Неколку дена пред почетокот на грејната сезона владата се уште не знае како ќе обезбеди гас, вели Јаревски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Toni28092022

Она што нас не загрижува е прво да добиеме детални информација што се случувало и дали ќе имаме излез од кризата. Со оваа влада ние живееме во криза. Четири кризи кои се повторуваат. Владата уште пред една година укажа дека животот и здравјето ни се загрозени. Владата рече дека ќе имаме механизми за справување. Но не успеаја, значи владата не успеа со својот капацитет да го нормализира работењето. Сега имаме повторно исто барање повторно барање, но прашањето е што направија и што се чекаше овој период. Прашањето е што направија, година дена помина? Капацитетот на владата не нуди сигурност дека ние ќе излеземе од оваа криза, состојбата за разлика од минатата година, сега е полоша, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

— реклама —

Јаревски смета дека ниту еден резултат од досегашните мерки на владата на СДСМ, укажувајќи дека на неколку дена од почетокот на грејната сезона се уште не се знае од каде ќе се обезбеди гас и струја.

Која мерка донесе резултат. Па ние сега имаме празни складишта и безидејна влада која што трча од држава во држава, но од секаде се враќа и без гас, без струја и без решенија. Ние имаме тотална неизвесност на неколку дена од почеток на грејната сезона, имаме тотална неизвесност од каде ќе ги обезбедиме потребните количини на струја, истакна тој.

— реклама —

Јаревски објасни дека и во самиот извештај од Државниот завод за ревизија стои дека власта потрошила една милијарда евра на нетранспарентен начин, додавајќи дека со една милијарда евра можеше да се реши било кој проблем но само доколку власта работеше домаќински.

Треба некој да се посвети да работи, да штеди и да работи домаќински, а не да се оди во нетранспарентни постапки и да не знаеме каде се трошат парите. Со 1 милијарда можеше да се реши било каков проблем само доколку се работеше домаќински, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања