Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

drzavna-matura

Над 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот испит од државната матура

Учениците кои го завршуваат средното образование и се пријавени за државната матура, денеска од 10 часот ќе го полагаат првиот екстерен испит – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15 294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година.Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература.Вториот екстерен испит, кој е изборен, е закажан за 11 јуни. Тест по математика избрале 1529 матуранти. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 452). Германски јазик ќе полагаат 140, француски јазик 32, руски јазик 18.Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите – странски јазик е во алтернација со филозофија (во училиштата за ликовно образивание и има 14 пријавени) и со естетика (во училиштата за музичко образование и се пријавени 66 кандидати).Според наставниот јазик, на македонски на 11 јуни се пријавени да полагаат 10 886 матуранти, на албански 4134 и на турски наставен јазик 274.Резултатите од тестовите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит.Минатата година матурата не беше организирана поради пандемијата, а за оваа година е утврден здравствен протокол за деновите на полагањето. Најмногу 15 ученици е дозволено да бидат во училница, самите училишта ќе предложат по колку можат да сместат на испитите и во некои бројот ќе биде помал од овој максимум.Ќе има околу 2000 тестатори и околу 300 набљудувачи, кои се вакцинирани, а за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита во училиштата, а покрај нив имаа и обврска за изработка на проектна задача која, според календарот, се реализираше од 15 март до 30 април.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 4 години

21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

Царовска: Откупот на учебници мора да биде транспарентен

Министерството за образование сака да обезбеди транспарентност на процесот на набавка на учебници и да ги има на увид сите потребни документи, првенствено за да може да ја формира цената на учебниците, но и да потврди дека учебниците што се набавуваат се усогласени со Кембриџ програмата, изјави министерката за образование Мила Царовска во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.Таа појасни дека овие елементи се важни за да може да се утврди реалната цена на учебниците, врз основа на тоа колку чини печатењето, репроматеријалите и колку ги чини куќите авторското право.-Ова е важно за да не одиме ниту превисоко, ни прениско со цената на учебниците. Во моментов сме во консултација со повеќе институции кои се во рамки на Министерството и се надлежни за ова прашање, но и со надворешни институции со цел да стигнеме до заштита на јавниот интерес, но и формирање на реална цена, рече Царовска.Првиот обид за преговори со двете издавачки куќи кои ги имаат правата за Кембриџ учебниците, Арс Ламина и Арбериа Дизајн, беше неуспешен, затоа што тие не доставиле докази за авторско право за Кембриџ учебниците.Министерката појасни дека со други две компании со кои се преговарало, ќе се потпишат договори, а со Арс Ламина и Арбериа Дизајн постапката може да се повтори, по завршувањето на жалбената постапка.-Важно е заеднички да го надминеме ова прашање. Сметаме дека јавните пари мора да се трошат на транспарентен начин. Затоа ги бараме и одобрението и авторските права и сите други документи за да може да одиме на откуп на учебници, посочи Царовска.

Македонија | пред 4 години

raskovski

Заев кога те брани, криминалот се простува, нема затвор за Рашковски, велат од ВМРО ДПМНЕ

Одлуката да биде пуштен Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев. Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани , тогаш криминалот се простува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес.Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор.Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа.Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт.4 години власт на Заев се 4 изгубени годиниДоста е!

Македонија | пред 4 години

image0

Усвоен заклучокот за воведување резидентни паркиралишта во Општина Центар

Врз основа на пристигнатите петиции од жителите што живеат на улицата „Максим Горки“ и Здружението на станари за управување со паркинг-просторот Мал ринг, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот и ги задолжи општинските служби и ЈП Паркинзи на Општина Центар да постапат по барањата на жителите и решавањето на нивните проблеми со комерцијалното паркиралиште во овој реон.„Општина Центар е општина што работи во интерес на своите жители и преку разни механизми ги исполнуваме барањата на граѓаните за да им овозможи подобар, безбеден и квалитетен начин на живот. Со овие измени ќе воведеме промени што ќе бидат приоритет за нашите жители и воедно ќе го регулираме масовното паркирање и ќе ги ослободиме паркинг местата“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Поради долгогодишниот проблем со кои се соочуваат овие жители во Центар, во наредниот период општината ќе одговори позитивно на барањата на жителите и комерцијалното паркирање ќе биде заменето со резидентен паркинг, а истото ќе се имплементира и ќе започне постапка и на улиците „Ленинова“ и „Радњанска“ .Јавноста дополнително ќе биде информирана за натамошните мерки што ќе ги преземат општината и ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Скопје | пред 4 години

Jarevski04062021

Јаревски: Богоев врши бетонизација на Карпош и Водно, бараме итно поништување на урбанистичкиот план

Позициите јасно се исцртани. На една страна е СДСМ и урбаната мафија, кои се за бетонизација на Карпош и Скопје, на друга страна е ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните. Планот на Богоев за градење на нова населба на падините на Водно над населбата Козле ќе значи уништување на ново зеленило и узурпација на планината, во ерозивно подрачје, во кое не е препорачлива градба, таму има опасност од појавување на свлечишта, истакна Тони Јаревски, претседател на ОК Карпош.Јаревски додаде:Богоев не само што ги става во опасност можните инвеститори кои би изградиле свој дом таму, туку и ги става во опасност и жителите на Козле кои исто така би биле погодени од евентуелни свлечишта на тој потег.Оттука денеска поднесовме жалба до Второстепената комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работни односи во втор степен, градоначалникот на Карпош и Министерството за животна средина за поништување на Одлуката за ДУП за градска четврт ЈО4, со цел заштита на граѓаните, Водно и животната средина.Во жалбата прецизно наведовме најмалку 11 недоследности, нелогичности и противречности со законските и подзаконски акти. Било која од нив е доволна причина и основа за поништување на Одлуката.Прашањето е која причина е толку голема што токму сега и на овој начин СДСМ и Богоев решиле да го протуркаат овој урбанистички план?Изминати се 6 години и 3 месеци, период кој е премногу долг, за да се продолжи со постапката за овој ДУП имајќи ги предвид бројот на измени во законот за животна средина, како и екпспанзијата на градот во период од 6 години, зголемениот сообраќај, бројот на жители, загадувањето на воздухот итн. Овој период од носењето на одлуката до нејзиното објавување е спротивен и на членот 65 став 10 од Законот за животна средина и со тоа објавата на одлуката е незаконска.Стефан Богоев и СДСМ не добија мандат за бетонизирање на Карпош и Водно.Потребно е спроведување на ревизија на сите постоечки урбанистички планови во еден сеопфатен и целосно транспарентен процес во кој животната средина и интересите на граѓаните ќе бидат запазени и целосно заштитени.ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на граѓаните. Затоа Ве повикувам да ни се придружите на Протестот утре 05.Јуни во 12 часот, на раскрсницата помеѓу улиците Брадфордска и ул.Козле заедно да го изразиме нашиот револт од лажните и неисполнети ветувања на СДСМ и да побараме итно поништување на Одлуката за овој урбанистичкиот план.

Македонија | пред 4 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: "Систина" и "Жан Митрев" ги дуплирале своите добивки, кој вели декаво Македонија не можело да се успее

Од денешните вести од Македонија, ја издвојувам онаа дека "Систина" и "Жан Митрев" ги дуплирале своите добивки во 2020 година. Уште една потврда дека за успешните нема криза! И дека способните наоѓаат начини да излезат како победници и кога илјадници умираат!Секако, да не ја заборавиме и сесрдната помош што им ја даде владата, која не само што не го ограничуваше нивниот претприемачки дух, туку и го поддржа во одредени моменти, со државна помош.И да не сум слушнал веќе дека во Македонија не можело да се успее. Може многу лесно, само треба да си ги извалкаш рацете... со крв, пишува на својот ФБ профил поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ.

Македонија | пред 4 години

radozda

(ФОТО) Охрид SOS: Охрид рушат, Струга градат

Пред влезот на село Радожда, на самиот брег, почната е градбаи (според нашиот извор) септичка јама и од неа испуштил цевка директно во езеро, пишуваат во објава на својот ФБ профил Охрид SOS. Истиот тој бил рибокрадец заштитен од неговиот куќен пријател јавен обвинител. Иако периодов доставивме серија претставки и реакции до градежниот инспектор во Општина Струга и до инспекторатот за животна средина, се чини како да мижат пред очигледната девастација на крајбрежјето на потегот од Струга до Радожда. Локалното население известува за перманентно градење на брегот или веднаш до брегот, а инспекции или санкции нема,пишуваат на ФБ од Охрид SOS.Тие во објавата додаваат:Зошто се носи План за управување со Охридскиот Регион, зошто се носат специфични закони и одредби, зошто има препораки од меѓународните организации кога никој не ги почитува? Кога веќе нивните струшки колеги не реагираат, нека реагираат тогаш од Државен инспекторат за животна средина или од Државен Инспекторат за Градежништво и Урбанизам. Симптоматично е зошто градоначалникот не се појавува на ниедна дебатна емисија, кога се зборува за Охридскиот Регион, а огромен дел од проблемите се таложат и во административните граници на општината чиј прв човек е тој, пишуваат од Охрид SOS.

Македонија | пред 4 години

plazi

Георгиески: Ставаме крај на самовилието и девастирањето на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО

Наша обврска и должност е да ги почитуваме законите и да ги отстраниме неправилностите.Годините наназад крајбрежјето на Охридското Езеро беше узурпирано од нелегални градби надвор од сите договори за концесија и законски прописи. Тоа мора да запре.Ставаме крај на самовилието и девастирањето на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Summerland-1

Шилегов: Ќе се кандидирам за градоначалник и ќе победам

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, денеска потврди дека ќе се кандидира за уште еден мандат,покрај шпекулациите за заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ.-На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам. Во неколку наврати имам истакнато и околу тоа нема никаква промена, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање околу кандидатурата за втор мандат како градоначалник.Локалните избори треба да се одржат оваа есен.

Скопје | пред 4 години

raskovski34

Рашковски од затворски оди во домашен притвор, одлучи Апелација

Притворениот Драги Рашковски кој месец дена издржува казна во затворот „Скопје“ во Шутка, оди во куќен притвор, одлучи Апелацискиот суд во Скопје, потврдуваат оттаму за „А1он“. Одлуката е донесена на денешната седница, а воопшто не е разгледувана гаранцијата која ја понудил Рашковски од скоро половина милион евра, бидејќи така е предвидено со Законот за кривична постапка, согласно основите за кои му е одреден притворот. Според информациите, Вишото јавно обвинителство се одлучило исто така да даде согласност за поблага мерка за Рашковски, а со тоа да даде согласност до Апелација.Рашковски е во притвор од крајот на месец април, кога Кривичен совет, по барање на јавниот обвинител Ивана Трајчева, ја преиначи одлуката и од куќен пртивор го спроведе во затворот во „Шутка“. Заедно со него, во затворот беше спроведен и сопственикот на „Инвока груп“, фирма од која биле набавувани софтвери во спрона постапка според тврдењата на Обвинителството.

Македонија | пред 4 години

04062021_PVRSM_MTV_Ekspresenpat_Stip-Radovish_1

(ВИДЕО) Заев и Бочварски први возеа по новиот пат Штип-Радовиш

„Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди. Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.На настанот свои обраќања имаа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси.Премиерот Заев во своето обраќање рече дека ова е пример како функционира Владата, Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со сите инволвирани страни во процесот.„Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш има исклучително влијание врз развојот на економијата во овие три региони Штип, Радовиш и Струмица и придонесува за рамномерниот регионален развој, побрз транспорт на стоки, на услуги како и на луѓе. Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани, за студентите, за бизнис секторот, за земјоделците од Струмичкиот, Радовишкиот, Штипскиот и Кочанскиот регион, кои своите производи ги пласираат на пазарите во земјава и во странство. Експресниот пат, Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град, Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно - двојно се скратува“, подвлече Заев и додаде дека интензивно го градиме југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да инвестираме во капиталните проекти за поврзување на татковината кои значат живот за македонската економија.Министерот Бочварски рече дека експресниот пат Штип-Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот ако се има во предвид дека овде работат околу 12 илјади мали и средни претпријатија.„Сакам да информирам дека интензивно работиме и на изградба на втората фаза од овој експресен пат делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ како и делница од Бучим до Радовиш. Очекуваме оваа делница комплетно да биде завршена средината на следната година. Овој експресен пат е дел од државната А4 рута, започнувајќи од граничен премин Блаце, преку обиколницата Скопје и новиот автопат до Штип, и преку овој експресен пат се поврзуваме со соседна Бугарија. На тој начин добиваме брза патна врска по целиот Југоисточен регион. Оваа Влада докажа посебен фокус на рамномерниот развој на државата инвестирајќи во модерни и квалитетни проекти кои носат економски бенефит не само за граѓаните туку и за цела држава.Овој пат е симбол на вербата и посветеноста на оваа наша генерација за развој и модернизација на државата, за подобар живот и задоволни граѓани. Инвестирајќи во повисоко ниво на инфраструктурен развој, инвестираме за просперитетна иднина за сегашните и генерациите што доаѓаат“, рече Бочварски.Директорот Рустеми рече дека вкупната проектирана, должина на комплетниот експресен пат А4 е 40,46 километри, а вкупната вредност е околу 60 милиони евра.„Со техничките квалитети на експресниот пат, со по една коловозна и помошна лента, и со ширина од 11,4 метри, тој претставува основа за можен иден автопат. Максималната брзина на движење на возилата е 110 километри на час. Оваа прва фазата од експресниот пат А4 во време на пандемија е комплетно завршена во предвидениот рок од 3 години. Изградена е согласно со важечките прописи и стандарди со издвоена вкупна вредност од 45 милиони евра. Заради подобро поврзување со блиските населени места на експресниот пат изведени се вкупно 40 објекти за премостување, односно 4 клучки согласно со највисоките стандарди, 7 надпатници и подпатници, 11 мостови и вијадукти, и сето ова за полесен пристап на граѓаните до и од експресниот пат. По целата должина на патот има заштитна жичена ограда за побезеден сообраќај“, рече Рустеми и додаде дека со спој на патниот правец А4 Штип–Радовиш со автопатот Миладиновци–Свети Николе–Штип се овозможува комуникација со регионите надвор од државава и пошироко.Претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Андри Аранитаси, истакна дека проектот претставува постојан придонес на Банката во насока на подобрување на транспортната инфраструктура на земјата и ја потврдува нејзината посветеност на подобрување на транспортната инфраструктура во Северна Македонија.„Ова е еден од осумте проекти на Банката во секторот на македонските патишта. Банката е активна во овој сектор од 2001 година, поддржувајќи проекти од регионалните и локалните патишта, како и паневропските коридори 8 и 10, со вкупна поддршка од 425 милиони евра. Банката активно работи на обезбедување на финансиска поддршка на проекти за новите патишта, како Кичево-Букојчани, дел од Коридорот 8, и Скопје-Блаце, автопатот за поврзување со соседно Косово и за натамошната регионална интеграција на Западен Балкан. Ова ја потврдува нашата посветеност за помош на Владата, во насока на подобување на инфраструктурата во земјата во корист на граѓаните и го истакнува нашиот статус како најголем финансиски стратешки партнер во Северна Македонија за инфраструктурните проекти, со над 1,2 милијарди евра, инвестирани во патишта, железница, општински и енергетски сектор. ЕБОР е голем пријател на земјата и нејзините граѓани, и ќе продолжиме да бидеме пријатели се до влегувањето на земјата во ЕУ и потоа!“, рече Аранитаси.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Регистрирани се 16 нови случаи на Ковид 19, починати се 7 лица

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.Регистрирани се 38 оздравени пациент од:Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид – 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.Направени се 3.109 тестови преку: ИЈЗ-458, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–85, МАНУ-40, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-339, Биотек-526, Систина-175, лабораторија Лаор-287, Синлаб-121, Ремедика-51, Плодност–45, Генеа–41, Никоб лаб-140, ВФВ Медикал-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 308.Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Со ребалансот на Буџетот - повеќе средства за реконструкција на улици, енергетски фасади, градинки, училишта и јавна хигиена во Општина Центар

Советот на Општина Центар, на вчерашната 65-та седница ги усвои и Измените и дополнувањата, односно ребалансот на општинскиот Буџет.Со ребалансот, се предвидува зголемување на вкупните приходи и расходи во основниот буџет, средства со кои дополнително ќе се зголеми ефикасноста на работењето на секторите и одделенијата во Општина Центар.За обновувањето на улиците и уличната инфраструктура Општина Центар после последниот ребаланс, за оваа година има предвидено вкупно 250.000.000 денари. Со овие средства ќе се покријат трошоците наменети за реконструктивни градежни зафати на 18 улици во Општина Центар, каде ќе се постави нова урбана опрема, ново зеленило. Од средствата општината ќе ги покрие и трошоците за модернизација на уличното осветлување и ќе продолжат активностите за замена на старото со ново енергетски ефикасно ЛЕД осветлување.Со ребалансот на Буџетот се зголемува и фондот за субвенции за поправка на лифтови и санирање на покриви за дополнителни 1.500.000 денари, а се зголемуваат и средствата наменети за реконструкција на фасадите, во висина од 10.100.000 денари.За активностите поврзани со заштитата на животната средина општината ќе одвои дополнителни 900.000 денари, а за почиста и поздрава околина, се зголемува и буџетот за ангажирање лица за одржување на јавната хигиена за 7.750.000 денари.Со 2.600.000 денари ќе се зајакнат и општинските детски градинки, од кои дел ќе се искористат за ангажирање на дополнителен воспитен кадар, а дел од средствата ќе се наменат за подготовка на проекти за реконструкција на градинките.Во однос на трошоците поврзани со основното образование и општинските основни училишта, Општина Центар ќе одвои дополнителни 8.605.000 денари за реализација на тековните училишни активности и ќе ги зголеми средствата за реконструкција на покривот на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ за 8.000.000 денари.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

По педесет години се реконструираат патеките во вториот дел на градскиот парк

Почна реконструкцијата на патеките во вториот дел на Градскиот парк што долго време беа запуштени, а текот на активностите градоначалникот Шилегов ги најави и објасни на денешната прес-конференција.- Денеска Градот Скопје преку ЈП Улици и патишта започнува голема реконструкција на патеките во таканаречениот нов дел од паркот. Градскиот парк е формиран некаде 1930 година, а овој дел е изграден во 1970 година, и од тогаш ние немаме сериозна интервенција во овој дел од паркот. Како што и самите добро знаеме станува збор за сериозно руинирани и сериозно девастирани патеки што веќе стануваат и критични за безбедноста на граѓаните. Во минатото често се зборувало за реконструкција на овој дел од паркот, вие како што знаете успеавме во овој дел на паркот да направиме и тартан патека, да ги обновиме сите пешачки мостови и сега ги обновуваме главните патеки. Станува збор за инвестиција во вредност од 20 милиони денари и очекувам површината од 20 илјади квадратни метри, што овде ќе ја работиме, да биде готова во наредните 35 до 40 дена, со што овој дел од паркот ќе добие целосно нов изглед имајќи предвид дека со овие активности е предвидена и целосна замена на канделабрите, поставување на нови клупи и канти за џебен отпад за кои сме сведоци дека недостигаат, така што од средината на јули овој дел од паркот ќе има целосно нов лик - рече Шилегов.Тој додаде дека новите патеките коишто ќе бидат направени ќе ги испровоцираат скопјани уште почесто да го посетуваат паркот и да уживаат во него и во новите стандарди и услови што тој ќе им ги нуди.Градот Скопје континуирано работи на уредување и обновување на зеленилото и на патеките во паркот, но и на зголемување на безбедноста, бидејќи така се создаваат услови скопјани да уживаат во неговите убавини.

Скопје | пред 4 години

Plazi-ohrid

Советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ од Охрид, го одбија барањето на угостителскиот еснаф

Советот на Општина Охрид го одби Барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“. Соопштението го пренесуваме во целост:Двете советничките групи во Советот на Општина Охрид (СДСМ и ВМРО ДПМНЕ) и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска одржаа координативен состанок во врска со барањето на Здружението на угостители и туристички работници „Охридски Еснаф“ од Охрид за свикување и одржување на итна седница на советот.На состанокот детално беше разгледано барањето на здружението и сите предложени точки за расправа, по што од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето. Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки.Двете советнички групи изразија поддршка на градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид да постапуваат во рамки на своите ингеренции во согласност со сите законски прописи почитувајќи го принципот на неселективност. Двете советнички групи сметаат дека е од исклучителна важност Охридскиот регион да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО и ги повикуваат сите надлежни институциии да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.Совет на Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

ohrid

(ВИДЕО) Урбаните и еколошки проблеми на Охрид

Отпад во езерото, платформи над водата. Багери и градби до плажите. Сето ова го регистрираше камерата на Слободна Европа, а тоа се дел од причините поради кои УНЕСКО препорачува Охрид да биде ставен на Листата загрозени светски вредности. Властите не успеаа да ги остстранат нотираните слабости. Охрид е важен и треба да се грижиме за него, велат охриѓани од почнувајќи од градоначалникот па до активистите, но грижата потфрли, сметаат граѓаните.Репортажа на Владимир Калински и Горан Стефановиќ.Видео репортажата може да ја погледнете на овој линк.

Македонија | пред 4 години

kosta

(ВИДЕО) Георгиески: Нема погодно време за отстранување набесправни објекти, мора да се почитуваат законите

Нема погодно време за отстранување набесправни објекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Градот мора да се ресетира и да се почитуваат законите, а моја работа е да ги спроведам на дело.Во таа насока и во следниот период продолжуваме со отстранување на објектите покрај крајбрежјето согласно препораките на УНЕСКО. Видеото од изјавата од градоначалникот може да ја погледнете на овој линк .

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Бачев до Вучиќ: Покажа дека не сте исти како другите во соседството, благодарам за бесплатните вакцици во Србија за сите Македонци

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод дозволата за бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани. Во продолжение ви го пренесуваме писмото во целост: Господин претседателе,На 9 февруари 2021 ви испратив писмо со кое побарав да дозволите на Македонците кои што сакаат, да се вакцинираат во Србија.Вчера дојде одговорот од ваша страна. Побаравте од владата на Србија да дозволи бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани. Со тоа Македонците добија статус, еднаков на домашните српски жители. Овој позитивен чекор од ваша страна е доказ за големото пријателство меѓу двете држави.Дозволете ми да ви честитам на големото лидерство и исклучиво пријателскиот однос спрема Македонија и нејзините државјани. Покажавте дека не сте исти како вашите колеги од соседството кои преземаат акции од непријателски карактер спрема Македонија и Македонците.Вчерашниот ден, 3 јуни, ќе остане запишан како голем ден за односите меѓу Србија и Македонија. Македонскиот народ никогаш нема да го заборави овој исклучиво пријателски чекор на Србија во ова тешко време на здравствена криза.Србија покажа дека помага кога е најтешко, посебно кога НАТО и ЕУ не оставија на цедило и кога владата на Република Македонија покажа дека нема институционален капацитет за справување со кризата со Ковид - 19.Затоа, дозволете ми од име на Единствена Македонија и од свое лично име, да Ви се заблагодарам за бесплатните вакцини во Србија за сите Македонци, со вакцина по свој избор.Ти Благодарам Вучиќ!Хвала Ти Вучићу, напиша д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија во писмото до Вучиќ.

Македонија | пред 4 години

Pucko-Petrol-Poster

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Пратеникот на ДУИ, најголем корисник на тендери

Поврзаноста на политиката со олигарсите треба да биде многу јасна, пратеникот на ДУИ чиј син е сопственик на компанијата Пуцко петрол од јануари 2020 година преку тендери за набавка на нафта и гориво има добиено над 31 милиони евра, од различни институции како од централната власт така и од локалната, меѓу кои, над 2 милиони евра само од општините управувани од Демократската унија за интеграција, истанаа на прес конференција од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Во продолжение на прес конференцијата додадоа:На пример, само во општина Тетово Пуцко Петрол добил над 22 милиони денари, додека во општина Чаир над 15 милиони денари.Овие информации лесно се проверуваат на веб-страната на Бирото за јавни набавки, а денес пред вас носиме копии од договорите на оваа компанија со сите институции.Јавно ги прашуваме лидерите на овие институции и пратеникот Јахоски која е „магијата“ што ја користат за да се победи на скоро секој тендер за набавка на нафта и гориво?Добивањето на сите овие тендери од страна на Исмаил Јахоски како во централната така и во локалните институции уште еднаш ги потврдува длабоките сомнежи за изборниот резултат од 15 јули, особено во петтата изборна зона преку купување гласови, затоа не случајно Република Северна Македонија се смета држава со хибриден режим и рекордно ниво на корупција, сега не само од страна на опозицијата, туку и од страна на Транспаренси Интернешнл и Економист.Затоа јавно се обраќаме до Државната комисија за борба против корупцијата, како и обвинителството за да сериозно се занимаваат со овој случај за да објаснат на јавноста како е можно една компанија поврзана со пратеник на една политичка партија, во овој случај ДУИ, да освои толку многу тендери.фото:  Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Македонија | пред 4 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

(ВИДЕО) Заев за изненадувањето на Ахмети: Не се работи за заеднички кандидат Албанец

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по прашање од ТВ21 околу утрешното изненадување, потврди дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.„Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер“, порача Заев.извор: ТВ 21

Македонија | пред 4 години

aerodrom-skopje-2

По 20 години пауза од денес повторно авиолинија Скопје-Москва

Денеска и официјално ќе биде пуштена во функција новата авионска линија Москва-Скопје.Настанот ќе биде одбележан на скопскиот аеродром, а првиот лет на авиокомпанијата „Нордвинд“ од Москва во Скопје, ќе слета во 17 часот и 10 минути.На настанот ќе присуствуваат и по пристигнувањето на првиот патнички авион од Москва, изјави ќе дадат генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.Според претходните најави, руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром Шереметјево со авион од типот „боинг 737-800“ со 189 седишта, а проценетото време на патување е 3 часа 25 минути.Скопје и Москва последен пат беа поврзани со редовна линија меѓу 1993 и 1996 година по склучениот билатерален договор за воздушен сообраќај со Руската Федерација. Линијата ја одржуваше компанијата „Палер Македонија“ која банкротираше во октомври 1996 година.извор: Макфакс

Македонија | пред 4 години

kafic

Угостителските објекти кои немаат летни тераси остануваат забранети

Угостителските објекти кои немаат летни тераси остануваат забранети оти Комисијата за заштита од заразни болести заклучила дека во нив нема да се почитуваат протоколите за заштита од коонавирусот.Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се работи на подготовка на протоколи за работа на затворените делови од угостителските објекти токму поради ставот дека внатре нема да се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19.„Има протоколи за одржување различни настани, курсеви, предавања, состаноци и слично. Тука сметаме дека во рамки на таа организација протоколите може да се почитуваат, но нема да се почитуваат за време на веселби и свадби или за време на подолгите работни часови во угостителските објекти во затворените делови. Засега останува препораката да функционираат сите овие објекти само надвор“, рече министерот Филипче.Со олабавувањето на мерките за заштита од вирусот од вторникот, оваа недела дозволено е организирање свадби, но само на летни тераси кои се отворени од три страни. Дозволена е жива музика, но пејачите не смеат да се движат меѓу гостите и треба да бидат оддалечени пет метри од правата маса. Не е дозволен никаков физички контакт меѓу гостите па забранети се ора, поздравување со ракување, гушкање и бакнување.На гостите ќе им биде дозволено да играат на подиум на кој треба да има по четири квадратни метри за секое лице.И влезот на свдбите ќе биде строго по протоколи, односно на гостите со покачена температура нема да им биде дозволено да влезат на веселбата.

Македонија | пред 4 години

Imer-Selmani-780x439

Имер Селмани заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје?

Имер Селмани, поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје на следните локални избори, објавуваат медиуми, особено оние на албански јазик, објави faktor.mk. Селмани во последен период во своите гостувања во медиумите ги поддржува ставовите и политиките на премиерот Зоран Заев, а претходно беше дел од изборната кампања на претседателот Стево Пендаровски.Изненадувањето кое што го најави лидерот на ДУИ, Алу Ахмети, за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.извор: faktor.mk.  

Македонија | пред 4 години

4

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 3 100 000 денари.„Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2021 година.Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Скопје | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на Клинички центар е крајно антинароден и антидржавнички чин

ВМРО-ДПМНЕ свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја опструира и блокира изградбата на нов Клинички центар, најголемата инвестиција во здравството во последните 80 години. Тешките невистини на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку кои се обидуваат да најдат алиби за нивните деструктивни и антинародни блокади за изградба на овој стратешки проект во здравството се пропаднати, се вели во соопштението од СДСМ.Во продолжение на истото се додава:Во Град Скопје ќе се гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги кои ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните.Тврдењата на деструктивната партија предводена од Мицкоски дека во соседна Србија се изградил Клинички центар за далеку помала сума се чиста лага, обид за манипулација на јавноста.Срамни и неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводен криминал. Физибилити студијата е на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава и истата е одобрена од Националната Агенција на Австрија.Во изградбата на Клиничкиот центар ќе бидат вклучени најреномирани европски компании, германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“.Се поставува прашањето: кого овде ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал? Владата на Австрија или реномираните европски компании од Франција и Германија?Неоспорливиот факт што опозицијата ја отфрли отворената понуда да го води проектот е потврда дека единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ е да опструираат и блокираат се што е во интерес на граѓаните.Изградбата на нов Клинички центар е историска капитална инвестиција и решавање на децениски проблем во јавното здравство и неговата реализација треба да биде приоритет на сите партии, а не да го кочат и блокираат истото.Јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на се што е добро за граѓаните и за државата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања