Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

naum29072021

Стоилковски: Шилегов се колнеше во Треска, а не спречи продажба за евро квадрат?

„Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“.-Ова се зборови на Петре Шилегов изјава за медиуми, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје, 02.10.2017 прес конференција поддржана со видео токму на езерото Треска кај Скопје, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова е дел од еден од купопродажните договори, сите со иста содржина, односно договори за отуѓување на градежно земјиште со електронско јавно наддавање склучен на ден 30.05 2019 година. Во него јасно стои дека наддавањето е правено на ден 06.12.2018 година.Значи само 14 месеци по ветувањата на Шилегов и на СДСМ дека ќе го вратат животот на езерото Треска со нови содржини, дека ќе се врати забавата таму ќе отвораат спортски академии, спортски школи и што уште не, токму на езерото Треска.Огласот за јавно наддавање бил објавен на 15.11.2018 година во три дневни весници. Тоа Шилегов и неговата администрација не го видел. Продажбата не е спречена од градската администрација. Понатаму, ниту Шилегов, ниту некој од неговата администрација не интервенирал во цената на градежното земјиште.Ова е Член 3 од Договорот. Купувачот дал најдобра понуда на наддавањето одржано на 20.12 2018 година, понудил 71 денар за метар квадратен, за парцела од 875 квадрати за 62,125 денари, односно 1, 01 евра по метар квадратен. Значи овој договор е еден од повеќето, овој договор е за 875 квадрати од вкупно 85.310 квадрати и сите договори се со иста цена, иста содржина купени од еден понудувач.Според ценовникот единствениот регистар при КП Глумово, ваква површина се продава за најмалку 10 евра по метар квадратен.И тука се поставуваат прашањата:Како тоа само една година по ветувањата на Шилегов, тој не гледа дека тука се продаваат парцели?Второ, како тоа цената е толку екстремно ниска се продаваат по 1 евро за метар квадратен на места каде што просечната цена е 10 евра за метар квадратен?Трето, како тоа за ниедна од толку парцели на кои што се поделени од 800 до 1000 квадрати, не бил заинтересиран за купување никој друг или никој не дал повеќе од овие 1,01 евра за да може да земе парцела за градење?И како сето тоа му минува пред очи на Шилегов кој што се колнеше во враќање на СРЦ и езерцето Треска во живот, враќање на животот во Скопје таму, за сите, за оние кои немаат за одмор таму да оделе да се разладат на езерцето да биде исто како на одмор во Скопје? Разликата во цена е цели 750 илјади евра, а Шилегов тоа не го видел?Јасна е бизнис логиката за оваа зделка, јасни се лагите на Шилегов и на СДСМ за Скопје и за СРЦ Треска.Јасно е дека и сега ќе настапува со исти лаги. Ќе ве потсетам на зборовите на Шилегов „Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства“. Сега на ова може да се додаде и „полесно е и да се продава, речиси без пари“.Нема поголеми лаги од оние на СДСМ за Македонија, нема поголеми лаги од оние на Шилегов за Скопје!

Македонија | пред 4 години

franci

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци, поднесена кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина.По пријава на случајот во СВР Тетово, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија.

Македонија | пред 4 години

policija-1

Тетовската полиција одзела возила од „диви тркачи“

Синоќа (29-јули) во периодот од 00.30 до 01.30 часот, полициските службеници од СВР Тетово- Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влез на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки со возила, по што веднаш било постапено и биле затекнати 14 патнички возила со тетовски и странски регистарски таблици, кои биле привремено задржани во ПС за БПС Тетово. Во текот на денешниот ден возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од 3 месеци.Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност.Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.

Македонија | пред 4 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Ресенец загина во сообраќајна несреќа, со автомобил излетал од патот

Четириесет и шестгодишен ресенец загина во сообраќајна несреќа кога со автомобил излетал од патот.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Ресен – с. Царев Двор, после клучката за с. Горно Дупени, кога возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е. С. (46) од Ресен, излетало од коловозот.Возачот починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Македонија | пред 4 години

petrov

ФОТО: Коста Петров ги скрши двете раце

Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа, напиша на својот ФБ профил Коста Петров.Тој во објавата додава:Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до Др. Александар Трајановски и Др. Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо.

Македонија | пред 4 години

Mickoski07062021

Мицкоски: Со Резолуцијата ќе се покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Изразуваме задоволство што Собранието ја задржа содржината на Резолуцијата, таа остана во содржината таква каква што ја достави нашата пратеничка група. Да потсетам дека текстот на Резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа дека има здрав политички концепт кој овозможува истовремено градење на цврсти позиции за македонските се разбира национални и државни интереси со консензус, потврда на евроинтегративните процеси на Македонија, но и капацитет за обединување на сите чинители околу вакви, според нас суштински прашања.Благодарни сме и до политичките субјекти кои искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржаа Резолуцијата.Ние сме рационални и знаеме дека зборот на власта не трае ни пет минути, но сметаме дека ваквата Резолуција како акт на законодавниот највисок демократски дом не може и не смее да биде прекршен и ќе биде обврзен акт за оваа и секоја идна Влада, Претседател на држава и секоја институција по однос на идентитетските теми и прашања.Овој процес и оваа Резолуција, во нормални услови, требаше да биде водена од власта во Македонија, а не од опозицијата, бидејќи тоа ќе беше израз на политичка одговорност и дека токму најодговорните во една држава се најсвесни за потребата да се гради единство во Македонија по однос на овие прашања.Нема да ги коментираме ситните маневри и игри кои ги гледавме изминатиот период, а имаа за цел да ја релативизираат ваквата Резолуција. И за нас и за Македонија е успех што успеавме да донесеме токму ваква Резолуција.Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме посветени на двата клучни приоритети кои се еднакво важни и неразделни, а тоа се евроинтеграциите на Македонија и заштита на македонските национални и државни интереси.Време е паметно да носиме решенија и да се бориме за сите луѓе во Македонија. Македонија  мора да научи да гради национален и државен консензус, кој нема да зависи од тоа дали некој поради незнаење и неодговорност ќе создава нови спорови, ќе тргува со идентитетски обележја, историски периоди, херои, јазик и што ли уште не, кој што ќе отвораат нови прашања и ќе го принудуваат македонскиот народ на нови преговори и отстапки на негова штета.Време е Македонија да покаже и утврди во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на национални и државни интереси.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Нови 54 случаи на коронавирус, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1 лице.Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1 лице.Од министерството информираат дека не се регистрирани починати пациенти.Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.Досега според ресорното министерство во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

Македонија | пред 4 години

dlaboka-reka-2

Буковите шуми на Длабока Река кои се дел од НП Маврова под УНЕСКО

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово.Локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО, на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Слајдер | пред 4 години

29072021_PVRSM_ekonomskiforum-1

Рама до Заев: Ќе ви се обратам на албански јазик, но овој пат Зоран се надевам дека не е тука истиот преведувач кој целосно ја упропасти пораката

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Економскиот форум за регионална соработка обраќајќи му се на премиерот Зоран Заев, рече дека се надева дека преведот на неговиот говор нема да биде како оној од нивната последна средба.„Ќе ви се обратам на албански јазик, како што е договорено според принципите на форумот, но овој пат Зоран се надевам дека не е тука истиот преведувач. Тој тогаш целосно му ја упропасти пораката“,  рече Рама.На последната средба меѓу двајцата премиери која се одржа на Економскиот форум во Скопје на 23 јуни, Рама беше нервозен и незадоволен од преведувачот, кој симултано ги преведуваше нивните изјави на македонски и на албански јазик. Откако неколку пати го предупреди дека тоа го прави лошо, Рама продолжи да зборува на англиски јазик. а на забелешката на преведувачот, тој само кусо му одговори- „живели“.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Почнува реконструкцијата на скверот зад ТЦ „Бисер“

Почнуваат подготовките за реализација на основниот проект за хортикултурно и партерно уредување на скверот зад ТЦ „Бисер“.Проектот опфаќа поплочување на постојната површина со сосема нов и модерен дизајн, модерна урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, ново осветлување, а ќе бидат поставени и висечки жардинјери. Старата и нефункционална фонтана ќе се преуреди и ќе биде пренаменета во жардинјера со зеленило и други содржини.При изведбата на градежните активности ќе се води сметка за нормалното движење и комуникација на граѓаните со околните места.„Конечно, по долго време, со оваа ревитализација плочникот зад ТЦ „Бисер“ ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобри неговата функција и квалитет, а тоа ќе придонесе за привлекување на што повеќе посетители и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на граѓаните на Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин.Исто така, хортикултурно и партерно ќе биде уреден и скверот зад ТЦ „Капитол“, кој ќе понуди нови содржини.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“.Опремено е со најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби.Се поставува специјална гумирана подлога, во согласност со стандардите за безбедност.➡Планирана е изградба и на нови детски игралишта во близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во близина на новиот терен за баскет.Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

29072021_PVRSM_ekonomskiforum-2

Заев, Вучиќ и Рама од Економскиот форум во Скопје: Започнува нова ера на соработката за интегриран и поврзан регион како европска вредност

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и на претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, како организатори и во координација и соработка со стопанските комори на трите земји, денеска во Скопје започна Економскиот форум за регионална соработка.Со претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од другите земји од Западен Балкан, како и од повеќе други земји пошироко од регионот започнува нова ера на соработката во регионот, истакна премиерот Заев во своето обраќање.„Овој масовен одѕив да учествуваат на овој настан и да бидат активни чинители на уште посилно и поорганизирано поврзување на регионот, е силна порака дека Балканот почнува да создава највисоко ниво на разбирање дека економското поврзување и создавањето на динамичен и витален регионален економски простор е заедничка желба и амбиција“, потенцираше Заев.Тој додаде дека оваа нова енергија е израз на максималната посветеност на лидерите на трите земји за ефикасна регионална соработка.„Ова е силна политичка волја. Се поврзуваме за развој на нашите економии, за изградба на заедничка економија, за подобар живот на секој наш граѓанин. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Очекуваме многу скоро бенефитите да се осетат во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани“, нагласи премиерот Заев.Премиерот Заев дополни дека ова што денес го градиме произлегува од европските вредности затоа што во себе, во своите темели ги содржи подеднакво исто четирите слободи на Европската Унија -- Слобода на движење на луѓе, добра, капитал и услуги.„За остварување на овие слободи, денеска како за почеток, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандума за соработка. За да ги обезбедиме условите за реализација на овие слободи, го слушнавме апелот на бизнисмените од целиот регион и ги започнавме постапките за сведување на минимум или на целосно отстранување на административните процедури таму каде што е тоа можно“, рече премиерот Заев во обраќањето на отворањето на Економскиот форум за регионална соработка.Заев истакна дека неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувања за отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, и на кластерите за Србија и Црна Гора, е против европската идеја, против интересите на самата ЕУ и спротивна на определбата за членство во Европската Унија на овие две земји кои ги исполнија сите критериуми за тоа, и дека ние, земјите од Западен Балкан не можеме да чекаме сите внатрешни проблеми на Европската Унија да се решат за да одиме напред.„Нашиот регион има приближно 18 милиони луѓе и тоа е многу сериозен капитал за да ги зајакнеме нашите економии. Да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции. Тоа се остварува многу потешко доколку го правиме поединечно“, потенцираше премиерот Заев.Во завршницата на своето обраќање Заев нагласи дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан и ги повика и охраби и останатите земји од регионот да се придружат.„Да ја направиме визијата за заеднички политички и економски простор на Западен Балкан реалност со конкретни придобивки за сите наши граѓани. Да направиме да стане важен дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во своето обраќање на форумот нагласи дека уште од почетокот визијата за оваа иницијатива потврди дека таа е за нашата иднина, и затоа со премиерите Заев и Рама се согласиле наместо поглед кон минатото да се насочиме со поглед кон иднината за да им оставиме иднина на идните генерации.Претседателот Вучиќ истакна дека низ процесот на подготовката на иницијативата е развиена искрена доверба меѓу лидерите, владите и народите меѓу трите земји дека секој предлог од било која е еднаква придобивка за сите граѓани од регионот.Вучиќ потенцираше дека никој не треба да се очекува дека некој друг ќе го сработи она што мора земјите од регионот сами да го направат и дека со процесот на целосно отворање на граничните премини регионот испишува историја.Премиерот на Албанија Еди Рама се надоврза на обраќањето на претседателот на Србија Вучиќ и истакна дека нема зошто да останеме затворени во нашите граници, свртени грб со грб еден кон друг и дека она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот.Рама нагласи дела лидерите и народите од регионот одлучија да направат се’ што е потребно и да не чекаме интегрирањето на регионот да зависи од ЕУ.Премиерот Рама додаде дека денешниот ден доби уште една димензија на големина и значење и заради огромното присуство на деловните луѓе не само од Албанија и Србија, Северна Македонија, туку и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и од повеќе други земји.Тој ја нарече оваа иницијатива за Албанија стратешка и потенцираше дека токму тој мозаик силно говори за вредноста на оваа иницијатива и за тоа колку на луѓето од бизнисот оваа иницијатива им е потребна, и дека заедничкиот регионален економски простор може многу повеќе да постигне отколку што тоа можат земјите сами и одделно да го направиме.

Македонија | пред 4 години

zaev-2

Заев: Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија

Премиерот Зоран Заев на денешниот Економски форум во Скопје порача дека крајна цел на „Мини Шенгенот“ е да нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија. Тој напомена дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан.-Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко. Второ, да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги преку заемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интеркомпаниски трансфери. Трето, да го прошириме слободното движење на граѓаните преку овозможување мобилност на студенти, научници. Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот. Денеска ќе бидат потпишани три важни договори во оваа насока. Го слушнавме барањето на бизнисмените: помалку историја, повеќе економија. Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан е против интересите на ЕУ. Но, ние не можеме да чекаме сите внтрешни проблеми на ЕУ да се решат за нашата економија да оди напред. Ние сме тука кога ЕУ ќе биде подготвена. Ние сме тука со подготвени економски иницијативи за кои ќе зборуваме денеска. Се надевам дека ЕУ ќе најде можност и да финансира дел од нив, порача Заев.

Македонија | пред 4 години

poplana

ВИДЕО: Се поплави скопски булевар, реконструиран пред неколку месеци

„Ајде Петре Шилегов дојди сега да се сликаме на булварот Македонско К..Бригада,реконструиран пред неколку месеци„, пишуваат Скопјани на социјалните мрежи.

Скопје | пред 4 години

paridenari1

Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година

Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.За Власта, буџетот е развоен и насочен кон стопанството и граѓаните, но и за реализација на капитални инвестиции.„Ако го видиме делот на расходите, се дели на два дела, функционален и економски буџет. Овој буџет е социјален, првиот столб е социјалниот аспект и безбедноста, во однос на расходите има повеќе социјални трансфери, а ако ја видиме вредноста на буџетот 4,3 милијарди тој е оптимистички буџет“, рече пратеникот на ДУИ, Фазли Бедри.Опозицијата пак останува на ставот дека прекроената јавна каса ќе го зголеми долгот на граѓаните и ќе ги втурне во уште поголема сиромаштија.„Со овој ребаланс на Буџетот ќе го задолжите секој граѓанин за дополнителни 500 евра. Овој ребаланс нема да донесе повисоки плати и пензии, нема да донесе нови проекти. Во услови на пандемија имаме најголем Буџет досега, а ниту едно евро нема за капитална инвестиција. Во наредните шест месеци граѓаните нема да добијат ниту еден километар автопат, ниту ќе се гради болница, училишта, спортски сали…“, рече пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари односно за околу 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милјарди денари и се за околу една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Останатите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.На расходната страна на Буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници без да се наруши нивното редовно подмирување на обврски.Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската кризата, а кои ќе се финансираат преку категоријата субвенции и трансфери и преку капитални расходи.Стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент. 

Македонија | пред 4 години

orce-kamcev-2

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во затвор го лекуваат со сол и газирана вода, тврдат неговите адвокати

Правниот тим на бизнисменот Орце Камчев, кој во моментот се наоѓа во притвор, преку соопштение ја информира јавноста дека неговата здравствената состојба, како што велат, е исклучително алармантна, континуирано се влошува, а во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, според нив, нема соодветни услови за нејзино третирање.„Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ ‘Затвор Скопје’ нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата“, се наведува во соопштението потпишано од адвокатите Гоце Ристески и Александар Михајлоски.Адвокатите информираат дека утрово Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот медицински тим констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето.„Во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ ‘Затвор Скопје’, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван, смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот медицински тим оваа негова состојба во КПУ ‘Затвор Скопје’ ја третираат со сол и газирана вода“, реагира правниот тим на притворениот бизнисмен.Според адвокатите, сериозноста на здравствената состојба, во која моментно се наоѓа Камчев, и несоодветното третирање претставува ризик директно за неговиот живот.„Од правен, но и етички и морален аспект, нашиот клиент и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор, која се применува, не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Нови 47 лица заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на Ковид-19, од кои: 19 во Скопје, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, по два во Прилеп, Струмица и Валандово и по еден во Велес и Гостивар.Регистрирани сe и 14 оздравени пациенти, седуммина од Скопје, Тетово – 5 и по еден од Куманово и Струмица.Во измнинатите 24 часа не се пријавени смртни случаи.Направените 3.593 теста се преку: ИЈЗ – 110, ЦЈЗ Скопје – 66, ЦЈЗ Битола – 59, ЦЈЗ Прилеп – 28, ЦЈЗ Тетово – 29, ЦЈЗ Куманово – 31, УК Пулмологија со алергологија – 8, ГОБ „8 Септември“ – 16, Институт за микробиологија – 21, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 61, „Авицена“ – 207, „Биотек“ – 105, „Систина“ – 62, лабораторија „Лаор“ – 306, „Синлаб“ – 119, „Ремедика“ – 10, „Плодност“ – 31, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 500, „ВФВ медикал“ – 23, „Ели медика“ – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.792.Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.171, бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68.842, Активни 130Куманово 8.923, Активни 41Прилеп 8.337, Активни 9Тетово 7.402, Активни 100Битола 6.315, Активни 5Велес 5.479, Активни 5Гостивар 5.210, Активни 22Кавадарци 5.156, Активни 1Охрид 5.025, Активни 6Штип 4.964, Активни 3Струмица 4.132, Активни 6Струга 2.986, Активни 5Кочани 2.796, Активни 4Кичево 2.609, Активни 10Гевгелија 2.196, Активни 1Неготино 2.184, Активни 0Свети Николе 1.526, Активни 1Ресен 1.234, Активни 0Крива Паланка 1.227, Активни 0Радовиш 1.162, Активни 1Берово 1.032, Активни 0Делчево 974, Активни 1Дебар 949, Активни 5Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 670, Активни 3Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 0Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

noz-ubistvo-napad

Пресметка со пиштоли и ножеви во Сарај, има ранети

„На 28.07.2021 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од с.Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во с.Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет“, соопшти полицијата.Притоа, со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ., a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додаваат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

viber_image_2021-07-28_14-35-58-246

(ВИДЕО) Сузбиена криминална група поради оружје и дрога, приведени 12 лица, меѓу кои и една жена и еден полициски службеник

На 28.07.2021 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција со цел сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје.Членовите на оваа организирана криминална група подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога и оружје.На 28.07.2021, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А.(22), Б.А.(19), М.А.(47), Б.А.(23), С.Ј.(22), Е.Б.(27), З.М.(33), Љ.А.(30), Ш.А.(35), Р.А.(33) (полициски службеник), А.А.(26) и Е.С.(24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштола, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема...Лицата со соодветна кривична пријава ќе бидат предадени на надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 4 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Пронајденo тело на мртов маж во близина на Жировница

Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

Македонија | пред 4 години

ohrid

Ваучерите за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела

На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.-Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4.000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава.Истакна дека смета оти не се доцни со ваучерите за домашен туризам и порача дека тие се даваат во континуитет.-Имајќи ги во предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони веќе се издадени над 1.200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3.000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери, прецизира Бектеши.Нагласи дека Министерството за економија како надлежно за секторот туризам на дневна основа ги следи сите случувања и во континуитет го помага овој сектор, како хотелиерството, така и угостителството.-Со усвојување на ребалансот на Буџетот на денешната пленарна седница на Собранието очекувам од наредната недела да бидат исплатени сите субвенции и целосната поддршка за овој сектор што беше ветена од Министерството за економија и од Владата од одредени економски мерки кои веќе ги имаме промовирано, потенцира Бектеши.

Македонија | пред 4 години

audi

Се преврте ауди на патот Скопје-Штип

Автомобил “ауди А4” излетал денеска од патот Скопје- Штип, дознава 24Инфо.Автомобилот  по излетувањето се истумбал и останал превртен на кровот.извор/фото: агенции

Македонија | пред 4 години

222154195_517663029566154_6222548613750372799_n

Стартуваше Илинденскиот марш

Коњаниците што учествуваат на 43-тиот традиционален коњички марш по повод националниот празник Илинден тргнаа вчера од паркот „Јане Сандански“ и со дефиле низ главните булевари во Аеродром се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан им даде благослов.Во црквата се одржа народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“.На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 20 коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојчиња.„Задоволство ми е што и оваа година го поддржуваме Илинденскиот марш организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Илинден нѐ сплотува и нѐ обединува сите нас. Нѐ прави горди и сплотени граѓани на нашата заедничка татковина“, изјави градоначалникот Марин.Тој додаде дека Општина Аеродром финансиски го поддржува коњичкиот марш повеќе години и ќе продолжи и во иднина да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации во Аеродром.

Македонија | пред 4 години

joci-111

Ги намести пола луѓе од партија по позатвори и сега ќе продава порцелан, Јоци удри по Грујо

Ги намести пола луѓе од партија по затвори, негови другари и роднини кои му веруваа, потпиша Пржински за СДСМ да дојде на власт и сега ќе продава порцелани.Ја мислам на крај, негови вмровци ќе го донесат дома и ќе го ,,спакуваат" со сета иронија и цинизам со која им се потсмева две години од некој delux апартман заедно со неговите qурвици, кои се онлајн со него од Скопје.Токму негови вмровци има да го довлечкаат во сојуз со оние кои го бараат во Идризово, пред да добијат некад пак власт, напиша на својот Фб профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Пошто во тоа ВМРО, уништени се животи и семејства, док овој си го лади.Нема уште долго да проаѓа причата кај неговите дека за ,,27 април" ете - не бил тука, а сите други, кои, ќе скапат по апсаани - се криви.🎈И конечно - изјавата од април 2017 на Груевски, со која побара виновниците да се осудат.ℹ -Сакам да го осудам насилството кое поедници го направија, напаѓајки и лично повредувајќи поголем број пратеници. Никогаш не сум оправдувал насилство, независно кој и зошто го предизвикал. Повикувам институциите да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците, да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд оние кои им нанесоа повреди на пратениците, на граѓаните и на полицајците."

Македонија | пред 4 години

D41-ZjHXoAAWYe3

DW: Груевски станува бизнисмен, си регистрирал фирма во Унгарија

На дваесетина километри источно од Будимпешта се наоѓа малото гратче Пецел. Ни историјата, ниту актуелните вести на интернет-страницата на местото, кое е дом на вкупно 14.328 жители, не откриваат ништо особено за гратчето чии најпознати синови (според Википедија) се еден поранешен унгарски министер за одбрана и еден фудбале, пишува Дојчевеле. Но жителите на Пецел - чие име според локалните историчари потекнува од словенскиот сложен термин кој означува „пет села“ (пет цели) - имаат нова причина за задоволство. Нивната, доста штура, страница на Википедија во иднина може да биде збогатена со името на уште еден истакнат сожител: Никола Груевски, поранешен премиер на Република Македонија.Куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули годинава е дом на новата фирма на експремиерот- Друштвото со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (I.C.I.C.). Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите до кои дојде Дојче веле, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.Па така, фирмата на експремиерот ќе може да врши трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; како и со други разновидни стоки. Експремиерот планира да биде активен и во сферата на управување со имоти (холдинг), во бизнис менаџмент, а ќе има можност да си ја проба среќата и во комуникациите со јавност, рекламирањето, во истражувања на пазари и испитување на јавно мислење, како и во организација на конференции и трговски изложби. Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски точно три милиони унгарски форинти или 8.350 евра. Комуникацијата на фирмата по електронски пат ќе се одвива преку имејл адресата која гласи: icic.wbm@gmail.comПовеќе

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања