Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-carina

Заев: Нема план Б за ЕУ, не сме далеку од решение

Нема ниту план Б, ниту алтернатива за ЕУ, самото пристапување кон ЕУ значи европеизација на Северна Македонија, не сакаме да бидеме членки само заради членството во ЕУ, ние сакаме да бидеме членка заради европеизацијата на земјата која ќе се случува низ отворањата и затворањата на поглавјата и да ја донесеме Европа во Северна Македонија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.Премиерот нагласува дека посакува на 22 јуни да нема вето од Софија, односно Советот за општи работи на ЕУ да донесе одлука за официјален старт на преговорите, но и ако не се постигне решение, барем да ги заокружиме дискусиите и да чекаме политичка влада во Бугарија.– На 11 јули имаат избори, после тоа се формира влада, политичка влада која што навистина ќе ги продолжи и најде решенија конечно, тоа можеме да го направиме и во септември, октомври, декември оваа година, важно е граѓаните да ја знаат реалноста, затоа што навистина не сме далеку, ниту е проблемот нешто посебен, јас често кажувам дека е смешен, но проблем е што нема парламент и нема политичка влада и е проблем за носење одлуки, вели премиерот.Тој нагласува дека во рамките на тие напори до крајот на оваа недела ќе ја посети Софија.– Ако не постигнеме решение, да направиме исчекор со којшто со политичката влада ќе се најде решение. Правиме до крајот на оваа недела официјална посета на Софија каде со претседателот Радев, со премиерот Стефан Јанев и нивните министри ќе седнеме и ќе ги разглобиме до крај сите детали, додава премиерот.Тој нагласува и дека ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите и кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме членка на НАТО и до крај се почитуваат принципите на Алијансата.– Северна Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од Западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, една Германија, една Франција, итн. Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи… Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. И тоа е така. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Мора да има компетитивност, нагласува премиерот.извор: МИА 

Македонија | пред 4 години

GP-Tabanovce

На Табановце почна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи

Започна делењето на бесплатни картички за патарина на српските туристи. Туристите од Србија кои од денеска ќе транзитираат низ коридор 10 на пат кон Грција, на граничниот премин Табановце ќе добијат М-смарт картичка за патарините.На картичките има пари колку што чинат сите патарини во двата правца. Српските туристи ќе треба да ги отчукаат на наплатните рампи и без никаков трошок да го поминат Коридорот 10 низ нашата држава. Како што информираат од Владата за „Вечер.прес“, од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина Јавното претпријатие за државни патишта изработило 65.000 и ги предало на МВР.Оттаму додаваат дека картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои ќе имаат можност да ги надополнуваат преку системот е кард, со не помалку од 300 денари, за следен влез на територијата на Македонија.Српските граѓани ќе добиваат бесплатни М-Смарт картички при влез во нашата држава до 15 август, а за тоа од државниот буџет се планирани 2,8 милиони евра.Оваа привилегија е предвидена само за српските граѓани кои патуваат по Коридорот 10. Бесплатните патарини без обезбедени како гест на благодарност кон српските граѓани кои први се понудија да им дозволат бесплатно вакцинирање на Македонците во Србија.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари, велат од ВМРО ДПМНЕ

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари. На 1 јануари дизелот во малопродажба се продавал 54 денари, а денес се продава 61.5 денари, односно 7.5 денари повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев.Со ваквото зголемување  на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот.4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Македонија | пред 4 години

struga-divogradbi

Левица – Струга: Десет години ниту една дивоградба не е срушена во Струга поради коалициониот мир

Дека градот на две води, градот на Браќата Миладиновци и Струшките вечери на поезијата, е жртва на коалициски договори, покажува ревизорскиот извештај за состојбата со дивоградбите на струшкото крајбрежје. Односно ни сегашната, ниту претходната власт, не покажа политичка волја да се спротистави на урбанистичкиот хаос и дивеењето на локалните моќници во Струга, кој градот го претворија во депонија на отпад и дивоградби, велат од политичката партија Левица, ЛО Струга.Тие во соопштението додаваат:Фрапантен е податокот дека до општината се поднесени над 10.000 барања за легализација на бесправни објекти. Дополнително, нема никаква одговорност за инспекторатите кои дозволиле ваква ескалација на незаконие, со која директно се дискриминираат обичните граѓани кои редовно ги подмируваат своите давачки.Дека општинската власт, сега предводена од ДУИ, е директен соучесник, покажува тоа што општината располага само со еден градежен инспектор, а дури во 2020 година е примен уште еден помлад градежен инспектор. Иако 4.040 барања за легализација не се прифатени, воопшто не е спроведена постапка за остранување на дивите објекти, ниту пак санкционирање на сторителите. Односно, решенијата за одбивање на барањата не биле воопшто доставувани до општинската градежна инспекција, со цел преземање мерки за постапување со бесправно изградените објекти.Сето ова укажува на координирано делување на централната и локалната власт во заштита на безредието во Струга, а на штета на природните и културните вредности кои се обележја на овој град. Искуството низ годините покажува дека Струга е заборавена и целосно игнорирана од секоја власт, дека полека изумира нејзиниот лик и сјај пред налетот на корумпирани поединци – додека таа служи само за да се поделат изборните “победи” од владејачкиот колач. Градот на Охридското езеро, кој држи реноме во светската поезија, кој создал бројни историски херои, писатели, уметници – сега е претпознатлив по пеплосаното крајбрежје, дивите депонии,застарена инфраструктура и хаосот од дивоградби кои демнат на секој чекор.Одговорноста за континуираното уништување на ваков уникатен туристички бисер е во секоја владејачка гарнитура, која наместо максимално да го промовира градот како дел од УНЕСКО заштитено подрачје, единствено се стави во служба на корупцијата и криминалот што ја обезличија Струга и нејзината автентичност.

Македонија | пред 4 години

201410080_10159769402202932_9011413844090071122_n

Бајден и САД ќе се погрижат Македонија да се интегрира во ЕУ

„Стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД го развиваме и преку можностите кои ни ги нуди НАТО Алијансата. Денес на маргините на Самитот на НАТО во Брисел имав краток разговор со Претседателот на САД Бајден, што беше одлична прилика да го потврдиме сојузништвото во демократските иницијативи, во глобалната безбедност и во новите регионални економско-енергетски проекти во кои Северна Македонија има суштинско учество“, напиша Заев„Упатив покана до Претседателот Бајден да го посети Западен Балкан, а од него добив уверување дека тој лично добро го познава регионот, дека САД ќе бидат посветени во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија и на балканските земји и дека постои интерес за планирање посета во иднина“,  додаде тој.

Македонија | пред 4 години

fajzer

Денеска пристигна 12.870 дози вакцини „Фајзер“

Нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигна денеска. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, a вакцините пристигнуваат во континуитет, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 4 години

14062021_PVRSM_Bilateralna-sredba-so-Jansha_3

Заев и Јанша на Самитот на НАТО: Взаемната соработка и поддршка на двете земји е влог во европската иднина на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, оствари средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша.На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев, во свое име, во име на Владата и на народот на Северна Македонија, изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони со декларацијата за важноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.Премиерот Заев ги оцени како извонредни напорите на претседателството на Португалија со Европскиот Совет и понудениот предлог да се деблокира пристапниот процес за нашата земја и истакна дека предложените решенија ги имаат потребните елементи да продолжи дијалогот Скопје-Софија и да се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ како чекор кон исполнување на безусловната препорака за почеток на преговорите со Северна Македонија.Во однос на билатералните односи, како заеднички интерес на оваа средба, двајцата премиери изразија подготвеност да ги забрзаат подготовките и за првата заедничка седница на владите на двете земји, од која се очекува да биде поттикнат потенцијалот од економските врски, како и интересот и подготвеноста на деловните заедници на Северна Македонија и Словенија за подинамична соработка.На средбата беше истакнато задоволството што интересот за инвестиции на словенечката деловна заедница е насочен кон поттикнување соработка во областа на банкарскиот систем, земјоделството, животната средина, енергијата, дигитализацијата, туризмот, особено во користењето на термалните води, што се совпаѓа и со интересите на Северна Македонија за стратешки развој во овие области.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-14-at-17.51.41

(ВИДЕО) Мала е Македонија за Деловски и Тасев

Riot е првата заедничка песна на македонските диџеи и продуценти Деловски и Томи Тасев. Песната, која е во издание на продуцентската куќа Smthngelse од Германија, веќе е промовирана на Spotify, iTunes и сите поголеми стриминг-платформи во светот.„Идејата за Riot се роди лани во ноември. Најдов предобар машки вокал, кој веќе го испеа текстот и решив да направам песна базирана на вокалот. Набргу ја имав првата демо-верзија на песната. Бидејќи сакав да направам мали измени во текстот, му се јавив на вокалистот, а тој ми одговори дека има потпишано ексклузивен договор со продуцентската куќа што ги издава неговите вокали и дека не смее да прави измени на испеаното“, вели Деловски.Тој потоа демото му го испратил на Тасев и заедно решиле да најдат македонски пејач кој би ја испеал песната онака како што тие ја замислиле.[embed]„Стапивме во контакт со неколку музичари, сите беа добри, некои и над нашите очекувања, но на крајот решивме да ја издадеме Riot со првичниот вокал. Со Томи ја завршивме песната пред неколку недели и сега, конечно, ја промовираме преку германската продуцентска куќа со која имаме потпишано договор“, додава Деловски.Деловски е музички продуцент и диџеј од Скопје, кој е дел од електро-сцената од 2011 година. Тој е еден од најреномираните mashups/edits DJ-и на Балканот. Ова реноме го стекна преку познатата диџеј-страница demodrop.com, каде што го следат над 13.000 диџеи од светот и ги пуштаат неговите едити на своите настапи. Некои од нив се пуштани на најголемите фестивали во светот, како што се Tomorrowland и Ultra MusicFestival, па и на светски радиостаници, меѓу кои BBCRadio 1 London и Hakkasan Las Vegas Radio. Деловски настапува во многу клубови и локали во земјата. Освен што настапува како диџеј, тој во иднина најавува соработка со познатата македонска етногрупа „Синтезис“ и со еден од најдобрите македонски бендови „Нокаут“.Томи Тасев е македонски диџеј, продуцент и музичар, со седиште во Сент Гален, Швајцарија. Неговата музичка приказната почна во 2006 година кога почнал да пее и да свири пијано во училишниот бенд. Во 2013 година почнува да се занимава со музичка продукција за една година подоцна да работи и како диџеј. Во 2018 година Тасев ја издава својата прва песна Broken, со што почнува да се менува и неговата музичка кариера. Шест месеци подоцна следува One Look OneSmile, а во 2019 година настапи на еден од најголемите летни настани во Македонија – „Струмица опен фестивал“. Тој неодамна доби признание од „Спотифај“ како артист со еден милион преслушувања на оваа музичка платформа.

Магазин | пред 4 години

20210614_101140

(ВИДЕО) Ангелов: Вклученоста во претстојната НАТО вежба , претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети

Денеска, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) на Финалната планирачка конференција за вежбата „Северна Македонија 2021“ во Охрид имаше воведно обраќање, покрај другите воведните обраќања и од македонска страна и од НАТО присутните .Конкретно, во периодот од 08 до 17 јуни 2021 година во Охрид се реализираат подготовки за НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ којашто е планирано да се одржи во септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга.Подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба. Настанот е во коорганизација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи на Република Северна Македонија и членови на НАТО главниот планирачки тим.„Република Северна Македонија подготвено ги презеде одговорностите и обврските што произлегоа од полноправното членство во Алијансата, вклучувајќи го и долгорочниот придонес кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност. Стабилна и безбедна држава како полноправна членка на НАТО Алијансата е огромен чекор напред за развојот и просперитетот на нашата земја, но и на целиот регион. Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време и да се залагаме за вредностите во кои веруваме.Во овој контекст, Центарот за управување со кризи во голема мера се обиде да создаде ефикасен систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската заедница.Вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации“, истакна меѓу другото в.д. директорот на Центарот за упраување со кризи, Стојанче Ангелов.

Македонија | пред 4 години

14062021_PVRSM_Zaev_NATO_samit_sednica-5

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО: Потврденото трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за иднината на сојузот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.Шефовите на држави и влади на вој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина.Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни.На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Судиите ќе добијат зголемување на платите од 15 отсто

Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.– По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15 отсто. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10 осто оваа и 5 отсто следната година – изјави Маричиќ.Според министерот за правда постигната е согласност разговорите да продолжат и согласно можностите да се овозможи дополнително зголемување за 5 отсто во 2023 година, со што ќе се дојде до посакуваната цел за вкупно зголемување на платите на судиите од 20 отсто.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Четири нови случаи на Ковид-19, почина едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на Ковид-19, од кои три во Скопје и еден во Прилеп.Регистрирани се и 14 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје – 8, Куманово – 3 и по еден од Прилеп, Неготино и Македонска Каменица.Пријавено е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст и во болнички услови.Направени се 1.337 теста преку: ИЈЗ – 28, ЦЈЗ Скопје – 27, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 128, „Авицена“ – 81, „Биотек“ – 157, „Систина“ – 115, „Синлаб“ – 14, „Никоб лаб“ – 141, „ВФВ медикал“ – 49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 597.Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:Скопје 68.614, активни 183Куманово 8.868, активни 49Прилеп 8.319, активни 33Тетово 7.232, активни 28Битола 6.304, активни 18Велес 5.471, активни 3Гостивар 5.180, активни 14Кавадарци 5.153, активни 0Охрид 5.011, активни 19Штип 4.959, активни 2Струмица 4.113, активни 6Струга 2.981, активни 4Кочани 2.791, активни 4Кичево 2.578, активни 26Гевгелија 2.195, активни 3Неготино 2.184, активни 3Свети Николе 1.523, активен 1Ресен 1.234, активни 0Крива Паланка 1.222, активни 2Радовиш 1.161, активни 7Берово 1.029, активни 0Делчево 972, активни 4Дебар 941, активни 2Виница 886, активни 5Пробиштип 789, активни 0Валандово 666, активен 1Богданци 494, активни 0Крушево 490, активен 1Демир Хисар 400, активни 3Демир Капија 396, активни 0Кратово 376, активни 3Македонски Брод 359, активен 1Пехчево 268, активни 0Македонска Каменица 249, активен 1Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

14062021_MNR_Osmani_sredba_Kaag-1

Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Република Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на лидерскиот НАТО Самит на земјите членки на Алијансата оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Сигрид Кааг, што воедно претставува и нивна прва средба, откако неодамна, Кааг ја презема функцијата министер за надворешни работи на Холандија.Двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство. Министерката Кааг во оваа прилика истакна дека Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија.Во таа смисла министерот, Османи го поздрави холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Република Северна Македонија.Кааг ги поздрави остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и во тој контекст, министерот Османи се заблагодари за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.Во продолжение, двајцата министри разменија мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Растат цените на горивата, од вечерва поскапуваат

За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денар.Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денарри за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

Македонија | пред 4 години

Arsovski-14.06

Арсовски за апсењето на Пекер: Мафијаш кој што цел свет го бара, само Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат

Да, Седат Пекер, јас прочитав од медиумите дека е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи чинам, а многу едноставно мафијаш кој што цел свет го бара, кој што сите светски агенции и министерства за внатрешни работи и на другите држави го бараат да го уапсат за сторените дела и криминал, само Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат, истакна Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.Тој додаде:Тоа е многу едноставно, тие се луѓе кои што имаат ист начин на делување, тие се најверојатно и пријатели. Така да само тие најдоа начин да го заштитат во Република Македонија, но и да му издадат пасош за да може слободно да се движи. Сите останати држави кои што се борат против криминалот, корупцијата и се останато, знаат каде му е местото на тој човек. Но, за жал Зоран Заев и Оливер Спасовски тука малте не го направија почесен граѓанин со издавање и македонски пасош. Едноставно е, да си ја работеа својата работа, одамна тие ќе ја спроведоа правдата, но очигледно тие се далеку блиски според она кое што можевме да го видиме и начинот на издавање пасоши. Мене би ме чудело да беа пријатели со некој нобеловец. Но бидејќи нивниот начин на делување е таков, за тоа функционираат со луѓе како што е Седат Пекер, но и оние останати нарко босови и криминалци или мафијаши кои што ги видовме дека добиле пасоши од власта на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

IMG_7089

Спасовски на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба

Ми претставува особена чест и задоволство во мое и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија да ве поздравам, да ви посакам срдечно добредојде во Охрид и успешна и продуктивна работа на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба од овој вид и со ваков карактер, која е планирана да се реализира во септември во нашата држава, рече министерот Оливер Спасовски во поздравното обраќање на отварањето на финалната планирачка конференција.„Заедничките евроатлански вредности претставуваат основен сегмент и суштински двигател на меѓусебно приближување на државите од регионот и надминување на сите бариери од минатото. Оттука, сосема логично се очекува сите земји во регионот посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели насочени на превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото без исклучок, со почитување на меѓународното право, заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, бидејќи само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите. Република Северна Македонија во последниов период покажа на дело дека тоа не само што е можно и посакувано, туку е единствено прифатливо решение за современите предизвици. А кога сме веќе кај справувањето со предизвиците од поново време, со кои се соочуваме како држави, меѓу кои би ги споменал: организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и, секако, насилниот екстремизам и тероризам, пандемијата со Ковид-19, за нив е неопходен современ, регионален пристап и заедничка стратегија за делување.Како одговор на ова, сценариото на вежбата предвидува во неа да бидат вклучени: елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, компјутерски криминал и сајбер напади, лажни вести, спасување и укажување на помош на граѓаните при епидемија со вирус, кои претставуваат одлична основа за развивање на капацитети и способности за соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање на конкретни мерки и активности“, рече министерот Спасовски.Цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби е од круцијално значење и основна обврска на членките на НАТО Алијансата при градењето на отпорност кон сите закани и предизвици, постигнување на интероперабилност и заштита на животот, имотот и личната сигурност на граѓаните. Бидејќи безбедносниот систем е основа на функционирање на правната држава!„Министерството за внатрешни работи, согласно својот делокруг на надлежности, токму во безбедносната сфера во последниве неколку години презеде низа активности поврзани со целосна реформа на овој сектор, а како интегрален дел на Системот за управување со кризи е во постојана комуникација, координација и соработка со останатите субјекти кои се дел од овој систем. Притоа, уште еден чекор понапред претставува дигитализацијата на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија, со примена на веб базираната алатка NICS (Next Generation Incident Command System), што секако ќе придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата помеѓу субјектите кои се дел од Системот за управување со кризи“, рече Спасовски, потенцирајќи ја максималната поддршка за успешна реализација на Првата меѓународна НАТО вежба од ваков вид, со уверување дека Министерството за внатрешни работи во континуитет ги презема сите мерки и активности за нејзини непречени подготовки.

Македонија | пред 4 години

jeton-i-merko

Мерко ќе урива платформи во Струга, за објекти не доаѓа во предвид

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека ќе се уриваат шест платформи на крајбрежјето. Но, за нив вели дека не се дивиградби. Прашан зошто се реши да урива ако платформите се легални, Мерко вели дека тоа го прави од солидарност и доброволно.Тој повеќе од десет пати им одговори на новинарите дека во Струга нема дивоградби. Иако му беше посочено дека во извештајот на Државниот завод за ревизија пишува за дивоградбите во Струга што значи дека постојат, тој рече дека сите имаат предмет за легализација.“Сите сакаат да се солидализираат, за Струга да не го изгуби статусот на УНЕСКО. Чекаме план од УНЕСКО, да даде план за подобар развој. Шест платформи се во Струга и за кратко време ќе се тргнат. Се работи и на други места. Во Радожда нема да се уривраат. Сите земаа обврска сами да ги отстранат, а ако треба помош ние сме тука. Овие не се дивоградби туку направени со одобренија, вие шпекулирате. Ова го правиме доброволно и солидарно”, рече Мерко.

Македонија | пред 4 години

korona-maski

Олабавување на мерките, комисијата за заразни болести предлага од среда да се укине полицискиот час

Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:- укинување на ограничувањето на движењето;- сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%;- се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Македонија | пред 4 години

silegov-2

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво, додека во продавница или на интернет сајтовите клупи се продаваат за 150 евра

Петре Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво со седум даски, додека во продавница или на интернет сајтови клупи се продаваат за 150 евра. За Шилегов се е решено и Скопје нема никаков друг приоритет, па реши дека и 500 евра за клупа, односно 350 евра повеќе од вообичаеното не е многу, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо.Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно. Така е кога Шилегов располага со парите на скопјани, тие за него немаат тежина и обврска па се расфрла.Скопје 4 години стагнира, нема капитални инвестиции, нема нови зелени површини, нема проекти кои ќе го подобрат животот на луѓето, но затоа има клупи од 500 евра.Шилегов е најлошиот градоначалник, тој е пример како расипнички да се потроши буџетот, а да не се направи ништо.4 години со Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Скопје | пред 4 години

08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Заев најави дека од политиката ќе се повлече за три години

Премиерот Зоран Заев најавува дека од политиката ќе се повлече за три години. Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати.-Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја – рече Заев.

Македонија | пред 4 години

kosta-1

Градоначалникот Георгиески од трибините во Букурешт: Навиваме со срце за нашата репрезентација!

Испишуваме спортска историја! Навиваме со срце за нашата репрезентација! Напред момци, вие сте најголемата фудбалска гордост, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

fatime-1

(ФОТО) Фатиме Фетаи отпатува за Букурешт, натпреварот Македонија - Австрија, ќе го следи од трибини

Вечерашниот настап на македонската фудбалска репрезентација од трибините на стадионот во Букурешт ќе го следат околу 2.000 навивачи. Тие утрото со авион отпатуваа за Букурешт.Меѓу навивачките беше и некогашната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, а сега дел од Вишото обвинителство Фатиме Фетаи.Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Букурешт ќе игра со Австрија.

Македонија | пред 4 години

zaev-1

(ФОТО) Заев Османи и Бектеши во Букурешт ќе навиваат за фудбалската репрезентација!

Премиерот Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши, пристигнаа во Букурешт каде што попладнево ќе бидат присутни на Националната Арена и ќе го следат дуелот меѓу Македонија и Австрија.„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на својот „Фејсбук“.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

По девет месеци ниту еден починат од Ковид 19, новозаразени 8 лица

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото деноноќие.Од Министерството за здравство велат дека вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Останува доследно да се почитуваат мерките, а еднствен начин да се намали бројот на жртви е масовната вакцинација.Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68611, активни 189Куманово 8868, активни 52Прилеп 8318, активни 33Тетово 7232, активни 28Битола 6304, активни 18Велес 5471, активни 3Гостивар 5180, активни 14Кавадарци 5153, активни 0Охрид 5011, активни 19Штип 4959, активни 2Струмица 4113, активни 6Струга 2981, активни 4Кочани 2791, активни 4Кичево 2578, активни 26Гевгелија 2195, активни 3Неготино 2184, активни 4Свети Николе 1523, активни 1Ресен 1234, активни 0Крива Паланка 1222, активни 2Радовиш 1161, активни 7Берово 1029, активни 0Делчево 972, активни 4Дебар 941, активни 2Виница 886, активни 5Пробиштип 789, активни 0Валандово 666, активни 1Богданци 494, активни 0Крушево 490, активни 1Демир Хисар 400, активни 3Демир Капија 396, активни 0Кратово 376, активни 3Македонски Брод 359, активни 1Пехчево 268, активни 0Македонска Каменица 249, активни 2Дојран 132, активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Првите милиони ги заработив од продажба на сушени црвени пиперки и лубеници

За српски „Курир“, премиерот Зоран Заев ја раскажуваше својата животната приказна. Тој  раскажа дека продавал овошје и зеленчук, односно лубеници, домати и пиперки на пазарот во Горњи Милановац и дека првите милиони му се токму од Србија.Во исповед за српски „Курир“, тој објаснува како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да побегне од сите на мотор.„Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продаваше лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија“, вели Заев.„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, истакнува премиерот на РСМ.„И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава тој.Целата животна приказна на следниот линк!

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања