на АСНОМ 1944-тата.Да, народе мој,Третиот Илинден е нашиот континуитет во афирмацијата на вредностите на кои е изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет според кој Северна Македонија денеска се препознава во светот.Третиот Илинден не познава крај. Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина. Затоа нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши. Ние го живееме нашиот Илинден.На нашата и на идните генерации останува да го одржуваме и да го шириме пламенот на Илинден. Огнот што го распламтија плејадата македонски просветители, учебникари, револуционери, комити и партизани, граматичари и писатели, како и истакнати видни дејци припадници на другите народи во нашата земја.На оваа наша генерација Илинден не ни е даден за да го оставиме во историјата или во сеќавањата, туку да го живееме и да го носиме неговиот пламен во иднината каде што припаѓаме.Илинден не е врзан за ниту една идеологија, ги надминува границите на било кој временски период. Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, на Албанците, Ромите, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина. Во нашиот дом.Зборовите и говорите можат да имаат краток век, но ние нашата татковина, Северна Македонија, не ја градиме на зборови. Ја градиме со дела за да изградиме дом за сите и да биде - вековита.Секоја генерација има свој Илинден.Современата генерација Македонци и Македонки во својот Илинден го има вградено и единствениот правилен избор на 8 септември 1991 година. Со волјата на народот изразена на референдумот беше прогласена независноста на нашата држава и отпочна меѓународно признавање и прифаќање на тогашната Република Македонија како членка на меѓународната заедница и нејзините организации.Оваа година одбележуваме 3 децении од независноста со една единствена желба – Нека е вековита и да го чуваме и негуваме и тој историски настан како скапоцен дел од нашиот државен континуитет. Државниот континуитет како наш Трет Илинден.Нашиот трет Илинден е печатот ставен на личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации, држава во која официјален и службен е македонскиот јазик.Нашиот трет Илинден е и нашата борба и нашата победа на демократските наспроти декадентните вредности. Победата на парламентаризмот и дијалогот наспроти едноумието, омразата и насилството.Нашиот Илинден е правдата и владеењето на правото базирани на принципот дека сите се еднакви пред законот.И уште еден илинденски принцип чуваме и негуваме и постојано повикуваме да ни биде пример: Обединување и единство околу најважните прашања за нашата земја.Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови на изборите.Нема да престанам да повикувам да бидеме сложни и единствени заради граѓаните и заради татковината, за заедничкиот напредок. Секогаш да настојуваме да правиме чекор повеќе во изградбата на нашето едно, единствено, еднакво општество за сите, по углед на големата европска идеја – Обединети во различностите.Оваа година, кога одбележуваме уште една годишнина – 20 години од Охридскиот рамковен договор, наша обврска е постојано да се грижиме да го одржуваме и негуваме нашето едно и еднавкво општество за сите. Секој од нас, секој граѓанин е важен и незаменлив, дел од нашиот мозаик.Тоа заедништво, што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина.Континуитетот во остварувањето на нашите стратешки интереси како наш Трет Илинден е и нашето членство во НАТО.Бевме горди кога во исто време пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Монс и во Командата на сојузничките сили за трансформации во Норфолк во Соединетите Американски Држави, се издигна македонското знаме, додека се интонираше македонската химна како симболи на потврдениот македонски идентитет.Ја осигуравме безбедноста на нашата земја, и рамо до рамо, со нашите сојузници заеднички ја градиме иднината, го чуваме мирот и ги промовираме и негуваме демократските вредности!Во тој дух, овој свечен ден не повикува да продолжиме и понатаму кон остварување и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија.На безбедноста на нашиот дом, татковината Северна Македонија го додадовме и пријателското соседско опкружување.Северна Македонија со ништо и никому на соседите не му наштетила низ историјата, ниту пак има намера тоа да го прави во иднина.Секогаш бевме и остануваме на сончевата страна за мирољубиво решавање на сите недоразбирања и конфликти.Наместо извор на проблеми, ние станавме извор на идеи и иницијативи за решенија кои регионот, го водат напред.Ние денес со гордост сме една од водечките земји кои наспроти блокадите и ризиците од нови ѕидови, ги слушаат потребите на своите народи и рушат граници.Ние денес заедно со нашите соседи градиме Отворен Балкан, ги рушиме препреките и се бориме за поголеми слободи на нашите граѓани. Градиме нов, европски, поврзан Балкан врз широко прифатените идеи за подобар живот за сите, за заедништво, за помагање, за олеснување, за слободно движење, за слободно мислење и создавање.И тоа е нормална и очекувана иницијатива после историскиот Договор од Преспа со кој го решивме спорот со Грција, како позитивен преседан во историјата на дипломатијата.Јас сум уверен дека Република Бугарија е пријател и дека е многу блиску денот кога и македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за Северна Македонија.Заедно ќе го обезбедиме тоа, бидејќи од двете страни има паметни и способни луѓе, визионери, кои ќе си дадат шанса и ќе се разберат, во интерес на своите народи.Почитувани,Нашиот трет Илинден е грижата за нашите граѓани. Преку инвестициите во човечкиот капитал, со години вложуваме во луѓето, во народот, во децата, во младите, во докторите, сестрите, учителите, воспитувачките, пожарникарите, полицајците, стечајците, невработените, ранливите, маргинилизираните. Тоа е нашиот манифест. Тоа е манифест на новото време. Грижата за луѓето, достоинството на живејачката, борбата за слободата и независноста.Тоа го покажуваат сите пакети економски и социјални мерки - дека и во најдоброто и во најлошото, никогаш нема да оставиме никој на сред пат, без кров над глава, незгрижен.Нашиот трет Илинден продолжува да живее, низ нашата борба за правна и правична држава, низ нашата борба со рак раните за да обезбедиме што е можно поквалитетен живот за секој наш граѓанин.Ќе повторам и ќе заклучам,Илинден и 2 август 1903-та и 1944-та се длабоко врежани во меморијата на сите нас како наразделни поглавја во процесот на создавање на нашата заедничка држава.Искрата што се распламти во Крушево се пронесе до АСНОМ и до референдумот во 1991 година.Денес сме независна држава и сè зависи од нас.И како резултат на влогот на секој наш граѓанин, сите знаеме дека:Денес гласот на граѓанинот е слободен, слушнат, разбран и почитуван повеќе од кога било;Денес различностите во Северна Македонија се на пиедесталот, повеќе од кога било;Денес македонскиот глас ечи посилно од кога било;Денес Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други се обединети повеќе од кога било;Денес и самите очекувања на граѓаните се уште поголеми. И така треба да биде.Но, кога сме тука во Пелинце или во Крушево и на сите други историски места, кога се сеќаваме и ги чествуваме жртвата на илинденските востаници, на хероите на народно-ослободителната борба, на актерите на независноста, сведочиме и за постоењето на една повисока цел во животот. Цел која ја прави разбирлива волјата на нашиот народ храбро и непоколебливо да продолжи понатаму.Да се соочиме храбро со сите предизвици и исправено и гордо да речеме: Продолжуваме да чекориме горди и да ја вградуваме и нашата приказна во таа на Европа.Со таа мисла и со тој стремеж, нека е вечен споменот на двата Илиндена!Нека е честит и вековит Денот на републиката.Да живее Република Северна Македонија!“

Македонија | пред 4 години

Mickoski-Hristijan-02.08

Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев

Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија, зошто Илинден е нашата епска битка, нашето македонско верују, нашата библија, и нашиот крст кој ние со исклучителен пиетет го прифаќаме и носиме. Двата Илиндена не беа создадени за да не успееме, туку за да живее идејата која донесе слободата, а слободата денес е платена со крв, пот, солзи и многу животи. Ете толку е скапо она што ни го донесоа двата Илиндена и толку е голема нашата обврска да успееме, истакна од Ташмаруниште, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение ви го пренесуваме говорот од Мицкоски во целост:Знам дека ова време се најтешките години од независноста до денес, но сетете се колку им било тешко на грамадните Илинденци да кренат востание против најголемата империја, и асномците да се борат против дотогаш најголемата воена сила некогаш позната во човештвото. Голораки, против најголемите, но со срце пламено, со храброст грамадна.Илинден е на сите, и затоа денес Македонија мора да биде земја за сите. И затоа мораме да успееме како земја и не смееме да се задоволуваме со просечни работи, а во ова тешко време просечноста ни изгледа добра, бидејќи си имаме работа со најлошите што некогаш се појавиле на нашата политичка сцена.Не знам за овие од власта, но за мене, и за ВМРО, како и за срдечниот, напатен и чесен народ неуспехот не е опција, а победата зависи само од нас самите.Срамно е што за прв пат во триесет години независност ја променија прославата за Илинден. На Мечкин Камен нема говор, едно затоа што немаат што да кажат, друго затоа што се плашат од народот кој ќе им каже што мисли за нивното владеење. Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување. Зошто е точката на разделување? Затоа што човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот. Јас не би бил искрен, и ќе го разочарав народот ако денес бев заедно со нив, и би послужил на таквиот декор, а тие вечер ќе си продолжеа со нивниот традиционален криминал. Одбрав да бидам тука меѓу вас во Ташмаруништа, меѓу народот.Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската унија, а она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз за државата и не е способен да ја исполни нашата најголема стратешка цел, членството во Унијата.Париз, Брисел и Берлин, не може да бидат, со должно почитување кон нашите соседи Врање, ниту пак Драч. Но, гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада.А уште е понепријатно кога ќе го видите премиерот на сопствената земја во друштво на мојот пријател Вучиќ и Рама како се труди да најде барем еден проект во главниот град за да се пофали дека нешто сработил, нешто изградил изминативе 4 години, а всушност ги фали проектите на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Навистина е тешко да се гледа туѓиот срам. На човек му доаѓа да се срами од туѓиот срам.А светот незапирливо оди напред. Веројатно таму на Бихаќка, календарот застанал во 2017-та година, па тоа најдобро се гледа и во кадрите кои ги нудат за градоначалници, стари кадри, стари принципи на работа, истрошени луѓе, исти ликови од времето на транзицијата. Никаква инвентивност, ниту пак некаква надеж дека може нешто да сменат. Заев ќе рече му требало енергија, не господине Заев вас ви треба календар да за да разберете дека сега е 2021-та година, и уште неколку месеци сте премиер во Република Македонија.Македонија не е касаба на неколкумина од власта. И тука лежи и мојот порив да ги смениме работите. Македонија е на сите луѓе, и Македонија ќе ја направиме за сите луѓе. Еден пријател кој ме познава поодамна, ми рече добро Христијан гледај со кого си имаш работа, со Зоран Заев кому Горни Милановац е најсеверната точка на бизнис кариерата, постојано си мета на црна пропаганда, а на мравка не си згазнал. Трпиш навреди, невистини кон тебе и твоето семејство, што се вели гомила неправди, сопки, закани, разочарувања, а светот може да ти е на дланка. Мојот одговор беше едноставен, ако сите си заминеме и кренеме раце, тогаш го разочаруваме својот народ, но и своите семејства. Не се тие посилни од нас, и нема да бегаме од намерата да се спротивставиме, да ги поразиме и да ја смениме судбината на сите идни генерации и наши деца. Нема повлекување, нема наведнување на главата ќе се бориме и одиме до крај до последно.Не се тие посилни ниту од мојата, ниту од заедничката посветеност и одлучност до последниот здив да се бориме и да ја смениме оваа наша тешка реалност, ова наше тешко секојдневно политичко мочуриште.Македонија има иднина, и јас таа ја гледам во новата генерација политичари со која ќе ја извадиме државата од бездната која оваа власт ја втурна. Не сме исти, повторувам не сме исти, затоа што власта сака да мисли дека сме исти, и затоа сакаат да не мачкаат со нивната кал, а кога тоа не го прават директно тогаш на копче ги вклучуваат оние инфилтрирани полициски инсталации верни на СДСМ и разно разни квази патриоти кои јадат од раката на СДСМ, Зоран Заев и власта и во исто време удираат во гради колку тие многу ја сакале Македонија. А, сите други не биле. Не се тие иднината. Тие се срамот и потсетување на едно тешко време од транзицијата.Не сме исти затоа што јас нудам концепт и имам визија, на држава каде што просечната плата ќе биде 45.000 денари. И тоа не е никакво лицитирање со власта, кога велам 45.000 денари таа ќе биде 45.000 денари. Каде секое семејство ќе има бесплатен приклучок на гас, каде струјата е поевтина, а стандардот повисок, каде самите граѓани одбираат каков проект ќе финансираат преку својот данок на имот, каде тутунарите прво ќе им се откупи сиот тутун по достоинствена цена, а дури потоа ако има потреба ќе се увезува нов. Каде општините ќе бидат целосно дигитализирани и никој нема да ги малтретира и рекетира граѓаните, каде човечкото достоинство ќе се вреднува. Каде црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата се почитуваат.Спорот со Бугарија не е натпревар на 100 метри, ниту тезга за некаков бостан, тоа е она што сме, нашиот идентитет, огледало и битие. Во тој идентитет се содржани и илинденската епопеја, и Рацин, и Мисирков, и нашите најубави поеми, литература и уметничко творештво.И знам дека многумина ќе речат, па ова и многу пред тебе го ветувале, да точно. Точно е тоа и така било, но сите тие се бледа копија и слика на времето на транзицијата, на еден неморален систем на разврат поттикнувајќи го најлошото во човекот. Јас нудам нов почеток и нови страници кои заеднички ќе ги испишеме. И кредибилитет и темпо кое ќе реализира се што сме ветиле. Кога ќе речам, повторувам 45.000 денари просечна плата, јас навистина мислам дека тоа ќе го направам.Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и сме пред прагот на победа, но во исто време предупредувам дека си имаме работа со нечесни луѓе. Го кажувам ова многу внимателно и многу свесно. Затоа разликата на изборите мора да биде поголема, а за да се случи тоа потребно е големо обединување и народ кој ќе излезе на избори.Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетити и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против оваа власт ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци веднаш по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе. Блок на различни, но со една цел, туркање на оваа власт. Овие локални избори не се само избори каде што вие ќе гласате за или против локалните авторите и медиокритети кои што се залегнати во своите фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ги навредуваат вашиот ум и вашата интелигенција.Но воедно ова обединување ќе покаже кој е кој, кој е маша на Заев, а кој води автентична политика за народот. Тие што нема да се обединат јасно е дека се Заевата испостава и народот треба кон нив да ги гледа како такви.Воедно обединувањето значи дека ги надминавме разликите во опозицијата. Немаме повеќе животи за трошење. На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таква подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност кон народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука во Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, не нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, и за тоа испраќам апел за обединување против оваа корумпирана и криминална власт и рушење на локалните избори.Секоја една грешка која што еднашка ќе ја направите ќе остане запишана, и таа грешка понатаму ќе ве потсетува вас и вашата совест, и за тоа какви се последиците на таа грешка. За тоа на овие локални избори сите ние заедно да излеземе и да не ги повториме грешките од минатото. Мора да се обединиме, не постои помош од нас и помеѓу нас од овие кои што денеска ја засрамуваат и пљачкаат и ја понижуваат нашата Македонија. За тоа еден на друг да си бидеме потпора, еден на друг да си подадеме рака и еден на друг да се храбриме во оваа наша последна битка против остатоците од транзицијата, кои што ја понижија, опљачкаа и разурнаа онаа Македонија каква што сакаме да биде.За тоа сосема на крајот ќе ми дозволите да кажам уште неколку реченици, Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство. За нејзе вреди се, за нејзе ќе направиме се.Да сте живи здрави и вековите.Честит Илинден Македонијо, и се гледаме догодина петта година по ред овде во победничко Ташмаруниште.

Македонија | пред 4 години

gjorge-ivanov

Иванов цитирајќи го Гане Тодоровски: Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема?

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник Илинден.„Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?“Гане ТодоровскиИсторијата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија.За многу години Илинден! Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! Да живее Република Македонија!“, напиша Иванов.

Македонија | пред 4 години

dzamija

Приведено лице кое се обидело да изврши тешка кражба во џамија

На 01.08.2021 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го привеле С.Н. (30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“ од помошна просторија во Мустафа-пашината џамија.По извршениот службен разговорот С.Н. го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 вв член 19 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

VRSM_Ilinden_01-6

Владина делегација на чествување на Илинден 2021 во Скопје, на празникот на остварувањето на сопствена држава и на континуитетот на државотворната историја

Со исполнување на содржините предвидени со државната програма започна чествувањето на 2 Август – Денот на Република, со која граѓаните, претставниците на државните и општествените институции на Република Северна Македонија го празнуваат денот на кој се слават Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, и вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ - Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, кога беа поставени столбовите на републиката и на државноста на нашата земја.Програмата во Скопје, во организација на Собранието на Република Северна Македонија, започна со положување цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев, а потоа продолжи со обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и со празнична културно-уметничка програма.Владината делегација во Скопје ја предводеше министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.Делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август - Ден на републиката во кој се обединети Илинден 1903 и Илинден 1944 како дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните, на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.

Македонија | пред 4 години

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Прекрасен празничен ден во манастирот "Свети Илија" во Велгошти. Вековните православни традиции и верата во Бога, се нашиот поттик за добра мисла и меѓусебно почитување!Нека е за многу години празникот! Здравје и радост кај сите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведени две лица од Тетово, кај нив пронајден кокаин

Денеска (02.08.2021) во 00.10 часот од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово на автопатот Тетово –Скопје, во близина на безинска пумпа, лишени се од слобода Б.И.(38) и Ш.Б.(57), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.По документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл. 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

Foto

Пендаровски: Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката. Во честитката се вели:Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ. Таа започнува како идеја на една генерација која сака да биде своја на своето и самата да одлучува за својата иднина.На 2 август 1903-та, борбата за слобода ја започна револуционерната илинденска генерација која во епохата на монархии прогласи демократска република, а во времето на тесногради национализми реши да гради соживот меѓу различните. Борбата за слобода ја продолжи славната антифашистичка генерација која ги надмина пропагандите и поделбите и се сплоти околу идејата за слободен народ во своја, слободна држава. Како што сведочи и Манифестот, на 2 август 1944-та, делегатите на АСНОМ го остварија сонот за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, независно од нивните разлики и уверувања.Но, еднаш добиена, слободата мора да се одржува преку посветена работа на секоја нова генерација. Годинава прославуваме 30 години од независноста, години во кои имавме и подеми и падови, три децении на успеси, но и на бројни надворешни и внатрешни искушенија кои предизвикаа длабоки кризи и поделби.Во овие времиња на неизвесност за нас, но и за целиот свет, ќе мора одново да ги надминеме внатрешните поделби и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали. Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото. Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас, како претпоставка за општество на рамноправни граѓани.Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас.За многу години Илинден!Да ни е вечна и вековита републиката - Северна Македонија!

Македонија | пред 4 години

mechkin-kamen

Честит Илинден!

Денеска се одбележува 2 Август-Денот на Републиката и Илинден, односно 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република.Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија.Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. 

Македонија | пред 4 години

skopje-1

Здрма земјотрес во Скопје, се тресеше секаде!

Во 23.07 минути земјотрес ги вознемири Скопјани. Истиотспоред Европскиот медитерански сеизмолошки центар беше со јачина од3.3 степени според Рихтеровата скала, а најмногу се опочувствува во Ѓорче Петров, Карпош, Ново Лисиче, Чаир.Земјотресот е со епицентар на 27 километри од Скопје, а 12 километри од косовскиот град Витиниа.

Скопје | пред 4 години

01082021_PVRSM_Intervju_Tanjug_1

Заев за „Танјуг“: „Отворен Балкан“ е затоа што заедно можеме да направиме многу и очекувам наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица

„Балканот повеќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан" создава многу можности за подобар живот на граѓаните во сите земји во регионот“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за српската агенција „Танјуг“.Заев истакнува дека кога го кажува тоа ги пренесува мислите и на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија Еди Рама, додава дека во претстојниот период и покрај воздржаните или негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, во врска со „Отворен Балкан“, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се приклучат на иницијативата бидејќи сите истражувања покажуваат дека граѓаните на овие земји гледаат позитивно на потенцијалот на придобивките што го носи регионалната соработка и отворените граници.„Единствените начини како ние можеме да го подобриме животот во регионот е да го донесеме тоа што го имаат граѓаните во Германија, во една Франција, во една Австрија, Италија, Швајцарија овде во регионот. Да го направиме и нашиот регион поврзан и заеднички и отворен пазар. За разлика од минатото кога преовладуваше политичко непријателство, кавги, проблеми сега сите заедно во „Отворен Балкан“ работиме на интеграцијата на регионот во ЕУ со забрзување на процесот за европски, поквалитетен живот за граѓаните“, истакна премиерот Заев во интервјуто за „Танјуг“.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Денеска регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово - по 1Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.не се пријавени починати лица.Направени се 5.759 тестови преку: ИЈЗ-57, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–18, Жан Митрев (Филип Втори)-73, Авицена-193, Биотек-152, Систина-71, лабораторија Лаор-653, Синлаб-4, Ремедика-9, Плодност–40, Генеа–18, Никоб лаб-1.306, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.814.Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) , Активни случаи (вкупно)Скопје 68917, Активни 183Куманово 8959, Активни 71Прилеп 8340, Активни 11Тетово 7464, Активни 149Битола 6335, Активни 25Велес 5479, Активни 5Гостивар 5235, Активни 45Кавадарци 5160, Активни 4Охрид 5030, Активни 11Штип 4966, Активни 3Струмица 4144, Активни 17Струга 2988, Активни 7Кочани 2799, Активни 5Кичево 2617, Активни 16Гевгелија 2197, Активни 2Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1528, Активни 3Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 0Радовиш 1164, Активни 3Берово 1035, Активни 3

Македонија | пред 4 години

Willow-1

„Врба“ награден во Њујорк

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата од жирито за најдобар филм на фестивалот „Стони Брук“ во Њујорк.Фестивалот напиша: „Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката“.Стони Брук фестивалот за независни филмови годинава се одржа по 26 пат. Прикажани се 35 американски и странски филмови на независни режисери.„Врба“ на Манчевски ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Најдобра режија на Рејнденс во Лондон, Најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, и од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О.Деновиве, Манчевски привршува со снимањето на неговиот најнов филм „Кајмак“ на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Водно, Лисиче...„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Филмот е поддржан и од европскиот фонд Еуримаж, што е огромна потврда за вредноста на проектот.Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „It's all about love“ на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев.Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг директор Милка Анчевска, дизајнер на шминка е познатиот Марио Микисанти („Последното искушение на Христос“ и „Бандите на Њујорк во режија Скорсезе), а костимограф е Жаклина Крстевска.

Македонија | пред 4 години

Mickoski07062021

Мицкоски жестоко кон Пендаровски: Напушти ја политиката…

Политичар кој се плаши од својот народ треба веднаш да се спакува и да ја напушти политиката. Лидерство се покажува и во добри и во лоши моменти. Непочитување кон жртвата на хероите дадена за Македонија, македонскиот народ и нација претставува токму “циркузантската” минијатура во форма на мини колона која треба да ја предводи Претседателот, обезбедувана од два баталјони полиција без присуство на народ, во време кога пред 118 години хероите во Крушево ја завршиле работата, напиша на својот ФБ профил Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Жалам што поради сопствениот страв од соочување со народот, големата лична суета и елитизмот сакате да обезличите настан кој не е на политичарите, туку тоа е настан на народот. Народот кој се борел за Македонија, кој се бори и ќе продолжи да се бори. Вие еден ден нема да бидете Претседател и ќе заминете, ќе Ве паметат по тоа што ќе оставите позади Вас, но ќе Ве запаметат и по оваа кукавичка одлука да му го одземете на народот чествувањето на жртвата на Илинденците. Со кое право цензурирате традиција, тоа не го правеле ниту поробувачите, ниту комунистите, ниту најголемите негатори на македонскиот народ, посебност, култура и обичаи? Ве советувам да размислите за одлуката, не му го одземајте на народот тоа малку достоинство што му е преостанато. Оставете ја традицијата и обичаите да бидат такви какви што од баба на внук се пренесувале. На Илинденците, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и останати не им требала лажна политичка порака за обединување, не им треба политички шпалир за да сите до еден го положат својот живот за Македонија, тоа го почувствувале, се прегрнале, Македонец со Влав, Македонец со Албанец со Турчин... и го дале својот живот за својата Македонија. Македонија може и без Вас и без мене и без политичарите, но што сме ние без неа и народот!?И на крај, честит Илинден! Да е жива Македонија!

Македонија | пред 4 години

227779625_4070695099707556_594557532929514820_n

ФОТО: Мерко е „сплескан“, се најавуваат нови истражувања за него

Градоначалникот Рамиз Мерко за време не летово беше истражуан од повеќе медиуми. Се пишуваше за склучени и раскинати договори, јавни набавки. Редакцијата на „А1он“ пишуваше и за неговите кривични пријави, а ја открија и шокантанта информација за бројот на дивоградби и решенија за уривање. Истинтитуциите досега не реагираа. Си ја префрлаат вината. Новинарот Кристијан Ландов кој истражуваше, најави нови детали:

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Телма: Мијалков и Нинџа со безбедносни мерки, Камчев и Боки 13 со здравствени надзори во затвор

Еск директорот на УБК Сашо Мијалков е под посебни безбедносни мерки исто како и клучниот сведок во процесот од 27 ми април, Александар Василевски Нинџа. И двајцата се под специјален надзор во затворот во Шутка поради тоа што има висок ризик за нивната безбедност. За Мијалков поради тоа што долго време беше шеф на УБК, а за Василевски Нинџа оти службите имале сознанија, објави Телма. Од управата убедуваат дека постојано се следи здравствената состојба и на бизнисменот Орце Камчев и на Бојан Јовановски кој од пред една недела ја издржува затворската казна.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 4 години

fijat-canoski

Цаноски за Фокус: ДУИ беа спремни и на моја ликвидација ако прогласевме победа во Струга во 2009-та!

Во ексклузивното интервју за неделникот „Фокус“, Фијат Цаноски ги објаснува случувањата за локалните избори во 2009 година, кога иако водеше во првиот круг во трката за градоначалник на Струга, сепак дојде до пресврт во вториот круг во корист на Рамиз Мерко.Фијат ЦАНОСКИ: Тоа што се случуваше во тие 15-тина дена, повеќе личеше како да е воена состојба. Во Струга се појавија стотици непознати лица со странски, претежно косовски регистарски таблички. Во сите тие денови бевме следени и провоцирани на различни начини.На денот на гласањето, во целата општина имаше доволно полициска заштита на сите избирачки места, но во 13 часот напладне наеднаш ги снема… До 13 часот според излезноста беше јасно дека победуваме, но откако полицијата се повлече, јасно ми беше дека свесно се прави кражба на тие избори.На крајот на денот се виде дека, иако имавме историски преку 16.500 гласови, што никогаш ниту еден градоначалник не успеал да освои, Рамиз Мерко и ДУИ имаа 18.500 гласови.За ДУИ гласаше и живо и умрено, се гласаше со кредитни картички, еден човек гласаше десетпати. ВМРО и ДУИ се исмејуваа на нашите посматрачи, кои немаа сила да го спречат криминалот. Имавме и снимки, сведоци и докази. Залудно. ДУИ излезе уште во 17 часот да слави.ФОКУС: Разбравте ли зошто дојде до такви пресврти во овој изборен процес за градоначалник на Струга?Фијат ЦАНОСКИ: Подоцна разбрав дека пазарот бил со ДУИ за да го поддржат Иванов за претседател и да излезат нивните членови да гласаат со што би имале консензус. Веројатно има врска и Кичево, кое тогаш го доби ВМРО-ДПМНЕ, а не ДУИ.За неколку години подоцна, кога ги слушавме аудиоразговорите, да видиме дека тие луѓе што биле со косовски регистарски таблички се истата банда од кумановско Диво насеље и биле подготвени дури и по цена на ликвидација на мене и на моите блиски, ако ние прогласиме победа уште истата вечер. Навистина се ежам кога ви го кажувам ова, но тоа е вистината.ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Македонија | пред 4 години

Mickoski07062021

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски менува 30 годишна традиција затоа што нема што да каже и се крие од народот

Претседателот Пендаровски е тој кој што покажува крајно непочитување на традицијата за одбележување на најголемиот македонски празник Илинден и непочитување на жртвата на илјадници македонски херои кои го положија животот за слобода и независна Македонија, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на соопштението од кабинетот на Стево Пендаровски.Во продолжение на истото се додава:Пендаровски е единствениот кој што не покажа доблест да одржи говор на Мечкин Камен бидејќи бега и се плаши од сопствениот народ.И како таков ќе остане запаметен во македонската историја. Бидејќи ќе биде првиот и единствениот кој што не се обратил на нацијата од Мечкин камен.Длабоките политички разлики и поделби во Македонија се производ на политиките и однесувањето на власта на која што припаѓа самиот Пендаровски.Доколку сакаше Пендаровски ваквите состојби да ги смени имаше можност преку конкретни дела тоа да го направи, но тој реши да остане во скутот на Зоран Заев и да биде обичен нотар на неговите штетни политики, нем свидетел на корупцијата на власта и одобрувач на газењето на македонските национални и државни интереси.

Македонија | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“ соопшти кабинетот на претседателот.„ Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“.Меѓутоа, имајќи го во предвид фактот дека според Мицкоски чествувањето на Илинден во Крушево на 2 Август ќе биде „циркуски церемонијал“, тогаш не изненадува неговата одлука најголемиот македонски празник да го чествува во Ташмаруништа, наместо во Крушево. Најверојатно затоа што борбите кои се водени во тој крај се далеку позначајни од борбите за ослободување на Крушево со кои се удрени темелите на македонската држава“ се вели во реакцијата.Како што се додава, претседателот Пендаровски жали што неговиот искрен обид за надминување на длабоките политички разлики барем на Илинден не беше разбран од дел од политичките лидери за кои партијата е сѐ уште пред државата. Независно од тоа, Претседателот ќе продолжи да работи во иста насока, секогаш имајќи ги во преден план државните и национални интереси, стои во соопштението од неговиот кабинет.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-3

НАЈНОВА ВЕСТ: Спасен давеник од Охридското Езеро, станува збор за малолетно лице

Предмалку од водите на Охридското Езеро извлечен и спасен давеник. Станува збор за малолетно лице. Екипата на брза помош стигнала екстрмно брзо, со оглед на непрегледните колони возила.Дознавеме дека лицето е пренесено во Скопје.Апел до сите кои летуваат во Охрид, внимателно да управуваат со своите возила, да ги почитуваат правилата и внимателно да паркираат да не ги блокираат пристапите особено непречено да можат да се движат специјалните возила.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Интензивни активности за чистење, метење и подигање на отпад од најфреквентните локации во градот, кејот и чаршијата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот градоначалникот Константин Георгиески.✅Подигање на отпадот од потегот на поранешната касарна, градски стадион и Антички театар по одржаните концерти;✅Уредување на зеленилото и цветните насади во централното градско подрачје;✅Двосменско чистење и подигање на отпад од плажите;✅Миење на улици и останати јавни површини.

Македонија | пред 4 години

mechkin-kamen

Владата ја објави свечената програма за Илинден, еве кога започнува и кој ќе ги предводи делегациите

Граѓаните на Република Северна Македонија утре ќе го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ - Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа столбовите на Републиката и на државноста.Годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 09:00 часот.Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев.Програмата во Скопје потоа продолжува со обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и со празнична културно-уметничка програма.Владината делегација во Скопје ја предводи министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија-АСНОМ со почеток во 09:45 часот.Делегацијата ќе ја предводи претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма.Потоа следува обраќање на претседателот Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храм Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање на свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива.Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август - Денот на Републиката ќе започне во 18:00 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.Владината делегација за централниот дел од настанот ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар.Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во 09:00 часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања