Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

30092019_PVRSM_Zaev_sredba_Cipras_1

Грчката опозиција бара од Владата во Атина да ги ратификува меморандумите со Македонија

Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа.Ова се случува по најавите дека официјална Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува „Еурактив“.Меморандумите, се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Северна Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор.„Донесете ги меморандумите во Парламентот и престанете да играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан“, изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес.Тој додаде дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев во кој пишува „македонска репрезентација“ предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која најави дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми. Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт.

Македонија | пред 4 години

carovska-na-gej-parada-696x464

Утре ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје

Утре под слоганот „Вон ѕидовите“ ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје. Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која го организира настанот, велат дека парадата е наменета за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се надеваме и на вашето присуство на овој настан, со оглед на значајната улога на медиумите во борбата за унапредување на човековите права и прифаќањето на различностите во општеството“, велат организаторите на настанот.Парадата ќе почне во паркот ,,Жена-борец’’, а крајна дестинација е „Школка“ во Градскиот парк.На парадата ќе се обратат претставнички на организацискиот одбор на Скопје Прајд и на Интерпартиската парламентарна група за унапредувања на правата на ЛГБТИ луѓето, како и родител на ЛГБТИ дете. Во забавниот дел од програмата ќе учествуваат: Соња Исмаил, Вера Вендета, Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска, Туна, Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе. Водители на настанот ќе бидат Линда Социјалиста и Огнен Јанески.

Македонија | пред 4 години

lisici

Приведени 6 лица во угостителски објект во Жеровјане, пронајдено оружје

Ноќва (25.06.2021) во периодот од 01.30 часот до 05.00 часот полициски службеници од СВР Тетово, при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од нашата земја, како и 41 лице - гости во објектот. Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација.По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Македонија | пред 4 години

Stanica-za-kabast-otpad

Аеродром ја доби првата станица за собирање кабаст отпад

Општина Аеродром ја доби првата станица за собирање кабаст отпад, која е лоцирана на булевар АСНОМ, односно во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“.Станува збор за ограден и заштитен простор каде што граѓаните ќе можат во секое време бесплатно да го оставаат својот стар мебел и дотраена бела техника. Ова е прва станица од ваков тип во Општина Аеродром, а во блиска иднина се планира поставување на вакви оградени простори на повеќе локации на ниво на целата територија.„Следејќи ги европските примери, сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните што имаат потреба да се ослободат од старите предмети од домаќинствата, а притоа тоа да биде бесплатно и во близина на нивните домови“, изјави градоначалникот Златко Марин.Станува збор за проект што се реализира во рамките на новиот и европски интерактивен пристап за одржување на јавната хигиена што го воведува Општина Аеродром.

Скопје | пред 4 години

fetai

Фатиме Фетаи направила сообраќајка, по што е однесена во болница

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода.Сударо меѓу две возила, Поло и Сеат Ибица се случила на крстосницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.Како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.Обвинителката, Фатиме Фетаи, како што пишува „ин7.мк“, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не би требало да биде сериозна. види фото:  „ин7.мк“

Македонија | пред 4 години

IMG_7323

„Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре (24-25.06.2021) во Охрид е домаќин на Церемонијата за усвојување на Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, кој беше изготвен во рамки на Регионалниот форум кој започна во почетокот на оваа недела, организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ).На церемонијата ќе земат учество и потпретседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за парвда Бојан Маричиќ, амбасадорите на Обединетото Кралство и на Сојузна Република Германија, министри за внатрешни работи и сигурност и министри за правда од регионот и, секако, високи претставници на Обединетите нации, Канцеларијата за дрога и криминал на ОН и на Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција.Овој Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии претставува конкретна испорака на договореното од страна на Управната група за преземени обврски од областа на безбедноста во рамки на Берлинскиот процес.

Македонија | пред 4 години

nikoloski-24.062

Николоски открива детали: Заев на средби кажал дека македонскиот и бугарскиот се еден народ и зборуваат ист или сличен јазик

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител открива дека Заев на состанок во Бугарија кажал разговорно дека смета дека Бугарите и Македонците се ист народ и зборуваат ист или сличен јазик, за потоа да вели дека тоа е само лично мислење, иако како премиер тој претставува држава. Николоски посочи дека тоа е тој нечесен однос на Заев, едно во јавност, друго на состаноци.Според Николоски, Македонија во следниот период треба да направи три работи.- Прво една јасна и сериозна дебата што со иднината на државата, но не со прес конференција, туку преку широка дебата со сите општествени структури. Сметам дека е грешка што минатата година претседателот Пендаровски ја одбил идејата за членство во Европската економска заедница, затоа што на крајот на денот граѓаните сакаат да станеме членки на ЕУ за подобро да живеат, рече Николоски.Тој посочи дека втората работа се интензивни реформи внатре и во владеење на право и во дел на економија и искористување на европските фондови.- Мене во вторникот ми беше потврдено дека една од причините зошто брзата железница завршува на границата со Србија, поддржана од ЕУ и која не продолжува до Скопје е затоа што нема проект. Значи министерството за транспорт и врски нема проект за брза железница која би почнувала на српска граница и би завршувала на грчка граница. Зборувам за ова со месеци, потенцира Николоски.Тој додаде дека третата работа во однос на разговорите со Бугарија е дека мора да се има чесен однос, а тоа е да им се кажат на политичарите во Бугарија кои се позициите на Македонија, а не едно да се зборува во јавност, а друго да се зборува на состаноци.- Една информација која не е споделена во јавноста. Не знам дали Заев како премиер е свесен дека кога на состанок има повеќе од едно лице на другата страна се водат белешки. На најмалку два состаноци од кои еден во Бугарија, кажал разговорно дека според него мисли дека Бугарите и Македонците се ист народ и зборуваат ист јазик. За потоа да се коригира во официјалниот дел дека тоа е мислење лично а не на државата. Не може премиер да има лично мислење, тоа влегува во белешки. Како што видовме од врвниот бугарски интелектуалец кој кажа дека не е точно дека Бугарија ништо не испорачала кон Заев, туку му помогнала да дојде на власт, нагласи Николоски.

Македонија | пред 4 години

24062021_PVRSM_Zaev_od-Sobranie_2

Заев од седницата за пратенички прашања: Отвораме порти на иднината, денес сме Македонци за целиот свет со признаен македонски јазик и идентитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на денешната седница во Парламентот, посветена на пратенички прашања, констатираше дека паметните, европски политики на Владата ги отворија перспективите на народот и на државата и повика на воздржување од квази-патриотски и квази-националистички реторики, поради кои, како што рече премиерот Заев „земјава 30 години тапкаше во место, додека светот одеше напред“.„Денес, Македонците се Македонци за целиот свет. До пред Преспанскиот договор беа Македонци за дома, а за светот бевме ФИРОМ и Фиромци. Во Преспа е впишано македонски, македонски јазик, македонски народ, македонско, Македонци - и нема дилема. Порано, нашата репрезентација настапуваше под ФИРОМ и стоеше на екраните ФИРОМ - сега стои МКД и стои Северна Македонија, не ФИРОМ. Сето тоа ги отвори портите на иднината, на генерациите на кои треба да им оставиме нешто подобро од тоа што на нас нашите родители ни оставиле“, порача премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, посочи на поддршката што ја има нашата држава од демократскиот свет во интегративните процеси, а го коментираше и прашањето околу евро перспективите.„Денес ја имаме поддршката од целиот демократски свет, како никогаш порано. Направен е огромен респект кон целиот наш народ и кон нашата држава. Проблемите со Бугарија се отворија заради тоа што тие имаа внатрешни проблеми, кои се струполија врз Северна Македонија, соодветните провокации од бугарска страна и од македонската страна исто така создадоа атмосфера денес една земја членка, која е наш прв сосед, Бугарија, да стави два пати вето на нашето членство во ЕУ. Но, нема ниту една замерка на нашите реформи, коишто се 100-проценти потврдени во сите извештаи на ЕУ. Пример сме за европско однесување.Не започнавме преговори со ЕУ, затоа што, според мене, Бугарија нема Парламент и нема политичка Влада. Дефинитивно верувам дека во идниот период, со политичка Влада и со конституиран Парламент во Бугарија, можеме да продолжиме. Но, нема ниту една причина која е фокусирана на Република Северна Македонија, меѓу причините за неодржување на првата меѓувладина конференција.Лани во март добивме консензуална одлука од 27 земји членки, за почеток на преговорите. Следниот чекор е усвојување на преговарачка рамка и закажување на првата меѓувладина конференција“, рече премиерот Заев.Тој ја објасни целосно суштината на разговорите со Бугарија, базирана на португалскиот предлог, доставен, како што рече и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.„Ниту оваа Влада, ниту која било идна влада, не смее да разговара за македонскиот јазик и идентитет и тоа е впрочем потврдено. Во Бугарија разговаравме за патоказ, кој стои како предлог во португалското решение на проблемот, каде една од обврските е Северна Македонија да достави патоказ до Бугарија. Во тој патоказ се опишани сите области на соработка, со конкретни датуми за реализација и одговорни институции. Тоа се придобивки и за македонскиот и за бугарскиот народ. Со тоа се гарантира интензитетот и поголемиот фокус на изградба на инфраструктура: патна и железничка, отворање гранични премини, подобра соработка помеѓу институциите. Вториот дел на кој се осврнува патоказот е интензитетот на состанување на историско-образовната комисија. На едно место каде се спомнува македонскиот јазик, јасно и отворено стои дека се работи за два слични, но различни и меѓународно признати јазици. Нашиот јазик е сличен и со српскиот и со хрватскиот и со црногорскиот и со бошњачкиот и со бугарскиот или со многу други јазици, кои се од јужнословенската група на јазици, но се различни и се меѓународно признати. Во предлогот на португалското претседателство стои чисто дека во преговарачката рамка, преводот на акито ќе биде на македонски јазик. Имало земји кај кои пишувало „на официјалниот јазик“, „на службениот јазик“ или сл. Имаме такви земји и од соседството. Нашата борба беше да има чист „македонски јазик“. И тоа стои во преговарачката рамка. И ќе стои сè додека Европа е Европа, сè додека Европа води грижа за своите и за идентитетите на земјите кандидатки, затоа што тоа е нашиот идентитет. Тоа е борба за македонскиот идентитет и јазик“, рече премиерот Заев.Тој побара од ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже дали е против сето ова, кога обвинуваат дека не се испорачани евро перспективите.„Вие тоа не го помагате, зборувајќи за чиста Македонија, зборувајќи за Македонија на Македонците и слично. Кои се всушност вашите ставови, да го штитиме македонскиот јазик и македонскиот идентитет, или по која било цена да се договориме со Бугарија, за да може да станеме членка на ЕУ“, праша премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, оцени дека „радикално националистички ориентации на поединци од ВМРО-ДПМНЕ“, биле пречка на нашата држава низ вековите, низ децениите и денес.„Провокации е лесно да создавате со соседите, кавги може да направите кога сакате и со кого сакате. Прашање е дали може да постигнете договор и дали може низ дијалог да ги решавате проблемите. Европа денес функционира со 27 земји членки, низ дијалог, низ компромиси - со меѓусебно почитување ги изнаоѓаат решенијата“, додаде премиерот Заев и посочи дека денес таков начин на однесување се препознава и во нашата држава.„Денес ние сме членка на НАТО, 26 земји членки на ЕУ од 27 недвосмислено јасно потврдуваат дека сме одличен пример за мултиетничко, мулти религиско, функционално, демократско општество, со што Европа ги побива сите теории на нови етнички граници, или размени на територии - токму со Република Северна Македонија. И народот е токму за таквите политики, тоа се потврди и на последните парламентарни избори, а ќе се потврди сега и на следните локални избори“, заклучи премиерот Заев на собраниската седница.

Македонија | пред 4 години

zaev

(ВИДЕО) Јаулески за Заев: Велеше дека “македонска” е идентитетска одредница, а сега се извинува и вели дека погрешил

Навистина е излапен, заборава што кажал (читај излажал) и кога ќе биде фатен во тесно наивно се правда, коленичи и моли за прошка како крадец фатен на лице место пред сефот во семејна куќа. А и крадец е, ни ја украде иднината и продаде историјата, така да сѐ што ни паѓа на ум да кажеме за овој човек нема да е погрешно, напиша на својот ФБ профил Јован Јауелески.Ако, како што вели овде, ,,македонска" е идентитетска одредница а ваму вели дека погрешил и се извинува, дека треба да е ,,северномакедонска", значи ли тоа дека на афтерот после чамецот во Преспа со чашка добро вино договорил нешто што не знаеме и ние сме северномакедонци?Само прашувам бидејќи имам дилема, јас и сите граѓани. А она што се сомневаме во врска со Заев и она што секогаш го негира - на крај излегува дека е точно.

Македонија | пред 4 години

park-skopje

Балкански барометар 2021: Дури 72 отсто од граѓаните не веруваат дека законите подеднакво се применуваат за секого во државата

Дури 72 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија (РСМ) не веруваат во целост или делумно дека правната држава и законите подеднакво се применуваат за секого во државата, покажа годишното истражување Балкански барометар 2021 година (ББ 2021) спроведено од Регионалниот совет за соработка (РСС).На прашањето дали мислите дека законите се применуваат за секого подеднакво, 45 отсто велат дека не се согласуваат со констатацијата целосно и дополнителни 27 отсто велат дека повеќе не се согласуваат отколку што се согласуваат. Од шесте држави на Западен Балкан каде се спроведува истражувањето, полошо стои само Босна и Херцеговина(БиХ), каде што 76 отсто од граѓаните не веруваат дека законите важат за сите, додека бројот на скептици на ниво на Западен Балкан изнесува 66 отсто.Како голем проблем за сите граѓани на Западен Балкан е посочена корупцијата и од 13 наведени категории, како најкорумпирани граѓаните ги издвојуваат политичките партии (78 отсто), судството (76 отсто), царината (75 отсто), здравствените услуги (74 отсто) и парламентите (71 отсто).Во РСМ, како најкорумпирано е издвоено судството со перцепција на граѓаните од 81,1 отсто, што е сепак намалување од процентот во 2019 година, кога според истражувањето таа перцепција изнесувала 89 отсто. Зад РСМ е само БиХ, каде што 82.7 отсто го сметаат судството за најкорумпирана гранка во државата. Истражувањето за перцепцијата за независноста на институциите од политичко влијание, покажува дека 75 отсто од граѓаните на РСМ сметаат дека судството е под политичко влијание во целост или делумно, што е зголемување за 20 отсто во однос на 2019 година, кога тој процент изнесувал 50 отсто. Зголемување на перцепцијата за независност на судството е најголемо во Црна Гора, каде што недовербата опаднала од 82 на 60 отсто.Што се однесува до довербата кон процесот на зачленување во ЕУ, таа пораснала на 62 отсто на ниво на Западен Балкан во однос на 59 отсто во споредба со 2019 година (ББ 2020), додека во РСМ тој процент на поддршка изнесува 53 отсто, а најмал е во Црна Гора со 51 отсто и Србија, со само 42 отсто. Во однос на Регионалната соработка забележан е драматичен пораст, бидејќи дури 77 отсто од испитаниците на Западен Балкан веруваат дека таквата соработка може да им помогне во решавање на политичките, економските и безбедносните прашања на нивните држави. Во РСМ тој процент на поддршка за регионалната соработка изнесува 72 отсто.Ова се само дел од податоците на седмиот по ред Балкански барометар што денеска беше претставен на он-лајн презентација во Тирана. Балканскиот барометар се спроведува секоја година врз 6000 испитаници од 6 земји на Западен Балкан, а истражувањето е спроведено од декември 2020 до февруари 2021 година, при што испитаниците одговорале лице-в лице, по пат на компјутер на преку 120 прашања зададени од Регионалниот совет за соработка. Главните податоци ги соопшти генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу, по што следуваше панел дискусија која ја водеше новинарот на Економист Тим Џуда, а во која учествуваше и економистот Бранимир Јовановиќ, како претставник на Виенскиот институт за економија.

Скопје | пред 4 години

spasovski-1

Спасовски до пратеничката Лашкоска: Има проблем со дипломатски пасоши, затоа патувајте си со наш пасош, или стрпете се до 1. јули

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната седница на пратенички прашања, го отвори прашањето со недостаток на патни исправо. Лашокска го праша министерот Оливер Спасовски за проблемот со издавање лични документи и со таблички во целата земја.„Нема застој за издавање на лични документи, едноставно имаше поголема побарувачки во месец јуни, за разлика од мај. Во однос на дипломатските пасоши, точно дека имаше проблем. Со оглед дека се набавуваа нови обрасци со новото име, во МНР направиле погрешка проценка околу набавката на стари обрасци. Но, тоа не е проблем на граѓаните, тоа е ваш проблем ако сте навикнати да патувате со дипломатски пасоши. Патувајте си со наш пасош, или стрпете се до 1. јули, и ќе има пасоши“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 години

dzaferi-1

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври, во зависност од информациите за завршувањето на мандатите на градоначалниците.Џафери на средба со новинарите, образложи дека ако се оствари најавата за 17 октомври како оптимален датум за првиот изборен круг, почетокот на кампањата би се совпаднал со последните денови од пописот кој што завршува на 30 септември. Доколку изборите се до две недели подоцна, на повеќето од градоначалниците и советниците ќе им бидат истечени мандатите.Редовни избори треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот. На половина од градоначалниците, четиригодишните мандати им биле потврдени околу 18 октомври 2017 година, додека на оние кои беа избрани во вториот круг – кон почетокот на ноември 2017 година.

Македонија | пред 4 години

lazarov

Д-р Лазаров до пратениците: Крадете безмилосно, пошто нас не маваат нерви и срце после од работа, а вас од крадење

Кога ќе се сетам дека лани имаше серија од 3 недели каде не си го видов детето воопшто, и голгота од цела година секој ден дома враќајќи се од работа кај трудна жена и мало дете, а сум бил со 50 пациенти од ковид до пред 10 минути, и не сум земал НИТУ ЕДЕН ДЕНАР вон плата, ми иде аксис од атлас да му раздвојам на некој од пратенициве, напиша на својот ФБ профил д-р Ненад Лазаров.Лазаров во објавата додава:И на сите што крадете безмилосно, пошто нас не маваат нерви и срце после од работа, не на вас од крадење.Мамичето клептоманско.

Македонија | пред 4 години

korona1

Денеска 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1 лице.Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1 лице.Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г).Сите пријавени се починати во болнички услови.Направени се 2.302 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–18, МАНУ-31, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-244, Биотек-136, Систина-90, лабораторија Лаор-173, Синлаб-21, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа–3, Никоб лаб-322, ВФВ Медикал-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 795.Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68651, Активни 89Куманово 8882, Активни 32Прилеп 8327, Активни 19Тетово 7246, Активни 23Битола 6304, Активни 6Велес 5473, Активни 5Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5154, Активни 1Охрид 5019, Активни 17Штип 4960, Активни 1Струмица 4118, Активни 5Струга 2981, Активни 1Кочани 2792, Активни 1Кичево 2593, Активни 14Гевгелија 2195, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 5Радовиш 1161, Активни 1Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 1Дебар 941, Активни 0Виница 886, Активни 4Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 2Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

vucic

Вучиќ Мислам дека одлуката не е фер кон Македонија и Албанија што не добија датум

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ.Според него, ваквата одлука не е праведна кон двете земји.„Мислам дека одлуката не е фер кон Македонија и Албанија. Србија со нив има пријателски односи“, изјави Вучиќ.Тој најави дека на 29 јуни ќе биде организирана видео конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев и албанскиот премиер, Еди Рама.„Би сакал да објавам дека на 29. ќе имаме важна видео-конференција со премиерите на Северна Македонија и Албанија. Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги, а она што е од големо значење за нас е таканаречениот систем на работни дозволи, каде што оној што ќе добие дозвола на територијата на една од овие три земји ќе има работна дозвола за секоја од земјите, што е од голема важност“, истакна Вучиќ.

Скопје | пред 4 години

019

(ВИДЕО) Спасовски и Кицев го потпишаа новиот Колективен договор на МВР

Денеска во Клубот на пратеници министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, на пригодна церемонија, го потпишаа новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи, кој претставува производ од меѓусебните разговори и дијалог, со цел понатамошно квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.„Со потпишувањето на новиот Колективен договор, чии што измени, и ние како раководство на МВР и репрезентативниот Македонски полициски синдикат, веруваме дека во голема мерка ќе имаат позитивна рефлексија во однос на синдикалните, социјалните и професионалните права на вработените во институцијата, би сакал да нагласам дека уште еднаш, на дело се потврдуваат напорите и приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и актуелното раководство на МВР во насока на севкупно подобрување на стандардите и условите за работа на сите припадници на македонската полиција“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Тој појасни дека, тргнувајќи од заедничкиот императив за подобрување на статусот и правата на сите вработени во министерството, како и за генерално поквалитетно организационо и оперативно функционирање на министерството, во изминатиот неколкумесечен период беше разговарано околу низа значајни подрачја, кои што се суштински за остварување на заедничките интереси.„За таа цел формулиравме три нивоа на новини: почнувајќи од интервенции од формално-правен карактер, потоа предлози од страна на Македонскиот полициски синдикат, како и интервенции и решенија кои произлегуваат од досегашната имплементација на Колективниот договор. За мене, за актуелното раководство на МВР клучно беше, а така ќе остане и во иднина, строго придржување кон реформскиот курс што го одредивме уште на почетокот на мандатот. за динамично и сеопфатно нормативно, структурно, материјално-техничко унапредување на сите аспекти на работа на министерството, следствено општествените потреби, како и потребите што произлегуваат врз основа на нашите евро-атлантски интеграции и цели, притоа сообразувајќи се во целост со стандардите и вредностите на функционирање на полициите во ЕУ“, посочи министерот Спасовски.Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како дел од работната група формирана токму за изготвување на Колективниот договор, а предводена од државната секретарка на МВР м-р Магдалена Несторовска, истакна дека со новиот Колективен договор на МВР, вработените ги задржуваат сите права што ги имаа и досега, но добиваат и низа нови права.„Со ова можеме слободно да кажеме дека испишавме историја во синдикализмот во Република Северна Македонија. Го потврдивме слоганот на Македонскиот полициски синдикат и МВР дека ‘Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија’. Докажавме дека не живееме во 16-иот век, кога работниците своите права ги остварувале на улица, туку напротив, работниците во ова модерно време своите права ги остваруваат само со соработка и дијалог, помеѓу работодавачот и преставниците на работниците, во случајот МВР и МПС“, предочи Кицев.Меѓу поважните новитети во Колективниот договор се: употреба на родовиот речник и терминологија, и тоа за првпат во Колективен договор во државата, предвидена е нова одредба за заштита на работниците кои имаат три ефективни години до остварување на правото на пензионирање по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж, при што тие не може да бидат распоредени на работно место во нивоа пониски од нивото на работното место на кое работат согласно Класификацијата на работните места, освен во случај на дисциплинска мерка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, изречена согласно закон и одредбите од овој колективен договор; Предвидено е домашно дежурство како посебен работен услов кој подразбира обврска за работник со статус на неуниформиран полициски службеник, кој не работи во смени, надвор од работното време да биде во состојба на приправност дома или на одредено место, при што предметната одредба, покрај обврските за работникот, содржи и референца за правото на работен додаток на плата за домашно дежурство, кој изнесува 5% од час, со што се исправа една голема неправда што се провлекувала во МВР децении наназад; Правото на платено отсуство, во случаите кога работникот го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на спортски, културни и други манифестации; Ревидирана е одредбата за работниците – доброволни крводарители, за кои е предвидено право на три слободни работни дена во кои се засметува и денот на давање крв, за секое давање крв, кои по правило се користат последователно и непосредно по денот на траење на основот, но не подоцна од 30 дена од денот на давање крв; Предвидена одредба за посебна заштита за ноќна работа, со децидно уредување на категоријата работници за кои се однесува, при што оваа категорија работници има право на соодветна храна или надоместок за трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Северна Македонија во претходната година, сразмено за деновите кога работникот работи ноќе; Предвидување јубилејна награда во висина на една половина од месечната просечна нето плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци - за непрекината работа во ефективно траење од 10 години во Министерството, покрај досегашното решение за доделување на јубилејна награда за непрекината работа во ефективно траење од 20 години во Министерството; Предвидување еднократен паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност, на работничка – мајка, за секое новородено дете; Предвидување еднократен паричен надоместок за работниците кои со решение на министерот се назначени за ментори, во висина од 150 евра во денарска противвредност, за временскиот период во кој спроведуваат обука во случаите утврдени со закон и одредбите од овој Колективен договор.

Македонија | пред 4 години

fajzer

Филипче: 100 илјади вакцини „фајзер“ утре пристигнуваат во Македонија

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче.В недела со два авиони по 250 илјади дози од Кина ќе пристигне пратката од 500 илјади вкацини на „Синовак“.Направен е план за складирање во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина. Веќе во понеделник или вторник ќе бидат пуштени во употреба и дистрибурирани низ државава.Министерот за здравство најави дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во земјава.Од Министерството за здравство велат дека сите тие, почнувајќи од понеделник, во рок од 20-на дена ќе бидат вакцинирани со онаа вакцина што е достапна.Според Министерството за здравство, станува збор за околу 180.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација, а се уште не добиле термин.Околу 64.000 граѓани на возраст од 40-59 години се пријавени на веб-страницата за вакцинација, а сѐ уште немаат термин кога да се појават на еден од пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60-99 години исто така чекаат вакцина.„МојТермин не отвора термини за тип на вакцина, секој граѓани добива информација пред вакцинацијата со која вакцина ќе се вакцинира“, велат од Министерството за здравство.Очекувањата се дека откако ќе заврши вакцинацијата на овие граѓани во следниот еден месец, вакцинирањето ќе се одвива без термини, односно секој граѓанин ќе може да оди до најблискиот пункт за вакцинација и да ја прими вакцината што е достапна.Според податоците од министерството, досега во земјава се вакцинирани најмногу луѓе на возраст од 60-69 години (75.604 граѓани), а потоа следува старосната група од 25-49 години (66.953 граѓани), вакцинирани се 48.632 граѓани од 50-59 години и 2.852 лица над 18-24 години.Во земјава во моментов се аплицираат вакцините на „Синовак“, „Фајзер“ и „АстраЗенека“ (која кај нас се аплицира кај лица над 60 години), а тече и ревакцинацијата со кинеската „Синофарм“.В петок се очекува преку Ковакс-системот да стигнат околу 100.000 вакцини од прозиводителот „Фајзер“, а дополнително секој понеделник околу 11.000 илјади вакцини стигнуваат од овој прозиводител во нашата земја, обезбедени од директни преговори и преку програмата Тим Европа. Викендов се очекува и испораката на 500.000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“ кои треба да пристигнат во два наврати.

Македонија | пред 4 години

Medicinska-sestra

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за здравство, Венко Филипче, директорите на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и претставници на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки.На медицинските сестри и техничари коишто завршиле високо школо или специјализација и се стекнале со образование од 180 односно 240 кредити, досега тоа образование не им беше платено. Во 2015 година е направен пресек со донесувањето на одлука да се платат само специјализации односно високите школи на тие што до тогаш завршиле и сите медицински сестри и техничари коишто инвестирале во своето образование од 2015 натаму тоа неможе да го валоризираат преку својата плата.„Благодарение на одличната соработка со двајцата директори на ФЗО на РСМ коишто ги обезбедија средствата и од месец септември оваа година сите медицински сестри и техничари коишто завршиле високо медицинско школо или специјализација и се стекнале со такво образование од 180 односно 240 кредити ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Се направи анекс на колективниот договор согласно Законот за здравствена заштита и начинот на којшто се одредува висината на платата. Драго ми е што е ова еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата“, изјави министерот Филипче за медиумите.Според претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, кадровските ресурси се најважниот потенцијал во здравството и нивното добро менаџирање и препознавање е основа за успешен здравствен систем. Тој вели дека европските директиви во здравството се во насока на признавање на високото стручно образование на медицинските сестри и техничари и дека нивната препорака е да тој сооднос во здравствените системи се движи 50-50%, 50% на високо стручно образование со 50% средно образование, а со ваквиот пристап веќе влегуваме во процес на реализација и препознавање на овие препораки.„Во нашиот здравствен систем тој сооднос е сеуште многу понизок со тоа што негде околу 23% се сестри со високо образовани и техничари со високо стручно образование па се надеваме дека со ваквиот пристап, со овој додаток на образование којшто значи дека вработените ќе ја земат разликата меѓу коефициентот од средно до високо стручно образование ќе значи нивно препознавање во здравствениот систем“, кажа д-р Каранфиловски.

пред 4 години

deponija

Левица: Власта со европско знаме ќе ја претвори Македонија во депонија на европски отпад

Откако Владата на СДСМ доби ново вето, додека ветуваше дека државното име е последна пречка за ЕУ, единствена европска вредност што ја покажува е шверцување на штетни закони со европско знаме. Во Собранието во тек е постапка за усвојување на новиот Закон за справување со отпад и тоа со европско знаменце, со цел да се избегне јавна дебата и вклученост на пошироката јавност. Во истиот предлог се предвидува да се тргне забраната за увоз на отпад за производство на РДФ гориво, која беше усвоена минатата година во фервруари, после силни протести од јавноста дека во најзагадената држава во Европа, граѓаните дополнително се трујат со отпад за гориво, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Предлагач на овој спорен закон е вработената во Министерството за животна средина, Каја Шукова, која е позната како ревносен бранител на контроверзната фирма за депонирање отпад во Гевгелија, „GO WASTE SOLUTION”. Жителите од овој регион се сведоци дека Шукова наместо да ги брани интересите на граѓаните, дрско и арогантно го застапувала проектот на фирмата за депонирање отпад. Се поставува прашањето, дали како и во скандалот со увозот на токсично масло по евтина цена, СДСМ повторно го штити бизнис – лобито и нивниот профит, овој пат преку увоз на опасен отпад?Како што стои моментално, со овој закон ќе се создаде плодна почва странските инвеститори да можат за поволни услови да основаат компании за преработка на увезен отпад, кој е забранет во земјите на ЕУ, претворајќи ја Македонија во најголемата европска депонија! Меѓу останатото, со преработка во РДФ гориво и понатаму ќе се дозволи најголемите негови корисници да продолжат да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните, компании кои веќе подолго време ги тресат бројни скандали (Цементара, Железара, поранешно Фени Индустри, како најистакнати).Овој закон е исполнет со недоследности, недоречености и нејаснотии и мора детално да се врати на доработка, и тоа со јавни расправи, вклучувајќи ја стручната јавност, при што наместо олеснувања, ќе бидат вметнати ригорозни забрани за сите загадувачи. Шверцувањето со европско знаме е самоволие и диктаторско однесување на власта, особено кога станува збор за закон со кој може перманентно да се влијае врз квалитетот на живот на граѓаните на Македонија.фото: Левица

Македонија | пред 4 години

lisici

Приведени четири лица осомничени за напад на вработен на бензинска станица во Ченто

На 23.06.2021, полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од с.Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто.Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Санкционирани 66 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Вчеравечер (23/24.06.2021) од 20.00 часот до 01.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 66 возачи. Тие се веднаш исклучени од сообраќај. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, СВР Битола-11, СВР Тетово – 7, СВР Штип-6...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

1-2

(ФОТО) Извршени претреси во Скопје, запленета дрога наменета за турскиот пазар

На 23.06.2021 околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на бул.„Србија“ лишени се од слобода А.Р.(43) и Е.С.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, при извршен преглед на такси возило, во кое се превезувал А.Р.,пронајдени се две ќеси со наркотична дрога марихуана, која требало да биде предадена на друго лице за да го изврши транспортот до Република Турција.Малку подоцна на истиот булевар, запрено е патничко возило „цитроен С4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р., а управувано од Е.С. Во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени и запленети повеќе пакувања со марихуана, со тежина од околу пет килограми и вага. Двете лицасе приведени во Полициска станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје. Фото: МВР

Скопје | пред 4 години

24062021_Rabotna_Grupa_1

Влада: Работната група за канабис ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација

Во Владата, вчера попладне, се одржа вториот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот".На вториот состанок, Работната група усвои дефиниции за поимите декриминализација, легализација и депенализација по однос на статусот на употреба на канабисот, кои ќе се користат за подобро разбирање на степените на дозволена употреба на канабис низ работните процеси во институциите, како и за информирање и едукација на широката јавност за различните аспекти на употреба на канабисот.ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА УПОТРЕБАТА НА КАНАБИС подразбира елиминирање на кривичните дела поврзани со употреба на канабис и поседување на канабис за лична употреба. Декриминализацијата значи преместување на фокусот на политиките од полициско - судскиот систем кон здравствено - социјалниот систем. Ваквата рамка креира поддржувачки контекст и средина за потребните јавно - здравствени и социјални интервенции за луѓето кои употребуваат канабис и минимизирање на негативните последици од кривичното гонење заради поседување и употреба на канабис.ДЕПЕНАЛИЗАЦИЈА НА УПОТРЕБАТА НА КАНАБИС се однесува на ситуација во која постои кривична или прекршочна одредба, но преку воспоставената пракса институциите применуваат поблага санкција, опомена, предупредување или друга слична административна мерка или го одлагаат казнувањето.ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА УПОТРЕБА НА КАНАБИС претставува регулирање на околностите во кои употребата на канабис нема да се смета за казниво дело, односно утврдување на критериумите под кои може да се произведува, набавува, продава и користи канабисот. Легализацијата го опфаќа регулирањето на производството, преработката, продажбата и поседување на канабис за лична употреба; употребата на канабис за медицински цели и регулирање на моделот преку кој ќе се спроведува легализацијата.Работната група донесе заклучок за изработка на компаративна анализа на моделите во 10 различни земји од регионот, Европа и светот по однос на статусот на употреба на канабисот и тоа во Португалија, Холандија, Чешка, Шпанија, Канада, Колорадо (САД), Калифорнија (САД), Израел, Хрватска и Албанија.Компаративната анализа ќе обезбеди темелен преглед на политиките за канабис во 10-те земји, согласно следниве критериуми:1. Како гласи законската одредба за употреба, поседување и производство на канабис;2. Примена на законите, значајна пракса која се применува, позитивни или негативни примери;3. Број на корисници на канабис пред и по воведување на промената;4. Број на затвореници за кривични дела поврзани со канабис;5. Број на смртни случаи или предозирање поврзани со канабис, пред и по воведување на промената;6. Дали се воспоставени социјални програми за ресоцијализација, вработување и слично;7. Дали има анализа за исплатливоста на моделот, бенефити од економски аспект во земји каде се применуваат либерални политики;8. Моделот за легално производство и пуштање во промет на канабис и продукти од канабис;9. Број на вработени во секторот канабис, вредност на годишен обрт во сектор канабис, даночен прилив од легален канабис за медицински цели и лична употреба.Работната група на состанокот утврди насоки и одговорни засегнати страни за подготовка на сеопфатно, јавно и едукативно информирање на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и обезбедување целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни. За реализација на ваквата јавна, информативна и едукативна кампања ќе биде побарана поддршка од бизнис секторот и од сите општествени чинители кои ги поддржуват зелените политики.На вториот состанокот на Работната група за канабис учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис, Иновативната фармацевтска индустрија и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Македонија | пред 4 години

sobranie-1

СДК.МК: Пратениците зеле 193.000 евра за патни трошоци за 9 месеци

За најмрзливите три месеци откако е овој пратенички состав, за февруари, март и особено за април кога дел од нив доаѓаа само да ја чукнат картичката и да се изгубат од Собранието, исплатени се патни трошоци во износ 73 илјади евра, објави СДК.МК.Вкупно, од конституирањето на Собранието во август лани, овој најнеефикасен пратенички состав, ја чини државата речиси 200 илјади евра заклучно со април. Си тече исплатата и за мај, иако седници има многу ретко, а ни комисиите не се искршија од работа.Рекордерот во наплатени патни трошоци го држи пратеникот Дајанчо Ефтимов (ВМРО-ДПМНЕ) од Василево. За 8 месеци од собраниската каса наплатил 7.620 евра. За февруари, март и април, за кога САКАМДАКАЖАМ.МК ги доби најновите податоци од сметководството на Собранието, Ефтимов зел 2.750 евра за патни трошоци.На второто место е пратеникот Петар Ристески (ВМРО-ДПМНЕ) од Прилеп во април зел патни трошоци многу поголеми од неговата пратеничка плата од околу илјада евра. Ристески само за април зел чисти 86.836 денари патни трошоци, плус плата, а вкупно за февруари, март и април, 3.186 евра. За 9 месеци откако е пратеник, подигнал 7.278 евра од Собранието.Речиси иста сума за нецела година од овој мандат, зел и пратеникот Сурија Рашиди (Алијанса за Албанците) од Радолишта. Досега наплатил 7.174 евра само за патни трошоци. За непродуктивните февруари, март и април Рашиди зел 2.397 евра.Деновите кога требаше да се донесе пакетот мерки за помош на граѓаните и на стопанството во април, Собранието го достигна дното. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му правеа влези-излези на Џафери, додека тој ги повикуваше да влезат во салата, да не стојат пред врата или да се приберат Градскиот трговски центар, кога веќе се потпишале во сметководството за патни трошоци. На крајот, дојдоа двајца заразени пратеници од коронавирус од СДСМ во скафандри и се изгласа помошта.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања