„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сите споделуваат смешна анегдота од животот на кралицата: „Се надевам дека некој ќе му каже“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Elizabeta

Поранешниот службеник за кралска заштита, Ричард Грифин, неодамна сподели со јавноста една од најдобрите анегдоти за кралицата Елизабета Втора која се уште се раскажува до ден-денес.

— реклама —

Имено, во интервју за Sky News во јуни, тој се присети на моментот кога кралицата запознала двајца американски туристи додека се шетала низ нејзиниот шкотски имот - и иако дефинитивно била една од најпознатите луѓе на светот, тие немале поим која е таа.

"Таа шеташе околу замокот Балморал во Абердиншир, Шкотска, облечена во твид и со шал околу главата. Дојдоа овие двајца планинари, одеа кон нас, а кралицата, како и секогаш, застана и ги поздрави. Беше јасно дека таа Американците воопшто не ја препознаа, што беше во ред.

— реклама —

Еден ја праша Елизабет дали живее во таа област, на што таа одговори дека има куќа во близина. Таа му рекла дека нормално живее во Лондон, но дека има куќа овде веднаш над ридот. Американецот се интересираше и колку често доаѓа овде. „Повеќе од 80 години“, се пофали Елизабета, а дотичниот планинар воодушевено додаде: „Тогаш сигурно сте ја запознале кралицата?!“.

А таа му рекла: „Па, не сум, но овој човек овде редовно се среќава со неа“. Тој ме праша каква е кралицата.

„Понекогаш знае да биде многу зајадлива, но има прекрасна смисла за хумор“, му реков, знаев дека можам да направам ваква шега бидејќи поминав многу години со кралицата.

Тој човек потоа ми пријде, ми ја стави раката околу рамо, ја даде својата камера на кралицата и ја замоли да не фотографира! На крајот ги сменивме местата, ги фотографирав со кралицата, им мавтавме и им кажавме топло збогум.

Се надевам дека некој ќе му каже која сум“, заклучи таа на крајот – изјави Ричард Грифин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

d7081981-8ea3-4eab-b569-bfed50bb2892

(ФОТО) Откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора

Магазин | пред 3 години

aV3C0DkhSD-sto-ke-se-sluci-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora

Како се презиваше кралицата Елизабета

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Хари на интернет дознал дека неговата баба починала

Магазин | пред 3 години

elizabet-2

Сајбер-криминалците ја најдоа својата можност и во смртта на кралицата

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања