Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Nikolovski-1

Иако јавниот обвинител откри слабости во постапките на институциите со бегството Мијалков, Николовски се уште нема информација

Иако јавниот обвинител откри слабости во постапките на институциите пред кои Сашо Мијалков успеа да се крие два дена, владата и задолжениот за борба против корупција Љупчо Николовски се уште нема информација. Во потрагата по Мијалков кој сам успеа да си дојде во обвинителство по решението за притвор, учествуваше МВР, истражуваше обвинителството, а судот ги определуваше мерките.-За конкретниот извештај ќе се информирам, па дополнително ќе може да коментирам, истакна потпретседателот на владата Љупчо Николовски на прашање на ТВ Телма.-По секоја насока треба да се постапува. Ниту планирам ниту смеам ниту сакам во ниту еден случај да коментирам одлуки на суд. Не ги знам деталите, но ќе ги погледнам во целина. Секако треба да биде преземено секое подобрување и решавање на институционални слабости, истакна Николовски кој оцени дека со повеќе започнати постапки за реорганизација, но и со дигитални алатки состојбата треба да се подобрува и да се избегнат грешки предизвикани од човечки фактор.Текстот во целост на: ТВ Телма.

Македонија | пред 4 години

06062021_PVRSM_MTV_Uvid_Kavadarci-Drenovo_3

Заев и Бочварски од патниот крак Кавадарци - Дреново: Од инфраструктурно заостаната земја, Северна Македонија се гради и поврзува

„Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп. Од Северна Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните ги реализираме нашите програмски одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри за кое нема да бидат потребни повеќе од 90 минути низ безбедни патни правци“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди.Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции.„На развојот на патната инфраструктура се работи низ цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во оваа година планираме за изградба и рехабилитација на патишта да намениме околу 200 милиони евра. Важно е да се напомене дека за реализацијата на капиталните проекти, од оваа година има нова димензија, односно активиран е систем кој го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и веднаш алармира таму каде што ќе се појави застој“, објасни премиерот Заев.Министерот Бочварски истакна дека по завршување на оваа патна делница од Дреново до Кавадарци, се продолжува со рехабилитација на регионалниот пат Неготино-Глишич. Исто така во оваа градежна сезона ќе се реконструираат 5 улици во Кавадарци и 3 улици во Неготино.„Оваа Влада ги решава проблемите и ја модернизира патната инфраструктура во државата. Во однос на експресниот пат од Градско до Дреново во фаза на преземање е договорот за работа и многу брзо Штрабаг започнува со работа на трасата. За делницата од Дреново до Фариш избран е изведувач и веќе од 9 јуни компанијата започнува со работа. Исто така избран е изведувач и за рехабилитација на Плетвар и со избор на надзорот и таму започнуваме со работа. Така да имаме силна градежна сезона во овој регион“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Директорот на „Македонија пат“ Беким Мемеди рече дека патниот правец Кавадарци-Дреново е исклучително важен за тиквешкиот регион, во вредност од 90 милиони денари и се реализира во две фази, прва фаза опфаќа гребење и реконструкција во должина од 5,1км и втора фаза во должина од 3,9км и ширина 7м, и додаде дека моментално се работи на преку десетина патни правци низ државата.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Странскиот измеќар Заев ја срами Македонија, бил среќен од завршувањето на албанската агенда на ДУИ со која се руши Македонија

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава да ја срами Македонија и македонскиот народ.Денешната изјава на Заев дека е среќен што ДУИ ја завршила етничката агенда е длабоко вознемирувачка за македонскиот народ од оправдана причина: Со албанската агенда на ДУИ се руши идеалот на македонскиот народ да има своја држава како сите европски народи и пошироко, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Денес, европска вредност, во почетниот прв член во сите устави е референцата за мнозински народ како носечки во државите. Но, со агендата на ДУИ само Македонија е претворена во некаква збиршина на заедници од кои само македонскиот народ остана без своја национална држава.Со оваа срамна изјава, странскиот измеќар Заев ја спроведува агендата на своите странски газди за уривање на европскиот концепт за Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Македонија | пред 4 години

sela-gasi

Kоалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Судството СДСМ-ДУИ донесе слобода за криминалци и ги гони граѓаните

Драги Рашковски се враќа дома. Уште еден од главните криминалци на Владата кој со парите на граѓаните стана милионер, одмараше во Мексико и купува луксузни станови и возила, се спаси од политичкото судство на СДСМ и ДУИ. Ослободувањето на Рашковски од Шутка доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев дека не и верува на обвинителката, туку верува дека Рашковски е невин, се вели во соопштението од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Во продолжение на истата од коалицијата додаваат:Владата СДСМ-ДУИ досега ги ослободил, амнестирал, или спасил во различни форми сите поранешни и актуелни функционери, од секаква одговорност пред законот.Потсетуваме дека министер за надворешни работи е "пациентот" за кого Заев изјавил дека поседува докази за криминал.Никола Груевски, денеска се шета слободно во Унгарија, ниту еден функционер на ДУИ не е осуден за ниту еден од случаите во прислушуваните разговори. Со политички договор се амнестираа процеси како тој за пописот, Маџар Телеком и многу други случаи.Сашо Мијалков кој исценираше случаи против албанците и другите граѓани, кога сака се појавува и кога сака излегува од затвор. Наскоро и тој ќе излезе од Шутка. Од друга страна, албанците од монтираните процеси со години страдаат по затвори.

Македонија | пред 4 години

Vasev-1

Васев: Лажниот левичар Апасиев делува како продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните

Лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните. Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните, истакна Стефан Васев од СДСМ.Васев додаде:Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар.Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија.Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес.Додека добиваат државни, народни пари Апасиев и Левица во Собранието работат на директна штета на оние кои ги плаќаат, на директна штета на граѓаните.Блокади, лажни вести, гол популизам, тоа е се што нуди оваа лажна левичарска партија, предводена од лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев.Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните.

Македонија | пред 4 години

195482644_1931069890376931_7683544925335404828_n

Деца ги јаваат диносаорусите во парк, ги влечат за опашките, им ги корнат забите

Деца ги јаваат диносаорусите во скоспката Зоолошка градина. Некои од присутните одат чекор понатаму па ги влечат за опашка. Не изостанува ниту влечењето за заби. Иако од радозналост, ваквите постапки на децата, а одобрени од родителите, можат да говорат за тоа дека забавата во Дино паркот ќе трае кратко.Реакции за ваквите непримерни постапки имаше уште првиот ден по отворањето на овој дел од Зоолошката градина. Јавањето на диносаорусите е за да се направи фотографија за социјалните мрежи, не водејќи грижа дека може да се оштетат.Ништо поразлично не е и со другите животни, за кои, од ЗОО Скопје нонстоп упатуваат апели да не се хранат и вознемируваат.„Скопје Зоо е омиленото ваше место за викенд прошетки  Затоа, ве молиме бидете совесни и внимателни со животните. Тие исто како и нас сакаат мир и одмор и да бидат спокојни... Не давајте храна и не ги вознемирувајте“, стои во објавата на ЗОО Скопје непосредно пред викендот.Во Зоолошката градина, по првиот ден, службите обезбедија и поголем број на редари. Но очигледно, ниту тие не можат да ја сопрат некултурата на посетителите.

Скопје | пред 4 години

raskovski-99

Теорија на заговор или реалност дека Рашковски ќе пропее?

„Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава и: „Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави“.Во продолжение, остатокот од соопштението:„Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски. Дека Рашковски е свесен за калта во која заглавил доказ е и префрлањето на имотот врз своите малолетни деца. Што и од кого крие со тоа? Дали со тргањето имот од себе сокрива некаква трага? Судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смее да има можност за влијание врз постапката. 4 години видовме како Заев го контролира судството и обвинителството. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!“.

Македонија | пред 4 години

janeva-ruskovska

Пред Русковска, и Јанева викаше дека нема да ја сменат - Ременски: Ќе помине и полошо од Катица

„Во едно интервју кажав дека, ЈО Вилма Русковска ќе заврши полошо од тоа што и' го смести на нејзината колешка Катица Јанева. Стојам на кажаното. Утре малку пошироко“, напиша експратеничката Фросина Ременски.Во следната објава, таа најави нова објава за вечерва во 20 часот.„Најава: Денес во 20.00 часот. Организираниот криминал на шефицата Вилма Русковска (дел први)“, додаде Ременски.

Македонија | пред 4 години

zaev-2

Низа средби помеѓу Македонија и Бугарија за „гласно да“

Премиерот Зоран Заев ќе има низа средби со бугарските претставници во идниот период. Тој е оптимист дека Македонија ќе добие согласност за отпочнување на преговорите со Европската унија.„Ќе имаме средби, а до 22 јуни има многу состаноци. Со Бугарија ќе бидеме во Брисел, но ќе се видиме и билатерално. Се развива планот за соработка. Јас верувам дека може да се одржи и меѓувладина конференција, а сето тоа може да биде помош за она гласно 'да' за одржување на првата меѓувладина конференција. Да ги искористиме до максимум сите средби“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

najcevska

Треба да се забрани градоначалници да бидат луѓе кои се сопственици на бизнис, смета Најчевска!

-Според мене треба да се забрани градоначалници да бидат луѓе кои имаат било каков бизнис, кои се сопственици на бизнис или кои се дел од семеен бизнис. Тоа истото треба да важи и за Владата на државата во која не смее да има бизнисмени, – смета граѓанската активистка и професорка, Мирјана Најчевска.Според неа, јавниот интерес е секогаш загрозен од приватниот, а бизнис логиката нема позитивно влијание врз решавањето на проблемите на луѓето на локално ниво.-Не треба општините да се водат по принципот дури и на добро управувани претпријатија, затоа што во оваа сфера не смее да пробие ни на мала, а камо ли на голема врата логиката на профитот, -објавува Најчевска.

Коментари | пред 4 години

05062021_PVRSM_Zaev_poseta-na-Republika-Turcija_1

Заев и Ердоган: Вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на еднодневната работна посета на Република Турција се сретна со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.На работната вечера во Истанбул, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев и претседателот на Турција Ердоган разговараа за взаемните пријателски односи исполнети со динамична соработка во повеќе области.Премиерот Заев за време на средбата ја потенцираше исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Северна Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски.Економската и трговската соработка се витални, рече за време на работната вечера премиерот Заев и додаде дека во таа насока се очекува поинтензивна динамика со новиот договор за слободна трговија кој е во подготовка, кој има за цел да отвори повеќе врати за турските инвеститори.Премиерот Заев и претседателот Ердоган споделија дека Северна Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право.Претседателот Ердоган во делот на своето добредојде до гостите истакна дека во срцата на граѓаните на Турција, Северна Македонија има посебно место како земји кои имаат одлични односи и длабоки историски врски.Ердоган потенцираше дека и покрај пандемијата двете земји имаа одлична трговска размена во 2020 година и дека тој ќе продолжи да ги мотивира турските компании уште повеќе да инвестираат во Северна Македонија.На средбата во Истанбул беше истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.Премиерот Заев изрази надеж дека претседателот Ердоган наскоро ќе ја посети Северна Македонија, како континуитет на заемните посетите на највисоко политичко ниво и како видлив придонес за унапредување на односите.

Македонија | пред 4 години

1

(ФОТО) „Чиста Преспа - Mоја Преспа" - ќе се расчистуваат депониите, ќе се уредуваат плажите

Со несекојдневна прес- конференција денеска започна кампањата ,,Чиста Преспа, моја Преспа“, на која беа соопштени активностите за расчистување на депониите, уредување на плажите, како и голем број активности за подигање на свеста кај населението и туристите,,Водени од пораката ,,Да ја оставиме чиста Преспа за идните генерации бидејќи од нив ја позајмивме, а ја добивме од претходните, денеска на плажата Претор, започна најобемната кампања за чистење на Преспа. И не треба некој друг да почне, од сите нас зависи, секој нека тргне од својот двор, од својата улица, од своето маало. Само така ќе можеме да ја оствариме нашата цел- Чиста Преспа, моја Преспа”.- изјави градоначалникот на Oпштина Ресен Живко Гошаревски.Нашите познати актери Игор Ангелов и Владимир Тулиев од денеска стануваат амбасадори на оваа кампања.,,Не сум од Преспа, но имам потекло од тука, веднаш ја прифатив улогата да бидам амбасадор на една ваква кампања. Секој дел од нашата Македонија е убав, ајде на почеток да ја исчистиме Преспа!” - рече амбасадорот на кампањата Игор Ангелов.Подигање на свеста кај населението и создавање на чиста Преспа, сево ова беше доволен повод во оваа кампања да се приклучат и голем број јавни личности како поддржувачи кои ќе бидат дел од големата кампањата за подигање на свеста кај населението и туристите.Меѓу нив, Марјана Станојковска, Ирена Спировска, Божидар Божиновски, Таско, Бомбакис, Миро Кацаров, Елена Велевска, Татјана Алексиќ, Вера Мештеровиќ, Маја Тино, Бојан Велевски и многу други.Она што следува во следниот месец е масовна кампања на чистење на Преспа и подигнување на јавната свест за еколошките предизвици. Општина Ресен има нови диви депонии, целта е на крајот на овој проект да зборуваме за почиста Преспа и за уредено крајбрежје, додаваат организаторите.Сето ова ќе се спроведе преку еколошки акции за чистење на плажата Стење- Коњско, патеката и островот Голем град, плажата Претор, плажата Черти камен, приодниот парк Езерани, како и екоакции во Ресен за амфитеатарот, домот на културата и др. Ќе има чистење на дивите депонии Дрмени, село Љубојно, село Долно Дупени, село Сливница и други депонии.Во активностите ни се приклучија скоро сите невладини организации за екологија, Нула Отпад и Пакомак кои ќе постават и дополнителни контејнери за селекција на отпадот.Посебно значење за нас има Мониторинг станицата во Стење за вршење на анализи на квалитетот на водите во Преспанското Езеро и сливното подрачје, која е опремена со своја хемиска и биолошка лабораторија, и на располагање има еко-брод и чамец, а нејзините капацитети веќе се користат за одржување на обуки и работилници.Сумирањето на резултатите е закажано за точно еден месец, изјави на крајот од оваа несекојдневна прес – конференција, градоначалникот на Oпштина Ресен, Живко Гошаревски

Македонија | пред 4 години

pozarna

Пожар во куќа во Скопје, повредено едно лице

Едно лице било повредено во обидот да го изгасне пожарот кој зафатил една куќа во Скопје, информира полицијата. Според информации од таму, од пожарот била зафатена и соседната куќа.Од МВР дообјаснуваат дека вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Николов“ настанал пожар во куќа сопственост на А.Г.(43), при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т.(34).При обид за гасење на пожарот со повреди се здобил Г.Б.(57), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада од Скопје.

Скопје | пред 4 години

zane-arijanit-1536x695

„Еко Герила“: ДУИ како зелена партија е исто како „некој педофил да ставите за директор на детска градинка“

Еколошкото здружение „Еко Герила“ од Тетово смета дека Македонија ќе стане зелена кога ДУИ ќе ги изгуби изборите. Според нив промовинарењето на ДУИ како зелена партија е исто како „некој педофил да ставите за директор на детска градинка“.Целиот разговор на Снежана Лупевска Созен со Аријанит Џафери во видеото.Извор: Телма 

Македонија | пред 4 години

w_56437755

Регистрирани 6 починати и 29 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по 2 и по еден случај од Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар.Регистрирани се и 50 оздравени пациенти од Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола по 2 и по еден од Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе.Пријавени се вкупно 6 починати лица од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г). Од пријавените едно лице е починато во домашни, а останатите во болнички услови.Направени се 3.856 тестови преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово–59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-5, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-64, Жан Митрев (Филип Втори)-206, Авицена-313, Биотек-444, Систина-137, лабораторија Лаор-615, Синлаб-85, Ремедика-84, Плодност–80, Генеа–83, Никоб лаб-168, ВФВ Медикал-80, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 827.Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:Скопје 68563, Активни 395Куманово 8843, Активни 109Прилеп 8309, Активни 56Тетово 7219, Активни 43Битола 6298, Активни 51Велес 5469, Активни 11Гостивар 5179, Активни 28Кавадарци 5153, Активни 8Охрид 5008, Активни 53Штип 4959, Активни 15Струмица 4111, Активни 36Струга 2981, Активни 23Кочани 2789, Активни 12Кичево 2568, Активни 40Гевгелија 2194, Активни 9Неготино 2184, Активни 8Свети Николе 1523, Активни 9Ресен 1234, Активни 9Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1160, Активни 23Берово 1029, Активни 2Делчево 972, Активни 10Дебар 940, Активни 1Виница 884, Активни 19Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 4Демир Хисар 400, Активни 6Демир Капија 396, Активни 0Кратово 376, Активни 9Македонски Брод 359 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 3Дојран 132, Активни 0 фото: Архива

Македонија | пред 4 години

jelena05062021

Жугиќ: Се користи ли Универзална сала за набавка на лед екрани, озвучување и осветлување за потребите на Петре Шилегов за претстојните избори?

Се користи ли Универзална сала како установа за обезбедување на техничка опрема -лед екрани, озвучување и осветлување за потребите на Петре Шилегов и СДСМ за претстојните локални избори?Дали со пари на скопјани се плаќа и ќе се плаќа кампањата за втор мандат на Шилегов?Имено, на 1ви јуни заврши јавната набавка спроведена од Универзална Сала за избор на понудувач за организирање и изнајмување на техничка опрема за осветлување и озвучување на настани за настани со капацитет внимавајте на 1500; 3000; 8000 и 20.000 луѓе. Практично скопјани плаќаме услуга која нема да може да ги искористиме поради протоколите за организирање настани на отворено, нема да биде возможно толку голем број на луѓе да се соберат на едно место во услови на пандемија, истакна Јелена Жугиќ, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.Жугиќ додаде:Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека можеби летово Комисијата за заразни болести ќе дозволи настани со бројност до 1000 луѓе, за бројка поголема од оваа се уште би останала забрана и е неизвесно дали ќе може да се укине.Па оттука логично се поставува прашањето дали за настани на кои може да присуствуваат најмногу 1000 луѓе, ако владата го одобри тоа ќе се фактурира опрема минимум за 1500 или за 3000 или за 20.000 луѓе?Само за споредба, минатата година на Скопје анплагд во Камник, беше организиран настан со целосна сценска опрема за публика од 50 луѓе, а оваа година на 25-ти јуни истиот настан ќе се одржи на кровот на Сити мол ако владата дозволи за максимум 1000 луѓе.Би сакала да напоменам дека препораката на владата да се поддржат и ангажираат домашни музичари, како да не важи за Универзалната сала па тие за настанот ангажирале три групи од кои само две се македонски.Драги мои скопјани,Очигледно е дека набавката на сценско технички услуги за 1500, 3000 , 8000 и 20.000 луѓе не може да се реализира оваа година, а ако таквата набавка биде платена, и искористена за настан за помалку од 1000 луѓе, тогаш логично се поставува прашањето дали и како ќе се користи услугата која е преплатена, и дали со оваа набавка Шилегов не плаќа за сценско техничка опрема за неговата кампања за претстојните локални избори?Ќе се одлеваат ли илјадници евра за сценска техника за настани малку луѓе и дали не е ова класично перење пари од страна на Универзална сала?Градоначалник Шилегов, вака ли ќе го барате гласот на скопјани за втор мандат? Нашите пари ли ќе ги користите за партиски цели? 4 години работите на штета на Скопје и сега сакате скопјани да ви ја плаќаат кампањата.На 100 метарска бина да се качете, со десетици лед екрани позади вас, со најмодерна ротирачка расвета и топ концертно озвучување, џабе ви е.4 години со Шилегов и Заев за Скопје и скопјани се 4 години украден живот. Доста е!

Скопје | пред 4 години

kosta-1

(ФОТО) Пуштен во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола"

На големо задоволство на жителите денес го пуштивме во употреба новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во Објавата додава:Иако се работи за стрмен планински предел, градежните активности за изградба се одвиваа непречено и беа навремено завршени. За реализација на овој инфраструктурен проект беа издвоени 10.300.000 денари од буџетот на Општина Охрид.Искрено се радувам што со изградбата на овој патен правец исполнуваме едно долгогодишно барање на месното население, но истовремено чувствувам и тага што помеѓу нас не беше и Трајче Кочески кој беше најголем иницијатор за изградба на овој асфалтен пат. Упатувам посхумна благодарност за неговите заложби како претседател на Црковниот одбор од Велгошти.

Македонија | пред 4 години

mijalkov

Обвинителството не утврди кривична одговорност во врска со бегството на Мијалков

Јавниот обвинител кој постапуваше во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот С.М. при обид да му се врачи решение за куќен притвор, утврди дека нема место за јавнообвинителска одлука од причина што не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност.Во рамки на предистражната постапка беа преземени поголем број на истражни дејствија. Обезбедени се безбедносните камери од повеќе локации, прибавени листинзи за реализирани телефонски комуникации за вкупно 54 телефонски броеви од интерес, беа сослушани вкупно 37 лица, меѓу кои и министрите за правда и внатрешни работи, директорите на АНБ и БЈБ, премиерот, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и претседателот на Основниот кривичниот суд Скопје. Извршени се и полициски разговори со дополнителни 20 лица за кои се сочинети службени материјали. Во постапката беа обезбедени докази и податоци од различни правни лица. За потребите на предистрагата, беше извршена анализа на вкупно 18 одземени телефони и на одземени уреди за видеонадзор, беа извршени две вештачења и беа обезбедени службени материјали за постапувањето на сите инволвирани органи.Имено, неспорно е дека обидот за врачување на решението за куќен притвор на обвинетиот С.М. од Основниот кривичен суд Скопје од 21.02.2021 година останал безуспешен и дека во периодот од 21.02.2021 обвинетиот и покрај преземените дејствија за негово лоцирање бил недостапен за органите на прогонот, се до 16:55 часот на 23.02 2021 година, кога доброволно се пријавил во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Оттука, главното прашање на кое беше фокусирана предистражната постапка беше – каде бил обвинетиот во периодот кога бил недостапен на органите на прогонот и дали во овој период имал помош од одредени лица за истиот да остане сокриен.Во оваа насока прибраните докази упатуваат дека обвинетиот бил во својот дом се до доаѓањето на полициските службеници. Оваа констатација е потврдена со снимките од видео надзорот од хотел Мериот, службената евиденција на ЕСНД која упатува дека обвинетиот на 21.02.2021 година околу 15 часот стасал во својот дом, исказите на лицата кои работеле како негово лично обезбедување и исказот на сопругата на обвинетиот. Воедно, прибраните докази потврдуваат дека телефонот кој го користел обвинетиот зрачел на базната станица која го покрива неговиот дом.Јавниот обвинител утврди дека географската поставеност на теренот на улицата каде се наоѓа домот на обвинетиот, доведена во корелација со просторот кој бил обезбедуван од службите на МВР, како и времето на обезбедување од моментот на доставување на судското решение до времето на проверка на домот од службените лица, овозможувала тој незабележано да излезе од својот дом. Имено, беа прегледани видео записите од камерите поставени во домот на обвинетиот, камерите од околните објекти, хотели, јавни претпријатија, камерите од Сејф Сити за движење на возилата кои беа предмет на интерес. Притоа не е забележан обвинетиот како се одалечува од својот дом. Сепак, од доказите обезбедени во предистражната постапка како теорија на случај се наметна само теоријата дека С.М. се оддалечил од својот дом во моментот кога полициските службеници се доближиле до неговиот дом и побарале да му врачат решение. Ова меѓу другото, произлегува и од околноста, дека телефонот кој обвинетиот го користел се гаси во истиот момент кога полицијата доаѓа пред неговиот дом. Од тој момент кога полицијата дошла пред домот на обвинетиот , до моментот кога службените лица го пребарале домот, поминале најмалку 45 минути, во кое време имал доволно голема временска рамка да се оддалечи од својот дом, а местоположбата на неговиот дом овозможувала тоа да биде направено незабележано преку задниот излез, движејќи се пеш во реон кој не е обезбеден со безбедносни камери и лоцирајќи се во некој од околните објекти.Во оваа насока јавниот обвинител изврши проверки во насока на постоење на евентуална логистичка или друга поддршка во однос на оддалечување од домот на обвинетиот и во однос на неговата недостапност на органите на прогонот. Притоа беа сослушани членовите на неговото семејство, како и членовите на неговото обезбедување, а од страна на полицијата привремено биле одземени и телефонските уреди кои ги користеле овие лица. Сите овие дејствија беа преземени во насока на утврдување на околноста дали овие лица му пружиле помош на обвинетиот. Од анализите на одземените телефони, за кои беа обезбедени и листинзи, како и од анализата на листинзите, не беа утврдени податоци и информации кои се од значење за кривичната постапка, односно не беше пронајдено постоење на докази дека било кое од овие лица на било каков начин му помогнало на обвинетиот да остане недостапен на органите на прогонот.Предистражната постапка се осврна и на околноста дали на С.М. му била соопштена информација дека за него е поднесено барање за определување на мерка притвор, пред полициските службеници да направат обид за достава на решението за определување куќен притвор. Во оваа насока беа направени проверки на комуникациите на сите лица кои конретниот ден имале допир со информацијата дека ќе биде баран притвор за обвинетиот. Со извршената анализа на овие листинзи не се утврдени сомнителни комуникации реализирани помеѓу лицата кои биле предмет на проверки и лица кои се блиски со обвинетиот или лица кои би можеле да ја спроведат информацијата до обвинетиот.Имајќи ја предвид околноста дека телефонот на С.М. се гаси во моментот кога на врата доаѓаат полициските службеници и до тој момент телефонот зрачи на базната станица која го покрива неговиот дом, околноста што обвинетиот бил под полициска присмотра во тоа време и не бил забележан како го напушта домот, како и околноста дека е поминат извесен временски период од доаѓање на полициските службеници пред домот на обвинетиот до нивно влегување во домот, во кој временски простор обвинетиот можел непречено да се оддалечи од домот, јавниот обвинител најде дека во конкретниот случај веројатноста дека на С.М. му е соопштена информацијата дека против него се бара мерка притвор е многу мала.Во текот на предистражната постапка, јавниот обвинител констатира слабости во меѓу институционалната и интерната комуникација на надлежните институции, но во оваа насока, јавниот обвинител смета дека ваквите дејствија немаат кривично-правна импликација од причина што недостасува кривично-правна последица. Имено, иако обвинетиот бил недостапен на органите за прогон, сепак самиот доброволно се пријавил. Со тоа отпаднал кривично правниот елемент на кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување или Несовесно работење во службата, а тоа е прибавувањето на некаква корист за друг или нанесувањето на штета, односно недостасува последицата неопходна за постоење на кривично-правна одговорност кај службените лица кои преземале службени дејствија.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

Ахмети: Зелената агенда станува дел од ДУИ

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во обраќање пред јавноста по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик. Со зелена сценографија и со мото „За зелена иднина“ Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието и во Владата.„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НATO, правична застапеност. Се изградија учичишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот“, истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.“Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места. Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација. Денес загадувањето на животната средина е загрозување на безбедноста.Ние ќе се ангажираме да бидеме регионални и европски лидери во зелената еколошка политика. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етничките, партиски, социјални и други разлики, бидејќи дишеме ист воздух, живееме во ист простор… Ние како ДУИ ќе бидеме столб на ваквата идна политика”, изјави Ахмети.Според него дојдено е време да се прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.„На 19-иот роденден на ДУИ запичнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квслитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, истакна Ахмети.

Македонија | пред 4 години

05062021_PVRSM_Zaev_Svetski-den-na-zivotnata-sredina_3

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска зеде учество во активноста што ја организираше Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов по повод Светскиот ден на животната средина.Во прилог на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост испорачана на прес-конференцијата по тој повод:„Како и целиот свет, така и ние денеска го славиме Светскиот ден на животната средина со активности кои имаат за цел да ја поттикнат постојаната грижа и акција за чиста и здрава околина и секојдневие.Оваа година им се придружив на активностите што по повод овој ден ги организира Град Скопје кој продолжува да го реализира „Акцискиот план - Скопје зелен град“, проект кој во фокусот ги стави решенијата за предизвиците за заштита на животната средина и создавање на одржлив развој на градовите.Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.Резултат е и на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа Влада да продолжи со еколошките проекти како што беше замената на загадувачките печки на дрва и на фосилни горива со еколошки чисти инвертери во Скопје и во неколку други градови.Граѓаните, особено помладите, сѐ повеќе користат превозни средства кои не загадуваат како велосипеди или електрични тротинети, а сериозен поттик за ова е исполнувањето на потребите на луѓето кои пешачат и возат велосипед како клучен дел од решенијата за урбана мобилност во здрава животна средина.Во таа насока се и сите инфраструктурни зафати во главниот град Скопје, како и во другите градови во земјата.Во Скопје веќе се надминати 100 километри добро организирани велосипедски патеки и стануваат многу препознатливи одделните велосипедски и пешачки зони долж улиците и булеварите проследени со зелени појаси.Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.И не само во Скопје. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи и повеќе зелени површини и се спроведуваат мерки за директно справување со изворите на загадување.Еколошката агенда на државата ја следиме и со зелени енергетски проекти, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме транзицијата од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија.На местата каде што претходно функционираа рудниците за јаглен и загадувачките термоцентрали сега се градат фотонапонски електрани и се редат ветерни паркови и гасни електро-централи.Ова е патот на успехот. Патот по којшто поминале повеќе европски земји.На крај, дозволете уште еднаш да се повикам на Светскиот ден на животната средина со апел на заеднички акции.Успехот во остварувањето на здрава животна средина како наше секојдневие е можен само со координирани, заеднички акции на граѓаните, деловната заедница и општините и државните институции.“

пред 4 години

marko

Потребни се средства за лекување на 10 годишниот Марко Џољевски кој боледува од Епилепсија и има израсток на мозокот

10 годишниот Марко Џољевски боледува од Епилепсија Г 40, но поради влошената состојба и потребата од дополнителни испитувања, потребно е да замине во Турција, каде најверојатно ќе му се направи операција. Покрај ова, има и некој израсток на мозокот.За жал, неговото семејство не е во можност да ги покрие предвидените трошоци во висина од 6.000 евра.Начин на донирање за Марко:преку телефонскиот број 070/143-161 (важи само за корисниците на Телеком)или директно на Жиро сметката за донации 210501606694178 (НЛБ Тутунска банка) со назнака - за Марко

Македонија | пред 4 години

silegov-zaev-3889329832

Заев: Шилегов е еден од нашите фаворити

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.– Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме. Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири години посветено работеа. На крајот одлуката во нашите органи и тела се носи согласно дослухот со граѓаните – рече денеска Заев. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни – рече премиерот

Скопје | пред 4 години

ruskovska-4-skopje1mk-Copy

Русковска пред крај на мандатот, ама не се предава: Им списка на тие што планираат да ја сменат

На тема „релации со власта“, Русковска изгледа самоуверено. Не чувствува оти власта „не ја игра“ и уште повеќе дека ѝ подготвува „свилен гајтан“ за да ѝ најдат мана и да ја тргнат од позицијата шеф на најважното обвинителство во Македонија, пишува Призма по интервјуто со обвинителката. Кружат чаршиски муабети дека нејзиното место е таксано за обвинител од поранешното СЈО. Ги чула гласините, но не чувствуваше потреба да ги коментира.Како што е воздржана во јавните настапи, таква беше и во процената дали е вистина оти високи функционери од власта ѝ забележуваат оти буквално и нив ги „изненадува“ со истраги, заобиколувајќи ја полицијата, урнек што своевремено го воведе СЈО.„Може да има некаква вистина во тоа“, само одговори за Призма.Обвинителството со кое менаџира усвои некои методи на згаснатото СЈО, како што е на пример независноста од МВР во истрагите. Тоа за многумина беше клучот за успехот на истражителите на Јанева, бидејќи преку МВР, извршната власт постојано беше информирана за истрагите.Сега, како што раскажа Русковска, и тие имаат нивни истражители и се понезависни во постапувањето.„Таков беше случајот ‘Планина’. Многу малку луѓе знаеја во полицијата. Тие што знаеја беа поради посебните истражни мерки, потоа случајот со Рашковски, сега што отвораме некои други случаи…“Не ја засегаат пишувањата дека смената на првиот човек на Одделот во МВР за дела од организираниот криминал, Лазе Велковски, е навестување за нејзина скорешна детронизација. Уверена е дека тоа се шпекулации.„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“.Повеќе на Призма. 

Македонија | пред 4 години

sead-kocan

Нова кривична пријава против стечајниот управник – компанијата „Трансмет“ обвинува дека ја товарел фирмата со 15 милиони евра дoлгoви

Од страна на компанијата Трансмет до Секторот за економски криминал и корупција при МВР е поднесена уште една кривична пријава против стечајниот управник Богољуб Макревски поради впишување на милионски долгови кои не постоеле на ниедно друго место освен на хартија.Макревски во јавноста е познат по тоа што стечајните постапки кои тој ги води, најчесто завршуваат со ликвидација на компаниите и распродажба на преостанатиот имот – спротивно на она што се законски обврски на стечајниот управник, реорганизација на компанијата со цел продолжување на работењето на компанијата која паднала во стечај, објави Република.Кривичната пријава која овој пат се поднесува против Макревски е поради сомнение за сторено кривично дело по член 32 б за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување со што се оштетени над 700 вработени во компанијата Трансмет како и доверителите кои бараат исплата на нивните долгови.Според кривичната пријава против Богољуб Макревски, постои огромна разлика во износите на признаените побарувања на повеќе доверители, споредбено со реалната состојба на долгувањата врз основа на постооечката финансиска документација во Трансмет.Тоа би значело дека Макревски, нереално впишувал долгови на фирми кои биле доверители на Трансмет, со цел тие да добијат што поголем дел од евентуалната стечајна маса. Или, објаснето со уличен жаргон – стечајниот управник, според кривичната пријава, впишувал поголеми долгови на компании кои успеале да го „убедат“ Макревски.Текстот во целост на: Република.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Во селата Косел и Јабланица водата не е исправна за пиење

Според извршените анализи на водата за пиење од страна на Центарот за јавно здравје Охрид, на ден.27.04.2021 година земени се примероци вода за физичко хемиска и микробиолошка анализа од мерни места во општините Охрид и Струга. Констатирано е следното:Земените примероци вода од околните села Квалиѕтетот на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата за пиење(Сл.Весник на РМ бр 183/2018).е следен:земени се примероци вода од следните мерни места:-с.Лабуништа-Струга-водата е здравствено исправна-с.Бороец-Струга- водата е здравствено исправна-с.Јабланица-Струга- микробиолошки неисправна(ешерихија коли ),нема резидуален хлор-с.Косел -Охрид- микробиолошки неисправна(ешерихија коли,ентерококи ),нема резидуален хлор-с.Лескоец-Охрид- водата е здравствено исправна-с.Велгошти- Охрид- водата е здравствено исправна-Пазар-Охрид- водата е здравствено исправна-Воска-амбуланта-Охрид- водата е здравствено исправна-с.Орман-Охрид- водата е здравствено исправна-Костозглобна болница-Охрид- водата е здравствено исправна-Варош-Св.Варвара-Охрид- водата е здравствено исправна-Фонтана-пристаниште-Охрид- водата е здравствено исправна-Студенски дом Никола Карев-Охрид- водата е здравствено исправна-Билјанини Извори-Охрид- водата е здравствено исправна-Кардиолошки-болница-Охрид- водата е здравствено исправнаОд ЦЈЗ напоменуваат дека водата од мерните места с.Јабланица -селски водово, с.Косел -селски водовод, водата континуирано да се хлорира за да биде здравствено исправна.Во горенаведените села каде што нема резидуален хлор или микробиолошки е неисправна , водата се забранува за пиење, одржување на лична хигиена како и хигиена на рацете, во домаќинствата се додека истата не се третира со хлорен препарат или да се превира 45-50 минути.ЦЈЗ Охрид

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања