Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

lisici

Приведени дилери од Скопје и Охрид, пронајден амфетамин

Денеска  во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени 32 годишно лице од Скопје и 30 годишен Охриѓанец. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини.За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Исчезна 11 годишно дете од Скопје – Мајката моли за помош

Министерството за внатрешни работи информира дека, вчера во 10.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.О.(28) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.Р.(11). За случајот е запознат и социјален работник.Ова е втор случај на исченато дете за само неколку дена. 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани исто така ја немаше но за среќа е пронајдена.

Скопје | пред 4 години

erikson

(ШОКАНТНО ВИДЕО) Ериксен колабираше на теренот, прекинат мечот Данска – Финска - сите се молат за него

Шокантна сцена се случи пред крајот на првиот дел меѓу Данска и Финска на скандинавското дерби на Европското првенство (ЕП)! Кристијан Ериксен, ѕвездата на Интер, ненадејно колабира и се струполи на теренот.Тој падна како покосен, веднаш стана јасно дека состојбата му е крајно сериозна, а лекарите се борат за неговиот живот, користејќи и дефибрилатор.Навивачите на стадионот „Паркен“ и сите фудбалери на двете селекции се во шок, со надеж дека оваа случка сепак нема да има трагичен епилог.Натпреварот е прекинат.

Медиасет | пред 4 години

policija-2-1

Делчевската полиција трага по 51-годишен колега

Делчевската полиција трага по 51 – годишниот колега (Т.С) од Делчево, кој последен пат е забележан на 10 јуни 2021 година, четврток, кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово.Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта.

Македонија | пред 4 години

w_55971908

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид 19 - починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од:Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1.Регистрирани се 7 оздравени пациенти од:Скопје – 4, Кичево – 2 и Струмица – 1.Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г), во болнички услови.Направени се 4.370 тестови преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, МАНУ-69, Жан Митрев (Филип Втори)-277, Авицена-339, Биотек-777, Систина-137, лабораторија Лаор-461, Синлаб-114, Ремедика-133, Плодност–106, Генеа–122, Никоб лаб-706, ВФВ Медикал-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 644.Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68608, Активни 189Куманово 8868, Активни 53Прилеп 8318, Активни 33Тетово 7230, Активни 27Битола 6304, Активни 18Велес 5470, Активни 3Гостивар 5180, Активни 15Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5010, Активни 18Штип 4959, Активни 2Струмица 4113, Активни 6Струга 2981, Активни 4Кочани 2791, Активни 4Кичево 2577, Активни 25Гевгелија 2195, Активни 3Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 2Ресен 1234, Активни 1Крива Паланка 1222, Активни 2Радовиш 1161, Активни 7Берово 1029, Активни 0Делчево 972, Активни 4Дебар 941, Активни 2Виница 886, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 376, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268 0Македонска Каменица 249, Активни 2Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

migranti

Во товарно возило пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, приведен возачот

Дваесет мигранти од Бангладеш, меѓу кои 9 деца биле затекнати вчера во комбе на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“.Со возилото управувал Љ.М.(44) од Скопје, кој е приведен од страна на полицијата.По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

skolo-4

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и Законите

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година.Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.Инаку, станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

Македонија | пред 4 години

DSC_0016

(ВИДЕО) 51 санкции за возење под дејство на алкохол, 112 казнети мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли, а во текот на вчерашниот ден (11.06) санкционирани се 51 возач за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 112 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Крушево.„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, рече Ангеловски.Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

Skolo

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства.– Изминативе неколку денови Сојузот на средношколци добива поплаки од средношколци кои доаѓаат од повеќе градови ширум земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на свидетелства – соопшти Сојузот кој за истиот проблем алармираше и лани.Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците ниту професорите во средните училишта. Од Сојузот оценуваат дека овие такси се срамни и скандалозни и треба да бидат покриени од образовните власти, а праксата учениците да плаќаат мора да престане.

Македонија | пред 4 години

Orce-nikolov

Утре протест против сечата на „Орце Николов“

Откако во четвртокот градските власти исекоа десетина дрвја на улицата „Орце Николов“ во Скопје, иницијативата Зелен хуман град за утре (13 јуни) закажа протест против уништувањето на зеленилото и за зачувувањето на белите дробови на главниот град, објави 360stepeni.mk.Сечењето на дрвјата на „Орце Николов“ е последниот инцидент, па покрај искажувањето револт за него, граѓанските организации здружени во иницијативата Зелен хуман град утре ќе побараат ревизија на проектот за реконструкција на оваа улица; пријави по службена должност доколку имало несовесно работење; Град Скопје и општините во иднина задолжително да ги презентираат проектите за реконструкција на улици со цел да не се повтори ваков случај; задолжително на веб-страниците да се објавуваат решенијата за сечење зеленило; да се ажурира Зелениот катастар и тоа да биде обврска во иднина…Според најавата за утрешниот протест, демонстрантите со една минута молк ќе им оддадат почит на паднатите дрвја, ќе остават цвеќиња, но ќе испратат и порака дека повеќе не смее да падне ниту едно друго дрво на улицата.Револтот за сечата на дрвјата кај Зелен хуман град е затоа што, како што нагласуваат, повеќето од исечените дрвја на „Орце Николов“ беа со зелени крошни, а не целосно суви и трули како што тврдела Општина Центар.Локалната власт најави дека ќе засади нови, но граѓанските здруженија сметаат дека дрвјата можеле да се лекуваат наместо да се сечат и да се почека новите да израснат бидејќи ќе требаат децении новозасадените да станат целосно функционални за апсорпција на јаглерод диоксид и заробување на ПМ честичките со листовите.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Скопје | пред 4 години

20160610145505-1024x502

Рокот за завршување на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид е продолжен до 2024 година

Капиталните инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) од почетокот на годината се реализирани во износ од околу 40 милиони евра или 15 проценти од планираните.– Очекуваме овој процент да се зголеми со зголемувањето на интензитетот на работата. Во споредба со истиот период од минатата година капиталните инвестиции оваа година се поголеми за 5,3 милиони евра или за 15,8 проценти, вели во интервју за МИА директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми.Тој информира дека во завршна фаза се преговорите со кинескиот изведувачот „Синохидро“, каде е дефинирано до 31.12.2023 година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид. Рокот се пролонгира поради изработка на дополнителна проектна документација (испроектирана во рок од септември 2019-септември 2020) која, потенцира, беше неопходна за завршување на проектот.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Денеска променливо облачно нестабилно со локален пороен дожд, пораст на температурите од вторник

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град.И во недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. пораст на температурата се очекува од вторник.

Македонија | пред 4 години

gruevski

„Мрачни финансии“ - импресивна студија на случај на криминал, политичка драма и политички трилер за владеењето на Никола Груевски

Книгата „Мрачни финансии“ од Фабио Матиоли, издадена од Универзитетот Стенфорд, за годините на владеењето на Никола Груевски, е импресивна студија на случај на криминал, политичка драма и политички трилер, објави dw.com. Има малку книги во кои систематски и на анатомски начин е претставен авторитаризмот во Македонија за време на владеењето на Никола Груевски. Една од нив е „Заробена држава“ на долгогодишниот новинар и аналитичар, Манчо Митевски, издадена во 2017 година, во која тој ги детализира сите фази на она што го оквалификува како „политички организиран криминал“. Објективно, Македонија е на маргините на Европа, иако е дел од нејзиниот центар. Деценискиот спор со Грција беше една од препознатливите одредници за нашата држава (ако го исклучиме мирното заминување од СФРЈ и конфликтот од 2001 година), а потоа се најде на насловните страници на многу светски медиуми и во критичките опсервации на стручни списанија со дизнилендскиот проект „Скопје 2014“. Потсмевот за потрагата по нов национален идентитет длабоко во антиката поттикна многу странски политички истражувачи и научници да погледаат подлабоко зад гипсените фасади и да дознаат каков тоа режим се решил да примени генетски инжинеринг. И дали зад античко-барокно-неокласицистичката бркотница во центарот на Скопје во основа се крие нешто друго: етаблирање на нова олигархија која сака да ги држи сите узди на финансиските текови во свои раце преку политичката моќ.Еден од резултатите на овие научни истражувања е книгата Фабио Матиоли „Мрачни финансии: неликвидност и авторитаризам на маргините на Европа“. Матиоли е предавач по социјална антропологија на Школата за социјални и политички науки на Универзитетот во Мелбурн. Неговиот интерес за научно проучување на груевистичките години не е поврзан само со оваа книга, тој има објавено петнаесетина научни статии за она што го нарекува „авторитаризмот во Македонија“ во различни списанија – од научни до политички. Трудот „Мрачни финансии“ (248 страници) на некој начин е врв на целото тоа негово истражување за годините на груевизмот. Книгата на Матиоли ја издаде престичниот американски универзитет Стенфорд во 2020 година.Кит Браун од Државниот универзитет на Аризона го напиша ова за „Мрачни финансии“: „Ова е една од најпривлечните, најубедливите и најстудените анализи за местото на Северна Македонија во глобалната економија и циничната експлоатација на народот од неговата избрана влада, што сум ја прочитал во последната деценија“.Текстот во целост на:  dw.com. 

Македонија | пред 4 години

74C65318-2598-42E2-8B3D-FE68FAFBD631

Најново: Пронајдена малолетничката од Кочани

Пронајдена е 16-годишната Наташа Николова од Оризари, Кочани, по која се трагаше од вчера. Веста ја потврдија нејзини роднини, на социјалните мрежи.Тие се заблагодарија на сите кои се вклучија во потрагата по малолетничката, која е префрлена во болница.По Наташа се трагаше два дена.

Македонија | пред 4 години

trosoci-za-zivot-2

Синдикалната кошничка во мај поскапела 180 денари, за два месеци над 400

Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на претходната за месец април 2021 година. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари. Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати за покривање на основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.Според ССМ, зголемувањето на трошоците е неоправдано имајќи во предвид дека цената на нафтата на која се водат алчните газди и ја користат како оправдување за зголемување на цените во 2018 година изнесувала 63,50 денари во месец јуни, 60.00 денари во 2019 година, 50.00 денари во 2020 година, а овој месец е 60.50 денари. Тоа, велат од ССМ, значи дека во 2020 година во време на пандемија предизвикана од Ковид 19, морало да се донесе и Уредба со законска сила за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, заради енормното зголемување на цените на штета на граѓаните, а за профит на газдите.-Ова покажува дека неоправдано е да се зголемуваат цените, ако знаеме дека цената на нафтата е пониска од пред почетокот на пандемијата имајќи предвид дека никој од газдите кога цената го имаше најниското ниво во изминатите 10 години не ги намали цените, туку остваруваа огромни профитина грбот на работниците, се вели во денешното соопштение од ССМ.Според ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари.

Македонија | пред 4 години

make-bugarska-komisija

Уште една средба на историчарите без договор

Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи, брифираат од македонскиот тим на Комисијата.– На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни разменија предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина“. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, објави НОВА МАКЕДОНИЈА. Од македонскиот тим Комисија, која вчера и денеска го одржа 14. состанок, велат дека овие два дена ги имале најтешките разговори досега, а во однос на дискусијата за заедничките чествувања, Комисијата отвори дискусија за Григор Прличев, откако претходно бугарската страна не прифати оваа личност да биде чествувана од страна на С Македонија, Бугарија и Грција.– На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и прифатено од бугарската страна, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложија нов текст кој македонските членови на Комисијата го оценија како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на С Македонија. Членовите на Комисијата имаа можност да дискутираат и за Гоце Делчев – велат оттаму.Текстот во целост на: НОВА МАКЕДОНИЈА. 

Македонија | пред 4 години

bugarski-ambasador

Бугарсиот амбасадор: Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД

Никој не може да изврши притисок врз разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, па ниту претседателот на САД, смета бугарсиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов. Според него, Бугарија само си ги штити националните интереси, а вршењето притисок е илузорно.„Не гледам кој може да ја притисне Бугарија да си ги заштити националните интереси. Тоа е илузорно“, вели Ангелов за „Сител“.За таканаречениот патоказ тој вели дека нема ништо штетно ниту пак спорно и дека разговорите биле во тек и тоа не било никаква тајна. 

Македонија | пред 4 години

evra-falsifikat

Обвинение заради фалсификување пари против 55-годишен гостиварец

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 2 декември 2020 година, околу 20:40 часот во Гостивар на бензиска станица лоцирана на магистралниот пат, пуштил во оптек лажни пари. Имено, тој со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел дека не е вистинска, платил за наточено гориво .​

Македонија | пред 4 години

policija-1

Скопјанец кај Бит Пазар со автомобил удрил во полицаец

Дваесет и четиригодишен скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар.Според информациите на МВР, вчера на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го привеле М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со автомобил „мерцедес“ удрил полициски службеник.Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 години

grad-steti

Силен град ја погоди Преспа - предизвика сериозни штети на јаболковите насади

Силен град денеска ја погоди Преспа. Градот нанесе сериозни штети на јаболковите насади. Според информациите властите најавија дека во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на штетите.Од УХМР најавуваат лошо време и понатаму. До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град, се вели во метеопредупредувањето на УХМР.

Македонија | пред 4 години

11062021_PVRSM_Ambasadorka_SAD_Sredba_2

Заев – Брнз: Извршната наредба на претседателот Бајден ги штити САД, Северна Македонија и сојузниците од нарушувања на мирот и стабилноста, од корупција и од загрозување на демократијата

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите беше Извршната наредба издадена неделава од претседателот Бајден којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.На средбата беа потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со Извршната наредба, а истите може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние кои вршат корупција или ги загрозуваат човековите права и демократијата.Разговарајќи за Извршната наредба, премиерот Заев и амбасадорката Брнз изразија заедничко задоволство што во актот на претседателот Бајден фокусот е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата на Северна Македонија, при тоа истакнувајќи ја штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Северна Македонија и на останатите партнери и сојузници.Заев и Брнз заеднички ја констатираа вредноста и ефективноста на Извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот, покрај постоечките Дејтонскиoт договор, Резолуцијата 1244 на ООН и Охридскиот рамковен договор, во Извршната наредба е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот.

Македонија | пред 4 години

pazaren-inspektorat-1200x1200

ДПИ изрече забрана за работа на компанијата „Евротим“ поради отстапки во кавлитетот на мазут, при дополнителнителните анализи

Надлежните институции продолжуваат со постапувањата во врска со случајот за увоз на мазут и нафтени деривити. Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од скалдот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“.ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево “ и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува. Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за кавлитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба ротив корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во координација со министерот за економија, Крешник Бектеши, се задолжија сите надлежни институции да спроведат итни, вонредени и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени дериватиПо зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесурирање и постапување согласно нивните надлежности.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Денеска се регистрирани 20 нови случаи на Ковид 19 , починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од:Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.Регистрирани се 30 оздравени пациент од:Скопје – 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.Направени се 2.885 тестови преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–21, МАНУ-54, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Авицена-320, Биотек-514, Систина-129, лабораторија Лаор-197, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–46, Генеа–78, Никоб лаб-307, ВФВ Медикал-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 565.Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68604, Активни 189Куманово 8867, Активни 53Прилеп 8316, Активни 31Тетово 7226, Активни 23Битола 6303, Активни 17Велес 5469, Активни 2Гостивар 5180, Активни 15Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5009, Активни 17Штип 4959, Активни 2Струмица 4113, Активни 7Струга 2981, Активни 4Кочани 2791, Активни 4Кичево 2571, Активни 21Гевгелија 2195, Активни 3Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 2Ресен 1234, Активни 1Крива Паланка 1222, Активни 2Радовиш 1161, Активни 7Берово 1029, Активни 0Делчево 972, Активни 4Дебар 940, Активни 1Виница 886, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 376, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 2Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

marija11062021

Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат зеленилото во Скопје, зачувувањето на животната средина за нив е само збор кој се користи во предизборна кампања

Оваа тажна слика позади мене е улицата Орце Николов која Богдановиќ и Шилегов вчера ја уништија. А ветија дека нема да го сторат тоа. Пред точно еден месец градските власти, Шилегов и Богдановиќ заедно со Заев на прес конференција токму од оваа локација ветуваа реконструкција на улицата без притоа да ги информираат граѓаните дека планираат да го сечат дрворедот. Напротив, им ветија на граѓаните дека нема да го сторат тоа, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Митева додаде:Изминативе три години неколку пати ја раскопуваа оваа улица за на крај да резултира со уништување на зеленилото. Можеби за 30 години повторно ќе ја видиме Орце Николов во светло каква што беше до вчера.Нивните говори се полни со приказни за зелено, урбано Скопје, но делата на Шилегов и Богдановиќ се доказ дека тоа е само уште една лага во низата. Ова е доказ дека владеете со злоупотреба на довербата, а граѓаните нема да ви го заборават ова самоволие.Животна средина не е само збор кој се користи во предизборна кампања, тоа е начин на делување кој за Шилегов и Богдановиќ е непознат. Револтот кој го создадовте ќе биде ваша слабост на изборите.Најдоброто за нашите општини е што поскоро да заминете! А најлошото е вашиот печат. Излезната врата ќе ви биде покажана за неколку месеци од денес.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања