Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Лазаревска: СДСМ ги реализира ветувањата - пензионирање со возраст од 64 години со 15 години стаж

СДСМ реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните и продолжува со вистинска грижа за сите. Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работни односи. Со ова се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст, истакна Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.Лазаревска додаде:Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научно истражувачката дејност и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки.Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата.СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи во интерес за сите граѓани, продолжуваме со создавање и реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Македонија | пред 4 години

trifun

Трифун Костоски искрено: Неможам да го регистрирам Голфот стар 20 години, одбиена ми е регистрацијата бидејќи возилото ми е замрзнато

Сметам дека јавноста треба да биде информирана за начинот на кој се води постапката против мене, поврзана со стечајот на Еуростандард банка во Основниот кривичен суд Скопје.Јавноста е иформирана дека имотот ми е замрзнат бидејќи е покрената постапка против мене од Јавното обвинителство. Ваквата постапка е измислица на луѓе кои што сакаат да се задскријат зад вистината и да ја делат правдата по нивни терк.Пред неполни две недели се обидов да го регистрирам моето возило Голф кое што е повеќе од 20 години старо и после сите постапки околу неговата регистрација од полицијата одбиена ми е регистрацијата бидејќи возилото ми е замрзнато. Едно прашувам…ако возилото ми е забрането да го користам, зошто не ми е забрането да живеам во сопствениот дом? Што е целта на овој небулозен чин, да ме казни? Мене!Ако е така, јас по втор пат објавувам моја граѓанска непослушност и возилото ќе го возам во секоја моја прилика кога ќе ми треба, бидејќи технички е исправно, меѓутоа нема печат од полиција. Јавно го повикувам првиот човек на Јавното обвинителство, Јовески, да не молчи, го охрабрувам да превземе поригорозни мерки против мене, ако сум виновен, меѓутоа очекувам да го повлече случајот, и да ми се извини доколку се покаже дека постапката грешно се води.Истовремено судиите кои ја водат оваа истражна постапка нека си ја преиспитаат својата совест. Ако сметаат дка се чисти пред себе, тогаш бидете убедени живееме во општество без никакво право и правна заштита. Хаосот царува.Почитувани, како е возможно да целиот свој живот го посветив чувајќи го своето достоинство кое е признаено во многу европски земји и САД, поради мојот хуман, праведен и човечки однос. Во мојата Македонија да се соочам со институции кои се трудат да го разнебитат моето достоинство. Човек сум. САКАМ И ЧОВЕК ДА ОСТАНАМ.Постапките кои се водени од нашите правосудни органи нанесуваат болка и гнев, бидејќи нема полошо чувство кога од својот сопствен народ и сонародник си понижуван без никакви основи.Јас продолжувам, а вие кои ги водите институциите на системот мислете му ја. Слободно ве охрабрувам, посегнете и по мојот живот, ама нема да подпаднам под поданичкиот дух кој што владее со вас.„Понекад се и добар човек умори од своје доброте, јер док је свима био добар, себи је био најгори“Зарем оваа мудрост од почитуваниот Меша Селимовиќ важи и за менеТрифун Костовски

Македонија | пред 4 години

fiskalni333

Лукаревска: Изречени повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид кризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки. Изречени се повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.-Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број  на акции и на контроли, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешнатапрес-конференција по повод  ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Скопјанец осомничен за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 30-годишник, по претходна вербална расправија, на 29 јуни со умисла лишил од живот едно лице во скопско Ново Село. Тој најпрвин од својот џеб извадил нож и почнал да му се заканува на оштетениот, кој започнал да бега и да бара помош. По кратката расправија, осомничениот му задал на оштетениот убод со ножот во пределот на ребрата и го напуштил местото. Жртвата и подлегнала на здобиената повреда во Градската болница „8-ми Септември“.Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведок на настанот.​​

Скопје | пред 4 години

daljan

(ФОТО) Се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан, по што ќе се расчистува теренот

Се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Македонија | пред 4 години

Skolo

МОН:Реформата стартува од 1 септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, информираа од Министерството за образование и наука.Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што, МОН се уверени дека ќе дадат подобри резултати кај учениците.„Сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата“, велат од МОН.Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години.

Македонија | пред 4 години

Foto-01.07.2021

Арсовска: Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена

Сојузот на стопански комори на Македонија е дел од официјалната делегација на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски на Република Хрватска. Во рамките на посетата Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска учествуваше на работна средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како во официјалната програма со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ."Економската соработка со Хрватска има потенцијал за удвојување на трговската размена, при што отворени се можности за инвестиции од областа на индустриското производство, како и можности за развој на туризмот меѓу двете земји" истакна претседателот на ССК Арсовска.Дел од делегацијата на Сојузот се и потпретседателот Драган Митковски, Претседателот на Индустриската комора Трајан Ангеловски и Претседателот на Туристичко угостителска комора на Македонија Владимир Граматиков.Претседателот Пендаровски посебен фокус во рамки на официјалните средби посвети на економската компонента, со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави и овозможување раст на трговската размена. Во рамки на дводневната посета претставниците на Сојузот на стопански комори учествуваат на билатерален деловен форум на високо ниво со претставници на Стопанската комора на Хрватска, а под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

klinika

Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови.Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари, напиша министерот на својата објава на ФБ.

Македонија | пред 4 години

pozarna

Утрово изгореа два автобуси кај Кавадарци

Два автобуса изгореа во пожар рано утрово на плац во Кавадарци, потврдија за МИА од кавадаречката Територијална противпожарна единица.-На терен интервениравме со четири возила и шест пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на останатите автобуси кои беа  на плацот и на околниот објект, нагласија од противпожарната единица.МИА

Македонија | пред 4 години

60-ta_Sednica_Sovet_06302021003

Одржана 60-та седница на Советот на општина Охрид

Со пет точки на дневниот ред и една дополнително усвоена од советниците, денес се одржа шеесетата седница. Советниците ја разгледаа и ја усвоија информацијата за оценката на перфомансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а во продолжение следеа одлуки за статурна измена на Статутот на ООУ “Св.Климент Охридски“, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид. Советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и турски сообраќајни регистерски таблички да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг. 

Македонија | пред 4 години

sar-planina

Дел од Шар Планина стана национален парк

Пратениците во Собранието со мнозинство од 66 гласови го изгласаа Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето.Министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. 

Македонија | пред 4 години

protest-obrazovanie-3

Владата го повлекува законот за учебници и други наставни материјали, организаторите на протестите велат – Оваа битка ја извојувавме, утре продолжуваме

Денес, 30 Јуни 2021 добивме официјално известување од Претседателот на Собранието дека ВЛАДАТА ГО ПОВЛЕКУВА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ И ДРУГИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, а со тоа одржување на РЕФЕРЕНДУМ… НЕ Е ПОТРЕБНО, се вели во објавата на ФБ на Образовни реформи.Драги сограѓани…Денес е голем ден….Денес покажавме и докажавме дека како граѓани можеме да учествуваме во одлучувањето за важни работи за нас, за нашите деца… и за нашата заедничка иднина…Денес… докажавме дека знаеме, можеме и умееме… како обични граѓани… да дејствуваме и да ги заштитиме нашите права… и правата на нашите деца…Денес… докажавме дека можеме непосредно и директно да учествуваме во работата на Собранието и Владата на Македонија.Денес… СЛАВИМЕ!!!Утре… ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!Оваа битка ја извојувавме… сепак оваа битка е само еден чекор во борбата која следи….Имаме уште многу работа пред нас… со цел да им обезбедиме здрава иднина на нашите деца, нашите внуци… и сите следни генерации…Овој ден е веќе запишан во историјата на Македонија!!!Ве повикувам…. сите заедно да се потрудиме вакви денови да има повеќе…Ве повикувам… сите заедно да ја пишуваме историјата… која ќе ја читаат нашите деца, нашите внуци…. и сите следни генерации….Ве повикувам…. сите заедно да оставиме позади нас… спомени вредни за паметење и раскажување…Продолжуваме со ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА за интервенции и измени во Концепцијата за основно образование… Законот за образование… и сите останати закони кои го уредуваат образованието во државата…. со една и единствена цел „ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ“Почитувани сограѓани… без разлика на пол, раса, религија или политичко убедување… сите сме во ова заедно!!!Ви благодарам за поддршката, се вели овјата на ФБ од Драгана Спасевска овластен застапник и преставник на Образовни Реформи .

Македонија | пред 4 години

orce-kamcev-2

Камчев од Шутка однесен на Клиника, имал болки во гради

Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ги потврди информациите на „Фокус“ дека познатиот бизнисмен Орце Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.„Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања – потврди во изјава за „Фокус“, Андонов.

Скопје | пред 4 години

lisici

Уапсен криминалец од Бугарија, меѓу најбараните во Европа

На 29.06.2021 во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.

Македонија | пред 4 години

pesok

(ФОТО) Плажите се посипуваат со афтохтон песок

Рано утринава беше транспортиран и посипан песок на неколку плажи, како дел од активностите за уредување на крајбрежјето што ги спроведува Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.🏖️Се работи за афтохтон песок кој се распоредува во согласност со одредбите од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.✅Екипите на јавните претпријатија интензивно работат на терен, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и фонтани за вода, напика на својот фб профил, градоначалникот на Охрид Константин Гоергиески.

Македонија | пред 4 години

Foto-3

Пендаровски на средбата со хрватскиот премиер го истакна и интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.На средбата беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави и беше нагласен нивниот пријателски карактер, континуираната размена на билатерални посети и средби на високо и највисоко ниво, како и конструктивната соработка во различни сфери од заемен интерес.Истовремено беше оценето дека двете држави имаат одлична соработка на регионален и на мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО алијансата, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности.Во контекст на натамошното продлабочување на билатералната соработка, претседателот Пендаровски ја поздрави идејата за одржување прва заедничка седница на владите на двете држави, на која би се разговарало за идните насоки на соработка.Осврнувајќи се на последниот развој на настаните поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка од Република Хрватска за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.На средбата беа разменети информации за тековниот процес на вакцинација против Ковид-19. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за намерата хрватската влада да донира 10.000 дози од вакцината Астра Зенека за нашата држава.Претседателот Пендаровски го истакна и интересот на нашата држава за интензивирање на економската соработка и трговската размена со Република Хрватска, за што постојат неискористени можности.

Македонија | пред 4 години

miroslav_bogdanovski_intervju_meta

Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски поднел оставка во Собранието

Пратеникот на ДОМ, Мирослав Богдановски, си поднесе оставка од функцијата пратеник. Денеска во Собранието ќе биде константирана неговата оставка, а тој во изјава за „Фокус“ вели дека се враќа на старото работно место- главен инспектор во Град Скопје.-Се враќам на старото работно место, се враќам на терен, за да ја споведеме зелената политика и да ја продолжиме борбата против загадувачите. Тоа е единствената причина за мојата оставка од пратеничката позиција, ни изјави Богдановски.Текстот во целост на: „Фокус“ 

Македонија | пред 4 години

GRAND-FATHER-AND-GRANDSON-5-1

Играниот филм “Дедо и Внук” го освои романски оскар за најдобра камера

Филмска манифестација „Гопо“ ги слави најважните достигнувања на романското кинематографија во годината 2020 година, што се одржува под знакот на пандемијата на коронавирусот. И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои од филмовите објавени минатата година имаа можност да бидат погледнати од романски гледачи, да учевствуваат на врвни фестивали, номинации и да добијат важни награди. 15-то издание на Гала на наградите „Гопо“, кое е како пандан на холивудскиот оскар за најдобрите достигнувања, во исклучиво силна конкуренција, Директорот на Фотографија, Патру Паунеску ја освои престижната награда Најдобра Фотографија на игран филм, доделена од романската асоцијација на кинематографери, за играниот филм “Дедо и Внук”, кој е направен во македонско-романска ко-продукција.- “Признание за сработеното од нас и целиот тим од Македонија, кој направи сензационална работа и радост што луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменлна екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија” – Изјави директорот на фотографија, Патру Паунеску по доделување на наградите.По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ ова е седма награда. ФИлмот неодамна беше прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон. Buenos Aires International Film Festival, Osaka International Film Festival – OIFF, Stockholm City Film Festival, Dallas Independent Film Festival и Prisma Rome Independent Film Awards, International film Festival – Sweden се последните филмски фестивали кои го селектираа во својата програма играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски.- “Направивме добар филм. Филм, со приказна која никого не го остава рамнодушен. Се радувам на сите награди и признанија. Ме прават горд и ме мотивираат и ми даваат поттик за уште подобар да бидам во иднина. Учев во добра школа, Филмската академија во Букурешт, Романија, која ми даде знаење и занает да го прикажам најдоброто. Да бидам достоен, културен амбасадор на Македонија. Филмовите се скапа уметност, но неопходни за културата на еден народ. Се надевам дека национална поддршка ќе биде поголема во иднина” – изјави Илија Пиперкоски.Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Магазин | пред 4 години

04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Димитров: Изјавата на португалската министерка е прилично несреќна, изразивме негодување и протест

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, вели дека за него лично изјавата на португалската министерка, Ана Паула Закаријаш, за македонскиот јазик била „прилично несреќна“. Во текот на вчерашниот ден, како што рече, и тој и шефот на дипломатијата Бујар Османи во комуникацијата со Лисабон искажале негодување и протест, објави 360stepeni.mk.„Во јавноста често има еден вид збрка во однос на дипломатските реакции кога ќе имаме вакви поводи. Вчера на неколку нивоа јас лично разговарав со Лисабон, МНР исто, министерот Османи исто. Во дипломатската комуникација битно е јасно да си го изразите ставот, да изразите протест, негодување. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден. Тоа што го добивме, што беше потврдено и од португалската амбасадорка што нè покрива од Белград, е дека Португалија никогаш нема да направи нешто што ќе штети на изнаоѓање решение. Останува цврсто на својот предлог и нема намера да влегува околу содржинска дебата околу културни, идентитетски прашања итн. “, рече Димитров.извор: 360stepeni.mk

Македонија | пред 4 години

04-4

Промовирани нови 50 ласерски радари за потребите на сообраќајната полиција

Денеска во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски со најблиските соработници присуствуваше на промоцијата и презентирањето на новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.Набавката вредна 21.257.175 денари е направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското работење, согласно законските норми и согласно нашите проекции за развој и унапредување на функционирањето на сообраќајната полиција. ,,Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија.Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи,, - истакна пред присутните министерот Спасовски.,,За сите нас исклучително важен е фактот што безбедноста во сообраќајот веќе одамна ја третираме не само како прашање на почитување на законската регулатива од таа област или, пак, само како стручно опсервирање на квалитетот на сообраќајната инфраструктура туку, пред сѐ, како приоритетен сегмент, во кој се пресликува нашата посветеност за создавање на безбедни средини за граѓаните, но и поширока по обем проблематика од јавен, односно општествен интерес. Оттаму сосема се логични и неопходни нашите секојдневни активности, не само во поглед на засилените сообраќајни контроли по патиштата низ државата, туку и во делот на материјално-техничкото унапредување на сообраќајната полиција за квалитетно извршување на своите работни обврски и надлежности. Во таа смисла денешнава промоција на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, што МВР по пат на јавна набавка ги обезбеди за службениците на сообраќајната полиција, е уште еден, за нас многу значаен исчекор, во насока на утврдената цел - зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Уверен сум дека со овој нов зафат уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата,, - рече министерот Спасовски на денешнава промоција на новите радари во министерството.,

Македонија | пред 4 години

30062021_Prespa_Forum_Dijalog_2

На 1-ви и 2-ри јули Охрид и Отешево ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна.Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста, демократијата овде на Балканот.Како тема за првата Конференција, всушност избравме прашање на обработка, кое во текот на целата година беше фокус на нашата надворешна политика, а тоа е надградбата на нашата пристапување кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, во регионот, туку и во ЕУ се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на ЕУ да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува, за да се заокружи проектот за обединета Европа. Не само создавањето на платформата, туку и темата на Конференцијата покажа една сериозност кај нашите меѓународни партнери дека не сме неми набљудувачи на процесот туку активно придонесуваме кон реализација на проектот, давајќи сопствен придонес, следејќи ги трендовите.Не е изоставен ниту делот на трансатлантските врски, кој ќе биде тема на дискусија и обработка на Панелот на високо ниво, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан. Впрочем, конференцијата, низ различни предвидени содржини и панели ќе го обработува Западниот Балкан, дали е тоа гледано низ призмата на помирувањето и градењето на доверба меѓу нашите народи, дали е низ призмата на трансатлантските релации, преку економската соработка, конекциите со цивилното општество и медиумите, родовиот сензибилитет за овие важни процеси, па дури имаме и посебен Панел, што ќе биде првиот кој ќе се пренесува на платформата на ЕУ за Конференцијата за иднината на ЕУ, што впрочем е премиера на регионот во оваа дебата и тоа во соработка со Службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Доаѓаат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, Северна Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти, како и осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот парламент. Француската република, го препозна значењето на Конференцијата и како гости и учесници ќе бидат специјалниот пратеник на министерот, Жан-Ив Ле Дриан, сенаторот Алан Ришар, како и пратеникот Жак Мер.Присутен секако ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената „Охридска група“. На највисоко можно ниво ќе бидат претставени ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.Конференцијата, во живо ќе се пренесува преку ју тјуб каналите на Преспа Форумот, преку социјалните медиуми, но ќе ја покриваат и над 100 домашни и странски акредитирани новинари. Конференцијата ќе се спроведува согласно сите здравствени протоколи во врска со ковид мерките.Конференцијата е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 4 години

545

Изработена Стратегија за рурален развој на Долно Лисиче

Работната група за рурален развој финишираше со изработка на Стратегијата за рурален развој на Долно Лисиче како дел од Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром.Во неа се инкорпорирани низа проекти и перспективи за развојот на руралниот дел на општината, со интензивна можност за користење на ИПАРД и другите европски и светски фондови кои го поддржуваат руралниот развој.Наскоро, во најкус можен рок, во соработка со ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се очекува отворањето на првата подрачна единица на Општина Аеродром за поттик на земјоделството и руралниот развој, токму во Долно Лисиче.

Скопје | пред 4 години

Andonovski-30.06

Андоновски: Молк од Заев за негирањето на македонскиот јазик

Страшен скандал ја тресе европската интеграција на Македонија. Како резултат на коленичењето на Зоран Заев пред соседите, прифаќајќи секакви условувања, Македонија е и блокирана на евроинтегративниот пат, и национално понижена пред целокупната европска јавност. Во видеото јасно се гледа дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш зборува за македонскиот јазик како дел од бугарскиот, нарекувајќи го „северномакедонски“. „Северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. Ова е точната фраза што ја искористила оваа политичарка пред бугарските медиуми, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски додаде:Ова ли е заштитата на македонскиот јазик и идентитет за кој зборува Зоран Заев последните две години. Овие ли се „бетонираните“ позиции? Сега веќе секому е јасно дека на Македонија и се случува класична распродажба на сите национални интереси и обележја. А виновникот е Зоран Заев.Дали ставот дека македонскиот јазик е северномакедонски е дел од португалскиот предлог кој Заев го прифаќа?Дали португалскиот механизам кој беше целосно прифатлив за Заев значи дека владата се обврзала да прифати срамна парадигма – дека македонскиот јазик бил некогаш дел од бугарскиот јазик?Дали португалскиот предлог кој е одличен за Заев вклучува и став дека во ЕУ не се внесуваат билатерални недоразбирања, и тие треба да бидат решени пред нова земја да се приклучи на Унијата?Дали со однесувањето на Заев сега цела Европска унија останува на страната на Бугарија?Дали се случува она за кое предупредувавме - дека постојат земји од ЕУ кои тивко ја поддржуваат Бугарија?Едноставно, дали за Заев и македонскиот јазик стана северномакедонски? Исто како што тоа сака да и го направи на Фудбалската федерација на Македонија...Ова претставува досега неповторен скандал за македонската дипломатија. Понижување од најдрзок вид. И никој од власта не реагира на срамните негаторски изјави за македонскиот јазик. Нема протестна нота од Бујар Османи, нема реакција кон амбасадата на Португалија, нема одбрана на македонските национални интереси, нема ниту изјава за заштита на било која од социјалните мрежи. Целосен молк.На овие проблеми предупредуваме веќе 3 години. Македонскиот јазик и народ се под силен удар. А тоа е резултат на распродажбата на македонскиот идентитет од лекомислени политичари кои најмногу се занимаваат со полнење на сопствените џебови.Одговорност за понижувањето на македонскиот јазик мора да има.

Македонија | пред 4 години

kafic

ТУК ја поздрави одлуката за овозможување работа на угостителските објeкти

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори ја поздравува одлуката на Владата од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти, вклучително и за организирање прослави и настани, што беше донесена на иницијатива на ТУК, а во соработка со поддршка на Министерството за економија, кое во изминатиот период покажа капацитет за конструктивна соработка во интерес на секторот. На истиот начин беше донесена и мерката за еднократна финансиска помош за регистрираните претпријатија при што ТУК во соработка со Министерството за економија дејствуваше за креирање помош која во време на криза им е неопходна на претпријатијата.„Во изминатиот период се постигна значајно подобрување на епидемиолошката состојба во земјата, што сметаме дека дозволи да се отстранат рестриктивните мерки кои постоеја повеќе од една година со цел да се спречи ширење на Ковид-19. Угостителските објекти ги усвоија новите протоколи за работа и се подготвени за пружање на своите услуги во безбедни услови со што ќе се повторно постигне воспоставување на деловната активност која порано постоеше со цел нормализирање на социјалната интеракција во општеството“, истакна Владимир Граматиков, претседател на ТУК.Туристичко-угостителската комора и понатаму продолжува да биде активен учесник и партнер на надлежните институции во справување во сите предизвици, како и во креирање на мерки, активности и политики кои ќе креираат подобро деловно окружување за туристичко-угостителскиот сектор. Тесната соработка на институциите и коморите се покажа како еден од главните фактори за креирање на одржливи решенија на проблемите.Туристичко-угостителскиот сектор беше еден од најпогодените сектори од здравствено-економската криза, а за надминување на последиците со кои се соочува ќе треба подолг временски период и поголема ангажираност од надлежните институции. Ова е сектор кој има голем потенцијал за развој, што треба да се стави во функција за постигнување на побрз раст во постпандемискиот период.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

МВР приведе 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца

На 29.06.2021 во периодот од 13.50 часот до 16.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ, спровеле акциска контрола во објект без фирма на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца, при што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30), од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција.Притоа, од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8 компјутери „ХП“, 2 лаптопа „ацер“, 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања