Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Автобус гореше во центарот на Скопје, еве ги деталите

Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот.– Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено, рече Симоновски.И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот“ и дека тој веќе е изгаснат.извор и фото: СИТЕЛ

Скопје | пред 4 години

Foto-1

Пендаровски во Анталија се сретна со Ердоган, искажано заемно задоволство од долгогодишното партнерство

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Анталија оствари средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на неговата работна посета на Турција, а по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа и учеството на Анталија дипломатскиот форум.Претседателите Пендаровски и Ердоган на средбата изразија задоволство од долгогодишното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи и соработката во повеќе сфери од заемен интерес.Претседателот Пендаровски посочи дека и во услови на пандемија одржувањето редовен политички дијалог покажува дека односите меѓу двете земји се пријателски и цврсти. Тој искажа благодарност за укажаната целокупна турска медицинска помош која пристигнуваше во нашата земја уште од првите мигови по прогласувањето на пандемијата. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари и за 30.000 вакцини, коишто беа испорачани неодамна.На средбата, претседателот Пендаровски нагласи дека македонскиот интерес за развој на односите и соработката со Турција е константен, а кон тоа придонесува и блискоста на двата народа.Во овој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Турција за Северна Македонија претставува еден од најважните економски партнери и дека сме подготвени за целосно подигнување на нивото на соработка, како во трговските врски, така и во делот на турските инвестиции во нашата земја.Истовремено, претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период двете држави ќе се фокусираат што е можно повеќе на економската соработка, како битен сегмент не само за подобрување на севкупните односи, туку и полесно надминување на економските последици предизвикани од Ковид-19.На средбата беше констатирано дека, како сојузници во НАТО, кои имаат и обврска да ги промовираат вредностите на Алијансата, Северна Македонија и Турција делат заеднички погледи во однос на потребата од зачувување на мирот и стабилноста во регионот, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка. Притоа, претседателот Пендаровски посочи дека имаме и заеднички погледи во однос на потребата да се избегнуваат конфликтите и предност да се дава на дијалогот како средство за решавање на отворените прашања.Соговорниците разговараа и за предизвиците поврзани со миграцијата од Блискиот Исток и Северна Африка, при што претседателот Пендаровски ја истакна важната улога на Турција, подвлекувајќи дека со својот придонес во справувањето со ова прашање, Турција е значаен фактор кој ја чува стабилноста на сите земји на Балканската миграциска рута.

Македонија | пред 4 години

pokriv1

Нов покрив на детската градинка “Билјана” во Охрид

Во тек се активности за изградба на нов покрив на детската градинка „Билјана“. Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции.Проектот е вреден 1 милион и 530 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката.Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој согласно протоколите за заштита од КОВИД се згрижени по 20 деца во група односно 80 вкупно и две занимални со јасли во кој се згрижени по 15 односно 30 деца вкупно.  

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Трагедија во Кичево: Син го прободил својот татко

Вчера во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К..За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

policaec-policija-6

Во петок и сабота посебен сообраќаен режим за верскиот празник Задушница

Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова“ и излегување на ул.„Александар Урдаревски“.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-1

10 нови случаи на коронавирус, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.Регистрирани се 18 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.Не се регистрирани нови починати лица.Направени се 3.529 теста преку: ИЈЗ – 100, ЦЈЗ Скопје – 41, ЦЈЗ Битола – 36, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 11, ЦЈЗ Куманово – 54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 9, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 26, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 217, „Авицена“ – 277, „Биотек“ – 598, „Систина“ – 120, лабораторија „Лаор“ – 197, „Синлаб“ – 37, „Ремедика“ – 51, „Плодност“ – 80, „Генеа“ – 133, „Никоб лаб“ – 864, „ВФВ медикал“ – 36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 588.Досега во земјата се направени вкупно 844.654 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68.629, Активни 158Куманово 8.874, Активни 50Прилеп 8.324, Активни 32Тетово 7.239, Активни 32Битола 6.304, Активни 15Велес 5.471, Активни 3Гостивар 5.181, Активни 14Кавадарци 5.153, Активни 0Охрид 5.015, Активни 23Штип 4.960, Активни 3Струмица 4.114, Активни 7Струга 2.981, Активни 4Кочани 2.791, Активни 4Кичево 2.588, Активни 33Гевгелија 2.195, Активни 2Неготино 2.184, Активни 3Свети Николе 1.523, Активни 0Ресен 1.234, Активни 0Крива Паланка 1.223, Активни 3Радовиш 1.161, Активни 5Берово 1.029, Активни 0Делчево 973, Активни 4Дебар 941, Активни 2Виница 886, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 4Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 1Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Алијанса за Албанците: И по три години, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат

Алијанса за Албанците изразува жалење што дури и по три години, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат, додека не се чувствува ниту духот на овој документ. Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ, иако за три години, Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Во продолжение на истото се додава:Духот на Преспанскиот Договор, исто така, требаше да рефлектира и во односите со сите соседни земји, подобрувањето на комуникацијата, решавањето на споровите, унапредувањето на билатералните и регионалните односи, спроведувањето на заедничките развојни проекти и интеграцијата на регионот во Европската Унија.Како и во првите денови, со поддршката на Договорот и гласањето на уставните измени, кога нашите гласови беа одлучувачки, Алијанса за Албанците ќе продолжи да придонесува за реализацијата на овој договор. Како опозициска партија, меѓу ретките, докажавме како интересот на земјата и граѓаните се става над партискиот, што за жал не се случи исто од страната на власта. Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што го загрозуваат самиот Договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години.

Македонија | пред 4 години

glavna-FOTKA

Милчо Манчевски почнува да го снима новиот филм „Кајмак“

Екипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и Србија почнуваат со работа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“.„Кајмак е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината“, вели Манчевски.По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.Екипата е особено горда што во оваа најтешка пандемиска година во светот, токму овој филм доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж, што е несомнено огромна потврда за вредноста на проектот.Според финансиската конструкција на филмот, Македонија учествува со 48 проценти, додека 52 проценти од средствата доаѓаат од странство.На прашањето како во период на пандемија, проектот Кајмак успеа да мобилизира голема европска екипа за филмот, македонскиот продуцент на филмот Јане Ќортошев рече:„Се е можно кога работиш на убав проект и со пријатели. А „Кајмак“ има навистина многу пријатели - низ цела Европа, а и дома. Собрани заедно зад убав проект, ништо не може да не сопре“.Ова е 7ми филм по ред на Манчевски, кој досега има работено и во Америка и во Македонија, на прашањето за тоа како се чувствува пред самото снимање на „Кајмак“ на денешната конференција за печат, режисерот Манчевски рече:„Кајмак е безобразна комедија за две семејства, кои се пристојни на почеток, а среќни на крај. Се радувам како летен ден, затоа што после сета напорна работа сега почнуваме да правиме убава уметност, ама уште повеќе затоа што работиме со талентирани професионалци, кои се и добри луѓе. Животот е прекраток за да работиш со лоши луѓе“.Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, која важи за една од најискусните холандски продуценти, со култни филмови како „Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „It's All About Love“ на Томас Винтерберг. Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ, а бугарски Иван Дојков. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев.Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, кастинг директор Милка Анчевска, а костимограф Жаклина Крстевска.Филмот ќе се снима исклучиво на локации низ Скопје.Манчевски реши да го задржи оригиналниот збор, па англискиот наслов е „Kaymak“. Партнерите на филмот го доживуваат како интересен, нов збор што го научиле, како мистерија во насловот, слично на „Е.Т.“ или „Кагемуша“, на пример.Главни партнери на филмот се Алкалоид, НЛБ Банка и Виза, и партнерите на филмот Окта, Тиквеш, Витаминка и Лимак.Последниот филм на Манчевски „Врба“ ја доживеа премиерата на Римскиот филмски фестивал, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Рејнденс, Синеквест, Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, а од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О. Фото: Дарио Секуловски

Магазин | пред 4 години

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

Наместо пресуда за Мијалков и Алфите за апсењето на Бошкоски, случајот „Тортура“ ќе се суди од почеток

Во Основниот кривичен суд денеска требаше да биде изречена пресуда за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за апсење на Љубе Бошкоски со примена на тортура, нехумано постапување и понижување, но судијката Александра Ристеска кажа дека судскиот совет со кој таа претседава оценил дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одредени прашања, објави СДК.МК.Потоа, закажа повторно отворање на главната расправа за предметот на 8 јули.Мијалков е во притвор во Шутка од 25 февруари, по изрекувањето на првостепената пресуда за „Тврдина-Таргет“.

Македонија | пред 4 години

dui-2

Фокус: ДУИ го намириса загадувањето или 9-те милијарди евра од зелениот фонд на ЕУ?!

Додека сите очекуваа дека големото изненадување на ДУИ ќе биде проткаено со етничка нота, оттаму шокираа дека завршиле со овие прашања, и отсега се посветуваат на животната средина.Иако веќе 13 години во раце го имаат Министерството за животна средина, уверуваат дека дури сега добиле еколошко освестување.Но, вистинското прашање е дали навистина го намирисале загадувањето или, пак, дебелите зелени европски фондови кои се спремаат за Западен Балкан?ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Македонија | пред 4 години

17062021_PVRSM_Zaev_sredba_Ninova-1

Заев и претседателката на БСП Корнелија Нинова од Софија: Имаме иста главна цел - Народите да ни бидат блиски и заедно во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на агендата на денешната работна посета на Република Бугарија се сретна и со претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова.На средбата на која учествуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев и претседателката на БСП Нинова се согласија дека преговорите на Северна Македонија со Европската Унија мора да почнат час поскоро и дека секоја поддршка во оваа насока е од исклучителна важност.Премиерот Заев и вицепремиерот Димитров за време на разговорот потенцираа дека влогот за остварување на оваа цел е голем и македонската владина делегација е во Софија со искрени и чесни намери, да се направи заеднички исчекор кон решение за што постојат сериозни услови истото да се обезбеди во периодот што претстои.За време на разговорот претседателката на БСП Нинова го поздрави проактивниот и искрен пристап на премиерот Заев со цел да се обезбеди исчекор кон решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и дека тоа е од суштинска важност за стабилноста на регионот Западен Балкан.Заев и Нинова на средбата се согласија дека Северна Македонија и Бугарија имаат и желба и капацитети за европско лидерство во однос на изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отворените прашања и дека во таа насока од огромна помош можат да бидат и заедничките вредности на БСП и СДСМ како сестрински партии.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Куба Либре“ доби судско решение да им се уклучи струјата, ЕВН ќе го обжали на апелација

Судијата Ефтин Попески по тужбено барање од  плажата „Куба Либре“ одлучил денеска да се уклучи струјата на оваа плажа. Исто така денеска по исто такво барање од плажата „Кадмо“,  друг судија одлучено  спротивно на оваа одлука, односно да нема струја.Барањата за двете правни лица се идентични и поднесени од ист адвокат.Дознаваме дека ЕВН судското решение за „Куба Либре“ ќе го обжалува на апелација.Од Општина Охрид велат дека доколку продолжат ваквите надитрувања ќе мора објектот „Куба Либре“ кој е  дивоградба да биде отстранет.По повеќе од три години откако е истечен и последниот договор за закуп на охридските плажи, ЕВН пред десет дена ја исклучи струјата во пет објекти. Ова го направи по барање на Општина Охрид, која пред две недели, започна и со уривање на нелегалните платформи поставени во Езерото, а со најава, дека ќе ги урива и објектите.

Македонија | пред 4 години

policija

Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во траење од осум дена.​​

Македонија | пред 4 години

IMG-5069

Маричиќ на состанок во хрватската Академија за обука судии и обвинители

Министерот за правда Бојан Маричиќ на првиот ден на работната посета на Загреб ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители. Со првите луѓе на Академијата разменија искуства во однос на функционирањето на двете институции. Министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и обвинители кај нас е единствена влезна точна во правосудниот систем и како таков претставува клучна институција на која ѝ се посветуваат време и внимание.Министерот за правда посетата на хрватска ја продолжува со билатерална средба со хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица. Двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата на Хрватска во однос на водењето претпристапни преговори за членство во ЕУ.

Македонија | пред 4 години

201953832_183335510389183_7584823247168044522_n

И покрај разделбата, Катерина има посебно место во мојот живот, искрено со Павле Камилоски

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски потекнува од познато галичко семејство. Со сто мераци зборува за Галичник. Не само за убавините на селото туку и за галичани, кои надалеку во светот се познати. Па, како што вели: Мојот прапрадедо од Галичник на времето извезувал кашкавал за Њујорк. Во друштво се шегуваат кога ќе им кажам дека во Галичник е донесена првата машинка за бричење и ред други работи. А ако ме прашуваш дали се скржави? Не. Тие се домаќини.Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство, Објави Репортер.„Не е лесно да се одржиш во оваа рбота. Јас и моето семејство се трудиме навистина многу оти која е целта ако некој еднаш дојде и никогаш повеќе не се врати“, раскажува Камилоски.Од работа на брод до музика - не било лесно. Победата на талент-шоуто на бродот на кој работел е всушност моментот кога решил да почне да пее.„На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Недомана ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката.За него јавноста дозна кога почна со настапите пред четири години со карванот „Мала Италија патува“ кога изведуваше медитерански песни и шансони. Тогаш ја запозна балерината Катерина Стевковска, се вљубија и почнаа заедно да ја промовираат неговата музика.„Иако не сме повеќе заедно, сепак, таа е посебен дел од мојот живот. Никогаш не ме интересираа предрасудите затоа што Катерина е повозрасна од мене, затоа што кога некого вистински го сакаш, неважни се годините“, раскажува Павле.За Галичник и за двете сестри, со кои е многу близок, за разделбата со Катерина, за животот на брод, за некој специјалитет и за претстојната Галичка свадба...извор: Репортер

Магазин | пред 4 години

crna-gora

(ФОТО) Ова е најскапата плажа во Црна Гора, нуди кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата

Кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата… Плажата Сини Хоризонти во Тиват оваа сезона судејќи по сè ќе биде најпопуларна во Црна Гора.Но, освен поради природните убавини, за Синиот хоризонт сè повеќе се зборува и поради цените на кои туристите не навикнале, пишува српски Телеграф.Туристите кои до плажата одат со автомобили треба да пресметаат дека за паркинг ќе им бидат потребни 3 евра. Исто толку чини и лименка на било каков газиран пијалак, односно сок во барот на плажата, додека пак коктелите чинат 8 евра.Додека во поголемиот дел од црногорските летувалишта изнајмување на две лежалки со чадор е 10 евра, на Сини Хоризонти тоа чини 15 евра. Омлет, цеден сок од портокал и кафе чинат 20 евра.На влегување на плажата јасно е назначено дека е забрането внесување на храна и пијалаци, па доколку сакате да поминете еден ден таму ќе ви бидат потребни околу 50-на евра.фото: Biljana Stanojević/Telegraf.rs

Магазин | пред 4 години

zaev

Заев: Моето семејство беше протестантско, станав православец во 1999, кога требаше да станам кум на мојот пријател

Премиерот Зоран Заевво интервјуто за српски Курир, откри многу работи за себе, неговиот живот приватно но и професионално како и за семејството. Тој меѓу другото изјави дека бил протестант и дека подоцна се обратил и преминал во православната црква.Јас сум верник, голем верник. Секоја трета недела наутро, одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е Божји дом, рече Заев, за Курир.рс.Моето семејство беше протестантско. И мајка и татко кога биле млади. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа погребани според православните обичаи. Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.

Македонија | пред 4 години

ljube-boskovski-2

Четврта пресуда за Мијалков, овојпат за апсењето на Бошковски

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денес е закажано изрекувањето на пресудата за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешните „Алфи". Предметото е за начинот на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.Денешната пресуда ќе биде трета по ред за Мијалков. Тој претходно беше осуден за случајот „Таргет-Тврдина" каде доби 12 години затвор, а за  „Трезор" му беше изречена затворска казна од 8 години.Двете пресуди не се правосилни односно се во жалбени постапки пред Апелацискиот суд во Скопје.

Македонија | пред 4 години

17062021_PVRSM_Zaev_sredba_Borisov-2

Заев и Борисов од Софија: Нашите народи се многу блиски и упатени на соработка, нема да дозволиме да се развива омраза меѓу младите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги започна активностите во рамките на работната посета на Република Бугарија со средба со претседателот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.На средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена желбата, врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и врз основа на лидерството на Бугарија во однос на проширувањето на ЕУ кога претседаваше со Советот на Европската Унија, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.За време на разговорот беше речено дека службената влада на Република Бугарија ја има целата надлежност и уставна можност да решава актуелни отворени прашања.Премиерот Заев на средбата истакна дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка.Тој додаде дека Софија има особено значење за македонската интеграција бидејќи токму тука беа поставени контурите на Договорот од Преспа за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година и дека тие заеднички искуства од непосредното минато и сега треба да бидат поттик и начин на изнаоѓање решенија за актуелната ситуација меѓу двете земји.Заев и Борисов истакнаа дека како чекор кон градење на пријателството и довербата е добредојдена идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од Северна Македонија и Бугарија за да разговараат за заедничката иднина и дека тоа е една и од обврските на политичките лидери, да бараат решенија заради младите и нивната иднина.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји од Ковид-19

Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку држави, меѓу кои и Република Северна Македонија. Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи во сила, најверојатно во петок.Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата. Но, предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита.– Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сè уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сè уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Шилегов презентираше противпожарна скала

Противпожарната бригада на Град Скопје заедно со припадници на специјалните единици на МВР денеска во центарот на Скопје ја презентираа новата противпожарна скала. На презентацијата на перформансите на првата повеќенаменска противпожарна скала во Скопје и РСМ присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче.- Скопје од денес е побогато за ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала каква што досега немало во историјата на Република Северна Македонија. Оваа презентација ја организиравме со цел граѓаните на Скопје да можат визуелно да се запознаат со дел од перформансите кои ова возило ги нуди, а тоа пак е многу важно затоа што тоа ќе значи многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада. Ве уверувам дека ова возило со опремата која ја поседува ги задоволува најновите безбедносни стандарди за заштита при спасување од пожари, но и од други непогоди со кои се справуваат единиците на противпожарната бригада. Противпожарната бригада на Град Скопје е првата во државата, но и во регионот, која може валидно да учествува во сите НАТО вежби како добро опремена и добро екипирана противпожарна бригада. Од денеска конечно ќе можеме брзо и ефикасно да ги спасиме и сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници, што за жал тоа досега беше многу тешко изводливо, на граница на невозможно. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место. Од срце посакувам освен за вежби да не мораме никогаш да ја искористиме, но животот понекогаш носи и ситуации кога недостатокот на опрема го плаќаме со човечки животи. Е тоа како човек и како градоначалник нема да го дозволам. Моите сограѓани од денес ќе можат мирно да спијат, не плашејќи се дали ќе преживеат евентуален пожар на 8-ми или 9-ти спрат од зградата во која живеат – рече градоначаникот Шилегов. Тој истакна дека со ова повеќенаменско возило како дополнително опрема е вклучена и пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, со која на пример олимписки базен може целосно да се испразни за помалку од 16 минути или да ја имавме оваа опрема кога беше поплавата во Стајковци за некаде ден ипол до два, целата вода од населените места ќе можеше да биде испумпана, а самата скала може да биде користена и како кран за подигнување на товар до 4 тона.Покрај безбедноста на нашите граѓани оваа противпожарна скала гарантира безбедност и на скопските пожарникари, но и на припадниците на специјалните единици на МВР кои често соработуваат со скопските пожарникари во случаи на поголеми пожари или други сложени ситуации каде е потребна нивната помош.- Во изминатите 3 години во опремувањето на противпожарната бригада вложивме многу. Веќе втора година се во употреба новите изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Заменета е 35 години старата аналогна телефонска централа со современа нова дигитална централа. Бригадата за противпожарна заштита е побогата за нови 38 пожарникари, а работиме и на тоа да обезбедиме нови вработувања во противпожарната бригада. Со сите овие чекори го зголемуваме капацитетот на бригадата, а истовремено се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1500 жители. Најдовме решенија за најголемиот дел од проблемите дефинирани од страна на синдикалните организации на противпожарната бригада, ги зголемивме платите, ги исплаќаме додатоците, а истовремено овој дијалог нема да го прекинеме додека не изнајдеме трајни и одржливи решенија – рече Шилегов.Специјализираното возило - противпожарна скала е возило кое спасува животи зашто овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5.кат па нагоре, а кои неретко остануваат заробени во своите домови кога пожар ќе избие на пониските катови од повисоките згради. Противпожарната скала е набавена по препораки од стручни лица од противпожарната бригада и секторот за заштита и спасување.

Скопје | пред 4 години

Pozar

(ВИДЕО) Пожар во Нов Дојран, гори сува вегетација

Голем пожар вечерва избувна во Дојран во местото викано Калдрма. Струмичката локална телевизија Вис јавува дека на одредени места огнот е локализиран, но на други локации пламнува и има опасност да бида зафатени вили.На терен излегле две противпожарни единици и вработени во комуналното претпријатие на општина Дојран.Во тој реон има голем број викендици, но и куќи на локалното население.

Македонија | пред 4 години

4ce0bcea431646c3a8ec6dc3465886a0

Османи и Корчок, официјално ја отворија Амбасадата на Република Северна Македонија во Братислава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Братислава официјално ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Словачката Република, во присуство на својот хомолог, министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок.„Сигурен сум дека овој нов убав и топол дом на Северна Македонија во Словачка, ова катче ќе биде уште една точка преку која ќе ја развиваме нашата соработка, еден вид хаб низ кој ќе проаѓаат бројни идеи, проекти, иницијативи кои се од заеднички интерес за граѓаните на двете земји. Северна Македонија и Словачка и досега развиваа исклучително позитивни и квалитетни билатерални односи, но сакам да верувам дека со денешниот чин влегуваме во едно ново поглавје на интензивни билатерални односи помеѓу нашите две земји. Убеден сум дека преку Амбасадата ќе го засилиме нашето пријателство кое е во постојан подем; ќе бидеме и фактички многу поблиски, поврзани и секако поефикасни во реализација на нашите амбиции“, истакна Османи. Резидентното дипломатско претставување на Северна Македонија во главниот град на Словачка ќе даде дополнителен поттик за сестран развој на односите меѓу двете држави. Со отворањето на наше дипломатско-конзуларно претставништво во Словачка, напорите за обезбедување на поинтензивна комуникација, посебно на планот на економската соработка, културата, образованието, заштитата на интересите на нашите граѓани и мноштво други активности, ќе придонесат за нова димензија на квалитетот на меѓусебните односи.Покрај размената на мислења за билатералните односи, приликата беше искористена, двајцата министри да разговараат за најновите состојби, предизвиците и перспективите на процесот на нашата европска интеграција, а во светло на значајните одлуки кои претстојат за првата Меѓународна конференција и формалното започнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија. На тој пат, уште еднаш беше потврдена силната и гласна поддршка на Словачка за неодложен старт на преговорите за нашата држава, ангажман кој ќе продолжи и во наредниот период.Двајцата министри разменија мислења и за други теми од заемен интерес, за регионалната соработка, како и напорите за справување со последиците на Пандемијата и наредните чекори на овој план.

Македонија | пред 4 години

vmro-dpmne-2

Мицкоски од Охрид: Среќен роденден за партијата која му припаѓа на народот, која во себе како темел ги има идејата и заветта кон Македонија

Среќен роденден за партијата која му припаѓа на народот, која во себе како темел ги има идејата и заветта кон Македонија. Партијата која ја љуби слободата и човечките правдини, затоа што и овие 31 година како партија, но и цели 128 години како народно движење во својот ген го носиме кодот на В.М.Р.О, а тој иако некогаш носел и проклетство, и казна, секогаш многу повеќе бил прашање на достоинство и трајна вредност на едно свето чувство кое не детерминира во она што сме и ќе продолжиме да бидеме- Македонци – со оваа порака вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор во Античкиот амфитеатар во Охрид утревечер во 19 часот, каде ВМРО-ДПМНЕ го одбележува тиресет и првиот роденден.Додека присутните го скандираа неговото име и името на партијата со која раководи, тој упати честитки до членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, до Унијата на жени, Унијата на млади сили, Унијата на Ветерани, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, до сегашните и претходните пратеници, до членовите на Централниот Комитет, до коалиционите партнери… до секој еден член, симпатизер и поддржувач кој во овие 31 година одделил дел од своето време за да придонесе за ВМРО-ДПМНЕ и да придонесе за Македонија.Од срце ви благодарам! – рече Мицкоски.Добив едно навидум едноставно, но многу комплексно прашање од еден млад човек, ме праша што за вас е ВМРО? ВМРО-ДПМНЕ е партијата која секогаш ги водела најтешките битки за својот народ, која имала заслужени подеми, но и заслужени порази. Која учела од грешките и како феникс се издигнувала од пепелта, затоа што и била потребна на Македонија. Трпела удари, силни удари, неправди, стигматизации… но никој не може да каже дека не била авангарда, градител на модерните текови, носител на решенијата потребни на луѓето на Македонија. И никој нема право да каже дека не сме се бореле за Македонија. Сме се бореле и ќе се бориме, затоа што Македонија е нашето сѐ – нагласи пред присутните во Античкиот театар во Охрид каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ го одбележува партискиот роденден.Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е и неизбежна емоција, каде, како што самиот вели, многу често се одлучувало со срце за работите, и затоа поминувале низ бури и невремиња.31 година од партијата, а ми се чини дека видов баш се од тоа за што говорам во овие четири години на исклучителни предизвици. Секој претседател на ВМРО-ДПМНЕ имал свои искушенија, ама јас видов баш сѐ, и има навистина голема вистина во цитатот дека „тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен“. Затоа што јас освен да успеам, заеднички да успееме да ја издигнеме партијата, а со тоа и државата, друга опција немаме. Откажувањето не е опција, кога целта е бесцената, а тоа е Македонија. А мотивот преголем, и оправдан – рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

korona-2

Д-р.Зибери: Прерано е дa се прогласи крај на пандемијата

Сметам дека рано е да се прогласи крај на пандемијата. Се опуштија мерките, но кај нас свеста треба да работи и да се сетиме на тоа што предходно ни се случуваше со вирусот се, вели доктор Арбен Зибери во 24 Анализа.Кој додаде дека никој не треба да ги оспорува вакцините, и дека нивната ефикасност и заштита ќе треба да се анализира.-Ако вирусот се повторува во есен и зима тогаш вакцината нема да биде решение, ќе мора да се пронајде лек, вели Зибери.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања