Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-mickoski-2

Заев: Мицкоски најверојатно е изгубен, ако некој го пронајдат нека го вратат во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот, Зоран Заев, реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре во Софија македонската делегација ќе ги прифати барањата од Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Според него, најверојатно изгубен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.„Имаше и обвинувања дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот. Ќе прашам јавно, зарем може изгубен идентитет повторно да го изгубиме. Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е најверојатно господинот Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, рече Заев.Претходно Мицкоски обвини дека Заев, Бучковски, Османи и Димитров утре во Софија ќе ги прифатат барањата на Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.„Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.Според него, загрозени се националните и државни интереси, а Заев им дава поклон на Бугарите кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.„Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров“, напиша Мицкоски.извор: Макфакс

Македонија | пред 4 години

evra-falsifikat

Казнен налог за 28 лица поради групирање на прослава за положен испит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија. Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог да определи парични казни за сите обвинети од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_2

Отфрлени кривичните пријави против Џефери и пратениците кои со со ковид-19 кои дојдоа во Парламентот

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичните пријави поднесени од две политички партии против претседателот на Собранието и двајца пратеници за кривични дела – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и Пренесување заразна болест, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.Исто така отфрлена е и пријавата против Собранието на Република Северна Македонија како правно лице за кривичните дела – Пренесување заразна болест, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и Тешки дела против здравјето на луѓето, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат кривичното гонење.По приемот на кривичните пријави, за утврдување на битни факти и докази, јавниот обвинител достави барање за доставување податоци до Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика, од каде го обезбеди записникот од извршениот инспекциски надзор во Собранието по пријавениот настан. Исто така, од Собранието беше побарано да достави известување и да се појаснат фактите за начинот на закажување на седниците, известувањето на пратениците и почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. Притоа, Собранието достави известување во кое се наведува дека двајцата пратеници на денот на одржување на седницата, дошле во Собранието без клиничка симптоматологија со сопствен превоз. Влезот, движењето и сместувањето во просториите за гласање, како и излезот на пратениците биле спроведени во согласност со одобрените протоколи од страна на Комисијата за заразни болести. И при извршениот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за труд било констатирано дека нема забелешки.Од доставените докази, неспорно е дека на критичниот ден во Собранието на Република Северна Македонија се одржале 32-та и 36-та седница, закажани од пријавениот претседател на Собранието. На седниците присуствувале двајцата пријавени пратеници кои во тој момент биле позитивни на Ковид-19, имале решенија за изолација и биле во домашна изолација без изразена клиничка симптоматологија. Но, од ниту еден доказ не произлезе дека тие презеле дејствие со кои ги прекршиле или не постапиле согласно прописите и наредбите издадени од надлежен орган и со тоа предизвикале пренесување на заразна болест и нарушување на здравјето на населението. Пријавените постапиле согласно протоколот за работа во услови на пандемија донесен од Комисијата за заразни болести на 30.07.2020 година, како и дополнувањето на овој протокол од 17.11.2020 година.Од тие причини, по анализа на пријавите, прилозите кон нив и прибавената документација, јавниот обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените не се содржани елементите на наведените кривични дела ниту пак друго дело кое се гони по службена должност.Што се однесува пак до пријавата насочена против Собранието на Република Северна Македонија, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање, имајќи го предвид член 28-а став 3 од Кривичниот законик, согласно кој кривично се одговорни сите правни лица со исклучок на државата. Во конкретниот случај постојат други околности кои го исклучуваат кривичното гонење, бидејќи Собранието е државен орган и носител на законодавната власт.Решението е доставено до пријавителите, кои согласно член 288 став 2 од Законот за кривична постапка, имаат право на жалба во рок од осум дена до Вишото јавно обвинителство Скопје.​

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Потпишан колективен договор со членовите на УПОЗ во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација – Аеродром, Славе Еленовски, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.Од овој договор корист ќе имаат вработените во Општината, кои се членови на УПОЗ.„Се залагаме за еднаков и праведен третман на сите работници, како и за подобрување на условите во кои работат тие. Почитувањето на работничките права е императив за сите нас“, изјави градоначалникот Марин.Со колективниот договор, кој е потпишан врз основа на претходно потпишаниот договор меѓу Владата на РСМ и УПОЗ, се регулираат правата и обврските на двете страни, се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, платите, надоместоците на плати и други примања, додаток на плата.Исто така, овој договор го регулира и правото за службени патувања, регресот за годишен одмор, правата за јубилејни награди, информирањето на вработените, а се пропишани и условите за слободно дејствување и условите за работење на синдикалната организација на општината.

Скопје | пред 4 години

pasosi-1

МВР: Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Македонија | пред 4 години

IMG_0751

(ВИДЕО) Лоба: Музичкото анплагд матине на мојот ЈуТуб ќе ви овозможи да уживате во албумот „Нов свет“

Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум “Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на ЈуTуб каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.- После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме - го правиме. Ве поканувам на мојот ЈуTуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна, вели Викторија Лоба.Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен Вокал, Кристијан Кожумановски бас гитара, Теодор Теодосиевски тапани, Стефан Алексовски клавијатури, Филип Попов гитара, а продукција на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино.Песните Нов свет, Една единствена, Само мој, Дојди, Опиум и Воздушка се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

Магазин | пред 4 години

7a494662-16fa-4669-9082-a3e056d25404

Зајкова на средбата со сенаторот Михаил во Букурешт: Поддршката од Романија е важна за европските процеси на земјава

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова на работна посета во Букурешт, Романија се сретна со Сенаторот Раду-Михаи Михаил, кој е координатор за надворешни работи на УСР и член на Националното биро но и шеф на романската делегација во ПС на ОБСЕ.- Северна Македонија направи многу, особено со договорот од Преспа и заслужува да биде дел од Унијата. Затоа е потребна поддршка на земјите од регионот за да можеме да чекориме напред сите заедно, а со тоа да ги увериме граѓаните дека иднината ни е во европското семејство. На оваа средба разговаравме за билатералната соработка помеѓу земјава и Романија и се согласивме дека сите чинители, а вклучително и сестринските партии треба меѓусебно да лобираат, да соработуваат, да разменуваат искуства, да се поддржуваат за своите земји на евроинтегративниот пат затоа што тоа е клучно доколку сакаме напредок во овие процеси, истакна пратеничката Моника Зајкова.Михаил истакнал дека Романиjа е силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграциските процеси и дека ниту еден билатерален спор не смее да биде пречка на патот кон ЕУ.

Македонија | пред 4 години

galija

Сопственикот на галијата во Вардар со своја вистина: На судењето не Петре туку и св. Петар може да дојде, фактите се тие

Жарко Миленкоски извршен директор на приватна компанија со капитал од Република Бугарија, која е сопственик на бродот лоциран во реката Вардар веднаш до хотелот Холидеј Ин, вели дека бродот е целосно нивна инвестиција во износ од 1,2 милиони евра и местото беше под закуп на Градот Скопје за период од 10 години.„Во текот на изминатата година за време на пандемијата, нашиот бизнис целосно запре и претрпевме тешка криза. Во таква ситуација, ние се обративме до Градот Скопје и лично до градоначалникот г-дин Шилегов неколку пати со барање за каква било форма на помош во време на криза. Не само што не добивме никаков одговор од господинот Шилегов, туку во јуни 2020 година добивме писмо од Градот дека нашиот договор за закуп се раскинува поради задоцнето плаќање на 2-3 месечни закупнини, иако сите достасани плаќања беа извршени неколку дена порано“, вели Миленкоски.Тој во дописот кој го испрати вели дека по договорот, плаќаме и дополнителни 1000€ месечно како за некој вид концесија.Закаснивме со плаќање за време на карантинот кога никој не работеше. Лично на Градоначалникот му испратив две писма со молба да објасни како мисли да ни помогне, затоа што даваше изјави дека ќе помогнат на стопанството. Кога видов дека не одговара плативме се’ што должиме 100%. Веднаш потоа договорот ни беше раскинат. Тоа е вистината. Се’ друго е манипулација.На судењето на 7-ми Јули може да дојде не лично Петре Шилегов, туку и Св. Петар да дојде фактите се сепак на наша страна.„Единствена причина поради што и дојдовме до тука, е НЕНОРМАЛНИОТ притисок и закани спрема Судиите. Можеби затоа сака да дојде “лично да го брани градот”, за да може лично да се заканува со смена на Судиите.Поради горното, ги информиравме Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на Р.Бугарија и Председателот на Р.Бугарија.Доста е со притисоци на Судиите!!!Во продолжение ви го пренесуваме дописот во целост:Јасно е дека рушењето на бродот е начин за собирање политички поени на Петре Шилегов.Токму затоа тој дури направи и ПРЕС-конференција пред бродот, претставувајќи го рушењето како најголемо достигнување.Исто како Дон Кихот што ги рушеше ветерниците…Циркус, наместо да сече ленти да отвара булевари, нашиов Градоначалник се фали што руши инвестиција од 1.2 Мил Еур затоа што за време на карантин од Ковид 19, сме закасниле со плаќање на вкупно 3000 Еур.НЕ ПРИЗНАВА ВИША СИЛА, има да ја сруши ветерницата, пардон Галијат, па макар последно да му е.Аман!Чисто фактогравски:Истиот тој ден кога влезе да руши во Април, во тек беше судско рочиште во Основниот граѓански суд Скопје за привремена забрана за запирање на извршувањето.По две одржани рочишта, Основниот граѓански суд Скопје донесе Решение за привремено запирање на сите извршни дејствија се додека не се реши спорот за инвестицијата.Оваа одлука стапи во сила веднаш и извршувањето што веќе беше започнато, се запре.Постапувајќи по жалба, Апелациониот суд Скопје го укина решението и го врати предметот на повторно одлучување во првостепениот суд. Оваа одлука беше донесена експресно под НЕНОРМАЛЕН ПРИТИСОК и покрај тоа што за овој вид тужби вообичаено трае со месеци.Оваа одлука на судот не е конечна и има закажано ново судско рочиште на 7 јули. Но градоначалникот г-дин Шилегов повторно поднесе барање за извршување, а Извршителот не извести дека на 17.6.2021 година во 9 часот ќе продолжи извршувањето, т.е. рушењето, иако од наша страна беше побарано да не се преземаат дејствија се до конечна одлука на судот, а со цел да се спречи натамошна штета.Само за информација, првиот пат кога започнаа со извршувањето, беше причинета материјална штета во износ од четириесет илјади евра, за што поднесовме посебна тужба.Почитувани медиуми, ве повикуваме на ден 17.6.2021 година во 9 часот пред галијата лично да посведочите како Петре Шилегов од позиција на моќ ја руши правната држава и удира на темелите на владеењето на правото. Воедно, директно се одзема и уништува странска инвестиција со странски капитал во време на тешка економска криза во која странските инвеститори го имаат избришано Скопје од картата. Конечно, се прашуваме која е намерата на Шилегов за насилно рушење на бугарска инвестиција на само неколку денови пред одлучувањето за нашиот европски пат со Република Бугарија.Дали на овој начин се врши политички притисок, а на грбот на даночните обврзници и странските инвестиции? Сметаме дека на сите овие прашања и многу повеќе заслужуваме одговор и како бизнис, а пред сè како граѓани на оваа држава и на Градот Скопје.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-3

Случка со бездомник во Скопје кому му се слошило: Прифатилиште нема, во такси не го примаат, Брза помош не доаѓа

Денес имав доста жална случка со бездомно лице на улица, но научив доста и сакам истото да го споделам со вас, ако се најдете во слична ситуација.Возејќи точак низ центар, налетав на две жени како се обидуваат да покренат паднат постар човек. Застанав, занемарувајќи ги сите што поминуваа без да свртат глава, и по кратка проверка за повреди, го кренавме на нозе, стои во објава на ФБ.Во продолжение на истата се додава:1) Преместете го човекот на безбедно место, под сенкаБидејќи беше топло денес, а човекот носеше многу слоеви облека, најверојатно му се има слошено. Го тргнавме на безбедно место и го седнавме на столче.2) Ако мислите дека е паднат притисокот, дадете нешто освежително и шеќер со водаЕден господин вработен во блиска кафана, дотрча со чаша вода и шеќер, му ја дадовме на човекот да ја испие. Беше изнемоштен.3) Комуницирајте, како се вика, каде оди, како можете да помогнетеДознавме дека е бездомно лице, дека пробува да стаса до прифатилиштето Момин Поток. Неуспешно беше мојот обид за барање такси да го однесе до таму (не сакаа да примат бездомно лице, иако ние ќе платевме екстра).ℹ️ Во контакт со Момин Поток, ми кажаа дека преку лето немаат постојатно прифатилиште за бездомни лица, само среда и петок има персонал и услуги за нив. Запозаени се со лицето, и во денови кога е отворен центарот може да му помогнат.ℹ️ За постојано прифатилиште на бездомници во Скопје се грижи Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, лоцирано на ул. Никола Вапцаров бр.11 (зад Центар Бар/бившо McDonald's). За жал, човекот прима некако пензија, и со тоа не се смета за странка што може да и помогнат.4) Доколку е потребно, повикајте 194Бијдеќи човекот имаше потешкотии во движење, го прашавме дали може да викнеме брза помош, за да му помогнат. Се согласи, но 194 телефонот ѕвонеше зафатено скоро 10 минути.ℹ️ Ако ѕвоните на полиција, пожарна или брза помош, а телефонскиот број е зафатен, додадете ја последната цифра од бројот уште еднаш на крајот, и пробајте пак. Пример: Полиција - 1922, противпожарна слжба - 1933, брза помош - 1944. Не знам дали ова е бекап оператор, но секогаш сум добивал вака линија ако примарната е зафатена. За жал возила немаше за да дојдат, сите беа на терен.5) Видете дали може да му понудите храна или пијалокЧовекот одби и храна и пијалок, со него имаше се тоа, му требаше само одмор. Седев со него, и му објаснив дека утре може да појде до Момин Поток, за да се измие и да добие нова облека. Му дадов се што имав во мене пари, за да ги искористи за такси утре, со цел да не му се слоши пак вака.По некое време, човекот тргна повторно на својот пат.Да, имав огромен грев дека овој човек нема институција што може да му помогне, без разлика дали имал плата, минато со алкохолизам. Но бев и многу благодарен на келнерот, на двете жени (Калина знам едната беше) што први дотрчаа, до вработените во пекарата што му дозволија да одмори кај нив и му понудија храна и вода. 💙--На овој свет сме дојдени за да си помагаме едни на други. Не ми е гајле дали си македонец или французин, дали си демократ или вмровец, дали си азијат или од ченто. Ако е човек во невоља, веднаш ќе помогнам, човечки е. Направете го истото.Се надевам дека повторно ќе го сретнам Зоран, и ќе најдам подобар начин како да му помогнам да го сврти животот на подобро. Ако знаете за која личност станува збор, исконтактирајте ме.Бидете хумани за вашите сограѓани, сакајте се...

Скопје | пред 4 години

policiski-cas-policija-1

Вработените на МВР денеска ја добиваат бонус платата за над 150 часови прекувремена работа во 2020

Денеска  на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020.Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот.Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија.Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

ohrid-1

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации, информираат од оваа институција.Појаснуваат дека оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Македонија | пред 4 години

imigranti-2

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан

Денеска (15.06.2021) околу 15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче,скопско пронашле 13 лица- мигранти од Пакистан. А. К. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 4 години

koce15062021

Трајановски: Градот Скопје во време на ВМРО-ДПМНЕ беше во финансиска позитива, по доаѓањето на Шилегов градот е задолжен и неспремен за капитални проекти

Во вечерашното издание на емисијата "Што не е јасно?" гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски кој зборуваше за инфраструктурната стагнација, погрешните политики на сегашниот градоначалник Петре Шилегов, како и лошите проекции за иднината и развојот на градот.Трајановски потенцираше дека во време кога тој бил градоначалник, Град Скопје бил прогласен за еден од најмобилните градови во Европа. Приматот за најмобилен град не е ни малку случаен, поради тоа што се работеше на олеснување на градскиот јавен превоз, жичарата на Водно, вело патеките низ Скопје, како и пешачките зони, додава Трајановски."Во 2009 ЈП должеа околу 17 милиони евра, а во 2011 година Град Скопје веќе беше стабилен и со спремен буџет за инвестирање во капитални проекти. Тоа покажува за силната администрација, посветената работа, како и јасната визија за напредок и реализација на проектите. Сега во 2017, откако Петре Шилегов го презема Град Скопје, градот е повторно задолжен и касата е празна. Тоа е доволен показател за недомаќинското работење на Шилегов", истакна Трајановски.Шилегов поради лошото менаџирање ги обврза граѓаните да плаќаат поголеми даноци и Паркови и Зеленило да наплаќаат поголем данок, на страна од оној на Водовод и канализација, а тоа граѓаните можат и да го приметат на сметките кои што им стигнуваат на месечно ниво. Таквите потези не се воопшто добри ниту за граѓаните, ниту пак за Град Скопје, бидејќи проблемите не се решаваат на таков начин, туку со реална перцепција за проблемот и професионален приод кон решавањето на истиот, истакна Трајановски.Скопјани очекуваа барем исполнување и реализирање на проектите кои што беа започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа да видат и нови од страна на Шилегов. Болната вистина е дека Шилегов не е способен ниту да ги доврши започнатите проекти, камо ли да започне нови капитални проекти. Градот доживува четиригодишна стагнација, парите се потрошени во празни проекти преку кои се перат пари, а граѓаните остануваат да се борат со секојдневните проблеми наметнати од не работата на Петре Шилегов и администрацијата, заврши Трајановски.

Македонија | пред 4 години

joci-111

Јоци тврди дека ќе го збрише Шилегов

Го слушам Коце на Алфа. Не одговори дали ќе трча против Шилегов наесен. Но, самото гостување нешто кажува.Но...ако Коце е името на вмровци и реши да трча, Петросаурус може слободно уште од утре да ги пакува куферите. И да си оди во Маврово да бере печурки и чаеви.Има да те збришам од политичка карта, Петро несреќо - нема да знаеш да попуниш уплатница, напиша новинарката Јорданка Иваноска Јоци на својот ФБ профил.

Скопје | пред 4 години

eftov-i-petreski

ВИДЕО: Васко Ефетов ја емитира жената од снимката со фото од Жугиќ

Краток исечок од емисијата “Во Центар” со Васко Ефтов во која гостин беше Филип Петровски. Погледнете како Ефтов емитираше што се зборува во снимката која пред една недела беше објавена на Јутуб.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-policija-policaec

Владата донесе одлука: Се укинува полицискиот час

Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:- Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.- Исто така од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.- Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.- Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.- Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

Македонија | пред 4 години

oro

ВИДЕО: Оро се вие на улици во Букурешт, Македонци го тресат градот!

Свири мајсторе нешто за срце, нешто за Македонија, оро се вие на улици во Букурешт, Македонци го тресат градот!извор: Канал 77

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кривична пријава за две лица- пронајдени 1243 стебла марихуана во Охридско

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14.06.2021 на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид.Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1243 стебла Канабис сатива.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

28 нови позитивни од 2.887 тестови, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и по еден случај во Штип и Струмица.Во изминатото деноноќие нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и по еден оздравен во Кичево, Гевгелија, Свети Николе и од Делчево.Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Македонија | пред 4 години

4-20210615_101527

(ВЕЖБА) После рушење објети во Струшко и Охридско – повторно рушење за барање и спасување настрадани од катастрофа, во коорганизација на ЦУК

На терен се појавува потреба и да се истражи ситуацијата за после рушење објети во Струшко и Охридско повторно да има рушење за барање и спасување настрадани од катастрофа. Тоа е неминовност за да се спасуваат човечки животи, особено ако има затрупани и заробени во рушевини. Тоа е дел од сценариот на претстојната есенска НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ во коорганизација на нашиот Центарот за управување со кризи во Охридско-струшкиот регион, којшто е и домаќин на вежбата во име на државата.Токму заради таквото спасување животи на настрадани при комбинарани катастрофи – земјотрес и поплава, според сценариото на вежбата, денеска теренски се реализираа дел од подготовките за претстојната есенска НАТО. Беа посетени конкретни работни плански места што се точки со конкретни објекти сценариа со извежбување на конкретни субјекти од системот за управување со кризи, при што теренски се планираат деталите за барање и спасување, поддршкат и логистиката, цивилно – воената координација, искустено осознавање и работа преку виртуалната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, употреба на НИКС – Напредна генерација Команден систем за управување со инциденти што Центарот за управување го развива во Македонија и во Регионот и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи. фото: ЦУК

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Владата воведува еколошка такса: Дизелот поскапува за 3,5 денари

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните. Од дополнителната такса ќе се соберат во буџтот 1,685 милијарди денари (24 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари за цела година.Еколошката такса е дел од севкупната програма за екологија на Владата. Отворивме еколошки фонд за да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија, во ветерници, фотонапонски ветерници и гасни електрани. Затоа треба да се јакнат институционалните и финансики капацитети на државата. До 2030 треба да се затворат термоелектраните, сите три блока во РЕК Битола и едниот во ТЕЦ Осломеј. Планирани се 1800 мегавати во фотоволтаици кои или се градат или се во постапка или ќе се градат, 650 мегават енергија во ветерници кои исто така се во постапки, дел веќе се со одобрение за градба. Еколошката такса е 3,5 денари за нафтата за да се откажеме од нафта и нафтени деривати и да поминеме на користење на зелена енергија, да се движиме со велосипед, со тротинет и со електрични возила, рече премиерот Заев.  

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Град Скопје потпиша меморандум за соработка со националниот сојуз на слепи

Заради поефикасно остварување на социјална грижа за слепите лица, нивна поголема мобилност, вклучување во општествените текови и јакнење на социјалната сигурност, денеска во просториите на Град Скопје се потпиша меморандум помеѓу Град Скопје и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија.- Со овој меморандум Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија се обврзува да подготвува извештаи за потребите на Град Скопје за состојбите поврзани со економската и социјалната сигурност на слепите лица заради потребата од адаптација, со цел отстранувањето на пречките, обезбедувањето достапност до информациите, како и јакнење на правата на слепите лица во нашиот град – рече Шилегов.Овие извештаи Град Скопје ќе ги користи за унапредување на своите програмски активности коишто се однесуваат на подобрување на условите на слепите лица во Скопје.- Во изминатиот период Градот и Националниот сојуз имавме интензивна соработка во насока на поддршка на Сојузот. Во таа насока, со Реконструкција на фискултурни сали во средните улилишта Михајло Пупин и Здравко Цветковски беа обезбедени спортски реквизити за слепи и слабовидни лица, при што во Михајло Пупин беше изградена и тактилна патека. Обезбедивме поддршка за спортски манифестации како што е традиционалниот 13. Ноемриски шаховски турнир и Goal ball натпреварот. Дополнително обезбедивме и бесплатни слободни легитимации за јавниот градски превоз за 320 корисници членови на Здружението за слепи на Град Скопје, а воедно организираме и групен превоз до излетнички места за членовите на ова здружение - кажа Шилегов.Градот Скопје посветено работи на унапредување на квалитетот на живот на слепите лица и лицата со оштетен вид, при што во континуитет презема мерки што ќе овозможат непречена комуникација, непречено движење, целосно вклучување на овие лица во општеството. За таа цел е отворен и првиот Дневен центар за слепи лица и лица со оштетен вид чиешто функционирање е помогнато од Градот како институција.Претставникот на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија изрази благодарност до Град Скопје за поддршката што ја добиваат и нагласи дека Дневен центар за слепи лица и лица со оштетен вид е од суштинско значење за оваа категорија граѓани, бидејќи им овозможува на нивните членови секојдневно да се обучат за најважниот сегмент за нив ориентацијата во просторот, но ќе имаат можност да стекнат и други обуки и на македонски и на албански јазик.

Скопје | пред 4 години

grcija-donacija

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција.

Македонија | пред 4 години

policija-policajci-radari

45 санкции за непрописно вградени „фолии“ и светлосни и звучни уреди во возила на територијата на целата држава

Во периодот од 09.06 до 13.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 45 учесници во сообраќајот, од кои 44 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Костадинов: Ние сме НАТО, граѓаните ги живеат историските успеси, ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за националните интереси

Нашата таковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО. Во Брисел се одржа прв Самит на НАТО на којшто Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја-членка. На иста маса со најсилните, рамо до рамо со нашите сојузници со кои делиме исти вредности, посветени на колективната безбедност. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Костадинов додаде:Обезбедена е нашата безбедност и стабилност и подобрена е безбедноста и стабилноста на целиот регион.Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста.Откако им издишаа протестите и блокадите цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади.Таквата деструкција и немање ориентација во простор и време, ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.Наместо да го поздрават државниот успех, наместо да честитаат за членството во НАТО и одржувањето на првиот Самит како рамноправни партнери, шират невистини за лажно загрозување на идентитетот.ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт, и кога е опозиција.Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно делување, буквално во секој поглед.Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет да се издигне над мрачното наследство кое им го остави Груевски. Тоа го покажа и снимката и зборовите на Жугиќ.Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со ,,велелепни лустери, црвени теписи и махагони’’, нема аир од нив ни кога странува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница.Впрочем граѓаните тоа шест пати по ред јасно им го ставија на знаење, но тие не се откажуваат од своите деструкции и заштита на криминалот и корупцијата.Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане опозиција, зачаурена во Белата палата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања