Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skolo

Учениците во септември се враќаат во школските клупи

Учениците од септември ќе се вратат во училишните клупи, а работна група составена од претставници на Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози, претставници на Комисијата за заразни болести работат на протоколите кои треба да бидат готови за две недели, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.Скоро се готови протоколите за работа на училиштата од септември. Има уште некои технички детали кои ги работат во работната група во која членуваат претставници на МОН и наши епидемилози, претставници од Комисијата за заразни болести. Се планира децата да бидат присутни 100 проценти во училиштата. Протоколите опфаќаат мерки за дезинфекција, мерки на внимателност при влез и излез, нема да има мешање на различни класови. За неполни две недели целосно ќе бидат готови протоколите, а веднаш кога ќе започне имунизацијата со големата бројка вакцини кои доаѓаат викендов, продолжуваме со вакцинација на наставничките и наставниците. Од вкупно 30 илјади наставници, околу 10 илјади веќе се вакцинирани, тоа се оние наставнички кои работеа со физичко присуство, изјави  Филипче.Во учебната 2020/2021 година поради пандемијата со ковид-19 само учениците од прво до трето одделние посетуваа настава со физичко присуство, а останатите онлајн. 

Македонија | пред 4 години

23062021_VRSM_sednica-1

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието

Со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.

Македонија | пред 4 години

noz-ubistvo-napad

Скопјанец го избодел својот колега на работното место, по што побегнал

Полицијата трага по скопјанец кој го избодел со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци.Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа.„Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, Акопско.Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

23062021_PVRSM_Zaev_Rama_Ekonomski_Forum_1

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.„Тука сме со мојот пријател, колега, другар, брат. Имаме заедничка изјава со премиерот Еди Рама. Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а проблемот е самата Европска Унија. Брисел ни порача дека ЕУ не успева да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблем. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка, тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ. Но ние не сме сами и нема да бидеме сами, ниту изолирани.Нашиот народ, македонскиот народ и албанскиот народ пред себе имаат ист пат. Имаме иста визија, исти вредности – тоа се европските вредности, а не политиките на ѕидови и поделби, истакна Премиерот Зоран Заев и додаде:Ние не запираме, а знам дека на овој пат со нас се и Србија, Црна Гора, Косово, БиХ.Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не.Нашите народи и влади, среде Балкан, демонстрираат европски манири – забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот.И тука сме со премиерот Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите.Имаме пораки и за нашите граѓани, и за европските граѓани, и за домашните и за европските политичари – алармот е вклучен, суштината и вредностите на Европската Унија се доведени во прашање.Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидатки за членство кои ги прифатија и ги развиваат.И еве, денеска тие вредности се афирмираат од Западен Балкан: Инклузивноста, мобилноста, толеранцијата, правдата, солидарноста.Треба да знаат сите од Европската Унија, кои овие вредности ги прифатија и ги промовираат како составен дел од европскиот начин на живот, дека никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права.Минатата недела јас и делегацијата на Владата на Северна Македонија заминавме во Софија со отворено срце и подадена рака за решение и со подготвеност за исчекор во позитивна насока со Република Бугарија.Претходно во Софија беше и премиерот Рама.Иако направивме заеднички позитивен исчекор, за жал, и покрај јасните и недвосмислени пораки од целата меѓународна заедница дека сега е моментот да се најдат сили за пробив, бугарските колеги не успеаја да соберат доволно сила да одобрат почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.Без разлика колку бевме свесни и воздржани во очекувањата, одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија сепак е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето и лоша порака за целиот регион.Гласот на Бугарија да не ја одобри преговарачката рамка, наспроти едногласниот став на сите останати 26 земји членки, сметаме дека не е во духот на добрососедските односи.Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.Токму затоа сметаме дека во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји членки на ЕУ.Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори.Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство.Северна Македонија стана 30 полноправна членка на НАТО Алијансата и седна на масата со најмоќните земји на чело со САД.Денеска сме и НАТО партнери со Албанија, но и со Бугарија и Грција, и со сите останати земји членки на НАТО.За Албанија и Северна Македонија ЕВРОПА останува единствената алтернатива и стратешка национална цел, за која вложуваме искрени напори. За нас европските вредности се светост, колку и самата ЕУ да не успева да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа.Затоа ние, преку „Акција 2021” и преку „Европа дома”, сериозно ги имплементираме европските вредности дома. Продолжуваме и понатаму на реформскиот пат. И цврсто стоиме на ставот дека ЕУ ни должи испорака на ветеното. Нам ни треба забрзана европеизација и низ процесот на отворање на преговарачките поглавја.Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан.Сѐ уште му даваме шанса на процесот, и остануваме посветени на нашата стратешка цел – членство во ЕУ и целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија и Република Албанија.Имам уште една порака. Тие што ме знаат добро, знаат дека не се откажувам. А тие што не ме знаат, нека знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија повторно, и повторно, и повторно... и ќе барам решенија.И ние во таа цел ќе успееме! Северна Македонија е Европа. Албанија е Европа. Балканот е Европа. Благодарам“.Претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, како дополнување на заедничката изјава на двајцата премиери, од своја страна истакна:„Случајноста донесе, истиот ден кога требаше да разговараме за тоа што не се случи во Брисел, да бидеме тука на еден важен економски форум. Јас верувам дека ова е можност да се каже, што и да се случи или нема да се случи во Брисел, ние сме многу одлучни да продолжиме со сите сили да ја растеме економијата, да ја зголемиме благосостојбата, да ја зголемиме гордоста и силата на достоинството на нашите народи.Европската Унија може да одреди задачи за интеграцијата, може да одреди рокови за овие задачи, може да одреди датуми. Но, ЕУ не може да ја одреди ниту нашата местоположба среде Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, во европски држави, со политички, институционални, економски европски стандарди.Албанија го направи својот избор уште во времето на Ѓерѓ Кастриот и го потврди повторно својот избор уште од ерата на националната преродба. За Албанците сонцето изгрева таму каде што заоѓа, а нашата иднина е таму каде што Бог одредил да имаме своја земја, во срцето на Европа.За мене, всушност, во оваа точка имаме една непроблематична разлика со Зоран, бидејќи, за мене не се случи ништо друго, освен тоа што ЕУ потфрли повторно да го одржи ветувањето, да остане посветена на ангажманот и да биде на вистинскиот став.Животот продолжува и напредокот ќе продолжи со сите сили, затоа што тој не е наметнат однадвор, туку е наметнат од нас внатре.Регионалната соработка ќе продолжи со сите сили и со сите држави од Западен Балкан кои се подготвени да се туркаат напред безрезервно, затоа што овој регион е опкружен со границите на ЕУ и, ако ние не можеме да го смениме начинот на кој функционира ЕУ во однос кон нас, ние може, треба следствено да го менуваме начинот на нашето функционирање едни кон други. И, топењето на границите меѓу нас е за да го претвори нашиот регион во простор на целосна имплементација на четирите слободи на ЕУ: слобода на движење на луѓе, слобода на движење на стоки, слобода на движење на услуги и капитал.Тоа ќе продолжи без да сопре, бидејќи ние сме премногу мали да имаме силни економии останувајќи одвоени едни од други, а инаку, ние сме доволно големи ако едни со други го претвориме регионот во еден заеднички економски простор“.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19, три во Скопје и по еден во Куманово и Тетово.Регистрирани се и 8 оздравени пациенти – по двајца во Скопје и Тетово и по еден во Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар.Пријавено е едно починато лице од Кичево (39 години), починато во болнички услови.Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-129, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–36, Судска медицина-3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–42, МАНУ-39, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-153, Биотек-161, Систина-106, лабораторија Лаор-172, Синлаб-8, Ремедика-18, Плодност–35, Генеа–13, Никоб лаб-370, ВФВ Медикал-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 918.Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:Скопје 68649, Активни 92Куманово 8880, Активни 34Прилеп 8327, Активни 22Тетово 7245, Активни 24Битола 6304, Активни 6Велес 5472, Активни 4Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5018, Активни 16Штип 4960, Активни 1Струмица 4118, Активни 6Струга 2981, Активни 1Кочани 2792, Активни 1Кичево 2593, Активни 16Гевгелија 2195, Активни 1Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1523, Активни 0Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1226, Активни 5Радовиш 1161, Активни 2Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 1Дебар 941, Активни 1Виница 886, Активни 4Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 0Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 2Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

Возач обвинет за предизвикување општа опасност - наместо да застане на полициски знак, ја зголемил брзината

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 16 мај, обвинетиот 33-годишник од село Беловиште, управувал рент-а-кар возило Шкода рапид со скопски регистарски ознаки. Во близина на една бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената. Тоа го забележал полициски службеник кој преземал службени дејствија за контрола на брзината во сообраќајот – радар, па на возачот му сигнализирал да запре. Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар. По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили. Кога оштетениот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот. Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​

Македонија | пред 4 години

IMG-5577

Маричиќ: Потребен е консензус за промена на изборниот модел

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот настан на ЦИВИЛ изрази лично задоволство од конструктивноста на политичките субјекти и од досегашниот постиганат начелен договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но дека дополнителнително останува да се дефинира самиот изборен модел.,,Партиите ќе мора да продолжат и периодот после изборите, уште поинтензивно и конструктивно да пристапуваат кон ова прашање, бидејќи е од особено значење за државата, но првенствено за самите граѓани” - порача Маричиќ.Поголемиот дел од измените на Изборниот законик на кои се работеше изминатиот период, според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, беа во делот на водење на избирачкиот список, начинот на кандидирање, финансирање на изборна кампања и заштита на избирачкото право.Што се однесува околу самиот изборен модел, Маричиќ истакна дека ставот на Владината коалиција е членовите на општинските совети да се бираат преку отворени листи. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите.Министерот за правда уште еднаш потенцираше дека Изборниот законик се менува со консензус и од таа пракса нема отстапување.

Македонија | пред 4 години

pasosi-1

Спасовски: Нема застој во издавањето лични документи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи. 

Македонија | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Пустинска прашина причина за загаденоста на воздухот во Македонија

Пустински ветер е причина за загадениот возух во целата земја, соопшти Министерството за животна средина и птосторно планирање. Оттаму додаваат дека среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките вчера биле благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното местпо во Гевгелија.„ При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови мена надминувања.Во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни“ објаснуваат од министерството.Исто така, дополнуваат дека во тек е консултација со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Македонија влегува во портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, предупредува Министерството за здравство.Оттаму додаваат дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.Исто така се додава дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето:-Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.-Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.-Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.-На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Македонија | пред 4 години

Sali-Murati-Talat-DHaferi-882x580

Левица поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд – Сали Мурати

Денес, правниот тим на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот уставен судија – г. Сали Мурати од Гостивар, поради постоење основано сомневање дека го сторил кривичното дело саботажа, како дело против државата, казниво по чл. 315 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од четири години, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:На пријавениот му се става на товар дека, како поранешно овластено службено лице (претседател на Уставниот суд на РМ), која функција ја вршел во мандатниот период од 2019 до 2021 година, свесно и злонамерно, занемарувајќи ги своите службени должности, на прикриен и подмолен начин, одбил ажурно да постапува по поднесена итна претставка Иницијатива У. бр. 51/2019 за оцена на т.н. „Закон за јазици“ и контроверзниот т.н. „указ“ за негово прогласување – без потпис на Претседателот на Републиката, иако тоа му била уставна и деловничка должност, и со тоа овозможил недозволиво одолговлекување до недоглед на постапката за оцена на уставноста и законитоста (која сè уште не е завршена!?), со тешко отстранливи штетни последици во праксата.Пријавениот се терети дека, на овој начин, сторил енормна политичко-правна штета на ниво на држава – овозможувајќи во правниот промет и сообраќај да стапи на сила т.н. „закон“ без потпис од шефот на државата, што е без преседан во нашата досегашна државно-правна историја! Со ова свое исклучително штетно дејствие, тој – занемарувајќи ја својата обврска како „чувар на Уставот и законите“, дополнително причинил и значителна имотна штета која се состои во тоа што сите стотици централни и локални органи и званични јавни институции, противуставно, биле приморани да ги сменат во двојазични своите официјални табли на кои се испишани нивните називи, потоа службените печати, штембили, меморандуми, коверти, интерни инсигнии, веб-сајтови и сл. – и на овој инсајдерски начин, со своето малициозно неделување и пропуштање службено дејствие, придонел да се оштети државниот буџет со апроксимативна сума од неколку милиони евра во денарска противвредност.фото: Левица

Македонија | пред 4 години

018

Спасовски им оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претседателката на Одборот за подигање на спомен обележје, претставници од Владата на Република Северна Македонија, претставници од Одделот за специјални полициски операции и семејствата на бранителите присуствуваа на откривањето на спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители од Берово кои ги положија своите животи во конфликтот од 2001 година: Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски и положија цвеќе во знак на сеќавање и почит кон нив.,,Денешниов чин претставува една благородна идеја на локалната власт, на беровци, која што доживеа своја реализација, и преку која сакаме сите ние уште еднаш да им се поклониме и да го овековечиме споменот за нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашава земја. Впрочем, нашата држава е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари ... Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава. Всушност, сето она што сме го имале и го имаме им го должиме на нашите херои“, рече во своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.,,Неизбришлив е споменот на тие наши великани кои со своето највеличествено дело и залог - сопствениот живот - оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Наша должност и аманет пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство за што сме им вечно благодарни. Нека им е вечна слава!“, го заврши своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.видео: МВР

Македонија | пред 4 години

elem

Мицкоски: Во 2017 година го оставив ЕЛЕМ со 30 милиони евра во депозити и на сметка, а СДСМ лани го однеле во загуба 16.8 милиони евра

Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:Загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра, загуба на МЕПСО 6 милиони евра и вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година, напиша Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании….

Македонија | пред 4 години

23062021_PVRSM_Zaev_Prv-Ekonomski-Forum-vo-Skopje_4

Заев на Првиот Економски Форум: Со регионално поврзување и ЕУ интеграции до поголеми инвестиции, стандард и економски раст

Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање го отвори Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании.Премиерот истакна дека влегуваме во нова фаза на економски раст, кој ќе го придвижат зголемената регионална економска соработка, спроведувањето на сите потребни стандарди што се својствени за државите членки на ЕУ, како и посебниот Интервентен план за инвестиции ИПИ 2021 - 2027 за економски развој.Првиот Економскиот Форум во Скопје има голем потенцијал да прерасне во традиционален собир кој на највисоко ниво секоја година ќе обединува регионални и меѓународни политички лидери, амбасадори, претприемачи, истакнати личности од различни општествени сфери.Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добро-соседски односи, неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните.Пораката која на националните и регионалните медиуми се пренесуваше од Делфи Самитот во Атина кој се одржа пред еден месец, ја упатувам и тука од Скопје: „Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во Европската Унија“. Денес, ќе додадам и Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднината, а минатото е поука дека поделби и раздори меѓу народите на Балканот не водат никаде.Горд сум што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО. Поддршката од Грција ја имаме и на нашиот европски пат и благодарни сме на тоа.НАТО членството значи сигурност и безбедност, но значи и можност за економски развој.Нашата земја, ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавја за членство во ЕУ што е безусловно потврдено од Европската Комисија, како и од огромното мнозинство на земјите членки, истакна меѓудругото премиерот Зоран Заев.Премиерот додаде:„Влегуваме во нова фаза на економски раст, кој ќе го придвижат: зголемената регионална економска соработка, спроведување на сите потребни стандарди што се својствени за државите членки на ЕУ, како и преку посебниот Интервентен план за инвестиции ИПИ 2021-2027 за економски развој.ИПИ ги опфаќа сите инвестиции кои се планира да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како- вредност на планирани инвестиции од над 8 милијарди евра. Комплементарен план на ИПИ 2021-2027, во завршна фаза на подготовка е и Планот за финансирање на растот, со кој се отвораат сите можности за привлекување на приватниот капитал, комбинација на јавни и приватни инвестиции, преку создавање на законски можности за нивно спроведување, но и преку воведување на иновативни финансиски инструменти атрактивни за приватниот капитал. Она што следи сега е, прво, унапредување на регионалната трговска размена на стоки и услуги, како и движењето на луѓе, капитал и знаење, што претпоставува отстранување на сите постоечки бариери. Второ, неопходно е надградување и на процесот на дигитализација во државата, преку обезбедување на дигитални вештини, дигитална инфраструктура и дигитална безбедност.  И потоа следи подобрување и на конкурентната способност на македонската економија, преку структурни промени низ „паметна специјализација“, подобрени вештини преку подобро образование, истражување и иновации и вклучување во постојните, како и креирање на нови индустриски вредносни вериги, истакна премиерот.Меѓу учесниците на форумот се и премиерот на Албанија Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој ќе се обрати преку видео-конференциска врска, потоа вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за правда Бојан Маричиќ, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, Масимилијано Паолучи и Анди Аранитаси, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија итн.

Македонија | пред 4 години

ohrid-2

Македонија е на Австриската листата на безбедни земји за патување

Австриското Министерство за здравство ги објави имињата на 11 нови земји кои се вклучени во ранг листата на сигурни држави по прашањето на пандемијата од коронавирусот. Ова ќе им овозможи полесно патување на нивните граѓани во Австрија, пренесуваат агенциите.Новиот декрет на Министерството за здравство на Австрија стапува на сила од утре, па граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја.Покрај споменатите балкански земји, на списокот на безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.Граѓаните на овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, или лекарско уверение за претходно прележан Ковид-19. 

Македонија | пред 4 години

02092020_PVRSM-Zaev_sredba_ambasadorka-na-SAD-Brnz_1

Брнз: Разочарани сме што членките на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија

Разочарани сме што земјите-членки на ЕУ не успееа да ја одобрат преговарачката рамка на Советот за општи работи вчера, изјави денеска на Првиот Економски фориум Скопје , американската амбасадорка Кедјт Мери Брнз.-Но , нема сомнежи дека Македонија ја направи потребната работа за да ги започне пристапните преговори и тоа е чекор кој ние веруваме дека би ја зголемил политичката стабилност, би ја унапредил политичката и економската конекција со Европа и би помогнал на трансатлантската врска.“ , рече Брнз во обраќањето пред учесниците на Форумот .–Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми, истакна Брнз.Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и не променети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.Претседателот Бајден, посочи Брнз, во рамки на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме", и продолжувањето на градењето на врските, нагласи Брнз, меѓу Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка.

Македонија | пред 4 години

zaev-rute

„Твит“ од Заев ги налути Грците, го замрзнува ратификувањето на меморандумите со Македонија

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Макеодонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за фудбалската репрезентација, во која не го користи уставното име на државата.Под наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Северна Македонија“, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека станува збор за три меморандуми кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна. Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со Договорот.– Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор во духот во кој е потпишан. Го повикуваме господинот Заев да се воздржи од ширење реторика на поделби, особено во чувствителни прашања како што е фудбалот. Во секој случај, спроведување на догоорот е еден од критериумите за приемот на таа земја во Европската Унија, изјави Портпаролката на грчката Влада Аристотелија Пелони.Заев вообичаено како никој друг политичар од Македонија го користи името „Cеверна Македонија“, но во периоди кога се обидува да настапи по-патриотски, Заев уфрла по некое „македонски“. Во конкретниот случај за кој реагира Грција, за време на натпреварот Македонија – Холандија во Амстердам, Заев објави твитер порака во која рече дека е на стадионот во Амстердам и дава „силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“.

Македонија | пред 4 години

toplo-vreme-768x556

Денеска пеколни температури со висок УВ

Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.УХМР 

Македонија | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Воздухот во Скопје, Велес, Кавадарци и Кичево среде лето е загаден

Вчерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките покажаа дека воздухот е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50.Во скопската општина Карпош синоќа беа измерени 119 мг/м3 од ПМ10 честичките. Во Кичево завчера во 16 часот беа измерени 135 мг/м3 ПМ10, во Тетово во 18 часот со 123 мг/м3 од ПМ10 честичките…Невладината организација О2 иницијатива синоќа алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Куманово, Битола…Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.извор/фото: агенции

Македонија | пред 4 години

obuka

Во четврток “Отворен ден за јавноста” граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата на Воздухопловниот ВИНГ

Воздухопловниот ВИНГ на АРМ од денес до петок на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе изведува летачка обука над водени површини со два хеликоптери Ми-8/17.➡️Како дел од активностите на Воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со Општина Охрид во четврток на 24.06.2021година во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука на АРМ кај каналот „Студенчишта“ ќе се реализира „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ.📝Активностите се дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар за координација за одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и ЦУК која треба да се реализира во месец септември 2021 година во Охрид, пипува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

avtobus

Влада: Одобрен е превоз на патници со максимален капацитет на превозните средства

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници.На денешната седница Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, објави на социјалните мрежи министерот за финансии, Фатмир Бесими.„Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, наведе Бесими.Според министерот, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.

Македонија | пред 4 години

zaev-ahmeti

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, брифираат од Кабинетот на премиерот, откако првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека овие теми веќе биле ставени на маса.„Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договорот меѓу Македонците. Што се однесува до химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“, рече вчера Ахмети во дебатна емисја.Сепак, од Кабинетот посочуваат дека во изјавата на лидерот на ДУИ не забележале дека тој изјавил дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.„Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Ќе дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда

Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот „рекла-казала” на неколку, најблаго кажано, уценети лица од власта со најбрутални методи, очекувано, уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на обвинителство креирано по наредба, пишува на социјалните мрежи, поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.„Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот, па удираш по тој кој го направил тоа што не можеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата, а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт“, се наведува во објавата на Груевски.Поранешниот премиер кој доби политички азил во Унгарија, сепак вели дека беснеењето на актуелната власт ќе има крај.„Ќе дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион, за што само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите“, нагласува Груевски.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19: од Скопје и Тетово по 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден во Куманово, Прилеп и Струмица.Регистрирани се и 31 оздравен пациент од Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани по 2 и по еден од Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово.Не се регистрирани нови починати лица.Направени се 2.952 тестови преку: ИЈЗ-97, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–44, Судска медицина-1, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–2, МАНУ-96, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-291, Биотек-235, Систина-163, лабораторија Лаор-201, Синлаб-28, Ремедика-19, Плодност–64, Генеа–13, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.148.Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:Скопје 68646, Активни 91Куманово 8879, Активни 33Прилеп 8327, Активни 22Тетово 7244, Активни 25Битола 6304, Активни 6Велес 5472, Активни 4Гостивар 5181, Активни 7Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5018, Активни 16Штип 4960, Активни 1Струмица 4118, Активни 6Струга 2981, Активни 1Кочани 2792, Активни 1Кичево 2593, Активни 18Гевгелија 2195, Активни 2Неготино 2184, Активни 0Свети Николе 1523, Активни 0Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1226, Активни 5Радовиш 1161, Активни 2Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 1Дебар 941, Активни 1Виница 886, Активни 4Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања