Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

EDYN

EDYN: Подмладоците на политичките партии се обврзаа со Декларација за да ги подобрат дијалогот и соработката

Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) во рамките на својот годишен план за работа во Скопје организираше панел дискусија на тема: „Подобрување на дијалогот и соработката помеѓу политичките подмладоци за намалување на политичката поларизација и зголемување на учеството на младите во политиката“.На панел дискусијата учествуваа претставници на тринаесет политички подмладоци и претставници од граѓанскиот сектор.Претставниците од политичките подмладоци во своите обраќања ja потенцираа важноста од политичка соработка и негување на дијалог преку кој ќе се поттикне активизам кај младите, намалување на поларизацијата и создавање општествени промени преку политички ангажман, а додека претставниците од граѓанскиот сектор ја потенцираа важноста од тоа партиите да бидат отворени кон младите луѓе, да се вклучуваат во сите партиски структури, но и да негуваат меѓусебна соработка за важни општествени прашања.По завршувањето на панел дискусијата, претставниците на политичките партии потпишаа заедничка Декларација за подобрување на дијалогот и соработката меѓу подмладоците на политичките партии и зголемување на учеството на младите во креирање политики и се обврзаа дека ќе работат на намалување на политичката поларизација и зголемување на младинското учество во креирање политики во Република Северна Македонија.Амбасадорите и членовите на Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) се заблагодарија за присуството на сите и нагласија дека ќе продолжат и во иднина да работат кон организирање на вакви настани преку кои ќе се поттикне младински соработка, дебата и приближување на статовите на партиите во однос на важните општествени прашања кои ги тангираат младите.Европската мрежа на млади за демократија (EuropeanDemocracy Youth Network - EDYN) е мрежа на млади граѓански и политички лидери на возраст од 18 до 32 години, кои делат заедничка посветеност кон унапредување и одржување на демократските вредности. Со 230 членови во 22 држави ширум Централна и Источна Европа, членовите на мрежата ги користат нивните искуства како извор на решенија за предизвиците со кои се соочуваат нивните заедници.Европската мрежа на млади за демократија (EDYN) е поддржана од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), и помогната од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт (НДИ).

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-2

Мотоциклист прегази пешак во Скопје - двајцата со тешки повреди пренесени во болница

Мотоциклист и пешак, двајцата помлади од 25 години, со тешки телесни повреди завршија во болница по сообраќајна несреќа.Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на булеварот „Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучката „Дијамант“.„Мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од селото Тромеѓа, Кумановско“, велат од МВР.Извршен бил увид на местото на несреќата.

Скопје | пред 4 години

pasosi

Нови пресуди за случајот со фалсификување пасоши – едно лице доби три години затвор, две лица со условна казна

Денеска Кривичниот суд во Скопје прогласи за виновни три лица, на кои им изрче пресуди во врска со случајот „Двојник“, за фалсификување на пасоши и документи.Ф.Б. е осуден на затворска казна во траење од три години, а В.К. и Б.В. добија условни казни во траење од една година, во пресудите на Кривичниот суд изречени за обвинетите во случајот „Двојник“ кои претходно се изјаснија дека не признаваат вина.Претходно, од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затвоски казни од една година и 7 месеци до две години и 7 месеци, а беше осуден на условна казна.Во случајот „Двојник“ обвинети се 11 лица, од кои 10 се вработени во МВР. 11-тото лице е посредник, а седуммина од нив признаа вина.Тие се обвинети поради тоа што во период од 2017 до 2020 година издале 215 нелегални пасоши.

Македонија | пред 4 години

13213212111

Притвор за албанскиот возач на камион кој беше фатен со дрога

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил мито од 400 денари на полицајците, за да не вршат претрес во неговото возило. Проценетата вредност на дрогата, што била пронајдена во камионот е околу 200.000 евра.Судот на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.„ Осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, додека управувал со возило бил запрен од сообраќајна контрола и му била побарана документација за товарното моторно возило МАН на кое имало прикачено полуприколка. Подавајќи ја документацијата кон полициските службеници, осомничениот ставил парични средства во износ од 400 денари, за полицајците да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат. Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него“ соопшти обвинителството.При извршениот преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.

Македонија | пред 4 години

Ris

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Северна Македонија. Тој се наоѓа на “црвената листа“ и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи.- Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување. Дополнително, државата нема усвоено стратегија за заштита на балканскиот рис која била подготвена пред повеќе години, но за нејзиното спроведување се неопходни финансиски средства кои не се доделуваат. Фактот што државата не двои финансии за нашите заштитени подрачја при што истите се приморани приходите да ги остваруваат со сеча на шумата е алармантно и неприфатливо, потенцираше Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF и извршна директорка на Еко-свест.Според “црвената листа“ балканскиот рис е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Живеалиштата се во листопадни и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш и со диви свињи.Леглото на рисот може да има од едно до пет мачиња, во просек од две до три мачиња. Новороденче рис тежи околу 300 грама. На три месеци, мачињата почнуваат да ја следат мајката надвор од дувлото за да јадат месо од нејзиниот улов. На десет месеци, обично околу март или април, мачињата ги оставаат своите мајки и започнуваат независен живот.- Со самото тоа што популацијата на Балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за истребување на ова критично загрозено, но харизматично животно. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна е константна едукација на локалното население, но и истражување и мониторинг на балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со телеметрија. Македонското еколошко друштво има направено извонредни напори и постигнато големи успеси во мониторингот на балканскиот рис. Токму овие напори треба да се поддржат од државата и да се надоградат со системска и интегрирана заштита на овој значаен вид, додаде Чоловиќ Лешоска.Заканите за рисот се бројни, а вклучуваат криволов, вознемирување од страна на луѓето, изградба на голема инфраструктура и туристички центри, загуба на живеалиштата поради прекумерна и непланска сеча на шумите и фрагментација на истите, како и загуба на пленот на рисот, како последица на горенаведените појави.Светскиот фонд за природа (WWF Adria) го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни, и ги поканува сите љубители на дивото животно - рис да донираат за негова заштита со симболично „посвојување“ на рисот.

Медиасет | пред 4 години

marihuana2

Поведена постапка заради давање поткуп и трговија со дрога​

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен државјанин на Република Албанија, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Давање поткуп од член 358 став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, додека управувал со возило бил запрен од сообраќајна контрола и му била побарана документација за товарното моторно возило МАН на кое имало прикачено полуприколка. Подавајќи ја документацијата кон полициските службеници, осомничениот ставил парични средства во износ од 400 денари, за полицајците да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат. Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него.При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 4 години

w_56803994

Д-р Беќаровски: Во моментов доминира стомачен вирус, а ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен

Доц. д-р Нико Беќаровски специјалист интернист од Клиниката за токсикологија која е воедно и Ургентен центар, во емисијата 24 анализа рече дека се надева ова лето пандемијата ќе стивне. Сега на повшина излегуваат пациентите кои тешко ја поднеле пандемијата и сега имаат потреба од лекар, а тука е и постковид синдромот.-Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се карастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен, вели д-р Беќаровски.

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

168 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците, четири за управување под дејство на алкохол.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 65 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Screenshot_1-5

18 јуни – петок пред Духовден, неработен за православните верници

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 18 јуни – Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Македонија | пред 4 години

skopje-3

Шилегов ветуваше тунели, чист воздух, а се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра, парите ги нема, велат од ВМРО ДПМНЕ

Петре Шилегов ветуваше препород на Скопје, а после 4 години неговата работа се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра со продажбата на Градската куќа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Имено Шилегов сеуште молчи каде се парите кои ги доби од продажбата на Градската куќа на ЕВН која не ја изгради, туку ја доби изградена во наследство.Значи Шилегов не беше ниту способен да ја всели, а не пак да изгради нова. Парите од продажбата ги нема, а Шилегов упорно не кажува во чии џебови завршија. Неговиот капитален проект беше сечењето на дрвата кај Орце Николов.Ги повикуваме институциите особено Обвинителството да проверат каде завршија парите од оваа зделка на Шилегов.

Македонија | пред 4 години

natasa

Исчезна младата Наташа Николова, семејството моли за помош

Млада девојка од кочанско исчезната. На социјалните мрежи објавени се информации за тоа кога последен пат е видена девојката.-Исчезната е Наташа Николова од Оризари, Кочани. Полицијата ја бара, последен пат е излезена од дома во 8 часот наутро. Ќе ве молам ако некој ја видел или знае нешто да се јави во полиција. Се надеваме дека е жива и здрава. Споделете, пишува Нате Стоилова на фејсбук.Споделете ја објавата и доколку ја видите девојката пријавете во полиција.

Македонија | пред 4 години

srce2-1200x1200

Филипче: Срцето на 44 годишната пациентка утрово почна да чука повторно

Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. ❤️ Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, напиша министерот во својата објава на ФБ.

Македонија | пред 4 години

Transplantacija

Вечерва ќе се изведе четвртата трансплатација на срце

Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша на својот фејбик профил Министерот за здравство Венко Филипче.Досега беа направени три трансплатации на срце во Македонија. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај минатата година, а годинава имаше уште две трансплантации. 

Македонија | пред 4 години

zaev-makron

(ВИДЕО) Макрон кон Заев: Заслужувате да ги почнете преговорите со ЕУ

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. По средбата тие одржаа заедничка прес-конференција, на која меѓудругото францускиот претседател истакна дека Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство со ЕУ.– Тука сум да помогнам за да се изнајде решение со Бугарија – додаде Макрон.Во изјавата, македонскиот премиер говореше за француската поддршка во изминатите 28 години колку што траат дипломатските односи меѓу двете земји.„Од една ваша изјава пред студентите во Сорбона, дека во Европа лежи нашиот идентитет и Европа ни дава иднина, силно верувам дека Франција може да биде мотор за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. За нас е важно што Франција го поддржува овој просце врз основа на поставените критериуми. Саитот во јуни е шанса за наш напредок и да го тргнеме ветото“, рече Заев.Заев е во работна посета на Франција, придружуван од Никола Димитров и Бујар Османи.

Македонија | пред 4 години

slavjanka

Петровска за Алсат: Македонскиот јазик и идентитет се нашата црвена линија, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ се погрешна политика

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во дебатната емисија „Патот кон..“ на телевизија Алсат истакна дека од тридневните протести на ВМРО-ДПМНЕ нема официјални барања, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ имала прилики да докаже дека го штити македонскиот идентитет но за жал тоа не го покажала.Се поставува прашањето што е крајната цел на овие протести, ако сакаа да се пребројат – си ја видоа силата преку посетеноста или пак сакаат да го дефокусираат вниманието од она што се случува во Собранието, нагласи Петровска.Таа смета дека блокадите се погрешна политика, бидејќи и пред неколку месеци спектакуларно најавуваа еден викенд, кога наводно требаше да се случи големо предавство на државата и тоа беше ексклузивно соопштено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и еве сега гледаме дека тоа не е така.ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да биде фактор на одлучување, стана фактор на дестабилизација, нагласи Петровска.Македонскиот идентитет не се брани со неколку блокади на раскрсниците, со тоа им се отежнува движењето на граѓаните, рече Петровска и повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се цврсто гарантирани и тоа се црвените линии во нашите преговори со Република Бугарија и дека во последните изјави од ЕУ е потврдено дека Република Северна Македонија ги исполни условите за започнување на преговорите, но е обесправена и се држи во заложништво од членка што ја злоупотребува својата позиција.Во врска со претстојните локални избори, Петровска рече дека СДСМ е отворена за соработка и коалицирање пред изборите, со нашите коалициони партнери, кои сега се дел од власта.Она на што сме фокусирани е да го понудиме најдоброто за секоја општина, рече Петровска.Петровска во врска со извршната одлука на американскиот претседател Џо Бајден, која ги опфаќа сите лица, поединци и субјекти кои се обидуваат на било каков начин да го дестабилизираат Балканот и да го пренасочат развојот, смета дека токму таа одлука и го покажа местото на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ е смирена и релаксирана по однос на извршната наредба и немаме никаков проблем при нејзиното почитување. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои немаат став за ништо, ние имаме став и за Рамковниот договор и за Договорот од Преспа и за Договорот за пријателство со Бугарија, бидејќи тие договори ги сметаме за начин на кој се затвораат политичките прашања, кои со децении биле алатка за опстојување на политичарите на власт без притоа да ги решаваат суштинските проблеми на граѓаните, нагласи Петровска.Ние го решивме прашањето со името со Република Грција, го решаваме и ќе го решиме прашањето со Бугарија, во наш интерес и ќе ги отвориме поглавјата од преговорите ЕУ кои го подобруваат животот на граѓаните и ги решаваат нивните проблеми, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во дебатната емисија „Патот кон..“ на телевизија Алсат.

Македонија | пред 4 години

venko-filipce-58

Филипче: Се бориме за европската иднината, за македонскиот јазик и идентитет не се разговара

Се бориме за европската иднина на земјата. Нема никакви тајни разговори со Бугарија, нема никакви скриени сценарија, нема преговори за јазикот и идентитетот, е пораката на потпретседателот на СДСМ, Д-Р Венко Филипче во гостувањето на Канал 5 телевизија.Тој рече дека не ги разбира постапките на ВМРО-ДПМНЕ кои постојано блокираат и кочат а притоа немаат аргументи за ништо ниту нудат конкретни докази.Филипче посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно.– Се е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Се е јавно и транспарентно. За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш? ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните, рече Филипче.Според него, малата излезност на протестите е фијаско на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.– Политиката треба да биде инструмент кој работи во интерес на граѓаните, за да се разговара, да се најде заедничко решение и да се постигне консензус, достоинствено. Тоа граѓаните го очекуваат од нас, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

10062021_PVRSM_Zaev_premer_Rama_-Tirana_2

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама.На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.Во изјавата за медиумите премиерот Заев истакна дека Договорот е уште еден чекор во градењето на одличните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија кои како добри пријатели и соседи го имаат како приоритет олеснувањето на меѓуграничниот проток во интерес на граѓаните и на деловните заедници на двете земји.„Навистина е задоволството кога двајца многу добри пријатели коишто водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор завршуваме еден сериозен процес на којшто работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop“ терминалот каде што нашите граѓани ќе го преполоват своето чекање во делот на поминувањето на нашите граници, но пред сѐ и над сѐ, ќе се создадат услови за остварување на четирите европски слободи за слободен проток на стока, луѓе, капитал на услуги“, рече премиерот Заев во своето обраќање по потпишувањето на договорот.Во таа насока воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за контрола.„Јас верувам дека колку повеќе ги усовршуваме административните капацитети и ја пренесеме довербата комплетно на институциите едни помеѓу други, како што впрочем и тоа постои, само со завршување на административните процедури ќе овозможиме да расте нашата трговија, нашата соработка, да се унапреди дополнително пријателството меѓу двата народи и да продолжиме заедно да држиме така да кажам европски лекции затоа што нас нé врзува сегашноста нé врзува и иднината“, нагласи Заев.Претседателот на Владата Заев уште додаде дека двете земји како членки на НАТО, партнери, меѓусебно се помагаат и заедно се исправени пред предизвикот на следниот чекор на нашите процеси кон европските интеграции.„Убедени сме дека секојдневно даваме само повеќе аргументи на европските пријатели за да донесат конечно позитивна одлука. Друг пат за нас нема, тоа е патот кон ЕУ затоа што нашите граѓани ги сакаат европските вредности да ги живеат овде, во Албанија, во Тирана, во Северна Македонија, во Скопје. Ќе продолжиме на тој начин да работиме сé со конечна цел да оствариме што е можно поголема благосостојба, поголем економски просперитет и поголема среќа за Албанците, за македонскиот народ и сите етнички заедници кои што живеат во Северна Македонија. Драго ми е што денес, после овој Самит навистина можеме да завршиме една ваква посета со ваков договор и да испратам порака до нашите граѓани, до стопанствениците да ги користат придобивките од заедничките гранични и царински контроли, да ги мотивира да прават уште поголема трговија и соработка затоа што само така и животот ќе ни биде подобар и посреќен на сите“, рече премиерот Заев.Премиерот на Република Албанија, Еди Рама од своја страна потенцираше дека овој договор значително ќе го олесни движењето меѓу граѓаните на двете држави.„Сакам и јавно да му се заблагодарам од сè срце на Премиерот за неговиот енергичен пристап до крај и за неговата непоколеблива волја да го придвижи овој процес напред, како на билатерален аспект, така и на регионално ниво, и секако ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговото доаѓање и присуство овде заедно со целиот свој тим“, рече премиерот Рама на церемонијата по повод потпишувањето на Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

Македонија | пред 4 години

ograda

(ВИДЕО) Георгиески: Железната ограда од вилата „Билјана“ ја предадов како гест на пријателство и соработка меѓу двата народа

Денеска во посета на Белград предадов дел од железната ограда која го опкружувала парламентот во Белград од 1936 до 1956 година кога била отстранета и разнесена во различни држави на поранешна Југославија. Дел од оваа уметнички обработената железна ограда беше пронајден во поранешната резиденција на Јосип Броз Тито и сегашна вила на македонскиот претседател „Билјана“ во Охрид. Оградата денес ја предадов како гест на пријателство и соработка меѓу двата народа, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Roaming

Од 1 јули се укинува роамингот со пет земји од регионот, најави Османи

Од идниот месец македонските жители ќе можат слободно да телефонираат и да сурфаат во пет соседни држави, не грижејќи се за роамингот.Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека од 1 јули ќе нема роаминг за телефонското поврзување со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.Претходно генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу најави дека надоместокот за роаминг во земјите од регионот ќе биде целосно укинат од 1 јули.

Македонија | пред 4 години

mnr-696x316

МНР: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е политичка одмазда

Министерството за надворешни работи смета дека протерувањето на македонски дипломат од Москва е неоснован потег и дека станува збор за политичка одмазда која негативно ќе влијае на односите меѓу двете земји.„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, велат од МНР.Оливера Чаушевска- Димовска, вработена во македонската амбасада, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија каде што ѝ била врачена Нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата.

Македонија | пред 4 години

divogradbi-2

Рушењето на дивоградбите во Охрид го поддржа и премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески.– Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, напиша Заев.Премиерот посочува дека сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат. Ова, како што појасни тој, особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.– Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Општина Струга, наведува премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

w_56437755

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (61г), починато во болнички услови.Направени се 2.411 тестови преку: ИЈЗ-148, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–32, МАНУ-56, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Авицена-177, Биотек-304, Систина-129, лабораторија Лаор-226, Синлаб-19, Ремедика-81, Плодност–50, Генеа–50, Никоб лаб-202, ВФВ Медикал-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 526.Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68600, Активни 208Куманово 8862, Активни 50Прилеп 8315, Активни 32Тетово 7223, Активни 20Битола 6299, Активни 13Велес 5469, Активни 2Гостивар 5180, Активни 15Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5008, Активни 16Штип 4959, Активни 2Струмица 4113, Активни 7Струга 2981, Активни 4Кочани 2791, Активни 5Кичево 2570, Активни 20Гевгелија 2195, Активни 4Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 2Ресен 1234, Активни 1Крива Паланка 1221, Активни 1Радовиш 1161, Активни 7Берово 1029, Активни 1Делчево 972, Активни 4Дебар 940, Активни 1Виница 886, Активни 7Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 376, Активни 3Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 2Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

1-1

Македонска делегација во официјална посета на Република Србија, течат преговори за нова авионска линија Белград-Охрид-Белград

Македонска делегација составена од НЕ Александар Поповски, вд Амбасадор на РС Македонија во Република Србија, г-дин Љупчо Јаневски, Директор на АППТ и г-дин Константин Георгиески, Градоначалник на општина Охрид денес се во официјална посета на Домот на Народното Собрание на Република Србија, Собранието на град Белград и Министерството за туризам, трговија и телокомуникации.По повеќе од 6 децении, денес и официјално македонската делагација го предаде некогашниот украс на Домот на Народното Собрание на Република Србија. Предавањето на фрагмент од  оградата на некогашната вила на Тито, вила Биљана во Охрид, денес од македонската делагација е предадена на претстедателот на Собранието на Република Србија, Ивица Дачиќ.На средбите со Претседателот на Собранието на Република Србија г-дин Ивица Дачиќ, Претседателот на собранието на град Белград, г-дин Никола Никодијевиќ и државниот секретар во Министерството за туризам, трговија и телекомуникации, г-дин Жикица Несторовиќ се потенцираше за значењето на соработката на РС Македонија и Р. Србија, како и тоа дека мали чекори водат кон големи успеси.За време на официјалните средби се отпочнаа и преговорите за враќање на редовната авионска линија Белград- Охрид – Белград, која пред повеќе од 2 децении била со фрекфенција два пати дневно, додека сега преговорите се водат за два пати неделно. Ова ќе значи и зајакнување на соработката помеѓу овие две земји, што во овој период е повеќе од важна затоа што економиите, а посебно туризмот, се потпира на регионалната соработка и размена.Оваа конекција е резултат на детектираниот, голем интерес, од страна на српските државјани за посета на Охрид, како и на обратно, со оглед на фактот дека РС Македонија е константно помеѓу првите 5 туристички пазари кон кои цели со промоција Р Србија, а истото тоа се однесува и за РС Македонија. Во оваа насока, бројот на туристи од РС Македонија кои ја посетиле Р Србија во 2019та година пораснал за 11% во споредба со 2018та година, додека во првиот квартал за 2021 во споредба со истот период 2020 година бројот на македонски туристи во Р Србија претставува 7.7% од вкупниот број на туристи во државата. Од друга страна, ситуацијата и со РС Македонија е иста, односно бројот на српски туристи во РС Македонија во 2019 година е во сличен, дури и поголем раст во споредба со претходната година.Зголемена промоција и лансирање на нов, заеднички туристички производ, е темата на која Директорот на АППТ, г-дин Љупчо јаневски дополнително дискутираше со г-а Марија Лабовиќ, Директор на Националната туристичка организација на Србија, со што уште повеќе би се зајакнала соработката.

Македонија | пред 4 години

MIKROORGANIZAM

(ВИДЕО) Микроорганизам оживеан по 24.000 години поминати под сибирскиот мраз!

Научниците успеаја да оживеат мало животно, старо 24.000 години, кое било замрзнато на Сибир. Откако се загреало и нахранило, ова безрбетно животно одеднаш станало активно и почнало дури и да се размножува, бесполово, без сексуален партнер.– Се работи за животно со нервен систем, мозок и други органи – вели биологот Стас Малавин од Центарот за биолошки истражувања „Пушчино“.Научниците и претходно имаат успеано да оживеат живо суштество што било замрзнато, дури и постаро – 30.000 години, но ова е првпат тоа да се случи со безрбетник. Се работи за повеќеклеточен организам, кој на главата има венец што трепери, помал од четвртина од милиметар. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-10-at-16.41.43-1

ВИДЕО: Македонци од САД ќе ве расплачат, направија химна за Европско полна со емоции!

Невена, Наум и Калина Нешкоски, нашинци кои живеат во САД, создадоа уште една химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која веќе е во Букурешт и ќе настапува на Европското првенство.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања