Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

08062021_77_Vladina_Sednica_10

Владата го донесе ребалансот на Буџетот за 2021 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 77-ма седница ги донесе измените и дополнувањата, односно ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, кои, заедно со дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, ќе бидат доставени на усвојување до Собранието.Според презентацијата на Министерството за финансии, со овој ребаланс приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и со поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.И понатаму останува определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии.За да се реализираат целите во справувањето со КОВИД-19 пандемијата, со овие измени и дополнувања на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година на расходната страна на Буџетот се ограничуваат одредени планирани трошења кај  буџетските корисници кои суштински и директно не се поврзани со справувањето со здравствената пандемија, како и се сведуваат на минимум сите непродуктивни трошења од Буџетот.Имајќи ги предвид остварувањата на приходите за периодот јануари-мај 2021 година, како и потребата за обезбедување на средства за спроведување на активностите предвидени со петтиот и шестиот сет на мерки, извршени се промени во однос на иницијалните проекции на приходната и расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и тие се за околу 10 милијарди денари или за 4,7% повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Проекциите за приходите се базираат на: реализацијата на приходите во тековната година, очекувањата за економските остварувања во 2021 година, одредени измени во даночната сфера, поголем даночен опфат, фер и олеснети административни процеси.Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6%, односно за околу 21 милијарди денари повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5% од БДП.Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година, односно со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Порастот од 26,9% на капиталните расходи е резултат на обезбедување на потребните средства за реализација на дел од мерките на Владата.На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои се креирани законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.Во насока на предложените законски решенија за прогласување на неделата како неработен ден, на денешната седница се усвоени и измените и дополнувањата на Законот за трговија со цел да се уреди работното време во трговијата во недела и на празници, како и да ги утврди исклучоците во трговијата на мало за кои ќе биде дозволено работа во ден недела и на празници.Владата денеска ја усвои информацијата за преземените активности од страна на Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државната инспекција за животна средина во врска со наводите објавени за увозот и дистрибуцијата на нафтени деривати, односно мазут, и ги задолжи заменикот-претседателот задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, во текот на утрешниот ден, на 9 јуни, за сознанијата и за преземените мерки да ја информираат јавноста на прес-конференција.На денешната седница Владата донесе одлука со која е овозможена поддршка за вкупно 2.204 компании од угостителската дејност, коишто беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, или вкупно 21 ден, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на КОВИД-19.Компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност според Националната класификација на дејности, 56.10, 56.29, 56.30, имаа можност да се пријават на отворениот повик за финансиска поддршка, при што од вкупно 2.406 пристигнати апликации, 2.204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри.Вкупната финансиска поддршка за сите 2.204 компании кои ги исполниле условите на јавниот повик е во износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.На оваа 77-ма седница се утврдени измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции со кои се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот.Со новопредложените измени и дополнувања се претставуваат и условите за рамномерен регионален развој, се проширува листата на оправдани инвестициски трошоци, и се предвидува дека корисници на финансиска помош да бидат и субјектите кои вршат дејности поврзани со наменско производство како што е производството на воена опрема.Со претходно одобрување на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го дополни Протоколот за активности во  установите за згрижување и воспитание на деца согласно кој во период на користење на годишни одмори на вработените (јуни-август) може да се направи спојување на деца од различни воспитни групи и тоа групи до двегодишна возраст и групи од две до десетгодишна возраст, но бројот на деца во група не смее да биде поголем од 15 деца (во групи до двегодишна возраст) и 20 деца (во групи од две до десетгодишна возраст).Владата ја разгледа и усвои информацијата за овозможување содржина и емитување на македонски/албански јазик на Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата држава, и ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи и да ја извести Владата во рок од 3 месеци за оваа можност.

Македонија | пред 4 години

08062021_PVRSM_MF_Press_1

Заев и Бесими: Економијата е стабилна и ќе расте, со ребалансот ги поддржуваме капиталните инвестиции

„Ребалансот на Буџетот е во насока на поддршка на развојот и растот на економијата, со фокус на капиталните инвестиции, стимулирање на стопанството, обезбедени се плати, пензии, субвенции за земјоделството, притоа не изостанува и поддршката за ранливите категории граѓани“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа утврдениот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година кој ќе биде доставен во Собранието.Премиерот Заев подвлече дека станува збор за продуктивен ребаланс кој ги следи економските состојби, со запазена домаќинска грижа за јавните средства и максимална посветеност за справување со пандемијата.„Економијата е стабилна и ќе расте. Владините проекции за раст на економијата остануваат 4,1% и со Ребалансот на Буџетот. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да влијаат позитивно врз очекувањата и довербата на домашните инвеститори. Во таа насока, инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции.Потрошувачката, исто така, е предвидено да го поддржи растот на домашната побарувачка. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 4%, во услови на враќање на довербата и оптимизмот со масовната вакцинација, опоравување на дознаките од странство, поддржана и од преземените фискални мерки за справување со пандемијата. Позитивни ефекти врз приватната потрошувачка се очекуваат и од кредитната поддршка на банките. Растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3% на реална основа, којшто делумно се должи на расходите за справување со пандемијата“, изјави Заев.Премиерот додаде дека извозот на стоки и услуги, се предвидува да забележи реален раст од 10,6%. Растот на извозната активност и на домашната побарувачка во 2021 година условуваат зголемен увоз на стоки и услуги, кој се очекува да се зголеми за 11% на реална основа.„Креираме поволен деловен амбиент за отворање на нови работни места, поттикнати преку активните мерки и програми за вработување и поддршката за отворање нови работни места. Дополнително, растот на довербата на инвеститорите, новите инвестициски циклуси, значат раст и на побарувачката за работна сила. Очекуваме во 2021 година, бројот на вработени да се зголеми за 1%, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,5%, додека стапката на невработеност да се намали на 15,8%“.На прес-конференцијата премиерот Заев истакна дека со ребалансот на Буџетот се покачуваат и приходната и расходната страна на Буџетот. Приходната се покачува за 4,7%, додека расходната за 8,6%.„Од една страна, тука е навистина добрата наплата на приходите изминатите месеци, а од друга страна тука се потребите кои треба да се обезбедат, како повеќе средства за ковид-мерките, зголемени потреби за здравство и вакцини, средства за земјоделството и поддршка на социјалните категории. Планирани се дополнителни 14,7 милијарди денари за тековни трансфери кои се однесуваат пред се на потребните средства за имплементирање на економските мерки за справување со пандемијата. Расходите за исплата на платите се проектирани на ниво од 31,6 милијарди денари во кој е вклучен ефектот од строга контрола на нови вработувања со цел оптимизација на јавната администрација и исплата на регрес на годишен одмор согласно Гранскиот колективен договор за органи на државна управа, општини, Државно правобранителство, обвинителство, фондови, агенции. Во расходите за субвенции и трансфери е планирана поддршка на земјоделскиот сектор со обезбедување на дополнителни 3 милијарди денари, како и обезбедување на средства за студентски оброк и дополнителни средства за радиодифузната дејност.Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари се повисоки во однос на планот за 2021 година, што е за 26,9% повеќе. Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Наша цврста заложба е да инвестираме во трајни добра. Се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството и заштитата на животната средина“, рече Заев.Министерот за финансии Бесими истакна дека и Владата, и експертската јавност, и меѓународните финансиски институции се согласи дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните, мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во насока на зголемувањето на капиталните инвестиции во буџетот, тој посочи дека е извршено редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи.„Порастот од 26,9% на капиталните расходи е резултат на обезбедување на потребните средства за реализација на дел од мерките на Владата, а кои се однесуваат на кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените сектори од областа на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани, приватните здравствени установи и др, кредитна гарантна шема преку Развојната банка во периодот април-октомври 2021 година и формирање на Фонд за поддршка на истражување и развој преку Развојната банка. Кај буџетските корисници планирано е обезбедување на дополнителни средства за капитални инвестиции за реконструкција на јавните здравствени установи, во областа на детската заштита, реконструкција и опремување на старски домови и опремување на центри за лица со попреченост, во областа на патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови, како и зголемен износ на средства за рурален развој“, рече Бесими.Бесими посочи и дека новини во Буџетот се нова потпрограма за зелен развој, нови инструменти, како развојна обврзница и зелена обврзница во кои ќе можат да инвестираат граѓаните и кои ќе бидат наменети исклучително за инвестиции и зелен (одржлив) развој, како и Планот за финансирање на забрзан раст кој ќе овозможи нови инвестиции и нови работни места, а наскоро ќе биде презентиран.На прес-конференцијата беше соопштено дека Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, околу 8 милијарди евра ќе се реализира и претставува дополнителен стимул за економски развој преку реализација на конкретни проекти. Најголемите инвестиции се планирани во енергетиката, гасификација, туризам, здравство, преработувачката индустрија, производството.Владините приоритети до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Сајкоски: Брутален притисок од страна на полицијата на Спасовски и Заев, врз граѓаните кои протестираа против предавствата на Заев

Со жалење можам да кажам дека без никакви причини и без никаков повод беше приведен еден наш активист. Сега сакам да апелирам до полицијата, бидејќи направи еден срамен чин на кој еден млад човек кој излезе да го изрази револтот беше легнат од полицајците беше приведен со лисици уште го чуваат во станица. Ние разговаравме со надлежните што го обезбедуваат овој настан и јас им укажав дека тоа што го направиле е кривично дело затоа што не може да приведуваат граѓани кои не го прекршиле законот. Овој настан беше најавен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и ние кажавме дека уште пред два дена ќе ги блокираме 3 раскрсници во градот Скопје и уште во 9 градови во Република Македонија, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Сајкоски додаде:Жалам повторно што полицијата испровоцира инцидент. Од информациите што ги добив од лице место, од луѓето, од очевидците ми пренесоа дека еден наш учесник во собиров снимал и се сликал на самиот собир што ниту е кривично дело, ниту прекршок може да се санкционира затоа ова е само провокација од страна на полицијата, а нашите учесници мирно протестираат и целата работа беше координирана со МВР до овој момент додека се случи инцидентот.

Македонија | пред 4 години

bankomat-12

Курир: На десетина граѓани викендов им е испразнета банкарската сметка од хакери без да знаат

Вистински шок овие денови доживуваат десетици лица кои се членови на позната македонска банка откако нивното салдо го испразниле хакери. Последниот ваков случај го доживеал и 33 годишен скопјанец кој вчера сакајќи да подигне пари од банкомат на истиот му пишувало дека не може да се подигне сума , бидејќи веќе е направена трансакција од 30 илјади денари.Тој во изјава за КУРИР вели дека веднаш заминал во банката каде преку неа дознал дека е цел на хакерска измама.-Во банката ми кажаа дека во неделата од банкомат во Штип од мојата картичка биле подигнати 30 илјади денари иако јас сум од Скопје и за време на викендот бев дома, ниту ја имав дадено на некого мојата картичка која ми е во паричникот. Од службите таму ми кажаа дека не си единствен и дека парите целосно ќе ми бидат вратени во наредните неколку дена, раскажува тој за агонијата која ја помина.Текстот во целост на: КУРИР

Македонија | пред 4 години

Protest-12

ВИДЕО: Демонстрантите на протестите од ВМРО-ДПМНЕ рипнаа по полицијата, откако едно лице беше приведено

За време на денешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ приведено е едно лице, по што група демонстранти ѝ дадоа отпор на полицијата и бараа негово ослободување.Двајца полицајци му ставија лисици на момчето. На ова, бурно реагираа останатите демонстранти кои бараа ослободување. Набрзо откако му беа ставени лисици, десетици присутни се затрчаа кон полицијата. Останатите извикуваа „уа“ и бараа да го ослободат.„Срамота е, на што личи ова? Што правите? Срамота е ова! Уа криминалци! На толку мирно место да приведувате!“, извикуваа присутните...

Македонија | пред 4 години

protest-22

Трета балканска војна?, прашува професорка од протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Професорката Наташа Котлар на денешниот протесто организиран од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека со Договорот со Бугарија, соседот го оспорува македонскиот народ и јазик. Таа додава дека ќе бидеме негирани и асимилирани како народ.„Со Преспанската спогодба националниот идентитет е засегнат, а со овој договор целосно ќе бидеме по мерка на нашите европски соседи, односно Грција и Бугарија. Дали тоа значи дека ова е Трета Балканска војна и сметам дека треба овие договори да бидат раскинати“, рече таа.

Македонија | пред 4 години

protest-13

Мицкоски пристигна пред „Мавровка“ – полицијата го ослободи момчето кое беше приведено

Член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, насилно е приведен од полицијата додека бил на протестот што го организира партијата кај крстосницата во близина на  „Мавровка“.Како што веќе објави „Нетпрес“, уапсениот демонстрант со мобилен телефон почнал да снима на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине со снимањето. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната бесмислена наредба, брутално бил уапсен и спроведен во полициска станица.По приведувањето на младото момче, се направи притисок на присутните кај блокираната раскрсница кај Мавровка, а откако пристигна Мицкоски, партискиот член беше ослободен.извор: „Нетпрес“

Македонија | пред 4 години

zaev-2-1

Од 1 октомври - недела неработен ден

Од 1 октомври недела станува неработен ден за сите, соопшти премиерот Зоран Заев по денешната владина седница. Усвоени се измените во законите за работни односи и за трговски друштва и тие ќе бидат испратени до Собранието.Посебна грижа, рече Заев, се водело за работниците каде што не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес. На овие работници ќе им следува додаток на плата за работа во недела и тие ќе добијат опција да имаат слободен ден во друг ден од неделата.„Ова беше приоритет на нашата програма, направена со синдикатите и работодавачите. Недела ќе стане ден за одмор и со ова ја поддржуваме грижата и поддршката за работниците. Со ова ќе се создаде рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот. Работничката и работникот ќе бидат поефикасни и помотивирани, но и ќе имаат приватен живот, за партнерски заедници, за пријателите“, рече Заев.За секое непочитување на законите, ќе следуваат санкции – забрана за вршење дејност или прекршочен налог.

Македонија | пред 4 години

Stojanoski-08.06.01

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата посебност како народ, Заев и Бучковски да го објават тој патоказ под итно

„Ние бараме власта, Заев и Бучковски да го објават тој патоказ, да објават за што разговараат и за што се преговара, заради тоа што она што можевме да го видиме од изјавите на официјална Софија ставен е на маса македонскиот идентитет, македонската историја и македонскиот јазик. И за тоа ние решивме преку овие протести, преку овие блокади кои што ќе траат три дена во континуитет, денеска сме на три локации во градот Скопје, тоа е раскрсницата тука до нас НИП Нова Македонија, Мавровка како и во десет градови во Република Македонија да ја испратиме пораката дека јавноста и народот мора да знае за што се преговара бидејќи поучени од поведението кое што се случувало до сега, секогаш кога сме биле на ваков стадиум Македонија губела и се соочувала со национално предавство. Нашата интенција е тоа да го спречиме, да го објават тој патоказ и сите да видиме што се преговара и дали тоа е прифатливо или не е прифатливо, знаејќи го поведението на овие луѓе, тоа е далеку над црвените линии“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.  Стојаноски додаде дека официјалната Софија и нивното МНР излезе со став дека не отстапуваат од позициите кои што беа и претходно.„ВМРО-ДПМНЕ е за членство и интеграција во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата посебност како народ, нашата историја, нашиот идентитет и нашиот јазик. Знаеме дека досега во сите ситуации кои што сме ги имале да просведочиме, Владата на Зоран Заев е таа што капитулира и ние сакаме тоа да го спречиме. Сметам дека треба да се покаже малку поголема национална свест во решавањето на овие историски, национални и би рекол прашања кои што го засегаат и постоењето на еден народ заради тоа што без историјата, без нашиот идентитет и без јазикот како одредена посебност која што не одликува како одредена белегзија на самиот македонски народ ние тогаш што би барале, каде и да членуваме“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека на јавноста патоказот треба да и се покаже бидејќи има право да знае за што Бучковски и Заев преговараат со официјална Софија.„Од аспект на одлуката ја повикувам ЕУ да даде зелено светло за да Македонија може да ги започне преговорите, заради тоа што е долгогодишен труд и ветување од нивна страна како и многу би кажал и откажувања кои што ги претрпе македонскиот народ “,истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.Стојаноски додаде дека опозицијата будно ја набљудува власта.„Им се извинувам на сите оние кои што ќе бидат затечени во сообраќајниот метеж но мора да знаат дека цената на ова е македонскиот идентитет, македонската историја, македонскиот јазик, а тоа нема цена“, нагласи Стојаноски.

Македонија | пред 4 години

apasiev-sobranie-1

Апасиев го опомена Џафери затоа што го симна од дневен ред законот за легализација на дивоградби

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на почетокот на денешната собраниска седница до спикерот Талат Џафери затоа што го повлекол од дневниот ред на денешната седница законот за легализација на бесправно изградени објекти, наместо да го стави на повторно изјаснување, поради ветото од претседателот Стево Пендаровски, објави 360stepeni.mk.„Со каков легитимитет тргате точка која веќе не е предлог-закон, туку закон, како што и самите сте навеле во првичниот дневен ред. Владата, како предлагач на законот, има право да го повлече додека е предлог, а откако тој закон ќе биде изгласан, улогата на предлагачот станува небитна“, рече Апасиев и посочи на одредбите што се однесуваат на процедурата за трето читање на закон што не го потпишал шефот на државата.Џафери одговори дека го повлекол законот од дневен ред откако Владата, на барање на повеќе субјекти, информирала дека го повлекува законското решение од процедура и дека ќе достави ново.Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Македонија | пред 4 години

w_56631710

Денеска 23 нови случаи на Ковид 19 и починати 4 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш - по 1.Регистрирани се 32 оздравени пациент од:Скопје – 13, Радовиш - 4, Битола и Кратово – по 3,Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово - по 1.Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.Направени се 2.853 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–21, МАНУ-99, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-350, Биотек-373, Систина-132, лабораторија Лаор-202, Синлаб-87, Ремедика-33, Плодност–45, Генеа–10, Никоб лаб-102, ВФВ Медикал-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 920.Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68576, Активни 214Куманово 8848, Активни 40Прилеп 8314, Активни 33Тетово 7220, Активни 19Битола 6298, Активни 15Велес 5469, Активни 2Гостивар 5180, Активни 15Кавадарци 5153, Активни 2Охрид 5008, Активни 19Штип 4959, Активни 2Струмица 4113, Активни 8Струга 2982, Активни 8Кочани 2789, Активни 6Кичево 2570, Активни 22Гевгелија 2195, Активни 4Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 2Ресен 1234, Активни 1Крива Паланка 1220, Активни 1Радовиш 1161, Активни 8Берово 1029, Активни 1Делчево 972, Активни 4Дебар 940, Активни 1Виница 886, Активни 10Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 375, Активни 2Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 2Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски за ТВ 24 : Сметам дека Русковска е дел од структурите на поранешниот режим против кој ние се боревме

„Изнесувам сериозни факти и аргументи што никој досега не ги демантирал. Објавив сериозни обвинувања за злоупотреби, но немаше медиум што се заинтересира да ги отвори. Јас 21 година сум професор на Факултет за безбедност. Моите пишувања за Вилма Русковска не се од вчера, ова е десетти статус, кој го темелам на факти и докази. Никогаш јавен обвинител што на пр-овски начин врши притисок на судството, на институциите. Сметам дека нејзиното постапување за случајот „Меѓународен сојуз“, кој тврдам дека е измислен и креиран кривично-правен настан за да може да се сокријат факти од случајот „Рекет“, јавниот обвинител изнесува тези кои не може да ги докаже на суд. Сметам дека Русковска е дел од структурите на поранешниот режим против кој ние се боревме. Се боревме таа технологија на монтирање на случаи да заврши, а не да продолжи“ - вели Фросина Ременски, универзитетска професорка–Факултет за безбедност во Студио 10 на ТВ24.Извор и видео:  ТВ24.

Македонија | пред 4 години

Kostadinov

(Видео) Костадинов: Мицкоски нема чувство за националните интереси

Сè што прави ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.„Сè кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сведува единствено на еден збор: блокада! Додека Владата, институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите, за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси. Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни“, вели Костадинов.Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правеа и, како што рече, сè уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.„Надвор од ова Собрание, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент. Ова е тотално немање сенс за националните интереси. Ова е саботирање на напорите да добиеме меѓувладина конференција во исклучително чувствителен период на меѓународни напори за премостување на блокадата во ЕУ. Секој одговорен политичар знае дека во вака чувствителни моменти на државата ѝ се помага, а не ѝ се одмага. Но тоа очигледно не важи за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои продолжуваат со лаги и измислици да се обидуваат да го саботираат процесот на евроинтеграција“, додаде Костадинов.

Македонија | пред 4 години

ohrid-1

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката- организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.Според јавниот повик кој денеска е објавен на веб -страната на Министерството за економија оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари.Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата на Република Северна Македонија преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спороведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата.Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер.Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економијаОваа мерка има за цел даа им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и, истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“.Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб -страната на Министерството за економија на следниот линк:https://www.economy.gov.mk/doc/2974

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-08-at-10.35.48

Успешно заврши спасувачката акција кај Мавровка

По неколку часови заврши драмата пред зградата во близина на трговскиот центар Мавровка. Лицето коешто се закануваше да скокне од седмиот кат, од тераса, полицијата го разубеди, во неговата намера.  Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

Македонија | пред 4 години

pasosi

МКД.МК: Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош. Еден од нив е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји, објави МКД.МК. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“.Текстот во целост на: МКД.МК.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-06-08-at-10.35.48

(ВИДЕО) Скопјанец се обидува да се фрли од тераса: Си обеси знаме и со шипки го скина душекот за спасување

Скоро два часа, возрасен маж стои на работ од балконот на зграда во близина на плоштадот Скендербег. Тој се обидува да си го одземе животот, а постапувајќи по пријава, на терен е Противпожарната бригада со душек за спасување. Драмата се одвива близу трговскиот Мавровка.Мажот виси од терсата. Пожарникарите и полицајците се обидуваат да го спречат. До него, на истата тераса, е обесено и албанско знаме. Од горе, фрлал со шишиња и шипки по пожарникарите, па го оштетил и душекот за спасување. 

Скопје | пред 4 години

SILEGOV-1

Измама на Шилегов вредна 12.7 милиони евра, само за ова се лежи во затвор, велат од ВМРО ДПМНЕ

Во ноември месец во 2019та година скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја продаде градската куќа за 12.7 милиони евра, "частејќи го" новиот сопственик со гратис земиште и ослободени комуналии. Со парите од 12.7 милиони евра, речиси 2 години подоцна не е купен нов објект, ниту пак е започната некоја нова инвестиција од корист за скопјани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Шилегов мистериозно "ги стопил" овие пари кои според нашите сознанија не се на сметката.Дали со продажбата на претходно изградената градска куќа е направена измама тешка 12.7 милиони евра?Претходно предупредивме дека направен е "договор" за објектот на поранешното ЕСМ, каде градот би бил оштетен по принципот ново за старо. Во меѓувреме главното прашање е каде се, и за што се употребени 12.7 милиони евра од продажбата на новата градска куќа?Ваквата измама е доказ за неработата, мрзливоста и лепливите прсти на Шилегов. Додека Скопјани чекаат проекти, градската каса се празни за приватни џебови.Шилегов по стапките на неговиот ментор Заев е целосно преокупиран со сомнителни и криминогени проекти.

Македонија | пред 4 години

trosoci-za-zivot-2

Раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со лани

Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4,1 осто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,4 отсто и месото за 0,3 отсто.Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12,4 проценти, парамедицинските услуги за 5,5 проценти, обувките за 3,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 2,8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,6 процент, медиумите за снимање за 0,8 процемти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 проценти, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 проценти, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,2 проценти.Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти.Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0 процемти, моторните возила за 1,5 проценти, велосипедите за 0,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 проценти, книгите за 0,3 проценти.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, јави УХМР.Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Македонија | пред 4 години

07062021_Rabotna-grupa-za-podgotovka-na-izmeni-i-dopolnuvanja-na-zakonodavstvoto-za-dekriminalizacija-legalizacija-na-kanabisot-11

Работна група на Влада: Канабис да припишуваат и приватните лекари, а пациентите да можат да си ја одгледуваат билката

Во Владата, денеска, се одржа првиот состанок на „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот", оформена откако се увиде потребата за координирање на повеќе процеси и иницијативи предложени од професионалните здруженија и граѓанските организации.На првиот состанок на Работната група беа презентирани и потврдени опсегот, мандатот, составот, начинот на работа, како и целите, начелата и основните идеи поврзани со регулацијата на производство и искористувањето на медицинските, социјалните и економските придобивки од билката канабис.На состанокот беа поздравени храброста, иницијативата и посветеноста на граѓанскиот сектор, на институциите и на бизнис секторот за подготовка на предлог измени и дополнувања на законските решенија со цел да се обезбеди депенализација и декриминализација на употребата на канабисот за лични потреби, како и да се отвори сеопфатна содржинска дискусија за можностите за легализација.Во македонски контекст, овие измени и дополнувања опфаќаат интервенции согласно меѓународните пракси и тоа во Кривичниот законик, Законот за прекршоците, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.На состанокот беше утврдена потребата да се дозволи, освен лекарите од јавното, и лекарите од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара. Исто така, беше постигната согласност за потребата да се прошири листата на специјалистичките гранки во кои канабисот може да се препорачува како лек, прашање кое треба да се регулира со прописи од областа на лековите.Работната група ќе преземе и иницијативи за информирање и едукација на широката јавност за сите аспекти од употребата на билката канабис, како и да обезбеди целосно инклузивен процес на консултација со сите засегнати и заинтересирани страни.На состанокот учествуваа претставници од Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на премиерот, здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, Факултетско студентско собрание при Фармацевтски факултет, Здружението на млади кривичари, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, Коалицијата маргини, Здружението Операција Ослободување, Здружението за канабис и зелени политики Билка, НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, Здружението на производителите на медицински канабис и од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

Македонија | пред 4 години

branko-crvenkovski-vakcina

(ФОТО) Бранко Црвенковски се вакцинираше, стареењето е неизбежно - го обожавам, дел од коментарите

Поранешенот претседател и премиер Бранко Црвенковски се вакцинираше против ковид-19 во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Фотографијата на која поранешниот лидер на СДСМ ја прима првата доза од производителот „Фајзер“ предизвика доста внимание на социјалните мрежи.

Македонија | пред 4 години

protesti-2

Блокада до четврток на неколку крстосници во Скопје поради протестите на ВМРО-ДПМНЕ

Од утре до четврток, во временскиот период од 15 до 17 часот во Скопје најавени се протести организирани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поради што во овој временски период за сообраќај ќе бидат затворени – крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“ (Градска болница).Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

пред 4 години

Filipce-fajzer

Пристигнаа уште 12.870 дози од вакцината на Фајзер против Ковид-19

Денеска пристигнаа дополнителни 12.870 дози вакцини од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче.Апелираше сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро на www.vakcinacija.mk.

Македонија | пред 4 години

plaza-3

За угостителскиот еснаф погрешен е тајмингот во кој се рушат плажите

Не треба сега да се преземаат акции за рушење на атрактивни плажи, тајмингот е погрешен е ставот на охридскиот угостителски еснаф.Затоа и побаравме итна седница на советот и одлагање на рушењето до крајот на туристичката сезона, вели претсетателот на здружението „Охридски еснаф“, Михаил Мишев.– Вакви акции не треба сега да се реализираат, погрешен е тајмингот. На нашето барање единствено ни одговори Советот, дека немаат ингеренции да решатаа по тоа, ние бевме малку затекнати. Можеше баерм да се организира средба на која ќе се продискутира околу овие актуелни прашања. Најголем фокус на нашето барање беше дека вакви акции не требаше баш сега да се одржуваат, без разлика, ние не сакавме да задираме во законитоста на работењето на објектите и нивната градба туку сметаме дека е погрешен тајмингот кога се случуваат таквите дејствија, потенцира Мишев.Со ова се согласува и првиот човек на Независната угостителска комора, чија членка е охридското здружение.– Не ни се допаѓа дека пред сеозна се руши. Пред било што да се руши треба да се има соодветна стратегија како понатаму ќе се користи тоа место, ако ја нема тоа ќе значи избрзано и краткорочно решление и ќе направи штети, подвлече Здравко Јосифоски.Од утрово охридските плажи Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш се без напојување со елекрична енергија. Овие плажи немаат договори за концеси, а се опфатени со ГУП. Оние што не се опфатени се веќе срушени. На десетина дена до истекот на рокот, деновиве беше урната плажата Atlantic во Елешец. Градоначалникот Константин Георгиески неодамна обелодени дека поранешни концесионери на плажи на брегот на Охридското Езеро во период кога немале активни договори за концесија остварувале милиони денари приход.Георгиески најави дека во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.извор: ОхридПрес

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања