Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

AVTOBUS

МВР за автобусот кој излетал од патот кај Битола - повредени четворица патници од Албанија

Автобус со албански таблички рано утрово излетал на патот Битола-Прилеп.Од МВР соопштуваат дека возачот на автобусот е тешко повреден, а полесно се повредени тројца патници.-Утринава, околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола, соопштија од МВР.

Македонија | пред 4 години

avtobus-1

МВР со детали: Српскиот автбус бил каменуван, но не и ограбен

Автобус на српски туристички авто превозник утрово бил каменуван сред Скопје, објавија српските медиуми.МВР објави детали и демантираше дека туристите во автобусот биле ограбени.„На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“. Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица - 1.Регистрирани се 4 оздравени пациенти од:Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1.Не се регистрирани починати лица.Направени се 3.147 тестови преку: ИЈЗ-388, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–20, МАНУ-49, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-210, Биотек-185, Систина-125, лабораторија Лаор-220, Синлаб-19, Ремедика-12, Плодност–40, Генеа–45, Никоб лаб-415, ВФВ Медикал-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.103.Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68656, Активни 88Куманово 8882, Активни 28Прилеп 8327, Активни 18Тетово 7248, Активни 22Битола 6305, Активни 7Велес 5473, Активни 5Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5154, Активни 1Охрид 5019, Активни 17Штип 4961, Активни 1Струмица 4119, Активни 6Струга 2981, Активни 1Кочани 2792, Активни 1Кичево 2596, Активни 16Гевгелија 2195, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 5Радовиш 1161, Активни 1Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 2Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 2Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

AVTOBUS

(ВИДЕО) Патнички автобус излета од патот на стариот пат Прилеп-Битола

Патнички автобус излета од патот на стариот пат Прилеп-Битола.До несреќата не се знае како дошло, официјални информации се уште нема.Наскоро повеќе информации… https://twitter.com/KurirMK/status/1408747666054451203?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1408747666054451203%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fvideo-patnichki-avtobus-izleta-od-patot-na-patniot-pravcec-prilep-bitola%2Fизвор: Курир.мк

Македонија | пред 4 години

izvod

Невиден скандал: Во Тетово на Македонците им велат дека се под 20 отсто и затоа не можеле да добијат еднојазичен документ

Биљана од Тетово во својата општина не можела да извади документ само на македонски јазик и морала за тоа да оди до Скопје, објави МКД.мк. Во Тетово ѝ издавале само двојазичен документ, на македонски и на албански јазик, а на нејзиното упорно барање да ѝ биде издаден документ само на македонски јазик, за што има право, добила одговор дека Македонците во Тетово се под 20 отсто и не може да има еднојазичен документ, се додава во текстот.Се работи за барање за уверение за слободна брачна состојба. Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат ваков документ само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.Повеќе на Мкд.мк

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-26-at-13.24.02

ВИДЕО: Се пее, се танцува и се испраќаат пораки од „Парадата на гордоста“ во Скопје

Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред Парада на гордоста, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Стотна учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје. На настанот учество земаа бројни познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу останатите, присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Пендаровска.

Скопје | пред 4 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Правилата за влез во Грција ќе важат уште една седмица, „Меџитлија“ останува затворена

Правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени за уште една седмица, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник, стапи во сила утрово, а меѓу другото важи и за државјаните на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.Па така, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.За туристите, важат истите правила и рестрикции што важат и за Грците, како што е полицискиот час од 1.30 часот, што ќе се укине од понеделник 28 јуни, а маската е задолжителна само во затворени простории и на отворено доколку има гужва.Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.Поконкретно, првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест или позитивен резултат од направен ПЦР или антигенски (брз) тест со валидност од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот и издаден 30 дена од првиот позитивен резултат.Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.Со оглед на тоа што Грција, веќе го воведе дигиталниот Ковид сертификат, додадена е и оваа можност како алтернатива, односно туристите можат да влезат во земјата со ваков сертификат во дигитална или печатена форма, кој треба да ги содржи податоците во врска со вакцинацијата или резултатот од последната проверка со употреба на брзи антигени тестови или ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19.Конкретните обврски важат за лица со наполнети 12 години.Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест.За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.Од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, исклучок освен за Македонија има и за Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Израел, Канада, Белорусија, Либан, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд.Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица.Од минатата седмица, како што објави МИА, беа воведени две промени: можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест.Министерската одлука со важност до 3 јули 2021 година во 6 часот наутро веќе е објавена во Службен весник на Грција.

Македонија | пред 4 години

kruzen-tek

ВИДЕО: Во населени места без канализација, но со кружен тек, Наумовски го менува животот во Ѓорче

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, изминативе две недели постојано се фотографира и фали како работи, колку прави, во што инвестира Општината со пари од граѓаните. Но, највеќе впечаток остави делот каде тој објаснува како еден локален кружен тек, го менува начинот на живеење на жителите на Волково. А инаку, околу кружниот, на сите негови излези, има населени места без канализација, па и без вода.

Скопје | пред 4 години

zmija

ВИДЕО: Змии шетаат сред Скопје на кејот, граѓаните шокирани - бидете претпазливи!

Топлото време и високата влажност на воздухот ги привлече змиите да излезат од своите скривалишта во потрага по храна. Како резултат на тоа, на неколку локации во Скопје, во изминативе неколку денови се забележани змии како лазат по тротоари, низ трева или, пак, едноставно се кријат во повисоките грмушки.Фотографијата која е објавена беше споделена на инстаграм профилот на поренашната водителка Снеже Велков и е направена на кејот во центарот на Скопје, во непосредна близина на зградата на Основното јавно обвинителство.  

Скопје | пред 4 години

avtobus-1

(ВИДЕО) Во Скопје каменуван српски автобус со руски туристи

Автобус на српски туристички авто превозник утрово бил каменуван сред Скопје, дознава „Блиц“. Како што им раскажал менаџерот на компанијата, во автобусот се превезувале руски граѓани кои правеле тура во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот отишле да преспијат. Инцидентот се случил утрово во 7 часот, ги вознемирил туристите и го загрозил продолжувањето на патувањето, додал тој. Засега непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Потоа провалиле во автобусот и ги украле личните работи на патниците и возачите кои биле оставени во возилото.Веднаш по пријавата, полицијата и екипа за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага. На скршениот прозорец биле пронајдени и траги од крв.Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин, иако полицијата во Македонија работи на расветлување на овој случај. Поради оштетувањето на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување, пишува порталот. Видео на следниов ЛИНК

Скопје | пред 4 години

kapistec-zgradi-879658979

СДК.МК: Во Капиштец терасите на новите згради гледаат во станот на комшиите

Во скопската населба Капиштец, делот спроти трговскиот центар „Зебра“ и под улицата Водњанска, згради се градат на секој чекор. Овој дел од населбата е претворен во големо градилиште. На местото на куќите никнуваат згради со пет и шест ката. Тесните и мали улички се окупирани со градежни материјали и механизација и често се непроодни. Бетономешалките го блокираат сообраќајот без најава. Без регулиран сообраќај возилата не можат да поминат, оти на неколку метри одалеченост се градат истовремено неколку згради на различни инвеститори. Зградите се залепени една до друга и буквално прозорците и терасите гледаат во станот на комшијата од соседниот објект, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Овој дел од Општина Центар или Деталниот урбанистички план Ј07 не беше ставен под мораториумот односно никогаш не се почна негова измена, бидејќи, како што вели градоначалникот Саша Богдановиќ, бил донесен 2014 и е усогласен со Генералниот урбанистички план.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.фото: САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Скопје | пред 4 години

ruzveltova

(ФОТО) Тешка сообраќајка на „Рузвелтова“, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утрово се случила на крстосница на улицата „Рузветова“ во Скопје, пренесува „24 инфо“. Според информациите на порталот, повредените во моментот се во Клиничкиот центар. На лице место интервенираа и екипи од Противпожарната бригада.Се очекуваат повеќе детали од СВР Скопје по извршениот увид на местото на несреќата.извор и фото:  „24 инфо“.

Скопје | пред 4 години

zaev-1

(ФОТО) Сите му се смеат на Заев откако пишуваше на школска табла

Премиерот Зоран Заев вчера беше во Куманово. По настанот даде изјава, на социјалните мрежи објави фотографии. Една од нив е и онаа каде тој пишува на табла. На латиница, премиерот пишува „Куманово“, но не личи дека напишал „Куманово“. Во прилог и неколку смешни коментари:Хххххаа па со бостан купил диплома и еве ви го резултатот, начитан е дечково машалаЧовеков се надмина со глупостиве !!! Не ми се верува дека можеше до толку да се мизерни од прв до последенОвој е премиер. И после се чудиме зошто просечното IQ во Македонија било 82 , најниско во Европа.И 82 IQ многу е, за народ што избрал ваков премиер.

Македонија | пред 4 години

zatvor

Затвореници од „Идризово“ се обиделе да прават бунт, со сечило раниле чувар

На 23.06.2021 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, командир во Казнено – поправната установа Идризово пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од еден затвореник.Според пријавеното, на 23.06.2021 командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една од соба во амбулантното одделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете.Според пријавата, притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

zaev_radev_2006_g111

БГНЕС открива што бара Софија од Скопје

Ефикасното исполнување на Договорот за пријателство да биде дел од Преговарачката рамка за Mакедонија, Скопје да ги повлече малцинските претензии кон Бугарија, да се рехабилитираат жртвите на југословенскиот комунизам и да се адаптираат учебниците за да ја одразуваат заедничката историја, се барањата од Софија до македонските власти, објави БГНЕС.Бугарија на последниот Совет за општи работи не даде зелено светло за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, но даде преодна оценка за постигнувањата на Албанија во процеос на реформи и кажа „да” за преговарачката рамка за Албанија.Според БГНЕС, за време на средбите на премиерот Зоран Заев на 17 јуни 2021 година во Софија со претседателот Румен Радев и премиерот Стефан Јанев, како и во разговорите меѓу министрите за надворешни работи Светлан Стоев и Бујар Османи, Македонија изразила подготвеност да ги исполни следниве обврски:- Во најкус рок Скопје да потврди во ООН, во согласност со чл. 11 ст. 3 од Договорот за соседство дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, од кој дел се наоѓа границите на Бугарија. По испраќањето на оваа вербална нота, Бугарија веднаш ќе престане да инсистира на употреба само на долгото име „Република Северна Македонија“ во ЕУ и меѓународните организации;- Република Северна Македонија конечно да ги повлече своите малцински претензии кон Бугарија, потврдувајќи дека не постојат историски, етнички и други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе кои не се нејзини граѓани на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во чл. 11 ст. 5 од договорот од 2017 година;- Република Северна Македонија да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија поради нивната бугарска самосвест. Овој историски гест од страна на Република Северна Македонија во пракса би го одразувал нашиот заеднички европски цивилизациски избор;- Република Северна Македонија да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми со цел објективно да се одразува нашата заедничка историја, поставена како централен елемент во Преамбулата и член 8 ст. 3 од Договорот за соседство, како и со цел елиминирање на образовната содржина што предизвикува омраза кон Бугарија (чл. 11 ст. 6);- Идентификување, заедно со Бугарија, и отстранување на табли и натписи на територијата на Република Северна Македонија, кои предизвикуваат омраза кон Бугарија и Бугарите.Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска испратил писмо до македонскиот министер Бујар Османи, во кое изразил „очекување за исполнување на преземените обврски од Република Северна Македонија, како и подготвеност на бугарската страна да се најдат трајни и одржливи решенија”. 

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Максим Димитриевски е еден од главните кандидати за уште еден мандат во Куманово

Премиерот Зоран Заев, денеска при отворањето на првиот Младински центар во Куманово, запрашан дали актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја има поддршката за уште еден градоначалнички мандат на локалните избори, вели дека тој е еден од главните кандидати.„Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати. СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброт како во Куманово, така и во сите општини ширум државата“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

centar-skopje

Поради „Парада на гордоста“ утре во Скопје изменет сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Притоа, предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12.00 часот е по ул.„Димитрије Чуповски“, свртување на ул.„Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17.00 часот.Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Центар ги превзема ингеренциите за издавање одобренија за поставување урбана опрема во Дебар маало, Парк и Мал Ринг

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го потпиша договорот со Град Скопје за преземање на овластувањата и обврските за издавање одобренија за поставување урбана опрема на територијата на Општина Центар.„Во јуни 2009 година Општина Центар потпишала договор за отстапување на ингеренциите на Град Скопје да врши овластување и издавање дозволи за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг. По одржаните состаноци со Град Скопје, заеднички одлучивме ингеренциите да се вратат на Општина Центар, бидејќи за истите општината врши контрола и инспекциски надзор“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Општина Центар има подготвено сопствена програма и план за начинот на кој ќе биде поставена урбаната опрема на територијата на Општина Центар, а со потпишување на договорот со Град Скопје, формално-правно се враќаат ингеренциите во надлежност на Општина Центар.„Ова е голем успех за Општина Центар бидејќи конечно ингеренции што претходно биле дадени или одземени, сега се враќаат под контрола на Општина Центар, а во наредниот период продолжуваме да работиме на програми и планови за преземање на урбаната опрема и на други локации, согласно останатите детални урбанистички планови во Општина Центар“, изјави БогдановиќОпштина Центар ја известува јавноста дека овластен градежен инспектор по службена должност направил увид во два објекти, кадешто се утвдени неправилности во работењето, согласно Законот за градење. Секторот за инспекциски надзор издаде Решение за отстранување за инвеститорот Кафе бар-Макка со седиште на булеварот „Климент Охридски“ бб и за инвеститорот Ди Лума Груп Дооел-Скопје со седиште на улица „Аминта Трети“ бр.38. Доколку во наредниот период нелегалните градби не бидат отстранети, Општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување.Според Буџетот на Општина Центар за 2021 година планирани се 12 милиони денари за рушење на бесправно изградени објекти во Центар.

Скопје | пред 4 години

IMG_7367

Спасовски од Охрид: Регионалниот патоказ е доказ дека постои подготвеност и политичка волја за сузбивање на корупцијата и нелегалните финансии во регионот на Западен Балкан

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Охрид беше домаќин на церемонијата по повод свечено усвојување на Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии.Тој во своето обраќање забележа дека седум години по Берлинскиот процес како платформа за соработка, односно неговата Управна група за преземени обврски од областа на безбедноста, регионот на Западен Балкан е на чекор поблиску до европската интеграција, остварувајќи реален прогрес во реформскиот процес, решавајќи дури и некои долгогодишни билатерали отворени прашања, каков што е случајот на Република Северна Македонија.„Борбата против корупцијата и нелегалното финансирање опфаќа широк спектар на области на дејствување и повеќе засегнати страни на национално, регионално и на меѓународно ниво. Координирањето на ангажманот во сите овие области и на сите овие засегнати страни би било обемно и нецелисходно, но еден насочен пристап, со утврдени заеднички приоритети, при што нивната реализација ќе се одвива постепено, е нешто што би било поефективно и реално изводливо. Токму овој пристап го усвојуваме со документот кој што денеска го одобривме, испорачувајќи Регионален патоказ, кој се фокусира на подобрување на имплементирањето на постојните мерки за борба против корупција и нелегално финансирање, преточени во неколку приоритетни области“, истакна министерот Спасовски, посочувајќи дека додадена вредност на овој процес е што основата за Патоказот се постоечките меѓународни стандарди, препораките на сите релевантни меѓународни фактори и, секако, условите кои треба да се исполнат за пристапување кон ЕУ.„Почетокот кој што го иницираме сега е доказ дека постои подготвеност и, пред сѐ, политичка волја за сузбивање на корупцијата и нелегалните финансии во регионот на Западен Балкан и тоа преку вистинска регионална сопственост“, порача министерот Спасовски.Имајќи предвид дека на церемонијата присуствуваа колеги од земјите од Западен Балкан, засегнати како од предметната област, така и од теми на споделен интерес, министерот Спасовски ја искористи можноста да реализира две билатерални средби.Во рамки на првата билатерална средба на министерот Спасовски со косовскиот колега Џељаљ Свечла беше потпишан Протоколот меѓу министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Косово за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки. Целта на овој Протокол е воспоставување на заедничка соработка во насока на поддршка на стратешките цели за обука и развој на ниво на професионална и континунирана едукација во областа на јавната безбедност и во областа на полициското работење.Министерот Спасовски оствари средба и со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Селмо Цикотиќ, со кој разговараа на повеќе теми, меѓу кои и за Иницијативата за склучување Протокол меѓу двете министерства за соработка во областа на заедничките обуки, преку кој ќе се регулира развивањето, координацијата и спроведувањето на програми на ниво на професионална и континуирана едукација, студиски посети за советување и координирање стандарди, обука, развивање на наставни програми, поддршка на менторство, како и размена на информации, искуства и можни заеднички проекти.Двајцата министри разговараа и за Иницијативата за склучување Протокол меѓу двете министерства за формирање Заеднички работни тимови, со што ќе се придонесе кон остварување директна соработка помеѓу двете полиции и нивните работни тимови од аспект на преземање дејствија на териториите на двете држави, а се однесуваат на размена на информации за конкретни кривични дела за осомничени лица или сторители, за резултати од криминалистички истраги, за искуства кои се однесуваат на појавата на нови кривични дела, за заеднички операции или дејствија и можните закани, како и соработка во следење на осомничени лица и потрага по лица кои имаат поврзаност со кривични дела и вршење дејствија за идентификување на лица.Трета област за која дискутираа, а која всушност е постојано и насекаде присутна, е трговијата со луѓе. Со цел интензивирање на соработката во оваа област, од страна на министерот Спасовски беше иницирана постапка за склучување меѓусебен Договор/Протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе. Склучувањето на еден ваков документ ќе придонесе кон зајакнување на соработката помеѓу државите, а со тоа и интензивирање на размената на информации во однос на идентификацијата на (потенцијални) жртви на трговија со луѓе, нивната помош, заштита, како и гонењето на сторителите на овој вид криминал. Вакви документи нашата држава веќе има склучено со Република Албанија, Република Србија, Црна Гора, Република Косово и Република Бугарија, а во тек е спроведување ваква постапка и со Република Грција.

Македонија | пред 4 години

Roaming

Од 1 ви јули се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан

Oд следниот месец се укинат тарифите за роаминг за граѓаните од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово), беше соопштено денеска на состанок организиран од Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans”.Дел од министерскиот состанок беше и македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.„Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули”, рече министерот Шаќири.Тој нагласи дека ова е само почеток, додавајќи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу балканските земји и земјите од Европската Унија.„Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба“, рече Шаќири.

Македонија | пред 4 години

plazi-1

(ФОТО) Интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти

Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.🌿Се чистеше дивата вегетација⛱️Се посипува автохтон песок🌳Се засадуваат дрвја✅Се поставуваат нови контејнери и садови за отпад🚾Се поставуваат времени тоалетиВо текот на наредниот период ќе бидат поставени➡️клупи за седење➡️монтажни соблекувални➡️фонтани за водаВо рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

nafta-mazut

ДПИ изрече прекршочни платни налози за компанијата „Евротим ГДС“ ДООЕЛ - Кичево

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) доби одговор од компанијата „Евротим ГДС“ ДООЕЛ - Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут“, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни. Односно, при првите примероци од земени мостри од складот за „мазут“ во Ресен во сопственост на оваа компанија, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.Врз основа на ова, ДПИ спроведе постапка на порамнување и издавање на прекршочни платни налози во износ од 10.000 евра за правното лице и 3.000 евра за одговорното лице.Истовремено донесено е Решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ и определен е рок од 15 дена за постапување по наредбата.

Македонија | пред 4 години

filipce

Со донација од САД се зајакна лабораторијата во ИЈЗ, земјата подготвена да менаџира со каква било криза

Министерот за здравство, Венко Филипче, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, и директорот на ИЈЗ, Шабан Мемемти, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија разлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД.„Заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за миркобиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Токму Институтот изминатата година ипол интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките. Вработените во оваа лабораторија цела измината година, практично 24 часа работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест“, изјави министерот Филипче, потенцирајќи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално може да се случи, во смисла на нов бран, не само нас, туку и во целиот регион.Проектот што е донација од САД е почнат во 2018 година, пред да започне воопшто Ковид пандемијата, рече амбасадорката Брнз, посочувајќи дека оваа донација е инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите како што рече „нашите партнери, што беше неопходна“.„Ова е важен ден затоа што имам можност да го посетам финализирањето на проектот кој го започнавме уште во 2018 година. Проектот се реализираше и во услови на времетраењето на пандемијата и да се види завршувањето на овој проект ја потенцира заложбата на сите страни засегнати при реализацијата. На овој начин се потврдува дека со правилната инвестиција, може да се реализираат чуда. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат“, изјави амбасадорката Брнз.Министерот за здравств, Венко Филипче, и директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, ја изразија својата благодарност до амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, за поддршката во реализацијата на овој проект, како и за заложбите и придонесот во целокупниот процес при справувањето со ковид пандемијата.„Посебна чест ми е да искажам кон народот на САД кои преку нивната амбасара на Северна Република Македонија и преку канцеларијата за одбрана покажаа разбирање и спремност за ова реновирање како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија“, изјави Мемети.Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.

Македонија | пред 4 години

zatvor

Зибери: Затворениците оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита

Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи во државата се зависници од дрога.Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2118 (затвор-притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога.Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот истакна дека во овие бројки не се опфатени затворениците/притворените кои употребуваат дроги, а кои одбиваат да се лекуват. Тој исто нагласи дека „оваа категорија на затвореници се маргинализрани, стигматизирани и оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита".– Сериозно е загрижувачка состојба во затворот Куманово каде што 35,5 проценти од осудените лица и 65 проценти од вкупниот број на притворени се лица со нарушувања предизвикани од употребата на дрога. Во составот на медицинскиот персонал во овој затвор редовно е ангажиран еден медицински техничар, а само два пати неделно или по потреба доаѓа општ лекар од Итната медицинска помош, изјави Зибери.Одговорајќи на прашање дали може да се констатира дека и покрај тоа што здравствениот систем на затворите е во ингеренции на јавното здравство тој и понатаму е нефункционален, Зибери, наведе дека забелешката е исправна и дека една од дискусите што се водат во оваа институција е кога и како е донесена одлуката здравствените работници во овие институции да бидат префрлени од јавното здравство.– Оваа одлука е донеса од причина што директорите на затворите имале големо влијание до здравствениот персонал во врска со медицинскиот третман што им се давал на затворениците. За да се елиминира влијаните на директорите, затворската полиција и на администрација е донесена оваа одлука здравствениот персонал да е вработен во јавното здравство не во дирекцијата на затворите за да се креира некаква автономија. Но, за жал и оваа промена не го донесе потребниот резултат, односно сега има нов проблем, а тоа е дека вината се префрла од затворите кај јавното здравство дека тие не ја вршат работата и обратно, изјави Зибери.Тој најави дека ова прашање ќе се анализира уште еднаш, оценувајќи дека Министерството за здравство не го дава ни миниумот овие институции да имаат доволни здравствени екипи, специјализирани за зависниците од дрога.

Македонија | пред 4 години

jordanov

Македонски професор креира униформа која детектира нервни гасови со промена на бојата

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со професорот Игор Јорданов од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје во врска со проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“. Професорот  Јорданов работи на проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на НАТО кој со промена на бојата ќе детектира опасност од нервен гас, но и други опасности.„Овој проект има за цел да произведе повеќефункционална војничка униформа која ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и УВ-зрачење, а преку промена на боја ќе детектира нервни гасови. Овие својства ќе се постигнат со новата слој-по-слој техниката за нанесување нанопремази на површината на ткаенината, со користење на хемикалии кои се отпад од индустријата, користејќи го концептот на циркуларната економија. Овие нанопремази овозможуваат да се постигнат бараните својства, а униформата да биде лесна и да ги задржи своите комфорни својства“, изјави Јорданов.Проектот ќе го реализираат стручни тимови од Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, заедно со Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и од А & М Универзитетот во Тексас.Проектот практично ќе значи револуција во квалитетот на војничката униформа, а се состои во креирање текстилен материјал за војничка униформа, која нема само да штити од температури и други надворешни влијанија, туку ќе биде и детектор за предупредување од опасности, како што е присуство на нервен гас.Минситерката  Шекеринска изрази задоволство што во Алијансата можеме да придонесеме и како иноватори.– Во успехот на професорот Јорданов и целиот негов тим да кажам дека ова го сметаме и како повик до сите истражувачи, до сите научници да ја пробаат шансата која што ја дава НАТО програмата Наука за мир, програма која што и претходно беше отворена за нас, но сега како земја членка можеме да бидеме дури и предводник на ваквите тимови, изјави Шекеринска.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања