Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG-cfaad26a929e3935bf3193f9b1f04c07-V

(ФОТО) Пронајдени кокаин и марихуана во Битола и ресенско

На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола по добиена судска наредба извршиле претрес на дом во Битола, кој го користи В.Б. (38). При претресот се пронајдени и одземени околу 70 грама кокаин и 70 грама марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети.Против В.Б. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.07.2021 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и полициски службеници од ОВР Ресен по добиена судска наредба извршиле претрес на дом кај С.К. во с. Штрбово и при претресот е пронајдена марихуана. Претресот е извршен откако претходно С.К. бил приведен во близина на туристичката населба Отешево затоа што кај него била пронајдена дрога.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Нови 11 случаи на коронавирус, почина едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1.Регистрирани се 4 оздравени пациент од:Скопје и Битола – по 2 .Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г) во болнички услови.Направени се 2.723 тестови преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово–23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–37, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-323, Биотек-175, Систина-53, лабораторија Лаор-157, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–32, Генеа–14, Никоб лаб-516, ВФВ Медикал-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1050.Досега во земјата се направени вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68674, Активни 63Куманово 8882, Активни 10Прилеп 8327, Активни 6Тетово 7252, Активни 17Битола 6307, Активни 4Велес 5474, Активни 4Гостивар 5181, Активни 1Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5019, Активни 11Штип 4960, Активни 1Струмица 4120, Активни 6Струга 2981, Активни 0Кочани 2792, Активни 0Кичево 2596, Активни 13Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 2Радовиш 1161, Активни 0Берово 1032, Активни 3Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 1Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0Фото: Архива

Македонија | пред 4 години

kamioni

Изменет режим на сообраќај за товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево и Дебар-Маврови Анови-Гостивар

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од 01.07. до 01.09.2021 во сила се измените на режимот кој се однесува на сите видови товарни возила. Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15.00 до 22.00 часот, во саботите од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и во неделите од 07.00 до 22.00 часот.Ова се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар. На овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.Изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.Министерството за внатрешни работи апелира до возачите да се придржуваат на изменетиот режим.

Македонија | пред 4 години

2021-07-02_16-31-22

(ФОТО) Запленети оружје и муниција во Скопје

На 02.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми. Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик. фото: МВР

Скопје | пред 4 години

Koce-Trajanovski

Мицкоски: Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје.„Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Едно од имињата кое се мери на анкетите е и Коце Трајановски. Има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

gol-covek

(ФОТО) Гол маж прошета низ центарот Охрид, во моментов во градот е и државниот врв

Гол маж на возраст од педесетина години утринава прошетал низ центарот на Охрид во термин кога низ градот имаше странски делегации учесници на „Преспа форум дијалог“.Граѓанин испратил фотографии до порталот СКД од прошетката на голиот маж по охридскиот плоштад.Мажот се соблекол на плоштадот и ја оставил облеката на рекламно пано.извор: СКД.МК

Македонија | пред 4 години

Bargala-900x580

Инспектори на УЈП во штипска „Баргала“ - откриле големи прекршувања

Штипска „Баргала“ под лупа на УЈП. Директорката Сања Лукаревска со лоша оценка за даночното и сметководствено работење на компанијата. Според неа контролата е при крај. Даночните инспектори не ги интересирале само персоналниот данок на доход и неисплатените плати, туку и данокот на добивка.Случајот со штипска „Баргала“ стана актуелен откако пред десетина денови подели откази на 100 работници, затоа што три дена не доаѓале на работа. Работниците организираа неколку протести и тврдат дека неосновано се избракани. Тие веќе поднесоа приговори а од ССМ најавија дека отказите ќе се најдат и пред Јавното обвинителство.Од УЈП велат дека слични контроли се прават и во други фабрики. Посебно во тектилството, кожарството и кондиторството каде има најголеми отпуштања на работници. Во заедничките акции на УЈП со Државниот инспекторат за труд „чешлано“ е работењето во последните неколку години, а неправилности се утврдени во речиси сите контролирани текстилни фабрики,  објави 24.mk. извор:  24.mk. 

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Мицкоски: Вистината за зелената такса е дека тоа е воен данок, немаат пари и удираат по џебот на граѓаните

Кога говорат за зелена такса има една голема лага и вистина која не и се кажува на јавноста. Првата голема лага е новата зелена партија која веднаш по промоција на зелената агенда, следна тема и беа химна, знаме, јазик, а потоа од претседателот на Собранието, Талат Џафери следеше и грубо кршење на Уставот во Брисел за што ќе следи кривична пријава и интерпелација за Џафери. Тоа е се само не зелена агенда, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.Мицкоски укажа дека ова што се нарекува зелен данок, тој би го нарекол воен данок.„Вистината е пак дека ги потрошија партите во непродуктивни трошоци, во поткуп за минатите избори и сега како ќе поткупуваат без пари, ќе гребат од асфалт, ама тој треба да се плати, а немаат како и од што и како ај удри по џеб на граѓаните“, рече Мицкоски.Според него надлежните ја водат државата во банкрот.„Буџетски дефицит е 65 - 70 милиони евра дефицит или со други зборови државата оди во амбис“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ММС: Млади пациентки со солзи во очи молат за лекот „калидеко“ – Филипче вели ќе стигне следната недела

Тешко дише, не може да јаде, преживува со боци со кислород, а тоа го нарушува нејзиното ментално здравје – дваесет и едногодишната, Флора Гаши денеска повторно ќе биде хоспитализирана поради влошена здравствена состојба. Таа е една од трите пациенти со тешка форма на цистична фиброза кои останаа без лекот „калидеко“ кој за нив значи живот. Денес со солзи во очите тие преку медиумите апелираа до здравствените власти да им го набават лекот, без кој не можат да функционираат нормално, објави ММС.МК.„Без лекот сум многу лошо, две недели носам подвижен кислород, нон стоп сум со него. Три, четири дена сум многу лошо и денеска ќе се хоспитализирам бидејќи не можам да дишам и да јадам. Имам дома друг кислород, но не можам ништо да правам. Можам да идам до тоалет и толку. Кога го примав лекот бев добра, јадев, се движев. Се’ си правев, а сега ништо“, изјави денеска младата пациентка која завршила средно медицинско училиште за физиотерапевт, но иако сака, не може да работи.  „Побргу нека го донесат лекот, бидејќи и психички сум падната, не сум добра. Само во соба сум 24 часа, нон стоп“, раскажа Флора.Со слична голгота секојдневно се соочува и  триесетгодишната Дијана од Битола, која освен цистична фиброза има и дијабет.Иако според денешните сведоштва пред медиумите, „калидеко“ значително го подобрува животот на пациентите, Филипче допрва ќе чека на извештај од стручните медицински лица за да се види дали тој има ефект.„Мораме да го почекаме извештајот на стручните лица, на докторите таму за тоа дали тој лек има ефект. Не се тоа сите пациенти со цистична фиброза, туку само оние пациенти кои имаат генска мутација , така се селектирани тројцата пациенти. Почната е постапката и лекот треба да стигне следната недела“, изјави Филипче.Инаку, едно кутивче од него чини околу 18 илјади евра, а пациентите со цистична фиброза во светот го употребуваат од 2012 година.Текстот во целост на:  ММС.МК.фото: ММС.МК

Македонија | пред 4 години

Mickoski07062021

Мицкоски откри детали за кандидатите кои ќе ги трчаат локалните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кандидати за градоначалници ќе бидат лица кои ќе донесат победа на локалните избори за неговата партија. Тој упати порака до граѓаните да излезат и да гласаат посочувајќи: „добрите луѓе бираат добри политичари, а ако останат дома, добрите луѓе бираат лоши политичари“. Мицкоски посочи дека се разговара со повеќе партии од другите националности, кои не се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на изборите.„Профилот на луѓето е дека тие се победници, чесни и честити луѓе, кои доаѓаат од општини каде што се познати на жителите на тие општини, луѓе кои се комплетно нови, луѓе кои што за првпат се кандидираат за политичка позиција во општините од каде доаѓаат и луѓе кои се дијаметрално спротивни од актуелната реалност која што ја застапува СДСМ во тие општини преку нивните градоначалници, кои очекуваме да бидат повторени и на овие локални избори. Очекуваме во сите овие 15 општини, кој ќе бидат презентирани, сериозна победа. За имињата и родовата застапеност, ќе почекате“, додаде Мицкоски.Тој уверува дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати кои ќе донесат победа на локалните избори во Скопје, но дека ќе го кандидираат тој што ќе донесе најубедлива победа до сега.„Има многу кандидати кои можат да бидат успешен кандидат и победник на дуелот со Петре Шилегов. Ние сакаме победата да биде најубедлива до сега што се случила и тоа да биде знак дека времето во политиката на политички измамници како профилот на актуелниот градоначалник на Скопје и актуелниот премиер во Влдата е минато. Разговараме со албански, турски, српски, бошњачки, влашки, разговараме и со други политички партии кои не се дел од нашата коалиција. За многу бргу денеска ќе ја дознаете и структурата на политички партии кои ќе го поддржат кандидатот или кандидатката која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи за кандидат за Град Скопје“, рече Мицкоски.Според Мицкоски, СДСМ може да победи на изборите само доколку дојде со наполнети кутии на гласачки места, но не и на фер и демократски избори.„Човек кој што е уплашен на три-четири месеци пред избори дава предикции. Не сум убеден дека СДСМ во тие општини ќе биде победник, туку убедливо поразен. Во најголем дел од тие општини кои ги споменавте, доколку изборите бидат фер и демократски. Доколку дојдат наполнети кутии, тоа е единствениот начин СДСМ да биде победник во тие општини“

Македонија | пред 4 години

VENKO

Хрватска ќе донира уште 20 илјади вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на заедничката прес конференција во Скопје со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман рече дека во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнале десет илјади вакцини од производителот „АстраЗенека, а хрватската Влада донела одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат или од „Астра Зенека“ или од производителот „Модерна“ што би било прва количина од оваа вакцина која би стигнала во земјата.Министерот Радман се обрати на македонски јазик и истакна дека со денешната донација Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот процес на борбата против коронавирусот да биде што е можно посупешен.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka1-1

Двајца возачи загинаа во сообраќајка кај превојот Ѓавато

Синоќа околу 22.40 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.Несреќата се случила помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид. Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

Македонија | пред 4 години

Martina

Милошеска: Како е можно во една земја да не може да ми се обезбедат основни услови за детето - ја симнувам по скали кога таа не може да оди?

„Кога ја симнувам Мартина по скалите се чувствувам понижено. Си велам, како е можно во една земја да не може да ми се обезбедат основни услови за детето и двете да имаме пристоен живот. Зошто да ја мачам да ја симнувам по скали кога таа не може да оди?“ се запраша Маргарита Милошеска од Гостивар, самохрана мајка на 17-годишната Мартина која има церебрална парализа, објави ММС.МК. Маргарита и нејзината ќерка Мартина живеат во социјален стан во населбата Бањица во Гостивар. Зградата нема лифт и затоа Маргарита и Мартина секојдневно се мачат симнувајќи се од третиот кат на зградата до возилото со кое ја превезува со Дневниот центар за деца со посебни потреби во центарот на градот.Додека ја пресоблекуваше Мартина и ја подготвуваше за да ја носи во Центарот, Маргарита ја раскажа својата болна животна приказна на ММС како самохран родител.– Да бидеш самохран родител на типично здраво дете е тешко, а 50 пати е потешко на дете со посебни потреби. Честопати ја оставам Мартина сама, посебно кога врне снег или дожд и не ја носам во Центарот. во меѓувреме спие, ако се разбуди, се симнува сама од креветот, си игра додека јас си дојдам во 11.30 часот. Потоа почнуваат нејзините обврски, пресоблекување, капење и хранење, а потоа почнува со нејзините аутистични закони: не смеам една ролетна да ја спуштам, а другите да ги дигнам, морам сите да ги кренам. Во текот на денот можам да ја пресоблечам и пет пати. Тешко е, играчките се на подот, па морав тепихот да го покријам со ќебиња. Мартина тука си игра цел ден и во тој дел немам пристап. Не ме остава ниту да спијам во спалната со неа во последните шест месеци – раскажува Маги која поради Мартина работи со скратено работно време, а разликата во платата, според законот, и ја покрива државата.Мартина имала 11 месеци кога починал татко и. Тогаш на Маги не и било толку тешко затоа што Мартина била мала, а поголемата ќерка постојано и помагала.Но, сега таа има свое семејство, па Маги не сака да им бидат товар на нејзиното семејство.Текстот во целост на: ММС.МК. 

Македонија | пред 4 години

evra-falsifikat

Казнен налог од 2.000 евра за фалсификување ПЦР тест

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, притоа прикажувајќи фалсификувана исправа – лажен медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот.Иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија ден претходно и дека не и бил издаден негативен резултат на ПЦР тестот, таа пред овластените службени лица ја прикажала медицинската потврда како вистинита.Јавниот обвинител предложи Судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Македонија | пред 4 години

katica-janeva

Јанева повеќе од 300 дена „се одмoра“ во семејната куќа во Гевгелија

Додека се чека одлуката на Апелациониот суд за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, таа повеќе од 300 дена „се одмoра“ во семејната куќа во Гевгелија, каде е во домашен притвор, пишува Слободен печат.Периодов започнува колективниот одмор во судството, па претпоставките се дека најрано во септември можно е да има пресуда од Апелацискиот суд, пишува Слободен печат.„Скопскиот Апелациски суд никако да донесе пресуда дали Катица Јанева, поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, е виновна или не за аферата „Рекет“.И двете страни во случајот, државата претставувана од Јавното обвинителство и адвокатите на Јанева, имаат поднесено жалба до Апелација. ОЈО бара наместо првопресудените седум години затвор за Јанева, казната да биде поголема, а пак нејзините адвокати бараат помала казна“, пишува весникот.извор: Слободен печат.

Македонија | пред 4 години

ALI-AHMETI-PFD

Ахмети: Рикер ми остави голем впечаток кога рече пред сите „Али има голема мака штом дошол со авион“

На главнaта панел дискусија на Преспанскиот Форум за Дијалог, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети одржа говор на кој присуствуваа високи личности од светската дипломатија.„Бидејќи го имам покрај себе амбасадорот Рикер, го почнувам говорот со него. Еден момент ми остави голем впечаток бидејќи Рикер беше максимално ангажиран како амбасадор на САД за решавање на овој проблем.Не успеавме да ги крунисаме нашите напори и во меѓувреме Рикер се назначи за заменик Државен Секретар. Една посета во САД беше организирана по барање на двете страни. Моја слабост е што никако не можам да се навикнам да патувам со авион. Амбасадорот Рикер понатаму им рече на сите функционери дека Али има голема мака штом дошол со авион.“, рече Ахмети на почетокот на својот говор, Објави Фокус.мк.Според него, тој отсекогаш имал храброст да ги реши проблемите во земјата и за ова наишол на поддршка низ сите центри на светската дипломатија.Текстот во целост на:  Фокус.мк.„

Македонија | пред 4 години

letecki

(ВИДЕО) Летечкиот автомобил го направи својот прв меѓуградски лет

Прототип на летечки автомобил успешно го заврши тест-летот помеѓу два словачки града, при што помина 35 минути во воздух, пишува „Си-ен-ен“.Летечкиот автомобил „AirCar“ на словачката компанија „Клејн Вижн“ (Klein Vision) летал од градот Нитра до главниот град на Словачка, Братислава, каде по слетувањето, за помалку од три минути се трансформирал во обичен автомобил и продолжил да вози низ улиците во центарот на градот.Прототипот на „AirCar“ има мотор од БМВ со моќност од 160 коњски сили и на себе има фиксиран пропелер. Досега поминал повеќе од 40 часови во тест-летања, вклучитално и летање на 2,5 километри висина, а најголемата брзина која била достигната во воздухот изнесувала 190 километри на час. 

Магазин | пред 4 години

01072021_PVRSM_Zaev_Cipras_Sredba_7

Заев: Спорот меѓу Грција и тогашна Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение

Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денес, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до Договорот со Грција, слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било, порача вечерва во Охрид премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог, Објави МИА.Заев се обрати пред високи претставници на Европа, САД и регионот, кои учествуваат на оваа Конференција, чија основна цел е да се даде поттик на процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но и зајакнувањето на односите со САД.Во присуство на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, поранешната висока претставничка за надворешна политика и одбрана на ЕУ Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и други видни домашни и странски учесници, Заев се осврна на напорите кои Северна Македонија и Грција ги презедоа за решавање на речиси тридеценискиот спор со името, кои резултираа со решение, за кое, како што рече, не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи.-Од денешна перспектива јас со полно право можам да кажам дека во решавањето на тридецениското прашање со Грција употребивме методологија која до тогаш не беше позната. Оние кои беа проблем одеднаш, и без булдожер дипломатија од трети страни, почнаа да решаваат проблем. Спорот меѓу Грција и тогашна Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение за кое не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи. Беше потребно иновативно решение, кое ќе излезе од рамка. И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно. Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите, истакна Заев.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

nikolovski

СДСМ за две недели ќе ги објави првите имиња на кандидати за градоначалници

Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули, истакна денеска на брифингот со новинарите генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски.Николовски дополни дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.Објавата на првите 20-ина кандидати вели Николовски е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раководство.СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби преку граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“.СДСМ вели дека ќе ја креираат најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори.Николовски на брифингот посочи дека СДСМ води со 21,7 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто, според анкета нарачана од партијата. 

Македонија | пред 4 години

pozar

Пожар во индустрискиот дел на Битола

Попладнево избувна пожар во еден од објектите кои се наоѓаат во индустрискиот дел од Битола. Тамошните жители сведочат дека пред да избувне пожарот имало експлозија. Превентивно им била исклучена и струјата. Екипи од противпожарната единица се на терен.извор: Шеталиште

Македонија | пред 4 години

vali-frank-i-bezos

Џеф Безос во вселената ќе носи 82-годишна жена

Осумдесет и двегодишната Вали Фанк ќе лета во вселената со Blue Origin на 20 јули и ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата.Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет со екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам на Џеф Безос, заедно со милијардерот, брат му Марк Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.Вали Фанк бил учесник во приватна програма позната како Mercury 13 во 60-тите години на минатиот век, во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата Mercury на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.

Магазин | пред 4 години

01072021_PVRSM_Zaev_Cipras_Sredba_3

Заев и Ципрас: Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими претседателот на партијата Сириза, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас.Заев и Ципрас, на средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, се согласија дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција.Пораките кои глобално се испраќаат од „Преспа форумот за дијалог“ потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот, заклучија соговорниците.Суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа, споделија Заев и Ципрас, со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан.На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт во Северна Македонија и во Грција и во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.

Македонија | пред 4 години

Kosta-Gir

Георгиески и Гир разговараа за активностите кои Општина Охрид ги презеде за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето

Чест ми е што нашите заложби како локална и централна власт во делот на почитување на законите, владеење на правото и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион добиваат силна и континуирана поддршка од страна на амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:На денешниот состанок со амбасадорот Гир разговаравме за сите активности кои Општина Охрид ги презеде во изминатиот период за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето и подготовка на плажите во пресрет на летната сезона.

Македонија | пред 4 години

univerzalna

Започна реконструкцијата на Универзална сала

Започна реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Столчињата од гледалиштето што имаше капацитет да прими околу 1.500 лица деновиве беа изнесени од објектот – симбол на солидарноста што целиот свет ја покажа кон Скопје по земјотресот од 1963 година, пишува Мета.Просторот околу Универзална сала е ограден веќе неколку недели, а во моментов се врши и ископот на земја на платото пред концертната сала. Градот Скопје на почетокот од јуни годинава го склучи договорот за реконструкција на Универзална сала, кој е во вредност од речиси 1,9 милиони евра.Градежните работи на терен ќе ги изведува скопската фирма „Универзал-Балкан“, додека архитектот Бујар Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“ на Градот Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална како донација.Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вети дека автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува,  пренесува Мета.Фото: Мета

Скопје | пред 4 години

denari

Вработена во Општина Радовиш правела лажни фактури за данок на имот за нејзиниот брат

Вработена во Општина Радовиш изготвувала лажни фактури на име на нејзиниот брат за наводно плаќање данок. Со тоа, тој девет години избегнал да плати данок на имот.Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „компјутерска измама“. Пријавената, на работно место самостоен референт во Општина Радовиш, за нејзиниот брат И.Т. книжела фиктивни уплати за данок на имот, без за нив да постојат изводи, односно уплати.При извршен увид на финансиска картичка за даночен обврзник И.Т., за период од 2009 до 2020, како и во изводите за извршени уплати на општинска сметка, финансиската картичка и изводот на промет и состојба на сметката на Општина Радовиш, полициски службеници констатирале дека уплатите прокнижени на финансиската картица од 2011 до 2020, односно во изводите на ниту едно место не фигурирало името на И.Т. како уплатувач.Пријавената, злоупотребувајќи ја својата службена положба, во август и во октомври 2020 извршила промена со менување и внесување на невистинити податоци во финансовата картичка на даночниот обврзник И.Т.. Како доказ за извршена уплата, пријавената вметнувала податоци за наводно извршени уплати кои воопшто или не постојат или биле извршени од други лица за подмирување на сопствени даноци, кои пријавената ги прикажувала како уплати на нејзиниот брат. На тој начин му овозможила на И.Т. да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Општина Радовиш.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања