Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

halimi

Градоначалничката на Арачиново збесна

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Рамадани-Халими, преку Фејсбук остро реагираше на, како што рече, кражбата на пумпата за вода во селото Мојанци. Халими вели дека е причинета голема штета, притоа барајќи од полицијата да ги открие сторителите на делото..„Неодамна нпознати луѓе направија незамислива и многу сериозна штета. Во селото Мојанци на местото каде се реализираше проектот за водоснабдување беше украдена единствената пумпа за вода од бунарот број 2, по првата кражба каде пумпите беа ограбени. Сторителите на овие дејства им нанеле голема и небадоместлива штета на граѓаните, семејствата, заедницата и општината како целина, а исто така и на самите себе.Од тука ви велам дека вие бескрупулозните лица ќе бидете срамота на Арачиново и исто така апелираме до сите да бидете свесни и да го ставите прстот на главата како можете да придонесете за развој и подобрување на социјалните услови и да не го уништувате општеството и идните генерации со вакви вандалски дела “, пишува Халими.

Скопје | пред 4 години

planinari-960x717

Георгиески: Никој не е против Планинската спасителна служба, но треба да се најде модус како да се поддржи

Никој не е против Планинската спасителна служба (ПСС), туку мора да се најде вистинскиот модел за функционирање на службата, истакна градоначалникот на Охрид, Константин георгиески по жестоката реакција на ПСС на одлуката на градскиот совет кој вчера не ја прифати Предлог одлуката за финансиска поддршка на службата.-Ние со Црвениот крст генерално и Спасителната служба имаме одлична соработка, сме соработувале на повеќе проекти, од мобилните екипи во текот на пандемијата, преку проектот „Крос фор ол“ вреден речиси 50 илјади евра, до отстапувањето на Планинарскиот дом во Велестово за нивни потреби. Нема причина проблемите да ги решаваме преку социјалните мрежи. Советот не се убеди дека тоа е вистинскиот начин да се помага Службата. Треба да се најде модус како да се поддржи Службата која е потребна на градот, но правниот основ е спорен. Не можеме ние да префрламе средства на организација што се декларира како волонтерска, а во извештајот со кој се одобруваат средства да стои дека на тој начин се обезбедуваат плати за лицата што работат како волонтери-изјави Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Stopanska_komora_delegacija_06012021004

Потенцијална соработка помеѓу Општина Охрид и економски факултет, Универзитет –Љубљана

Потенцијална соработка помеѓу општина Охрид и Економски Факултет, Универзитет –Љубљана, беше една од темите на средбата која денеска ја остварија градоначалникот Константин Георгиески и деканот професор д-р Метка Текавчич.Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана.За почеток на соработката беше договорено да се превземат активности за реализација на заеднички проект помеѓу општината, Стопанската комора на Северна Македонија, Економски Факултет, Универзитет –Љубљана со можност за вклучување и на Стопанската комора од Словенија. Проектот е на тема, вклучувањето на Северна Македонија во Европската унија и потребата од продолжување на исполнување на обврските што стојат пред државата и покрај блокадите со кои се пролонгира почетокот на преговорите за влез во унијата.Паралелно ќе се работи и на организација на меѓународна конференција за Европскиот пат на Република Северна Македонија која би се одржала во Охрид, од аспект на образованието, економијата, наука и туризмот, како пандан на конференцијата што се одржува во Порторож, со учество на врвни експерти од наведените области кои биле дел од преговорите за влез на Република Словенија во Европската унија. Се очекува нивните експертизи да дадат голем придонес во остварувањето на Европските цели на Република Северна Македонија, но и за искористување на потенцијалните можности  за развој на Охридскиот регион кои ги нуди Европската унија.  

Македонија | пред 4 години

policija-2

Почина работник во фирма во Скопје, телото предадено на обдукција

На 31.05.2021 околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т.П.(51) од Скопје.Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

161753_jelena-karleusa_ff

Карлеуша за Цеца: Сопругата на воен злосторник која живее во куќа изградена од убиените и ограбени Бошњаци, Хрвати, Срби

Српските sвезди Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ се чини дека никогаш нема да ги решат несогласувањата. Карлеуша отворено ја нападна својата најголема непријателка на својот Инстаграм профил.„Со години се бранев на суд од перфидните напади на оваа жена, не можев да ја разберам Србија, која во минатото величеше позната по криминал и полицајски лисици, жена која беше тесно поврзана со убијците на Зоран Џинѓиќ, сопругата на воен злосторник која живее во куќа изградена од убиените и ограбени Бошњаци, Хрвати, Срби ... Јас бев во стилот на WTF СРБИЈА? “, започна Јелена во својата приказна.„Ме повреди неправдата затоа што медиумите перфидно секогаш ме покажуваа како негативец, иако не стапнав на мравка и ја величеа затворската птица што собра ефтини примитивни поени на штета на наводниот патриотизам и голема Србија. Пее под шатор и во кафулиња, сега кога постои во медиумите само ако се прилепи до мене, чувствувам сожалување. Времето и кармата решаваат сè “, напиша Јелена покрај фотографијата на Цеца во виолетов фустан.Инаку, пејачите почнаа да се судат кога Јелена изјави дека Цеца е одговорна за убиството на Зоран Давидовиќ Чанда, тогашниот вереник на Јелена.Превземено од: Женски магазинФото. Инстаграм

Коментари | пред 4 години

sin-bajram

Бајрам откри што му купил на син му, ама не е Порше: Се лизнаа новинарите

Секој може да згреши, еве тоа им не се случи на многу новинари од познати медиуми, кои побрзаа да објават вест, без да проверат за што се работи. На син ми Валентин за 20-от роденден му купив моторче, а не скап автомобил Порше, како што објавија. Ако тој на социјалните мрежи има фотографија покрај Порше, не значи дека тоа е подарокот, но ете, избрзале и се ,,лизнале” – за ,,Фокус” раскажува Габриел Бајрам, претседател на Сојуз на Роми, и син на починатиот пратеник Амди Бајрам.Тој појаснува дека објавил честитка за роденденот на синот во која му пишува да не го вози роденденскиот подарок побргу од 150 километри на час, бидејќи се грижи за неговата безбедност, а многумина поради насловната фотографија на Валентин, каде тој стои до скапиот автомобил, си протолкувале дека тоа е подарокот.извор: ,,Фокус”фото: ФБ Габриел Бајрам

Македонија | пред 4 години

Vasev

Васев: Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец

Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец. Папагалското повторување на лагите, нема да му донесе ништо освен нов пораз, истакна Стефан Васев од СДСМ.  Васев додаде:Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1.460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски.Со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

grubi

(ВИДЕО) Груби направи детска забава во кабинетот

По повод Меѓународниот ден на децата, кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска беше преплавен од група на деца, кои во службените простории го прославија овој ден.„Денеска,  на 1 јуни, Денот на детето, мојата канцеларија ја исполнија токму тие. Забава, едукација, состаноци, задачи…Иднината им припаѓа на младите генерации“, напиша Груби на „Фејсбук“.Меѓународниот ден на детето, прогласен од УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата, одржана во Женева, Швајцарија, традиционално се одбележува во многу земји во светот.

Македонија | пред 4 години

1-cuk-usa-suk-rabotna-sredba-1

ЦУК: Работна средба со претставници од американски институт за одбрана и меѓународни студии

Денеска  во Центарот за управување со кризи, (ЦУК), в.д. директорот Стојанче Ангелов, имаше работна средба со претставници од Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави, што е континуитет на долгогодишната плодна заедничка соработка во областа на кризниот менаџмент и одбраната.Ангелеов, изразувајќи голема благодарност за поддршката што ја добива ЦУК и нашата земја од САД, се осврна на потребите од експертска соработка токму во идно реформирање на делови и институции од Системот за управување со кризи, согласно стратешките современи искуства какви што се американските, а сепак адаптирани за нашата држава. Таа соработка претпочита и вклучување на кадри од ЦУК во програмите за обука организирани од страна на Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од Соединетите Американски Држави коишто содржат курсеви и семинари од областа на управување со кризи.Покрај претставниците на американскиот Институт, на работната средба беа и учествуваа во дискусијата и претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка од Амбасадата на САД во РСМ и претставник од канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Од страна на ЦУК учествуваа претставници на Секторот за меѓународна соработка и од Секторот за административна поддршка на директорот.

Македонија | пред 4 години

obvinitelsvo

Обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција од Македонија и Албанија​ потпишаа меморандум за разбирање

Денеска Основната јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска оствари работна средба со својот албански колега Главен специјален обвинител во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал Арбен Краја.По плодната дискусија во врска со подобрување и унапредување на билатералната соработка во борба против организираниот криминал и корупцијата, двајцата обвинители водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат.Со Меморандумот обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на Р.С.Македонија и Р.Албанија да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Цветни балкони - цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:„Момчило Јорданоски“,„Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата,„Вангел Николоски“,„Дебарца“,„Александар Гушо“,„Трајче Дојчиноски“,„1-ви Мај“,Населба РачаНаселба Горно и Долно Коњскос. ПештаниАкцијата ќе се реализира на 03 јуни(четврток) и 04 јуни (петок) 2021г.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП  „Охридски Комуналец“Охрид на  03 јуни(четврток) и 04 јуни (петок) 2021г. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи(лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. Исто така се упатува апел за задолжително почитување на марките за  заштита од КОВИД 19 односно носење заштитни  маски и држење  растојание од 2 метри.

Македонија | пред 4 години

kosta-3-1

Георгиески категоричен: Ќе отстрануваме без селекција, иако концесионерите негодуваат

Сериозната посветеност на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето е веќе видлива на терен. Покажавме вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да започнеме со средување на наследените катастрофални состојби. Како резултат на неколку-неделната активност за отстранување на бесправните градби на плажите, ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Според градоначалникот речиси целосно се расчистени плажите, од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација, отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро.„Со цел да се обезбеди навремена подготовка на плажите во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, на потегот каде што е извршено чистење на габаритниот градежен шут, по налог на Општина Охрид веќе се ангажирани екипите на јавните претпријатија, кои вршат чистење на ситните остатоци од бетон и градежни материјали, а се врши уредување на постоечкото зеленило. Исто така, на одредени локации од крајбрежјето, во текот на наредниот период ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок“ истакна Градоначалникот и додаде:„Во рамки на своите можности, Општина Охрид максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг. Во текот на наредниот период активностите за отстранување ќе бидат засилени со помош на механизацијата која со одлука на Владата на Република Северна Македонија ќе и биде отстапена на Општина Охрид од страна на ЈП „Македонија Пат“. Откако ќе финализираат активностите за уредување на плажите во потегот на „Лагадин“, населбата „Свети Стефан“ и „Горица 3“ ќе се пристапи кон отстранување на нелегалните објекти и платфомите во делот на месноста „Елешец“.Исто така во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план“, истакна Градоначалникот.Првиот човек на Охрид и денеска потенцираше дека нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети согласно законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките.„Јасно, очекувано и разбирливо е дека дел од поранешните концесионери на плажите негодуваат и ќе негодуваат со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Дел од нив иако имале договори за плажи работеле како ресторани и ноќни клубови и нелегално ги издавале под закуп. Истото тоа продолжиле да го прават и кога договорите за концесија веќе им биле истечени и не плаќале никакви надоместоци за наем и користење на земјиштето“, истакна градоначалникот.Георгиески вели дека во финансиските анализи кои ги направи општината и информациите кои ги добиле од останатите надлежни институции дошле до фрапантни цифри на остварен приход во период кога поранешните концесионери немале активни договори за концесија.„На пример фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво. Оваа пракса за градење на бизниси на штета на општината, државата и светското природно и културно наследство мора да биде минато. Како што имам кажано и претходно, треба на сите да ни стане јасно дека ваков тип на урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони повеќе нема да има“, истакна Градоначалникот.Георгиески додава:„Сеуште цврсто стојам на ставот дека посветеноста моја како градоначалник и на Општина Охрид на патот на регулирање на овие состојби е непоколеблива и целосна. Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат. Оваа можност ја користам да се обратам до еколошките здруженија „Охрид СОС“, „Фронт 21/42“, останатите еколошки здруженија и еко активисти кои тековно го следат и редовно го коментираат целокупниот процес на исполнување на препораките и јавно да ги поканам да се ангажираат на терен и да помогнат во процесот на уредување и оплеменување на плажите. Независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО и исходот од следната сесија во однос на статусот на заштитено подрачје кој го поседува Охридскиот регион, продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации“, истакна првиот човек на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески..

Македонија | пред 4 години

Mickoski-01.06

Мицкоски: Оставки веднаш

Први јуни 2017-тата година беше формирана првата Влада со мандатар Зоран Заев. Точно е имаше надеж кај народот за неговите ветувања. Но по четири години резултатот на сето ова е едно огромно разочарување. Никогаш не било лесно овие 30 години независност, но сега народот живее буквално најтешко. Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално, никој повеќе не очекува од Владата да решава проблеми, туку секојдневната е борба барем да не создава нови проблеми, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на Мицкоски.И најважно од тоа е ако треба во кратки реченици да се опише ова четиригодишно владеење би кажал имаме четири години украден живот, украдоа четири добри години од животот на секој еден граѓанин, ги празнат џебовите на народот, но ја крадат и правдата заменувајќи ја со неправда. Четири години хибриден режим на мафијата на власт. Триесетина луѓе високо во власта одлучуваат за судбините на два милиона луѓе. Тесна клика од триесетина силно криминализирани типови ја имаат запоседнато целата држава, но и самата СДСМ.Рашковски кога толку многу го брани Заев не е причината за криминалот, тоа е последицата. А, имињата како Ден Дончев, Вице, Трајче, Ковачевски, Кирацовски, Николовски и другите чувари на криминалот во судството и обвинителството се само слугите на Заев во сомнежите за криминал и украдениот живот. Тоа што се случува во СДСМ е нивна работа. Но тоа што овие неколкумина го прават со државата е наша заедничка обврска да се спротивставиме.Четири години точно, 1.461 ден одење наназад. Трговија со име, идентитет, историја, нација, светли херои, за возврат договор со Бугарија кој им дава право да не блокираат, одземена европска иднина и многу, многу криминал и неправда.Еве во продолжение само дел од работите кои што ги ветуваа, а кои што можеби сме подзаборавиле, бидејќи од реализацијата нема ни трга, ни глас.Во делот на економијата, почитувани пријатели, ветуваа раст од 5% на БДП секоја година. Каква е реалноста? Во периодот од четири години започнувајќи од 2017-тата завршувајќи со 2020-тата година, просечниот раст е 0.7% или точно за седум пати помалку од тоа што го ветуваа. БДП од периодот од први јануари 2018-тата година заклучно со 31 декември 2020-тата година се зголеми за скромни 700 милиони евра. Во тој период јавниот долг порасна за цела една милијарда 700 милиони евра. Што би се рекло дека од БДП се одземени точно ни повеќе, ни помалку, од една милијарда евра. А, во првиот квартал во оваа 2021 година долгот, јавниот долг е зголемен за дополнителни 700 милиони евра, или околу 6 ипол проценти од БДП кој што бил на крајот од 2020-тата година.Ветуваа правичен даночен систем, воведоа скалест данок мерката имаше катастрофални последици врз македонската економија и по бурната реакција во јавноста на претприемачите и бизнис заедницата откако нанесоа штета од неколку десетици милиони евра врз стопанството се одлучија повторно да се вратат на рамниот данок. Сега она кое што го слушаме се некако кризен, воен данок, скалест данок и што ли уште не ќе слушнеме само да биде полна буџетската каса за да можат апашите во владата предводена од СДСМ и Зоран Заев да ги трошат безмилосно народните пари.Странските директни инвестиции ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот, а каква е реалноста? Еве би сакал да ги споменам само бројките во оваа 2020 година која е позади нас. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни БиХ има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти. Не само што не сме рекордери туку длабоко сме заковани на дното, а нема странски инвестиции затоа што оваа Влада е најкорумпираната во Европа, затоа што сме најкорумпираната држава според скалата на Транспаренси ние сме 111-то место, најлошото во историјата, најлошо во независна Македонија затоа што апаши ни ја водат државата.Во делот на енергетиката ветуваа многу  во програмата За живот со која настапија на изборите во 2016 година голем дел од тие проекти ги повторија во оној план за 5 милијарди евра инвестиции во 2019 година, ги препишаа за време на предвремените парламентарни избори  во 2020 година, а дел од тие проекти ги слушнавме и на прес конференцијата на Зоран Заев каде вети нов инвестициски бран  од замислете ни повеќе ни помалку 8 милијарди евра. По принципот на Фејсбук, Гугл, Фолксваген, претпоставувам   и овие 8 милијарди евра ќе завршат само како бројка напишана на хартија, а за жал во реалноста ни трага ни глас. Да се вратиме во енергетиката, ветуваа пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско земјоделски комбинат, за волја на вистината и ова тогаш кога прв пат го прочитав со вчудоневидување се обидував неколку пати да го препрочитам да видам што значи. Но, како и тогаш што не успеав да разберам, така и денес не успевам да разберам што сакале да кажат. Но, што е важно, важно е дека од овој енергетско земјоделски комбинат нема ни трага ни глас 4 години потоа.Ветуваа изградба на ХЕЦ Чебрене и Галиште, 4 години потоа имаме тендер со кој се бара партнер за јавно приватно партнерство и слушнавме на прес конференцијата на Зоран Заев дека само што не завршил тендерот и дека само што не бил избран партнерот што ќе се случело таму некаде октомври месец, трета година октомври месец го чекаме а изградбата ќе почнела таму некаде на пролет 2022 година. Само човек кој е тотално одлепен од реалноста може за една вака сложена хидроцентрала да даде таков рок затоа што тоа не само што не е возможно, туку и во спилберговата кинематографија не би му текнало дека ќе може за три месеци да се изгради ваков хидроенергетски комплекс како што се Чебрен и Галиште.Но, на лагата на Зоран Заев и нема крај, па така денеска од Чебрен и Галиште 4 години потоа нема ни трага ни глас, а новиот партнер во ова јавно приватно партнерство треба да ја добие ни повеќе ни помалку, туку веќе изградената хидроцентрала Тиквеш којашто десетици илјади македонски семејства ги снабдува со евтин енергенс, евтина електрична енергија, по принципот на кој СДСМ во минатото се навикнати, а јас ќе ве потсетам на тој т.н бонбона бизнис од оној период кога тие беа на власт од 2002 до 2006 година.Во програмата за живот ветуваат проекти за оптимално искористување на пелагонискиот басен за јаглен, потоа имплементација за најсовремени еколошки стандарди за ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, понатаму отворање на јагленокоп Поповјани, тоа е во Кичево каде што се наоѓаат уште два Чука и Гуштерица претпоставувам дека не слушнале за тие два јагленокопи. Понатаму ветуваа уште многу работи кои се поврзани со модернизација на термоцентралите Осломеј Кичево и РЕК Битола, и морам да признам дека најдоа најинвентивен пристап во инвестиција во овие објекти, а тоа е најавата да се стави клуч на истите и да се затворат. Тогаш сме го решиле и проблемот со загадувањето, и проблемот со јагленокопите, бидејќи најлесен начин ако сакате да не инвестирате е ставете клуч и тогаш никој нема никаков проблем никаква главоболка. Но, шегата настрана, апсолутно во овие 4 години шајка не заковаа во овие енергетски комбинати, напротив Македонија денеска бележи неславни рекорди, односно производството на електрична енергија е најмало во историјата на постоење на енергетскиот систем во нашата држава.Понатаму би споменал неколку работи во здравството кои ги ветуваа. Како на пример, новиот Универзитетски клинички центар кој најпрвин требаше да биде во околината на населбата Бардовци, па откако видоа дека таму не бива работата, се одлучија за Велеполе во делот помеѓу Сарај и Ѓорче Петров, па му понудија на македонскиот народ и на пратениците во парламентот измени за јавни набавки каде што ќе им дозволиме на најкриминалната влада во Европа да потпишува договор во 4 очи за и помалку ни повеќе од вредност од 508 милиони евра без притоа да бидат опфатени имотно правни односи, без да бидат опфатени пристапните патишта, енергетското снабдување, канализација, водовод и што уште не. Да речеме за разлика од кај нас во Србија, клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од  125 милиони евра. Но ова е нели најкопумпираната и најкриминалната влада и од ден на ден се труди се повеќе да го потврди тој впечаток, не само за Транспаренси Интернешнл туку и за граѓаните. Кога крадат, крадат за сите пари.Понатаму ветуваа во програмата „За живот“ во 2016 дека ќе изграделе Клинички центар во Битола. Не само што од овој клинички центар нема ни трага ни глас, туку и тоа што го наследија како што е мамографот, аксцелераторот не успеаја ни да го поправат. Понатаму ветуваа дека капитациониот бод за матичните доктори ќе биде 90 денари, а за жал тој е 63 денари, мајка ми која сега е во пензија беше таков матичен лекар во Поликлиниката Ѓорче Петров и оттаму имам одредени информации, луѓето никогаш потешко и понапуштено не се чувствуваатПонатаму ветуваа дека ќе го зголемат капитациониот бод на матичните стоматолози од 45 на 70 денари, а факт е дека до 48 денари истиот не се помести. Ги излажа и матичните стоматолози. Потоа ветуваа дека ќе воведат матичен гинеколог за секоја жена во Македонија, ова ветување не е реализирано.Но што реализираа.На шесто место сме според бројот на луѓето кои што го загубија својот живот поради неспособноста на нашата влада и КОВИД пандемијата. Рекордери сме на Балканот по бројот на лица кои што се заболени барем оние кои што се регистрирани бидејќи знам огромен број на лица кои што воопшто не се регистрирани а го поминаа, поради несоодветниот одговор на здравствените установи односно неможноста да се одговори останаа и го поминаа КОВИД вирусот во домашни услови. Неславни рекордери се според неинвестирањето во здравството за време на пандемија според Светска Банка сме убедливо на дното во регионот и во Европа.Тоа се за жал неславни рекорди кои што не ги ветија но за жал ги реализираа. Во образованието на пример ветуваа дека ќе постават механизам на конкурентност и евалуација во високото образование согласно критериумите на Шангајската листа и рангирање на Универзитетите со цел зголемување на квалитетот на високото образование. Факт е дека ниту е воспоставен ваков механизам а одборот за евалуација е формиран пред неколку месеци и не функционира, а државна евалуација не постои. Денеска нашиот најдобро пласирам Универзитет на Шангајската листа е универзитетот Св. Кирил и Методиј кој што се наоѓа верувале или не на 1917 значи не само што не е во првите 500 не само што не е во првите 1.000 не само што не е во првите 1.500 туку тој се наоѓа убедливо на дното според Шангајската ранг листа.Од инфраструктурните објекти кои што ги ветуваа а не ги реализираа ќе ве потсетам на спортската академија која што велеа дека ќе се преструктуира и ќе се смести во новиот модерен спортски комплекс комплекс започнат да се гради  во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а до ден денес тој е недовршен. Потоа изградба на математичка и информатичка гимназија во Скопје ни трага ни глас, нов училишен објект во Визбегово Бутел, нов училишен објект во Долно Блаце , Чучер – Сандево, нов училишен објект во Клуковец – Велес, нов училишен објект во Чаир, во Драчево, Кисела Вода итн.Реконструкција на десетици и десетици училишта кои што за жал ниту трага ниту глас од ветеното за изградба или за нивна реконструкција.Во културата на пример не можеме да се сетиме на ниту еден позначаен проект освен на она безмилосно трошење на народните пари  преку оние скандалозни проекти за коишто имаше и министерски оставки во изминатите состави на владата. Но ќе ве потсетам за дел од ветувањата на СДСМ во програмата за живот. Вела вака, во културата ќе се насочеле кон вистинска заштита на културното богатство и културното наследство во Република Македонија. Одговорот на ова е почитувани не само што не го заштитија туку и го потиснаа и уништија посегајќи кон управата за заштита на културното наследство а она што го работат е копирање буквално на секој еден пасус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ но добро е што ја користат, имаат што да научат, имаат нешто да направат добро за граѓаните но за жал освен бледа копија на терен испорака нема никаква.Исто така во нивната програма на страна 115, ќе кажат напаѓајќи го политичкиот противник напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека во културата власта тогашната власт извршила ревизија на вредносните системи според своите идеолошки стандарди па ќе речат дека тоа резултирало со рушење на темелните вредности за македонската национална култура. Каква е реалноста за жал СДСМ изврши рушење целосно исфрлајќи ја трајно придавката македонски од јавна употреба а националната култура ја замени со недефинирана јавна култура.Понатаму, во културата исто така ќе прочитате во програмата „За живот“ каде што од СДСМ се обврзуваат и велат дека во странство ќе ја проширеле мрежата на лекторати за македонски јазик, литература  и култура кои во изминатиот период беа затворени или занемарени. Ќе направеле оддржлив развој за учење на македонскиот јазик за децата во дијаспората. Каква е реалноста?  Освен неколку прес-конференции за промоција на македонскиот јазик, нема апсолутно никаков видлив резултат. Од она што во јавноста е познато е дека македонскиот јазик со она што, претпоставувам сите ќе се сетите на оној срамен договор, официјалниот јазик на државата со новата придавка.Во делот на транспортот и урбанизмот ќе ве потсетам на нивните епохални епски ветувања од типот 600 километри автопатишта и експресни патишта 550 километри магистрални и регионални, 1.000 километри локални патишта итн. Но, каква е реалноста? Автопатот од Скопје кон Блаце каде што првиот дел е ни помалце ни повеќе од два километри, цели четири години не се способни ниту да го тампонираат, а камо ли да го изградат. Кога зборуваме за автопатот Кичево – Охрид освен тоа што вредноста со анексите од 411 стигна до 800 милиони евра, буквално немаме никаква теренска активност, иако ќе го слушнете сегашниот  Бочварски и претходникот негов Сугаревски како велат дека имало 600, 700, 800 работници, имало 300, 400 машини итн. Еве овој викенд баш патував по тој пат, бев во Охрид, имавме определена обука заедно со пратениците и навистина не можев да ги видам тие стотици машини, тие стотици работници по автопатот Кичево – Охрид.Се сеќавам на една епохална лага на една ТВ дебата на тогашниот министер Сугарески, која што му ја кажа на професорот Славески мислам дека таа беше дебата во 2018-тата или 2019-тата година, кој што рече есента 2019-та ќе возиме по автопатот Кичево – Охрид. Но, за жал не само што не возиме по автопатот туку десетици човечки животи останаа за навек по оној стар, искршен, и руиниран пат кој што го користат македонските граѓани. А, нели сега ни доаѓа туристичката сезона, па повторно најдоа иновативен лек од Владата, наместо туристите кои што доаѓаат од кај нашиот северен сосед да ги ослободат за патарина кон Охрид, тие рекоа да не го гледаат срамот, да не ја гледаат бруката по тој пат што возат, па одлучија кон нашиот јужен сосед да ги ослободат со патарина.Во делот на железничкиот транспорт, ќе ве потсетам повторно на она епохално нивно ветување, а тоа е Коридорот 8, односно изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Четири години грантови, фамозни прес конференции и така натаму, но вистината е дека германската компанија „Вибе“ ја напушти изградбата на овој коридор поради неисплатени обврски, во моментов воопшто нема никаков напредок.Ќе ве потсетам на ветувањето од Програмата „За живот“ дека ќе се вози по брза пруга по делницата Табановце – Гевгелија. Четири години потоа, за жал ниту брза пруга видовме, ниту пак „Б“ од брза пруга. И така натаму, можам да редам уште многу, многу, буквално уште многу лаги кои што ги кажаа, и кои што практично ги презентираа пред граѓаните во таа 2016-та, 2017-та, 2019-та, 2020-та година, но освен украден живот буквално тие не успеаја да понудат ништо. Време е да заминат.Секој ден со Заев како премиер нашата Македонија губи. Одговорност за смена на власта е најголема на опозицијата, и јас со таа одговорност заспивам и се будам, и ќе продолжам да се борам. Но воедно секој од вас треба да знае дека секој еден е важен во оваа борба за нашата Македонија. Од секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак и сите останати да ми простат што не ги наведов, е важна иднината на нашата Македонија.Мафијата мора да биде на колена, поразена, и спроведена пред лицето на правдата. Четири години украден живот е најголемата причина зошто оваа Влада треба да си замине. Македонија нема повеќе за продавање и за губење. Четири години украден живот и велам доста е. Доста е, оставка е неминовна. Заминување на Заев и никогаш повеќе.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

safije-sadiki-shaini

Алтернатива: Родовиот идентитет не е лично доживување, туку природен идентитет

Денес, кога се наоѓаме на Меѓународниот ден на родителите, што се совпаѓа и со времето кога во собраниска постапка е ставен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, АлтернАтивА, како конзервативна парламентарна партија, тука е да го искаже својот став во врска со овој предлог закон и да се изјасниме за заштита на родителите и родителството, истакнаа на денешната прес конференција од Алтернатива.Во продолжение на прес конференцијата во целост:Според нас, заштитата на традиционалното семејство и на родителите треба да биде должност и посветеност на целото општество, како што е опишано и во многу меѓународни конвенции и други акти на Обединетите нации.Во меѓувреме, што се однесува до второто прашање, поточно Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, мора да објасниме дека, поаѓајќи од либералната идеја дека родовиот идентитет е личен избор и лично доживување, а не природен човечки идентитет, суштината на оваа измена е да им се овозможи на лицата кои сакаат, да можат да го менуваат својот родов идентитет и во матичната евиденција, во изводи и лични документи, дури и да имаат можност на неопределеност на родот, со запишување како "Друг".Предлагач на оваа законска измена е Владата на Република Македонија, која ја сочинуваат и Демократската унија за интеграција и некои албански ограноци на СДСМ, но кои го прифатија ова и дури ќе бидат поддржувачи на овој закон во Собранието. Меѓу оние што го потпишаа овој предлог е и заменик министерот за Правда, од редовите на ДУИ, Агим Нухиу.Сепак, и покрај фактот дека овој закон дојде во Собрание со европско знаме, иако главните европски земји, како што се Велика Британија и Франција, немаат усвоено таква измена, ставот на АлтернАтивА е дека овој закон е во спротивност со програмските дефиниции на европските конзервативни партии, какви што сме и ние. За нас има само два пола и тие се природни – „Машки“ и „Женски“ и тие не се променливи категории, туку вродени. Според нас, секој што со други пластични форми го менува својот пол од која било причина, тоа е негово лично право, што не треба да се одрази и во домашното законодавство.Затоа, нашите пратеници ќе бидат ПРОТИВ овие законски измени и ние ќе бидеме доследни на нашиот став, а се надеваме дека граѓаните ќе се сетат на оние пратеници кои ќе гласаат ЗА оваа законска измена.Во ова прилика, ги повикуваме и другите партии во земјата, особено оние од десничарскиот спектар, но и верските заедници, како и невладините организации кои веруваат во овие вредности, да ни се придружат на овој став, бидејќи прифаќањето на промената на родовиот идентитет подразбира и промена во идентитетот на нашето семејство, па дури и на нашата држава. Ако Велика Британија и Франција сè уште не сакаат да го сторат тоа, зошто се брзаме ние да го сториме тоа?!

Македонија | пред 4 години

Ekonomski_sovetnici_06012021001

Градоначалникот Георгиески оствари средба со економските советници од МНР

Градоначалникот Константин Георгиески вчера оствари официјална средба со економските советници на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија организирана во соработка со Агенцијата за промоција и подддршка на туризмот.Средбата во Охрид е дел од информативната тура низ повеќе градови во нашата држава, со цел да се запознаат можностите и капацитетите за инвестиции, извоз и туристичка понуда.Градоначалникот и економските советници разговараа за важноста од продлабочување на соработката помеѓу МНР и Општина Охрид. Беше разговарано за можностите и потенцијалите кои ги поседува охридскиот регион за инвестирање во сферата на туризмот како и за погодните услови за странските инвеститори во различни бизнис области.На состанокот присуствуваше Директорот за економска и јавна дипломатија, амбасадор Игор Попов и економските советници задолжени за Република Турција; за Обединетите Арапски Емирати и земјите од заливот; за Полска и земјите од вишеградската група и за СР Германија и Австрија. На состанокот беа присутни и претставници на Агенцијата за промоција на туризмот, претставници на туристичкиот сектор, странските компании и локални стопанственици кои работат на подрачјето на општината.Сите информации, предлози и идеи произлезени од оваа средба ќе бидат дел од работната агенда на економските советници во нивната дипломатска мисија за привлекување на странски инвестиции и промоција на Република Северна Македонија како бизнис дестинација. 

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Бачев му ја честита победата на Башар ал - Асад, стоиме рамо до рамо со Сирија која не призна под името Република Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев испрати телеграма со честитка до Башар ал - Асад по повод победата на изборите во Сириската Арапска Република. Во писмото се вели:Почитуван претседателе Башар - ал Асад,Дозволете ми, од име на политичката партија Единствена Македонија и од свое име, да Ви упатам честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Сириската Арапска Република, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција.Единствена Македонија придава големо значење на соработката со Сирија, а заложбата за нејзино остварување претставува посебен интерес за Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Македонија.Република Македонија никогаш нема да го заборави исклучиво пријателскиот чекор на Сирија од 24 септември 2010 година со признавањето на Република Македонија под уставното име и притоа за време на 65-тото заседание на Генералното собрание на ООН, во седиштето на Обединетите нации беа воспоставени дипломатски односи меѓу Република Македонија и Сириската Арапска Република на амбасадорско ниво.Во нашите 30 години самостојност и сувереност, народот на Македонија е особено благодарен на пријателскиот народ на Сирија за почитување на нашето име, идентитет, историја, традиција, територијален интегритет, суверенитет и унитарност.Вие сте на чело на Вашата држава во време на безбедносни бури, глобални предизвици и нов поредок. Овие предизвици во моментот силно се рефлектираат на Вашата држава, но, исто така и врз мојот народ и мојата држава каде инсталирана марионетска власт брише се што е македонско. За таа цел, Единствена Македонија ќе ги поништи антимакедонските договори, со што повторно ќе биде воспоставена меѓународната реалност со меѓународно правно признатото - право да го носиме името - Република Македонија под кое не призна и Сирија.Резултатите од гласањето на изборите во Сирија ја покажаа високата доверба и целосно го потврдија вашиот висок политички авторитет и довербата на народот на Сирија во вашето водство за стабилизирање на ситуацијата во Сирија.Република Македонија секогаш ќе стои рамо до рамо со Сирија и ќе дава целосна подршка во борбата против силите на тероризмот како и решавање на конфликните ситуации во согласност со меѓународното право. Сакам да ве уверам дека македонскиот народ, како докажан пријател на Вашата нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжи да ги подржува Вашите и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, изразите на моето највисоко почитување - се вели во честитката на претседателот Бачев.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-bolnica

10 починати од корона, најмногу новозаболени се од Скопје

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.Регистрирани се 90 оздравени пациент од:Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.108 тестови преку: ИЈЗ-387, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–32,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–84, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Авицена-222, Биотек-415, Систина-144, лабораторија Лаор-253, Синлаб-41, Ремедика-28, Плодност–59, Генеа–30, Никоб лаб-36, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 927.Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68521, Активни 441Куманово 8830, Активни 105Прилеп 8304, Активни 61Тетово 7214, Активни 45Битола 6292, Активни 54Велес 5468, Активни 15Гостивар 5173, Активни 24Кавадарци 5153, Активни 11Охрид 5003, Активни 55Штип 4959, Активни 21Струмица 4111, Активни 39Струга 2980, Активни 25Кочани 2787, Активни 14Кичево 2565, Активни 42Гевгелија 2191, Активни 7Неготино 2184, Активни 8Свети Николе 1522, Активни 10Ресен 1234, Активни 12Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1159, Активни 30Берово 1029, Активни 2Делчево 971, Активни 9Дебар 940, Активни 1Виница 881, Активни 18Пробиштип 789, Активни 3Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 4Демир Хисар 397, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 10Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 5Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

Screenshot_23

Мицкоски има план како до 61 пратеник: Опфатен е дел од пратеничката група на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави денеска дека секојдневно, како што рече, работи на тоа да обезбеди 61 глас во парламентот за да може да побара негово распуштање и одржување предвремени парламентарни избори.„Не е прашањето дали се потребни предвремени парламентарни избори, туку кога тие би се одржале“,рече Мицкоски, одговарајќи на прашање дали останува на барањето заедно со локалните избори наесен да има и нови избори за пратеници.Тој посочи дека преку Собранието е единствениот пат за одржување предвремени парламентарни избори, така што треба да се обезбеди апсолутно мнозинство за самораспуштање на актуелниот собраниски состав.Во овој момент не би сакал да откријам детали, бидејќи се работи на тоа ново парламентарно мнозинство. Во моментот кога ќе имаме 61 пратеник, ќе информираме. Дали е опфатен дел од пратеничката група на СДСМ – да, опфатен е“, рече Мицкоски

Македонија | пред 4 години

filipce-semejstvo-dnor

„Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе“, Филипче се сретна со семејството на донорот кој спаси три животи

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека жената донор, со чии срце и бубрези беа спасени три човечки животи, е 40-годишната Јасмина, која имала 10-месечно бебе. Тој утрово се сретнал со нејзиното семејство на кое, како што вели, ќе му бидат поддршка кога и да треба да се помогне.„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кое во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, објави министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

restoran_mokum

НУК: Новите препораки за организирање прослави ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти

Независната угостителска комора бара да се дозволи музика на сите прослави, а не само на свадбите и смета дека препораката на Комисијата за заразни болести да се дозволат прослави ќе предизвикаат хаос во работењето и новото секојдневие.– Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби сѐ со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди – велат од НУК.Од таму додаваат дека Комисијата за заразни болести и понатаму предлага мерки и препораки за работењето на угостителските објекти без да најде време и начини да се консултира или советува со претставници на угостителската индустрија за начинот и можноста на нивната реална примена во секојдневното работење.– Безвредна е препораката да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица ако присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол. За какви веселби и прослави дискутираме односно какви протоколи Комисијата за заразни болести предлага ако присуството на т.н. музичари и понатаму е „забрането” односно „дозволено” само на свадби. Да не се чудиме ако од утре во секој угостителски објект гледаме младоженци односно сите угостителски објекти преку ноќ организираат свадби со присуство на музичари“, се наведува во соопштението.Комората бара Владата да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи) во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката точка 14 со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели ќе ја укине во целост.– Владата да не заборави и да одобри работење на внатрешните делови на сите угостителски објекти со оглед дека голем дел од постојните објекти немаат соодветни тераси како би можеле угостителите сопственици на овие објекти како и останатите колеги – угостители да ја обавуваат својата дејност согласно важечките протоколи – велат од НУК.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-6

131 сообраќајни прекршоци во Скопје, 19 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 12 за непочитување на првенство на минување, 53 санкции за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

ohridskoezeromart

Извештајот на УНЕСКО потврди дека СДСМ го надгради режимот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Левица

Она што го реализира претходната власт во поглед на масовната урбанизација и уништување на Охридскиот регион, СДСМ го надгради и прошири, за што потврди и најлошиот извештај за загрозеноста на Охридското езеро, објавен од УНЕСКО. Додека беше во опозиција, токму СДСМ тврдеше дека е поразително странци да укажуваат на надлежните институции за да се сфати сериозноста на проблемот, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Неколку години подоцна, поради корумпираното и алчното работење на социјал-демократската власт во спрега со урбаната мафија, Охридскиот регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност - додека министерката за култура, Ирена Стефоска тврди дека губењето на Унеско-статусот не претставува национална и еколошка катастрофа!Како што констатира самиот извештај, иако мораториумот на сите урбани трансформации и промени на брегот беше препорачан во 2017 година, цели две години беше пролонгиран тој процес. Уште поскандалозно е дека ваквиот паушален мораториум вклучува исклучоци за бројни градежни активности, со што се губи смислата на мерката. Отстранување на дивоградби на брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура се само дел од мерките кои власта не успеа да ги спроведе.Дополнително, додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ здружено гласаат легализација на дивоградби, 15.000 барања за легализација чекаат во општина Охрид - од кои 420 згради и 28 хотели! Ваквата експанзија на дивоградби укажува на длабоки системски нефункционалности и корупција во институциите, каде контролата за почитувањето на законите потфрла пред личниот интерес за богатење на неколку моќници, заштитени од власта.Впрочем, минатата година Советот на Општина Охрид го одби предлогот за времен прекин на постапки за легализација на дивоградби, благодарение на гласовите од советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова најдобро отсликува дека овие три партии заеднички соработуваат кога треба да се заштитат корупцијата и криминалот, без никакво чувство за грижа и заштита на националните богатства и интереси.Потребно е понесување лична одговорност, а не вообичаените апстрактни флоскули од власта, од страна на сите раководители на институции, почнувајќи од Министерот за животна средина, Министерот за култура, градоначалникот на општина Охрид, директорот на Управа за заштита на културно наследство и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, поради тоа што дозволиле да се уништи автентично природно и културно наследство, со кое Македонија е препознатлива пред целиот свет.

Македонија | пред 4 години

Benzinski-pumpi-9

Горивата од денеска со нови, поскапи цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на Одлуката од 25.05.2021 година.Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Македонија | пред 4 години

zaev-4-1

Заев: Ние сме пример за решавање на регионалните и соседските прашања

„Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа“, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем 10 пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, рече премиерот Заев и уште додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и обој за „Илирида“ не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

Македонија | пред 4 години

kosta-9

Предлогот на Георгиевски ќе ја спречи т.н. „Урбана мафија“ да ги изигрува и градот и купувачите на станови

Со денешната одлука на Советот на Општина Охрид, донесена по предлог на градоначалникот Константин Георгиевски, а поддржана од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ конечно по деценија свесно или несвесно оставена можност да се манипулира со паркинзите на зградите, се става крај на ова изигрување на законот кое го правеа грдежните компании кои во Охрид со децении се познати под црниот бренд „Урбана мафија“.За граѓаните поедноставно да сфатат што е тоа што денес се изгласа ќе појасниме со еден прост пример.Доколку една зграда за треба да има 40 места за паркирање автомобили, инвеститорите во документацијата за добивање на дозвола ќе поднеселе проект со кој обезбедуваат 20 места за паркинг, и уште 20 места ќе ги обезбедат со дигалки за автомобили, т.е. опрема која од едно паркинг место прави две места со тоа што едниот автомобил ќе стои подигнат на дигалката. Со ова инвеститорите и градежниците избегнуваа да градат (а некогаш да копаат под земја) двојно поголема површина за паркинг, но дигалки во зградите кои ги изградија и продадоа никогаш не поставија со што изигрувајќи го законот заштедуваат пари за копање на паркинг на две нивоа , а заштедуваат пари бидејќи не поставуваат дигалки ( ни една зграда во Охрид нема дигалка ), а со тоа ги изигруваат и тие кои купиле станови во овие згради , поточно станарите кои не се ни свесни дека се измамени. Новата одлука донесена денес става крај на ова и ги спречува градоначалниците на Охрид во иднина да даваат дозвола доколку во проектот не се предвидени паркинг места и забранува воопшто да се планираат дигалките кои никој никогаш не ги инсталира во ни една зграда, а станарите купуваат станови во згради за кои се предвидени дигалки.ОВА ИЗИГРУВАЊЕ СЕ ПРАВЕЛО ВО ВЛАСТИТЕ НА СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ВО МИНАТОТОКако кокетирале досегашните градоначалници од двете партии со години наназад и зошто никој до денес кога по предлог на Константин Георгиевски од втор обид се изгласа оваа одлука јавноста може да шпекулира, но институциите треба да проверат дали постоеле коруптивни елементи помеѓу градежниците ( познати под црниот бренд „Урбана мафија“ ) и градоначалниците кои се менуваа низ годините наназад. Станарите пак се оштетени бидејќи купувале станови во згради кои добиле одобрение за да имаат инсталирани дигалки, но во Охрид не постои зграда со дигалка, што пак го отвора прашањето дали станарите можат да тужат и да добијат или оштета или дигалка.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања