Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-i-inspekcija-4

Затворен угостителски објект во тетовско, приведени 14 лица

На 09.06.2021 во периодот од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од с.Желино. При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица - гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 4 години

ograda

(ФОТО) Георгиески на Дачиќ му го предаде делот од оградата на Собранието на Србија кој беше во Охрид

Големо е задоволството што денеска во Белград ја имав честа свечено да предадам дел од оградата на Собранието на Србија, како гест на пријателство помеѓу Македонскиот и Српскиот народ, напиша на својот ФБ профил Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ имавме можност да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во Охрид.На пригодната свеченост и во рамки на официјалната средба беа отворени и повеќе теми на заеднички интерес со што ја потврдивме добрата соработка помеѓу двете држави, која се темели на нашата заедничка историја и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи.Особено беа потенцирани можностите за соработка во делот на туризмот и интересот за Охрид како посакувана дестинација на српскиот туристички пазар.

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Георгиески до амбасадорот на ЕУ Гир: Ви благодарам за поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО

Упатувам јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир за неговата силна поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, напиша на својот Фб профил Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-09-at-00.31.43

Откриени причините за сообраќајката во Кисела Вода, каде две лица загинаа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипа од МВР, изврши увид на самото место каде на 8 јуни 2021 година, во 23:05 часот, во Скопје, на ул. „Борис Трајковски“ се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По наредба на обвинителството обезбедени се и подигнати траги од лице место, обезбедена е фото документацијата од местото на настанот, издадени се наредби за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење обдукција на телата на починатите. Извршени се и други проверки со цел прибирање на материјални и вербални докази за натамошно расветлување на настанот.Според првичните сознанија на обвинителството, сега осомничениот, 25-годишен жител на с. Батинци, скопско, управувал со патничко моторно возило Хундаи Акцент по левата сообраќајна лента од улицата „Борис Трајковски“. Кога пристигнал пред крстосница, непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот ( удвоена бела полна линија), започнал да врши престигнување од левата страна на патничко моторно возило Фиат Пунто кое се движело пред него. Осомничениот со престигнувањето го попречил сообраќајот од спротивната насока и при тоа се судрил со патничко моторно возило Мерцедес Е-200 . Од ударот, возилото на осомничениот се придвижило кон десно и удрило во патничкото моторно возило Фиат Пунто кое се обидел претходно да го престигнува. Возилото Мерцедес Е-200 од ударот се придвижило и отишло на коловозна лента наменета за сообраќај на возилата од спротивната насока, по што бил удрен од патничко моторно возило Фолсфаген Пасат и возило Фолсфаген Шаран и завршило со движењето удирајќи во метална ограда на блискиот тротоар.Од незгодата со телесни повреди се здобиле шест лица, а со тешки телесни повреди се здобило едногодишно дете.Во сообраќајната незгода, поради тежината на здобиените повреди, на самото место животот го загубиле две лица, 28-годишен скопјанец – возачот на Мерцедес Е-200 и жител на с. Студеничани на возраст од 50 години кои управувал со возилото Фолсваген Пасат.Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе посапка против осомничениот возач поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.До надлежниот суд обвинителството поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачката дозвола и забрана за издавање на нова возачка дозвола. Основниот кривичен суд Скопје со Решение ги определи предложените мерки на претпазливост на осомничениот.

Скопје | пред 4 години

13213212111

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 200.000 евра, прекинат меѓународен канал за транспорт на дрога

Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп –Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 01 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.-Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р.Албанија. При контролата, од страна на албанскиот државјанин на полициските службеници им биле понудени пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. Од страна на полициските службеници извршена е контрола, при што во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти Ангеловски.Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.

Македонија | пред 4 години

198093536_307039544389194_8141154675359291242_n

(ВИДЕО) Сам си ги пеглам кошулите оти мајка ми така ме научи, искрено со Петре Шилегов

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Зборува со скопски сленг и сака добра музика. Одвреме-навреме вози тротинет по Скопје, а понекогаш објавува и по некое селфи на Инстаграм. И сега тврди дека Дино Мерлин е „најбоља Нова година што му се случила на Скопје“„Па сега кога ќе слушнам, волку пари биле потрошени, онолку... А за првпат се случи за Нова година да нема слободна хотелска соба во градов. А, да не зборам колку пари потрошија туристите“, вели Шилегов. Рече и дека ќе се кандидира за втор мандат и дека е сигурен дека пак ќе биде градоначалник од есен.Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич“ оти имал долга коса.„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот... сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот“, раскажува скопскиот градоначалник, кој зад себе има адвокатска кариера.Вели дека рокенролот е приказна што му лежи, оти е дете на 80-тите.„Јас сум рокенрол-тип, сакам и блуз и искрено не сакам турбо-фолк. Тоа секогаш ми било испод радар. Да не ме сфати некој погрешно, сакам убава народна музика, ама не и турбо-фолк. Јас сум фан на Азра и Џони Штулуќ и тие плочи сè уште ги имам дома, па ги слушам. Текстовите и кртитиката на општеството во песните отсекогаш ми се допаѓаа“, вели Шилегов за Репортер.Во интервјуто зборуваме за сè. И за адвокатот Шилегов и за градоначалникот Шилегов, кој вели дека успева да ги одвои приватниот живот и јавниот. Но, дека и не секогаш е пријатно кога ќе прочита за себе сешто.„Ние политичарите претерано сме во фокус. Јас сешто дознав за себе. Така и ја почнаа црната кампања против мене. Пијан сум држел говори. И од тогаш ме следи тоа, овој е пијандура. Е добро де, океј. Очајни луѓе коментираат и тоа не ме допира, ама не е добро кога те судат луѓе кои не те знаат. После, зборат, арогантен сум бил. Кога збориш за некој нешто треба да го познаваш. Ама, ете, јас можам да се носам со тоа“, раскажува скопскиот градоначалник.Со ќерката имаат роденден во ист ден, а со сопругата, пак, учеле во исто училиште. Така и се вљубиле. „Како во песната на Балашевиќ, таа имаше панделка во коса, ја бев бунтовникот со долга коса“, раскажува Шилегов.Во интервјуто зборувавме и за тротинетот со кој се возеше низ Скопје, за куќата во Маврово и зошто замина баш во деновите на карантинот, за пазарчето каде што сам оди да набави сè за дома.„Па јас со години сам пазарам и немам проблем со тоа. Искрено и секое утро сам си ги пеглам кошулите, и тоа од мајка ми ми е останато. За готвење ме бива само во делот на месото, ама знам и тоа добро да го направам“, искрен е Шилегов.Кошарката и фудбалот се башка љубови за кои шилегов откри за Репортер во разговорот.

Слајдер | пред 4 години

Drva

ФОТО: Се сечат дрва на Орце Ноколов, жителите - гневни

Саша Богдановиќ "Ниедно дрво на Орце Николов нема да виде исечено". Ова го повторивте неброено. "Ниедно дрво нема да биде исечено".  Утрово исекоа 3 и продолжуваа!!! Само на еден мал потег. Едно до друго! Да, ќе речете дека биле стари и болни. Не, не требаше да се сечат, оти уште разеленуваа, си имаа живот! И да, никогаш нема да засадите други, или ќе ставите глупи грмушки или дрва кои се мали, немаат крошна, не се наши од МК и се салонски за по дома, пишува во објава на социјалната мрежа ФБ.Во продолжение на истата се додава:Ова ли е НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА?!Колку уште дрва ќе исечете на Орце? Имаат ли право жителите да знаат или треба само да се гласа за вас?! Срам да ви е за леснотијата со која не убивате земајќи ни ги воздухот!Ужас!!! УЖАС!.П.С Еве сечат уште едно. Пилите работат на Орце, така беше и за Илинденска...ене ја "уживаме" после 20 години со мушмули!!!

Скопје | пред 4 години

Ohrid

Поддршка за Георгиески од ЕУ амбасадрот Гир: Дивите градби немаат место покрај Охридското Езерото и треба да се отстранат

Дивите градби немаат место покрај Охридското Езерото и треба да се отстранат. Уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија, напипа на својот Твитер профил Евро амбасадорот неговата екселенција Дејвид Гир.извор: Твитер Дејвид Гир

Македонија | пред 4 години

carovska-780x470

Царовска: Оваа учебна година беше предизвик на кој заеднички успешно одговоривме

Министерката за образование и наука Мила Царовска со видео обраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата.Според Царовска, учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите.-Цврсто верувам дека со здружени сили сè може да се постигне полесно. Благодарение на вашиот заеднички придонес во овој процес, ова уште еднаш се докажа. И во овие услови, создадовме сплотена, грижлива и поддржувачка заедница со една цел – учениците да добијат квалитетно образование, а нивното здравје и безбедност да останат заштитени“, рече Царовска.Царовска истакна дека посебно е горда на учениците кои со ова беа најмногу засегнати. Иако наставата на училиште и непосредната комуникација со соучениците и наставниците тешко може да се заменат, тие работеа напорно и со наставата на далечина покажаа висока продуктивност и одлични резултати. Недостатоците во знаењата кои нужно се појавуваат поради условите во кои се одвива наставата, пандемијата, но и новите начини на учење, заедно ќе се обидеме да ги надминеме следната учебна година, со цел да овозможиме успешно школување и добра иднина за нашите деца.-Благодарност за сè што направивте да го поддржите учењето од дома. Балансирањето на семејниот и професионалниот живот некогаш не е едноставно. Како родител на дете во основно училиште, свесна сум дека следењето настава на далечина беше уште еден семеен предизвик со кој сите се соочивме. Ви благодарам за покажаната посветеност и подготвеност за соработка, кои беа суштински дел од успешното спроведување на овој процес, рече Царовска.Министерката изрази благодарност и до сите учесници во воспитно – образовниот процес кој се реализираше со физичко присуство во училница, за доследното почитување на мерките за заштита на личното и јавното здравје, со што дадоа свој придонес за училиштата да не бидат трансмитери на заразата.

Македонија | пред 4 години

velosiped

(ВИДЕО) Крадец неуспешно се обиде да украде велосипед, па си доби ќотек

На социјалните мрежи се споделува видео од лице кое се обидува да украде велосипед, но сопственикот успева да го запре и со тупаници да го падне од велосипедот..https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1402656073820037124?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1402656073820037124%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fcrna-hronika%2Fsakashe-da-ukrade-velosiped-od-bunjakovec-ne-go-ochekuvashe-ova%2FОва треба да им следи на сите „лопови”… Редовно крадење на велосипеди, резултира вака кај граѓаните, кога полицијата не превзема ништо, стои во описот на видеото.Според Фејсбук групата, „Украдени точаци“ пак, станува збор за кражба во ТЦ Буњаковец.

Македонија | пред 4 години

policija-3-1

152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 12 санкционирани возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

dezinfekcija-vo-skolo-1-800x533

Онлајн учебната година заврши, учениците одат на распуст

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата, почетокот на наставата беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159.Поради состојбата со коронавирусот, образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – настава на далечина и часови со физичко присуство.МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, во зависност од состојбата со коронавирусот.

Македонија | пред 4 години

protest

ВМРО ДПМНЕ: Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев. Од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски.Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки.Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот.Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување.ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши.4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Македонија | пред 4 години

zaev-carina

Заев: Пораката на Бајден е потврда за демократските вредности, и охрабрување и мотивација дека сме на вистинскиот пат

Пораката на американскиот претседател Џо Бајден е потврда за демократските вредности, и сериозна порака на охрабрување и мотивација дека сме на вистинскиот пат истакна премиерот Зоран Заев коментирајќи ја наредбата на Бајден, со која се прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ја загрозуваат стабилноста на регионот, а во декретот се додадени и Преспанскиот и Охридскиот договор.„И во едни такви околности, навистина е испратена порака за еден куп негатори, мрчатори, поткупувачи, блокатори и сл, во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи“, истакна Заев.Тој изрази задоволство што, како што рече „првиот и најголем стратешки парнер на земјава, САД, преку Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкан“.Фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и испрати порака кон сите поткупувачи на овие демократрски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи, да блокира сметки таму, или да забрани патувања на другите, а не е малку, срамот некој нека го носи па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави”, предочи премиерот.Дефинитивно, рече Заев имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството. 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Џо Бајден ја губи врската со реалност и болеста сериозно му напредува, ќе ги казнува сите Македонци што се против преспанскиот договoр

Единствена Македонија изразува вчудоневиденост од новата извршна наредба на американскоот претседател Џо Бајден со која забранува влез на Македонци во САД кои се залагаат против Преспанскиот договор.Новата извршна наредба на Бајден покажува дека американскиот претседател ја губи врската со реалност и дека болеста сериозно му напредува. Се поставува прашањето, како може Бајден да казни цел еден народ кој само сака да остане свој на своето, бидејќи, на референдумот на 30 септември 2018 година, поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија рекоа „не“ за преспанскиот договор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:За Единствена Македонија како и за македонскиот народ нема дилема. Договорот со Грција е дело на непријателите на македонското дело и на марионетска власт во Скопје инсталирана од странски центар која не ја ужива довербата на народот.Единствена Македонија и македонскиот народ никогаш нема да го прифатат преспанскиот договор со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Џо Бајден може да воведува санкции колу му душа сака. Првата задача на новата легална власт на Единствена Македонија е поништување на преспанскиот договор кој е во спротивност со домашното и меѓународното право и конституирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Така е во сите современи држави чии устави содржат референца за мнозинскиот народ!

Македонија | пред 4 години

Kaloshev-09.06

Калошев по вчерашното приведување: Поднесовме претставка до внатрешна контрола, очекуваме од МВР да има санкции и извинување

Денеска поднесовме Претставка до внатрешната контрола во МВР, очекуваме органите да одговорат по истата, да биде санкциониран сторителот.И го повикувам МВР да се извини, а воедно сакам да ги повикам денеска во 15 часот сите граѓани на Република Македонија повторно да дојдат на протест. За Македонија се работи, истакна Стефан Калошев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

09062021_ZPVRSM_Nikolovski_ME_Bektesi_pres-konferencija_2

Николовски и Бектеши: На седум компании им се изречени прекршочни казни од 55.510 евра

Заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираа за наодите од спроведената сеопфатна анализа што ја направија државните институции за увозот на мазут.Како што информираше вицепремиерот Николовски утврдени се неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра.Сите наоди како што информираше Николовски утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесирање и утврдување на евентуална кривична одговорност.„Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. По зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Заедно со Министерството за економија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Бирото за метрологија, изминатиов период бевме во постојана координација, размена на информации, а сé со цел да добиеме јасна слика за фактичката состојба. Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на мој предлог, со Министерството за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки“, кажа Николовски и дополни дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле.„Заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина бара целосна посветеност, решителност и одговорност, тоа е наш врвен приоритет, и тука нема компромис. Граѓаните имаат право на здрава животна средина, а наша обврска е да обезбедиме услови за остварување на тоа право. Затоа, Владата со загриженост и внимателност пристапува не само за оваа информација, туку и за што претставува непочитување на законите и загрозување на јавното здравје“, кажа Николовски.Вицепремиерот Николовски потенцираше дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатени и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршени во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати, а кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција.Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека здравата животна средина, безбедноста и здравјето на граѓаните се најголем приоритет на оваа Влада и кон овие прашања секогаш се постапувало со голема внимателност.„Во изминатите три недели заедно со вицепремиерот Николовски и со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Бирото за метрологија работевме интензивно за да утврдиме кои и какви пропусти се направени при увоз на мазут и како ние како Влада, но и Министерство за економија ќе постапуваме во наредниот период за да се избегнат злоупотреби кога станува збор за увоз на нафтени деривати. Квалитетот на нафтените деривати кои што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите“, кажа министерот Бектеши и дополни дека Владата се залага за зелена агенда, агенда која носи поквалитетен живот на граѓаните.Анализите како што информираше Бектеши го покажуваат следното:Кај компанијата „Блу Технолоџи“, е констатирано дека продава „мазут ППД“, којшто како производ не е деклариран во Правилникот за квалитет на течни горива. Поради тоа, ДПИ на компанијата и изрече Решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ.Кај правниот субјект „САНС АГ Штип“, утврдено е производство на мазут од отпадни гуми, за кој Инспекторатот за животна средина констатираше дека не ги исполнува стандардите за квалитет. За оваа компанија, изречена е забрана за работа и барање за одземање на Б интегрирана дозвола.„ДПИ, за овие две компании достави допис до Државниот инспекторат за животна средина за покренување постапка за одземање на лиценца, поради производство на производ кој го декларираат како мазут, а не соодветствува со параметрите на мазут, што е спротивно на Правилникот за квалитет на течни горива“, кажа Бектеши.Понатаму според анализата, кај компанијата „Евротим“,утврдени се отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува. Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараат согласно Правилникот. По задолжение од ДПИ двете цистерни од кои се земени мостри се вратени кај добавувачот. Дополнително, ДПИ има земено мостра и од складиштето на компанијата „Евротим“, за што анализите ќе бидат готови во текот на денешниот ден. ДПИ на оваа компанија и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут.Кај пет цистерни со мазут на компанијата „Суперјтрејд“, утврдено е отстапување од параметрите согласно Правилникот за квалитет на течни горива, во делот на поголем процент на вода од дозволеното. Петте цистерни на овој увозник, се вратени кај добавувачот. Дополнително, после неколку дена, кај оваа компанија е извршен уште еден инспекциски надзор, земени се три мостри, и утврдено е дека земените примероци се во согласност со Правилникот.„Кај 7 компании изречени се прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра. Или конкретно: „РКМ ДООЕЛ“ за немање на залихи и за неточно водење на сметководство. „Суперјтрејд“, исто така за немање на залихи во резервоарите, што ќе повторам е законската обврска. „Евротим“, поради немање залиха, и да потсетам истата оваа компанија има забрана за промет на мазут, поради отстапки во квалитетот. „Пертинакс-Скопје“, нема залихи на мазут. „Ли-оил ДБ Кавадарци“, нема залихи на мазут. „Блу технолоџи“, за несоодветна сметководствена евиденција, и оваа фирма како што кажав погоре има и привремена забрана за работа. „Ка-оил Енерџи Кавадарци“, нема залиха и утврдено е дека компанијата вршела трговија на мазут без лиценца од Регулаторна комисија за енергетика“, кажа Бектеши.При спроведената внатрешна контрола од Царинската управа, утврдено е дека кај една компанија, тоа е „РКМ ДООЕЛ“, декларираниот производ не се совпаѓа со царинската тарифа под која е увезен. Тоа значи дека еден производ бил означен во фактурата, а сосема друг е увезен. Од страна на Царинската управа, направено е прераспределување во правилна тарифна ознака, и од фирмата „РКМ“ е наплатен царински долг, дополнителни давачки и прекршоци во износ од над 24 илјади евра. Кај сите други контролирани компании, декларираниот производ се совпаѓа со дериватот што е увезен.„Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во земјата“, додаде министерот Бектеши.

Македонија | пред 4 години

kuba-4

Општина Охрид: Не е точно дека дека поранешениот концесионер на плажата "Куба Либре" не добил известување за отстранување на бесправните објекти

Општина Охрид најостро ги демантира тврдењата на адвокатите и менаџерскиот тим на фирмата поранешен концесионер на плажата "Куба Либре" дека не добиле известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност, се вели во соопштението од Општина Охрид.Во продолжение на истото се додава:Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена. Исто така, јавноста преку медиумите, неколку пати до сега беше информирана за целиот процес на отстранување на објектите од плажите и до сега неколку пати беше потенцирано дека ќе се пристапи кон отстранување на плажите во градската зона и дека нема да има никакава селективност во постапките.Целосно манипулативна е изјавата од фирмата поранешен концесионер, дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година. Тоа е целосна лага! Општина Охрид потенцира дека станува збор за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение.Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредеба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето.Плажата"Куба Либре" работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено обавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото.Наместо да даваат паушелни изјави со кои сакаат да ја извртат вистината во своја корист, треба конечно да разберат дека времето на незаконско работење на плажите истече и дека нивните бизнис интереси повеќе нема да бидат над законите и интересите на Охрид.Општина Охрид останува посветена на почитување на законите и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на Светското природно и културно наследство.

Македонија | пред 4 години

evra-falsifikat

ВМРО-ДПМНЕ доби казна од 3.000 евра казна поради напуштање на судницата за време на рочиште

ВМРО-ДПМНЕ казнет во судница со 3.000 евра. Партијата ја доби оваа казна поради одлуката Димче Арсовски, нејзин претставник во судницата, да излезе од судењето за случајот „Талир“ незадоволен од тоа што посочил дека еден од поротниците имал 60 години и не смеел веќе да ја извршува функцијата судија поротник, објави Алсат.Судијата, Осман Шабани, кој го води овој процес, му посочи дека судницата ја помешал со Собрание и дека политички говори не се дозволени. По ова Арсовски рече дека ќе ја напушти судницата, за што беше предупреден дека ќе сноси последици, како претставник на правното лице ВМРО-ДПМНЕ. Откако партијата беше казнета судот посочи дека ќе постават адвокат по службена должност кој ќе ја репрезентира опозициската партија за време на судењето.Текстот во целост на: Алсат

Македонија | пред 4 години

dimce09062021

Арсовски: Џолев ги крши законите, Митко Сандев веднаш да биде заменет со друг судија-поротник инаку следува кривична одговорност

Денеска во десет часот требаше да започне рочиштето каде што политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ којшто ја го претставувам е еден од обвинетите, она коешто го кажаав во судницата е барањето за престанок на мандатот на судијата поротник, господинот Митко Сандев, од две причини, прво, согласно одлуката на Уставниот суд 162/2006-0 од 2007 година предвидува дека секој судија поротник кој има навршено 60 години му престане мандатот на делување во постапките, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност.Ова е повеќе од доволна причина за негова пристрасност, тоа е членувањето во политичката партија која е во коалиција со власта. Она коешто е поважно е ние почитувајќи го овој суд и почитувајќи ги судиите во постапката којашто ја водат бараме почитување на законот, а тоа е да прекине мандатот односно функцијата на господинот Митко Сандев заради навршени 60 години.За жал сеуште претседател на судот Иван Џолев кој сметаме дека главниот извршител на Зоран Заев во вој суд нема поднесено иницијатива иако господинот Митко Сандев има навршено 60 години, до Републичкиот судски совет за престанок на мандатот и веќе повеќе од јасно е дека се работи за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Ова се две причини коишто се и повеќе од доволни за да господинот Митко Сандев има прекин на својата функција и да биде земенет со нов поротник за да може и понатаму да продолжи судењето за овој предмет.Ние го почитуваме законот, но истиот вели дека Митко Сандев не може повеќе да биде судија поротник во оваа постапка. Како што реков причините веќе се јасни.На прашањето дали очекувате на некое следно рочиште да биде ислушано ова барање, Арсовски истакна:–Па има поднесено барање од страна на одбраната до претседателот Иван Џолев, но се уште не протестирано за жал. Она кое што можам да го посочам од информации кои што вчера ги дознав јас дека вчера имал седница Републичкиот судски совет, сепак треба да објават, но за едно лице се разгледувало и се изгласало престанок на мандатот лице судија поротник заради истата причина која што треба да биде разрешен и господинот Митко Сандев. Очекуваме да судскиот совет ја почитува судската пракса. Судската пракса веќе има и претходно која што ја имав кажано вчера на мојата прес конференција во Гостиварскиот суд каде што поротник навршува 60 години, претседателот на судот пушта барање до Републичкиот судски совет и се утврдува престанок на мандатот. Но, очигледно е дека господинот Иван Џолев ги слуша наредбите на Зоран Заев да се врши се уште притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку овие судења, а главниот притисок е што во моментот заради овој случај е замрзнат имотот на партијата како што знаете следат локални избори кои што и тоа како му е важно на Зоран Заев да ВМРО-ДПМНЕ биде со врзани раце во однос на ресурсите. Затоа сметаме дека главниот виновник кој што не го почитува законот е Иван Џолев кој што е претседател на Основниот суд и тоа е едно од причините кои што најверојатно сака да прикаже некоја колаборација со власта, а тоа е дека за одредено време треба да има нов оглас за реизбор за претседател на судот и претпоставуваме дека тој најверојатно сака да одработи за да биде повторно реизбран. Но, како што рековме ова не се политички игри, ова е многу посериозно и посилно од замислите на Иван Џолев и Зоран Заев и треба да се почитува законот. Ние како политичка партија, јас како нејзин претставник го испочитувавме законот до крај, ги испочитувавме судиите кои што го водат оваа судење, влеговме во салата, присуствувавме и побаравме да биде прекинато рочиштето, но и целата постапка се до моментот додека не се замени судијата поротник Митко Сандев. Но, очигледно не бевме послушани. Така што уште еднаш апелираме до Иван Џолев да ја поведе таа иницијатива за престанок на мандатот до Републичкиот судски совет за Митко Сандев од едноставна причина затоа што може да одговара за непостапување, затоа што тоа е законска обврска која што треба да ја направи, а за жал свесно го втурнува и Митко Сандев во кривично дело со тоа што не го почитува законот.

Македонија | пред 4 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев: Здраво Кале, ај да се самопријавам со време, да не имате листа на чекање

Претседателот на САД Џо Бајден вечерва издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот.по ова преку својот Фб профил се обрати пратеникот Димитар Апасиев.Тој на ФБ напиша:Здраво Кале.Ај да се самопријавам со време, да не имате листа на чекање...

Македонија | пред 4 години

kuba

Општина Охрид: Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО - сите нелегални градби ќе бидат отстранети без селективност

Општина Охрид е цврсто одлучена да воведе ред и да стави крај на долгогодишното самоволие и хаотично стопанисување со плажите на охридското крајбрежје. Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште, со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото, се вели во соопштението од општина Охрид.Во продолжение на истото од локалната додаваат:Денеска градежната механизација и работните екипи ангажирани од Општина Охрид започнаа со активности за отстранување на платформите на плажите „Куба Либре“, „Кадмо“ и „Бела Виста“ кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.Исто така, во текот на наредните денови ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на крајбрежјето на потегот кон населбата „Канео“.Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите.Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети и нема да има никаква селективност во постапките.НИКОЈ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НАД ЗАКОНИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА ОХРИД, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Левица: Уште една во низата манипулации од страна на власта на СДСМ е „Недела неработен ден"

Имено, она што Владата помпезно го најавува како голема придобивка за работниците, всушност и не е ништо ново, бидејќи поголема дневница за работа во недела и друг слободен ден во текот на неделата го предвидуваат и веќе постоечките законски норми, предвидени со Законот за работни односи и колективните договори, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Со новите законски измени се предвидува работа во недела од 10 до 18 часот, па се поставува прашањето како од најавуваниот слободен ден во недела, стигнавме до слободно попладне во неделa! Наместо да се донесат законски решенија кои што ќе овозможат сериозни промени, како и многу пати до сега владеjачката структура, самата предводена од олигарси,попушти пред интересите на олигарсите и ги заборави работниците.Наместо власта да ги зајакне заштитните механизми и да решава есенцијални проблеми во трудовиот сектор како што се: работа на црно, исплаќање на плата во плико, неисплаќање на празнични дневници, прекувремена работа, ноќна работа, минат труд, да се залага за задолжителни два слободни дена во неделата, да направи посебен пакет мерки за работници кои во време на пандемија останаа на улица, да формира заштитен фонд за сите работници, СДСМ само сервира убав наслов изагарантирани злоупотреби и дискриминација.Дополнително, иако се четири години на власт, СДСМ реализацијата на оваа мерка ја пролонгира за месец октомври, кога се предвидени и локалните избори. Ваквото преклопување укажува на тоа дека владејачката структура уште сега го трасира патот за предизборен поткуп, по примерот на предвремените парламентарни избори.Она што всушност е новина и што Владата сака да го протурка е надоместокот од 2% од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, што ќе треба да го плаќаат работодавците ако сакаат да обавуваат дејност во недела, па така она што се најавува како придобивка за работниците, всушност е придобивка за полнење на Буџетот, во отсуствона било каква економска стратегија и визија на власта.Доколку се сумираат сите изјави на Владата за нејзиниот проект „Недела неработен ден" може да се донесе само еден заклучок: Недела ќе биде работен ден за сите кои и досега работеле во недела и ќе биде неработен за сите оние кои што досега не работеле во недела.

Македонија | пред 4 години

kuba

(ФОТО) Под засилено полициско обезбедување се отстрануваат платформите од Куба Либре, Кадмо, Бела Виста

Под засилено полициско обезбедување, рано утрово започна отстранувањето на платформата на една од најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро, плажата „Куба Либре“. Според првичните информации, поранешните концесионери на плажата сами ја отстрануваат платформата и опремата.Охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од пред два дена се без напојување со електрична енергија. Овие плажи се опфатени со ГУП-от, но немаат договори за концесија.Вчера продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на потегот кај плажата „Корали“. Уривањето кое на овој потег започна пред два дена, а се одвива со тешка механизација која ги отстранува објектите и ги расчистува остатоците и инфраструктурата на плажата.Со последните акции продолжува расчистувањето на објектите на плажите, кое до неодамна беше најактивно пред Авто кампот „Елешец“ и плажата Atlantic Beach, односно претходно на плажите после хотелот „Метропол“. фото: ohridpress.com.mk повеќе фотографии од акцијата на овој линк

Македонија | пред 4 години

najnova-vest-skopje-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Полицијата го затвори патот после мостот, ќе се отстрануваат платформите на угостителските објекти

Полицијата го затвори пристапот на патеката после мостот. Најверојатно сопствениците на угостителските објекти сами ќе ги отстрануваат платформите кои се во Езерото.  Овој чекор доаѓа откако ЕВН ги остави без напојубање со електрична енергија.Плажите на кои им е исклучена струјата се опфатени со ГУП от, но немаат договори за концесија. Оние што не се опфатени со ГУП от веќе се срушени, велат од општина Охрид.На десетина дена до истекот на рокот, деновиве беше урната плажата Atlantic во Елешец. Градоначалникот Константин Георгиески неодамна обелодени дека поранешни концесионери на плажи на брегот на Охридското Езеро во период кога немале активни договори за концесија остварувале милиони денари приход.Георгиески најави дека ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.Од охридскиот угостителски еснаф сметаат дека не треба сега да се преземаат акции за рушење на атрактивни плажи, според нив тајмингот е погрешен.Денешната акција се споведува без инциденти. Се отстрануваат платформите на плажите  Куба, Кадмо, Бела Виста, а ќе се отстранува и платформата пред некогашната плажа Горица 1, а мостот ќе се врати во првобитна состојба.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања