Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mavrovo

Попладнево почувствувани два последователни земјотреси во Маврово

Во временски интервал од половина час во Македонија се почувствувани два земјотреси, во близина на Мавровското езеро.Првиот земјотрес е регистриран во 13:37 часот со јачина од 2,3 степени, на длабочина од два километри, на 15 километри северо-западно од Гостивар.Вториот земјотрес пак, е со интензитет од 2 степени според Рихтер и повторно е во близина на Мавровското езеро, овој пат на длабочина од 7 километри.

Македонија | пред 4 години

evra

72-годишен Македонец во јакна и торба криел пари, одземени му се 148.000 евра

На 72-годишен македонски државјанин на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во РС Македонија за време на викендот.Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.-10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според важечките прописи на Србија и ЕУ можат да се пренесат во готово преку границата, додека за преостанатата сума одлука донесе надлежниот суд по итна постапка. Патникот е казнет и трајно му се одземени 148.000 непријавени евра во корист на државниот буџет на Србија, соопштија од Царината.Тие потсетуваат дека „преку границата дозволено е да се пренесуваат до 10 000 евра“, и дека износите над оваа сума „мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите“.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Мицкоски: Се очекува струјата да поскапи до 18%

Очекувањата се дека на 1 јули цената на електричната енергија ќе поскапи за минимум од 15% до 18%, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи а новинарско прашање, и додава дека во моментов за тоа да не се случи единствен спас е предлогот кој го дава партијата а тоа е намалување на ДДВ-то на сметките кои ги добиваат граѓаните.Мицкоски потенцираше дека компаниите кои ги регулира, Регулаторната комисија, а тоа се МЕПСО и ЕВН кои учествуваат со 38% од цената на електричната енергија и кои веќе побараа зголемување од по 5%, а на сметките ќе влијае и цената која ќе ја понудат трговците.„Оние 62% кои остануваат во најголем дел се цената за струјата која досега ја обезбедуваше ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ, по цена од 38,5 евра за мегават час. Таквата цена доведе да денеска загубата на компанијата којашто на времето имаше 1,5 милијарда евра депозити и 350.000 на сметка и нула долгови, во 2020 заврши со загуба од 1 милијарда и 33 милиони денари или речиси 17 милиони евра. Како резултат на тоа доведено е во прашање ликвидноста на компанијата, засилена со пљачката која таму се случува, ЕЛЕМ ќе понуди цена на електрична енергија која се очекува да биде помеѓу 55 и 58 евра за мегават час. Тоа ќе биде во вкупна количина од 70% потребите на ЕВН ХОМЕ односно од потрошувачите кои добиваат сметки од ЕВН. Останатите 30% ќе биде цената која ќе ја понудат трговците а таа во моментов на берзите изнесува околу 70 евра. Кога сето ова ќе се сведе на вкупна цена очекуваме дека граѓаните најмалку ќе плаќаат 18% поскапа цена“, појасни Мицкоски.Тој вели дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ даде предлог за намалување на ДДВ на сметките за електрична енергија од 18% на 5%, кој Регулаторна сакаше да си го присвои како свој предлог.„Во ред нека е нивен, но нека поднесат предлог за намалување на данокот и на тој начин ќе ги заштитат граѓаните и нивните сметки. Државата ќе се откаже од 90 до 100 милиони евра на сметка на граѓаните. Доколку Бислимоски не го поднесе предлог ќе го сметаме за соучесник во пљачката и осиромашување на овој народ и ќе се соочи со гнев и протести е до негова оставка биејќи тој е најодговорен“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Донесена одлука за Мијалков, милионите не гарантираат ништо

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков останува во затвор, одлучија судиите во скопска Апелација. Тие не ја прифатија гаранцијата од 10.8 милиони евра која ја понуди за да излезе од затворот во „Шутка“ се до правосилноста на пресудата за „Трезор“. Ваквата одлука на судиите следува и откако Вишото јавно обвинителство даде негативно мислење за Мијалков да се брани од слобода до правосилноста на пресудата.„Потврдено е првостепеното решение, останува истата мерка“, велат од Апелација за „А1он“.Повеќе на „А1он“

Македонија | пред 4 години

Mickoski07062021

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на блокади во Скопје и 10 градови во Македонија, Заев да каже за што разговара, излези за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ излегува на протест против како што велат тајните преговори коишто двоецот Заев – Бучковски ги водат со официјална Софија, а се однесуваат практично на иднината на Македонија и евроинтегративниот процес на македонскиот народ, нација и држава во рамките на Европската унија.„Она коешто денеска сакам да го кажам, но и да го повторам е дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознаваме дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично че бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската унија и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние со Европската унија, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и Европската унија“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде дека ова можеме да се спречи само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, се додека на јавноста не и биде покажан документот „Патоказ“ или како сакате наречете го, којшто го преговараа двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија, а се однесува на прифаќање на Декларацијата која е усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, да биде дел од преговарачкиот процес или да бидам чекор попрецизен тоа е првиот кластер „фундаменталс“ или претпоглавје. Така да како нација и како држава доколку ова биде дел од преговарачкиот ние ќе бидеме доведени пред двоен избор,а тоа е или асимилација - бугаризација за еден ден кога ќе ви завршиме реформите и бидеме дел од ЕУ или замрзнување и напуштање на сонот за ЕУ.„За тоа апелирам до сите политички партии без разлика дали се леви, десни или центар, без разлика дали се парламентарни или надвор од парламентот, да се приклучат на барикадите, за тоа што македонскиот народ, македонската нација заслужуваат одбрана во овој момент.Да не биде после тоа доцна, за тоа што грешката денеска која што ќе се направи може да има влијание на иднината на сите оние генерации кои што се неродени и сите оние генерации кои што практично се денеска со нас и кои што треба нас да не наследат“, истакна Мицкоски и додаде:“Оваа прилика ја користам да се обратам и до ЕУ, македонскиот народ, македонската нација, македонската држава заслужува без условување, без дополнителни патокази, без дополнителни договори уште од 2009-тата година почнување на преговорите со ЕУ. Ние ги споделуваме вредностите кои што ги споделуваат жителите на земјите членки на ЕУ. Македонскиот народ, нација и држава се вратата на Европа. Ние го споделуваме сонот на Аденауер, Шуман и Де Гаспери за Обединета Европа. За тоа апелирам до вас оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија кои што ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите, и стапете со вредностите на кои што почива идејата за ЕУ. Дајте ни датум да почнеме со преговори со вас и таа дата да биде сега на 21-ви јуни. Овој народ тоа го заслужува. Можеби тоа не го заслужува Зоран Заев и оваа Влада, со сигурност не, но овој народ тоа го заслужува. Оваа нација и оваа држава тоа го заслужуваат. Немојте дополнително да го притискате, тој е доволно уценет човек, него не му требаат дополнителни отстапки, овој народ не може тоа да го прифати. Ние сме за достоинствени преговори, а ние ќе ви покажеме дека можеме и заслужуваме да бидеме дел од вас на таа маса. Јас знам дека нема никакви реформи, буквално ниту во една област. Но тоа што овој народ го направи за Европа во минатото, и тоа што овој народ го направи за Европа во поблиска иднина заслужува почеток на преговори. На 21-ви јуни дозволете ни да почнеме и да ви докажеме дека ние сме дел од Европа и заслужуваме да бидеме дел од Обединета Европа“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

policija-akcija-policaec-mvr-5

Претрес во дебарско, приведени три лица

На 06.06.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со полициски службеници од ОВР Дебар и ОВР Струга, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во објект во с.Селокуќи, сопственост на А.М.(44) од Дебар.При претресот во објектот биле затекнати албанските државјани А.Ц. (36), И.М.(29) и Ф.Ц.(33), кои биле без документи и без пријавен престој. Ф.Ц. бил баран по потерница и од Основен кривичен суд Скопје му бил одреден притвор и ќе биде спроведен во истражен затвор. Исто така, било утврдено А.Ц.(36), лажно се претставил како Р.К. и исто така се барал со потерница за сторено кривично дело. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 години

skopje

Од утре пријавување за субвеници до 300 евра за плински уред во возилата

Сите граѓани коишто од утре ќе купат и ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата ќе имаат можност да остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари.Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за вградување ваков уред во возилата.„Многу ми е драго што нашата Влада ја има прифатено и се залага за зелената агенда и затоа со задоволство денес пред вас претставувам една од мерките коишто следат во процесот на подобрување на квалитетот на животот и на животната средина. Зелената агенда ја промовираме денес со една од мерките за справување со аерозагадувањето од страна на возилата, а тоа е мерката за субвенционирање на граѓаните коишто ќе вградат уреди на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата“ кажа Бектеши.За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на јавниот повик, во некоја од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во Техничка служб,а која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде што треба да се пријави преправката. Во МВР на сопственикот му се издава упатница, која ја доставува до техничката служба, за да биде извршена проверка на сообразноста на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото, изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред (познатa како АТЕСТ) и пропратно писмо. Со потврдата и писмото, сопственикот се упатува на шалтер на МВР (во техничката служба или станица за технички преглед) каде што добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката, односно дека е монтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично, појасни министерот и додаде дека постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавањето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена, објаснуваат од Министерството за економија.„Оваа мерка којашто произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните и има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата. Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот ‘прв дојден, прв услужен’. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада“, кажа министерот Бектеши.Документација потребна за пријавување на јавниот повик во Архивата на Министерството за економија: пополнето барање и изјава од подносителот на барањето, фискална сметка со сметкопотврда или фактура, фотокопија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар, во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта, број на трансакциска сметка.За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

Денеска е регистриран еден нов случај на коронавирус, 3 лица се починати

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.Направени се 1.375 тестови преку: ИЈЗ-193, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-131, Авицена-114, Биотек-199, Систина-109, лабораторија Лаор-0, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-96, ВФВ Медикал-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 453.Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 68567, Активни 221Куманово 8845, Активни 39Прилеп 8311, Активни 32Тетово 7220, Активни 19Битола 6298, Активни 17Велес 5469, Активни 2Гостивар 5179, Активни 15Кавадарци 5153, Активни 2Охрид 5008, Активни 19Штип 4959, Активни 3Струмица 4111, Активни 7Струга 2981, Активни 8Кочани 2789, Активни 7Кичево 2568, Активни 21Гевгелија 2194, Активни 3Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 2Ресен 1234, Активни 1Крива Паланка 1220, Активни 1Радовиш 1160, Активни 11Берово 1029, Активни 2Делчево 972, Активни 4Дебар 940, Активни 1Виница 886, Активни 10Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 375, Активни 5Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 2Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Регулаторна: Поскапување на сите горива од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг и сега ќе изнесува 34,889 ден/кг.Од 8.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 60,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 34,889 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

tabanovce

Поведена постапка против двајца индијци и двајца пакистанци​

Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, а еден од нив и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе Предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.На 4 јуни 2021 година, околу 21,00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви. Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби на останатите, велејќи им „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди. ​

Македонија | пред 4 години

w_56674000

Индиски сој на ковид-19 детектиран во Македонија

Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2, информираат денеска од Министерството за здравство.Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Македонија | пред 4 години

mijalkov-sud-2-1

Мијалков утре излегува од притвор?

Утре од притвор излегува Сашо Мијалков и ќе му биде определена поблага мерка,  куќен притвор, јавува ТВ 21.Адвокатите на Мијалков, тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23 февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.

Македонија | пред 4 години

najnova-vest-skopje-1

НАЈНОВА ВЕСТ: На плажите во Охрид од утрово исклучена им е струјата

Плажите во Охрид Куба, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш од утрово се без напојување со елекрична енергија.Плажите на кои им е исклучена струјата се опфатени го ГУП от, но немаат договори за концесија. Оние што не се опфатени со ГУП от веќе се срушени.Дополнителни информации во текот на денов.

Македонија | пред 4 години

merko

Мерко тврди: Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола

Над 4 илјади барања за легализација на дивоградби се одбиени од струшката општинска власт во изминатава деценија, но ниту една од нив не е урната, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Во оваа бројка не влегуваат дивоградбите за кои воопшто не е поднесено барање за легализација.Актуелниот градоначалник на општина Струга Рамиз Мерко во изминативе неколку години во медумите тврди дека во Струга нема дивоградби, спротивставувајќи се на извештајот на УНЕСКО, на централната власт и на новинарските истражувања кои го покажуваат спротивното. Последен пат Мерко со такво тврдење излезе во март годинава, кога посочи дека Струга нема проблем со заштита на природното и културното наследство, објави Слободна Европа.„Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола. Во тој предел и не смееме да дадеме одобрение за градење. Одговорни сме и во никој случај не го загрозуваме природното и културното наследство за зачувување на стаусот во УНЕСКО“,изјави Мерко.извор:Слободна Европа 

Македонија | пред 4 години

policija-3-1

659 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (06.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 659 возачи. Од нив, 90 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово - 145, а потоа на територија на СВР Скопје – 111, на територија на СВР Куманово - 93...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

PRSM-Pendarovski

Пендаровски за „Политика“: За македонскиот идентитет не може да се преговара

Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори. Нашиот идентитет и македонскиот јазик се резултат на културен и научен факт, резултат на долгогодишниот историски и културен развој. Впрочем, процесот на развојот на нашиот идентитет и јазик по ништо не се разликува од развојот на јазиците и културите на соседните народи, истакнува претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за белградска „Политика“ објавено денеска.– Северна Македонија споредено со своите соседи, најдоцна ја заокружува својата државност низ еден сложен процес на борба за национално ослободување и еманципација и веројатно тој фактор има големо влијание врз одредени негаторски тенденции кај дел од јавноста и политичарите во соседните држави. Меѓутоа, нашата државност и нашиот стандарден јазик се заокружен процес и тој факт треба да биде прифатен од сите, како клучен чекор кон градењето на соработка имајќи предвид дека сите соседни држави имаат иста стратешка ориентација во Евроспката Унија, вели Пендаровски.Во интервјуто, како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Пендаровски говори и за евроинтегративниот пат на земјата, за спорот со Бугарија, како и за помошта што земјата ја доби од Србија во справувањето со последиците од пандемијата.-Ние сме и благодарни на пријателска Србија за навремената помош во справувањето со последиците од пандемијата, а особено во процесот на вакцинацијата. Србија стори се што е во нејзините можности да ни помогне и ние тој пријателски гест знаеме да го цениме и нема да го заборавиме, нагласува Пендаровски.Зборувајќи за односите меѓу двете држави и отворањето на културните центри во Скопје и Белград, Пендаровски оценува дека двете држави немаат отворени прашања и насочени се кон постојано унапредување на соработката. Владите, како што посочува, веќе разменуваат идеи и конкретни предлози бидејќи културната соработка е еден од најдобрите начини за зацврстување на севкупните врски и односи меѓу нашите народи и држави.Во поглед на препреките на европскиот пат на Северна Македонија и земјите од регионот, Пендаровски со став дека РСМ направила тешки компромиси со цел да стане полноправна членка на НАТО и во иднина членка на ЕУ.-Членството во ЕУ е клучно за севкупниот развој на сите држави и за европската интеграција немаме реална алтернатива. Но, интеграцијата на регионот во ЕУ е и стратешки интерес за самата Унија, па и геополитичко прашање, во контекст на заложбите за зајакнување на улогата на Унијата како актер во меѓународниот поредок. ЕУ им даде јасно ветување на државите од регионот дека имаат европска перспектива уште од времето на Солунскиот самит во 2003 година. Вложувањето на напори за реализација на ова ветување е прашање и за кредибилитетот на самата Унија. Често пати слушаме за замор од проширувањето, што од аспект на дневната политика е разбирливо, но стратешки, европскиот проект нема да биде комплетиран без интеграцијата на нашиот регион во ЕУ, смета Пендаровски.Разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев во Скопје и Рим, ги оценува како позитивен сигнал за односите меѓу двете држави и намалување на тензијата која изминатиот период се подгревала на различни начини.-Верувам дека е во интерес на двете држави, но и на самата ЕУ, час поскоро да се најде излез од ситуацијата и во тој контекст ги цениме напорите на Португалското претседателство со ЕУ. Нивниот предлог го сметаме за солидна основа за понатамошното водење на разговорите. Двете држави имаат капацитет да ги решаваат прашањата со дијалог. Впрочем, ние ова го докажавме со потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија во 2017 г., кој е мошне значаен договор и претставува основа за градењето на понатамошните односи и соработката меѓу двете држави и зближување на двата народи, вели Пендаровски.Одговарајќи на прашање на „Политика“ за распадот на Југославија, идеите за ново прекројување на границите и улогата на НАТО, Пендаровски вели дека „не може истовремено да го одите европскиот пат, а од друга страна да поддржувате анахрони идеи кои припаѓаат на политичката историја и немаат ништо заедничко со реалноста“.-Распадот на поранешна Југославија е завршен процес. Секое ново отворање на прашањето на границите има потенцијал да не врати во ерата на војните од 90-тите години и да донесе нови човечки страдања и економско уназадување. НАТО го исполни своето ветување кон мојата држава и денес РСМ е 30-та полноправна членка на НАТО, која го гарантира територијалниот интегритет и независноста на мојата држава, вели Пендаровски.Додава дека положбата на етничките Албанци, државјани на Северна Македонија, не е дел од некакаво регионално албанско прашање, туку е дел од нашиот внатрешен уставен и политички поредок.Во поглед на Косово, оценува дека „нашата постојана заложба е да градиме добри односи со Косово, бидејќи на тој начин ги исполнуваме нашите национални интереси, но придонесуваме кон зацврсрувањето на регионалната соработка, нешто што е и висок надворешно-политички приоритет и на пријателска Србија. Од друга страна, вели Пендаровски, сметам дека лобирањето за понатамошно признавање на Косово е внатрешно прашање на косовската политика.МИА

Македонија | пред 4 години

garvanliev

(ВИДЕО) Најтешко ми беше кога добивав закани и слушав темни зборови од млади деца, Гарванлиев си ја отвори душата

Откако Васил Гарванлиев неодамна јавно проговори за својата сексуална ориентација, на себе како да го навлече гневот на јавноста, но и како да се ослободи од голем товар по јавното признание. Од една страна му дадоа поддршка и рекоа дека е храбар што зборува за работи за кои најчесто се молчи, а од друга страна го навредуваа и му се закануваа. Васил, е еден од ретките јавни личности на Балканот кој отворено зборува за својата сексуалност, објави Репортер.„Мислам дека бев во пубертет кога сфатив кој сум. Тогаш ѝ напишав писмо на мајка ми, а таа откако го прочита ми рече: ‘Знаев и пред да ми кажеш. Биди среќен, тоа ми е најважно’. Ми олесна што ѝ кажав и што таа ме израсна со многу љубов“, рече Васил во интервјуто. А ни откри и дека во моментов нема партнер.„Јас верувам во љубов, тоа е мојата Ахилова пета. Тоа е и мојата порака за младите: Најди барем една личност на која ѝ веруваш, и сподели. Вистината боли, но ти дозволува да живееш мирно“, вели пејачот кој неодамна се врати од Евровизија во Ротердам.Но, ни на најголемиот музички фестивал во Европа, Васил не отиде лесно. Откако го промовираше спотот за песната Here I Stand, во кој наводно се појави бугарското знаме, почнаа проблемите. Се вмеша и политиката, па Македонската телевизија состави комисија за да истражи дали Васил со изјавата дека има и бугарско државјанство ги прекрши евровизиските правила. Дури потоа потврдија дека Гарванлиев ќе пее на Евросонг. Почна да добива закани, но вели дека избра да молчи наместо да се брани, оти што и да направи ќе биде погрешно сфатен.„Човек сум и ако кажам дека сè што ми се случуваше пред Евросонг беше лесно, ќе излажам. Но, бев многу мирен, затоа што работите беа извадени од контекст. Јас и пред две години реков дека сум најгордиот Македонец. Сепак, очекував одговорните во тој момент да застанат зад мене,а тоа не се случи“, ни кажа Гарванлиев и додаде: „Иако бев последен од жирито и не влегов во финалето, знам како испеав и горд сум на тоа како ја претставив Македонија“.Низ разговорот, Васил ни раскажа интересни приказни: од тоа кога сфатил дека е геј, до муабетот дека неговите стрејт пријатели секогаш сакаат да го дружат во диско оти покрај него се најубавите жени. Но и спорниот евровизиски спот, за слабиот пласман и дали ќе настапи на Парадата на гордоста... гледајте го интервјуто.извор: Репортер

Македонија | пред 4 години

beba-hari

Хари и Меган по вторпат станаа родители, ќе се вика Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатн-Виндзор

Меган Маркл и принцот Хари станаа родители по вторпат, а војвотката на свет донела здраво девојче.Цел свет зборува за името кое го одбрале за неа. Имено, тие се одлучиле за две имиња кои се од големо значење за нивното семејство:„Со голема радост принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се поздравуваат со својата ќерка Лилбет 'Лили' Дајана Маутбатен-Виндзор. Лили е родена во петокот, на 4-ти јуни во 11:40 и е под грижа на лекарите и персоналот во болницата Санта Барбара Котиџ во Санта Барбара, Калифорнија“, стои во официјалното соопштение.„Лили е наречена по нејзината баба, нејзиното височество, Кралицата Елизабета втора, чиј семеен прекар е Лилбет. Нејзиното средно име Дајана е избрано во чест на саканата покојна баба, принцезата од Велс“, се додава во соопштението.

Магазин | пред 4 години

mazut

ТВ 21 открива кои се четирите компании кои увезувале опасен мазут

Супертрејд, РКМ, Еуротим и Блу Енерџи се четирите компании кои биле вратени од граница, при увоз на мазут опасен за околината, а за кои зборуваше и министерот за економија Крешник Бектеши, дознава ТВ21 од владини извори.Според министерот, кај трите компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни од страна на Царинската управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот.Бектеши тогаш истакна дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабораторија на Бирото за метрологија, започнати се вонредни контроли за квалитетот на течните горива.Од компанијата „Супертрејд“ денеска преку соопштение реагираат дека во јавноста тие биле врамувани во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нивната компанија.„Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен премин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи“, стои во соопштението.Текстот во целост на: ТВ21 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Невреме во Македонија, пороен дожд, грмежи и засилен ветар и во наредните денови

Силно невреме проследено со ветер и интензивни врнежи од дожд и град го зафати Скопје. Градот со големина на зрно грав не предизвика некои посериозни штети.Според најавите на УХМР попладнево имаше развој на нестабилна облачност во подрачјето околу Крушево, Македонски Брод и Прилеп, како и во севеористочните делови од земјава, помеѓу Куманово, К.Паланка и Кратово, претежно во планинските подрачја, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Подоцна попладнево нестабилно беше и во подрачјето на Штип, Делчево и во делови од Скопската Котлина, информира УХМР.Според информации од таму, наврнатиот воден талог до 17 часот изнесува 8 литри на метар квадратен во Штип, 5 литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид, 2 во К.Паланка и 1 литар на метар квадратен во Прилеп.До крајот на денот како што најавуваат од Управата, во северните и источните делови од земјава ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно на места со врнежи од дожд и ретки грмежи.Утре ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ=7Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.Во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во одделни денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Македонија | пред 4 години

zooloska-otcet

Тина од скопската зоолошка: Со една нога сме во Бардовци!

Сите ни викате- блазе си ви си работите со животни, супер ви е. Ама мислам дека после сите случки од луѓе што ги видовте деновиве, сфаќате дека сме со една нога во Бардовци веќе. И во Зоо и во Дино парк овој и изминатиот викенд комплет сите се збудалевме, пробувајќи барем малку да ги едуцираме посетителите. Но, за жал резултатите ги видовте... Само комунална полиција е спас .На моите колеги, вклучувајќи го целиот персонал на терен и директорот би им дала орден за храброст и издржливост после се што поминавме, напиша на својот ФБ профил Тина Мицковска од Скопската зоолошка градина.

Македонија | пред 4 години

dete-zooloska

ФОТО: Деца мочаат во скопскиот дино парк

Ајде сине измочај се до диносаурусот, ти е гајле. Ако треба и искакај се, ти си принцот наш, тато се ќе ти дозволи. За тебе нема правила. Мочај кај сакаш. Еден ден и на тато ќе му се измочаш на глава, ама ако... Ај па ти за еден парк и за еден диносаурус. Нека си моча детето кај стигне. Не бе дечки, дај преселете го парков негде надвор од балканов кај што има цивилизација. Дали ние сме одраз на здраво општество? Не. Нема ни да бидеме. Овде и Дарвин и Фројд би дигнале раце, пишува во објава на социјалната мрежа ФБ. 

Македонија | пред 4 години

Makedonci

Македонците се ХИТ на белградскиот маратон -трчаат, се вакцинираат и порачуваат: „Да навиваме за МАКЕДОНИЈА на Европското првенство“

Поради ситуацијата со вирусот коронавирусот на денешниот традиционален 34. маратон во Белград имаше околу 5.000 учесници. Меѓу нив беа околу 200 учесници од Македонија, пишува белградскиот портал „Ало“.-Некои дојдоа да ја примат вакцината па не можеа да трчаат, други дојдоа до целта, но … На крајот, сите имаа една заедничка задача, пишува „Ало“.Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, но Северна Македонија тоа го направи и имаат барање да ги поддржиме Пандев и неговите пријатели на Европскот првенство во фудбал.На транспарентот што го носеа и фотографијата која Ало ја овјави пишуваше-„Да навиваме за МАКЕДОНИЈА на Европското првенство во фудбал“.-Дојдов во Белград, но поради вакцинацијата не можев да трчам на маратонот, но дојдов да ги поддржам моите другари и пријатели и убаво се чувствуваам бидејќи секогаш сте добри домаќини, изјави за Ало еден македонски државјанин облечен во македонски дрес.Според учесникот на полумаратонот Сашо од Македонија изјави дека сретнал околу 100 Македонци што ги познава и дека на маратонот има околу 200 Македонци.Како што објавија организаторите на 34 Белградски маратон учествуваат 5000 натпреварувачи, 1000 на маратонот и 4000 на полумаратонот.

Македонија | пред 4 години

zabava-2

Растурена ковид забава во Скопје, малолетни лица приведени во полициска станица

Рано утрово, околу 4 часот по полноќ, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојувал В.М.(24) од Скопје.При контролата, освен В.М. биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.

Скопје | пред 4 години

kina-korona-2

10 нови случаи на Ковид-19, починати се 7 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2, Куманово – 1.Регистрирани се 332 оздравени пациент од:Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.Направени се 2.825 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–36, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Авицена-251, Биотек-328, Систина-117, лабораторија Лаор-420, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–56, Генеа–32, Никоб лаб-155, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 643.Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68568, Активни 299Куманово 8844, Активни 64Прилеп 8311, Активни 38Тетово 7219, Активни 26Битола 6298, Активни 28Велес 5469, Активни 6Гостивар 5179, Активни 20Кавадарци 5153, Активни 4Охрид 5008, Активни 38Штип 4959, Активни 8Струмица 4111, Активни 16Струга 2981, Активни 13Кочани 2789, Активни 10Кичево 2568, Активни 28Гевгелија 2194, Активни 5Неготино 2184, Активни 4Свети Николе 1523, Активни 4Ресен 1234, Активни 3Крива Паланка 1219, Активни 2Радовиш 1160, Активни 15Берово 1029, Активни 2Делчево 972, Активни 4Дебар 940, Активни 1Виница 886, Активни 12Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 5Демир Капија 396, Активни 0Кратово 376, Активни 9Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 3Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања