Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

evra

Фирмата „СВ Инвест“ блиска до Заеви добила со сигурност над 6 милиони евра тендери од државата, а должи за даноци, велат од ВМРО ДПММЕ

Фирмата „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, пријателот на Заеви од државата добила со сигурност над 6 милиони евра тендери, а не плаќала данок. Да потсетиме дека оваа компанија отпочна стечајна постапка, а Чифлигароски според информациите од јавноста е во бегство. Ова Власта на Заеви не го демантираше ова, што само фрла дополнителен сомнеж за сите криминални бизниси со кои беа поврзувани Чифлигароски и Вице, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на соопштението се додава:Имено според пријавата која постои до МВР, а која потоа беше мистериозно фалсификувана, токму фирмата „СВ Инвест“ и Вице се посочувани во изнудата на 250 илјади евра во случајот „Рекет во РЕК“.Уште посомнително после пријавувањето на случајот компанијата „СВ Инвест“ почнува стечајна постапка иако со години наназад добиваше милионски тендери од власта на Заев.Дали Чифлигароски освен бизнис потпора имал и директна закрила во матните зделки и криминогените активност од семејството Заеви?Дали Чифлигароски бил само параванот зад кој се крие Вице Заев?Дали Чифлигароски намерно бил толериран од страна на државата иако немал платено над 2,5 милиони евра даноци, само затоа што е близок со Заеви?Дали Чифлигароски бил навреме информиран за пријавата и откриените матни зделки и затоа е надвор од државата?Овие прашања треба да бидат одговорени, прво пред јавноста, а потоа и пред обвинителството.Клопчето полека се отплеткува и наскоро ќе се дознае за улогата на поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски, Вице, Чифлигароски, хотелот „Вила Парк“ во Струмица и низа други лица, случаи и локации поврзувани со случајот „Рекет во РЕК“.4 години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Македонија | пред 4 години

slepo-lice

Центарот за социјални работи - Скопје одбил туѓа нега за 99 проценти слепо лице

Центарот за социјални работи во Карпош, го одбил за надомест за нега од друго лице Суарет Алишан, човек кој е 99 проценти слеп од своето раѓање. Алишан за „Слободен печат“ вели дека ќе ја тужи државата и додава дека понижувањето пред институциите е скандалозно и нечовечно доживување. Тој вели дека 14 месеци е без месечниот надомест што претходно го добивал и изнесувал 4500 денари месечно.Суарет е роден во Скопје, каде е и израснат, најмногу во дом за деца без родители, дом семејства и интернат за деца со оштетен вид.Денес, тој живее во свој стан, благодарение на добрите луѓе, кои и сè уште му помагаат.Неговите најзначајни животни епизоди, премрежја, најголемата болка, најискрената насмевка и сè што во моментов му дава сила, дознајте од видеото во продолжение…Извор:Слободен печат

Македонија | пред 4 години

mecka

(ВИДЕО) Мечка се спушти над селото Побожје

На социјалната мрежа „Фејсбук“, планинари од ПК Македон од Скопје е објавија снимка во која мечка во близина над селото Побожје. Мечката  била забележана кај областа „Две реки“, а планинарите од автомобил ја снимале како мирно шета по патот.

Македонија | пред 4 години

primoroci-za-analiza

Царина и Бирото за метрологија по барање на ДПИ ќе земаат примероци за анализа на мазут

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 76-тата седница на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.Со новите заклучоци донесени на оваа седница Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.

Македонија | пред 4 години

policija-1

Тешко повредена жена во сообраќајка на „Партизанска“, возачот побегнал, но подоцна е пронајден

Седумдесет и осумгодишна скопјанка Н.К. вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на бул.„Партизански одреди" во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер" со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во жената – пешак и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено.Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера, во 10.15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември" каде и биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

03062021_PVRSM_sredba_Biznisklub-1

Заев и Хоџа на средба со Бизнис клубот на Евро-Атлантскиот Совет: Заедничка цел е што повеќе домашни компании да учествуваат во тендерски постапки на НАТО

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-Атлантскиот Совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.На состанокот се дискутираше за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите, како и за проекти кои се очекува да ги зголемат вработувањата во земјава и да се активираат селата и руралните средини. Дополнително особен фокус беше ставен на ИТ секторот и креирање на додадена вредност, а од страна на стопанството беше нагласено дека согласно истражувањата Северна Македонија е лидер на Балканот во Е-Влада.Премиерот Заев искажа поддршка за идеите кои доаѓаат од деловната заедница, која треба да го придвижи економскиот раст во земјата и ги охрабри стопанствениците да продолжат со плановите за инвестициски циклуси и вложување во човечкиот капитал со цел заеднички да се прилагодуваме на новите и современи економски текови за успешно надминување на предизвиците од глобалната пандемија.Дополнително се разговараше и за „NATO procurement process" и можностите македонските компании да пристапат на овој процес и да бидат дел од овој голем комплекс на набавки. Премиерот Заев и министерот Хоџа истакнаа дека приватниот сектор има важна улога во создавањето работни места и приходи за граѓаните, дополнително и преку постојаните иновации што носат нови производи и услуги на пазарот, а со тоа и додадена вредност.На состанокот беше заклучено дека секој инвеститор сака стабилно деловно опкружување и предвидлив деловен амбиент за што Владата се стреми тоа и да го овозможи. Дополнително беше подвлечено дека со влезот во НАТО и со примената на стандардите на ЕУ, кои треба да станат домашни стандарди се обезбедува сигурност на инвестициите преку механизми за владеење на правото, за намалување на сивата економија, на парафискалните давачки и со борбата против корупцијата.

Македонија | пред 4 години

rakometar

Трагедија: Почина 20 годишниот ракометар Марко Божиновски

Утринава пристигнаа трагични вести од Скопје. Почина младиот ракометар на Бутел и поранешен кадетски репрезентативец Марко Божиновски.Божиновски потекнува од школата на Металург, а беше дел од младинските репрезентации на Македонија.Вчера бешe дел од натпреварот меѓу Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2. Причините за смррта се уште не се познати.Mинатата недела трагично почина и голманот на Охрид Никола Даниловски.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 4 години

mitko

Јанчев: Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ги надминавме нecoгласувањата со Мицкоски

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци најави дека на претстојните локални избори уште еднаш ќе ја бара довербата на граѓаните за втор градоначалнички мандат.Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја даде довербата на локалните.– Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните, рече Јанчев.Јанчев вели дека ги надминале несогласувањата со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.– Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Центар ќе донира 100 илјади денари во чест на Јасмина Василковска, жената - донор што ги донираше органите и спаси три човечки животи

На денешната 65. седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи.„Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек. Јасмина Василковска беше наша сограѓанка и жителка на Општина Центар и затоа во нејзина чест ќе обезбедиме 100.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар, а средствата ќе ги донираме на нејзиното семејство“, изјави градоначалникот Саша БогдановиќВо рамки на денешната седница, советниците расправаа и за Предлог-одлуки за давање согласности за Годишниот план за вработување на ЈП ПОЦ и за општинските основни училишта, Предлог-одлуки за измени и дополнувања на годишните програми за работа во Општина Центар и за Буџетот за 2021 година, Иницијативата за отпочнување постапка за измена и дополнување на Статутот на Општина Центар, Предлог-одлуки за одобрување парична помош за лекување и разгледување барања и петиции од група граѓани и здруженија и Предлог-одлука за донесување на изменување и дополнување на Блок 15 во ДУП Градска четврт Ј 07-локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Скопје | пред 4 години

03062021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_poseta-na-torakalna-hirurgija_4

Заев, Филипче и д-р Јакупи: Реновираните хируршки сали и најсовремената опрема во Клиниката за торакална хирургија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија д-р Неџати Јакупи денес направија увид во завршените реконструктивни работи на торакална хирургија.Во реконструкцијата на одделот се вложени 60 милиони денари за комплетно реновирање на хируршките сали на оваа клиника, како и за набавка на најсовремена опрема.„Тоа е резултат на нашата целосна грижа за лекување на пациентите, бидејќи квалитетната здравствена услуга ни е на прво место. Со оваа реконструкција, која е дел од капиталните инвестиции во јавно здравствените установи, Владата на Република Северна Македонија ја потврдува својата цврста определба за градење на одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.Во изминатите 4 години, додаде претседателот на Владата Заев, Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Со заеднички сили реализиравме капитални инвестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата.„Во рамките на целокупниот тој план денес се промовираат новите сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, целосно реновирани на начин на којшто ниту едни операциони сали тука во блокот, каде со години наназад се изведуваат најсложени оперативни интервенции, не се реновирани повеќе од 60 години. Сега благодарение на овие целосно реновирани операциони сали нашите лекари, експерти од сферата на васкуларната и торакалната хирургија ќе може да даваат здравствени услуги на пациентите какви што се даваат во најразвиените европски болнички центри. Тоа значи дека ѕидовите, подовите, протокот на воздух се направени по сите европски стандарди. Опремата која се наоѓа во салите нуди можност за нашите пациенти да добијат услуги од секаков вид и повеќе од сферата на торакалната и васкуларната хирургија нема потреба пациентите да се праќаат на лекување во странство“, нагласи министерот Филипче.Директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија д-р Неџати Јакупи истакна дека паралелно со борбата со коронавирусот и функционирање во услови на пандемија во годината што измина е заокружена инвестицијата во реновирањето и опремувањето на хируршките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и дека во вистинско време се вложуваат сите напори здравствениот систем во најдобри услови да работи и во интерес на граѓаните да се стави во функција.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-1

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19 и починати 6 лица

Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.Регистрирани се 26 оздравени пациент од:Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.Направени се 2.456 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–4, МАНУ-53, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-194, Биотек-384, Систина-97, лабораторија Лаор-204, Синлаб-85, Ремедика-53, Плодност–46, Генеа–26, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 528.Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68548, Активни 439Куманово 8838, Активни 107Прилеп 8307, Активни 57Тетово 7217, Активни 45Битола 6295, Активни 51Велес 5468, Активни 14Гостивар 5176, Активни 25Кавадарци 5153, Активни 11Охрид 5006, Активни 54Штип 4959, Активни 16Струмица 4111, Активни 37Струга 2980, Активни 22Кочани 2789, Активни 14Кичево 2568, Активни 44Гевгелија 2193, Активни 9Неготино 2184, Активни 8Свети Николе 1522, Активни 9Ресен 1234, Активни 9Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1159, Активни 26Берово 1029, Активни 2Делчево 971, Активни 9Дебар 940, Активни 1Виница 882, Активни 18Пробиштип 789, Активни 1Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 4Демир Хисар 399, Активни 5Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 7Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 4Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

pasosi

Од 11 до 15 јуни нема да работи системот на МВР за прием и издавање лични документи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни (вторник – во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на Град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 6. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 6. 2021 година) до 16 часот.Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 6. 2021 година, правото за поднесување барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 5. 6. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 6. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 6. 6. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.Готовите лични документи може да се подигнат до 11. 6. 2021 година до 16 часот или од 16. 6. 2021 година.

Македонија | пред 4 години

20122018_filipce_2

Ако не се влоши состојбата можно е укинување на полициски час и организирање на концерти по 15 јуни

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека можно е од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, рече Филипче.Тој истакна дека станува збор за две работи, а тоа е укинување на полицискиот час, како и протоколите за одржување на настани при што ќе бидат значително олеснети.

Македонија | пред 4 години

zaev-carina

Заев за блокадите од Левица: Не ја сфаќам логичноста на партијата, испадна дека е и десница и контра за се

Не ја сфаќам логичноста на партијата Левица, испадна дека е и десница и контра за се, Законот за државјанство е решение за сите според европските стандарди и сега да се блокира не можам да сфатам, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната блокада на Законот за држаавјанство од страна на пратениците од „Левица“.Предолгиот говор на пратеникот Апасиев ги револтираше пратениците на албанската опозиција кои побараа да зборува поконкретно за амандманите, а не воопшто за државјанството.Целта е да се олесни процесот за добивање државјанство на стотици граѓани кои, иако се родени или долго време живеат во Македонија, немаат државјанство, вели премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

Дали СДСМ и ДУИ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник на Скопје -Албанец?

Ахмети најави „големо изненадување“ на 5 јуни најавувајќи а медиумите веќе шпекулираат дека станува збор за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Скопје кој ќе биде етнички Албанец.ДУИ тоа веќе го најавува и со билборди на кои пишува „нешто големо доаѓа“.Слична кампања ДУИ водеше и во пресрет на парламентарните избори кога на ист начин ја промовираше идејата за прв премиер Албанец, објави press24.mk. Ваквиот настап на ДУИ дава аргумент плус на претпоставките дека интегративците ќе одат во коалиција со СДСМ на локалните избори.Она што е нејасно е дали Заев ќе даде поддршка за оваа идеја или СДСМ сепак ќе оди со свој кандидат за градоначалник на Скопје, а поддршката од ДУИ ќе ја чека во вториот круг.Текстот во целост на: press24.mk. 

Македонија | пред 4 години

trska-pozar

Од Струга до Калишта: Катаклизма во најава

Интензитетот на уништување на трската особено зголемен во појасот меѓу Струга и Калишта во последниве 3-4 години, откако стана актуелна можноста охридскиот регион да го загуби статусот на заштитено светско културно и природно наследство на УНЕСКО и да биде преместен на листата на светско наследство во опасност. Компактниот зелен појас што може да се види на постари сателитски снимки сега е расцепкан како шаховско поле на кое се менуваат зелената и сивата боја од тампонирањето на површините, објави Призма. Најголемиот дел од седумдесетината парцели меѓу езерото и локалниот пат се во приватна сопственост на граѓани од Струга, Калишта, Охрид, Велешта, Скопје и од други места, помали имоти имаат и МПЦ и ИВЗ, а државата е сопственик на околу 16 проценти од ова земјиште од 117 илјади квадратни метри.Овој појас е пример за тоа како се спроведуваат препораките на УНЕСКО и меѓународните обврски што ги презела државата кога е засегнат приватниот имот. Законот за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион предвидува дека ако некој имот е значаен за зачувување на вредностите, без разлика дали е во приватна или во државна сопственост, мора да се раководи според препораките.Текстот во целост на:  Призма. 

Македонија | пред 4 години

mickoski-1

Мицкоски фрапиран: Алармантни информации добив а предавството кое го спремаат Заев-Бучковски

АЛАРМАНТНИ се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,Објавата на Мицкоски ја пренесуваме во целост:Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија.Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ.Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија.Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија.Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!Не за уште еден национален пораз! Не во наше име и не за нашата Македонија!П.С. Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот.

Македонија | пред 4 години

paridenari1

Лукаревска: 753 работници останаа без плати и покрај тоа што 181 работодавач доби помош

Вкупно 181 работодавачи не исплатиле плати на своите вработени истакна на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Според Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош се проценува на вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.Најголем дел од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.Лукаревска кажа дека ќе продолжат контролите за работодавачите кои не го испочитувале законот.Присилна наплата, рече Лукаревска е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември.Според неа доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, рече Лукаревска.Таа најави дека до Генералниот секретаријат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување и за понатамошни дејствија до ОЈО.Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник.Таа информираше дека од 3.853 даночни обврзници, на 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помош.

Македонија | пред 4 години

27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_2

Емилија Рамбабова за „Утрински брифинг“: Парламентарното мнозинство е стабилно

Нашата пратеничка група уште во ноември предложи измени и дополнувања на постоечкиот Закон за работни односи со одредени цели да бидат изменети некои недостатоци коишто ги има постоечкиот закон. Овој предлог закон беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска процедура, но оваа недела новиот предлог помина на комисија и истиот ќе овозможи задолжително пензионирање со 64 години и 15 години работен стаж и на тој начин ќе овозможиме ослободување на работните места, вработување на младите лица и унапредување на технолошкиот процес како едни од главните придобивки од оваа измена, истакна пратеничката од СДСМ Емилија Рамбабова за Утрински брифинг.Деновиве наидуваме на спротивставување на Левица во однос на предлог законот за државјанство за кој заклучуваме дека нема ништо спорно, бидејќи повлечен е членот со кој се предвидуваше да се добие државјанство со 3 сведоци, измени има во однос на роковите за престој, но сите промени во целост се усогласени со европските пракси. Сето она што е во согласност со европската конвенција за државјанство ќе биде прифатено од нас како партија, посочи пратеничката Емилија Рамбабова.Пратеничката Емилија Рамбабова смета дека овој закон нема да ја промени сликата на нашето општество, а црвената рампа од Левица е чист популизам и обид за собирање политички поени пред локалните избори. Целта на законот е одредена група граѓани коишто со децении живеат во државата, а по различни основи досега не биле во можност да добијат државјанство, да можат да добијат државјанство и со тоа да остваруваат основни граѓански права, како што се здравствено, социјално осигурување и вработување.Во однос на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство пратеничката Емилија Рамбабова истакна дека тоа се стари филмови на Мицкоски во коишто ниту во белата палата не веруваат. Во последните месеци слушавме блефови за пад на владата, и гледавме дебакли при поднесувањето на интерпелациите за одредени министри во собрание. Меѓутоа, кога премиерот Зоран Заев побара да се изгласа доверба на влада, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата и за првпат во историјата доверба беше изгласана без ниту еден глас против.„Сметам дека парламентарното мнозинство е стабилно, со можност да расте, затоа што граѓаните веруваат и гледаат кој работи за нив и за државата, а кој постојано шири деструкции, лажни вести и ги кочи сите реформи коишто сакаме да ги спроведеме во државата“, истакна пратеничката Емилија Рамбабова.Во однос на прашањето дали се склучуваат договори за коалиции, пратеничката Емилија Рамбабова посочи дека пред неколку недели СДСМ го избра своето раководство, во тек се постапките за избор на работните тела во комисиите и дека се уште е рано да се зборува за кандидати и коалиции. Во следниот период започнува номинирањето на кандидатите, а по донесувањето на одлуките јавноста ќе биде известена.Во однос на законот за наставници и стручни соработници Емилија Рамбабова посочи дека законот е во собраниска процедура на комисијата за образование наука и спорт, но не е изгласан ниту пак е ставен на дневен ред бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја кочат и опструираат работата на комисијата преку процедурални јавувања. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ опструира и одолговлекува како и во многу други случаи, бидејќи не работи за интерес на граѓаните. Овој закон е од исклучителна важност, бидејќи се трансформираат решенијата на наставниците на неопределено време и со тоа се ослободуваат наставниците од стрес, им се обезбедува правна, социјална и економска сигурност и се подобрува квалитетот на образованието.

Македонија | пред 4 години

star-del

Се врши рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на Охрид

Се врши рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на градот.Деновиве се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. На деловите каде што има поголеми оштетувања се поставуваат нови гранитни плочки, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Во наредниот период планирано е да биде извршена и рехабилитација на други улици каде што се евидентирани оштетувања. Се очекува да бидат рехабилитирани и прередени 2500 метри квадратни.За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,2 милиони денари.

Македонија | пред 4 години

minov

Давеникот пронајден кај Поликастро во Грција се претпоставува дека е исчезнатиот гевгеличанец

Основното јавно обвинителство во Гевгелија денеска информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција било пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59), кој пред два месеци од своите блиски беше пријавен за исчезнат. Неговата сопруга препознала делови од облеката и обувките на Минов.Веднаш по пријавата, неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот инспектор од гевгелиски УЈП Илија Минов, по кого претходно нашите надлежни служби со сите раположиви средства трагаа повеќе од еден месец без резултат.Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија информираа дека според меѓународните протоколи било потребно преку нашето Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа која со сигурност може да потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија.

Македонија | пред 4 години

ucenici

МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за месец јуни

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.„Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија“, велат од министерството.Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии, која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација, најавија од МОН.

Македонија | пред 4 години

vlada-zname-nato

Владата, министерствата и општините со мало подобрување во транспарентноста

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините за 2021 година во однос на минатата година е подобрена за 5 процентни поени, односно од 58 % на 63 %, објави Центарот за граѓански комуникаци во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност.Како што се наведува, министерствата и Владата просечно објавуваат 79 % од потребните информации, што е минимално подобрување од ланските 77 % активна транспарентност, додека општините, петта година по ред, имаат помала активна транспарентност од министерствата, објавувајќи 60 % од потребните информации, но во однос на лани бележат пораст од 5,5 процентни поени.За првпат откако се изработува индексот (од 2016 година наваму), дури две институции добиле максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.Рангирањето покажува дека меѓу регионите, и годинава на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 %).Најмалку информации министерствата објавуваат за финансиите (само 60 % од можни 100%), а општините за прашањата од нивна надлежност (42 % од можни 100 %).„На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со исто прашање, општините одговорија во просек за 17 дена (лани за 24 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани за 26 дена). 39 % од институциите одговорија подоцна од законскиот рок, прекршувајќи го законот“, покажува извештајот.Рангирањето е изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Македонија | пред 4 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Ќе излезе ли Мијалков од Шутка?

Откако Кривичниот суд неодамна реши да ја одбие гаранцијата, и покрај позитивното мислење од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, односно на обвинителот Артан Ајро, Мијалков поднесе жалба до Апелација.Оттаму за „Фокус“ потврдија дека предметот го добиле во вторникот, по што го пратиле во Вишото обвинителство. Таму пак била донесена одлука жалбата да се одбие и Мијалков да остане во притвор. Оваа одлука ја донел вишиот обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, а од неодамна беше избран за Виш јавен обвинител.Сега предметот е во рацете на второстепениот суд, кој треба да пресече дали Мијалков ќе остане и понатаму во притвор или ќе му ја прифатат понудената гаранција и ќе се брани од слобода.

Македонија | пред 4 години

apasiev2

(ВИДЕО) Левица ќе се обиде да го блокира Законот за државјанство со маратонски говори

Политичката партија „Левица“ со маратонски говори и забелешки на Комисијата за одбрана ќе се обиде да ги блокира измените на Законот за државјанство.-На тензичната расправа, дел од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато излагањето на пратеникот Апасиев. На заканите, пратеникот Апасиев возврати дека тој не чита поезија, за разлика од некои кои читаат и дека тој зборува на правни теми поврзани со државјанство.Во триесет години парламентарна демократија, ниту една влада не се осмелила да одземе збор на комисиска расправа, соопшти „Левица“.Носењето на Законот за државјанство го договорија премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села. Предлогот на Алијанса и Алтернатива државјанство да се добива само со тројца сведоци беше повлечен.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања