Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

8-mi-septemvri

СДК.МК: Откажаа лифтовите во „8 ми септември“, болни и починати се носат со лифтот за храна

Во најголемата општа болница во Македонија, скопската „8 Септември“ минатата недела работел само сервисниот лифт со кој се носи храна за пациентите, па освен храна, се користел и за болни и починати, како и за медицински отпад. Во моментов се оспособени уште два лифта, но како што вели директорот на болницата Христијан Костов, кај и да е, и тие ќе се расипат. Лифтот за храна останал исправен затоа што најмалку се користи, бидејќи вообичаено е заклучен и работи со режим, по потреба, и не е наменет за пациенти и персонал, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. Пред една недела, болницата ангажирала фирма за инспекција и одржување на лифтови, која, според директорот Костов, утврдила дека лифтовите веќе не може да се поправаат, туку мора да се набават нови. Костов вели дека тендерот за набавка е завршен, деловите се на пат и до крај на јули ќе почнат, еден по еден, да се монтираат новите лифтови.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Македонија | пред 4 години

lilja

Поранешната менаџерка на Тоше Проевски се уште не може да најде мир

По сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ целосно се повлече од јавниот живот и започна да одгледува лаванда.Петровиќ скоро никогаш не се појавува во јавноста, а во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва , таа се приклучи во програмата од нејзината плантажа со лаванда, која започна да расте по смртта на Тоше Проески.Домаќинот ја праша дали најде мир на плантажата, а Петровиќ одговори дека е изненадена од тоа прашање, бидејќи по она што се случи, не е можно да се најде мир.извор: b92.net

Магазин | пред 4 години

Skolo

Сител: Подготвени протоколите за учениците, како ќе се оди на училиште во септември?

Со задолжително носење на маски, мерење на температура и дезинфекција пред влез, од септември сите основци и средношколци ќе се вратат во училишните клупи. За превенција во објектите ќе бидат забранети секакви контакти за поздравување и меѓу вработените и меѓу наставниците а редари постојано ќе демнат дали се почитуваат мерките. Неофицијално ова е дел од протоколот за учебната година кој треба да биде на дневен ред на следниот состанок на Комисијата за заразни болести, дознава СИТЕЛ.МК.Не смее да има мешање на ученици од различни паралелки а тоа ќе важи и за кабинетската настава каде просторијата по излегувањето на едната група ученици ќе мора да биде дезинфицирана пред да влезе другата. Под посебен надзор ќе бидат и училишните трпезарии и фискултурните сали во кои во исто време може да биде само едно одделение. Често проветрување и чистење на просториите како и избегнување на уредите за климатизација и вентилација ќе бидат дел од обврските за училишата. За министерката Царовска ова е најпосакуваното сценарио за сите, но доколку има влошување на ситуацијата има уште две опции за настава.Текстот во целост на: СИТЕЛ.МК.

Македонија | пред 4 години

elektricni

Заев најави набавка на електрични возила за Владата

Дадовме инструкција со веќе објавениот тендер на владината Служба за општи и заеднички работи, да се види дали може од 20 до 50 отсто во набавката на службени возила да се вклучат електрични или еколошки возила, изјави премиерот Зоран Заев и додаде дека се дадени инструкции до сите институции да не набавуваат возила, а доколку мораат, да преминат на еколошките транспортни средства. „Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет или да го користиме јавниот превоз“, рече Заев.„Инструкции се дадени и на сите други институции да не набавуваат ако не мораат. Таму каде што мора да се набавува, најчесто за инспектори на терен, болнички возила или слично, да се набавуваат модерните еколошки возила, вклучително електричните, за коишто ќе одиме со нула царина, нула данок на моторни возила и слично, па дури и хибридните, коишто често се електрични или на природен гас“, изјави премиерот Зоран Заев.Тој рече дека Владата треба да биде пример за граѓаните во заштитата на животната средина. Премиерот дополни дека секој индивидуално може да користи велосипед, електричен тротинет или да го користи јавниот превоз.фото: Jutarnji list 

Македонија | пред 4 години

zena-apsenje-lisici-700x465

Притвор за жената која во Тетово го уби невенчаниот сопруг​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жителка на с. Мала Речица, тетовско на возраст од 39 години, за која постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Осомничената на 27 јуни 2021 година, во домот во кој живеела, околу 11:00 часот, во подрумските простории на подмолен начин го лишила од живот оштетениот – нејзин вонбрачен сопруг. По претходна физичка и вербална расправија меѓу нив, осомничената со употреба на тврд предмет – чекан му задала неколку удари во тилниот дел од главата на оштетениот, додека тој спиел на душек поставен на подот во дневната соба во подрумските простории. Од нанесените повреди оштетениот починал на самото место. Осомничената пак, сама се пријавила во полициска станица.Обвинителството во Тетово на надлежниот суд му предложи на осомничената да и определи мерка притвор, во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничената и определи притор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Костадинов: Со еколошката такса ќе се обезбедат над 55 милиони евра за инвестиции во екологијата, опозицијата да се откаже од блокадите

Добро, навистина и мене, но и граѓаните би не изненадило ако ВМРО-ДПМНЕ нешто не блокира во рамки на Собрание така што сите сме свесни, можеме да го видиме законот е во собраниска процедура, станува збор за еколошка такса преку која што државата ќе прибере речиси 60 милиони евра кои што ќе бидат инвестирани во еколошки инвестиции, во поздрава животна средина и навистина не гледам зошто би имале тука против ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање и додаде:Но, како што кажав, тие ги блокираа шесте економски пакети на мерки наменети за Ковид кризата, за граѓаните поддршката, го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар, блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит. Така што, не ме зачудува воопшто најавата за блокади на едно такво решение, нека продолжат слободно ВМРО-ДПМНЕ да блокираат и да бојкотираат. Единствено нешто кое што може да го порачам е баш таквиот бојкот и блокади држи и ќе ги држи уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата.На прашањето ако има илјадници амандмани законот нема да може да се донесе, што ќе направите, Костадинов вели:-Секако, останува да видиме, согласно процедурите, согласно Деловникот да се отвори Законот во рамки на комисијата, не е проблем ние да разговараме, ќе повторам и ќе потврдам уште еднаш дека станува збор за закон преку кој што државата ќе земе 60 милиони евра наменети за инвестиции во екологијата, во животната средина. Тоа е бенефит за државата, тоа е бенефит за граѓаните. Ќе повикам уште еднаш на разум кај ВМРО-ДПМНЕ, јас сакам да верувам навистина дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои што размислуваат барем малку за граѓаните и за државата и ќе сторам се за да ги охрабрам таквите поединци во ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на овој закон, истакна Костадинов.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Денеска 3 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3 лица.Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1 лице.Не се регистрирани починати лица.Направени се 1.342 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-76, Биотек-74, Систина-60, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-145, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890.Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68662, Активни 89Куманово 8882, Активни 24Прилеп 8327, Активни 18Тетово 7248, Активни 20Битола 6306, Активни 8Велес 5473, Активни 5Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5154, Активни 1Охрид 5019, Активни 17Штип 4961, Активни 1Струмица 4119, Активни 6Струга 2981, Активни 0Кочани 2792, Активни 0Кичево 2596, Активни 15Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 4Радовиш 1161, Активни 0Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 2Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 2Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

guzvi-mvr

Турканици пред МВР, граѓаните чекаат во редици за да извадат лични документи

На социјалните мрежи утринава се појавија фотографии од редици на луѓе и гужви пред зградата на МВР, кои чекаат да им бидат издадени пасоши. Граѓаните од утринава чекаат во редици при високите летни температури, за да извадат лични документи во закажаните термини.Присутните се жалат на топлото време, нервозни се, а оние дојдени од странство се најмногу изреволтирани, со што дел од нив наведуваат дека помислиле и да се откажат од македонските документи.Системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) не беше во функција во изминатите пет дена (од средата до вчера) поради миграција во нов систем, како што претходно информираше МВР.

Македонија | пред 4 години

Kejt-Brns-670x496

Брнз: Разочарани сме што Северна Македонија не ги почна преговорите за членство во ЕУ

Ние сме навистина разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија и постојано ја испраќаме пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ, објави МИА.Ова го нагласи американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилени средби меѓу политичарите и засилена комуникација Скопје-Софија откако Република Северна Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите.– Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на процесот за членство во ЕУ, изјави амбасадорката Брнз по денешната церемонија на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД, во касарна Чојлија кај Петровец, на која присуствуваше заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет

Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, а следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, согласно праксата на Унијата, иако на 6 октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ.– Знаете, во такви предизвици кога се случија уставните промени, ги направивме сите реформи дома и навистина тоа стопроцентно беше потврдено, заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори и отидовме на избори со главна помисла дека граѓаните треба да одлучат – остануваме на европскиот пат или ќе разработиме други варијанти. Одлучија граѓаните, дадоа поддршка и покрај такви тешки процеси еве јас добив чест и одговорност повторно да ја водам македонската Влада. Сега мислам дека нема потреба, заради тоа што не е во ред – секоја година се одлучува од страна на ЕУ и секоја година не е рационално да се оди на избори, изјави премиерот Зоран по отворањето на нова спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски” во село Волково.   Во однос на разговорите со Софија за деблокада на нашите евроинтеграции, тој се согласи со коментарите на министерот за надворешни работи Бујар Османи и нагласи дека важна работа е дека се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет и оти продолжуваат напорите за повлекување на ветото од Бугарија.– Тоа го соопшти и бугарската страна, затоа што тоа е предвидено во преговарачката рамка и таму стои „преводот на акито ќе биде на македонски јазик”. Точка. Тоа е важно прашање. Тоа беше за нас најважното. Секако, важно е и Бугарија да ја тргне блокадата. Не би чекал јас октомври затоа што секоја година на крај на претседателството се носат одлуки. Гледате сега во јуни, следното е во декември. Според мене, декември е следната одлука, иако на 6 октомври има закажано самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ. Но, изгорени сме неколку пати, и јас и нашиот народ, и не би ги кревал надежите за 6 октомври, затоа што нема логика, имајќи предвид дека ваквите одлуки Европскиот совет и Советот за општи работи ги носат на крајот на полугодието кога завршува претседавањето на одредена земја. Сега е Словенија од 1 јули и верувам дека Словенија исто така ќе покаже сериозен фокус по ова прашање. Јас реков, ние продолжуваме. Продолжуваме со напори, со обиди знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори, надевајќи се дека час поскоро ќе продолжи европеизацијата низ европските механизми, а тоа се поглавјата затоа што европеизацијата се случува секој ден во нашата земја и ние друга алтернатива од тоа немаме. Убеден сум дека низ поглавјата е тоа вистинското кое што треба да се случи и затоа ќе продолжиме да правиме и понатаму напори, но моите очекувања се декември оваа година, вели Заев.  Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.Во однос на македоснкото малцинство, Заев посочои дека принцип на ЕУ и на секоја земја кандодат е дека не се меша во внатрешните работи, вклучително и за малцинските прашања, бидејќи тие се решаваат пред Судот во Стразбур и во рамки на меѓународните договори и „очекува и Бугарија реципрочно да постапува така затоа што тоа е европски”.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар, а на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм.Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин еуросупер БС – 95 71,00 (денари/литар)Моторен бензинеуросупер БС -98 73,00 (денари/литар)Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

skopje-gjorce

“Ѓорче е загубено за СДСМ, тоа се гледа од авион, ни св. Саше не го спасува”

Ѓорче, традиционална вмровска општина, на следни избори се враќа во вмровски посед. Тоа се гледа од авион. Триумфално ќе се врати во нивни раце, со разлика во - илјади гласови. Нема да биде по ниеден основ тесно.Ни Саше, ни друг да стаат, некојси пресвети Саше - не им помагаат на СДСМ, се вели во објавата од новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Ѓорче е изгубено за нив, Наумоски е неуспешен градоначалник за ѓорчепетровци и казната ќе стаса на голема врата.Тоа имено се виде и од последните два изборни циклуси - гласовите во корист на СДСМ се стопија како сладолед.Уште во јуни, јасно е дека Ѓорче. Г.Баба и К.Вода се враќаат кај вмровци, без разлика кој ќе биде кандидат.Во останатите општини како Аеродром и Град Скопје нештата ќе зависат од кандидатите.Но, Шилегов и Марин - мора да си одат!Секако, и Богдановиќ мора да си оди, но во Центар, СДСМ - уште држи некоја разлика.

Скопје | пред 4 години

ZPVRSM-Bytyqi-MLS-Milevski-Swiss-Ambassador-SiReRa-34

Битиќи, Милевски и Техада на промоција на електронскиот систем за рамномерен регионален развој sirera.mk

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, градоначалници и претставници на државните и локалните власти, денес во Клубот на органите на државната управа присуствуваа на настан на кој беше промовиран дигиталниот „Систем за рамномерен регионален развој“ (sirеra.mk), којшто е развиен во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.Вицепремиерот Битиќи, во рамките на чиј Кабинет беше спроведена првата компонента на „Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, зборувајќи на настанот, посочи дека преку овој проект е креиран електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, со кој се овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет.„Започнувајќи од крајот на 2017 година, Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Министерството за локална самоуправа, во соработка со Амбасадата на Швајцарската конфедерација во Република Северна Македонија и нивната Агенција за развој и соработка (SDC), заеднички започнаa со имплементација на проектот за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, кој еве, сега, успешно се приведува кон крај. Чест ми е да го промовираме овој значаен проект и официјално да извршиме примопредавање на Министерството за локална самоуправа. Проектната единица започна со работа во јули 2018 година и денес, после скоро 3 години на подготовка, изработка и операционализација на планираните активности, може да се каже дека Република Северна Македонија добива одлична алатка за следење на политиката на рамномерен регионален развој, а тоа е системот sirera.mk“, објасни Вицепремиерот.Тој додаде дека функцијата на оваа современа алатка е да ѝ помогне на Владата, но и на другите вклучени страни, пред сè министерствата, агенциите, дирекциите и останатите државни институции, во процесот на успешна имплеменатција на новиот Закон за рамномерен регионален развој и достигнувањето на предвидените 1% од БДП, како инпут во развојот на општините и регионите.„Системот sirera.mk., дава точен преглед на сите инвестиции кои произлегуваат од националниот буџет и се инвестираат на регионално ниво. Електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет. Истовремено, овој систем ја зголемува транспарентноста и отчетноста на институциите, ја подобрува комуникација помеѓу институциите и ја зголемува ефикасноста и капацитетот на програмите“, посочи вицепремиерот Битиќи и додаде дека алатката дигиталниот систем во овој момент е надополнет со 10 годишни историски податоци преку чија анализа лесно може да се утврди трендот на раст на инвестициите кои се поврзани со една важна тема како што е рамномерниот регионален развој.Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски информираше дека Системот sierra.mk многу важен затоа што тоа е дел од севкупните реформи коишто се направени во изминатите 2 години со голема поддршка на амбасадата на Швајцарската Амбасада.„Ја направивме новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 година којашто е усвоена од Собранието на Република Северна Македонија, го донесовме новиот Закон за рамномерен регионален развој кадешто е инкорпориран овој систем sierra.mk, за да биде во надлежност на Министерството за локална самоуправа. Ја донесовме и новата Програма за локален развој и децентрализација како и Акционите планови коишто треба да ја имплементираат 10-годишната Стратегија и 5-годишната Програма за локален развој. Правно сите оние документи коишто беа неопходни за регионален и локален развој како Министерство за локална самоуправа заедно со швајцарската Амбасада и УНДП во еден дел успешно ги имплементиравме. Сега треба да ги гледаме плодовите од оваа активност. Прва компонента која треба да се имплементира тоа е вклучувањето во системот на овој систем, кој ќе биде јавно достапен и до медиумите и до граѓаните, до новинарите кои се занимаваат со анализи, да можат во секој момент да ги видат податоците, каква е тенденцијата за регионален развој односно дали се почитуваат критериумите и поделбата на парите според степенот на развиенот на планските региони“, нагласи Милевски.Министерот посочи дека вкупната вредност на проектот изнесува 5 милиони швајцарски франци, од кои 3,3 милиони швајцарски франци се од Владата на Швајцарија и швајцарската Амбасада, а остатокот од буџетот на државата.„Во изминатите 2 години, навистина направивме проекти како во Центрите за плански региони, заедно со овој Проект, втора и трета компонента коишто ги имплементираше МЛС, реновиравме многу училишта, игралишта, го развиваме туризмот, инвестиравме и во здравството. Овој месец ќе одиме на промоција и во Св. Еразмо, во Заводот за рехабилитација на луѓе на кои им треба физикална нега, значи навистина во сите области коишто значат она што им е неопходно на граѓаните во локалната самоуправа , швајцарската Амбасада преку овој Проект навистина вложи многу средства“, подвлече министерот и додаде дека очекува втората фаза на Проектот за одржлив и инклузивен регионален развој во вредност од околу 6 милиони швајцарски франци да започне да се сроведува наесен.Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Сибил Зутер Техада изрази задоволство што е извршена промоција на новиот дигитален систем sierra.mk и посочи дека очекува со системот да се подобри институционалната комуникација и координација и процесот на планирање, имплементирање и мониторинг на политиките за рамномерен регионален развој, кои беа развивани со поддршка од Швајцарија. Рамномерниот регионален развој е витален за доброто на сите граѓани, особено ранливите категории кои живеат во рурални и неразвиени региони во земјата.„Развивање на вакви политики и стратегии и речиси невозможно без пристап до потребните информации кои ќе помогнат да се направи стратегиско насочување и соодветно дизајнерање на политиките, а во исто време ќе ја зголеми транспарентноста и ја зголеми координацијата помеѓу сите инволвирани страни. Драго ми е, што Владата не само што ја препозна потребата за ИТ систем, туку и покажа и посветеност за негово развивање во координација со сите национални инволвирани страни, со цел да го направи овој дигитален систем за идно креирање на соодветни политики. Во соработка со Швајцарската програма за соработка со Република Северна Македонија 2021-2024, дигитализацијата е нов клучен приоритет за постигнување на оддржлив развој, но дигитализацијата не е значи само технологија, таа исто така значи промена за сите луѓе. И најважно, дигитализацијата има за цел да допринесе за да се овозможат поволни стандарди за живот во Република Северна Македонија“, истакна во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

Македонија | пред 4 години

plazi-3

(ВИДЕО) Се изработува планот за крајбрежјето, од следната година на плажите типизирани шанкови со логото на Општина Охрид

Песок, сонце, кристално Езеро, мир, рајска убавина... Вака изгледаат Охридските плажи по акцијата на локалната самоуправа за отстранување на дивоградбите на самиот езерски Кеј.Граѓаните велат ваков мир немало многу одамна. Некои се потсутуваат на времето од детството кога плажите беа само дар од природата.Градоначалникот Константин Георгиески, вели дека позитивни коментари стигнуваат и до него. Според него ред во хаосот мораше да се направи, по што од следната година по изработката на планот за крајбрежјето од страна на Агенцијата за планирање, ќе настапи новото менаџирање на плажите, но по крајни други услови.„Ќе се поставуваат објекти од монтажен тип, типизирани дрвени шанкови кои ќе бидат со логото на општина Охрид и кои ќе се издаваат на јавно наддавање и ќе се издаваат година за година, на тие делови каде ќе може да се стопанисуваат плажите“, вели Георгиески за Охрид 1 .Годинава се отстранија објектите кои беа градени на потегот од Метропол, па се до Елешец, а минатата се средуваа на потегот од Горица 3 кај Св Стефан. Овие плажи се исчистени, освен еден два објекти кои правно не беа чисти за да можеме да се постапува на тој потег.„Градежниот шут е комплетно исчистен.Цело време ги средуваме плажите, ЈП Охридски комуналец ја чисти дивата вегетација и ѓубрето кое беше таму останато. Се засадуваат нови садници, се поставуваат корпи за отпадоци, контењери. Поставивме и мобилни тоалети, затоа што оваа година ниту има време ниту план општината за изградба на тоалети на секоја плажа, тоа ќе биде предмет на решавање следната година кога ќе биде изработен планот за крајбрежјето од страна на агенцијата за планирање и тогаш ќе настапи новото менаџирање на плажите“, вели Георгиески.За потегот кај Градиште, градоначалникот вели дека таму нема некои големи објекти за отстранување. На овој потег има настрешници, околу огради околу самите камп приколки.„Ќе постапиме кога ќе имаме нов тендер за отстранување на бесправни објекти. Инаку работата која се заврши за отстранувањето на објектите досега преку 5000 метри кубни градежен шут се отстрани од плажите. Ова беше голема работа и тој процес сеуште трае. Веќе ја средуваме поранешната плажа Корали. Се поставува автентична песок од сливот на Охридското Езеро. Претходно се средуваше поранешната плажа Атлантис. Потегот од Метропол до Лагадин е веќе среден со нова песок“, вели Градоначалникот.Плажите кои се во опфат на генералниот урбанистички план, како што се Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо, Бела виста, ќе бидат предмет на планот за одржавање на плажите од државно значање кое го прави Агенција за просторно планирање.„Доколку според овој план се предвидат објекти од таков габарит, наредната година општината ќе направи таков повик и ќе ги издава, доколку не се предвидат во новиот генерален урбанистички план за крајбрежјето, тогаш ќе треба и тие да се отстранат, статусот на тие објекти зависи од планот. Таму ги отстранивме платформите, објектите ќе бидат предмет на решавање зависно од планот. Доколку се дел од планот ќе бидат предмет на нови концесии. Но, сепак тоа е дискутабилно, затоа што мора да се воспостави врска помеѓу студенчишко блато и Езерото и ќе мора преку патеката која е тука изградена да се направи физичка врска помеѓу блатото и Езерото, а сето тоа ќе треба соодветно да се испланира. Тие објекти неможат да обавуваат таква дејност затоа што немаат договори за концесионирање на просторот кој е сопственост на Македонија“,  категоричен е првиот човек на Охрид.

Македонија | пред 4 години

204634464_489376302316734_8547702385057636539_n

Билбилов: Кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева

Роберт Билбилов 20 години е на музичката сцена и како композитор и како пејач. Не мислел да пее, ама „Тајните ангели“ која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач.Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината.Неговиот татко, починатиот композитор Хилми Билбил, е автор на една од најпопуларните фолк-песни кај нас, „Бисер балкански“. Па не случајно и на Билбилов компонирањето му е во гените. Од дете ги учел тајните на музиката и сѐ она што ќе му кажел татко му.„Татко ми почина кога имав 15 години. Знам, ќе ми оставеше касета со некоја песна и пред да оди на работа ќе ми речеше да пробам да ги најдам нотите. Во тоа време се натпреварував со него, сакав да му покажам дека можам да завршам сè, па знаев и уморен и ненаспан да го чекам да си дојде за да му се пофалам“, се сеќава Роберт. Тој со многу емоции зборува за својот татко. Вели дека често на својот син му раскажува приказни за детството и времето поминато со познатиот композитор.„Давид сака да знае сè за дедо му, ме прашува за него. Разговараме ние и за девојки, има симпатии и страв му е едната да не му се налути заради другата. И многу ме потсетува на мене. Знаеш, кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева“, раскажа Роберт за „Репортер“.Разговаравме за времињата кога се дружел со Јован Јованов и Врчак. Ни откри и во какви односи е сега со поранешната сопруга Ана со која беше во пет години во брак и со која го има синот Давид.“И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете”, ни рече Роберт. За ова, но и зошто не би сменил ништо од минатото и пак би избрал да стане татко на 24 години…. гледајте го интервјуто.

Магазин | пред 4 години

policija-3

471 санкции за пребрзо возење во земјава за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

egipkani-1

Георгиески: Заедницата на Египќани е важен дел од мултикултурната разноликост на Охрид

Заедницата на Египќаните е важен дел од мултикултурната разноликост на нашиот Охрид и дава значаен придонес во сите сфери наопштественото живеење.Чест ми е што вечерва бев дел од свеченоста за отворање на “Културно информативниот центар” кој ќе придонесе за зачувување на традиционалните вредности и ќе овозможи креирање на нови можности за напредок на припадниците на оваа заедница. Преку заедничка соработка создаваме услови за подобар живот и еднакви права за сите граѓани.Со обезбедување на простории за работа, Општина Охрид континуирано дава поддршка на голем број здруженија и невладини организации, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

mitko

Јанчев има и план Б, без Мицкоски

Актуелниот градоначалник на Каварадци, Митко Јанчев во изјава за Телма вели дека очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но, доколку не ја добие, ќе се кандидира како независен.„Врз основа на тоа дека сите месни комитети го делегираа моето име за кандидат за градоначалник очекувам тоа да биде потврдено и во Скопје, односно да бидам предложен за кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се случи тоа, ќе настапам како независен кандидат” – вели Јанчев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-26-at-13.24.02

Skopje pride: Прајдот беше толку прекрасен, што дури ни омразата која ечи по социјалните мрежи не може да ни го наруши тоа чувство

Чудни се патиштата на хомофобијатаПрајдот беше толку прекрасен, што дури ни омразата која ечи по социјалните мрежи не може да ни го наруши тоа чувство.Сепак, со оглед дека повеќе медиуми пренесоа злонамерен Фејсбук статус околу отпадоците во Градски парк по одржување на Прајдот, ве известуваме дека расчистувањето започна веднаш по завршувањето на настанот (со пребојување на Школка и враќање во првобитна состојба), а потоа и комуналните служби си го завршија својот дел од работата (услуга која ние како организатори уредно си ја плативме), се вели во објавата на Skopje pride.Во објавата уште додаваат:Реалноста е дека после кој било настан со илјадници луѓе расчистувањето трае подолго од пет минути, но реално ни овој конкретен напад не е од еколошки побуди.

Македонија | пред 4 години

padobran

(ФОТО) Избегната трагедија над плажата Љубаништа

Денес над плажата Љубаништа, параглајдерот се затвори, но за среќа падобранот се отвори, објави Охриѓани.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Регистрирани 4 нови случаи на Ковид 19, нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Битола – 1.Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.Не се регистрирани починати лица.Направени се 2.514 тестови преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–11, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-46, Авицена-174, Биотек-152, Систина-78, лабораторија Лаор-267, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–47, Генеа–22, Никоб лаб-311, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.063.Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68659, Активни 88Куманово 8882, Активни 24Прилеп 8327, Активни 18Тетово 7248, Активни 22Битола 6306, Активни 8Велес 5473, Активни 5Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5154, Активни 1Охрид 5019, Активни 17Штип 4961, Активни 1Струмица 4119, Активни 6Струга 2981, Активни 0Кочани 2792, Активни 1Кичево 2596, Активни 16Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 4Радовиш 1161, Активни 0Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 2Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 2Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Bargala-900x580

Левица: Кој манипулира со вработените во „Баргала”?

Околу 100 семејства вчера останаа без својата егзистенција, откако стотина работници од штипската фабрика за чевли „Баргала”, добија отказ. Работниците не го кријат својот револт и најавуваат штрајк. Не само поради добиените откази, туку и поради неисплатените плати и лошите услови за работа, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Имено, оваа штипска фабрика со години ги крши работничките права. На работниците не им исплаќа редовно плати, а ако ги исплати, тие се далеку под законскиот минимум. Прекувремените саати не им се исплаќаат, регресот за годишен одмор исто така, а ако се исплати, на работниците им било наложувано истиот да го вратат на сопственикот. Работниците се незадоволни и од условите за работа, бидејќи воопшто не се превземале мерки за заштита на нивното здравје, што резултирало и со смртни случаи за време на корона кризата.Се поставува прашањето, како е можно оваа фабрика толку години да работи спротивно на законот, отворено кршејќи ги работничките права, а досега воопшто, никогаш и со ништо да не била санкционирана?Можеби одговорот лежи во фактот дека семејството Барзови, кои се сопственици на оваа фабрика, историски се во блиски односи со владејачката парија. Таткото на сегашниот сопственик Наум Барзов, Костадин Барзов, беше првиот генарелен директор на фабриката, а во 1998 година беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ.Дали Баргала е привилегирана и поради семејната врска на поранешниот пратеник (а сегашен градоначалник на Штип) со сопствениците на фабриката? Дали фактот дека штипскиот градоначалник е зет во семејството Барзови, ја става фабриката над законот?Не помалку познат факт е дека семејството Барзови покрај фабриката Баргала, се сопственици и на уште две текстилни конфекции, како и штедилницата „Алкоса”, а согласно кажувањата на вработените, работничките права не се почитуваат ниту во овие фирми.И покрај наводните ангажмани на синдикатот и на низа невладини организации, борбата за работничките права во оваа фабрика тапка во место со години и освен инстант „решенија“ за собирање политички поени, досега не е изнајдено долгорочно решение.За решавање на проблемите на овие, како впрочем и на сите други работници во Република Македонија се потребни системски решенија, залагање на сите државни институции за почитување на правата на работниците, а за прекршителите на законот изрекување прекршочни и кривични санкции. Нешто, за кое што е потребна политичка волја, која очигледно не постои кај владејачката партија.Само така ќе се воспостави траен систем на вредности ќе мора секој да ги почитува, а локалните моќници ќе разберат дека не се над законот, без оглед на тоа колкава е нивната финансиска моќ или политички врски.Поддршка за работниците од фабриката „Баргала”!

Македонија | пред 4 години

policija-2

(ВИДЕО) 192 санкции за возење под дејство на алкохол, 490 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема брзина од дозволената, а во текот на вчерашниот ден (26.06) санкционирани се 192 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 490 возачи за пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Свети Николе.„Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност. Апелираме до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид 19, а сме и во период кога се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот. Да бидеме внимателни и поради високите температури со кои се соочуваме деновиве“, рече Ангеловски.Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.

Македонија | пред 4 години

plostad-2

Јоци: Плоштадот Македонија, за кој се фрлија милиони евра, шокантно, но никој не го оддржува - Петре Шилегов не знам во кој филм е

Плоштадот Македонија, за кој се фрлија милиони евра, шокантно, но никој не го оддржува. Петре Шилегов не знам во кој филм е - но, за него епицентарот на метрополата изгледа не постои.Искршен, валкан, опскурно место каде се чувствува мирис на урина, ѓубре, негрижа и некоја лична одмазда кон вмровци кои имено го градеа. Неговиот личен анимозитет кон вмровци се гледа на секој чекор, пропаѓа цела инвестиција која ја плативме сите ние, од наши пари, напиша на својот Фб профил новинрката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Плоштадот е опкружен со мали депонии, на кејот клупите се искршени, а скулптурите оштетени со графити.Водоскоците не работат, не знам ни дали механизмот работи откако му пропадна метларка. Некои од дрвјата се исушени.Кога чекорите, морничава тишина ја пара ноќта, имате чувство како да станува збор за зомбиленд.Повеќе за овој дел од градот, вечер.

Скопје | пред 4 години

7

(ФОТО) Што оставија зад себе учесниците на „Парадата на гордоста“ , паркот претворен во срам

Што оставија зад себе учесниците на „Парадата на гордоста“ . Паркот претворен во срам.– Слободно дојдете сите да пропарадирате и вечерва за да го соберете сето ѓубре што ГОРДО го заборавивте позади себе. Може и целиот врв да го земете да ви се најде. Срамота на гордоста ваша без еколошка свест, напиша Радица Грамбозова на својот Фејсбук профил и сподели фотографии од тоа како изгледаше Градскиот парк во Скопје по вчерашната „Парада на гордоста“.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања