Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-4

Заев: Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО е направено многу

„Извештајот на УНЕСКО го опфаќа извештајниот период до јануари 2020 година и Владата на Република Северна Македонија останува цврсто посветена во јули кога ќе се дебатира овој извештај и кога ќе се донесе конечното мислење, да ги презентираме сите активности што од тогаш се преземени за природното и културното наследство на заштитеното подрачје на Охридскиот регион и одговорно тврдам дека централната власт направи многу“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.„Прифаќам дека УНЕСКО неколку години нé предупредува, но после присуството на експертите од УНЕСКО во извештајниот период е направено многу. И минатото лето и ова лето. Континуирано ја поздравуваме акцијата на отстранување на бесправните градби околу плажите од страна на Охрид, за жал тоа сеуште не можеме да го направиме за Струга, апелирам и Струга да постапува на соодветен начин. Инвестиравме многу во реконструкцијата на колекторот и на негова доизградба до Радожда. Сега веќе нема шанса да се добие дозвола за градба без мислење на Комисијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, нагласи премиерот Заев.Тој додаде дека Владата презема итни чекори за експертско и стручно кадровско екипирање на најрелевантните институции како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство и НП Галичица. Прекинати се работите на регионалните патишта кои беа во спротивност со Планот, а променета е и рутата на железничката линија Кичево-Лин во Албанија која претходно беше предвидено да поминува низ заштитеното подрачје.

Македонија | пред 4 години

bektesi

Бектеши: Откриени неправилности кај три компании за увоз на мазут

Кај три компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни со мазут од страна на Царинска управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот, но во другите параметри согласно стандардите, информираше Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на Топ Тема на Телма Телевизија.Министерот информираше дека утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци за информацијата која што беше објавена за увоз на сомнителен мазут во земјата, а откако овие информации ќе се разгледаат од страна на Владата и ќе биде инфомирана јавноста и секако надлежните органи на прогонот, доколку се утврдат злоупотреби.Министерот информираше дека од вчера заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабараторија на Битрото за метрологија започнаа вонредни контроли за квалитетот на течните горива.“Вчера беа направени вондредни контроли кај пет компании за горивата кои ги користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, кажа министерот Бектеши и додаде дека планирани се контроли во сите десет компании кои што работат со трговија на нафтени деривати, а имаат над 300 бензиски пумпи

Македонија | пред 4 години

planinari-960x717

Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската Спасителна Служба - запре финансиската поддршка

Со 1 глас „за“, 1 глас „против“ и 16 „воздржани“ советниците на Општина Охрид денеска донесоа одлука финансиски да не го поддржат понатамошното функционирање на Планинската спасителна служба при Црвен крст-Охрид. Информацијата ја споделија од службата, револтирани од одлуката.Поради ова, волонтерите решија да се одречат од признанието „Повелба Св. Климент Охридски“ кое им беше доделено од Општина Охрид во 2019 година. Воедно, им се „заблагодарија“ на општинарите за лажните пофалби кои ги добивале при средби со нив.„Денес нам, но и на граѓаните на Охрид, градските советници со одлука ни докажаа, дека безбедноста и здравјето на луѓето не им се важни. Дотолку повеќе, што истите немаат ниту конкретен став, туку гласаат воздржано. Како и до сега, така и понатаму остануваме во служба на граѓаните, волонтерски правејќи го она за што нашите политичари немаат доблест ниту да подразмислат и да заземат став“, велат од Планинската спасителна служба.Оваа служба постои 19 години и досега нејзините волонтери имале стотици интервенции.„Иако само оваа година во најмалку пет наврати, со нашите брзи и успешни интервенции ја спасивме општината од медиумски напади слични на неодамнешниот „кратовски случај“, сепак тоа не го направивме за политичарите и нивните суети, туку за граѓаните, кои благодарение на истите тие политичари, најчесто се оставени на милост и немилост, особено кога станува збор за спасувањето и заштитата“, се вели во нивната реакција.Сепак, од Планинската спасителна служба при Црвен крст-Охрид велат дека остануваат во служба на граѓаните и понатаму.„Се надеваме дека ваквата едногласна одлука на Советот, ќе остане длабоко запишана во историјата на општина Охрид, како пример за останатите состави на Советот, но и како одлика на времето во кое живееме, време во кое властите најниско ги вреднуваат човечкиот живот и волонтерскиот труд на сопствените граѓани, оние на кои треба да им служат. Нека им служи на чест“, стои во нивната реакција.

Македонија | пред 4 години

fontana-2

Кај фонтаната во која никна праз, сега има платформа од бродски под

Златко Марин, ај те молам објасни ми го перформансов, од фонтана да направиш саксија, Напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, наум Стоилковски.Стоилковски во објабата додава:И кој се сети на патека од распукани плочки да нареди платформа од бродски под?За што служи ова?Колку сега чини метро даска за ваква платформа?Сериозно, кој е "автор" на делово?

Скопје | пред 4 години

lulaska-4

Лулашка паднала врз две девојчиња во кафуле

Две девојчиња вчера се здобиле со повреди кога врз нив паднала лулашка.Според информациите од полицијата, настанот се случил во угостителски објект во Струмичко.Тие биле пренесени во струмичката болница каде им била укажана лекарска помош. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

Opstina_Ohrid_030

УНЕСКО со критики за Охридскиот регион – нова препорака да се стави на листата светско наследство во опасност

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на 125 страници на Реактивната мониторинг-мисија, која го посети Охридскиот Регион во јануари минатата година. Најновиот извештај повторно укажува дека Охридскиот Регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност.Во извештајот се бара забрзано спроведување десетици препораки упатени до властите во Македонија и Албанија, уривање на веќе изградените дивоградби и безусловно почитување на мораториумот за градба на крајбрежјето, пренесе „Дојче веле“.Заклучокот на Мисијата е дека препораките за надминување на ранливоста и заканите дадени уште во 2017 година не се исполнети, а се појавуваат и нови.Се наведува дека пописот на дивоградбите е чекор напред, но рушењето на бесправно изградените објекти се одвива многу бавно. Се бара да се забрза рушењето на терасите изградени на брегот на Охридското Езеро, кои на места навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани не само во Охрид туку и во Струга, каде што како пример се посочува Радожда со најголем број изградени ресторани на крајбрежјето.

Македонија | пред 4 години

BobanStefkovski31052021

Стефковски: Изградба на фабрика за горење на хемиски отпад во Гази Баба ќе го загади воздухот и ќе влијае лошо на животната средина

Борис Георгиевски и СДСМ не водат сметка за здравјето на граѓаните и заштита на животната средина. Георгиевски сака да гради фабрика за обработка и согорување на хемиски отпад на територијата на општина Гази Баба. Градење на фабрика за горење на хемиски отпад е спротивно на интересот на граѓаните и животната средина. Загаденост на воздухот во општината е највисоко ниво во Скопје и воопшто на територија на цела Република Македонија, а фабриката за согорување на хемиски отпад дополнително ќе го влоши квалитетот на воздухот, истакна Бобан Стефковски, претседател на ОК Гази Баба.Стефковски додаде:За оваа намена Георгиевски на површина од 230.000м2 на потегот од Железара па се до обиколницата планира донесување на 3 урбанистички проекти со намена постројки за термички, физичко - хемиски и хемиски третман на отпад.Во општина Гази Баба веќе е сконцентрирана тешка индустрија, воздухот е енормно загаден и инсталирањето на нова постројка за третман на отпад сериозно ќе го влоши квалитетот на животот, не само на жителите на општина Гази Баба, туку и на градот Скопје.Граѓаните на Гази Баба се против ваков проект, па логично се поставува прашањето зошто овој проект упорно се турка од страна на Георгиевски? Дали станува збор за лична корист или нешто друго?ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот и со сите демократски средства ќе се спротивставиме на секаков обид за горење на хемиски отпад, што ќе значи ризик по животот на граѓаните на општина Гази Баба.Заштитата на здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се приоритет за кои никогаш нема да правиме компромис и отстапки.Граѓаните на општина Гази Баба се соочуваат со голем број на проблеми и потреби, па затоа му порачувам на градоначалникот наместо да тера бизнис интереси, крајно време е да започне да реши барам еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Скопје | пред 4 години

3-2

Донација од Владата на Република Полска за граничната полиција на Република Северна Македонија

Денеска  на Граничниот премин „Богородица“ амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Н.Е.  Војциех Тицињски на заменик директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Ариф Асани му ја врачи донацијата од Република Полска наменета за граничната полиција што се состои од заштитни средства (заштитни маски, заштитни ракавици, дезифициенси), а во рамки на побараната помош преку Евроатлантскиот координативен центар за катастрофи при НАТО (EADRCC).Заменик директорот на БЈБ  Асани се  заблагодари за донацијата  во име на МВР на Република Северна Македонија  и упати посебна  благодарност  до припадниците на полската гранична стража, кои заедно со македонската гранична полиција учествуваат во заедничките операции за зајакнат надзор на нашата јужна граница, пред се во борбата против илегалната миграција, притоа оддавајќи признание за нивната висока професионалност во извршувањето на поставените задачи.“Несебичната поддршка од Република Полска, најнапред за справување со миграциската криза, а сега и во справувањето со коронавирусот, само ја потврдуваат одличната соработка меѓу двете држави и двете министерства за внатрешни работи, која ќе продолжи да се развива и во иднина“, истакна заменик директорот Асани.Полскиот амбасадор Тицињски, пак, од своја страна нагласи дека оваа активност се реализираше по иницијатива на претседателот на Република Полска, господинот Анджеј Дуда, во соработка со полската Влада.“Полската помош за Република Северна Македонија ја потврдува важноста што ја даваме на  пријателските односи со земјите од регионот. Полска доследно и активно ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција. Ова се однесува и на политичката сфера, како и на практичното споделување на нашите искуства од периодот на пристапните преговори.Нашата  помош  претставува симболична потврда на меѓународната солидарност на Полска со Северна Македонија во контекст на борбата против пандемијата КОВИД-19“, истакна полскиот амбасадор Тицињски.

Македонија | пред 4 години

transpl.-1200x1200

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа. Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска - национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.

Македонија | пред 4 години

Nina

Не правете циркус од протестот, вели организаторот на протестите каде беше згрешена химната

Велешанецот Боби Темелков, кој долги години живее во Канада и е иницијатор и еден од организаторите на протестите за слобода на осудените за нападот во Собранието, побара народот да и прости на поп пејачката Нина Јанева Николовски, поради грешната изведба на химната.Таа, за време на протестот, како и нејзината колешка Тамара Тодевска пред две години, го изостави стихот од химната каде се спомнуваат македонските револуционери, што предизвика револт кај дел од јавноста.-Секој жив човек греши, нека ми се јави кој е безгрешник! Грешката, се согласувам, беше голема и не требаше да се случи, но да разбереме и дека беше сто проценти ненамерна. За неа изведувачот Нина Јанева се објасни и извини јавно! Не дозволувајте од ненамерна грешка да се прави циркус од Семакедонскиот протест за браќата кои гнијат по македонските затвори – порача Темелков.

Скопје | пред 4 години

lagadin1

Се чисти и уредува крајбрежјето во Лагадин

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин“, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.Денеска се изведуваат активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дивата вегетација и кастрење на дрвјата.На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја.Минатата седмица екипите на ова јавно претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот на плажата „Горица 3“, каде што се засадуваше трева и се вршеа подготвителни активности за засадување на украсно зеленило.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Рекордно мали бројки на заболени и починати од корона, споредено со претходно

Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19, сите во Скопје.Регистрирани се 45 оздравени пациент од:Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и  Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).Од пријавените, едно лице  е починато  во домашни, а останатите 4 во болнички услови.Направени се 1.325 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-127, Авицена-152, Биотек-236, Систина-183, лабораторија Лаор-0, Синлаб-45, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68511, Активни 484Куманово 8825, Активни 110Прилеп 8301, Активни 58Тетово 7212, Активни 47Битола 6291, Активни 55Велес 5468, Активни 21Гостивар 5171, Активни 24Кавадарци 5151, Активни 9Охрид 5001, Активни 53Штип 4959, Активни 21Струмица 4110, Активни 41Струга 2980, Активни 26Кочани 2787, Активни 18Кичево 2563, Активни 42Гевгелија 2191, Активни 9Неготино 2183, Активни 9Свети Николе 1522, Активни 10Ресен 1234, Активни 12Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1158, Активни 29Берово 1029, Активни 3Делчево 971, Активни 9Дебар 940, Активни 1Виница 881, Активни 18Пробиштип 789, Активни 3Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 5Демир Хисар 397, Активни 4Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 13Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 6Дојран 132, Активни 0

Македонија | пред 4 години

47_Sednica

Предлог- Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела, помина на совет во Охрид

Советниците од Охрид  дадоа амин за Предлог- Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела.Со оваа одлука се регулира начинот и постапката на паркирање на возила во рамките на градежната парцела. Според одлуката паркирањето може да се организира на ниво на подземните делови на градежната парцела.Според член 3 пак, од оваа одлука не се дозволува користење на монтажни паркинг системи со две или повеќе нивоа , ниту на ниво на терен ниту во подземните делови на градежната парцела. Исто така не се дозволува паркирање на повеќе возила во едно паркинг место со завиени и независни паркинг системи, односно паркирање на повеќе возила едно над друго.Оваа точка според градоначалникот е една од поприоритетните за Охрид, поготово за централното градско подрачје за лето.

Македонија | пред 4 години

policija-3-1

116 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (30.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 116 возачи. Од нив, 27 на територијата на СВР Тетово, а 25 непрописно престигнувале на територијата на СВР Куманово.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

194198084_1003067190462410_2389243866377865627_n

Нова верзија на мобилната апликација на ЈП ПОЦ - Од денес достапна и на англиски јазик

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ денес ја пушта во употреба најновата верзија на ПОЦ мобилната апликација со нови функционалности и значителни подобрувања на дизајнот и прегледноста.Најголем новитет на апликацијата е Green Pay паркичникот кој ќе им овозможи на корисниците на Green Pay платежната картичка да вршат трансвер на средства во зелената мрежа во реално време, надополнување на картичката од други платежни картички, увид на секоја трансакција и детален преглед на остварени средства при рециклирање на пластикомати. Мобилната апликација, исто така, ќе овозможува и емулација на Green Pay картичката односно граѓаните ќе можат да ја користат како платежна картичка преку мобилниот телефон.„Во изминатиот период со проектот „И отпадот има вредност!“ воведовме многу новитети за жителите на Општина Центар кои ги проширија услугите кои ги нуди претпријатието. За таа цел неизбежно беше да се направи нова верзија на апликацијата која ќе им овозможи на корисниците брзо, лесно и едноставно користење на сите наши услуги. Со новиот апдејт ги поправивме сите багови од старата верзија на апликацијата и воведовме многу нови функционалности. Ние нема да застанеме тука, ќе продолжиме континуирано да работиме на развојот на апликацијата.“ – изјави Васко Кичевски, директор на „ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.Мобилната апликација нуди безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната, електронско плаќање паркинг, склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите, најавување на гостински регистрации преку новата Green Pay картичка, пријавување на оштетена урбана опрема на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија, електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, како и многу други поволности.Веќе од денес, апликацијата е достапна и на англиски јазик со цел странските граѓани да имаат можност непречено да ги користат онлајн услугите на претпријатието.Мобилната апликација може да се преземе на App Store и Play Store. Со првото преземање на апликацијата сите корисници ќе добијат 2 часа бесплатен паркинг, додека жителите на Општина Центар ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на Green Pay картичката.

Скопје | пред 4 години

park-skopje

Од утре олабавување на мерките, полициски час останува до 15 јуни

Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.На состанокот на Главниот кризен штаб, по исцрпната дискусија и имајќи ја предвид поволната моментална епидемиолошка состојба со КОВИД-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за КОВИД-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Македонија | пред 4 години

2-1

Единствена Македонија до Заев: Побарај правда и слобода за осудените за 27 април, си ја исполни желбата за одмазда спрема некој од осудените

Синоќешниот народен протест како и претходниот на 25 април во подршка на неправедно осудените лица за 27 април покажа дека народот масовно стои зад барањата за правда и слобода за овие лица.Лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен исказ на сведок и фрлени во темните затворски зандани само поради желбата на Заев за лична одмазда спрема некој од затворените, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Време е власта на Зоран Заев да престане да си поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од обвинетите во најновиот процес кој започна сега против т.н организатори за 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар - слобода за даден глас во Собранието за бришењето на се што е македонско.Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор за правда и слобода за осудените за 27 април.Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај.

Македонија | пред 4 години

ohrid-1

Фирмите кои гo узурпираат крајбрежјето во Охрид, под лупа на сеопфатна истрага на неколку институции

Од како е забележано масовно давање откази во угостителството и бегање на работната сила во фабричките хали, како и поради притисокот од странските претставништва да се реши проблемот со криминалот кој се прави со узурпацијата на брегот на Охридско Езеро, од повеќе државни институции се побарани информации и координирано е започната акција на испитување на финансиското и трудовото работење на фирмите кои ги стопанисуваат узурпирани плажи - дознава NEWS1 од извори во Владата.ФРАПАНТНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ КОИ ОТВОРААТ БРОЈНИ ПРАШАЊАКако што дознаваме проверките направени во официјално пријавените финансиски биланси покажуваат дека еден угостителски објект лоциран на дел од брегот непосредно до урбаната зона на Охрид од 2017 година до 2020 година остварил приходи од над 190 милиони денари ( над 3 милиони евра ), додека друг угостителски објект кој е во близина на споменатиот кој исто така е распослан на илјадници метри квадратни узурпирано државно земјиште,  а за разлика од првиот остварил далеку помали приходи од само над 1 милион денари и имал само еден вработен.Милионски приходи остварил и угостителски објект кој противзаконски узурпира плажа во урбаната зона на Охрид,  во самиот град,  а кој остварил над 60 милиони денари ( над 1 милион евра ).   Извори за NEWS 1 велет дека имињата на фирмите кои се под лупа на иннституциите од страна на истите, за брзо време ќе бидат обелоденети, по комплетирањето на документацијата.ИЛИ НЕМАЛЕ ВРАБОТЕНИ ИЛИ ПАК ГИ ДРЖЕЛЕ НА ПОЛА РАБОТНО ВРЕМЕДека овие угостители се занимаваат само со менаџирање на начини и процеси како што е можно повеќе да ја оштетат државата се гледа и од проверката на тоа какви и колку вработени имале. Па така откриено е дека тоа варира од целосно работење на црно ( со само еден пријавен кај еден од објектите ) до пријавување на вработени на пола работно време кај другите, што пак отвора прашање како вработените се плаќани за останатите часови работи, ако се знае дека објектите работат скоро по 20 часа на ден.Сите овие откриени податоци институциите најверојатно ќе ги презентираат јавно, по што јавноста сама ќе има можност за конкретни угостителски објекти да добие претстава колку пари заработувале , а со години ништо не плаќале ( и со помош на скапо платени адвокати и евтино платени локални медиуми ) ги заглавувале процесите во судовите со цел да продолжат да не плаќаат ништо на државата и да остваруваат астрономски профити на штета на народот и градот Охрид.КАМПАЊАТА ДЕКА ОХРИД ЌЕ ОСТАНЕЛ БЕЗ ТУРИЗАМ ПРОПАЃА ВО СТАРТИ додека градот и државата ги прават проверките кои откриваат тешки кршења на законите, дел од допсисниците и локалните интернет портали се обидуваат на јавноста во државата да и прикажат погрешна и лажна слика дека Охрид ќе останел без понуда на плажите, што секако не е точно бидејќи на брегот на езерото работат и постојат хотели, плажи и други угостителски објекти кои постојат со децении и работат легално, со пријавени вработени и пријавен промет и што е најважно без да вршат узурпација на земјиште сопственост на државата и народот.КАКВА Е И ЈА ИМА ЛИ ПОВРЗАНОСТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ПЛАЖИТЕ ? !Под истрага ќе се најдат и политичките естаблишменти кои до сега го владееја Охрид, со оглед на тоа дека овој период за кој се проверувани бројките во работењето опфаќа три градоначалници на Охрид. Како што дознаваме се проверувало и што правеле инспекциските служби сите овие години.Константин Георгиевски е единствен градоначалник на Охрид кој со тешки опструкции и саботажи од други институции во Охрид се почна акција за отстранување на овие објекти кои нелегално стопанисувале на повеќе полиња со години, кумулирале средства и го доведоа Охрид до фаза да биде избришан од УНЕСКО.извор: NEWS1 

Македонија | пред 4 години

Nina

ВИДЕО: Нина призна дека ја згреши химната, оправдување нема

Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар. Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите… Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од се. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани. Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв – со овие зборови се обрати поп пејачката Нина Јанева Николовски, која вчера за време на протестот за слобода на осудените за нападот во Собранието, направи грешка при интонирањето на химната, објави ,,Фокус”.Таа, за време на настапот го ,,скокна” стихот со македонските револуционери, по што се најде на јавен линч.За ,,Фокус” Нина вели дека со овие неколку реченици кажала што има да каже, и повеќе нема да дава други изјави на темата.Текстот во целост на: ,,Фокус”

Македонија | пред 4 години

direktorka-pazaren

По скандалот со мазутот: Се враќаат цистерни, се прават контроли, се ровари по бензиски

Почнуваат засилени контроли на терен на сите видови нафтени деривати, конкретно на моторни бензини и дизел, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за антикорупција, Љупчо Николовски, и новата в.д. директорка на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска.За контрола на бензинот и дизелот се користи мобилната лабораторија на Бирото за метрологија, која е акредитирана. Од утрово се посетени три бензински пумпи, а како што најавија Бектеши и Симеска-Димоска, контролите ќе продолжат и во текот на денот.„Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на возилата кои се користат во нашата земја. На тој начин, не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации, туку ќе се заштити и животната средина“, рече Бектеши.Тие не сакаа да откријат чиј бензински пумпи се на нивната листа за денешните вонредни контроли, но како што рече Бектеши, станува збор за бензински пумпи и увозници кои го покриваат најголемиот дел од пазарот во државата.„Денешните надзори се само почеток на вонредните надзори кои ќе продолжат од утре понатаму и ќе бидат дел од нашите приоритети на целата територија на државата … Со оглед дека лабораторијата е мобилна, во план е вакви контроли да се вршат и на самата граница, секако во соработка со Царинската управата“, додаде директорката на ДПИ.извор: 360stepeni.mk

Македонија | пред 4 години

petar

Османи ја промовираше МКарта, иницијатива за истакнати нашинци во дијаспората

Наши истакнати личности во странство ќе добијат МКарта со која ќе добијат одредени бенефиции како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.Тој појасни дека МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на земјата во странство– Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин – да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи нѐ како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови – додаде тој.Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и слично.Османи кажа дека во соработка со други владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности.Министерот појасни дека е планирано детектирањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 4 години

IMG_6648

Заев и Спасовски во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Денеска, во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Лазарополе,првиот човек на МВР ,Оливер Спасовски,директорот на БЈБ Сашо Тасевски ,заменик директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски и командантите на специјалните единици беа домаќини на завршната вежба на која присуствуваа и претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата Љупчо Николовски, и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски.Со особено задоволство од присутните беше проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР. За време на вежбата пред присутните високи гости , кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.Во оваа пригода министерот Спасовски на претседателот на Владата Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски , директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

Македонија | пред 4 години

nikoloski

„ВМРО-ДПМНЕ поседува бројна документација за скандали и афери“, што значи оваа најава на Николоски?

Информациите за случајот со КРИМИНАЛОТ во РЕК Битола до ВМРО-ДПМНЕ стигнаа од високопозициониран член на највисокото раководство на СДСМ кој заради Законот за заштита на свиркачи не можам да го споменам по име и презиме, напиша на својот ФБ профил потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.Николоски во објавата додава:Во моментов ВМРО ПОСЕДУВА БРОЈНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СКАНДАЛИ И ДРУГИ АФЕРИ од коруптивен карактер што ќе ги изнесеме пред јавноста наредниот период, а исто така се добиени од високопозицонирани лица во самиот врв на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Улици за луѓе – се одржа денот без автомобили во Аеродром

Голем број граѓани денеска ги оставија автомобилите и учествуваа на Денот без автомобили, што под мотото „Улици за луѓе“ се одржа на улицата Васко Карангелески во Аеродром. Оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед. Во одбележувањето на овој ден се приклучи и градоначалникот Петре Шилегов, кој на настанот пристигна со велосипед.- Денешниов ден го искористивме за една хумана мисија која ја зацртавме пред 4 години, а се однесува на одржливата урбана мобилност. Она по што се разликува овој ден без автомобили од претходните е фактот што за прв пат во Скопје овој ден се организира надвор од Европската недела на мобилноста и за прв пат се затвора една градска улица во времетраење од 12 часа, за разлика од претходните затворања кои траеле симболични 2-3 часа. Целта на оваа акција е стимулирање на алтернативниот начин на транспорт, алтернативното движење низ урбаните средини и граѓаните да видат дека можеме да живееме без автомобили. Тое е нешто што ние го работиме во изминативе три и пол години, надминавме над 100 километри добро организирани велосипедски патеки, а такво нешто ќе се случува и токму на оваа улица со нејзината реконструкција, која наскоро ќе биде велосипедска спојка за граѓаните од Лисиче со новиот мост. Воведувањето на брз автобуски превоз (БРТ) е една од низата мерки што градот ги презема за да ги замениме индивидуалните автомобили како начин на транспорт, со цел да го намалиме сообраќајниот метеж, да ја заштитме животната средина и да ги навикнеме луѓето на здрав начин на живот и да можат од овде од Аеродром побрзо да стасаат со велосипед по безбедна велосипедска инфраструктура. Сето ова е во рамките на акцискиот план за Зелен град кој интензивно се спроведува веќе втора година по ред и можеме да видиме дека дава резултати и во намалувањето на загаденоста на воздухот – рече Шилегов на денешната акција „Улици за луѓе“.Шилегов упати благодарност за оваа иницијатива до неформалната група велосипедисти „НаТочак“ која е долгогодишен партнер на градот во делот на унапредувањето на велосипедските политики.Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

Скопје | пред 4 години

193283574_4706399936042746_1914541158526089390_n

ЗАЧУКА ПРЕСАДЕНОТО СРЦЕ: Успешно изведена и оваа операција

Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден.„Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа, а следните 48 часа се критични. На пациентката и посакувам побрзо опоравување“, напиша министерот Филипче.Се огласи и Жан Митрев, по операцијата.„Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор. Во просториите на државната кардиохирургија Академик д-р Zan Mitrev заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја. Станува збор за 40 годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32 годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден. Голема благодарност и на сите останати доктори од кардиохирургија кои зедоа учество, како и другите членови на тимот од Клиничката болница Жан Митрев: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев. Секако голема благодарност на доц. д-р Маја Мојсова Мијовска – националната координаторка за трансплантација, Министерство за здравство и Венко Филипче“, напишаа од клиниката Жан Митрев.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања