Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-policaec-3

Исчезнаа две жени од Скопје – нивните сопрузи пријавиле во полиција

Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.Ж.(32) пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга М.Ж.(42), информираат од МВР.Во Полициската станица Бит Пазар, во 20:30 часот С.А.(43) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга М.С.(39).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Скопје | пред 4 години

kosta

Георгиевски меѓу „булдожерите и автобусите со странски туристи“

Константин Георгиевски е првиот градоначалник кој се соочи со сето она што со години сите негови претходници го оставале на страна и одбегнувале да се соочат со проблеми, со непријатни ситуации или се некој поединци, а градот полека но сигурно се лизгал кон работ на бездната каде е стигнат денес.По речиси 30 години живеење во тотален урбанистички хаос, градење легално и нелегално и буквално уништување на ликот на градот Охрид и негово претворање во „бетонска џунгла“ во кој станува нехуман простор за живеење, како и 15 години од како државата по Закон и целосно легално ги издаде под концесија плажите, дојде ден, на прагот на туристичката сезона токму овој градоначалник кој по игра на судбината е на тоа место, да треба да го пресече „Гордиевиот јазол“ и да урива објекти среде лето. Тоа од што некои пред него вешто и итро, од не заинтересираност, од лични интереси или страв не го правеа и со децении бегаа, сега треба да се реши и да се бира кое зло помалку ќе наштети. Едно е јасно, дека компромис со статусот на Охрид во УНЕСКО нема да има и државата тоа ќе го спроведе.Ако се следат медиумските прилики и фокусот на интересирање, јасно е дека одредени центри на моќ (поголеми од нашата држава) вниманието од денес веќе го префрлаат на Струга, што пак значи дека Охрид го сметаат за завршена работа. Тоа значи дека ќе се продолжи со уривање на објектите кај Лагадин до т.н. плажа „Атлантис“ , а кај Студенчишта ќе се отстранат платформите и објектите ќе престанат со работа. Од друга страна евидентен е крајот на Ковид 19 пандемијата и враќањето на странските туристи во Охрид, што е пресудно за финансискиот опстанок на градското стопанство, пред се на секторот туризам кој е колабиран, оштетен и доведен до ситуација да му требаат години за да финансиски се санира, а најмалку што треба да се случува е групите странци да гледаат механизација која урива, или додека се возат со пловиlа да гледаат урнатини од објекти како после војна.„ Судбината на тие објекти зависи од Планот за просторно урпавување. Доколку тие се најдат во тој план, тогаш ќе останат, ако не се најдат ќе мора да се урнат. Но и да останат ќе мора да има нов процес за избор на концесионери“ – изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.КАКО ВЛАСТА ДА СПРОВЕДЕ АКЦИЈА СРЕДЕ ЛЕТНА СЕЗОНА?Да се уриваат објекти среде летна туристичка сезона, и тоа во моменти кога туристичкиот сектор конечно почна нешто да работи со странски туристи е речиси невозможно и надвор од секоја логика. Од тука градоначалникот Константин Георгиевски е доведен во ситуација „угоре високо удолу длабоко“ и според информациите кои доаѓаат уривање на објекти и активирање на механизација во лето нема да има, но неизвесно е дали објектите со истечени договори ќе може да продолжат да работат.СОВЕСНИ И ОДГОВОРНИ ПОЕДИНЦИ СЕПАК ИМА!Иако општата перцепција во јавноста креирана низ медиумите е дека угостителите чии објекти имаат платформи во езерото одбиваат секаква иницијатива говори фактот што некои од нив сами ги отстранија платформите. Деновиве јавноста тоа го виде кај таверната „Момир“ чиј сопственик сам ја демонтира платформата, но многу пред него сами платформата ја демонтираа и во кафе барот „Кадмо“ кои беа први кои го направија тоа.Роберт Билбилоски , косопственик на „Кадмо“ вели дека тој ќе ја демонтира и платформата на плажата „Кадмо“, ако е таква одлуката, но нагласува дека е спремен да потпише изјава на нотар и да даде секакви правни гаранции дека тоа ќе го стори на 20 август доколку се овозможи да ја довршат и оваа сезона со работа.„Јас ќе потпишам изјава на нотар ќе дадам секакви гаранции кои ќе ги побараат само да може да ги довршиме закажаните активности. Потпишано имаме сезонски договори со вработени лица, кои ако не работи ќе останат без сезонска работа, имаме закажани свадби. Добавувачите кои исто така имаа опадната работа чекаат да продаваат роба кај нас. Па и искрено да кажам, на крајот на краиштата и ние го чекаме летово после скоро година и половина не работење и чекање државна помош. На сите ни треба работа во градов, за да успееме малку да се вратиме после штетата која настана на цело стопанство. Затоа мислам дека власта, поконкретно Советот на општина Охрид може да изгласа одлука со која ќе се овозможи да останеме до 20 август, а потоа сами ќе ги отстрануваме објектите.“ – изјави за „Охрид 1“ Роберт Билбилоски.МОЛК ОД СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ОхридОсвен изјавите на официјалните претставници на властите од Скопје, како и силната јавно дадена поддршка од западните дипломати во Скопје ( пред се на САД, Обединетото Кралство и ЕУ ) , активностите на градоначалникот Константин Георгиевски не ги коментираат партиите ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на локално ниво и по ова прашање скоро да нема дебата. Па од тука во моментов не може ни да се претпостави како би реагирале локалните ограноци на овие две партии ако пред Советот на градот стигне една ваква иницијатива.ДАЛИ ОБЈЕКТИТЕ НА ПЛАЖИТЕ „ПАДНАА ОД НЕБО“ ИЛИ ТУКА СЕ ИЗГРАДИЈА НИЗ ЛЕГАЛНА ПОСТАПКА ОВОЗМОЖЕНА ОД ВЛАДАТА?И покрај сите критики никој до сега не ја потсети јавноста ( или не ги информира помладите генерации ) како всушност плажите во Охрид се создадоа на местата каде се ?Доколку некој ги праша луѓето тие во најголем дел ќе одговорат дека плажите се изградиле на диво, некој го запоседнал просторот, и правел таму што сака. Но , вистината е поинаква. Сите тие објекти (со исклучок на тие во Стар Град) се изградија од како државата во сега далечната 2007 година, распиша повик и постави услови плажите да се токму вака уредени како што се денес, а некои дури и не изгледаат како што барала државата бидејќи кај некои од нив не е испочитуван условот да изградат дури и базени.Медиумските архиви за тоа како се изградија плажите и какви услови постави државата ќе ги објавиме овој викенд.

Македонија | пред 4 години

Galicka-svadba

Галичката свадба ќе се одржи од 16 до 18 јули, својата љубов ќе ја крунисаат Филип Бундовски и Катерина Илиевска

Нека е аирлија!Истрајни во желбата да бидат дел од традицијата, Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба, годинава ќе ја крунисаат својата љубов во Галичник!Планирано е Галичката свадба да се одржи годинава од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено (и каде ќе дадеме и наш придонес).Да им е со среќа и да се вечни, стои во објавата на МЗ Галичник.Инаку ковид пандемијата ја одложи традионалната манифестација Галичка свадба минатата година.Оваа манифестација низ годините прерасна во голема културно-туристичка атракција, која привлекува домашни и странски посетители. Првата Галичка свадба се одржала во 1963 година. Тогаш над 4.000 гости одблизу ги виделе свадбарските обичаи на Мијаците. По две години имало прекин, до 1973 година, откога манифестацијата се одржува редовно.

Македонија | пред 4 години

crveni-fustani

Меѓународниот ден на сексуалните работници - граѓаните им се обраќаа со погрдни зборови

„Курви, ороспии, проститутки“ и слични погрдни зборови им упатуваат граѓаните на сексуалните работнички кои денеска го одбележаа Меѓународниот ден на сексуалните работници.Извршната директорка на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ, вели дека сексуалните работници во земјава се уште се борат со стигмата која постои за нивната работа.Таа за „А1он“ појаснува дека термините „проститутка“ и „проституција“ не е коректно да се употребуваат за сексуалната работа, бидејќи тие имаат негативна конотација.Текстот во целост на: А1Он

Македонија | пред 4 години

05032021_PVRSM_Zaev_novinarski-prashanja

Заев вели дека не размислува за предвремени парламентарни избори

Премиерот Заев вели дека не размислува за предвремени парламентарни избори.Иако, неговиот политички ривал, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека партијата работи на обезбедување на ново мнозинство во Собранието и се разговара со пратеници, Заев е категоричен дека сегашното мнозинство може да расте, а не да се намали.„Парламентарното мнозинство може да расте, не да паѓа. Политиките кои ги води СДСМ и политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ – од тоа зависи миграцијата од лево кон десно и обратно. Зошто да одиме на парламентарни избори, зошто не дадеме можност за еден мандат од четири години. Сите политики во изминатите 4 години, како договорите со Грција, Бугарија, законот за јазиците, се за подобар стандард и поквалитетен живот на граѓаните. Ваквите политики можат да ја гарантираат добрата економска иднина на целиот наш народ“, рече Заев.Мицкоски вчера побара распуштање на Владата и предвремени парламентарни избори.Смета дека Владата на Заев лошо раководи со земјата. 

Македонија | пред 4 години

02062021_PVRSM_Zaev_sredba_Rasuli-1

Средба Заев - иранскиот амбасадор Расули: Заинтересираност од Иран за инвестирање во Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава.На состанокот се поздравени политиките на одлучност и пријателства на премиерот Заев, во кого, како што е пренесено се гледа како на човек и политичар кој од срце работи за доброто на својот народ и својата држава.На средбата е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, соопшти дека за време на неговиот двегодишен мандат во Бугарија, за два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.„Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската унија, но како држава којашто се стреми да отвора економски перспективи, градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока, сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа“, рече премиерот Заев.На состанокот е констатирано дека има можности за соработка во земјоделството и во културата, како и во областа на индустријата и градежништвото, земајќи ги предвид соопштените податоци дека Иран е секогаш меѓу првите две држави во производството на нафта и гас, но и во првите пет држави по бројност на рудници за злато, сребро и слично. Договорено е да им се помогне на стопанствениците од двете држави да ја воспостават или унапредат меѓусебната соработка.

Македонија | пред 4 години

zaev-1

Заев како тужител смета дека „со јасно однапред смислена намера, заради политички цели се споделени апсолутни невистини, од страна Николоски

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа главната расправа по тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за клевета, за изјавата на Николовски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.На денешното рочиште свои искази дадоа тужителот и тужениот. Премиерот Зоран Заев, како тужител, во својот исказ изјави дека смета дека „со јасно однапред смислена намера, заради политички цели се споделени апсолутни невистини, од страна на господинот Александар Николоски, со конечна цел, да се изманипулира јавноста“, односно, како што нагласи, со случајот „Рекет“ да се „урне неговото име“.– Како актуелен претседател на Владата и претседател на СДСМ, а имајќи предвид дека тужениот е потпретседател или член на високото раководство на партијата опонент, ВМРО-ДПМНЕ, со многу јасно кажана изјава, преку која се гледа очигледната намера да се нанесе непоправлива штета која што ќе донесе корист, лично за него и неговата политичка партија, затоа што и јас и тужениот извршуваме високи политички и партиски функции и преку тоа, тужениот, би го намалил рејтингот, кредибилитетот и авторитетот пред граѓаните во кои што јас и тужениот, а и нашите политички партии претендираме да го градиме макотрпно, преку дела, тоа име, истакна Заев.Вака дадената, како што нагласи Заев, со намера осмислена изјава, нанесува штета пред неговите соработници, пред луѓето со кои секојдневно одлучува и заедно носат одговорни одлуки, кои што имаат рефлексија врз целиот народ и врз државата и секако нанесува непоправлива штета во поглед на неговата чест и углед и на неговото семејство, роднини и пријатели.– Ова ги поминува сите граници на политичко општење кое што не е дозволиво никаде, ниту пак, било кој поединец вака со лаги и клевети нападнат треба да го дозволи, потенцираше Заев.извор: Сител

Македонија | пред 4 години

aleksandar02062021

Николоски: Заев прво лажеше дека не знаел дека врвот на СДСМ имал средба со Бојан Јовановски, а после кажа дека бизнисмените не се рекетирани, туку им се нудени инвестиции

Денеска беше главната расправа на тужбата која што Зоран Заев и најскапиот адвокат во Македонија Филип Медарски ја поднесоа против мене. Како што знаете јас се бранам самиот затоа што немам што да кријам и ниту имам потреба од адвокат, ниту имам потреба од бранител и сметам дека аргументите се на моја страна. Прво би сакал да го осудам овој принцип на поднесување на тужби за клевета од страна на политичари кон други политичари или кон новинари. Стојам на мојот став дека ниту некогаш сум поднел тужба за клевета против јавно лице или новинар, ниту тоа ќе го направам во иднина. Затоа што начинот на јавна дебата е преку изнесување на сознанија и доколку не се точни демантирање на истите. Додека политичарите, односно ние како најизложени јавни лица мора да сме спремни да трпиме поголема критика од јавноста од тоа што е предвидено за обичните луѓе. И затоа се бесмислени ваквите тужби за клевета, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.-Од главната расправа и од распитот кој што го имавме денеска, и од прашањата кои што му ги поставив денеска на Зоран Заев јавноста може да дознае неколку работи. Прво, дека Зоран Заев лажеше во судот – што е кривично дело. Затоа што кажа дека не знаел дека целокупниот врв на СДСМ на чело со тогашниот генерален секретар на партијата, тогашниот заменик претседател на партијата Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и останати лица имале средби со Боки 13-ка. Значи сите тие имале средби ама според Зоран Заев тој не знаел. Тоа е првата лага која што ја кажа. Втората лага што ја кажа е дека ние денеска разбравме всушност дека посетите на домот на Боки 13-ка и оние снимки кои што ги видовме, всушност биле дел од активностите “врата до врата” на политичката партија СДСМ. Имено, како што одговори Зоран Заев тие имале редовни активности за посета на гласачи и на членови и симпатизери и така одејќи од врата на врата и Шекеринска и Кирацовски и Филипче и Богоев и останатите стасале на вратата кај Бојан Јовановски, а тој бил доволно гостопримлив да ги покани дома на кафе и ете случајно излегле снимки од таму,м потенцира тој.Николоски додава дека третата работа која што ја разбравме денеска, е дека во Македонија не биле рекетирани бизнисмени од страна на врвот на СДСМ, туку ним им биле промовирани инвестиции. Имено, целокупниот врв на СДСМ бил во акција на промоција на стимулирање на инвестиции и како што кажа Зоран Заев, односно сите тие оделе кај овие бизнисмени да стимулираат инвестиции. Па, логичното прашање е како во корист на само еден човек оделе да стимулираат инвестиции, зошто некој обичен човек од улица не го земат за рака и да го однесат кај најмоќните бизнисмени во државата и да стимулираат инвестиции.-Следната работа која што ја дознавме од денешниот главен распит на Зоран Заев, е дека тој потврди дека нема записник, односно службена белешка од таканаречената пријава за случајот “Рекет” со што се потврдува дека тој не го пријавил случајот од причина што согласно со Законот за кривична постапка член 274 став 3, доколку се пријави кривично-правен настан за истиот се изготвува записник кој што треба да е потпишан од надлежен јавен обвинител и од пријавителот и истиот треба да се даде на пријавителот. Со тоа Зоран Заев всушност потврди дека не го пријавил случајот “Рекет”. Сметам дека аргументите се на моја страна и сметам дека ќе го добијам овој судски спор. Навистина ми е жал што судот не дозволи Зоран Заев да го одговори клучното прашање, а тоа е дали тој и како политичар и како бизнисмен, едно евро, а не тешки милиони, би дал на сомнителен лик како Бојан Јовановски доколку позади тоа не стои политички притисок, рекет и изнуда. За жал судот не дозволи ова прашање да се постави, затоа што мислам дека одговорот ви е јасен на сите, истакна Николоски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на четири (4) категории туристички дејности

Согласно Г2 Програма за за поддршка на развој на туризмот во општина Охрид за 2021 , („Службен гласник на општина Охрид “бр.09-11545/58 од 29.12.2020) и Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од мал обем   на општина Охрид, со Одлука на совет бр.08-4086/15 од 28.04.2021 година, Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на туристички водичи    на општина Охрид, со Одлука на совет бр.08-4086/17 од 28.04.2021 година, Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во селски туризам и даватели на угостителски услуги во селски домаќинства   на општина Охрид, со Одлука на совет бр.08-4086/16 од 28.04.2021 година, Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други рекреативни активности на вода и плажа  на општина Охрид, со Одлука на совет бр.08-4086/14 од 28.04.2021 г.општина Охрид  зa 2021 г. објавува: ЈАВЕН ПОВИКза субвенционирање на четири (4) категории туристички дејности: Субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од мал обем   на подрачјето на Општина ОхридСубвенционирање на туристички водичи    на општина ОхридСубвенционирање на даватели на услуги во селски туризам и даватели на угостителски услуги во селски домаќинстваСубвенционирање на даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други рекреативни активности на вода и плажа  на општина Охрид Опис на јавниот повик… (повеќе)Јавен повик за субвенционирање на четири (4) категории категории туристички дејностиЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ (4) КАТЕГОРИИ КАТЕГОРИИ ТУРИСТИЧКИ ДЕЈНОСТИПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СТАНОИЗДАВАЧИБ А Р А Њ Е ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ВО СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ ОД МАЛ ОБЕМ (word doc.)ПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА СЕЛСКИ ТУРИЗАМБ А Р А Њ Е ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ВО СЕЛСКИ ТУРИЗАМ (word doc.)ПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИБ А Р А Њ Е ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ (word doc.)ПРАВИЛНИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА УСЛУГИ СО ВОДЕН ПРЕВОЗБ А Р А Њ Е ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ВОДЕНИОТ ПРЕВОЗ И ДРУГИ РЕКРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ВОДА И ПЛАЖА (word doc.) 

Македонија | пред 4 години

struja

Doma.edu.mk: Милиони за поединци од нашите сметки за струја

Просто неверојатно изгледаше кога на 14 мај годинава го отворивме поштенското сандаче, а внатре имаше пошта од АД „МЕПСО“, внатре два листа и десет бројки – нешто што го баравме од 30 ноември 2020 година. Точно половина година помина откако заврши едно патешествие за да се добие информација од јавен карактер, иако во случајов стануваше збор за јавни пари. Прашањето беше едноставно – кои се десетте фирми, повластени производители на струја од обновливи извори на енергија (мали хидроелектрани) на кои им се исплатени најмногу пари во периодот 2010-2019 година, објави doma.edu.mk.Одговорот на ова прашање поврзано со малите хидроелектрани, со парите што граѓаните ги одвојуваат за нивно работење и за тоа кои се сопственици на истите, нè доведе до лавиринт од институции, прво почнувајќи од државните компании АД „МЕПСО“ и „МЕМО“ ДООЕЛ, а понатаму се вклучија и Регулаторната комисија за енергетика, Антикорупциската комисија, Агенцијата за безбедност на класифицирани информации, Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер…Сите, освен повиканите, АД „МЕПСО“ и „МЕМО“ ДООЕЛ, како што веќе објавивме, беа согласни дека во случајов станува збор за јавен податок кој треба да се сподели со јавноста, но сепак битката да се дојде до десетина бројки со суми од милиони евра, беше долга.Сепак, упорноста се исплатеше, што впрочем се докажа на 14 мај кога го видовме пликото во поштенското сандаче.Одговорите беа многу едноставни, но отворија многу прашања за оправданоста во трошењето јавни пари. Имено, малите хидроелектрани учествуваат само со 3,8 проценти од вкупно произведената електрична енергија во земјава (2020 година), а во периодот 2010-2021 само 13 фирми со мали хидроелектрани имале приходи од речиси 80 милиони евра.извор:  doma.edu.mk.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Денеска починати 6 лица и нови позитивни 43 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.Регистрирани се 48 оздравени пациент од:Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.Направени се 3.007 тестови преку: ИЈЗ-485, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–15,ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–43 МАНУ-95, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Авицена-267, Биотек-424, Систина-152, лабораторија Лаор-319, Синлаб-23, Ремедика-50, Плодност–37, Генеа–20, Никоб лаб-50, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 624.Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68543, Активни 444Куманово 8835, Активни 108Прилеп 8306, Активни 57Тетово 7216, Активни 45Битола 6295, Активни 51Велес 5468, Активни 14Гостивар 5174, Активни 24Кавадарци 5153, Активни 11Охрид 5006, Активни 54Штип 4959, Активни 18Струмица 4111, Активни 38Струга 2980, Активни 22Кочани 2787, Активни 13Кичево 2567, Активни 44Гевгелија 2192, Активни 8Неготино 2183, Активни 7Свети Николе 1522, Активни 10Ресен 1234, Активни 9Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1159, Активни 30Берово 1029, Активни 2фоДелчево 971, Активни 9Дебар 940, Активни 1Виница 882, Активни 18Пробиштип 789, Активни 2Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 4Демир Хисар 397, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 10Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 5Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ОЈО: Велешанец бил на чело на криминалната група уапсена денеска за криумчарење мигранти

Денеска под раководство на јавен обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група за криумчарење мигранти.Криминалната група која функционирала под строга хиерархиска поставеност ја предводел триесет и три годишен велешанец. Тој заедно со две лица кои потекнуваат од земјите од Блискиот Исток организирале криминална група во нашата држава и организирале криумчарење на мигранти. Мигрантите по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток илегално биле префрлани од Р.Грција на територијата на Р.С.Македонија. При криумчарењето користеле илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано жртвите ги носеле на претходно утврдени и договорени локации. Организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземање на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму мигрантите биле криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Паричните средства за транспорт на мигрантите од 500 до 700 евра по лице, биле исплаќани преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.Во текот на денешниот ден се извршени претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово и притоа од слобода се лишени шест лица, се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.Надлежниот обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на кривичната пријава, во текот на денешниот ден, согласно своите надлежности до судијата на претходна постапка​ при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените.​

Македонија | пред 4 години

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл" од 300 милиони евра, македонската економија е динамична и развојна

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев со дела ја потврдува силната посветеност и реализација на мерки и политики за развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард. Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 - 2027 година, е уште еден одлучен чекор на владата предводена од СДСМ за поддршка на економијата, нови работни места и подобар живот на сите граѓани, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:Како дел од овој план, познат како ИПИ 2021 – 207, најавена е и голема странска инвестиција на „ЛИДЛ“ од Германија.Предвидено е овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје.Со влезот на “Лидл” - познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа.“Лидл” значи и отварање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава.Следната, е големата инвестиција, домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати.Со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 го трасираме патот кон раст и развој на македонската економија.Ова е сериозен план на инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија.Остануваме посветени на креирање политики со кои силно ќе се поддржи домашното стопанство, работниците, политики кои обезбедуваат подобар живот за сите граѓани.

Македонија | пред 4 години

koronasvadba

Гушкање и бакнување за забрането, оро не може, играње на дистанца - дозволени се свадби

Од денеска можат да се организираат свадби, но гости ќе можат да бидат само оние кои имаат температура пониска од 37,5 степени, а останатите ќе бидат вратени. Организаторот на свадбата, ќе мора да ги контролира гостите дали ќе се гушкаат, а доколку тоа се случи, да ги опомене и да им забрани. Истото правило важи дури и за ракување. Според протоколот за организирање на свадби, ваквите прослави може да се организираат само на отворен простор. Ако некој сака да танцува, тоа е дозволено ако во негова близина нема никој во радиус од 2 метри. Па така, не смеат да се играат тоа. Протоколот се донесува по осум месеци откако се забранија организирањата на свадби.„Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби. Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект . Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата. Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости“, стои во протоколот.Музичари може да има, но да се оддалечени 5 метри од најблиската маса за гости. Меѓу присутните, не смеат ниту да се движат, ниту да им пеат на уво. И во овој дел има ограничување. Според протоколот, на свадба можат да пеат само естрадни уметници кои се лиценцирани.„Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект. На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет. При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот. Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце . Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите. He е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна“, се додава во пртоколот.По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси. Исто така, мора и редовно да се одржува хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.

Македонија | пред 4 години

kovid-pasos

Македонските граѓани наскоро полесно до дигитален здравствен сертификат

Oд Министерството за здравство соопштија дека мрежата CommonTrust и Светски економски форум, во рамки на проектот „The Commons Project“ ja создале апликацијата CommonPass, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за заемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.Министерството за здравство се приклучува кон мрежата и, како што појаснуваат од оваа институција, со овој чекор, на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард Smart Health Card.„Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат Ковид-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност. Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот Ковид-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации“, информираат од здравство.За таа цел, во знак на поддршка, Министерството за здравство ќе ги информира сите релевантни структури кои се директно или индиректно инволвирани во областа (Институт за јавно здравје и сертифицирани државни и приватни лаборатории) за намената на оваа апликација и можностите кои таа ги нуди, додаваат од таму.„Министерството за здравство ги охрабрува сите заинтересирани институции, установи и лаборатории, директно да контактираат со мрежата CommonTrust со цел приклучување на базата на акредитирани и сертифицирани установи – партнери на CommonPass кои ќе можат да издаваат потврди од тестови со QR код, кој потоа граѓаните ќе го скенираат во своите мобилни телефони со цел креирање на дигитална потврда. На овој начин, установите и лабораториите ќе можат за корисниците на апликацијата да издадат потврди кои ќе бидат признаени како вистински, релевантни и доверливи на интернационално ниво“, потенцират од МЗ.„Со воведувањето на ваква апликација, на македонските граѓани им се овозможува флексибилност во изборот на провајдерот и начинот на кој ќе добијат бесплатна дигитална потврда за нивниот статус на имунизација и за резултатите од направените  тестови за Ковид-19. Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во мрежата на CommonTrust ќе имаат техничка и административна поддршка на апликацијата на македонскиот пазар. Започната е комуникацијата со акредитирани установи кои се заинтересирани да се приклучат кон оваа иницијатива“, велат од ресорното министерство.Од таму, ги упатуваат сите заинтересирани граѓани да прочитаат повеќе информации за самата апликација на страницата на commonpass.mk. 

Македонија | пред 4 години

planinari-960x717

ПСС: Советниците од власта и од опозицијата или воопшто не се заинтересирани за службата или делуваат под влијание на други центри на моќ

Не можеме, а да не реагираме на вчерашните изјави на Градоначалникот и координаторите на советничките групи, кои се обидоа да ги релативизираат аргументите и да се оправдаат за нивната воздржаност, со што покажаа дека всушност немаат став, односно дека воопшто не се заинтересирани за ова прашање, се вели во дементот од Планинската спасителна служба.Во продолжение ви фо пренесуваме во целост демантот од Планинската спасителна служба:Имено, веруваме дека Градоначалникот има искрени намери и сериозно смета дека треба да се изнајде решение за одржливоста на Службата, но не можеме да се согласиме со изјавата дека Црвен крст Охрид или Планинската Спасителна Служба барале средства за плати на волонтерите. Исто така, не можеме да се согласиме ниту со изјавите на координаторите на советничките групи, кои беа цитирани од страна на медиумите, во кои според едните „тие не добиле прецизни финансиски показатели, за тоа колку чини функционирањето на Службата и со кој дел би учествувала општината во вкупните трошоци“, а според другите дека „се изјасниле воздржано од единствена причина, што предлог одлуката не поседувала финансиска конструкција и јасни показатели, во однос на точната намена на средствата кои се бараат да бидат доделени од општинскиот буџет“. Од овие изјави, единствено може да се заклучи, дека советниците од власта и од опозицијата или воопшто не се заинтересирани за ова прашање или делуваат под влијание на други центри на моќ, кои им диктираат како треба да гласаат.Инаку, барањето за поддршка на Службата се темели на деталните анализи и проценки содржани во Студијата за финансиска одржливост, која ја работеа врвни експерти од соодветната област, согласно кои општините би требало да учествуваат со 50% во вкупниот буџет на Службата, државата во иднина, преку Дирекцијата за заштита и спасување (или во друга форма) со 30% и 20% Службата би обезбедувала од донации и дополнителни услуги. Во вкупната пресметка на буџетот, покрај материјалните трошоци за одржување на целокупниот систем, предвидени се и трошоци за осигурување, стручно усовршување и покривање на трошоците на волонтерите кои ги прават за време на редовните тренажни активности и спасителните операции, трошоци кои во случајов, за жал, намерно или не, поединци ги мешаат со терминот „плати“.До овој момент, Службата не добила ни денар од локалните власти во изминатите 19 години и сѐ што е постигнато, е постигнато благодарение на ентузијазмот на волонтерите, кои покрај својата пасија за алпинизам, планинарство и спасување на човечки животи, професионално и интелектуално се реализирани личности и докажани професионалци во своите области (инженери, архитекти, адвокати, лекари и сл.), кои не очекуваат „плата“ како награда за она што го прават доброволно, туку очекуваат соодветен третман и грижа за нив, од системот во кој го вложуваат сопственото здравје. Нивниот ентузијазам и несебично залагање, во Охрид донесоа инвестиции од Европските фондови и изградија ефикасен систем, за чии резултати и финансиско работење добивме највисоки оценки од страна на донаторите. Очигледно овој систем на европски вредности советниците не можат или не сакаат да го разберат, иако како што изјавуваат се свесни за неговото значење.Ние ќе продолжиме и понатаму, со несмалено темпо, бидејќи знаеме дека прогресот и напредокот на општеството го носат ентузијазмот и стремежот кон високи цели, компарирани со високите светски достигнувања. На тој пат, сакаме да ги поттикнеме и да ги мотивираме останатите колеги, ентузијасти од другите дејности, активно да се вклучат во градењето на здраво општество и заедно, очигледно низ долготраен процес, да ги едуцираме идните генерации политичари и советници, за вредностите кои егзистираат во развиениот свет, а кои е неопходно да се имплементираат и кај нас, доколку сакаме да сме дел од светот. Тука сме, да им помогнеме на сите кои ја разбираат и сакаат да се дел од оваа мисија, бидејќи како што имаме кажано многу пати до сега, ние така го разбираме патриотизмот.Бидејќи очигледно е дека советниците не ја прочитале или не ја разбрале Студијата, во оваа прилика, уште еднаш ги повикуваме да го направат тоа, иако со нивниот чин на воздржаност на последната седница, веќе се иззедоа од можноста за истото повторно да одлучуваат, со оглед на тоа што согласно деловникот, истата точка не смее да биде повторно на дневниот ред на советот во следните 6 месеци, период во кој нивниот мандат веќе ќе биде истечен.На крајот, може само да заклучиме, дека овој состав на Советот на општина Охрид, две години (половина мандат) остана без став, во однос на важноста и значењето на Планинската Спасителна Служба за локалното население и за туристичкиот сектор, по што ќе биде запаметен во историјата на Планинското спасување во Охрид, но и во државата.Во оваа прилика изразуваме благодарност до сите граѓани кои во овој процес ни изразуваат безрезервна поддршка, како и на сите организации со кои континуирано соработуваме и меѓусебно се поддржуваме.Овде ќе завршиме, бидејќи обврските не ни дозволуваат да одвоиме повеќе време, а и сметаме дека на јавноста сѐ и е повеќе од јасно.ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ЗОШТО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ СО ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ, ВО ХРОНОЛОШКИТЕ НАСТАНИ ПОДОЛУ:1. На 09.07.2017 г. во кабинетот на Градоначалникот Георгиевски, се одржа работен состанок на кој присуствуваа и градоначалниците на Струга, Вевчани и Дебарца, на кој детално им беше презентирана студијата за одржливост на Планинската Спасителна Служба и сите се согласија да се започне процес за заедничкко решавање на ова прашање.2. На 24.10.2019 г. во општина Охрид, Градоначалниците на Вевчани и Дебарца, потпишаа Меморандуми за соработка, а Градоначалникот на општина Охрид, поради отсуство во моментот истиот го потпиша подоцна на 15.11.2019 година.3. Барањето за финансиска поддршка од општината е во согласност со деталните финасиски параметри изложени во Студијата, која е доставена до службите на општина Охрид, во печатена и електронска форма, а истата може во секое време да се спушти од веб страната на ПСС (https://pss.org.mk/za-nas/)4. Покрај деталните и темелни финансиски параметри, во студијата е направена и компаративна анализа на организацијата на службите за спасување во 4 европски држави, како и прецизна правна анализа на позитивните законски прописи во државата, според кои општините се обврзани да формираат тимови за заштита и спасување на населението, како и да издвојуваат финансиски средства за таа намена.5. На 23.11.2020 г. се одржа on line координација на советничките групи, на која присуствуваа претседателот на Црвен крст Охрид и Раководителот на ПСС, кои на присутните советници детално им ја претставија работата на ПСС, како и резултатите од Студијата, врз основа на кои се базира и барањето за финансиска поддршка.6. На 21.12.2020 г. до градоначалниците и до советниците од регионот, беше испратено писмо од страна на Европската Делегација во Скопје, со укажување дека процесот за поддршка на ПСС е закочен и дека истиот треба да се интензивира во следниот период., валат од Планинска Спасителна Служба при Црвен крст Охрид.

Македонија | пред 4 години

policija

Разбиена група која криумчарела мигранти - голема акција на МВР

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.Неофицијално кај криумчарите е пронајдена и дрога.Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Македонија | пред 4 години

hotel-dogovor-960x578-1

Лидер.мк открива нов скандал: Семејството на судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ за само 5000 евра купило хотел во Дојран!

Нова афера во која се вмешани лица блиски до власта е на повидок. Овој пат, станува збор за судијата кој го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, чие семејство се тврди дека за само 5.000 евра добило цел хотел, пренесува Лидер.мкНа социјалните мрежи протекоа документи кои сведочат дека близок роднина, односно зет на сестрата на судијата, за само 5.000 евра добил на подарок фирма која поседува хотел кој чини милионска сума во Дојран. Името на овој хотел, како што се тврди е „Атлантик“, а како нотар на целиот овој договор се јавува сестрата на судијата.Како што се вели во објавата, овој човек, кој е зет за сестра на судијата, изминативе години земал минимална плата, а следствено на тоа се стекнал со ваква фирма, за која како што пишува на социјалните мрежи – поседува голем хотел.Прашањата кои се јавуваат на социјалните мрежи се однесуваат на тоа како е возможно човек кој прима плата-минималец да добие фирма која поседува хотел и која е врската на судијата со истата?Извор/фото:Лидер.мк

Македонија | пред 4 години

zgradi

Обвинителен предлог против скопјанец поради измами во продажба на станови во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март 2021 година, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, а со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи , но до Договори за купопродажба не дошло.Со шестмина оштетени, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Македонија | пред 4 години

policija-2-1

232 сообраќајни прекршоци во Скопје, 34 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.Изречени се 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги чинат пешаците, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, 65 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Gradonacalnik_press

Георгиески: Сите оние објекти кои отстапуваат од законските прописи и кои неосновано остваруваат приход без никакви договори и концесии ќе бидат отстранети

Покажавме вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите меѓу кои и нелегалните градби покрај крајбрежјето кои силно ги потенцираше УНЕСКО, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:👉Сите оние објекти кои отстапуваат од законските прописи и кои неосновано остваруваат приход без никакви договори и концесии ќе бидат отстранети.🏖️Паралелно со нивното отстранување ќе се проведува и акција за чистење на остатоците од плажите, а во следниот период на дел од нив ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок.Видео изјавата од градоначалникот може да ја погледнате на овој линк.

Македонија | пред 4 години

sead-kocan

И ова се случува: Конфискуваните возила на Сеад Кочан се возат, прават сообраќајки, прекршоци

Изгледа неверојатно, но по пресудата за Сеад Кочан, камиони и други возила конфискувани од државата се возат по патиштата низ земјата, прават сообраќајни прекршоци, МВР пишува пријави. Изгледа сите располагаат со тој имот освен др. жавата, пишува Христина Беловска во  КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ ГО ЗАПЛЕТКА „ТРАНСМЕТ“ ВО НОВА АФЕРАНа 1 ноември 2019 година кај клучката Куманово полицијата запре возило марка „цитроен“ и поведе прекршочна постапка и за возачот и за фирмата која го поседувала, затоа што се движело со неисправни светилки на задниот дел. Овој прекршок е навидум вообичаен, но деталите од прекршочната пријава упатуваат на нова афера поврзана со веќе пропаднатата фирма „Трансмет“.Конфискуваниот имот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е зад решетки, не само што не го заврте бројчаникот на Порта Македонија туку и незаконски се вози по патиштата низ цела држава и го користат луѓе кои се поврзани со него. Тоа ноемвриско попладне „цитроенот“ го управувало лице кое работело во „Трансмет“, за што постојат пишани докази. Податоците од МВР упатуваат дека во последните две години полицијата дури 13 пати запрела и во записникот ги бележела возилата на „Трансмет“. На 4 декември 2020 година, кај маркетот „Кипер“ во Тетово бил сопрен шлепер марка „мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола, исто така некогашна сопственост на „Трансмет“, но и дел од листата конфискуван движен имот.Полицијата има стандарден полициски одговор на прашањето како се случува возила од конфискуванимот да се возат по патиштата.„Против правното лице ’Трансмет‘ во текот на 2019-2020 година поднесени се четири барања за неважечка сообраќајна дозвола, три барања се за претовар на возилата, по две за технички неисправни возила и за неисполнување на пропишаните услови во однос на димензиите, вкупната маса и осното оптоварување (вонреден превоз), и по едно барање за управување на возило со несоодветна категорија и барање за изгубени, оштетени или уништени регистарски таблички“, е одговорот што го добивме од МВР.Од пред четири години, освен државата никој друг не смеел да отуѓува и да располага со движниот имот, односно да ги регистрира и да ги вози возилата, а мерката важела и за недвижностите. Во мај 2017 г. Кривичниот суд носи одлука да го замрзне целиот имот по барање на некогашното Специјално јавно обвинителство кое за првпат прави т.н. бруто-конфискација. Предметот го водеа двајца обвинители, Артан Ајро и Гаврил Бубевски.„Баравме таков тип конфискација поради фактот дека со фалсификат документација е добиена јавна набавка од којашто на сметката на ’Трансмет‘ се префрлени нешто помалку од 17 милиони евра, а содржината на таа документација претставува услов за да може да влезе во евалуација за тендер. Во тој момент осудениот ја немал механизацијата, а прикажал како да ја има. Ја купува по добивањето на тендерот од средствата од јавната набавка. Ова е класичен пример на принос од казниво дело“, вели Бубевски за ова истражување.Пресудата ја потврдува и Апелација, но ја намали казната за Кочан од шест на четири години и осум месеци, а од 15 јули 2019 станува извршна, што значи дека државата може да почне да го продава или да го користи имотот на Кочан. Но тоа не се случува.„Има 204 возила за кои сега се проверува дали се дадени под залог. Имаме сознанија дека 24 возила кои се со повисока вредност се заложени во неколку банки“, гласеше првата изјава на Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот на прес-конференција на 18 јули 2019 година.Наместо конфискуваните милиони на Кочан да го вртат фамозниот бројчаник кој го најавуваше Зоран Заев, „вртеле“ неговите возила низ цела држава и никој нема информација како физички лица и фирми дошледо имот кој е замрзнат пред четири години.„Немам претстава што се случува со возилата и целиот движен имот. Баравме да ги препишеме на име на Агенцијата, но сите беа под залог и Централен регистар нѐ одби, не можевме да ја префрлиме сопственоста и во МВР“, вели Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.„Содржината е единствена одговорност на авторот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Коалиција „Сите за правично судење“ и Фондација Отворено општество-Македонија“.Сите конфискувани возила и механизација на „Трансмет“ според пресудата вределе 6,9 милиони евра, додека недвижниот имот вреднуван според парцели, станбени објекти „тежел“ 7,4 милиони евра. Но нема информација колкава е нивната вредност сега, затоа што не е направено вештачење. Она што е сигурно е дека пораснале каматите, бидејќи Кочан се задолжил во четири банки, кај познати странски, но и домашни компании, како на пример „Пуцко петрол“, кому му останал должен околу милион евра за нафта, па битката за преземање на имотот покрај државата ја водат и осуммина извршители. Една од нив, извршителката Весна Деловска, која ги застапува Шпаркасе и Комерцијална банка веќе обезбедила дел од возилата кои ги барала на паркинзите низ државата. Вкупниот главен долг кој очекува да го наплати изнесува 1,1 милиони евра. Во таа вредност заедно со еден стан, дел од бетонската база лоцирана на 5 километри до Блаце и триесетина подвижни предмети, влегуваат и натрупани камати.„Имам обезбедено четири камиони и валјак, ги најдов на плацот во Блаце. Сега вредноста на камионот, според овластената процена која ја направив, чини два милиона денари помалку. Во моментот кога јас ги добивам предметите за извршување од ’Трансмет‘ се води судската постапка. Кредитите се земени во 2013 година и тоа е сѐ нотарски заверено“, изјави извршителката Деловска за ова истражување.За овој имот Агенцијата поднесува тужба до Граѓанскиот суд во Скопје за да покаже „посилно“ право на сопственост и бара поништување на хипотеките. Во март 2021 г. се вклучува и Државното правобранителство со тужба за главно вмешување за да може директно да ги застапува интересите на државата. Двата процеса ги води судијката Велјанка Доневски, која следното рочиште го закажа во јуни.Но овие предмети не се за целата конфискувана сума од 17 милиони евра, туку само за еден дел од имотот, вреден 185 илјади евра. Останатиот дел допрва ќе се обезбедува, по речиси две години откако е добиена пресудата. Текстот во целост може да го прочитате на овој линк. 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ВИДЕО: И по цена да прегазат пешак, возилата во Скопје не застануваат на пешачки

Жителите на Карпош 4 и оние кои пешачат во овој дел од Скопје, се плашат да поминат на пешачкиот премин кај трговскиот центар „Антико“ за да поминат улица, објави А1ОН. Не стивнуваат поплаките дека возачите овој пешачки го сметаат како да не постои. За тоа сведочи и сообраќајката пред еден месец, во која загина велосипедист кој беше прегазен додека поминуваше на истиов пешачки премин. Состојбата, ни по оваа несреќа не е променета. Најголем дел од автомобилите, но исто така и автобусите, не застануваат да пропуштат пешачи и велосипедисти.извор:  А1ОН. 

Скопје | пред 4 години

tenderi-opstini

„360 степени“: Зошто исти фирми ги добиваат градежните тендери на локално ниво?

„360 степени“ ги анализира јавните набавки во општините Кавадарци, Куманово и Струга, во кои по една компанија се издвојува според бројот и обемот на добиените тендери за градење улици, тротоари, канализации…Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, не гледа конфликт на интерес во тоа што со еден од сопствениците на фирмата што најчесто победува на општинските тендери – „Градба промет“, има заедничка компанијаАсфалтирањето улици е редовна работа што граѓаните ја очекуваат од локалните власти. Повеќето градоначалници, пак, користејќи ги социјалните мрежи, прават „атракција“ од тоа. За секоја уличка, следува објава на Фејсбук, како на пример на профилот на градоначалникот на Кавадарци – Митко Јанчев, кој не испушта да ја спомене и фирмата што моментно е ангажирана.Ако се направи анализа на соработката во последните 6 години, од 2015 до 2020, „Градба промет“ добила околу 5 300 000 евра (5 317 019) од Општина Кавадарци за градежни работи. Но, ако оваа сума се разгледа по години, очигледно е зголемувањето на износите од година во година.Освен Кавадарци, „360 степени aнализираше уште две големи општини на различни краеви во земјава и со градоначалници од различни политички партии – Куманово и Струга.И овде фирма добива значителни суми од општината, но во овој случај нема праволиниска прогресија како во Кавадарци. „КООП инженеринг“ добила тендери во висина од околу 270 000 евра во 2015, па 566 000 евра во 2016 и 1 029 282 евра во 2017. Во 2018 сумата се намалува на околу 646 илјади евра, за во 2019 да порасне на 1 337 730 евра. Лани „КООП инженеринг“ добила околу 533 илјади евра од општинската каса.Анализирано беше и кој доминантно гради и во Струга, општина под раководство на Рамиз Мерко од ДУИ. Таму, во моментов, се издвојува акционерското друштво „Илинден“ АД Струга. Од десетте најголеми тендери на општината во изминативе три години, дури седум ги добила оваа градежна компанија.Од она што е јавно достапно на порталот на Бирото за јавни набавки, интересно е дека „Илинден“ АД од Струга не добивала тендери до 2017 година. Соработката со локалната власт почнува во 2018, првата цела година во мандатот на Рамиз Мерко. И тоа, во 2018 „Илинден“ АД добива тендери во Струга во вредност од 1 532 722 евра. Следната 2019 им донела околу 470 000 евра од општинската каса, а лани близу 787 000 евра. Текстот во целост на: „360 степени“

Македонија | пред 4 години

zaev

Заев: Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но Сејдини не дозволи средба

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини му забранил на премиерот Зоран Заев да се сретне со репрезентацијата на Македонија во пресрет на дебито на Европското првенство.Ова го откри премиерот на Македонија во вчерашното негово интервју за телевизија „Клан“.– Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но претседателот на ФФМ, господинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите.. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите – рече премиерот Заев.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања