Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grubi-4

(ВИДЕО) Груби на прашањето за Меџити, одговара со „ц’цкање“

На начин “А ла Рама, првиот вицепремиер Артан Груби му одговори на неговиот сопартиец од ДУИ, Изет Меџити, кој вели дека како Груби така и Османи не го претставуваат електоратот на Интегративците во Скопје, објави ТВ 21.Како што би одговорил премиерот Рама на разни прашања за политичките случувања, и јас го имам истиот одговор: ццццц….ТВ21:Зошто?Груби: Цук…ТВ21: Немате никаков коментар?Груби: Цук…цук….никаков!Ваквиот стил на одговарање не е непознат за албанските политичари. Албанскиот премиер Еди Рама често го користи…Последен пат, кога не сакаше да зборува за Албин Курти.Текстот во целост на: ТВ 21.

Македонија | пред 4 години

w_56803989

Денеска регистрирани 10 починати лица и нови 23 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1.Регистрирани се 1.191 оздравени пациент од:Скопје – 475, Куманово – 115, Битола – 103, Охрид – 93, Тетово – 50, Прилеп и Велес – по 40, Кичево – 31, Струга -24, Свети Николе и Ресен – по 19, Гостивар и Штип – по 18, Кавадарци и Гевгелија – по 16, Струмица, Кочани, Радовиш и Делчево – по 14, Виница – 13, Крушево и Демир Хисар – по 12, Неготино – 8, Македонска Каменица – 5, Крива Паланка – 3, Валандово – 2, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 1.Пријавени се вкупно 10 починати лица: 5 лица од Скопје (88г,80г,74г,66г,57г) и по едно лице од Куманово (88г), Битола (63г), Кавадарци (78г), Струга (76г) и Кочани (83г).Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.Направени се 2.755 тестови преку: ИЈЗ-414, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–19,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-244, Биотек-431, Систина-165, лабораторија Лаор-451, Синлаб-19, Ремедика-15, Плодност–71, Генеа–95, Никоб лаб-19, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 431.Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68508, Активни 506Куманово 8825, Активни 114Прилеп 8301, Активни 58Тетово 7212, Активни 49Битола 6291, Активни 61Велес 5468, Активни 21Гостивар 5171, Активни 24Кавадарци 5151, Активни 10Охрид 5001, Активни 53Штип 4959, Активни 22Струмица 4110, Активни 41Струга 2980, Активни 26Кочани 2787, Активни 19Кичево 2563, Активни 43Гевгелија 2191, Активни 9Неготино 2183, Активни 9Свети Николе 1522, Активни 10Ресен 1234, Активни 12Крива Паланка 1219, Активни 3Радовиш 1158, Активни 34Берово 1029, Активни 3Делчево 971, Активни 9Дебар 940, Активни 1Виница 881, Активни 21Пробиштип 789, Активни 4Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 2Крушево 490, Активни 5Демир Хисар 397, Активни 4Демир Капија 396, Активни 0Кратово 374, Активни 13Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 6Дојран 132, Активни 0Фото: Архива

Македонија | пред 4 години

transpl.-1200x1200

Третиот донор на срце во земјава е четириесетгодишна жена од Скопје

Министерот за здравство Венко Филипце утрово информираше дека во тек е трансплантација на срце, трета во земјава во рок од една година.Донорот е жена од Скопје на возраст од 40 години. Таа добила спонтано крваренје во мозок и случајот бил иноперабилен. Ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.

Македонија | пред 4 години

vreme

До среда, облачно и врнежливо време

Времето ќе биде претежно облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот, информира УХМР.Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени.Во Скопје облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.Во првите два дена од работната седмица ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизација на времето со зголемување на температурите.

Македонија | пред 4 години

durlovski

Дурловски му испрати порака на Шилегов, откако го натече фашист

Градоначалникот на Скопје продолжува со навреди кон мене и во интервју ме нарекува фашист.Петре, слушај вака, таму кај што сум газел ти допрва ќе газиш а не мислам на светските оперски сцени.

Македонија | пред 4 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Нови правила за влез во Грција

Вчера беше донесена нова, заедничка министерска одлука на грчката Влада, која се однесува на одредбите за влез на странски државјани во Грција.Според оваа одлука, која ќе важи до 7 јуни годинава, завршен е списокот со услови за влез на странски државјани во Грција.Деца постари од 5 години сè уште треба да направат ПЦР-тест. Ново е што можат да влезат и туристи од БиХ и Република Српска, што не беше случај досега.Формулар, вакцина, сертификати…Списокот со услови за влез во Грција е следен:1) Пополнет формулар PLFОвој формулар можете да го најдете на travel.gov.gr2) Доказ за имунизацијаОвој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во земјата, при што последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред пристигнувањето во Грција.Ако не сте вакцинирани, мора да имате негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, сепак задолжителен и за деца кои имаат повеќе од пет години. Ако сте го прележале коронавирусот треба да имате потврда дека сте биле позитивни на Ковид-19 во период од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето во Грција. Тоа се потврдува со позитивен ПЦР или антигенн тест со кој ви бил дијагностициран вирусот.Новина во одредбатаОна што е ново е промената на забраната за влез во земјата за граѓаните на Босна и Херцеговина кои веќе влегуваат под истите услови како и оние граѓани кои претходно ја добиле таа дозвола, на пример Србија или С. Македонија.Сепак, ништо не е променето за граѓаните на Црна Гора.Преминот Евзони останува отворен од 7-23 часот (по грчко време).Преминот Промахонас останува отворен цел ден.

Македонија | пред 4 години

transpl.-1200x1200

Филипче: Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја

Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзид-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти. Да се надеваме на успех и да им држиме среќа , објави пред малку на својот ФБ профил министерот Филипче.

Македонија | пред 4 години

29052021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija-1

Заев: Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата

Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата, изјави премиерот, Зоран Заев.„Имаме соодветни политики за да правиме меко спуштање на либерализацијата во време кога приватните компании се во слободниот пазар и не го покриваат тој гап што се јавуваше во покритието на цените на домаќинствата, но со соодветни стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика огромни инвестиции од милијарди евра во фотонапонски централи за да можеме соодветно да направиме транзиција на енергетскиот сектор во Северна Македонија“, рече  премиерот.Заев најави низа инвестиции во обновливи извори на енергија и кажа дека тие инвестиции ќе ги чинат граѓаните.„Уште еднаш напоменувам инвестициите во обновливите извори на енергија, треба да знаат сите како што е насекаде во светот, ќе ги чинат граѓани, заради тоа што ако сакаме здрава зелена енергија, таа се плаќа поскапо и нормално државата ќе развие планови за социјално помагање на сиромашните граѓани преку посебни програми каде што директно ќе интервенираме за нивното поднесување на сите нови политики околу либерализацијата на енергетиката во Северна Македонија и идниот раст на цените на струјата“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

protets-8

(ФОТО и ВИДЕО) Мицкоски: Заев да не си игра со трпението на народот

Со извици за „Оставка“ и „Никогаш северна, само Македонија“ започна и денешниот протест пред Владата  организиран под слоганот „Слобода за уставобранителите“. Поголем дел од насобраните граѓани носат транспаренти за ослободување на Јане Ченто, Горан Ангелов- Ќосето и другите осудени за крвавиот четврток на 27 април 2017. Според организаторите на протестот, како што е соопштено, организации и здруженија од дијаспората, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април" се политички монтирани. Поддршка на протестот има и од ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу присутните се и лидерот на партијата и функционери од раководството.„Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај. Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.За „27 април", 16 лица се осудени на затворски казни од над десет години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок". Амнестирани беа 12 обвинети, меѓу кои тогашните пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 4 години

kuka-vodno

(ВИДЕО) А1ОН: На Водно ќе им никне зграда во дворот – соседите го откупиле земјиштето без да знаат

Маја Сотировска и Жарко Будимовски, двајцата наследници на дуплекс куќа на Водно која од 1968 год им била доделана на нивните родители заедно со голем двор три недели се распаметени оти соседот го откупил од државата дворот што им бил даден на користење, го споиле со нивните мали парцели и се подготвуваат за градење на голем објект, објави А1ОН.Се обиделе да ја спречат сечата и тие и останатите соседи, но не усеале. Се жалат дека не биле известени ниту за приватизацијата на земјиштето, нити за сечата, ниту пак за градбата што се планира во дворот.„Незаконски откупиле нешто што не им припаѓа. Откако сето ова почна да се случува, утврдив дека овде има три парцели. Ми кажаа од архитектонско биро дека има три парцели, 1818 на име на ќерките на архитектот Крсте Тодоровски. Другата парцела е 1817, на Гоце Лазаревски, кој живееше до него во помалиот објект, а кој не е тука и живее на друга адреса веќе 25 години, а третата парцела е додадена, 1820. Не знаев дека е направено тоа. Ние сме имале предност за откуп на тоа земјиште“, вели Сотировска за А1ОН.Таа, заедно со Будимовски, поднела барање за приватизација на дворот во 2014 година.„Пред истекот на рокот заедно со комшијата поднесовме барање за дворната површина врз основа на користење на земјиштето и правото на владение на овој објект. Се работи, според закон, за 500 квадратни метри”, вели Сотировска.Добиле одговор дека барањето им е нецелосно и велат дека постапиле по насоките што им биле дадени за комплетирање на документацијата.„Да се комплетира документацијата. Недостигаше геодетски елаборат. Викнавме геометри, изработија елаборат, во меѓувреме го затуриле. Јас го имам тој елаборат. Требаше да се дополни со цедиња и да се поднесе повторно барање за имотниот лист“, објасни Сотировска.Постапката не ја завршила поради проблемите кои ја навјасале. Починала Мајка и па брат и, а останала и без работа.Сотировска и Будимовски бараат мораториум од шест месеци за планираната градба, време во кое би се утврдило на кој начин државното земјиште станало приватно. Сметаат дека Општина Центар ја прекршила постапката оти тие како први соседи и корисници на земјиштето не биле известени дека ќе има сеча и дека ќе почне изградба на нов објект. Известена била една сосетка, која се обидела, но не успеала да поднесе приговор.Текстот во целост на: А1ОН.

Скопје | пред 4 години

vozac

Санкциониран скопјанецот што возеше во спротивна насока во Ѓорче Петров

Полициски службеници од Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје презедоа мерки и активности и денеска (29.05) го пронајдоа и санкционираа лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа „тик ток“. Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.Министерството за внатрешни работи продолжува со санкционирањето на несовесните граѓани, кои со непочитувањето на сообраќајните правила и прописи ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

nikola-1

Георгиески со сочувство за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски

Изразувам искрено жалење за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски.Даниловски како чувар на мрежата на ракометниот клуб на Охрид ги помина сите младински репрезентативни категории, а се наоѓаше и на поширокиот список на репрезентативци на сениорската репрезентација.Загубата е ненадоместлива, упатувам искрено сочувство до фамилијата, напиша во својата ФБ објава Георгиески.

Македонија | пред 4 години

nikola

Македонија загуби златно момче – голманот на ракометниот клуб Охрид го загуби животот

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ЗЛАТНО МОМЧЕ...Никола Даниловски беше пред се, човек кој секогаш пленеше со својата насмевка. Трудољубив, момче со голема душа, голем професионалец, пишува во објавата на Мак Спорт на ФБ.Во објавата се додава:Беше дел од младинското СП во Алжир заедно со Кузмановски, Талески, Велковски...И Кирил Лазаров веруваше во неговиот потенциал, тој се најде на неговиот список во минатите квалификации.Фантастичниот талент го прикажа и во дресот на Охрид.Почивај во мир Никола, засекогаш ќе останеш во нашите срца...

Македонија | пред 4 години

lagadin

Трагедија во Охрид: Се удави млад ракометар, безживотното тело утрови извадено кај Лагадин

Трагедија го потресе утрово Охрид. Животот го загуби млад спортист. Безживотното тело е пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Лагадин.Од полицијата за Охрид 1, велат дека на телото немало траги од насилство. Од таму брифираат дека полицијата од синоќа превземала одредени мерки својствени за вакви случаи.На местото на трагичниот настан извршен е увид, и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

Денеска 33 новозаболени, 3777 тестирани, 11 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.Регистрирани се 92 оздравени пациент од:Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г,77г,77г,77г,92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г).Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.Направени се 3.777 тестови преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–17,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–68, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-224, Авицена-303, Биотек-469, Систина-184, лабораторија Лаор-557, Синлаб-96, Ремедика-92, Плодност–46, Генеа–56, Никоб лаб-48, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 916.Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68493, Активни 971Куманово 8823, Активни 228Прилеп 8300, Активни 97Тетово 7212, Активни 99Битола 6291, Активни 165Велес 5468, Активни 61Гостивар 5171, Активни 42Кавадарци 5151, Активни 27Охрид 5000, Активни 145Штип 4959, Активни 40Струмица 4109, Активни 54Струга 2980, Активни 51Кочани 2787, Активни 34Кичево 2562, Активни 73Гевгелија 2191, Активни 25Неготино 2183, Активни 17Свети Николе 1522, Активни 29Ресен 1234, Активни 31Крива Паланка 1219, Активни 6Радовиш 1158, Активни 48Берово 1029, Активни 3Делчево 971, Активни 23Дебар 940, Активни 1Виница 881, Активни 34Пробиштип 789, Активни 5Валандово 666, Активни 3Богданци 494, Активни 3Крушево 489, Активни 16Демир Хисар 397, Активни 16Демир Капија 396, Активни 0Кратово 373, Активни 13Македонски Брод 359, Активни 3Пехчево 268, Активни 1Македонска Каменица 249, Активни 11Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

momir-za-skopje

„Јас сум самокритичен, совесен“, вели сопственикот на Таверна „Момир“, кој денеска самостојно ја урива платформата

Општина Охрид не отстапува од расчистувањето на крајбрежјето од дивоградби. Сите  кои без дозвола изградиле или доградиле објекти, тераси, платформи добија решение со рок од три дена за отстранување на истите.Денеска се урива платформата од Таверна „Момир“, во стариот дел на Охрид. Сопственикот на истата за вели дека постапуваат според решението на локалната самоуправа.„Јас сум самокритичен, совесен и затоа денеска ја отстрануваме платформата. И покрај тоа што во катастар е влезен мост на ова место, но тој мост не одговараше спрема објектот, па ние го оплеменивме. Но, според решението еве денеска комплетно ќе отстраниме се што сме изградиле, вели Ристо Момир за СКОПЈЕ 1.Инаку градоначалникот во неколку наврати апелираше сопствениците на дивоизградени објекти да постапат според решенијата на Општина Охрид, во спротивно локалната ќе ги отстрани објектите. Тој е категоричен дека крајбрежјето мора да се расчисти во целост според препораките на Унеско.Инаку се расчистија и плажите за што предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на истите.„Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, истакна неодамна Георгиевски.

Македонија | пред 4 години

helsinski

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за грубото кршење работнички права во Штип

Хелсиншкиот комитет за човекови права во изјави следното околу прекршувањето на работничките права во текстиланата индустрија во Штип:Штипските текстилни работнички од конфекцијата Алкон-текс (конфекција Лонгуров) и денеска протестираа пред седиштето на работодавачот, барајќи заштита на своите работнички права и исплата на априлската плата. Ова е втор протест, по вчерашниот, на кој ја побараа заработената плата, како и заштита од институциите. Текстилните работнички најавија дека утре, во 9 часот, повторно ќе се соберат пред седиштето на работодавачот за да го изразат своето незадоволство.Неисплаќањето на платите е само едно од низата прекршувања со кои се соочуваат текстилните работнички. Најновите истражувања покажуваат дека изминатава година, вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале без работа, а невработеноста е со највисок пораст во Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово, каде што текстилната индустрија е најразвиена. 17.000 работници останаа без заработената плата за февруари, март и април, заради тоа што опозицијата во Собранието со недели го блокираше петтиот пакет економски мерки. Меѓу нив беа и 6000 текстилни работнички што работодовачите ги испратија на принуден одмор, поради тоа што ја чекаа државната финансиска помош.Воедно, загрижувачки е и тоа што текстилните работнички честопати работат со договори за вработување на определено време од еден месец, па така, се наоѓаат во постојана неизвесност затоа што во секој момент работодавачите можат да одлучат дека веќе немаат потреба од нив. Стравувањето за губење на работното место и егзистенцијата го повредува правото на работникот на достоинствена работа.Правото на работа и на соодветна заработувачка е уставно загарантирано право на секој вработен. Исплаќањето на плата под минималната, а во случајов неисплаќањето на никаков надоместок, значи сериозен удар по егзистенцијата на работниците и нивните семејства. Уште еднаш потенцираме дека сето ова се случува во услови на тешка здравствена и економска криза, кога трошоците за исхрана и основно живеење на работниците секојдневно се зголемуваат, а плаќањето на нивните сметки за струја и за вода не се одложува ниту пак чека на нивните плати.Заради сериозните прекршувања на работничките права со кои се соочуваат текстилните работнички, Хелсиншкиот комитет за човекови права побара Државниот инспекторат за труд да спроведе вонреден инспекциски надзор кај работодавачот и да утврди неправилности во примената на трудовите правила. Дополнително, Комитетот ќе ги контактира и останатите надлежни институции како што се Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција, со цел да се испита дали работодавачот е корисник на државна финансиска помош и дали добиените средства ги злоупотребил. Хелсиншкиот комитет ги повикува сите државни институции да постапуваат со должно внимание согласно своите надлежности и да бараат одговорност од работодавачите кои грубо ги кршат работничките права.Фото: Хелсиншки комитет за човекови права 

Македонија | пред 4 години

soobrakajna-nesreka

Пет лица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

Пет лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15,30 часот на регионалениот пат Тетово-Јажинце во с.ТеарцеНесреќата се случила помеѓу „ауди А3“, управувано од М.Ј.(61) од с.Глоѓи и „голф“, управуван од М.З.(47) од Тетово во кое биле и тројца сопатници.По незгодата сите учесници биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово, каде на сопатникот од „голфoт“, Ќ.Б.(45) од с.Џепиште му била констатирана тешка телесна повреда додека на останатите им биле констатирани повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 4 години

dres

За 24 часа над 11.000 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација

Повеќе од 11.100 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, неполни 24 часа откако иницијативата беше покрената во петокот на социјалните мрежи.Петицијата насловена „Македонија на ЕП во старите дресови!“ осамна на интернет ФФМ вчера ги претстави новите дресови  за дебитантскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО 2020, предизвикувајќи поделени реакции во јавноста. Критики особено предизвика повлекувањето на традиционалниот црвено-жолт дрес и негова замена со редизајн во бордо боја.Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) засега нема официјална реакција на иницијативата за повлекување на новите дресови во бордо, бело-жолта и црно – портокалова комбинација дизајнирани од германскиот производител на спортска опрема „Јако“.На својот официјален сајт, „Јако“ синоќа објави дека новите македонски дресови веќе можат да се купат во Германија во специјализирани продавници за спортска опрема.

Македонија | пред 4 години

5-11

Владата го повлече Предлог-законот за дивоградби од собраниска процедура

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство (МТВ) организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Струјата можно е да поскапи најмалку 5 проценти

Досега, барања за корекција на струја до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), поднеле Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), Националниот енергетски пазарен оператор (НЕМО) и Електродистрибуција. Како што велат од РКЕ, доколку ги усвојат нивните барања, за сметка од 1.000 денари, цената би се зголемила околу 50 денари, односно 5 проценти, објави Република. Но, овие три компании, во сегашното формирање на цената на струјата, учествуваат со 39,57 проценти, а најголемо учество има државната команија ЕСМ во чија сопственост се домашните енергетски капацитети – со 42,88 проценти. Потоа, со 10,26 проценти во сегашната цена учествува ЕВН хоум и со 7,3 проценти обновливите извори на енергија за кои има загарантирани повластени тарифи во период од 15 до 20 години.Новиот ценовник Регулаторната комсија за енергетика ќе го одобри со важност од 1 август.Според новата регулатива, трошоците на ЕСМ, веќе 2 години, не се под лупата на Регулаторната комисија за енергетика. ЕСМ на тендер ја нуди струјата, но за да се заштитат домаќинствата и малите потрошувачи, според регулативата, мора да задоволат 70 проценти од потребите на универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ за 2021 година. Во претходните две години, тој процент беше повисок, но во наредните ќе се намалува во фунција на либерализација на пазарот на електрична енергија.На тендерите до април, ЕСМ на ЕВН хоум му нудел струја по 38,8 евра за мегават-час електрична енергија и таа е дури триесеттина проценти пониска цена од онаа што се плаќа на другите компании што продаваат струја, односно нивната просечна цена била околу 60 евра. Исто, во првите 4 месеци од годината, трошоците за обновливите извори на енергија биле 99 евра за мегават-час, а лани биле 113 – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.Тој вели дека тоа по која цена ЕСМ ќе ја понуди струјата на тендерот во втората половина од јуни е деловна одлука на компанијата.„Електродистрибуција“ е вториот најголем учесник во формирањето на цената на струјата, и тој во сегашната цена учестува со 35,91 проценти. „Електродиструбуција“, со последната регулатива, се издвои како посебна фирма од ЕВН, бидејќи според европската директива еден субјект не може да дистрибуира и да продава струја. Оваа компанија побарала зголемување на цената од 0,95 проценти. Регулаторната комисија го кажува крајниот збор за „Елкетродистрибуција“, за МЕСПО кој побарал 140 проценти зголемување на својот дел и за барањето на НЕМО за зголемување од 0,13 проценти.Нема да признаеме било какви трошоци што не се поврзани со основната дејност – дециден е Бислимоски.Универзалниот снабдувач со струја, односно продавачот е „ЕВН хоум“. Тој има маржа од 10,47 проценти утврдена на тендер за период од 5 години. Но, како што објаснува Бислимоски, тоа не е само компаниски профит, затоа што со маржата треба да се покријат и материјални трошоци, амортизација, загуба на струја во систем. Оваа година, тие трошоци заедно, како маржа изнесувале 30 милиони евра, а профитот бил околу 1 процент.извор:  Република. 

Македонија | пред 4 години

51F7377D-39A0-4F5F-9BAA-1327B1731980

(ФОТО) Груевски со згодна плавуша на пијанка: Која е таа?

Нова фотографија од експремиерот и азилант во Унгарија, Никола Груевски, кружи на социјалните мрежи. Од неа се гледа како Груевски седи на маса со згодна плавуша, со која пијат. Непознато е кога е направена фотографијата, но доаѓа по подолга пауза кога се во прашање информациите за Груевски во јавноста.Неофицијално, според пишувањата на одредени портали, станува збор за девојка која е родум од Србија. Која е нејзината поврзаност со Груевски, е непознато.Претходно, Груевски беше фотографиран и со други девојки, од кои дел беа направени на забави во Унгарија.Слободата на Груевски и шетањето со девојки дојде откако тој избега во Унгарија. Додека тој е на пијачка со згодна плавуша, неговите најблиски соработници Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески се секојдневно по судови. Јанкуловска веќе неколку месеци е во затвор, а Јанакиески во куќен притвор поминува скоро три години.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-05-28-at-22.28.53

ВИДЕО: Јас зборував токму за Вице Заев, вели Мицкоски откако претходно го негираше ова тврдење

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју на „360 степени“ вели дека бил ироничен кога изјави дека никаде не го поврзал братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев со случајот за наводен рекет поврзан со РЕК „Битола“ што Мицкоски го обелодени пред неколку дена.„Претпоставувам ја разбравте иронијата и сарказмот во мојата изјава. Јас зборував токму за тоа лице Вице Заев и за оваа фамилија на власт дека се длабоко замешани во вакви скандали уште многу пред ова да се објави на македонската јавност“, вели Мицкоски.Тој негира дека се дистанцира од брифингот со новинарите на кој го презентираше случајот за наводен рекет поврзан со РЕК „Битола“ и додава дека изјавата дадена вчера во Прилеп во која вели дека никаде не го споменал Вице Заев, тврди дека е иронична.Претходно, Мицкоски од Прилеп кажа дека не зборувал за Вице Заев.„Никаде јасно не посочивме дека во скандалот со изнудување пари од битолска фирма е замешано ова лице што го споменувате. Во Записникот од ОЈО стои името Вице Н., а зошто братот на премиерот се препознал и зошто беа потребни сите тие навреди и реакции кон мене, не знам. Јас никаде на тој брифинг со новинарите не го спомнав името и презимето на Вице Заев“,рече денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Прилеп.

Македонија | пред 4 години

zaev-dino-1

(ВИДЕО) Заев им се воодушевуваше на диносаорусите во парк и ги учеше видовите

Официјално отворен Дино паркот во скопската Зоолошка градина. Проект најавуван подолго време ги носи праисториските „чудовишта“ во Скопје. Изложени се повеќе интерактивни механички примероци на најпознатите диносауруси кои беа истребени од Земјата пред околу 65 милиони години.На отворањето присуствуваше цела влада, односно премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар Мухамед Зекири, министрите Венко Филипче, Мила Царовска, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со синхронизирани движења, кои испуштаат звуци. Има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца. Низ паркот се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија.Видеото може да го погледнете на овој линк ...фото: PRTSC

Скопје | пред 4 години

nesreka-skopje

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Охрид, автомобил се преврте

Сообраќајна несреќа на булеварот Туристичка во Охрид. Како што информира портпаролот Стефан Димоски во несреќата учествувало едно возило, во кое бил само возачот. За среќа во истата нема поголеми последици, причинета е само материјална штета. Димовски додава дека се утврдуваат причините за несреќата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања