Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bekarovski

Д-р Беќаровски: Од 10-ти август ќе има неконтролиран раст на ковид-билансот

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку објава на социјалните мрежи ја дава неговата, како што вели, скромна августовска прогноза за коронавирусот во Македонија.Беќаровски вели дека по 10 август се очекува неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката.-По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката. Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, пишува доктор Беќаровски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Носиите не се само културно наследство туку и модна традиција низ вековите

Mакедонската јавност да се запознае со македонската мода и традиција низ вековите е главната цел на проектот поддржан од министерството за култура, а воедно и да се едуцираат сите генерации за тоа какви биле етапите на творештвото, започнувајќи од македонските носии и вклучувањето на останатите националности кои живеат денеска кај нас.На настанот се обрати професорката Лидија Георгиева од Технолошки-металорушкиот Факултет и Борче Димитровски, Потпретседател на КУД Илинден. Излагање свое преку видеа со презентирање на моделите и инспирација од одредени декади имале сегашни и дипломирани студенти при ТМФ и гардероберот на КУД Илинден кој говорел за градските и селските носии во минатото.- Основната динамика на изгледот без разлика дали е историски костим или мода, е базирана врз фактот што најголемото влијание доаѓа од социоекономските прилики, но и климатските услови. Од голема важност за секое општество е да го сочува со особена грижа и внимание своето наследство, кај нас конкретно народните носии, бидејќи тие се важен дел од нашата историја и идентитет. Моментално нашата модна сцена е во фаза на продуцирање на голем број дизајнери, на некои од нив им претстои интересна иднина, но само доколку се воспостави релација помеѓу креативните сили и индустриските капацитети, без тоа се ќе остане само на ниво на независни дизајнери кои произведуваат интерсни креации во мали количини. Тоа е од една страна добро, на земјата и треба независна модна сцена, но исто така и треба и успешен локален бренд на индустриско ниво, рече професорката Георгиева.За Димитровски македонските носии се грижливо чувана модна традиција која го отсликува секој период и општествените промени во земјава.-Во нашиот фонд или збирка носии имаме оригинални купувани од терен, и реплики изработени од природни материјали. Грижата за нив е специфична и е тешко да се одржуваат. Некои од оригиналите, како женската носија од Смилево, датираат од крајот на 19 тиот век, а се откупувани од терен и надградувани од основањето на ансамблот до денес. Носиите се значајни за соодветна и автентична презентација на богатиот репертоар кој го има нашиот ансамбл, а се состои од сценски адаптации, обичаи и стилизации најмногу на накитот бидејќи е навистина тешко да се најде на овие простори, но и на самите носии. На пример машките носии задолжително имаат волнен појас кој денеска е заменет со ремен, покрај селските носии постојат и градски носии кои на пример се карактеристични за битолскиот крај, вели Димитровски.Македонската традиционална носија во минатото е белег на едно време кое е важно за македонската историја и нејзините почетоци. Токму од тогаш носијата претставува едно богатство кое е изразено преку бројноста и разновидноста на облеките, како и преку начинот на нивното украсување, носиите се дел од материјалната култура на Македонскиот народ со вековна традиција. Македонските дизајнери може слободно се приклучат кон информативната платформа Традарт.мк и директно ќе ги кажат своите ставови и ќе бидат инспирирани од минатото се со цел да се зачува македонската традиција и култура преточена во едно ново дизајнерско руво.

Македонија | пред 4 години

krazba-na-kola-701x466

Расчистена тешка кражба во Скопје, приведено едно лице

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лиши од слобода Г.Љ. (47) од Скопје и расчисти кривично дело „Тешка кражба“, извршена во периодот од 07. до 17.07.2021.Имено, осомничениот со патничко возило сопственост на фирма во која бил вработен, од катна гаража на бул.„Св.Кирил и Методиј“ одзел предмети и причинил материјална штета во вредност од околу 172.000 денари, уништувајќи го инсталираниот противпожарен систем во објектот. Тој бил приведен во полициска станица и во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото. По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka

Несреќа на автопатот кај Лесковац, повредени двајца македонски државјани

Нешто после 8 часот утрово, на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, се случила сообраќајна насреќа во која се повредени двајца македонски државјани, објавија српските медиуми.Повредеите се двајца мажи од околината на Струмица, едниот роден 1987 година, а другиот 1982 година.Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот,изјавиле од болницата во Лесковац.Тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Македонија | пред 4 години

soobr1

Триесет и тригодишен маж загина кај Удово во судир на два автомобили

Триесет и тригодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила кај Удово, а едно лице е тешко повредено.Според информациите на МВР, несреќата се случила ноќеска во 03.30 часот на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“ помеѓу автомобил „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица.Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Македонија | пред 4 години

vakcini-1

Филипче: Можно е воведување трета доза вакцина

Има зголемување на бројките на заразени, но така е низ целиот свет. Сепак, во многу земји се воведуваат повторно рестриктивни мерки. Важно е што нема притисок во болниците. Моментално на Инфективната клиника се лекуваат 15 пациенти, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Гевгелија.Тој соопшти дека здравствените власти интезивно ги пратат препораките на СЗО и останатите земји, во однос на вакцинацијата.– Едното од можните сценарија е воведување на трета доза, а можно е вакцината да стане и сезонска. Вирусот нема да исчезне одеднаш и делта сојот нема да биде последен – додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.Направени се 5.315 тестирања, а најголем број нови случаи има во Скопје – 27 и Тетово – 25.Во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.Не се регистрирани починати пациенти.Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Македонија | пред 4 години

20112019_VRSM_Sugareski_pres2

Славица Котиров го презема директорското место во Царина од Горан Сугарески

Владата на 93. седница ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа.Како што се наведува во владиното соопштение на оваа позиција Владата одлучила да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор на Царинска управа.Сугарески на почетокот од месецов информираше дека си поднел оставка и рече дека ќе се врати на старото работно место во Општина Прилеп.Причината за неговата оставка беше што поднесе кандидатура во партиските органи на СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп.

Македонија | пред 4 години

restoran_mokum

Одобрени средствата од ковид програмите за туристичките агенции, за ноќните клубови и за рестораните за свадби

Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари.Со предвидената мерка ќе им се овозможи на лицата кои нивните месечни приходи во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000,00 денари, да искористат годишен одмор во туристичките центри на Република Северна Македонија, и во исто време да им се помогне на туристичките центри за зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.Владата ја усвои Информацијата за спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка на Лиценцирани туристички агенции и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година како дел од пакетите за справување со последиците од КОВИД-19.Со оваа одлука се одобруваат средства во вкупен износ од 50.880.000,00 денари на 258 лиценцирани туристички агенции.Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на ноќни клубови, со која се одобруваат средства во вкупен износ од 8.324.480,00 денари на 17 ноќни клубови од програмите за поддршка на компаниите за справување со последиците од КОВИД-19.Од програмите за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, Владата ја донесе и одлуката за финансиска поддршка на рестораните за свадби, за кои за вкупно 107 правни субјекти се одобруваат средства во вкупен износ од 51.650.798,00 денари.Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата на Агенцијата за вработување за неискористени финансиски средства во Посебниот фонд за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, и донесе одлука износот од 100.000.000 денари од неискористените средства да се користат за мерката субвенционирање на плати заради значителниот интерес од страна на невработените лица и работодавачите.Со обезбедување на дополнителен износ ќе се обезбеди субвенционирање на плата за дополнителни 438 невработени лица, со што бројот на лицата опфатени со оваа мерка ќе изнесува 1.304 лица.

Македонија | пред 4 години

institut_za

Се дигитализира картотеката на Институтот за македонски јазик

Владата на Република Северна Македонија на 93-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, и го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5.000.000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, а согласно објавениот јавен повик.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Србин наместо на одмор во Охрид, завршил 23 дена во кумановскиот затвор, - бил уапсиле по грешка

Српскиот државјанин Д.М. (52), раселено лице од Приштина, кој по налог на УНМИК бил уапсен во Македонија на 7 јули годинава за наводно воено злосторство извршено на Косово, беше ослободен денеска откако пристигнаа докази дека станува збор за грешка, објави Вечење новости.Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов за Косовоонлајн, неговиот клиент бил уапсен поради замена на идентитет, односно имал исто име и презиме со лицето барано за воени злосторства.– Тој беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судијата за претходната постапка, а по барање на јавниот обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш е укинат и тој е ослободен, рече Поп Костов.Д.М. бил уапсен откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид. Потоа му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој беше однесен во затворот во Куманово.Адвокатот Поп Костов барал неговиот клиент да биде ослободен, додека Д.М. самиот ги негираше сите обвинувања од обвинениете во кое вистинскиот Д.М. е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.

Македонија | пред 4 години

31072021_PVRSM_Zaev_sredba_Georgievski_srebro_OI-4

Средба на Заев со олимпиецот Георгиевски - Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски.Премиерот Заев му честиташе на сребрениот олимпиец Георгиевски и со внимание се запозна со искуството на младиот спортист од настапот на олимписката спортска арена во Токио.На средбата, премиерот Заев му се заблагодари на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакна дека Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите.Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Македонија | пред 4 години

tabanovce

На Табановце и Богородица за излез Од земјава се чека 1 час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час, исто така за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, на ГП Богородица време на чекање за излез околу 1 час.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Македонија | пред 4 години

opshtina-gazi-baba

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците кои на насилен и криминален начин гласаа и го донесоа ребалансот на општинскиот буџет

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп.Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие.А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава.Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини.

Скопје | пред 4 години

20210730_172334

МВР - За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, може да предизвика тешки последици

Денеска  во општина Студеничани се одржа вонредна седница на Советот на општина Студеничани, на која присустуваа градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС ДрачевоМиле Трифуновски. На седницата беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување. Особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.Советот на општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).Ваквите активности на МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

Македонија | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Нема да има говор на Мечкин Камен за 2 август, на манифестацијата ќе присуствува и Ахмети

Претседателот Пендаровски на 2 август по повод државниот празник Илинден, нема да оддржи говор на Мечкин Камен. но, не само Пендаровски, на Мечкин Камен нема да се обрати никој од политичарите. Наместо говор пред народот, од Пендаровски ќе има само кратко видео обраќање од две минути, порача претседателот на средба со новинарите.– За што што служи говорот? Тој предизвикува свиркања, клетви, разединување, Сегашниот концепт на прослава е разединување а не обединување. На народот му е преку глава од говори. – изјави Пендаровски.Прославата ќе биде во 18 часот за да им се овозможи на поканетите да пристигнат од другите места во земјата, каде претходно тие треба да го одбележат празникот. Досега му потврдиле дека ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Поканете се и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на Левица, Димитар Апасиев, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, односно лидерите на сите парламентарни партии.Според програмата за одбележување на Илинден во Крушево, актерот Никола Ристановски ќе го исчита Манифестот, предвиден е настап на „Танец“ и ќе имаат настап и Албанскиот ансамбл за ора и танци, Влатко Стефановски и Воениот оркестрар. На Мечкин Камен претседателот и гостите ќе влезат со почесниот батајлон на АРМ, каде ќе биде положено цвеќе. Пендаровски ќе има двеминутно видео обраќање.

Македонија | пред 4 години

Pendarovski

Пендаровски контра СДСМ И ДПМНЕ, не им го потпишува Изборниот законик со измените

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, нема да го потпише Изборниот законик ако биде изгласан предлогот на текстот кој во моментов е во собраниска процедура. Според него, најспорен е членот кој предвидува да мора да се соберат 2% од потписите на гласачите во една општина за кандидирање на независна листа.На тој начин, вели Пендаровски, се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.„Нема логика бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10 000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.Дополнителна причина, пак, што тој не би го потпишал Изборниот законик е што се носи непосредно пред распишување на избори, што повторно е спротивно на препораките на ОБСЕ. Сепак, вели Пендаровски, би ставил потпис ако се согласат сите политички и општествени чинители.

Македонија | пред 4 години

30072021_PVRSM_pratenichkiprashanja-2

Заев: Прв, втор ешалон, државни службеници, сите, внимавајте - законите за борба против корупцијата важат за сите

„Борбата против криминалот и корупцијата продолжува и никој нема да биде поштеден од какви било индиции или постапки коишто се незаконски и водат кон корупција или криминал“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.„Тоа важи за тие од првиот, за тие од вториот и за било кој друг ешалон, тоа важи еднакво за сите граѓани. Имаме јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните – внимавајте, затоа што сега сѐ е јавно, никој нема да биде поштеден“, рече премиерот Заев.Тој укажа на транспарентноста во државата, поради што граѓаните јавно укажуваат на сите индиции и затоа се можни уште поголеми резултати во борбата против криминалот и корупцијата.„Најодговорни за следење се правосудните органи“, рече претседателот на Владата, Заев. Tој во однос на надлежностите на вицепремиерот кој традиционално управува со човечки ресурси и одржливиот развој, објасни дека прв пат има добиено задача и за борба против криминалот и корупцијата, поради намерата на Владата недвосмислено да се помогне борбата против криминалот и корупцијата на независните и истражни органи, коишто се борат против корупцијата.„Администрацијата за мене се и премиерот и министрите и замениците министри и секако и јавната администрација, сѐ со конечна цел да бидам попрецизен. Недвосмислена и јасна порака секогаш сум испраќал и денес испраќам: законот важни еднакво за сите. Дополнително, плус етички - не само кривично, се одговорни носителите на јавните функции, колку се повисоко на функциите во ешалонот, затоа што од нив се очекува да бидат пример и не само да бидат пример, туку и да го помогнат целиот овој процес на најотчетно и најодговорно ниво“, додаде премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, укажа дека денес антикорупциските активности се насочени кон секого и има судски завршници, за разлика од времињата кога никој од поранешната власт не беше повикан на одговорност.Претседателот на Владата, Заев, на седницата зборуваше и за заложбите на Владата за професионална и ефикасна јавна администрација, поради што ги повика опозицијата и општо пратениците, на есен да ги поддржат реформите во јавната администрација коишто се изготвени од експерти, а во насока максимално професионално да им служи на граѓаните.

Македонија | пред 4 години

kompjuter

Милионска кражба во Радовиш – Четворица Британци направија компјутерска измама

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „Компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон.Осомничените во повеке наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата .Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија. Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш.

Македонија | пред 4 години

3-1

(ВИДЕО) Нов сингл на македонскиот бенд БДМ, кој е најава за нивниот прв албум

Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл, Keep All The Love. Песната e во клубски и фестивалски звук, и како претходните песни на групата, донесе еден различен стил на музика во Македонија.Новата песна на БДМ е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Дофеин е анонимен лик скриен зад маска, која е негов заштитен знак и изјави дека зад маската не стои човек, туку идеја.За Keep All The Love, како и за сите претходни песни, момците од БДМ направија интересно видео. Спотот го режираше Виктор Стоимиров, а е снимен во Мичиген, САД.„Овој спот е продолжение на првиот спот на БДМ, за песната Lее, кој излезе пред точно три години на истиот овој датум. Ова е трет спот што го снимаме Виктор и презадоволни сме од тоа како изгледаат нашите видеа, па затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, велат момците од БДМ.

Магазин | пред 4 години

vardar-mazut

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско.Според информациите на ДИЖС, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.„За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води. Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување опасен отпад“, соопштија од Инспекторатот.Наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.

Скопје | пред 4 години

zaev-kasami

СДСМ и Беса ќе коалицираат и на претстојните локални избори

СДСМ и Беса ќе коалицираат и на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, најави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.„Коалицијата СДСМ – Беса минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Северна Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата“, напиша Заев.Тој додава дека со претседателот на Беса, Билал Касами, се согласиле дека партнерството во коалицијата ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори.„Согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Македонија | пред 4 години

w_56089446

Започна ли четвртиот бран? Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на Ковид-19.Од нив 16 се во Скопје, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, по два во Прилеп, Штип и Свети Николе и по еден во Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово.Пријавени сe и се 17 оздравени пациенти од Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2 и по еден од Кичево и Кавадарци.Во изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица, еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови, информираат од ресорното министерство.Направените 4.582 тестови се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Судска медицина-7, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987.Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Македонија | пред 4 години

kosta1-1

Градоначалникот Георгиески ги образложи деталите за ребалансот на буџетот на Општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид.-Со цел да обебедиме подобра функциналност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината.Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот на буџетот се релоцираат вкупно 43 милиони денари до програмите каде што имаме повисока реализација и средствата од непродуктивните трошоци, ги пренасочуваме за реализација на инфраструктурни проекти и други важни инвестиции.-Релоцираме 16.300.000 за реконструкција на улицата „Будва“ која е една од приоритетните потреби за жителите од овој дел на градот и дополнителни 4 милиони денари за улицата „Прилепска“;-Со цел да овозможиме непречена реализација на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Гоце Делчев“, за која веќе се обезбедени 38.500.000 денари од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти, обезбедуваме 9,9 милиони денари за поставување нова атмосферска канализација по целата должина на оваа улица;-За да се подобри сообраќајната мрежа во неколку села и населби издвојуваме дополнителни 9 милиони денари за асфалтирање на улици;- За набавка на реквизити за реконструкција детски игралишта дополнително обезбедуваме 1,3 милиони денари;-Вкупно 3 милиони денари издвојуваме за поставуавање на нови сијалични места;-Се издвојуваат 1 милион денари за поставување на нова водоводна линија во село Куратица;-За капитални инвестиции во основните училишта издвојуваме дополнителни 4 милиони денари;-Издвојуваме 500.000 денари за набавка на нови садови за депонирање на отпад;-Со цел да се обезбедат подобри услови за развој на спортот и спортските клубови, обезбедуваме дополнителни средства за трансфери на спортските клубови;-Вкупо 2,2 милиони денари се обезбедуваат за одржување на плажите на крајбрежјето;-Дополнителни 350.000 денари се издвојуваат за Субвенционирање и набавка на велосипеди и издвојуваме дополнителни 1 милион денари за обезбедување на стипендии за студентиНашата цел е да продолжиме да работиме посветено во исполнување на сите планови и програми кои се во интерес на охриѓани. Очекувам дека во иднина, како и до сега, ќе оствариме значајни резултати во сите сегменти, кои ќе овозможат подобар развој и подобра иднина за нашата општина, истакна градоначалникот Георгиески во изјава за медиумите.

Македонија | пред 4 години

komisija

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Куманово, мерка куќен притвор за осомничениот

Основно јавно обвинителство Куманово поведе постапка за случена сообраќајна незгода на 28.07.2021 година, околу 13,00 часот, на бул.Трета Македонска Ударна Бригада во Куманово, во која патничко моторно возило Форд Фиеста удри во пешаци при што едно лице го загуби животот, а две лица се со здобиени телесни повреди.За време на увидот на самото место, дежурниот јавен обвинител презеде дејствија во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа. Повикано е вешто лице од областа на сообраќајот да присуствува на увидот на лице место, издадена е наредба за проверка на количина на алкохол во крв и урина на осомничениот и на двајцата оштетени со задобиени телесни повреди. Извршено е алкотестирање со помош на алкомер “Дрегер” на возачот, при што е констатирано присуство на алкохол во организмот од 1,41г/кг. Направен е преглед на видео записи од камери поставени во близина на случената сообраќајна незгода. Едновремено обвинителството издаде наредба за обдукција на починатото лице. На местото на несреќата извршено е фотографирање и скицирање, издадена е наредба за да се изврши вонреден технички преглед над возилото, како и фиксирање на сите пронајдени траги и предмети, нивно подигање од крим техника.Во текот на 29.07.2021 година, јавниот обвинител продолжи со преземање дејствија, односно издадена е наредба за одземање на видео запис од објект поставен во близина на случената сообраќајна незгода, изврши испитување на двајцата оштетени во својство на сведоци, како и на осомничениот.Првичните сознанија на обвинителството укажуваат дека осомничениот, 70 – годишен жител на Куманово, не се придржувал кон прописите во сообраќајот и видно под дејство на алкохол од 1,41 г/кг го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на починатото лице и оштетените. Откако управувајќи со возилото се движел по патот без да посвети внимание на пешаците кои стоеле на коловозот до возилото кое било паркирано на десната сообраќајна лента, осомничениот со предната десна страна од патничкото моторно возило удрил во пешаците.Поради стореното, обвинителството поведе постапка против осомничениот за едно кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесен е Предлог за определување на мерката куќен притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.Судијата на претходна постапка по спроведената постапка донесе Решение со кое на осомиченото лице му определи мерка куќен притвор во траење од 8 дена.​

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања