Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Република Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pendarovski

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска - 12 септември 2022 година ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, a на покана на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

На состанокот, којшто се одржува во Брдо кај Крањ, ќе учествуваат претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

— реклама —
— реклама —

На лидерскиот состанок ќе се дискутира за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, за безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и за мерките и начините за справување со енергетската и економската криза со кои се соочуваме, како последица на војната во Украина.

— реклама —

Процесот Брдо-Бриони, како заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска е формиран во 2010 година, со цел забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, преку решавање на отворените билатерални и регионални политички прашања, и претставува една од најважните политички иницијативи во Југоисточна Европа, која воедно го трасираше патот за формирање на Берлинскиот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 4 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања