Штом веста за смртта на кралицата Елизабета Втора го обиколи светот, познатите личности почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи.
Меѓу нив беше и пејачката Северина Вучковиќ која, како што малкумина знаат, е родена на ист ден со починатата кралица, 21 април.
Смртта на кралицата многу ја растажи, па со објава на Инстаграм и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.
„Изјавувам пред сите вас дека целиот мој живот, без разлика дали е долг или краток, ќе биде посветен на вашата служба...“ Нејзиното Височество Кралицата“, напиша Северина.