Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

lagadin

(ФОТО) Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона

Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона. Ова е вистинската слика како тие треба да изгледаат, слободни и тивки за вистински одмор за нашите туристи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во Објата додава:Овде во изминатиов период беа отстранети бесправните објекти и платформи по што екипите на ЈП "Охридски Комуналец" го расчистија градежниот шут и засадија дрвја. Сега туристите може да постават сопствен чадор или лежалка, да изберат каде сакаат да престојуваат без дополнителни трошоци.

Македонија | пред 4 години

nuri-bajrami

(ВИДЕО) Бајрами: Мерката на Владата за отпис на долгови може да се смета за поткуп

Мерката на Владата со кој се отпишуваат каматите за долгови е проблем и може да се смета за поткуп, вели Нури Бајрами, член на Антикорупциска во 24 Анализа.

Македонија | пред 4 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Време е да се соочиме со фактот дека ЕУ не не сака

Време е да се соочиме со фактот дека ЕУ не не сака.Ги примија Бугарија и Румунија (кои ни денес не си ни близу до она што го има Македонија) со изговор - руска опасност.Почнаа преговори со Србија која ни од далеку не е на нивото на Македонија (од само ним познати причини).Едноставно - не не сакаат.Ајде да седнеме и да размислиме што и како понатаму имајки ја предвид оваа ситуација, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 4 години

skolo-3

Владата ги усвои плановите за отворање на основните и средните училишта за настава со физичко присуство

Владата на Република Северна Македонија на денешната 83-та седница ги прифати одделните планови за одржување на наставата во основното и средното образование согласно одлуките на Министерството за образование и наука (МОН) со повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година.Оваа одлука на Владата го зема предвид укажувањето на МОН дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците и дека одлуката за повторно отворање на училиштата се направи по претходна општа проценка на ризиците, при што се земаа предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.Плановите на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2021/2022 година се базираат на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје.Плановите ги објаснуваат чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот, кои се сообразени со Протоколите за постапување на основните и на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.

Македонија | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

На 150 илјади граѓани им се отпишуваат долговите за камати кон јавните претпријатија и по други основи

На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на КОВИД-19.Овој предлог-закон, како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, беше вклучен во петтиот пакет мерки на Владата, опфаќа околу 150.000 граѓани и ги уредува условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците, на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон.Со ова законско решение им се овозможува на граѓаните, растеретени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Владата донесе одлука за финансиска поддршка на 745 естрадни уметници погодени од корона кризата

На денешната, 83-та седница на Владата на Република Северна Македонија, донесена е одлука за доделување на финансиска поддршка на вкупно 745 естрадни уметници, со која за секое од лицата кои се пријавија и ги исполнија условите предвидени со јавниот повик ќе биде исплатена еднократна финансиска поддршка во износ од 30.750 денари по лице. На естрадните уметници кои беа погодени од корона кризата во наредните денови, вкупно ќе им бидат исплатени речиси 23 милиони денари (22.908.750,00 денари), со што е завршена уште една мерка од шестиот економски пакет.На јавниот повик за финансиска поддршка на естрадни музичари, кој го објави Генералниот секретаријат на Владата, а кој се спроведе во соработка со Министерството за економија и Министерството за култура пристигнаа вкупно 1.633 апликации, а по вкрстувањето на податоците од Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и официјалните списоци од Здруженијата на естрадни уметници, се утврди дека критериумите за добивање на финансиска поддршка ги исполнуваат вкупно 745 лица.Критериумите кои естрадните уметници требаше да ги исполнат за да добијат еднократна финансиска помош се:- Да имаат пополнето годишна даночна пријава;- Да не се корисници на пензија;- Просечните месечни приходи да не надминуваат 15.000 денари;- Да не користат некоја од редовните програми за социјална помош на Министерството за труд и социјална политика и- Да бидат членови на некое од регистрираните здруженија на естрадни уметници.Во спроведувањето на оваа мерка, Владата на Република Северна Македонија континуирано комуницираше со сите регистрирани здруженија на естрадни уметници во земјата, пришто се разменија идеи за формирање на комора на естрадни уметници, со цел да се систематизира и стави во определена рамка оваа дејност, со што комората би издавала лиценци за работа на естрадните уметници и на тој начин би се создал ефективен и конкурентен пазар, би се намалила сивата економија и системски ќе се надминуваат проблемите со кои се соочуваат естрадните уметници.Владата посветено работи на поддршка на секој еден граѓанин и преку реализација на шесте пакета економски мерки овозможува поддршка на сите категории на граѓани кои поради економската криза предизвикана од Ковид-19 имаат намалени приходи и не можат да ги остваруваат основните работни функции.

Македонија | пред 4 години

29062021_PVRSM_MP_press-1

Заев: Се грижиме за граѓаните, со отписот на камати се опфатени 150 илјади лица од ранливите категории

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска на прес-конференција, во присуство на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Бојан Маричиќ, го презентираше Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19, чиј текст беше утврден на денешната, 83-та седница на Владата.Истакнувајќи дека со овој Закон како мерка за ублажување на последиците од пандемијата, вклучен во петтиот пакет мерки, Владата уште еднаш ја потврдува грижата за граѓаните и социо-економските последици кои ги почувствуваа поради пандемијата со КОВИД-19. Премиерот Заев посочи дека со Предлог-законот се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физичките лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на законот.„Грижата што ја покажуваме со оваа мерка, опфаќа преку 150.000 граѓани, а законското решение нема негативни финансиски импликации. Напротив, сметаме дека ќе донесе позитивен импакт, бидејќи ќе им овозможи на граѓаните, растоварени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати, подвлече премиерот Заев. Тој додаде дека ова законско решение е еднократна помош за решавање на проблемот на граѓаните кои со задоцнето плаќање, или неплаќање на долговите кон државните органи, акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите и тука се опфатени пред сè најсиромашните граѓани.Во однос на практичното спроведување на овие предложени законски можности, државните органи и јавните институции опфатени со овој закон и Управата за јавни приходи, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата на секој граѓанин во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на овој закон.Потоа, најдоцна во рок од 15 дена, да ги известат физичките лица кои се јавуваат како нивни должници, со јавна објава на официјалната веб страна на државните органи и јавните институции, преку електронските и печатените медиуми или друг начин, како, на пример, известување и опис на постапката преку сметките што ги добиваат граѓаните по пошта.„Како Влада, немаме право да им наложиме на приватните компании ваква законска обврска, но и во законското решение и од оваа прес-конференција, упатуваме порака да го следат овој пример на доброволна основа, и со тоа да демонстрираат општествена одговорност и да им излезат во пресрет на граѓаните и со тоа да покажат разбирање за причините поради кои тие задоцниле со плаќање на нивните обврски кон нив. Верувам дека тоа позитивно ќе се одрази и во нивните биланси, а ќе биде и во интерес на граѓаните“, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција каде ги презентираше мерките, кои ги презеде Владата, како помош на граѓаните за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19.Тој додаде дека дел од мерките беше и временото неколкумесечно суспендирање на Законот за извршување и посочи дека извршителите мораа да запрат со преземање какви било извршни дејствија. Работодавачите на должниците и носителите на платен промет беа должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите.„Од сличните мерки беше и одлуката за одложување на кредитите кај банките за 3 до 6 месеци и тие тоа го прифатија“, продолжи премиерот Заев подвлекувајќи дека Владата продолжува и понатаму со максимална грижа за здравјето на граѓаните, за нивната социјална сигурност, како и за работата на компаниите, за платите на работниците и зачувување на работните места.

Македонија | пред 4 години

zaev-4

Заев: МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската државна секретарка Закаријаш

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев.Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни.– Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик“. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение за решение со Бугарија.Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека по парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе се најде решение за бугарското вето и за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Дел од медимите пренесоа и дека изјавала оти во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.извор: MИА

Македонија | пред 4 години

branko

(ВИДЕО) Црвенковски: Македонија 12 години не може да направи чекор напред кон ЕУ

Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, зборуваше на вчерашниот форум за Западен Балкан, кој се одржуваше во Сараево. Потсети дека секоја земја од Западен Балкан има поставено стратешка цел – членство во Европската унија, пренесува „Кликс.ба“Зборувајќи за искуството на Македонија на тој пат, Црвенковски посочи дека земјата веќе 12 години не може да направи ниту еден чекор напред и потсети на барањата на Грција, Франција и на Бугарија, кои, како што рече, немаат никаква врска со пропишаните критериуми од страна на Европската комисија потребни за започнување на преговорите.Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој ги повтори познатати тези за македонскиот народ и јазик како титова творевина.– Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене кои што биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин.Потсети дека земјата дури го промени и името, но рече дека процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „забавен, да не кажам – запрен“. Затоа, тој се прашува кои се намерите на европските земји и посочи дека некои земји го блокираат пристапот на нови членки.Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи. Да не бидам погрешно разбран, како алтернатива не ги сфаќам ниту Истокот ниту Далечниот исток, рече Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да „се европеизираат со свои капацитети“.видео: Канал 5

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

6 нови случаи на Ковид 19 – нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1.Не се регистрирани починати лица.Направени се 2.887 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–15, МАНУ-68, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-211, Биотек-140, Систина-99, лабораторија Лаор-197, Синлаб-22, Ремедика-18, Плодност–44, Генеа–5, Никоб лаб-419, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.247.Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68665, активни 87Куманово 8882, активни 22Прилеп 8327, активни 18Тетово 7249, активни 21Битола 6306, активни 8Велес 5473, активни 4Гостивар 5181, активни 7Кавадарци 5154, активни 1Охрид 5019, активни 17Штип 4961, активни 1Струмица 4120, активни 6Струга 2981, активни 0Кочани 2792, активни 0Кичево 2596, активни 14Гевгелија 2195, активни 0Неготино 2184, активни 0Свети Николе 1524, активни 1Ресен 1234, активни 0Крива Паланка 1227, активни 4Радовиш 1161, активни 0Берово 1030, активни 1Делчево 973, активни 0Дебар 942, активни 1Виница 886, активни 2Пробиштип 789, активни 0Валандово 666, активни 0Богданци 494, активни 0Крушево 490, активни 0Демир Хисар 400, активни 2Демир Капија 396, активни 0Кратово 377, активни 3Македонски Брод 359, активни 1Пехчево 268, активни 0Македонска Каменица 249, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

koronasvadba

Владата дозволи свадби и на затворено со максимум 250 гости

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Македонија | пред 4 години

medicinski-otpad

(ФОТО) Медицински отпад фрлен во близина на детска градинка во Аеродром

Дејан Митески, поранешен член на советот во општината Аеродром обвини дека медицински отпад се фрла во непосредна близина на поликлиниката Јане Сандански во скопската населба Аеродром.Медицински отпад спроти поликлиника “Јане Сандански”.Во непосредна близина на детска градинка, детски игралишта, црква “Св. Илија”, станбена зграда, место каде што поминуваат многу луѓе.#Венко, имате ли компас? Вака ли се третира?Жителите од општината коментираат на социјалните мрежи, барајќи градоначалникот на Аеродром да се погрижи за мсетот. Велат од најчиста населба Аеродром е претворена во депонија.

Скопје | пред 4 години

plitko

(ВИДЕО) Еве како се скока од плитко

Урнебесно видео кружи на социјалната мрежа Твитер.  Имено на видеото се гледа како маж скока од обала.  Тој се мести и подготвува за скокот, привлекувајќи го вниманието на љубопитните. Не се знае каде е направено видеото, ни од кога датира. https://twitter.com/OtacTroje/status/1409415474958438404?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1409415474958438404%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkumanovskimuabeti.mk%2Fnajsmeshniot-skok-vo-voda-za-koj-site-zboruvaat-i-plachat-od-smea-video%2F

Магазин | пред 4 години

lisici

Побаран притвор за осомничен за загрозување на сигурноста и за спречување полициски службеници да извршат претрес

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против жител на валандовското село Јосифово за кривични дела – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1, како и – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 25 јуни, осомничениот управител на фирма – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил две службени лица – полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа. Претресот бил врз основа на наредба на судијата на претходна постапка со цел пронаоѓање докази и траги заради основано сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и овозможување употреба на наркотични дроги.Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столици и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил лишен од слобода.При претресот на објектот биле пронајдени повеќе пакувања со прашкаста, грутчеста и растителна материја, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице за кое постои опасност од бегство и можност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​​

Македонија | пред 4 години

pratenicka

Левица поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство за отфрлената кривична пријава против пратениците кои гласаа во скафандери

Денес, правниот тим на Политичката партија Левица, до Вишото јавно обвинителство – Скопје, поднесе Жалба против Решението за отфрлање на кривичната пријава поднесена против претседателот на Собранието на РМ – Талат Џафери и против двајцата пратеници од владејачката коалиција: Бисера Костадинова Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои спротивно на законот, дојдоа во законодавниот дом позитивни на коронавирусот. Жалбата е поднесена поради: суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Согласно Протоколот за организирање на конститутивна седница бр. 02-2342/1 (30.07.2020), донесен од Собранието на РМ, е предвидено обезбедување присуство и сместување на пратеник на кој му е издадено решение за самоизолација, но кој е само суспектен, а не и позитивен на Ковид-19!Дополнението на Протоколот бр. 09-2342/3 (17.11.2020), на кое толку се повикува спикерот Џафери, се однесува само на оние пратеници на кои им е издадено решение за изолација поради контакт со заболено лице, а никако не и на позитивни пратеници! Тоа предвидува дека пратеникот кој е во домашна самоизолација, а нема симптоматологија поврзана со Ковид-19, може да присуствува на седница на Собранието на РМ доколку на седницата дојде со сопствено/службено возило и притоа иститот мора да чека во возилото (а не во зградата или канцеларијата), сè додека не биде јавено дека сите пратеници се веќе влезени во Големата сала, каде што се одржува заседанието, па дури тогаш може да го завземе своето место во Кабината [параграф §3]!Но, пријавените пратеници, во претходен договор со спикерот, се внесени во Собранието спротивно на наведениот Протокол и неговото дополнување, бидејќи нивниот влез во кабината не бил спроведен отпосле, туку пред влезот на останатите пратеници во салата (сосем спротивно на тоа што изрично го налага Дополнувањето на Протоколот), а истите биле присутни во зградата на Собранието на РМ два часа пред почетокот на седниците, што е изрично забрането, и ги доведува во ризик како останатите пратеници, така и вработените во Собраниската служба.

Македонија | пред 4 години

Marija-Miteva-29.06.2021

Митева: Шилегов спровел јавна набавка за промоција на кампањи во вредност од скоро 8 милиони денари

Шилегов спровел јавна набавка за промоција на кампањи за посебни проекти на Град Скопје во вредност од скоро 8 милиони денари. Имено, на 11.02.2021 година склучен е договор за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Град Скопје за 2020/2021 година. Подетално, станува збор за изработка на медиа план за закуп на рекламен простор односно билборди и светлечки реклами, план за закуп на рекламен простор на веб портали и социјални мрежи, како и дистрибуција на рекламни материјали. Од друга страна, станува збор за нетранспарентен процес во кој не се наведени оние посебни проекти кои Шилегов сака да ги промовира, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Митева додаде:Оттука, сосема легитимно се поставува прашањето дали станува збор за предизборна кампања на Шилегов која е финансирана од буџетот на Град Скопје во вредност од 130.000 евра?Почитувани, никаде нема образложение за кои проекти ќе се користи оваа кампања. Јасно е дека пред се проекти нема, па затоа за истите се користи терминологијата посебни проекти на Град Скопје.После фрапантните цени на јавните набавки за клупи, чешми, садници, противпожарно возило сега Шилегов реализира јавна набавка за кампања во изборна година, повторувам во вредност од 130.000 евра!Внимавајте, целта дефинирана во техничката спецификација е да ја зголеми општата свест кај граѓаните за посебните проекти и активности на градот и да ги информира и едуцира соодветните целни групи преку зголемување на видливоста на посебните проекти и активности на градот. Целта е погрешна, ниедна кампања не може да го претстави Шилегов во поразлично светло. Делата говорат за неспособноста и неработењето на Шилегов. Скопје изгуби 4 години. Да запреме тука, да запрат скандалозните јавни набавки во општините проследени со енормно високи цени, а да продолжиме со работа и реални заложби за нашиот град.Залудни се напорите на Шилегов, ниедна кампања не може да го скрие неговиот неуспех.

Македонија | пред 4 години

Foto-7

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата на Република Северна Македонија во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници - САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, порача претседателот Пендаровски.„Вие бевте таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот. Затоа сакам, во свое лично име, но верувам и во име на сите наши граѓани да ви искажам огромна благодарност.Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на Обединетите Нации, или по конфликтот во 2001-та, кога бевме домаќини на три операции на НАТО, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но, во 2002-та, тоа стана реалност. Од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста. Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука.Политичарите често не се согласуваат за многу теми, но, кога стануваше збор за упатување на нашите луѓе во мировни мисии, парламентот одлуките секогаш ги носеше едногласно. Почнавме скромно, со испраќање на два штабни офицера во Меѓународните безбедносни сили за помош, продолживме со испраќање на поголеми контингенти. Учествувавме во заеднички состави со мировници од Турција и од Обединетото Кралство, испративме контингент во состав со Националната гарда на Вермонт од САД. Имавме медицински тимови во состав на грчката, чешката и норвешката полска болница и заедно со земјите од Jадранската Повелба“, истакна Претседателот и додаде:Верувам дека искуството стекнато за време на вашиот ангажман во оваа мисија од вас направи не само подобри војници, туку и подобри луѓе. Посакувам и во иднина да продолжите да ја претставувате својата татковина, својот народ и достоинството на нашата армија во најдобро можно светло, каде и да сте.Изразувам голема благодарност и до сите мировници од целиот свет, во сите меѓународни мировни мисии и им оддавам почит за нивниот придонес за помирен и побезбеден свет.

Македонија | пред 4 години

29062021_PVRSM_Zaev_rabotna-sredba_4

Вучиќ, Рама и Заев: На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ

Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“.Трипартитната изјава на претседателот Вучиќ и на премиерите Рама и Заев ви ја пренесуваме во целост:Европски Западен Балкан„Денеска се состанавме за да разговараме за натамошните чекори за нашата регионална соработка како витален пат напред за нашите земји, за Западен Балкан, за Европа и европскиот пат како целина.Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ.Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка.Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ - движење на луѓе, стоки, услуги и капитал - се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули.Знаеме дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи - Заеднички регионален пазар, Регионален Шенген, Зелени коридори или во поширока смисла преку Берлинскиот процес - можеме да им донесеме опипливи резултати на нашите граѓани.Како регион со приближно 18 милиони луѓе, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно.На 29-ти јули, ќе се сретнеме во Скопје за да го потврдиме напредокот и да потпишеме договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот Самит, меѓу нашите три земји. Договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу нашите земји.Ги покануваме и охрабруваме нашите колеги во регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан ќе стане важен дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар. Во тој дух, се надеваме дека ќе го засилиме процесот на соработка меѓу нас, во целиот регион и ќе продолжиме да даваме сé од себе за тоа да се случи.Гледајќи ги потешкотиите кои беа предизвикани од одложувања во процесот на проширување, ние веруваме дека сѐ уште може да се идентификуваат нови начини, политички области и финансиски инструменти, како и да имаме зајакнување на постоечките, така што ќе се подобри нашиот придонес кон Европа, нашиот однос со ЕУ и постепено да се интегрира регионот кон Европскиот единствен пазар.Затоа, решивме денес да побараме од Европската унија и од Соединетите Американски Држави, да преземат чекор заедно со нас и со нашите колеги од целиот регион. Нашата цел е да развиеме инвестициони, краткорочни проекти за подобрување на нашата животна средина и за многу поголем употреба на обновливи извори на енергија. Ова би било дел од спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ и на Зелената агенда за Западен Балкан.Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој во овој сектор. Ќе побараме практична поддршка во откривањето кои проекти можат, во поголем обем, да го направат нашиот регион извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ. Се надеваме дека ќе можеме да го објавиме напредокот на конкретни проекти до Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен.Ние целосно ја препознаваме и повторуваме важноста на ресурсите на нашиот регион за зелената транзиција во Европа. Затоа, бараме Европската унија, во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави, да бидат дел од развивањето на овие ресурси на начини што ѝ помагаат на ЕУ да ги оствари своите планови притоа привлекувајќи повеќе инвестиции низ нашиот регион, правејќи го дел од европската зелена транзиција. Благосостојбата и економските врски на нашите народи ќе растат кога ќе се интегрираме во европските синџири на снабдување и ќе придонесеме за стратешката автономија на ЕУ.За таа цел, ние сме подготвени да го одработиме својот дел заедно и ќе сториме се што можеме за да ги претвориме овие заеднички напори во заедничка сила за соочување со предизвиците кои ги носи иднината како цел регион составен од шест актери.Албанија е Европа. Северна Македонија е Европа. Србија е Европа. Западен Балкан е Европа. Ние ќе ја завршиме тешката работа за да го направиме ова дел од секојдневниот живот.“

Македонија | пред 4 години

Avganistan-grupna-5

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и речиси две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.Во периодот од 2002 до 2015 година околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, во здружени тимови.Северна Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, денеска сојузници – САД, СР Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а офицери испраќавме и како дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.Од 2015 година, припадниците на Армијата даваа свој придонес во мисијата наследник, „Одлучна поддршка“, и тоа со 500-тини припадници, распоредени во Командата за обука, советување и асистенција – главен град Кабул, под команда на Турција; потоа во Командата на мисијата предводена од САД, со задача обезбедување на командата; во тим за советување во командата – Север предводени од СР Германија; во рамките на заедничкиот придонес на групата А5 во Центарот за здружени операции на КОСА – Север и во хирирушки тим во норвешката Role-2 болница, во соработка со Кралството Норвешка.Северна Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, во согласност со одлуката на сите земји членки на алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“.По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во 10:50 часот, во касарната „Илинден“ ќе се одржи свечена церемонија на која ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката Радмила Шекеринска. На свечената церемонија ќе присуствуваат началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорите на САД Кејт Брнс и на Турција Хасан Мехмед Секизкок, генералите во Армијата и претставници на военодипломатскиот кор.Фото: Курир.мк

Македонија | пред 4 години

lidija-nedelkova

Советот за жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Македонија ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, се вели во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, рече дека причините се „ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник, односно Кодексот за судиска етика“.Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување одговорност на Неделкова како судија.фото: Нова Македонија

Македонија | пред 4 години

policija-1

197 санкционирани возачи во Скопје, 42 за преголема брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 24 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување без возачка дозвола.Исто така, изречени се седум санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при управување возило, една за вградени неатестирани фолии, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

sekerinska

(ВИДЕО) Министерката Шекеринска леташе со параглјдер

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со помош на инструктор леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар од овој адреналински спорт „Маврово Опен“.- 20 години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано, рече министерката.Таа додаде дека не чувствувала страв, затоа што се било добро организирано.Видео: ТВ 21

Магазин | пред 4 години

tribina

СДК.МК:За пеење на трибините „Македонско девојче, курва голема“ или „За шиптари гасна комора“, казни до 30 илјади евра

Спортските клубови ќе го понесат товарот за насилства, транспаренти и песни и скандирања од страна на навивачите со новите измени на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари со драстично зголемување на казните од 2.000 до 8.000 евра за клуб со такви навивачи.За пеење „Македонско девојче, курва голема“ или „За шиптари гасна комора“, кои се само дел од провокациите што може да се чујат од трибините особено на фудбалските натпревари, за сквернавење на името на Тоше Проески, за повикување на смрт за „шиптари“ или „каури“, отсега највисоките казни ќе ги сноси клубот чии навивачи пеат или дофрлуваат вакви текстови, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.За да не бидат казнети клубовите, мора со поставување одговорно лице на натпреварот и со други акции што стриктно ги наведува законот, да спречи да дојде до недостојно однесување и насилство од страна на своите навивачи.Па така на пример, ако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), навреме, односно во рок од 48 часа пред почетокот на натпреварот не утврди дека ќе се одржи спортски натпревар со зголемен ризик и не ги извести МВР и спортските клубови – учесници на натпреварот, ќе плати парична казна до 8.000 евра.Досегашната максимална казна за федерациите беше само 2.000 евра за нивната мрзеливост и незаинтересираност.Казната за навивач кој ќе пее песна на трибина која поттикнува омраза или насилство од верски, расни и националистички побуди, или кој ќе внесе и истакне транспарент, знамиња и други предмети со текст, слика и знак со таква содржина, ќе изнесува од 200 до 250 евра.( Досега оваа казна по лице беше од 600 до 1.000 евра).Сега помалку ќе се казнува и фрлањето предмети во спортскиот терен или во гледалиштето (трибините). Сегашната пропишана казна од 500 до 1.000 евра, се спушта од 180 до 250 евра по лице кое од трибина фрлило предмет на терен.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МКФото: Ekipa.mk   

Македонија | пред 4 години

Levitsa-ekoloshka-taksa

Со еколошката такса премиерот го задолжува народот наместо бизнис – загадувачите, велат од Левица

Најавата на премиерот Заев за еколошката такса, под изговор за намалување на употребата од нафта и нафтени деривати и трансферирање кон зелени горива, претставува очаен и лицемерен обид за полнење на буџетската каса на грбот на народот, се вели во соопштението од Левица.Во продлжение на истото се додава:Македонија се наоѓа во економска криза со илјадници изгубени работни места и драстичен пораст на цените на основните производи, поради што оваа мерка само ќе го ескалира проблемот. Пред се, овие 3.5 денари нема да се на товар на компаниите кои се во бизнисот со продажба на нафта и остваруваат милионски профити, туку поскапувањето повторно ќе го плаќа обичниот граѓанин. Ваквата мерка ќе има директни последици по малопродажните цени, со тоа што ниту транспортната дејност, ниту пак земјоделството користат велосипеди, тротинети или електрични возила, а ова се дејности од кои зависат месечните трошоци на секое семејство. На овој начин, премиерот го задолжува народот, наместо бизнис – загадувачите кои континуирано ја загадуваат и уништуваат животната средина.Дополнително, крајно лицемерно е ова полнење на буџетот да се претставува како стремеж за поздрава околина во момент кога Македонија ја тресе скандалот со увоз на опасен мазут, кај што се јавува како корисник и поранешниот вицепремиер за економија, Кочо Анѓушев. Имено, Владата активно учествува во обид за заташкување на случајот преку казни кои не се ни приближно до остварениот профи и кои уште помалку ја компензираат причинетата штета по здравјето на граѓаните и животната околина.Проекциите на СДСМ дека на овој начин, во Буџетот на годишно ниво ќе се обезбедат меѓу 50 и 55 милиони евра, претставува јасен пример за немањето економска стратегија и визија, со оглед на огромниот одлив на средства за непродуктивни трошоци и намерното избегнување да се таргетираат вистинските виновници.Ако целта е финансиски да се дестимулираат ваквите нееколошки практики. потребно е воведување на еколошки данок на загадување за приватни деловни субјекти пропорционален со нивото на загадувањето, при што средствата од данокот ќе се алоцираат во т.н. Зелен фонд, чии средства ќе се користат за изградба на државни капацитети на обновливи извори на енергија.

Македонија | пред 4 години

Foto-13

Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски, на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини им го врачи признанието „Инженерски прстен“.Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ претставува раритетна и особено значајна манифестација која годинава се одвива по 18-ти пат, што укажува на еден континуитет и изградена традиција.„Верувам дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект кој ја остварува првичната цел - афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството“, рече претседателот Пендаровски.Претседателот Пендаровски нагласи дека пандемијата на Ковид 19 ни покажа дека и покрај сиот техничко-технолошки развој што го доживеавме како цивилизација, се уште сме ранливи, имаме слаби страни и болни точки.„Јасно е дека треба нашите приоритети уште повеќе да ги насочиме кон образованието и науката. Комоцијата на потрошувачките општества ја потисна жедта за учење и знаење и ги релативизираше солидарноста, етичноста и постојниот систем на вредности. Како идни инженери вие треба да бидете фактори на промените и напредокот. Се надевам дека ќе имате можност да создавате како идни архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери при што секогаш пред себе треба да ја имате мислата дека наша заедничка цел е да изградиме поправеден, похуман и поубав свет“, порача претседателот Пендаровски.Признанието „Инженерски прстен“ го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, чија цел е да се поттикне изучувањето на инженерството со што ќе се придонесе кон создавање на квалитетен инженерски подмладок. Овогодинешни добитници на признанието се 12 дипломирани инженери.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања