Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Kuce

Хорор видео од Битола: Утепа куче сред бел ден, му го исече вратот и бегаше

Видеа кои се постирани на соцојалните мрежи, ја згрозија јавноста. Утепа куче сред бел ден, му го исече вратот и бегаше.Останува да видиме дали МВР ќе превземе нешто за овој случај.

Македонија | пред 4 години

korona-hrvatska

Утре ќе се разговара за воведување на евентуални рестрикции поради ширењето на делта-вирусот

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе разговара дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции.Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од членовите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.Комисијата ќе проценува и дали да се воведат тестови за влез во Македонија.Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-oro

(ФОТО) Али Ахмети заигра оро на свадба во затворено

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и министерот за економија Крешник Бектеши синоќа се забавуваа на свадба откако ваквите прослави беа забранети повеќе од една година.Функционерите на ДУИ ја искористија можноста да заиграат на прослава на затворено, откако протоколите дозволија просторот да биде исполнет со 40 отсто од капацитетот.Извор : Факторфото: ФБ

Македонија | пред 4 години

pijan-1

53 санкции за возење под дејство на алкохол во Скопје

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 (03.07/04.07.2021) спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 53 возачи.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 4 години

policija-4

249 санкционирани возачи во Скопје, 105 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола.Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“ кој го реализира Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје, напиша на својот Фб профил Претседателката на советот на Општина Охрид, Живја Ангеловска.Ангеловска во објавата додава:Проектот e so цел да ги мотивира младите ученици, развој и напредок на културата, зголемување на креативноста и интересот кон музиката, актерството, сликањето и творењето.Во рамки на проектот se организирa неколку-дневен настан во Извидничкиот центар во Охрид, кој опфаќа повеќе натпревари во различни категории.

Македонија | пред 4 години

kradec-maska-151

За половина час ограбени две банки во Тетово

Минатата ноќ во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.Како што информираат од полицијата, во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.Петнаесетина минути подоцна, непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Димитров од Асоцијацијата на работодавачи предупредува: Ќе има многу отпуштања

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, очекува од октомври да има нов бран на отпуштања во македонското стопанство.Државната помош за исплата на плати за февруари и март беше само за да се преброди кризата до август. Сега веќе неизвеснота е толку голема што не знаеме понатаму колку работа и нарачки ќе има од Европа, вели Димитров во вестите на „Сител“.Тој ја повика власта да формира уште еден пакет со поволни економски мерки наесен. Во изминатиот период поради ковид-кризата имаше 30 отсто отпуштања во текстилната, а 60 отсто во кожарската индустрија.

Македонија | пред 4 години

ilija

Кога се сака сè се може - Илија имаше 157 килограми, а сега фит тело

Илија Рајкочевиќ е 24-годишен фитнес тренер кој им помага на оние кои сакаат да ослабат и да го доведат своето тело до совршена форма. Но, пред шест години Илија бил тотална спротивност од она што е денес. Имал 157 килограми и водел нездрав начин на живот. Што го мотивирало да направи ваква трансформација и на кој начин успеал прочитајте во продолжение. Илија за Фокус открива што променил.Уште како мал имав проблеми со килограмите, максималната килажа ја достигнав во 2014 година(157кг). Знам дека секогаш се мачев, секој понеделник почнував со здрава исхрана и после одреден период ја прекршував, сето тоа во круг.Случајно и спонтано се случи… Еден ден бев искочен и ми звони телефонот, се јавувам. Другар ми Божидар ми вика, ајде да почнеме во понеделник во теретана. Јас искрено не сакав, се срамев, но почнав. Во првата недела симнав пет килограми и бев пресреќен, имав преголема желба за да продолжам понатаму. После еден месец, другарот мораше да прекине, па јас си продолжив сам. Знам датумот беше 01.07.2014 кога почнав, истиот го имам и истетовирано на грб со пораката You know my name not my story, вели Илија за Фокус. Приказната од Илија може да ја пролитате на: Фокус   

Македонија | пред 4 години

najcevska

Најчевска го “расплеска” Апасиев: Пратеникот нема имунитет кој го штити од преглед или претрес

Што е проблематично во текстот на Апасиев?Во анализата имав предвид дека станува збор за: професор на Правен факултет, за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и за претседател на партија, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.Најчевска во објавата додава:1. Тоа што полицаецот го нарекува џандар – со што покажува потценувачки однос кон државна институција и намера да го омаловажи службеното лице.2. Омаловажувањето продолжува со тврдењето (кое не се базира апсолутно на никакво знаење) дека станува збор за човек кој позицијата ја добил со завршување на некаков курс наместо да има соодветна обука.3. Ја негира потребата од алко-тест (најверојатно заради тоа што пратениците никогаш не консумираат алкохол)4. Не знам дали полицаецот му побарал на Апасиев да направи преглед или претрес (од начинот на кој го опишува случајот немам верба дека Апасиев прави разлика меѓу двете работи)5. Пратеникот нема уставен имунитет кој го заштитува од преглед или претрес. Според членот 64 од Уставот, пратениците имаат имунитет за работи искажани во Собранието и не можат да бидат притворени без одобрение на Собранието (освен доколку се фатени во извршување кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од најмалку 5 години).6. Претрес на возило полицијата не смее да прави без основано сомнение на никого (независно од тоа дали станува збор за пратеник или не).Би сакала да ја слушнам и другата страна, затоа што во правото важи принципот: audiatur et altera pars.Наравоучение: немој да се претставуваш како професор по право ако не го знаеш правото.

Македонија | пред 4 години

marko-2

(ВИДЕО) Марко ја оствари својата цел, пристигна во Св Наум

Уште еден успех на младиот охридски пливач Марко Пејчиновски.  Пристигна во Св Наум.Тој денеска по втор пат пливаше на делницата Охрид-Св.Наум, откако во 2018та година на свои 12 години успешно ја преплива истата, но во обратна насока.

Македонија | пред 4 години

policija-4

Македонскиот Полициски Синдикат: Господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на униформиран полициски службеник, а не од ,,Џандар,,

Македонскиот Полициски Синдикат најостро реагира на објавата на социјални мрежи на пратеникот Апасиев кој со неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција, се вели во соопштението од Македонскиот Полициски Синдикат.Во продолжение на истото се додава:Имено господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на УНИФОРМИРАН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, а не од ,,Џандар,, при вршење контрола над безбедноста во сообраќајот.За тоа како се вработил во Министерството за внатрешни работи и како се образувал за ПОЛИЦАЕЦ не е Ваше да коментирате, бидејќи во Министерството за внатрешни работи постојат точно утврдени правила за тоа.Согласно правните прописи, Униформирани полициски службеник врши контрола во сообраќајот при што превентивно и репресивно постапува согласно утврдената фактичка состојба на терен.,,Тресењето на возилото,, е ПРЕГЛЕД а не претрес за што Вие како ,, добар познавач на правото “ треба да ја знаете разликата. Последиците од непостапување по наредба од Униформирани полициски службеник исто така вие како ,,добар познавач на правото“ треба ги знаете.Дали и како се однесувал полицискиот службеник за тоа ќе си утврди соодветната служба на МВР.Вашето однесување како Пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност.Кога сме веќе кај Вашиот Имунитет на кој се повикавете, еве ние ,,џандарите,, да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО:Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи: Пратениците уживаат имунитет.Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.Пратеникот има право на надомест утврден со закон.Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет.Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во Собранитето односно пратеникот неможе никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна МакедонијаСлужбената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност истата е документ за утврдување на идентитет и функција.Како Македонски полициски синдикат ги повикуваме сите наши членови од МВР, а воедно и сите вработени во МВР да не потклекнуваат на вакви притисоци и да ги извруваат своите задачи согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.Ние како Македонски полициски синдикат будно ќе ги следиме сите напади кон нашите членови и воопшто кон сите вработени во МВР и навремено и аргументирано ќе реагираме.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

6 новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19:Скопје, Битола и Кичево – по 2.Не се регистрирани починати лица.Не се регистрирани оздравени пациенти.Направени се 3.028 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-22, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–14, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-173, Биотек-188, Систина-74, лабораторија Лаор-197, Синлаб-33, Ремедика-30, Плодност–34, Генеа–16, Никоб лаб-565, ВФВ Медикал-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1332.Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68676, Активни 65Куманово 8882, Активни 10Прилеп 8327, Активни 6Тетово 7252, Активни 17Битола 6309, Активни 6Велес 5474, Активни 4Гостивар 5181, Активни 1Кавадарци 5155, Активни 2Охрид 5019, Активни 11Штип 4960, Активни 1Струмица 4120, Активни 6Струга 2981, Активни 0Кочани 2792, Активни 0Кичево 2598, Активни 15Гевгелија 2195, Активни 0Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1524, Активни 1Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1227, Активни 2Радовиш 1161, Активни 0Берово 1032, Активни 3Делчево 973, Активни 0Дебар 942, Активни 1Виница 886, Активни 0Пробиштип 789, Активни 0Валандово 667, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 0Демир Хисар 400, Активни 0Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 1Македонски Брод 359, Активни 0Пехчево 269, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Советот на Општина Центар го усвои деталниот урбанистички план за градска четврт Ц03-Соборен храм

На последната седница на Советот на Општина Центар советниците ја усвоија Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц03-Соборен храм.Предметната Градска четврт Ц03-Соборен храм претставува консолидиран градски простор, односно простор што целосно е изграден. Во рамките на целиот простор, развојната компонента има само три објекти, од кои развојните параметри за два објекта се преземени од претходната планска документација, а за третиот објект површината за градба е намалена. Во планската документација се предвидува надградување на постојната комунална инфраструктура и документирање на постојното парковско зеленило што во претходната документација било предвидено за поплочен јавен простор. Во согласност со планската документација, новопланираните објекти и потребните паркинг-места ќе бидат планирани во рамките на сопствената парцела, согласно Законот за урбано зеленило.Советниците на Општина Центар ги усвоија и одлуките за давање согласности за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места и Правилникот за внатрешна организација на работни места во општинските детски градинки, годишните извештаи за работа на општинските основни училишта за учебната 2020/2021 година, како и одлуките за усвојување на кварталниот извештај за работењето на ЈП ПОЦ за периодот од јануари до март 2021 година и ценовникот за одржување и изведба на хоризонтална и вертикална сигнализација.

Скопје | пред 4 години

Miteva-03.07

Митева: Шилегов се бетонираше како најнеспособен градоначалник

Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи. Последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот. Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Митева додаде:Другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра. Уште не e завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана. Скоро секоја втора плочка е оштетена, а нивната вредност не е ништо поразлична од претходните енормно високи цени на урбаната опрема.Во месеците пред избори Шилегов нема со што да ја побара повторно довербата од скопјани, па очигледно само му е важно да го раскопа и уништи Скопје, па не го интересира ни скапата цена, ни очигледниот неквалитет.Но, ќе го вратиме сјајот на Скопје со многу работа и посветеност! Скопје и скопјани заслужуваат да се гордеат со својот град, а не да се срамат како овие четири години.

Македонија | пред 4 години

Interpol

Приведено лице од Албанија барано по потерница од францускиот Интерпол

На 02.07.2021 во 14.30 часот од страна на полициски службеници на Граничен премин Блато е лишен од слобода Ш.Ц.(33) од Р.Албанија, бидејќи по извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека лицето е со мерка „апси“ по барање на Интерпол Франција. Ш.Ц. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

lisici

Расчистена тешка кражба на објект во градба во Скопје

На 02.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје го повикале на разговор А.А.(36), затвореник во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршено на 08.05.2020 во објект во градба на ул.„Мајка Тереза“, каде е оштетено правно лице.При извршениот разговор сторителот го признал делото, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

zaev

(ВИДЕО) Заев има решение со Бугарија, прифатиле сите!

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 21 изјави дека со Бугарија имаат решение кое е прифатливо и за двете страни.– Со Бугарија имаме решение кое е прифатливо за двете страни. Сакам да верувам, не можам да потврдам, но сакам да верувам дека и овојпат не добивме зелено светло затоа што немаат парламент и немаат политичка Влада, заради тоа што знам што разговарав во Бугарија и знам дека се адресирани грижите на Бугарија и нема друго решение освен да оставиме времето да покаже дека искрено сакаме да градиме пријателство со нашиот источен сосед Бугарија, посочи Заев.

Македонија | пред 4 години

Pavle-Bogoevski-10

Богоевски за имунитетот на Апасиев: Нема заштита надвор од Собрание, ниту од оперативно-тактички мерки

Ајде сега збор-два за пратеничкиот имунитет, напиша на својот ФБ профил павле Богоевски.Во објавата на Богоевски се вели:Пратеникот ужива матерјален и формален имунитет. И двата вида се предвидени со чл64 од Уставот.Матерјален имунитет е заштитата од кривично гонење за искажано мислење или глас во Собранието. Тоа значи дека пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или гласање во собраниска постапка.Затоа, никогаш не може да има кривична одговорност за „интонирање на албанска химна од говорница“ - нешто што „некоординирата опозиција“ не пропушта да го побара во секоја можна прилика. Ниту пак, може да има одговорност за гласањето за името - барање кое на димче редовно му ги влажни сништата и подига лајковите.Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор. Освен ако не е затечен при вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор од мин 5 години, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да му го одземе имунитетот.И, толку. Пратеничкиот имунитет не обезбедува никаква заштита од други оперативно-тактички мерки и истражни дејствија (преглед на лице, превозно сретство и багаж) и не го опфаќа однесувањето надвор од Собранието и собраниската говорница - посебно ако начинот на однесување, или возење укажува дека навистина е потребно да се провери дали возачот е под дејство на алкохол.Се’ друго е свесна манипулација со правото од позиција на авторитет и лечење на епски комплекси на пониска вредност.

Македонија | пред 4 години

vakcina

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата. Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции

Македонија | пред 4 години

sofija-640x437

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на Софија Лаличиќ, судијаката од Основниот кривичен суд Скопје, за одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година – информираат од Врховниот суд.

Македонија | пред 4 години

marko

(ВИДЕО) Марко Пејчиновски, на големиот празник до Св Наум - со пливање

Јунакот на Охридското езеро, малиот Марко Пејчиновски денеска на големиот празник Св Наум Охридски со нов предизвик. Плива од Охридското пристаниште до манастирскиот комплекс Св.Наум. Чудото од дете, како што многумина го нарекуваат, е голем влубеник во Езерото, напорно тренира и не го плаши ништо.Пејчиновски, во 2018 година за девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сместува меѓу легендите на пливачкиот спорт.Успехот на Марко е дотолку поголем ако се има предвид дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа не ги попречува неговите амбиции и соништа - веќе ги остварува.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведено лице од Битола за извршена тешка кражба во Прилеп

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР Битола на 02.07.2021 го лишиле од слобода А.Б.(29) од Битола, поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп, при што бил одземен метален сеф со пари. Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

Drvja

(ВИДЕО) Во сред ноќ ги “ослободуваа” дрвата кои самиги бетонираа сред Скопје

Експресна интервенција на градот, забетонираните дрва се повторно слободни.

Скопје | пред 4 години

vrencoska1ww-650x543

Портпаролката Сузана Вренцоска објавила измислена изјава на скопски портал?

Дали официјалната портпаролка на реномираниот фестивал „Охридско Лето“ Сузана Вренцоска објавила измислена изјава од „охридската полиција“ на порталот каде е дописничка ?Во текстот објавен и потпишан од портпаролката на „Охридско Лето“ стои став на како што пишува „охридската полиција“ во кој се вели:„Од охридската полиција велат дека станува збор за нивни познат сограѓанин, кој и претходно бил пријавуван и носен по институции. Оттаму велат дека порано шетал по танга, но сега се охрабрил и соосема се соблекол.“Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека таква изјава од охридксата полиција никогаш не е дадена.„ Не! Од охридската полиција не е дадена таква изјава. Од наша страна беше кажано дека сме информирани за случувањето, дека припадници на Полицијата излегоа на лице место но не го затекнаа лицето за кое имавме пријава во тој момент тука.“ – дословно ја цитираме изјавата на Стефан Димоски.Дали портпаролката на „Охридско Лето“ ја измислила изјавата која ја објавила во порталот и како таа го пишувала текстот и се јавувала во Полиција во работно време кога би требало да работи во фестивалот „Охридско Лето“ ќе дознаеме ако портпаролот на  СВР Охрид Стефан Димоски го пријави случајот во „Советот за етика во медиумите“.ОХРИДСКОТО КОЛЕКТИВНО НОВИНАРСТВО ПУШТЕНО НА НАЈ ЈАКОНе професионализмот, импровизацијата и „пљукни залепи“ правењето прилози на т.н. „Охридско колективно новинарство“ последниве години кулминира. Целосно исти текстови потпишани од различни дописници се објавуваат на телевизии и портали, едни исти изјави се пуштаат на телевизиите, а можете да видите како изјава дадена во зима ( човек облечен во зимска облека ) на телевизија се пушта среде лето. Еден исти прилог, ( со скоро ист текст и исти изјави од соговорникот сниман еднаш )  една телевизија го има објавувано три пати, и истиот на нејзиниот Јутуб канал е аплодиран три пати, во период од три години.Прашање на време е кога некој покојник, снимен некогаш низ годините ќе се појави со изјава на телевизија и ќе анализира актуелна состојба.ОХРИДСКО КОЛЕКТИВНО НОВИНАРСТВО е термин створен од легендарниот новинар , покојниот Никола Манески кој овој термин го употреби анализирајќи ги приликите во охридските дописништва и портали.Автор: Љ. ТаневскиФото:  колаж од фотографии на: Прес служба на „Охридско Лето / прес служба на СВР Охрид 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања